Горан Паскаљевиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/goran-paskaljevikj/ За подобро да се разбереме Sun, 05 May 2024 10:21:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Горан Паскаљевиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/goran-paskaljevikj/ 32 32 Проекцијата на „Буре барут“ на 35 мм лента е на 9 мај во Кинотека https://republika.mk/scena/film/proektsijata-na-bure-barut-na-35-mm-lenta-e-na-9-maj-vo-kinoteka/ Sun, 05 May 2024 10:47:56 +0000 https://republika.mk/?p=774451

Проекција на „Буре барут“ на 35 мм лента е на 9 мај (четврток) од 20 часот во Кинотека.

„Буре барут“ (Bure Barutа) на Горан Паскаљевиќ (Goran Paskaljević) е игран во продукција на Србија, Македонија, Франција (1998, 102 мин, 35мм), по сценарио на режисерот и Дејан Дуковски (Dejan Dukovski), со Мики Манојловиќ, Лазар Ристовски, Драган Николиќ, Мирјана Карановиќ, Небојша Глоговац (Miki Manojlovic, Lazar Ristovski, Dragan Nikolic, Mirjana Karanovic, Nebojsa Glogovac) и дузина врвни актери.

Сторијата снимена според популарната драма на Дуковски, „Буре барут“ е сместена во Белград, во средина на „оловните и очајни“ деведесетти години од минатиот век. Животот на дваесетина луѓе се вкрстува на неочекувани и непријатни начини во текот на само една вечер. Фрагментарната драматургија на Дуковски го создава мозаикот од разни ликови и нивните судбини: момче го краде автомобилот од татко му, па по бенигната сообраќајка следува одмазда; Мане, по враќањето од странство, открива дека неговата сакана Наталија има нов љубовник; пензионираниот полицаец, „чика“ Димитрие, дознава кој и зошто му ги скршил коските; насилството и агресијата, наизглед со ништо предизвикани, еруптираат со трагични последици…

Драмскиот текст на Дејан Дуковски имаше мошне успешни поставки во Македонскиот народен театар (режија Сашо Миленковски), белградското Југословенско драмско позориште (Слободан Унковски) и низа други театарски сцени. Во филмот настапуваат и македонските актери Никола Ристановски и Тони Михајловски.

„Буре барут“ (чиј наслов за светската дистрибуција беше „Cabaret Balkan“) освои десетина награди и признанија, меѓу кои наградите на критичарите ФИПРЕСЦИ на Венецискиот филмски фестивал и Европските филмски награди, Бронзената Камера 300 за кинематограферот Милан Спасиќ на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, наградите за најдобар филм на фестивалите во Гент (Белгија), Хаифа (Израел), Санта Барбара (САД), Ваљадолид (Шпанија)…

The post Проекцијата на „Буре барут“ на 35 мм лента е на 9 мај во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Проекција на „Буре барут“ на 35 мм лента е на 9 мај (четврток) од 20 часот во Кинотека. „Буре барут“ (Bure Barutа) на Горан Паскаљевиќ (Goran Paskaljević) е игран во продукција на Србија, Македонија, Франција (1998, 102 мин, 35мм), по сценарио на режисерот и Дејан Дуковски (Dejan Dukovski), со Мики Манојловиќ, Лазар Ристовски, Драган Николиќ, Мирјана Карановиќ, Небојша Глоговац (Miki Manojlovic, Lazar Ristovski, Dragan Nikolic, Mirjana Karanovic, Nebojsa Glogovac) и дузина врвни актери. Сторијата снимена според популарната драма на Дуковски, „Буре барут“ е сместена во Белград, во средина на „оловните и очајни“ деведесетти години од минатиот век. Животот на дваесетина луѓе се вкрстува на неочекувани и непријатни начини во текот на само една вечер. Фрагментарната драматургија на Дуковски го создава мозаикот од разни ликови и нивните судбини: момче го краде автомобилот од татко му, па по бенигната сообраќајка следува одмазда; Мане, по враќањето од странство, открива дека неговата сакана Наталија има нов љубовник; пензионираниот полицаец, „чика“ Димитрие, дознава кој и зошто му ги скршил коските; насилството и агресијата, наизглед со ништо предизвикани, еруптираат со трагични последици… Драмскиот текст на Дејан Дуковски имаше мошне успешни поставки во Македонскиот народен театар (режија Сашо Миленковски), белградското Југословенско драмско позориште (Слободан Унковски) и низа други театарски сцени. Во филмот настапуваат и македонските актери Никола Ристановски и Тони Михајловски. „Буре барут“ (чиј наслов за светската дистрибуција беше „Cabaret Balkan“) освои десетина награди и признанија, меѓу кои наградите на критичарите ФИПРЕСЦИ на Венецискиот филмски фестивал и Европските филмски награди, Бронзената Камера 300 за кинематограферот Милан Спасиќ на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, наградите за најдобар филм на фестивалите во Гент (Белгија), Хаифа (Израел), Санта Барбара (САД), Ваљадолид (Шпанија)…

The post Проекцијата на „Буре барут“ на 35 мм лента е на 9 мај во Кинотека appeared first on Република.

]]>