голо брдо Archives - Република https://republika.mk/tema/golo-brdo/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Oct 2024 09:54:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png голо брдо Archives - Република https://republika.mk/tema/golo-brdo/ 32 32 Бугарија отвори ново неделно училиште во Голо Брдо https://republika.mk/vesti/bugarija-otvori-novo-nedelno-uchilishte-vo-golo-brdo/ Tue, 08 Oct 2024 09:54:33 +0000 https://republika.mk/?p=824110

На 5 октомври 2024 година беше отворено првото бугарско неделно училиште во селото Требиште, Голо Брдо, Албанија. Училиштето се вика „24 Мај“ и е дел од Друштвото за образование и култура „Просвета“ со претседателка доц. д-р Линдита Дурмиши, јавува Извршната агенција за Бугарите во странство (ИАБЧ).

Оттаму велат дека училиштето претставува важна иницијатива за зачувување на бугарскиот јазик и култура во регионот и им дава можност децата да учат за бугарското писмо, историја, традиции и вредности. Ова е несомнено голем чекор кон подобра иднина за Бугарите во регионот Голо Брдо

The post Бугарија отвори ново неделно училиште во Голо Брдо appeared first on Република.

]]>

На 5 октомври 2024 година беше отворено првото бугарско неделно училиште во селото Требиште, Голо Брдо, Албанија. Училиштето се вика „24 Мај“ и е дел од Друштвото за образование и култура „Просвета“ со претседателка доц. д-р Линдита Дурмиши, јавува Извршната агенција за Бугарите во странство (ИАБЧ).   Оттаму велат дека училиштето претставува важна иницијатива за зачувување на бугарскиот јазик и култура во регионот и им дава можност децата да учат за бугарското писмо, историја, традиции и вредности. Ова е несомнено голем чекор кон подобра иднина за Бугарите во регионот Голо Брдо

The post Бугарија отвори ново неделно училиште во Голо Брдо appeared first on Република.

]]>
Скулпторот Генци Кадриу, Македонец од Голо Брдо со самостојна изложба во Тирана https://republika.mk/vesti/kultura/skulptorot-gentsi-kadriu-makedonets-od-golo-brdo-so-samostojna-izlozhba-vo-tirana/ Tue, 03 Sep 2024 06:42:59 +0000 https://republika.mk/?p=812541

Скулпторот Генци Кадриу, Македонец од Голо Брдо, во петок ќе има самостојна изложба во Тирана, којашто е потпомогната од Комитетот за национални малцинства при албанската Влада.

Според објавата на Комитетот на официјалната веб страна, делата на Кадриу ќе бидат изложени во „ParkingArtGallery“, а куратор ќе биде Сеад Казанџиу, потпретседател на Комитетот, кој ќе зборува за делата на Кадриу.

- Изложбата ќе биде отворена на 6 септември во 18 часот. Македонското друштво „Илинден“-Тирана, чија мисија е заштита на македонскиот идентитет и култура, ги повикува сите заинтересирани, љубители на уметноста, припадници на македонското национално малцинство и сите љубители на уметноста, да дојдат и одблиску да ги видат делата на уметникот Генци Кадриу, чие потекло е од селото Требиште област Голо Брдо, а живее во градот Фиер, вели за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Кадриу има завршено високо образование на Академијата за ликовни уметности во Тирана во 1990 година, а покрај другите, негово познато дело е „Македонија“ уметничко прикажување на главните личности од македонската историја, изработено врз основа на историски материјали, моделирани во глина.

Како што самиот во една прилика кажа делото ја отсликува посветеноста на јазичното и културното наследство на неговото семејство, кое го вградил во комплементарното уметничко дело и оти „неговата поставка Македонија е рефлексија и на неговата посветеност на социјалните прашања, каде уметноста и културата ги обединуваат луѓето и народите“.

The post Скулпторот Генци Кадриу, Македонец од Голо Брдо со самостојна изложба во Тирана appeared first on Република.

]]>

Скулпторот Генци Кадриу, Македонец од Голо Брдо, во петок ќе има самостојна изложба во Тирана, којашто е потпомогната од Комитетот за национални малцинства при албанската Влада. Според објавата на Комитетот на официјалната веб страна, делата на Кадриу ќе бидат изложени во „ParkingArtGallery“, а куратор ќе биде Сеад Казанџиу, потпретседател на Комитетот, кој ќе зборува за делата на Кадриу. - Изложбата ќе биде отворена на 6 септември во 18 часот. Македонското друштво „Илинден“-Тирана, чија мисија е заштита на македонскиот идентитет и култура, ги повикува сите заинтересирани, љубители на уметноста, припадници на македонското национално малцинство и сите љубители на уметноста, да дојдат и одблиску да ги видат делата на уметникот Генци Кадриу, чие потекло е од селото Требиште област Голо Брдо, а живее во градот Фиер, вели за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото. Кадриу има завршено високо образование на Академијата за ликовни уметности во Тирана во 1990 година, а покрај другите, негово познато дело е „Македонија“ уметничко прикажување на главните личности од македонската историја, изработено врз основа на историски материјали, моделирани во глина. Како што самиот во една прилика кажа делото ја отсликува посветеноста на јазичното и културното наследство на неговото семејство, кое го вградил во комплементарното уметничко дело и оти „неговата поставка Македонија е рефлексија и на неговата посветеност на социјалните прашања, каде уметноста и културата ги обединуваат луѓето и народите“.  

The post Скулпторот Генци Кадриу, Македонец од Голо Брдо со самостојна изложба во Тирана appeared first on Република.

]]>
Преку традиционалните македонски песни македонскиот е поврзан како еден единствен народ, кој, за жал, во минатото бил разделен https://republika.mk/scena/muzika/preku-traditsionalnite-makedonski-pesni-makedonskiot-e-povrzan-kako-eden-edinstven-narod-koj-za-zhal-vo-minatoto-bil-razdelen/ Tue, 02 Jul 2024 09:30:06 +0000 https://republika.mk/?p=792667

Македонската пејачка Андријана Јаневска во Горица ја промовираше нејзината прва книга „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“. Како што неодамна сподели, станува збор за нејзиниот докторски труд на кој работеше девет години, а со кој успеа да заштити над 150 македонски народни песни во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, кои, како што вели, соседните држави претходно суптилно, а во последен период јавно почнаа да ги претставуваат како свои.

Народното творештво претставува еден од најзначајните сегменти во севкупниот материјално-духовен идентитет на македонскиот народ. Истражувањата покажаа дека чувството за: јазикот, припадноста и идентитетот никогаш не ги напуштило Македонците од овие региони. Во текот на моите теренски истражувања, но и во многу книги сретнав записи и кажувања како македонскиот фолклор сакаат да го прикажат како туѓ. Македонскиот народ, кој живее во овие три региони, токму преку традиционалните македонски песни, во разни варијанти, е поврзан како еден единствен народ, кој, за жал, во минатото бил разделен, сподели Јаневска, сега веќе доктор на науки во оваа област.

The post Преку традиционалните македонски песни македонскиот е поврзан како еден единствен народ, кој, за жал, во минатото бил разделен appeared first on Република.

Македончињата во Требиште, Голо Брдо, добија новогодишни пакетчиња https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonchinata-vo-trebishte-golo-brdo-dobija-novogodishni-paketchina/ Fri, 12 Jan 2024 21:10:07 +0000 https://republika.mk/?p=732433

Македонско друштво „Илинден“ - Тирана, во соработка со Ракометниот клуб „Енхалон“ од Струга и поддршка од Хуманитарна организација „Свети Спас“ од Скопје, распредели новогодишни пакетчиња за деца од административната единица Требиште, област Голо Брдо, Албанија.

Посебно задоволство е што можевме да ги израдуваме Македончињата во административната единица Требиште во областа Голо Брдо, каде распределивме 50 новогодишни пакетчиња донација на хуманитарната организација „Свети Спас“, изјави за МИА, Никола Ѓурѓај претседател на друштвото.

Тој додаде дека тоа е во рамки на воспоставената соработка меѓу друштвото, организацијата и ракометниот клуб од Струга.

Изразуваме голема благодарност до организацијата „Свети Спас“ и до Дејан Костески, претседател на ракометниот клуб „Енхалон“ , што и годинава ги израдуваа дечињата во Требиште, рече Ѓурѓај.

Новогодишните пакетчиња на децата им ги распределија активисти на огранокот на друштвото „Илинден“ за областа.

The post Македончињата во Требиште, Голо Брдо, добија новогодишни пакетчиња appeared first on Република.

Бугарски пасош во Албанија се купува на Фејсбук, како што може да купиш детска играчка https://republika.mk/vesti/balkan/bugarski-pasosh-vo-albanija-se-kupuva-na-fejsbuk-kako-shto-mozhe-da-kupish-detska-igrachka/ Wed, 27 Dec 2023 13:38:02 +0000 https://republika.mk/?p=727128

По скандалот со купувањето потврди за „букарско потекло“ во село Острени, Голо Брдо, што го открија новинарите на Фикс Фаре на Топ чанел, нов скандал открива Клан телевизија.

Под наслов „Расте цената на бугарскиот пасош во Албанија, сатирично-истражувачката емисија „Стоп“ на албанската телевизија Тв Клан открива колку „доходовен е бизнисот со бугарските пасоши во земјата, кој може да се купи преку нтернет како детска играчка“.

Се тврди дека по објавувањето на пријавата на албанска граѓанка против Лумтурие Ѓана од Тирана која и земала 8.850 евра за два бугарски пасоши, Ѓана била уапсена од страна на албанската полиција.

Уште една пријава до емисијата „Стоп“ дојде од граѓанинот Х со ветување за вадење на бугарски пасош од страна на Блерим Даци. Вели дека дал 15.000 евра, а уште 15.000 ќе ги дадел кога ќе го добиел бугарскиот пасош. Контактирал со посредникот откако имало објава на интернет дека прават оригинални бугарски пасоши. Реков да го запознаам одблиску за да го видам кој е, вели Х.

На прашањето на новинарката за што разговарале. Тој отсечно одговара – за бугарски пасош.

Чинеше 35 илјади фунти. Мене ми остави за 30 илјади евра. Прво му дадов половина, а другата половина откако ќе го добиев бугарскиот пасош. Ми рече дека во рок од 4 месеци ќе добиеш бугарска лична карта и после уште 6 месеци и пасошот и ќе ги предадеш останатите пари. Му дадов 15 илјади евра. Беше септември минатата година. Помина една година откако се занимавам со оваа приказна. Му одам дома, се расправаме за парите, ми го одложува датумот. Таткото на Блерим прифаќа. Таткото на Блерим се вика Хашим Даци, ми потпиша писмо. Барам да ги добијам парите заработени со пот, нагласува тој.

Дали сте сеуште заинтересиран за бугарскиот пасош? прашува новинарката. Граѓанинот: Не го сакам повеќе.

Откако ја добил сумата, Блерим Даци повеќе не се јавувал, а на сцена стапува неговиот татко Хашим Даци, кој преку изјава прифаќа долг од 10.000 евра но до крајот на 30 ноември кога треба да ги врати парите не го направил тоа.

Даци во видео снимка кажува дека има канцеларија во Камза (населба во Тирана), дека во моментот подготвува пасоши за други 4-5 лица, а за биде поверодостоен дека се ќе биде регулатно а не фалсификат, тој му дава број на „Албанец од Тетово кој живее во Софија и кој се занимава со вадење на бугарски пасоши“.

Тетовецот во разговорот со албанскиот граѓанин прво напоменува дека не „работат со лица кои не ги познаваат“, но отакако го споменува името на Блерим Даци, вели дека го познава, најавува дека ќе дојде „следната недела во Македонија“ и закажува средба во близина на Гостивар, каде „ ќе ручаме заедно и ќе разговараме“

Новинарите во емисијата прашуваат како полицијата не ја открива ова мрежа со бизнисот со бугарски пасоши кога се продаваат на интернет.

Бугарскиот пасош подолг период е феномен. Имам 4-5 другари кои неочекувано во 2022 им излегоа дедовците Бугари и зедоа бугарски пасоши. Бугарскиот пасош можи да го купиш на фејсбук како што можи да купиш шаховска табла, играчка за деца. Има рубрики се продаваат гуми за коли, бугарски пасоши, се неведува во емисијата.

Во првиот случај што го разоткрила телевизијата бугарски пасош вредел 9 илјади евра, сега, се додава, цената за бугарски пасош е 35 илјади фунти.

Ова е проблем кој треба да се решат државните структури, зашто пополека не само Голо Брдо, Булќиза и Пешкопеа, Бугари ќе станат многу поголерм број албански граѓани, констатира телевизијата.

The post Бугарски пасош во Албанија се купува на Фејсбук, како што може да купиш детска играчка appeared first on Република.

]]>

По скандалот со купувањето потврди за „букарско потекло“ во село Острени, Голо Брдо, што го открија новинарите на Фикс Фаре на Топ чанел, нов скандал открива Клан телевизија. Под наслов „Расте цената на бугарскиот пасош во Албанија, сатирично-истражувачката емисија „Стоп“ на албанската телевизија Тв Клан открива колку „доходовен е бизнисот со бугарските пасоши во земјата, кој може да се купи преку нтернет како детска играчка“. Се тврди дека по објавувањето на пријавата на албанска граѓанка против Лумтурие Ѓана од Тирана која и земала 8.850 евра за два бугарски пасоши, Ѓана била уапсена од страна на албанската полиција.
Уште една пријава до емисијата „Стоп“ дојде од граѓанинот Х со ветување за вадење на бугарски пасош од страна на Блерим Даци. Вели дека дал 15.000 евра, а уште 15.000 ќе ги дадел кога ќе го добиел бугарскиот пасош. Контактирал со посредникот откако имало објава на интернет дека прават оригинални бугарски пасоши. Реков да го запознаам одблиску за да го видам кој е, вели Х.
На прашањето на новинарката за што разговарале. Тој отсечно одговара – за бугарски пасош.
Чинеше 35 илјади фунти. Мене ми остави за 30 илјади евра. Прво му дадов половина, а другата половина откако ќе го добиев бугарскиот пасош. Ми рече дека во рок од 4 месеци ќе добиеш бугарска лична карта и после уште 6 месеци и пасошот и ќе ги предадеш останатите пари. Му дадов 15 илјади евра. Беше септември минатата година. Помина една година откако се занимавам со оваа приказна. Му одам дома, се расправаме за парите, ми го одложува датумот. Таткото на Блерим прифаќа. Таткото на Блерим се вика Хашим Даци, ми потпиша писмо. Барам да ги добијам парите заработени со пот, нагласува тој.
Дали сте сеуште заинтересиран за бугарскиот пасош? прашува новинарката. Граѓанинот: Не го сакам повеќе. Откако ја добил сумата, Блерим Даци повеќе не се јавувал, а на сцена стапува неговиот татко Хашим Даци, кој преку изјава прифаќа долг од 10.000 евра но до крајот на 30 ноември кога треба да ги врати парите не го направил тоа. Даци во видео снимка кажува дека има канцеларија во Камза (населба во Тирана), дека во моментот подготвува пасоши за други 4-5 лица, а за биде поверодостоен дека се ќе биде регулатно а не фалсификат, тој му дава број на „Албанец од Тетово кој живее во Софија и кој се занимава со вадење на бугарски пасоши“. Тетовецот во разговорот со албанскиот граѓанин прво напоменува дека не „работат со лица кои не ги познаваат“, но отакако го споменува името на Блерим Даци, вели дека го познава, најавува дека ќе дојде „следната недела во Македонија“ и закажува средба во близина на Гостивар, каде „ ќе ручаме заедно и ќе разговараме“ Новинарите во емисијата прашуваат како полицијата не ја открива ова мрежа со бизнисот со бугарски пасоши кога се продаваат на интернет.
Бугарскиот пасош подолг период е феномен. Имам 4-5 другари кои неочекувано во 2022 им излегоа дедовците Бугари и зедоа бугарски пасоши. Бугарскиот пасош можи да го купиш на фејсбук како што можи да купиш шаховска табла, играчка за деца. Има рубрики се продаваат гуми за коли, бугарски пасоши, се неведува во емисијата.
Во првиот случај што го разоткрила телевизијата бугарски пасош вредел 9 илјади евра, сега, се додава, цената за бугарски пасош е 35 илјади фунти.
Ова е проблем кој треба да се решат државните структури, зашто пополека не само Голо Брдо, Булќиза и Пешкопеа, Бугари ќе станат многу поголерм број албански граѓани, констатира телевизијата.

The post Бугарски пасош во Албанија се купува на Фејсбук, како што може да купиш детска играчка appeared first on Република.

]]>
Уапсени три лица за издавање лажни потврди за бугарско потекло во Голо Брдо https://republika.mk/vesti/balkan/uapseni-tri-litsa-za-izdavane-lazhni-potvrdi-za-bugarsko-poteklo-vo-golo-brdo/ Thu, 21 Dec 2023 13:50:41 +0000 https://republika.mk/?p=725332

Албанската полиција од Булќиза, каде територијално припаѓа областа Голо Брдо, приведе три лица вработени во административната единица Острени, под сомнение за издавање лажни потврди за бугарско потекло.

Апсењето следува по синоќешната истражувачка сторија „Сакаш бугарски пасош, оди во Острени, Голо Брдо“ во која со глас и слика се покажува колку е лесно да се купи потврда за бугарско потекло во Острени, област Голо Брдо, општина Булќиза, независно од вистинското потекло. Новинари на Фикс фаре купиле две потврди за бугарско потекло за по 100.000 леки (950 евра).

Според полициското соопштение, уапсени се Љуан Мјештри (62)  администратор на административната единица Острени, Арлин Лимани (33), раководител на секторот за социјални услуги во истата единица и двајцата жители на Острени и Фитим Бала (61) жител на Требиште, секретар на Советот на општина Булќиза.

Тие во соработка меѓусебно ја злоупотребиле должноста фалсификувајќи списи од граѓанска евиденција и за парични средства на лица кои сакале да аплицираат за бугарско државјанство им давале лажни потврди, со кои потоа се пријавале во здружението „Голо Брдо“ и да добијат бугарски пасоши,  наведуваат медиумите, во кои ова е топ тема имајќи ги превид реакциите на Македонците од оваа област за уцени, закани и поткуп од бугарски претставници за да на пописот се  изјаснат како Бугари.

Топ чанел уште наведува дека Советот на општина Булќиза ќе одржи итна седница за да го разреши секретарот Бала и додава дека еден од уапсените, Луан Мјештри, е брат на градоначалничката на Булќиза, Фестиме Мјештри, која и го наименувала за администратор на Острени.

Уапсените пред судските органи во Пешкопеја ќе одговараат за „фалсификување документи“, „злоупотреба на службената должност“ и „пасивна корупција на лица кои обавуваат јавна функција“.

The post Уапсени три лица за издавање лажни потврди за бугарско потекло во Голо Брдо appeared first on Република.

]]>

Албанската полиција од Булќиза, каде територијално припаѓа областа Голо Брдо, приведе три лица вработени во административната единица Острени, под сомнение за издавање лажни потврди за бугарско потекло. Апсењето следува по синоќешната истражувачка сторија „Сакаш бугарски пасош, оди во Острени, Голо Брдо“ во која со глас и слика се покажува колку е лесно да се купи потврда за бугарско потекло во Острени, област Голо Брдо, општина Булќиза, независно од вистинското потекло. Новинари на Фикс фаре купиле две потврди за бугарско потекло за по 100.000 леки (950 евра). Според полициското соопштение, уапсени се Љуан Мјештри (62)  администратор на административната единица Острени, Арлин Лимани (33), раководител на секторот за социјални услуги во истата единица и двајцата жители на Острени и Фитим Бала (61) жител на Требиште, секретар на Советот на општина Булќиза.
Тие во соработка меѓусебно ја злоупотребиле должноста фалсификувајќи списи од граѓанска евиденција и за парични средства на лица кои сакале да аплицираат за бугарско државјанство им давале лажни потврди, со кои потоа се пријавале во здружението „Голо Брдо“ и да добијат бугарски пасоши,  наведуваат медиумите, во кои ова е топ тема имајќи ги превид реакциите на Македонците од оваа област за уцени, закани и поткуп од бугарски претставници за да на пописот се  изјаснат како Бугари.
Топ чанел уште наведува дека Советот на општина Булќиза ќе одржи итна седница за да го разреши секретарот Бала и додава дека еден од уапсените, Луан Мјештри, е брат на градоначалничката на Булќиза, Фестиме Мјештри, која и го наименувала за администратор на Острени. Уапсените пред судските органи во Пешкопеја ќе одговараат за „фалсификување документи“, „злоупотреба на службената должност“ и „пасивна корупција на лица кои обавуваат јавна функција“.

The post Уапсени три лица за издавање лажни потврди за бугарско потекло во Голо Брдо appeared first on Република.

]]>
Kатастрофална состојба на Македонците во областа Голо Брдо, со денови се без струја https://republika.mk/vesti/balkan/katastrofalna-sostojba-na-makedontsite-vo-oblasta-golo-brdo-so-denovi-se-bez-struja/ Tue, 28 Nov 2023 19:42:15 +0000 https://republika.mk/?p=717318

Македонското друштво „Илинден"- Тирана остро реагираше за состојбата создадена по обилните снежни врнежи, кои ги блокираа патиштата во Голо Брдо, каде Македонците беа, а дел се уште се без струја.

-Поради лошите временски услови, со обилни врнежи од снег, ветер и температури до 10 степени под нулата, Македонците во областа Голо Брдо деновиве се соочуваат со веќе познатите проблеми, завеани патишта и прекин во снабдувањето со електрична енергија. Дел од селата по неколку дена добија струја а селото Пасинки веќе шести ден е без струја, стои во соопштението на друштвото.

На фотографијата што ја објавуваат се гледа дека сѐ уште не се подигнати паднати бандери и неисчистен снег од патот.

Друштвото бара од албанските надлежни институции да „посветат поголемо внимание и грижа за Македонците во Голо Брдо кои се оставени на самите на себе".

-Ги повикуваме Владата и Општина Булќиза под итно да ги преземат сите неопходни мерки за да се подобри тешката ситуацијата во областа Голо Брдо, се наведува во соопштението потпишано од претседател друштвото Никола Ѓурѓај и на огранок за Голо Брдо, Фатри Фетаху.

Областа, која е една од најнеразвиените во Албанија, без неопходна патна и друга инфраструктура се помасовно ја напуштаат жителите, пред се млади.

Во 22. населени места, до падот на тоталитарниот режим живееле над 35 илјади лица, сега едвај 10 илјади, но бројот на резистентно население е далеку помал.

The post Kатастрофална состојба на Македонците во областа Голо Брдо, со денови се без струја appeared first on Република.

]]>

Македонското друштво „Илинден"- Тирана остро реагираше за состојбата создадена по обилните снежни врнежи, кои ги блокираа патиштата во Голо Брдо, каде Македонците беа, а дел се уште се без струја.
-Поради лошите временски услови, со обилни врнежи од снег, ветер и температури до 10 степени под нулата, Македонците во областа Голо Брдо деновиве се соочуваат со веќе познатите проблеми, завеани патишта и прекин во снабдувањето со електрична енергија. Дел од селата по неколку дена добија струја а селото Пасинки веќе шести ден е без струја, стои во соопштението на друштвото.
На фотографијата што ја објавуваат се гледа дека сѐ уште не се подигнати паднати бандери и неисчистен снег од патот. Друштвото бара од албанските надлежни институции да „посветат поголемо внимание и грижа за Македонците во Голо Брдо кои се оставени на самите на себе".
-Ги повикуваме Владата и Општина Булќиза под итно да ги преземат сите неопходни мерки за да се подобри тешката ситуацијата во областа Голо Брдо, се наведува во соопштението потпишано од претседател друштвото Никола Ѓурѓај и на огранок за Голо Брдо, Фатри Фетаху.
Областа, која е една од најнеразвиените во Албанија, без неопходна патна и друга инфраструктура се помасовно ја напуштаат жителите, пред се млади. Во 22. населени места, до падот на тоталитарниот режим живееле над 35 илјади лица, сега едвај 10 илјади, но бројот на резистентно население е далеку помал.

The post Kатастрофална состојба на Македонците во областа Голо Брдо, со денови се без струја appeared first on Република.

]]>
Голо Брдо три дена без струја https://republika.mk/vesti/balkan/golo-brdo-tri-dena-bez-struja/ Mon, 27 Nov 2023 13:13:30 +0000 https://republika.mk/?p=716766

Поради лошите временски услови, со обилни врнежи од снег, ветер и температури до 10 степени под нулата, Македонците во областа Голо Брдо деновиве се соочуваат со веќе познатите проблеми, завеани патишта и прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Поради искинати проводници од тежината на снегот и силниот ветер, веќе три дена има прекин во снабдувањето со електрична енергија. Најавено е да стигнат екипи на Електродистрибуција ама недостапните патишта тоа го отежнуваат, изјави за МИА, Едмонд Османи администратор на административната единица Требиште.

Во однос на патиштата, кои главно се макадамски, вели дека во тек е нивно расчистување и оти во моментот го расчистуваат патот кон село Мало Острени, по што ќе продолжат и до другите села.

Најпрво го исчистивме асфалтниот пат од Требиште до граничниот премин Џепиште, бидејќи поради близината на Дебар за сите неопходни потреби стигнуваме најбрзо таму. Веќе сме навикнати и порано а и сега во време кога областа е завеана во снег, кога имаме итни случаи на болни ги транспортираме во Дебар, посочува Османи.

Албанските медиуми пренесуваат дека патот од Булќиза кон Голо Брдо сеуште е непрооден. Во однос на автопатот Руга е Арбрит (Патот на Арбр), од граничниот премин Блато кон Тирана е прооден за сообраќај, но поради остатоци од кашест снег а на повеќе места и мраз се препорачува многу вниматлно возење.

The post Голо Брдо три дена без струја appeared first on Република.

Јотова во Голо Брдо во пресрет на пописот, Ковачевски уверува дека Албанија гарантира попис согласно сите светски стандарди https://republika.mk/vesti/makedonija/jotova-vo-golo-brdo-vo-presret-na-popisot-kovachevski-uveruva-deka-albanija-garantira-popis-soglasno-site-svetski-standardi/ Thu, 14 Sep 2023 10:37:41 +0000 https://republika.mk/?p=681866

Имаме гаранција од страна на Владата на Албанија, која е членка на НАТО дека пописот во таа земја ќе биде спроведен согласно сите светски стандарди, стандарите Евростат, а ние ќе продолжиме да им помагаме на нашите Македонци во Албанија, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со посетата на потпретседателката на Бугарија Илиана Јотова на Албанија, во рамките на која, како што е најавено меѓудругото ќе го посети Голо Брдо и ќе ја отвори учебната година во училиште во Елбасан.

Јотова ќе престојува во посета на Албанија од денеска до 16 септември на покана на здружението „Бугарите во Албанија“, јави БТА, а нејзината посета е во пресрет на пописот на населението во Албанија, што, како што соопшти нејзината прес-служба е важен момент за бугарското национално малцинство во Албанија откако беше признаено во 2017 година.

Ковачевски денеска одговарајќи на новинарско прашање на настанот по повод градежните активности од изградбата на автопатот на Коридор 10-д, делница Прилеп - Битола, рече дека како држава имаме одлични односи со Албанија и оти на многу начини му се помага на македонското население таму.

-Јас пред еден месец заедно со моите колеги на нашите Македонци им дониравме опрема за расчистување на патишта , се работи за механизација, која таму ја однесовме. Министерот Бујар Османи исто така беше дел од еден поголем проект за донирање на училишен прибор за нашите Македонци, кои живеат во Албанија, ние со тоа ќе продолжиме, рече Ковачевски.

Тој напомена дека како Влада му помагаат на македонското население во Албанија и никогаш од нив не барале да направат нешто за кој било политички естаблишмент.

-Како Влада ние ги помагаме и никогаш од тие Македонци не сме барале да направат нешто за кој било политички  естаблишмент во државата, како на времето што правеше владата на ВМРО-ДПМНЕ, токму со тие наши Македонци од Албанија, кога ги носеа по Скопје да гласаат во некои инежнеринг, за да можат да ја сменат волјата на граѓаните во општина Центар за избор за граодначалник, кога од три гласања и прегласувња беше избран Жерновски, рече Ковачевски.

Тој нагласи дека пристапот на оваа Влада е поинаков и оти тие ги ценат и помагаат сите Македонци насекаде низ светот.

-Ние ги сакаме и ги цениме нашите Македонци во Албанија, ги сакаме нашите Македонци и во Грција и во Бугарија и во Србија и во цел свет и на сите поднекакво им помагаме во однос на негување на македонскиот јазик, на македонската литература, правото на образование на свој јазик. Изминатите неколку месеци се отворени неколку катедри во соседни држави на македонски јазик во нивните најдобри универзитети. Подготвено е и отворање на КИЦ во Србија, а исто така привршуваат и работите на транспортот на одамна украдените икони од македонски црки, кои благодатение на албанската Влада и благодарение на премиерот Еди Рама, се успеа да се заврши процесот на нивно собирање и ќе видите кратко време како ќе ги вратиме нашите икони. Нашите Македонци во Албанија се исто толку Макеоднци колку што сме и ние по род, рече Ковачевски.

Бугарската потпретседателка, како што е најавено ќе го посети селото Големо Острени, каде што, како што се наведува, ќе се сретне со претставници на бугарското национално малцинство од регионот Голо Брдо.

Месноста Голо Брдо и селото Големо Острени се наоѓаат на крајниот источен дел од Албанија. Населени се претежно од македонско население.

Потпретседателот и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски денеска излезе со објава на Фејсбук дека Бугарија бара непостоечки Бугари во Албанија.

-Кога Македонија не работи, ќе работи асимилаторската политика на Бугарија! Наместо да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права од Стразбур со кои се бара признавање на Македонците во Бугарија и нивното право на здружување и мајчин македонски јазик, Бугарија бара непостоечки Бугари во Албанија, купувајќи ги душите на луѓето кои се напатени и измачени и живеат во тешка сиромаштија во Албанија, нудејќи им бугарски пасоши со кои можат да одат во побогатите земји на ЕУ по парче леб. Таа е вистината! Бугари во Албанија нема, има Македонци кои матичната држава Македонија не ги штити и ги остава сами на себе. За брзо време ненародната власт на СДСМ и ДУИ во Македонија ќе падне и Македонците и во Албанија и во цел свет ќе бидат со гордо крената глава!, објави Николовски.

Знаеме сите дека Македонија се соочува со сериозна појава чии прогнози кажуваат дека за жал состојбата само ќе се влоши. Колку посеопфатни бидат мерките и колку бидат побрзи толку помали ќе с

Бугарската потпретседателка Јотова во рамки на посетата на Албанија ќе се сретне со албанскиот претседател Бајрам Бегај, со вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку, со претседателката на Собранието, Линдита Никола и со министерот за внатрешни работи Таулант Бала. Како што јавуваат бугарските медиуми бугарската потпретседателка ќе има разговори и со ректорот на Универзитетот во Тирана, проф. Артан Хоџа, на кој се изучува бугарскиот јазик. Во делегацијата предводена од Јотова се и професори од бугарските универзитети и од Бугарската академија на науките, пренесува „24 часа“.

The post Јотова во Голо Брдо во пресрет на пописот, Ковачевски уверува дека Албанија гарантира попис согласно сите светски стандарди appeared first on Република.

]]>

Имаме гаранција од страна на Владата на Албанија, која е членка на НАТО дека пописот во таа земја ќе биде спроведен согласно сите светски стандарди, стандарите Евростат, а ние ќе продолжиме да им помагаме на нашите Македонци во Албанија, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со посетата на потпретседателката на Бугарија Илиана Јотова на Албанија, во рамките на која, како што е најавено меѓудругото ќе го посети Голо Брдо и ќе ја отвори учебната година во училиште во Елбасан. Јотова ќе престојува во посета на Албанија од денеска до 16 септември на покана на здружението „Бугарите во Албанија“, јави БТА, а нејзината посета е во пресрет на пописот на населението во Албанија, што, како што соопшти нејзината прес-служба е важен момент за бугарското национално малцинство во Албанија откако беше признаено во 2017 година. Ковачевски денеска одговарајќи на новинарско прашање на настанот по повод градежните активности од изградбата на автопатот на Коридор 10-д, делница Прилеп - Битола, рече дека како држава имаме одлични односи со Албанија и оти на многу начини му се помага на македонското население таму. -Јас пред еден месец заедно со моите колеги на нашите Македонци им дониравме опрема за расчистување на патишта , се работи за механизација, која таму ја однесовме. Министерот Бујар Османи исто така беше дел од еден поголем проект за донирање на училишен прибор за нашите Македонци, кои живеат во Албанија, ние со тоа ќе продолжиме, рече Ковачевски. Тој напомена дека како Влада му помагаат на македонското население во Албанија и никогаш од нив не барале да направат нешто за кој било политички естаблишмент. -Како Влада ние ги помагаме и никогаш од тие Македонци не сме барале да направат нешто за кој било политички  естаблишмент во државата, како на времето што правеше владата на ВМРО-ДПМНЕ, токму со тие наши Македонци од Албанија, кога ги носеа по Скопје да гласаат во некои инежнеринг, за да можат да ја сменат волјата на граѓаните во општина Центар за избор за граодначалник, кога од три гласања и прегласувња беше избран Жерновски, рече Ковачевски. Тој нагласи дека пристапот на оваа Влада е поинаков и оти тие ги ценат и помагаат сите Македонци насекаде низ светот. -Ние ги сакаме и ги цениме нашите Македонци во Албанија, ги сакаме нашите Македонци и во Грција и во Бугарија и во Србија и во цел свет и на сите поднекакво им помагаме во однос на негување на македонскиот јазик, на македонската литература, правото на образование на свој јазик. Изминатите неколку месеци се отворени неколку катедри во соседни држави на македонски јазик во нивните најдобри универзитети. Подготвено е и отворање на КИЦ во Србија, а исто така привршуваат и работите на транспортот на одамна украдените икони од македонски црки, кои благодатение на албанската Влада и благодарение на премиерот Еди Рама, се успеа да се заврши процесот на нивно собирање и ќе видите кратко време како ќе ги вратиме нашите икони. Нашите Македонци во Албанија се исто толку Макеоднци колку што сме и ние по род, рече Ковачевски. Бугарската потпретседателка, како што е најавено ќе го посети селото Големо Острени, каде што, како што се наведува, ќе се сретне со претставници на бугарското национално малцинство од регионот Голо Брдо. Месноста Голо Брдо и селото Големо Острени се наоѓаат на крајниот источен дел од Албанија. Населени се претежно од македонско население. Потпретседателот и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски денеска излезе со објава на Фејсбук дека Бугарија бара непостоечки Бугари во Албанија. -Кога Македонија не работи, ќе работи асимилаторската политика на Бугарија! Наместо да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права од Стразбур со кои се бара признавање на Македонците во Бугарија и нивното право на здружување и мајчин македонски јазик, Бугарија бара непостоечки Бугари во Албанија, купувајќи ги душите на луѓето кои се напатени и измачени и живеат во тешка сиромаштија во Албанија, нудејќи им бугарски пасоши со кои можат да одат во побогатите земји на ЕУ по парче леб. Таа е вистината! Бугари во Албанија нема, има Македонци кои матичната држава Македонија не ги штити и ги остава сами на себе. За брзо време ненародната власт на СДСМ и ДУИ во Македонија ќе падне и Македонците и во Албанија и во цел свет ќе бидат со гордо крената глава!, објави Николовски. Знаеме сите дека Македонија се соочува со сериозна појава чии прогнози кажуваат дека за жал состојбата само ќе се влоши. Колку посеопфатни бидат мерките и колку бидат побрзи толку помали ќе с Бугарската потпретседателка Јотова во рамки на посетата на Албанија ќе се сретне со албанскиот претседател Бајрам Бегај, со вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку, со претседателката на Собранието, Линдита Никола и со министерот за внатрешни работи Таулант Бала. Како што јавуваат бугарските медиуми бугарската потпретседателка ќе има разговори и со ректорот на Универзитетот во Тирана, проф. Артан Хоџа, на кој се изучува бугарскиот јазик. Во делегацијата предводена од Јотова се и професори од бугарските универзитети и од Бугарската академија на науките, пренесува „24 часа“.

The post Јотова во Голо Брдо во пресрет на пописот, Ковачевски уверува дека Албанија гарантира попис согласно сите светски стандарди appeared first on Република.

]]>
Јотова во Голо Брдо кај Македонците ќе отвори бугарско училиште https://republika.mk/vesti/balkan/jotova-vo-golo-brdo-kaj-makedontsite-ke-otvori-bugarsko-uchilishte/ Thu, 14 Sep 2023 06:28:38 +0000 https://republika.mk/?p=681726

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова денеска во Албанија во делот населен со Македонци ќе отвори бугарско училиште.

Овој чекор на официјална Софија доаѓа пред пописот во Албанија на кој се очекува голем број Македонците да сед изјазнат за Бугари поради бугарските пасоши кои им ги даваат.

Јотова во Голо Брдо, во селото Големо Острени ќе ја отвори новата учебна година во бугарско неделно училиште, соопшти прес-службата на бугарското претседателство.

The post Јотова во Голо Брдо кај Македонците ќе отвори бугарско училиште appeared first on Република.

]]>

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова денеска во Албанија во делот населен со Македонци ќе отвори бугарско училиште. Овој чекор на официјална Софија доаѓа пред пописот во Албанија на кој се очекува голем број Македонците да сед изјазнат за Бугари поради бугарските пасоши кои им ги даваат.
Јотова во Голо Брдо, во селото Големо Острени ќе ја отвори новата учебна година во бугарско неделно училиште, соопшти прес-службата на бугарското претседателство.

The post Јотова во Голо Брдо кај Македонците ќе отвори бугарско училиште appeared first on Република.

]]>
На неколку јазици објавена Резолуцијата за правата на Македонците во Албанија https://republika.mk/vesti/makedonija/na-nekolku-jazici-objavena-rezolucijata-za-pravata-na-makedoncite-vo-albanija/ Tue, 25 Oct 2022 16:34:14 +0000 https://republika.mk/?p=565568

Федералната унија на европските националности (ФУЕН), ја објави Резолуцијата со која се поддржуваат Македонците во Албанија во барањата за надминување на проблемите со кои се соочуваат.

Резолуцијата беше предложена од македонското друштво „Илинден“ – Тирана и едногласно усвоена на 66-от Конгрес што се одржуваше од 29 септември до први октомври во Берлин, Сојузна Република Германија.

Во документот објавен на англиски, германски и руски јазик, ФУЕН ја поздравува одлуката на Собранието на Република Албанија за формирање специјална парламентарна комисија за административно-територијални реформи и бара од комисијата да го поддржи формирањето општини Голо Брдо и Гора.

Во областа Голо Брдо, претходно постоечките општини сега административни единици, Требиште и Острени се дел од општина Булќиза, додека Стеблева е дел од општината Либражд. Во областа Гора, административните единици, Шиштавец и Запот се дел од општина Кукс. Областите Голо Брдо и Гора се населена со македонско национално малцинство и има посебни карактеристики. Со формирањето на општините Голо Брдо и Гора ќе се заштити етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство на овие простори. Истовремено, ќе се зајакне економијата на жителите и ќе се овозможи развој на двете областите, стои во документот.

Исто така ФУЕН ја повикува Владата на Република Албанија да го почитува Законот за малцинства, донесен на 13 октомври 2017 година и да донесе пропис предвиден во овој закон, со оглед на тоа што поминаа пет години од донесувањето на Законот за националните малцинства, а до сега не е ништо направено.

Го повикува владиниот комесар за заштита од дискриминација да работи на конкретно спроведување на сите прописи од Законот за малцинствата во Албанија, а од Владата да го прогласи 21 мај – Светски ден на културната различност за дијалог и развој, за национален празник – Ден на националните малцинства во Република Албанија, изјави за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото „Илинден“.

Додава дека, според одлуката донесена на Конгресот, ФУЕН Резолуцијата ќе ја достави до Владата на Република Албанија, шефот на државата, парламентот, комитетот за национални малцинства, комесарот за заштита од дискриминација, амбасади и меѓународните институции.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана е рамноправен член на ФУЕН од средината на мај 2015 година и стана прво друштво на Македонци надвор од матичната држава во Европа, кое е рамноправен член, со право на глас. Тоа е редовен учесник на Конгресите на унијата.

The post На неколку јазици објавена Резолуцијата за правата на Македонците во Албанија appeared first on Република.

]]>

Федералната унија на европските националности (ФУЕН), ја објави Резолуцијата со која се поддржуваат Македонците во Албанија во барањата за надминување на проблемите со кои се соочуваат. Резолуцијата беше предложена од македонското друштво „Илинден“ – Тирана и едногласно усвоена на 66-от Конгрес што се одржуваше од 29 септември до први октомври во Берлин, Сојузна Република Германија. Во документот објавен на англиски, германски и руски јазик, ФУЕН ја поздравува одлуката на Собранието на Република Албанија за формирање специјална парламентарна комисија за административно-територијални реформи и бара од комисијата да го поддржи формирањето општини Голо Брдо и Гора.
Во областа Голо Брдо, претходно постоечките општини сега административни единици, Требиште и Острени се дел од општина Булќиза, додека Стеблева е дел од општината Либражд. Во областа Гора, административните единици, Шиштавец и Запот се дел од општина Кукс. Областите Голо Брдо и Гора се населена со македонско национално малцинство и има посебни карактеристики. Со формирањето на општините Голо Брдо и Гора ќе се заштити етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство на овие простори. Истовремено, ќе се зајакне економијата на жителите и ќе се овозможи развој на двете областите, стои во документот.
Исто така ФУЕН ја повикува Владата на Република Албанија да го почитува Законот за малцинства, донесен на 13 октомври 2017 година и да донесе пропис предвиден во овој закон, со оглед на тоа што поминаа пет години од донесувањето на Законот за националните малцинства, а до сега не е ништо направено.
Го повикува владиниот комесар за заштита од дискриминација да работи на конкретно спроведување на сите прописи од Законот за малцинствата во Албанија, а од Владата да го прогласи 21 мај – Светски ден на културната различност за дијалог и развој, за национален празник – Ден на националните малцинства во Република Албанија, изјави за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото „Илинден“.
Додава дека, според одлуката донесена на Конгресот, ФУЕН Резолуцијата ќе ја достави до Владата на Република Албанија, шефот на државата, парламентот, комитетот за национални малцинства, комесарот за заштита од дискриминација, амбасади и меѓународните институции. Македонско друштво „Илинден“-Тирана е рамноправен член на ФУЕН од средината на мај 2015 година и стана прво друштво на Македонци надвор од матичната држава во Европа, кое е рамноправен член, со право на глас. Тоа е редовен учесник на Конгресите на унијата.

The post На неколку јазици објавена Резолуцијата за правата на Македонците во Албанија appeared first on Република.

]]>
МД „Илинден”- Тирана достави барање до претседателката на албанскиот парламент за формирање две македонски општини, Голо Брдо и Гора https://republika.mk/vesti/balkan/md-ilinden-tirana-dostavi-baranje-do-pretsedatelkata-na-albanskiot-parlament-za-formiranje-dve-makedonski-opshtini-golo-brdo-i-gora/ Sun, 18 Sep 2022 08:40:50 +0000 https://republika.mk/?p=551880

Македонското друштво „Илинден”-Тирана достави барање до претседателката на албанскиот парламент Линдита Никола, со кое од име на Македонците се бара формирање две општини Голо Брдо и Гора.

Ова поради фактот што во тек е расправа на специјалната комисија за територијална поделба а барањето е врз основа на „Законот за заштита на националните малцинства во Албанија”.

Според претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај во образложението на барањето се наведени „основани причини за ова легитимно барање на Македонците од двете области”.

По територијалната поделба во Република Албанија што се случи во 2014 година, областите Голо Брдо и Гора, каде живее македонско население останаа неразвиени. Исто така Македонците не се застапени во локалната власт. Во 2014 година, владата ги укина општините Требиште, Острени и Стеблево, во областа Голо Брдо и ги припои, првите две во општина Булќиза, а општина Стеблево во општина Либражд. Општините Шиштавец и Запот во областа Гора, пак, по укинувањето се припоени кон општина Кукс, стои во образложението, информираше Ѓурѓај за МИА.

Наведуваме, додава тој, дека со формирање на областите во две општини ќе се придонесе во зачувувањето на македонскиот идентитет и побрз економски развој.

– Со формирањето на општините Голо Брдо и Гора ќе се заштити етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство на овие простори. Воедно ќе ја зајакне економијата на жителите и ќе овозможи развој на областите, кои се најнеразвиени во државата, посочува тој.

Исто така, нагласува тој, ја информираме претседателката на парламентот, дека и со резолуциите, предложени од друштвото а изгласани од Федералната унија на европските националности, ФУЕН, се поддржува формирање на споменатите две општини.

– Изразувајќи ја највисоката почит кон Вас и Собранието на Република Албанија, чиј прв човек сте, преку овој допис, бараме Специјалната комисија за територијална административна реформа во Република Албанија да го поддржи формирањето на општина Голо Брдо и Гора, стои во барањето.

Се наведува дека Македонското друштво „Илинден“-Тирана е регистрирано на 06.02.2009 година во регистарот на Судскиот округ Тирана чија мисија е заштита на етничкиот, културниот и верскиот идентитет на македонското малцинство во Република Албанија.

The post МД „Илинден”- Тирана достави барање до претседателката на албанскиот парламент за формирање две македонски општини, Голо Брдо и Гора appeared first on Република.

]]>

Македонското друштво „Илинден”-Тирана достави барање до претседателката на албанскиот парламент Линдита Никола, со кое од име на Македонците се бара формирање две општини Голо Брдо и Гора. Ова поради фактот што во тек е расправа на специјалната комисија за територијална поделба а барањето е врз основа на „Законот за заштита на националните малцинства во Албанија”. Според претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај во образложението на барањето се наведени „основани причини за ова легитимно барање на Македонците од двете области”. По територијалната поделба во Република Албанија што се случи во 2014 година, областите Голо Брдо и Гора, каде живее македонско население останаа неразвиени. Исто така Македонците не се застапени во локалната власт. Во 2014 година, владата ги укина општините Требиште, Острени и Стеблево, во областа Голо Брдо и ги припои, првите две во општина Булќиза, а општина Стеблево во општина Либражд. Општините Шиштавец и Запот во областа Гора, пак, по укинувањето се припоени кон општина Кукс, стои во образложението, информираше Ѓурѓај за МИА. Наведуваме, додава тој, дека со формирање на областите во две општини ќе се придонесе во зачувувањето на македонскиот идентитет и побрз економски развој. – Со формирањето на општините Голо Брдо и Гора ќе се заштити етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство на овие простори. Воедно ќе ја зајакне економијата на жителите и ќе овозможи развој на областите, кои се најнеразвиени во државата, посочува тој. Исто така, нагласува тој, ја информираме претседателката на парламентот, дека и со резолуциите, предложени од друштвото а изгласани од Федералната унија на европските националности, ФУЕН, се поддржува формирање на споменатите две општини. – Изразувајќи ја највисоката почит кон Вас и Собранието на Република Албанија, чиј прв човек сте, преку овој допис, бараме Специјалната комисија за територијална административна реформа во Република Албанија да го поддржи формирањето на општина Голо Брдо и Гора, стои во барањето. Се наведува дека Македонското друштво „Илинден“-Тирана е регистрирано на 06.02.2009 година во регистарот на Судскиот округ Тирана чија мисија е заштита на етничкиот, културниот и верскиот идентитет на македонското малцинство во Република Албанија.

The post МД „Илинден”- Тирана достави барање до претседателката на албанскиот парламент за формирање две македонски општини, Голо Брдо и Гора appeared first on Република.

]]>
Македонците во Голо Брдо завеани и без струја три дена https://republika.mk/zivot/servisi/makedoncite-vo-golo-brdo-zaveani-i-bez-struja-tri-dena/ Sun, 23 Jan 2022 22:26:48 +0000 https://republika.mk/?p=448488

Македонците во областа Голо, на албанско – македонска граница и оваа зима не ги одминаа проблемите со кои се соочуваат по обилни снежни врнежи, по кои е познат овој планински регион.

По последниот снег, чија дебелина надминува 40 сантиметри, а некаде е и повисока и минусните температури, веќе трет ден се отсечени од светот.

-Дополнителен проблем е и недостигот на електрична енергија присутен веќе трет дена. Во текот на ноќта и утринските часови живата во термометарот падна на – 16 степени целзиусови, а вечерва и утре најава има за повисоки минусни температури, велат жители.

Едмонд Османи администратор на административната единица Требиште рече дека во соработка со градоначалникот на општина Булќиза се прават максимални напори за надминување на проблемите.

– Обилните снежни врнежи, поларниот студ и мразот го прават своето. Вложуваме максимални напори да се пробијат патиштата. Превземени се сите мерки и сме во служба на жителите за било каква потреба, изјави за МИА Османи.

Областа опфаќа 22 населени места со над 12 илјади жители.

The post Македонците во Голо Брдо завеани и без струја три дена appeared first on Република.

]]>

Македонците во областа Голо, на албанско – македонска граница и оваа зима не ги одминаа проблемите со кои се соочуваат по обилни снежни врнежи, по кои е познат овој планински регион. По последниот снег, чија дебелина надминува 40 сантиметри, а некаде е и повисока и минусните температури, веќе трет ден се отсечени од светот.

Три дена завеани и без струја Македонците во Голо Брдо https://republika.mk/vesti/makedonija/tri-dena-zaveani-i-bez-struja-makedoncite-vo-golo-brdo/ Sun, 23 Jan 2022 17:52:08 +0000 https://republika.mk/?p=448412

Македонците во областа Голо, на албанско – македонска граница и оваа зима не ги одминаа проблемите со кои се соочуваат по обилни снежни врнежи, по кои е познат овој  планински регион.

По последниот снег, чија дебелина надминува 40 сантиметри, а некаде е и повисока и минусните температури, веќе трет ден се отсечени од светот.

Дополнителен проблем е и недостигот на електрична енергија присутен веќе трет дена. Во текот на ноќта и утринските часови живата во термометарот падна на –16 степени целзиусови, а вечерва и утре најава има за повисоки минусни температури, велат жители.

Едмонд Османи администратор на административната единица Требиште рече дека во соработка со градоначалникот на општина Булќиза се прават максимални напори за надминување на проблемите.

Обилните снежни врнежи, поларниот студ и мразот го прават своето. Вложуваме максимални напори да се пробијат патиштата. Превземени се сите мерки и сме во служба на жителите за било каква потреба, изјави за МИА Османи.

Областа опфаќа 22 населени места со над 12 илјади жители.

The post Три дена завеани и без струја Македонците во Голо Брдо appeared first on Република.