Горан Илиjевски Archives - Република https://republika.mk/tema/goran-ilijevski/ За подобро да се разбереме Thu, 30 May 2024 14:00:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Горан Илиjевски Archives - Република https://republika.mk/tema/goran-ilijevski/ 32 32 Македонците од Србија бараат од претседателката Силјановска да го отповика амбасадорот Фрчовски https://republika.mk/vesti/makedonija/makedontsite-od-srbija-baraat-od-pretsedatelkata-siljanovska-da-go-otpovika-ambasadorot-frchovski/ Thu, 30 May 2024 12:04:30 +0000 https://republika.mk/?p=783165

Maкедонците од Србија бараат од претседателката Гордана Силјановска-Давкова да го отповика амбасадорот во Обединетите нации Љубомир Фрчковски.

Како причина за отповикувањето е гласот „за“ на Фрчковски за Резолуцијата за геноцид во Сребреница без консултација со шефот на државата.

Згора на тоа, министерот за надворешни работи Бујар Османи се пофали дека самиот ја донел одлуката Србија да се прогласи за геноцидна држава а Македонија да биде коспонзор.
Горан Илијевски, од Партијата на Македонците во Србија смета дека Фрчковски ги загрозил државните и националните интереси.

Бараме да му се одземе агреманот кој го дава претседателот на државата и да се отповика. Со тоа колку-толку може да се подобрат односите со Србија и на некој начин да се оправдаме. Османи морал да се консултира со претседателката пред гласањето - вели Илијевски за „Република“.

The post Македонците од Србија бараат од претседателката Силјановска да го отповика амбасадорот Фрчовски appeared first on Република.

]]>

Maкедонците од Србија бараат од претседателката Гордана Силјановска-Давкова да го отповика амбасадорот во Обединетите нации Љубомир Фрчковски. Како причина за отповикувањето е гласот „за“ на Фрчковски за Резолуцијата за геноцид во Сребреница без консултација со шефот на државата. Згора на тоа, министерот за надворешни работи Бујар Османи се пофали дека самиот ја донел одлуката Србија да се прогласи за геноцидна држава а Македонија да биде коспонзор. Горан Илијевски, од Партијата на Македонците во Србија смета дека Фрчковски ги загрозил државните и националните интереси.
Бараме да му се одземе агреманот кој го дава претседателот на државата и да се отповика. Со тоа колку-толку може да се подобрат односите со Србија и на некој начин да се оправдаме. Османи морал да се консултира со претседателката пред гласањето - вели Илијевски за „Република“.

The post Македонците од Србија бараат од претседателката Силјановска да го отповика амбасадорот Фрчовски appeared first on Република.

]]>
Не можам веќе да навивам за Партизан по говорот на омраза на „Гробарите“ https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-mozham-veke-da-navivam-za-partizan-po-govorot-na-omraza-na-grobarite/ Wed, 01 Mar 2023 17:32:12 +0000 https://republika.mk/?p=614812

Недоличниот транспарент што навивачите на Партизан го истакнаа на синоќешниот дуел со Вардар во Белград (28-22), во рамките на ракометната регионална лига (СЕХА), го потисна спортот во втор план и наиде на силна осуда во македонската јавност по почувствуваната навреда на националните чувства. Навивачката група „Гробари“ истакна транспарент со пораката „Група со српско име слави бугарски војник, мора да ви е тешко со таа идентитетска криза во главата“, упатен кон „Комитите“ што организирано го бодреа Вардар на гостувањето. Ваквиот скандалозен гест особено ги погоди Македонците во Србија.

– Не можам веќе да навивам за Партизан по ова што се случи. Замислете како им е на Македонците во Србија. За Партизан настапувале голем број Македонци, а и денес ги има во клубот. Како им е ним? Јас сум Македонец што цел живот навива за Партизан. Најголем дел од Македонците во Србија навива за Партизан и се срамам од ова однесување на „Гробарите“. Тоа што го направија е непримерно, незаслужено и претставува говор на омраза – вели Горан Илиjевски, претседател на Партијата на Македонците во Србија.

Тој побара остра реакција за инцидентот од надлежните институции во Србија, спортското друштво Партизан, но и од целокупната тамошна јавност.

– Барам реакција од надлежните институции во Србија, како и ракометниот клуб и спортското друштво Партизан остро да го осудат и да се оградат од навредливиот транспарент на ракометниот натпревар. Потребно е Партизан да го сосече во корен ваквото однесување, за веќе да не се повтори. Бидејќи се случи на меѓународен натпревар, барам реакција и од Европската ракометна федерација – категоричен е Илијевски.

Целиот текст на Нова Македонија

The post Не можам веќе да навивам за Партизан по говорот на омраза на „Гробарите“ appeared first on Република.