„Голема ѕвезда на македонскиот филм“ Archives - Република https://republika.mk/tema/golema-zvezda-na-makedonskiot-film/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Sep 2023 11:56:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ Archives - Република https://republika.mk/tema/golema-zvezda-na-makedonskiot-film/ 32 32 Лабина Митевска: Да ги сакаме нашите автори и да им овозможуваме да создаваат слободно, без цензура https://republika.mk/vesti/kultura/labina-mitevska-da-gi-sakame-nashite-avtori-i-da-im-ovozmozhuvame-da-sozdavaat-slobodno-bez-tsenzura/ Sun, 24 Sep 2023 11:56:23 +0000 https://republika.mk/?p=684674

За да се создаде едно врвно уметничко дело потребно е да ги сакаме нашите автори, да им овозможуваме да создаваат слободно, без цензура, и да постои континуит во таа поддршка, бидејќи уметноста не е веќе привилегија, таа е потреба, рече синоќа Лабина Митевска, која е годишна добитничка на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, што ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ).

Митевска, актерка и продуцентка нагррадата ја прими во Битола, на свеченото отворање на 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“.

Особено ми е значајно ова признание бидејќи доаѓа од мојата фела и што ја добивам во овој град во кој се вљубив пред многу години. Веќе триесет години работам во оваа фантастична професија. Да се создаде филм не е воопшто лесно, но продолжуваме и одиме понатаму. Македонија има многу нешта што може да и ги понуди во светската кинематографија. Имаме одлични автори, добри приказни, имаме фантастични локации, кажа Митевска.

Да се создаде филм не е воопшто лесно, но продолжуваме и одиме понатаму, рече Митевска Фото/Браќа Манаки

По повод доделувањето на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ пред присутните говореше претседателот на ДФРМ, Игор Иванов Изи кој се осврна на битката на филмските работници за подобри услови за филм, подобар стандард на филмските работници и подостоинствен живот.

Како обврска на нашата генерација останува конечно стандардизирање на буџетот за филм во рамките на државниот буџет и решавање на статусот на филмските работници. Секој ден сме поблиску до решение и колку и да звучи невозможно, ќе се случи, рече Иванов најавувајќи го секретарот на ДФРМ, Томи Салковски кој и ја врачи наградата на Митевска.

Во Битола, од синоќа, во текот на седум фестивалски денови ќе се открива прекрасното непознато, онака како што браќата Манаки со камерата 300 почнале да го откриваат прекрасното непознато, кое може да се види и создаде само преку филмскиот објектив.

Ова прекрасно непознато ќе ви биде во Битола седум фестивалски денови, рече директорот на Фестивалот „Браќа Манаки“ Мони Дамевски Фото/Браќа Манаки

Создавањето на еден филм, на едно уметничко дело, па и на Фестивал секогаш започнува со скок во непознатото. Возбудлив, но и застрашувачки. За среќа тој скок во непознатото најчесто резултира со едно прекрасно патување и завршува со резултат што им носи големо задоволство и на публиката и на создавачите на филмот. Затоа одново и одново скокаме во непознатото. Ова прекрасно непознато ќе ви биде во Битола седум фестивалски денови.

Со овие зборови им посака добредојде на присутните, директорот на фестивалот Симеон Мони Дамевски, човекот за кого потрагата по прекрасното непознато никогаш не престанува и кој заедно со својот тим го создаде филмскиот универзум наречен 44. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“.

Тој подвлече дека фестивалот е место на слободната мисла на филмските уметници и големите мајстори на филмската фотографија.

Фестивалот е домаќин на највисоки претставници на француското, британското, кинеското, австралиското, шпанското, корејското, германското, грчкото, спрското, чилеанското и американското друштво на кинематографери. Ќе бидат прикажани 80 филмови, девет работилници и дваесеттина различни настани кои ќе го остават својот сопствен магичен печат на Битола, рече Дамевски.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски рече дека ова ново издание е потврда за раст на Фестивалот, но и на градот со него.

Битола благодарение на првите сниматели на Балканот, браќата Милтон и Јанаки Манаки претставува светски гласник во областа на кинематографијата. Уникатноста на творештвото најсилно допира низ моќта да се привлече посетителот, да се задржи неговото внимание и истиот да стане дел од патувањето на прекрасното непознато. Вечерва повторно го славиме ентузијазмот и успехот на двајцата мечтатели кои ја зачуваа севкупната бесмртност на човештвото низ сите нивни фотографии и филмски снимки, истакна Коњановски.

На годинешниот лауреат, кинематограферот Питер Бижу, наградата Златна камера 300 за животен опус му ја врачи министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Питер Бижу, фото/Браќа Манаки

Многу сум среќен што сум во Македонија и што го добивам ова прекрасно признание од Фестивалот „Браќа Манаки“, се заблагодари Бижу, чие појавување на сцената во Центарот за култура во Битола беше проследено со огромен аплауз од публиката која на нозе го поздрави оскаровецот.

Костадиновска Стојчевска рече дека Фестивалот „Браќа Манаки“ ги негува вредностите на врвната визуелна уметност и е чувар на споменот за љубопитните браќа Манаки за кои дотогаш непознатото било голем предизвик.

Вечерва сакам да нагласам дека збирката на движното културно наследство ФОНД 580 „Браќа Манаки – Битола 1853-1964“, која се наоѓа во Државниот архив – одделение Битола, е прогласена за културно наследство од особено значење, во поткатегорија исклучително значење. Збирката од над 1.200 артефакти е оригинално сведоштво за едно бурно време на Балканот и своевиден раопис од европска важност. За историјата на светската кинематографија и да не зборуваме, зошто браќата Манаки беа први на Балканот, меѓу првите во Европа. Македонската кинематографија им ја должи сета почит. Оттаму радува ентузијазмот и страста на овој фестивал од година во година, со децении да ја надоградува љубовта кон добриот кадар, рече Костадиновска-Стојчевска.

На свеченото отворање беше изведен перформанс во режија на Дејан Пројковски. Националниот џез оркестар и детски хор ја изведоа „Another brick in the wall“ од „Пинк Флојд“ со што на сцената и во гледалиштето се ширеше филмската магија на „Пинк Флојд: Sидот“ од лауреатот Питер Бижу.

The post Лабина Митевска: Да ги сакаме нашите автори и да им овозможуваме да создаваат слободно, без цензура appeared first on Република.

]]>

За да се создаде едно врвно уметничко дело потребно е да ги сакаме нашите автори, да им овозможуваме да создаваат слободно, без цензура, и да постои континуит во таа поддршка, бидејќи уметноста не е веќе привилегија, таа е потреба, рече синоќа Лабина Митевска, која е годишна добитничка на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, што ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ). Митевска, актерка и продуцентка нагррадата ја прими во Битола, на свеченото отворање на 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“.
Особено ми е значајно ова признание бидејќи доаѓа од мојата фела и што ја добивам во овој град во кој се вљубив пред многу години. Веќе триесет години работам во оваа фантастична професија. Да се создаде филм не е воопшто лесно, но продолжуваме и одиме понатаму. Македонија има многу нешта што може да и ги понуди во светската кинематографија. Имаме одлични автори, добри приказни, имаме фантастични локации, кажа Митевска.
Да се создаде филм не е воопшто лесно, но продолжуваме и одиме понатаму, рече Митевска Фото/Браќа Манаки По повод доделувањето на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ пред присутните говореше претседателот на ДФРМ, Игор Иванов Изи кој се осврна на битката на филмските работници за подобри услови за филм, подобар стандард на филмските работници и подостоинствен живот.
Како обврска на нашата генерација останува конечно стандардизирање на буџетот за филм во рамките на државниот буџет и решавање на статусот на филмските работници. Секој ден сме поблиску до решение и колку и да звучи невозможно, ќе се случи, рече Иванов најавувајќи го секретарот на ДФРМ, Томи Салковски кој и ја врачи наградата на Митевска.
Во Битола, од синоќа, во текот на седум фестивалски денови ќе се открива прекрасното непознато, онака како што браќата Манаки со камерата 300 почнале да го откриваат прекрасното непознато, кое може да се види и создаде само преку филмскиот објектив. Ова прекрасно непознато ќе ви биде во Битола седум фестивалски денови, рече директорот на Фестивалот „Браќа Манаки“ Мони Дамевски Фото/Браќа Манаки
Создавањето на еден филм, на едно уметничко дело, па и на Фестивал секогаш започнува со скок во непознатото. Возбудлив, но и застрашувачки. За среќа тој скок во непознатото најчесто резултира со едно прекрасно патување и завршува со резултат што им носи големо задоволство и на публиката и на создавачите на филмот. Затоа одново и одново скокаме во непознатото. Ова прекрасно непознато ќе ви биде во Битола седум фестивалски денови.
Со овие зборови им посака добредојде на присутните, директорот на фестивалот Симеон Мони Дамевски, човекот за кого потрагата по прекрасното непознато никогаш не престанува и кој заедно со својот тим го создаде филмскиот универзум наречен 44. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“. Тој подвлече дека фестивалот е место на слободната мисла на филмските уметници и големите мајстори на филмската фотографија.
Фестивалот е домаќин на највисоки претставници на француското, британското, кинеското, австралиското, шпанското, корејското, германското, грчкото, спрското, чилеанското и американското друштво на кинематографери. Ќе бидат прикажани 80 филмови, девет работилници и дваесеттина различни настани кои ќе го остават својот сопствен магичен печат на Битола, рече Дамевски.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски рече дека ова ново издание е потврда за раст на Фестивалот, но и на градот со него.
Битола благодарение на првите сниматели на Балканот, браќата Милтон и Јанаки Манаки претставува светски гласник во областа на кинематографијата. Уникатноста на творештвото најсилно допира низ моќта да се привлече посетителот, да се задржи неговото внимание и истиот да стане дел од патувањето на прекрасното непознато. Вечерва повторно го славиме ентузијазмот и успехот на двајцата мечтатели кои ја зачуваа севкупната бесмртност на човештвото низ сите нивни фотографии и филмски снимки, истакна Коњановски.
На годинешниот лауреат, кинематограферот Питер Бижу, наградата Златна камера 300 за животен опус му ја врачи министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Питер Бижу, фото/Браќа Манаки
Многу сум среќен што сум во Македонија и што го добивам ова прекрасно признание од Фестивалот „Браќа Манаки“, се заблагодари Бижу, чие појавување на сцената во Центарот за култура во Битола беше проследено со огромен аплауз од публиката која на нозе го поздрави оскаровецот.
Костадиновска Стојчевска рече дека Фестивалот „Браќа Манаки“ ги негува вредностите на врвната визуелна уметност и е чувар на споменот за љубопитните браќа Манаки за кои дотогаш непознатото било голем предизвик.
Вечерва сакам да нагласам дека збирката на движното културно наследство ФОНД 580 „Браќа Манаки – Битола 1853-1964“, која се наоѓа во Државниот архив – одделение Битола, е прогласена за културно наследство од особено значење, во поткатегорија исклучително значење. Збирката од над 1.200 артефакти е оригинално сведоштво за едно бурно време на Балканот и своевиден раопис од европска важност. За историјата на светската кинематографија и да не зборуваме, зошто браќата Манаки беа први на Балканот, меѓу првите во Европа. Македонската кинематографија им ја должи сета почит. Оттаму радува ентузијазмот и страста на овој фестивал од година во година, со децении да ја надоградува љубовта кон добриот кадар, рече Костадиновска-Стојчевска.
На свеченото отворање беше изведен перформанс во режија на Дејан Пројковски. Националниот џез оркестар и детски хор ја изведоа „Another brick in the wall“ од „Пинк Флојд“ со што на сцената и во гледалиштето се ширеше филмската магија на „Пинк Флојд: Sидот“ од лауреатот Питер Бижу.

The post Лабина Митевска: Да ги сакаме нашите автори и да им овозможуваме да создаваат слободно, без цензура appeared first on Република.

]]>
Лабина Митевска е годинашна добитничка на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ https://republika.mk/vesti/kultura/labina-mitevska-e-godinashna-dobitnichka-na-nagradata-golema-zvezda-na-makedonskiot-film/ Thu, 17 Aug 2023 10:41:57 +0000 https://republika.mk/?p=672975

Познатата македонската актерка и продуцентка Лабина Митевска е добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ за исклучителен придонес во македонската кинематографија, што ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ), соопшти денеска Игор Иванов Изи, директор на Друштвото.

Оваа година се одлучивме за ѕвезда која долги години блеска на големото платно со голем број главни и споредни филмски улоги и е еден од најуспешните продуценти во историјата на македонскиот независен филм. Станува збор за исклучителна актерка со која и лично сум имал можност да соработувам. Едно од најсензибилните и најфотогенични лица во современата македонска кинематографија и сосема заслужено ќе го носи и епитетот „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, рече Иванов.

Актерската кариера Митевска (47) jа започнува во 1994 година со една од главните улоги во филмот „Пред дождот“ во режија на Милчо Манчевски, филм кој го добива „Златниот лав“ во Венеција. Играше и во: „Туку така под облака“, „Добредојдовте во Сараево“, „Те сакам тебе“, „Премногу лош така што Балканскиот експрес беше претходно употребен“, „Како убив светец“, „Бубачки“, „Тајната книга“, „Јас сум од Титов Велес“, „Превртено“, „Кога денот немаше име“, „Господ пости, името и е Петрунија“, „Најсреќниот човек на светот...

Митевска во 2001 година била член на жирито на Фестивалот во Карлови Вари и во неколку наврати беше директор на ИФФК „Браќа Манаки“. Со нејзината сестра Теона С. Митевска и братот, Вук Митевски ја оформуваат продукцијата „Сестри и брат Митевски“ со која снимаат бројни краткометражни и долгометражни играни филмови кои се прикажуваат на фестивалите во Берлин и Венеција.

Со филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ го свртеа вниманието на европската и на светската филмска јавност, и беа меѓу трите финалисти за престижната европска награда „Лукс“. Лабина и Теона, по поддршката која ја добија од Еуримаж, Агенцијата за филм, Creative Europe – MEDIA, Данскиот филмски институт, Belgium Tax Shelter, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот фонд од Сараево го завршија последниот проект, филмот „Најсреќниот човек на светот“ по сценарио на Елма Татарагиќ, кој беше избран за македонски кандидат за Оскар во категоријата најдобар меѓународен филм.

Досегашни добитници на наградата на ДФРМ се Кирил Ценевски, филмски режисер и сценарист (2013); Милчо Манчевски, филмски режисер и сценарист (2014); Дарко Марковиќ, карикатурист, сатиричар, филмски режисер (2015); Сајмон Пери, филмски продуцент (2016); „Вардар Филм“, продуцентска компанија (2017); Милица Стојанова, глумица (2018); Љупчо Константинов, композитор (2019); Столе Попов, филмски режисер и сценарист (2020), Северџан Бајрам, актер (2021) и Горјан Тозија, филмски продуцент (2022).

Наградата на Лабина Митевска свечено ќе и биде врачена на Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки".

 

The post Лабина Митевска е годинашна добитничка на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ appeared first on Република.

]]>

Познатата македонската актерка и продуцентка Лабина Митевска е добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ за исклучителен придонес во македонската кинематографија, што ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ), соопшти денеска Игор Иванов Изи, директор на Друштвото.
Оваа година се одлучивме за ѕвезда која долги години блеска на големото платно со голем број главни и споредни филмски улоги и е еден од најуспешните продуценти во историјата на македонскиот независен филм. Станува збор за исклучителна актерка со која и лично сум имал можност да соработувам. Едно од најсензибилните и најфотогенични лица во современата македонска кинематографија и сосема заслужено ќе го носи и епитетот „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, рече Иванов.
Актерската кариера Митевска (47) jа започнува во 1994 година со една од главните улоги во филмот „Пред дождот“ во режија на Милчо Манчевски, филм кој го добива „Златниот лав“ во Венеција. Играше и во: „Туку така под облака“, „Добредојдовте во Сараево“, „Те сакам тебе“, „Премногу лош така што Балканскиот експрес беше претходно употребен“, „Како убив светец“, „Бубачки“, „Тајната книга“, „Јас сум од Титов Велес“, „Превртено“, „Кога денот немаше име“, „Господ пости, името и е Петрунија“, „Најсреќниот човек на светот... Митевска во 2001 година била член на жирито на Фестивалот во Карлови Вари и во неколку наврати беше директор на ИФФК „Браќа Манаки“. Со нејзината сестра Теона С. Митевска и братот, Вук Митевски ја оформуваат продукцијата „Сестри и брат Митевски“ со која снимаат бројни краткометражни и долгометражни играни филмови кои се прикажуваат на фестивалите во Берлин и Венеција. Со филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ го свртеа вниманието на европската и на светската филмска јавност, и беа меѓу трите финалисти за престижната европска награда „Лукс“. Лабина и Теона, по поддршката која ја добија од Еуримаж, Агенцијата за филм, Creative Europe – MEDIA, Данскиот филмски институт, Belgium Tax Shelter, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот фонд од Сараево го завршија последниот проект, филмот „Најсреќниот човек на светот“ по сценарио на Елма Татарагиќ, кој беше избран за македонски кандидат за Оскар во категоријата најдобар меѓународен филм. Досегашни добитници на наградата на ДФРМ се Кирил Ценевски, филмски режисер и сценарист (2013); Милчо Манчевски, филмски режисер и сценарист (2014); Дарко Марковиќ, карикатурист, сатиричар, филмски режисер (2015); Сајмон Пери, филмски продуцент (2016); „Вардар Филм“, продуцентска компанија (2017); Милица Стојанова, глумица (2018); Љупчо Константинов, композитор (2019); Столе Попов, филмски режисер и сценарист (2020), Северџан Бајрам, актер (2021) и Горјан Тозија, филмски продуцент (2022). Наградата на Лабина Митевска свечено ќе и биде врачена на Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки".  

The post Лабина Митевска е годинашна добитничка на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ appeared first on Република.

]]>