годишни вакцини Archives - Република https://republika.mk/tema/godishni-vakcini/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Sep 2022 09:09:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png годишни вакцини Archives - Република https://republika.mk/tema/godishni-vakcini/ 32 32 Во САД секоја година ќе се прима вакцина против Ковид-19 https://republika.mk/vesti/svet/vo-sad-sekoja-godina-kje-se-prima-vakcina-protiv-kovid-19/ Wed, 07 Sep 2022 09:09:51 +0000 https://republika.mk/?p=548206

Американските здравствени власти соопштија дека најверојатно ќе почнат да препорачуваат годишни вакцини против Ковид-19.

Соопштението е објавено откако земјата одобри воведување на нови, засилувачки, дози вакцини, дизајнирани да се борат против варијантите на корона вирусот кои моментално се шират.

До крајот на неделата, 90 отсто од Американците ќе живеат на осум километри од местата каде што ќе можат да добијат адаптирани вакцини - изјави секретарот за здравство и хуманитарни прашања Хавиер Бесера.

Здравствените власти велат дека луѓето би можеле да ги добијат новите засилувачки дози оваа есен или зима, заедно со нивните редовни вакцини против грип. Според нив, ова најверојатно ќе стане годишна пракса.

За значително мнозинство Американци, се приближуваме до точка каде што една годишна доза против Ковид треба да обезбеди висок степен на заштита од сериозни болести во текот на годината - изјави координаторот на Белата куќа за борба против Ковид-19, Ашиш Џа.

Врвниот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи, порача дека доколку не се појави значително различна варијанта на вирусот, годишните вакцини треба да понудат доволно заштита за повеќето луѓе. Сепак, според него, некои ранливи групи на луѓе можеби ќе имаат потреба од почести вакцинации.

The post Во САД секоја година ќе се прима вакцина против Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Американските здравствени власти соопштија дека најверојатно ќе почнат да препорачуваат годишни вакцини против Ковид-19. Соопштението е објавено откако земјата одобри воведување на нови, засилувачки, дози вакцини, дизајнирани да се борат против варијантите на корона вирусот кои моментално се шират.