Гондолиза Рајс Archives - Република https://republika.mk/tema/gondoliza-rajs/ За подобро да се разбереме Mon, 27 Feb 2023 09:02:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Гондолиза Рајс Archives - Република https://republika.mk/tema/gondoliza-rajs/ 32 32 Рајс: Тешко дека Украина ќе влезе во НАТО, но мора да има некаков безбедносен договор https://republika.mk/vesti/svet/rajs-teshko-deka-ukraina-ke-vleze-vo-nato-no-mora-da-ima-nekakov-bezbednosen-dogovor/ Mon, 27 Feb 2023 09:02:51 +0000 https://republika.mk/?p=613611

Поранешната шефица на американскиот Стејт департмент истакна дека тешко дека Киев ќе влезе во НАТО, но дека секако ќе му требаат безбедносни договори, затоа што во центарот на Европа е оставен „безбедносен вакуум“.

Мора да ја отфрлиме фразата времето е на украинска страна. Јас би внимавала со тоа. Се чини дека Владимир Путин верува дека времето не е на украинската страна. Тој верува дека ако го употреби рускиот начин на војување, користејќи масовност, сиромашни момчиња од Дагестан, кои се само топовско месо, ако вклучи терористички активности против украинското население, дека ќе ги истошти Украинците, ќе нѐ истошти нас, ќе ги истошти Европејците. Мислам дека тоа не е точно, но мора да направиме сѐ што можеме за да го убедиме дека тоа навистина е погрешно, рече Рајс вчера во емисијата „Соочи се со нацијата“.

За влегувањето на Украина во НАТО, Рајс рече дека „тоа ќе биде тешко, поради Членот пет, нападот врз еден е напад врз сите, гаранцијата на НАТО“..., „но мислам дека она што го видовме е дека Украина де факто сега е многу силен сојузник на НАТО, и обратно.“

„Она што го знаеме е дека - самиот НАТО е заштитен, делот од територијата што не беше заштитен беше Украина“, рече поранешната државна секретарка од времето на Џорџ В. Буш и додаде:

„Во центарот на Европа е оставен вакуум, па така, што и да правиме, а се сомневам дека тоа ќе биде активирање на Членот 5 од повелбата на НАТО, треба да се погрижиме тој вакуум во иднина да не постои.“

„Во иднина ќе бидат потребни некаков вид безбедносни договори со Украина и веројатно сега треба да почнеме да работиме на тоа“, рече таа во емисијата на Си-би-ес њуз.

Иако НАТО „никогаш не бил во подобра форма“, Рајс рече дека испораката на оружје за Украина понекогаш „малку доцни“.

„Малку подобро проценувајте што ќе им треба на Украинците бидејќи е потребно долго време за да се достави тоа“, му порача таа на американскиот претседател Џо Бајден.

The post Рајс: Тешко дека Украина ќе влезе во НАТО, но мора да има некаков безбедносен договор appeared first on Република.

]]>

Поранешната шефица на американскиот Стејт департмент истакна дека тешко дека Киев ќе влезе во НАТО, но дека секако ќе му требаат безбедносни договори, затоа што во центарот на Европа е оставен „безбедносен вакуум“.
Мора да ја отфрлиме фразата времето е на украинска страна. Јас би внимавала со тоа. Се чини дека Владимир Путин верува дека времето не е на украинската страна. Тој верува дека ако го употреби рускиот начин на војување, користејќи масовност, сиромашни момчиња од Дагестан, кои се само топовско месо, ако вклучи терористички активности против украинското население, дека ќе ги истошти Украинците, ќе нѐ истошти нас, ќе ги истошти Европејците. Мислам дека тоа не е точно, но мора да направиме сѐ што можеме за да го убедиме дека тоа навистина е погрешно, рече Рајс вчера во емисијата „Соочи се со нацијата“.
За влегувањето на Украина во НАТО, Рајс рече дека „тоа ќе биде тешко, поради Членот пет, нападот врз еден е напад врз сите, гаранцијата на НАТО“..., „но мислам дека она што го видовме е дека Украина де факто сега е многу силен сојузник на НАТО, и обратно.“ „Она што го знаеме е дека - самиот НАТО е заштитен, делот од територијата што не беше заштитен беше Украина“, рече поранешната државна секретарка од времето на Џорџ В. Буш и додаде: „Во центарот на Европа е оставен вакуум, па така, што и да правиме, а се сомневам дека тоа ќе биде активирање на Членот 5 од повелбата на НАТО, треба да се погрижиме тој вакуум во иднина да не постои.“ „Во иднина ќе бидат потребни некаков вид безбедносни договори со Украина и веројатно сега треба да почнеме да работиме на тоа“, рече таа во емисијата на Си-би-ес њуз. Иако НАТО „никогаш не бил во подобра форма“, Рајс рече дека испораката на оружје за Украина понекогаш „малку доцни“. „Малку подобро проценувајте што ќе им треба на Украинците бидејќи е потребно долго време за да се достави тоа“, му порача таа на американскиот претседател Џо Бајден.

The post Рајс: Тешко дека Украина ќе влезе во НАТО, но мора да има некаков безбедносен договор appeared first on Република.

]]>