Годишна програма за култура Archives - Република https://republika.mk/tema/godishna-programa-za-kultura/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Feb 2024 07:57:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Годишна програма за култура Archives - Република https://republika.mk/tema/godishna-programa-za-kultura/ 32 32 За министерката за култура реакциите за Годишната програма се вообичаени https://republika.mk/vesti/kultura/za-ministerkata-za-kultura-reaktsiite-za-godishnata-programa-se-voobichaeni/ Fri, 16 Feb 2024 07:57:37 +0000 https://republika.mk/?p=744653

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, во гостувањето на „Тема на денот“ во Дневникот на ТВ „Сител“ зборуваше за реакциите по резултатите од Годишните конкурси за поддржаните проекти од национален интерес во културата за 2024 година, и нагласи дека реакциите не ги доживува како скандали, тулу напротив, смета дека програмата носи нов квалитет за збогатување на културната сцена во државата.

Овие конкурси се основен начин на финансирање на националните установи од културата, а се олеснување во финансирањето на другите корисници, на кои покрај финансиската поддршка им се овозможуваат и други олеснителни околности за реализација на проектите, објасни минситерката за култура.

Костадиновска-Стојчавска повтори дека реакциите се вообичаени, но годинава не се согласува со нивото на дискусијата околу програмата, и додава дека, е очекувана јавна дебата зашто од 2017 година резулатите се објавуваат транспарентно и отчетно, во однос на името на проектот, носителот и висината на средствата, за разлика од минатото кога беше објавуван само список на поддржани проекти.

Дел од јавните коментари се однесуваа и на критика кон членовите на стручните комисии кои ги оценуваат и избираат проектите, за што Костадиновска-Стојчевска изрази жалење дека и тие се изложени на недолични оценки од јавноста, иако се докажани личности од општествено-хуманистичките науки.

Во комисиите има најмалку партиски лица. Тие се составени од професионалци кои имаат свое учество во културата и во менаџирањето и исполнуваат еден од условите кои го имавме, а тоа е да не се повторуваат истите имиња во последните неколку години, посочи министерката на процедурата како се избираат членовите на комисиите.

Таа ги објасни апликациите кои се однесуваат на учеството на алабаснките драмски ансамбли од државата на фестивал во Приштина, Косово. Додаде дека се работи за регионален фестивал чие седиште на одржување се менува секоја година, а следната ќе се одржи во Скопје.

Околу јавната реакција за намален буџет за „Рациновите средби“ во Велес, Костадиновска-Стојчевска објасни дека во критериумите од конкурсот наменети за манифестации со традиција е јасно наведено кој може да добие поголема финансиска поддршка.

Прв пат годинава за „Рацинови средби“ аплицираше здружение, за разлика од изминатите 60 години кога манифестацијата ја организираше Општина Велес. Во еден од критериумите е јасно видливо дека, здржението кое ќе се јави на конкурс за организрање на одредена манифестација треба да има доказ дека минум пет до седум години организирало ваков вид на манифестации. Ова здружение дури имало потреба да ангажира тројца надворешни соработници. Што значи дека не покажува ни капацитет дека самото здружение некогаш имало организирано ваков вид манифестација, туку, Општината Велес во 2023 година ги делегирала надлежностите на ова здружение околу организација на манифестацијата. Тоа само наведува дека Општината сака да се откаже од организацијата на „Рациновите средби“, или дека има друг мотив за да делегира ваква важна манифестација да се организира од здружение кое според своето портфолио не ги исполнува условите за тоа“, ја објасни министерката причината зошто велешкото здружение добило помал износ за проектот.

Надвор од Годишната програма на Министерството за култура, Костадиносвака-Стојчевска прашана за Универзалната сала, изјави дека изградбата продолжува по ревидиран проект преземен заедно со документацијата за преземање на правото за реконструкција на објектот.

Проектот кој беше доставен до Министерството за култура е разгледан од стручната комисија и е оценето дека ги има сите потребни мислења, и тој ревдиран проект е со вметнати измени за градба и со сите позитивни мислења за продолжување на реконструкцијата“, заврши министерката за култура.

The post За министерката за култура реакциите за Годишната програма се вообичаени appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, во гостувањето на „Тема на денот“ во Дневникот на ТВ „Сител“ зборуваше за реакциите по резултатите од Годишните конкурси за поддржаните проекти од национален интерес во културата за 2024 година, и нагласи дека реакциите не ги доживува како скандали, тулу напротив, смета дека програмата носи нов квалитет за збогатување на културната сцена во државата.
Овие конкурси се основен начин на финансирање на националните установи од културата, а се олеснување во финансирањето на другите корисници, на кои покрај финансиската поддршка им се овозможуваат и други олеснителни околности за реализација на проектите, објасни минситерката за култура.
Костадиновска-Стојчавска повтори дека реакциите се вообичаени, но годинава не се согласува со нивото на дискусијата околу програмата, и додава дека, е очекувана јавна дебата зашто од 2017 година резулатите се објавуваат транспарентно и отчетно, во однос на името на проектот, носителот и висината на средствата, за разлика од минатото кога беше објавуван само список на поддржани проекти. Дел од јавните коментари се однесуваа и на критика кон членовите на стручните комисии кои ги оценуваат и избираат проектите, за што Костадиновска-Стојчевска изрази жалење дека и тие се изложени на недолични оценки од јавноста, иако се докажани личности од општествено-хуманистичките науки.
Во комисиите има најмалку партиски лица. Тие се составени од професионалци кои имаат свое учество во културата и во менаџирањето и исполнуваат еден од условите кои го имавме, а тоа е да не се повторуваат истите имиња во последните неколку години, посочи министерката на процедурата како се избираат членовите на комисиите.
Таа ги објасни апликациите кои се однесуваат на учеството на алабаснките драмски ансамбли од државата на фестивал во Приштина, Косово. Додаде дека се работи за регионален фестивал чие седиште на одржување се менува секоја година, а следната ќе се одржи во Скопје. Околу јавната реакција за намален буџет за „Рациновите средби“ во Велес, Костадиновска-Стојчевска објасни дека во критериумите од конкурсот наменети за манифестации со традиција е јасно наведено кој може да добие поголема финансиска поддршка.
Прв пат годинава за „Рацинови средби“ аплицираше здружение, за разлика од изминатите 60 години кога манифестацијата ја организираше Општина Велес. Во еден од критериумите е јасно видливо дека, здржението кое ќе се јави на конкурс за организрање на одредена манифестација треба да има доказ дека минум пет до седум години организирало ваков вид на манифестации. Ова здружение дури имало потреба да ангажира тројца надворешни соработници. Што значи дека не покажува ни капацитет дека самото здружение некогаш имало организирано ваков вид манифестација, туку, Општината Велес во 2023 година ги делегирала надлежностите на ова здружение околу организација на манифестацијата. Тоа само наведува дека Општината сака да се откаже од организацијата на „Рациновите средби“, или дека има друг мотив за да делегира ваква важна манифестација да се организира од здружение кое според своето портфолио не ги исполнува условите за тоа“, ја објасни министерката причината зошто велешкото здружение добило помал износ за проектот.
Надвор од Годишната програма на Министерството за култура, Костадиносвака-Стојчевска прашана за Универзалната сала, изјави дека изградбата продолжува по ревидиран проект преземен заедно со документацијата за преземање на правото за реконструкција на објектот.
Проектот кој беше доставен до Министерството за култура е разгледан од стручната комисија и е оценето дека ги има сите потребни мислења, и тој ревдиран проект е со вметнати измени за градба и со сите позитивни мислења за продолжување на реконструкцијата“, заврши министерката за култура.

The post За министерката за култура реакциите за Годишната програма се вообичаени appeared first on Република.

]]>
Дали програмата за култура е само уште еден чекор во ништењето на македонската нација преку македонскиот театар? https://republika.mk/vesti/kultura/dali-programata-za-kultura-e-samo-ushte-eden-chekor-vo-nishteneto-na-makedonskata-natsija-preku-makedonskiot-teatar/ Sun, 19 Feb 2023 13:03:00 +0000 https://republika.mk/?p=610703

Трагедијата на македонската драмска продукција за 2023 година-
Според Аристотел: „Трагедијата е подражавање на сериозно (цело) и завршено дејство со определена должина во дотеран говор, и тоа одделно за секој вид во неговиот дел, преку лица што дејствуваат, а не со (пре)раскажување, а што со жал и страв го исполнува составот на таквите (т.е. жални и страшни) собитија“ (Аристотел „За поетиката“. 1990: 44).Дефиницијата за објавените резултати од Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес од областа на драмската дејност за 2023 година со јазикот на Аристотел, би можела да гласи вака, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Годинашната програма за финансирање проекти од национален интерес од областа на драмската дејност за 2023 година, значи, е подражавање на НЕсериозно (цело) и завршено дејство во определена количина и со многу ограничени, речиси минорни средства, и тоа одделно за секој корисник во неговиот дел, преку лица што се обидуваат да дејствуваат, а не да прераскажуваат, а што СО ЖАЛ И СТРАВ го исполнува составот на таквите (т.е. жални и страшни) собитија.“

Поткрепата на оваа траорна дефиниција се темели на фактите содржани во објавените резултати од Годишниот конкурс за 2023 година и понудената програма во областа на драмската дејност од страна на Министерството за култура на Република Македонија и неговиот потписник, почитуваниот министер, г-ѓата Бисера Костадиновска- Стојчевска.Со мизерни 41 480 000 денари се поддржани 60 продукции во 25 национални установи или во просек по 691 333 денари за продукција.

Од 60-те продукции, верувале или не, само 5 или 8,33% се продукции кои ќе се работат по драмски текстови на МАКЕДОНСКИ АВТОРИ, и тоа: една е нова постановка на веќе изведен текст, два се во продукција на непрофесионални групи во Центрите за култура, а само два се праизведби на македонски драмски текстови („Мачкина глава“ од Венко Андоновски во НУ Драмски театар и „Да умреш од смеење“ од Сашо Кокаланов во НУ Театар Комедија).

Фестивалите и манифестациите на националните установи кои низ годините наназад ја докажуваа својата автентична вредност, а и оние кои сега го градат своето портфолио, ќе мора да се „снаоѓаат“ ако сакаат да ги одржат годинашните изданија. Или ќе мора целата програма да ја сведат на неколку претстави, затоа што за организација на сите десет манифестации и фестивали се одвоени уште помизерни 4.110.000 денари или во просек по 411 000 денари.
Негрижата на Министерството за култура на Република Македонија за македонското драмско творештво е повеќе од очигледна и СО ЖАЛ И СТРАВ ги исполнува македонските театарски собитија!

Очигледно, Владата на СДС(М) и ДУИ грижливо води сметка за своите пулени, па за разлика од драстично намалениот буџет (намален за 30%) за поддршка на активностите на националните театри, средствата за независната и алтернативната театарска сцена, како и останатите фестивали и манифестации се безмалку исти, сразмерно на бројот на апликантите.Триесет и пет правни лица добиле средства во вкупен износ од 14 357 450 денари.

Идеална можност за подмирување на партиските и коалициските раскусурувања во владеачката гарнитура!

Поддршката за двата најзначајните фестивали: „Млад отворен театар“ и Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, на „локалните“ установи Младински културен центар – Скопје и МТФ „Војдан Чернодрински“ (кој е здружение на граѓани) добија по 3 994 805 денари, средства кои се непроменети веќе 20 години. Не е за коментар како тоа двата фестивала добиле идентична сума средства!Да сумираме!

Владата на СДС(М) и ДУИ и нејзината ресорна министерка продолжуваат со тенденциозната негрижа за културното наследство во делот на македонската драматика, како и негрижа за стимулирање и создавање млади драматичари кои треба да бидат носители на современата македонска драматика. Оваа Влада, и оваа министерка, очигледно повеќе се заинтересирани за квантитет, со што можат да ги задоволат апетитите на ним омилените театарски уметници, притоа, занемарувајќи го квалитетот на театарските продукции, со што придонесуваат во стагнацијата на театарската уметност во Република Македонија.

Веројатно министерот, г-ѓата Бисера Костадиновска-Стојчевска, има сериозно објаснение како може да се организира театарски фестивал за 199 670 денари или да се направи претстава за 92 824 денари. Веројатно, само online.
Во „земјата на театарските фестивали“ се финансираат безимени и невидливи фестивали и продукции, кои најчесто не го преминуваат прагот на местото на одржување! Целосната негрижа за младите актери, режисери, сценографи и костимографи многу брзо ќе резултира со целосно руинирање на и онака девастираната театарска сцена во Македонија.

Отсуството на слух за вистинскиот алтернативен театар и драмскиот аматеризам многу брзо ќе нѐ однесе на мапата на нациите кои создаваат неатрактивен и здодевен театар и немаат ниту способност, ниту идеја да се вклопат во современите светски театарски текови! Но, да не одиме толку далеку. Едноставно, ќе ја изгубиме и онаа малобројна публика која нѐ поддржува.

Не сакајќи да навлегуваме во правото на избор, израз и уметничка слобода, иако во изминативе години сме сведоци на КЛАСИЧНА ЦЕНЗУРА ВО УМЕТНОСТА, прашање е зошто никој од „слободоумните македонски театарски уметници“ на овој конкурс не аплицирал со, да речеме, драмскиот текст „Црвениот поет“?

Кога на сето ова ќе се додаде и необезбедувањето финансии за капитални инвестиции во дејноста (се повлекуваме доколку министерката е длабоко убедена дека сервисирањето противпожарни апарати и купувањето компјутери е сериозна капитална инвестиција), се добива целосната слика за финансирањето на драмската дејност во 2023 година.
Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ прашува:

Дали оваа програма е само уште еден чекор во ништењето на македонската нација и уништување на сѐ што е македонско, овојпат преку македонскиот театар-прашуваат од партијата?

The post Дали програмата за култура е само уште еден чекор во ништењето на македонската нација преку македонскиот театар? appeared first on Република.

]]>

Трагедијата на македонската драмска продукција за 2023 година- Според Аристотел: „Трагедијата е подражавање на сериозно (цело) и завршено дејство со определена должина во дотеран говор, и тоа одделно за секој вид во неговиот дел, преку лица што дејствуваат, а не со (пре)раскажување, а што со жал и страв го исполнува составот на таквите (т.е. жални и страшни) собитија“ (Аристотел „За поетиката“. 1990: 44).Дефиницијата за објавените резултати од Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес од областа на драмската дејност за 2023 година со јазикот на Аристотел, би можела да гласи вака, реагира ВМРО-ДПМНЕ. „Годинашната програма за финансирање проекти од национален интерес од областа на драмската дејност за 2023 година, значи, е подражавање на НЕсериозно (цело) и завршено дејство во определена количина и со многу ограничени, речиси минорни средства, и тоа одделно за секој корисник во неговиот дел, преку лица што се обидуваат да дејствуваат, а не да прераскажуваат, а што СО ЖАЛ И СТРАВ го исполнува составот на таквите (т.е. жални и страшни) собитија.“ Поткрепата на оваа траорна дефиниција се темели на фактите содржани во објавените резултати од Годишниот конкурс за 2023 година и понудената програма во областа на драмската дејност од страна на Министерството за култура на Република Македонија и неговиот потписник, почитуваниот министер, г-ѓата Бисера Костадиновска- Стојчевска.Со мизерни 41 480 000 денари се поддржани 60 продукции во 25 национални установи или во просек по 691 333 денари за продукција. Од 60-те продукции, верувале или не, само 5 или 8,33% се продукции кои ќе се работат по драмски текстови на МАКЕДОНСКИ АВТОРИ, и тоа: една е нова постановка на веќе изведен текст, два се во продукција на непрофесионални групи во Центрите за култура, а само два се праизведби на македонски драмски текстови („Мачкина глава“ од Венко Андоновски во НУ Драмски театар и „Да умреш од смеење“ од Сашо Кокаланов во НУ Театар Комедија). Фестивалите и манифестациите на националните установи кои низ годините наназад ја докажуваа својата автентична вредност, а и оние кои сега го градат своето портфолио, ќе мора да се „снаоѓаат“ ако сакаат да ги одржат годинашните изданија. Или ќе мора целата програма да ја сведат на неколку претстави, затоа што за организација на сите десет манифестации и фестивали се одвоени уште помизерни 4.110.000 денари или во просек по 411 000 денари. Негрижата на Министерството за култура на Република Македонија за македонското драмско творештво е повеќе од очигледна и СО ЖАЛ И СТРАВ ги исполнува македонските театарски собитија! Очигледно, Владата на СДС(М) и ДУИ грижливо води сметка за своите пулени, па за разлика од драстично намалениот буџет (намален за 30%) за поддршка на активностите на националните театри, средствата за независната и алтернативната театарска сцена, како и останатите фестивали и манифестации се безмалку исти, сразмерно на бројот на апликантите.Триесет и пет правни лица добиле средства во вкупен износ од 14 357 450 денари. Идеална можност за подмирување на партиските и коалициските раскусурувања во владеачката гарнитура! Поддршката за двата најзначајните фестивали: „Млад отворен театар“ и Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, на „локалните“ установи Младински културен центар – Скопје и МТФ „Војдан Чернодрински“ (кој е здружение на граѓани) добија по 3 994 805 денари, средства кои се непроменети веќе 20 години. Не е за коментар како тоа двата фестивала добиле идентична сума средства!Да сумираме! Владата на СДС(М) и ДУИ и нејзината ресорна министерка продолжуваат со тенденциозната негрижа за културното наследство во делот на македонската драматика, како и негрижа за стимулирање и создавање млади драматичари кои треба да бидат носители на современата македонска драматика. Оваа Влада, и оваа министерка, очигледно повеќе се заинтересирани за квантитет, со што можат да ги задоволат апетитите на ним омилените театарски уметници, притоа, занемарувајќи го квалитетот на театарските продукции, со што придонесуваат во стагнацијата на театарската уметност во Република Македонија. Веројатно министерот, г-ѓата Бисера Костадиновска-Стојчевска, има сериозно објаснение како може да се организира театарски фестивал за 199 670 денари или да се направи претстава за 92 824 денари. Веројатно, само online. Во „земјата на театарските фестивали“ се финансираат безимени и невидливи фестивали и продукции, кои најчесто не го преминуваат прагот на местото на одржување! Целосната негрижа за младите актери, режисери, сценографи и костимографи многу брзо ќе резултира со целосно руинирање на и онака девастираната театарска сцена во Македонија. Отсуството на слух за вистинскиот алтернативен театар и драмскиот аматеризам многу брзо ќе нѐ однесе на мапата на нациите кои создаваат неатрактивен и здодевен театар и немаат ниту способност, ниту идеја да се вклопат во современите светски театарски текови! Но, да не одиме толку далеку. Едноставно, ќе ја изгубиме и онаа малобројна публика која нѐ поддржува. Не сакајќи да навлегуваме во правото на избор, израз и уметничка слобода, иако во изминативе години сме сведоци на КЛАСИЧНА ЦЕНЗУРА ВО УМЕТНОСТА, прашање е зошто никој од „слободоумните македонски театарски уметници“ на овој конкурс не аплицирал со, да речеме, драмскиот текст „Црвениот поет“?
Кога на сето ова ќе се додаде и необезбедувањето финансии за капитални инвестиции во дејноста (се повлекуваме доколку министерката е длабоко убедена дека сервисирањето противпожарни апарати и купувањето компјутери е сериозна капитална инвестиција), се добива целосната слика за финансирањето на драмската дејност во 2023 година. Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ прашува: Дали оваа програма е само уште еден чекор во ништењето на македонската нација и уништување на сѐ што е македонско, овојпат преку македонскиот театар-прашуваат од партијата?

The post Дали програмата за култура е само уште еден чекор во ништењето на македонската нација преку македонскиот театар? appeared first on Република.

]]>
Со годинешната Програма тенденциозно се уништува издавачката продукција на македонски јазик https://republika.mk/vesti/kultura/so-godineshnata-programa-tendentsiozno-se-unishtuva-izdavachkata-produktsija-na-makedonski-jazik/ Fri, 17 Feb 2023 11:56:38 +0000 https://republika.mk/?p=610130

Жесток и подмолен удар врз македонското издаваштво! Ова е најкраткиот опис на резултатите за проектите поддржани во рамките на Годишната програма на Министерството за култура за 2023 година. Наместо да се поддржува, со ваквата Годишна програма, се замелушува целокупната издавачка продукција во Македонија, велат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Нивната реакција ви ја пренесуваме во целост:

Катастрофата беше очекувана со незапаметеното скратување на средствата во висина од дури 40% во однос на претходната година, а во услови на историски најголем буџет на државата. Ова е показател дека Министерството за култура, односно актуелната „елита“ во културата, е „накитена“ со елементарно непознавање на културните политики, вклучително и издаваштвото, а тоа, пак, укажува на отсуство на секакви мерила и критериуми за квалитет и перцепција на националниот интерес, токму во областа каде што до израз доаѓа македонскиот пишан збор.

Комисијата на сите им доделува по нешто ситно, небаре делат милостина. Ниту сите проекти се еднакви, ниту поддршката може и смее да биде таква. Сумата со која се поддржани, за голем дел од проектите, значи минорен придонес, со што целиот Конкурс ја губи смислата да биде некаква поддршка која ќе помогне да се направат проекти кои се од исклучително значење и вредност, но не се комерцијални.

Од реакциите на бројните реномирани автори, чии проекти не се поддржани, се гледа дека при одлучувањето, оваа режимска власт се пресметува со политичките неистомисленици и нејзините критичари, но редовно има - некогаш повеќе, некогаш помалку - за своите придружни гласноговорници. Па така, Бајруш Мијаку, член на Советот за култура на министерката, добива дури 207.000 денари. Тука е и поддршката од 104.00 денари за поранешниот пратеник на СДС(М), некогаш многу важна алка во синџирот на власта која не доведе на ова дереџе, Ферид Мухиќ.

Деновиве, јавноста постојано слуша за капитални проекти кои ги нема во Програмата. Одлуките за тоа кои и какви проекти ќе бидат поддржани се донесени од некоја опскурна комисија за која во јавноста никој не чул, ниту пак, некој од оние кои таму ги поставил, некаде ја истакнал нивната стручност, искуство и компетенции. Но затоа, пак, имаме пример како членот на Комисијата Биљана Рајчинова-Николова, вработена во Инстититутот за македонска литература одобрува девет изданија на институцијата во која е вработена!

Поддршката на книжевните манифестации, од националните институции, како што е „Струшките вечери на поезијата“, но и сите останати книжевни манифестации кои се организирани од здруженија на граѓани, издавачки куќи итн. е толку намалена, што директно го загрозува нивното одржување, па и самото постоење. Но, тоа не му пречи, па дури и е задоволен, административниот службеник Тодорче Тасевски, на привремена работа - директор на „Струшките вечери на поезијата“. Не е така далечна 2016-та година, кога снимаше политички спотови за неговата обесправеност во Министерството за култура, а сега „скромниот“ Тасевски се задоволува со намалување на средствата за македонскиот поетски бренд со светска слава. На овој колосек за намалување, се и „Рациновите средби“.

Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ алармира дека станува збор за тенденциозно уништување на издавачката продукција на македонски јазик. Манифестациите со повеќедецениска традиција оставаат трајни белези и имаат незаменлива улога во македонската култура. За жал, Министерството пресметува дека гломазните проекти во интердисциплинарна дејност, кои најчесто остануваат невидливи за јавноста, се ефикасно орудие за задоволувањето на дрчноста на партиските војници и поддржувачи. И покрај нивното вдомување во националните установи, не престануваат да добиваат милиони, и сега – си молчат! Видлив е примерот со поддршката од 205.000 денари на електронското списание „Окно“ кое е рангирано во прва категорија. За споредба, најстарото печатено списание „Стожер“ на ДПМ добива 108.000 денари.

Ваквиот конкурс веќе целосно ја изгуби смислата на своето постоење. Секое продолжување на овој начин на поддршка на македонската култура претставува нејзино свесно уништување.

Но има излез од овој безизлез. За тоа е потребно ум, волја и желба за вистински да ѝ се помогне на македонската култура. Тој излез лежи во издржана национална стратегија со јасна визија како и во целосната реформа на системот на поддршка во културата, во јасните мерила и критериуми и со компетентните луѓе во Комисиите.

The post Со годинешната Програма тенденциозно се уништува издавачката продукција на македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Жесток и подмолен удар врз македонското издаваштво! Ова е најкраткиот опис на резултатите за проектите поддржани во рамките на Годишната програма на Министерството за култура за 2023 година. Наместо да се поддржува, со ваквата Годишна програма, се замелушува целокупната издавачка продукција во Македонија, велат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ. Нивната реакција ви ја пренесуваме во целост: Катастрофата беше очекувана со незапаметеното скратување на средствата во висина од дури 40% во однос на претходната година, а во услови на историски најголем буџет на државата. Ова е показател дека Министерството за култура, односно актуелната „елита“ во културата, е „накитена“ со елементарно непознавање на културните политики, вклучително и издаваштвото, а тоа, пак, укажува на отсуство на секакви мерила и критериуми за квалитет и перцепција на националниот интерес, токму во областа каде што до израз доаѓа македонскиот пишан збор. Комисијата на сите им доделува по нешто ситно, небаре делат милостина. Ниту сите проекти се еднакви, ниту поддршката може и смее да биде таква. Сумата со која се поддржани, за голем дел од проектите, значи минорен придонес, со што целиот Конкурс ја губи смислата да биде некаква поддршка која ќе помогне да се направат проекти кои се од исклучително значење и вредност, но не се комерцијални. Од реакциите на бројните реномирани автори, чии проекти не се поддржани, се гледа дека при одлучувањето, оваа режимска власт се пресметува со политичките неистомисленици и нејзините критичари, но редовно има - некогаш повеќе, некогаш помалку - за своите придружни гласноговорници. Па така, Бајруш Мијаку, член на Советот за култура на министерката, добива дури 207.000 денари. Тука е и поддршката од 104.00 денари за поранешниот пратеник на СДС(М), некогаш многу важна алка во синџирот на власта која не доведе на ова дереџе, Ферид Мухиќ. Деновиве, јавноста постојано слуша за капитални проекти кои ги нема во Програмата. Одлуките за тоа кои и какви проекти ќе бидат поддржани се донесени од некоја опскурна комисија за која во јавноста никој не чул, ниту пак, некој од оние кои таму ги поставил, некаде ја истакнал нивната стручност, искуство и компетенции. Но затоа, пак, имаме пример како членот на Комисијата Биљана Рајчинова-Николова, вработена во Инстититутот за македонска литература одобрува девет изданија на институцијата во која е вработена! Поддршката на книжевните манифестации, од националните институции, како што е „Струшките вечери на поезијата“, но и сите останати книжевни манифестации кои се организирани од здруженија на граѓани, издавачки куќи итн. е толку намалена, што директно го загрозува нивното одржување, па и самото постоење. Но, тоа не му пречи, па дури и е задоволен, административниот службеник Тодорче Тасевски, на привремена работа - директор на „Струшките вечери на поезијата“. Не е така далечна 2016-та година, кога снимаше политички спотови за неговата обесправеност во Министерството за култура, а сега „скромниот“ Тасевски се задоволува со намалување на средствата за македонскиот поетски бренд со светска слава. На овој колосек за намалување, се и „Рациновите средби“. Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ алармира дека станува збор за тенденциозно уништување на издавачката продукција на македонски јазик. Манифестациите со повеќедецениска традиција оставаат трајни белези и имаат незаменлива улога во македонската култура. За жал, Министерството пресметува дека гломазните проекти во интердисциплинарна дејност, кои најчесто остануваат невидливи за јавноста, се ефикасно орудие за задоволувањето на дрчноста на партиските војници и поддржувачи. И покрај нивното вдомување во националните установи, не престануваат да добиваат милиони, и сега – си молчат! Видлив е примерот со поддршката од 205.000 денари на електронското списание „Окно“ кое е рангирано во прва категорија. За споредба, најстарото печатено списание „Стожер“ на ДПМ добива 108.000 денари. Ваквиот конкурс веќе целосно ја изгуби смислата на своето постоење. Секое продолжување на овој начин на поддршка на македонската култура претставува нејзино свесно уништување. Но има излез од овој безизлез. За тоа е потребно ум, волја и желба за вистински да ѝ се помогне на македонската култура. Тој излез лежи во издржана национална стратегија со јасна визија како и во целосната реформа на системот на поддршка во културата, во јасните мерила и критериуми и со компетентните луѓе во Комисиите.

The post Со годинешната Програма тенденциозно се уништува издавачката продукција на македонски јазик appeared first on Република.

]]>
Комисијата била на став дека не треба да се поддржи издавање на грамофонски плочи со оглед на застареноста и предност е дадена на цеде изданијата https://republika.mk/vesti/kultura/komisijata-bila-na-stav-deka-ne-treba-da-se-poddrzhi-izdavane-na-gramofonski-plochi-so-ogled-na-zastarenosta-i-prednost-e-dadena-na-tsede-izdanijata/ Thu, 16 Feb 2023 09:01:46 +0000 https://republika.mk/?p=609575

Повеќе од 30 години Тошо Филиповски е активен и пасиониран собирач на музички артефакти, изданија и на информации за македонската рок-сцена. Музичкиот новинар и неуморен хроничар на сѐ што е поврзано со македонската популарна музика е еден од добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2021 година во областа на публисцистиката, што ја доделува Министерството за култура.

Годинава, Филиповски реагираше на резултатите од Годишната програма каде му биле одбиени овие проекти:

МОНОГРАФИЈА: ГОТРА (Горан Трајкоски) – 45 години творештво / ОДБИЕНО – Не е од Национален интерес

ИЗЛОЖБА: 60 години рок музика во Македонија – Ретроспектива низ неколку илјади артефакти / ОДБИЕНО – Не е од Национален интерес

ГРАМОФОНСКА ПЛОЧА: Двоен албум, “History of Macedonian Rock’roll – Macedonian punk/hc 1979-2004 (необјавени снимки на 50-ина македонски бендови) / ОДБИЕНО – Не е од Национален интерес

ПРЕДАВАЊЕ: Серија на предавања за Историја на Македонската Рок Музика (1963-2023), во Њујорк, Чикаго, Детроит, Атланта / САД / пред македонските иселеници (нивните млади поколенија) / (побарана само авионска карта до САД) / ОДБИЕНО – Не е од Национален интерес, пишува Тошо Филиповски на својот фејсбук профил споделувајќи го незадоволството од резултатите на Годишната програма на Министерството за култура.

Комисијата била на став дека не треба да се поддржи издавање на грамофонски плочи со оглед на застареноста на овој тип и фактот дека нивната примена не е од пошироки размери. Таков став беше за сите апликации и предност беше дадена на цеде изданијата,  рече министерката Костадиновска-Стојчевска на брифинг со новинарите.

Што се однесува до објавување на монографијата за Горан Трајковски по повод 45 години творештво беше посочено дека истата би требало да се објави за 50 години творештво.

https://republika.mk/vesti/kultura/tosho-filipovski-naivno-mislev-deka-minatata-godina-zgaznavme-na-dnoto-ama-izgleda-mozhelo-i-podolu/

The post Комисијата била на став дека не треба да се поддржи издавање на грамофонски плочи со оглед на застареноста и предност е дадена на цеде изданијата appeared first on Република.

Веќе не е јасно кои се параметрите врз кои решаваат фамозните комисии, велат по добиените 0 денари од Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” https://republika.mk/vesti/kultura/veke-ne-e-jasno-koi-se-parametrite-vrz-koi-reshavaat-famoznite-komisii-velat-po-dobienite-0-denari-od-detsko-likovno-studio-sveti-kiril-i-metodij/ Wed, 15 Feb 2023 20:22:52 +0000 https://republika.mk/?p=609474

Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј" Битола по целосниот преглед на резултатите и финансиите од Годишната програма на Министерството за култура, со кои поддршката кон 41-вото издание на Светската детска ликовна изложба и конкурс „Битола" и 42-то издание на Светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр" најавува можност за првпат во 55 годишното постоење на организацијата оваа година да не ги реализира проектите, велат во нивното соопштение.

По прекинот на 30 годишната поддршка без писмено образложение од страна на Министерството за образование и наука оваа година Министерството за култура само за проект за УНЕСКО за кој минатата година добија високи награди - им додели нула денари.

Веќе не е јасно кои се параметрите врз кои решаваат фамозните комисии. Ако за проект минатата година имавме 94 поени од 100 како е можно за истиот за 2023 година надограден со огромни награди да имаме нула денари? Со оглед на финансиската состојба и над 150 ученици кои бесплатно се едуцираат при Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј" Битола и очекуваните над 600 пратки од исто толку приватни и државни школи од 60 земји од цел свет кои ќе генерираат фонд од над 40.000 детски ликовни цртежи Управниот одбор е пред тешка одлука. Воедно имавме ветувања дека нашиот статус ќе биде вратен и одлуката на Министерството за образование и наука [ позитивна или негативна ] ќе ја имаме и во нормална пишана форма. Ни претседателот на Владата ни претседателот на  4 месеци не можат да генерираат таков документ а организацијата е без поддршка веќе 9 месеци откако министерот излажа дека не е извршен прекин на истата, велат од детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“.

Додаваат дека на 10 март закажан е состанок и со сите 15 членови на Меѓународниот Управен Одбор за 42-то издание на „Мал Битолски Монмартр" на кој со оглед на навредливите финансиски средства се отвора можноста колонијата оваа година да се откаже за прв пат од своето постоење.

Општествено одговорните компании - наши соработници и Општина Битола како и Влада [ министерства и институции ] примија над 250 писма за поддршка при реализацијата и тоа ќе е битен дотолку повеќе пресуден сегмент за конечната одлука. Во моментот несериозно е да говорима за реализација на овие огромни манифестации од интернационален квалитет на кои им се доделени мизерни средства. За активности на проектот Светска детска изложба и конкурс „Битола" кој трае од 20-ти септември до 25-ти мај или 9 месеци и подготовките за Светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр" која се подготвува од март и реализира до крај на мај во основа ова се цифри кои се граничат со здравиот разум. Ја разбравме „пораката" па соодветно на неа и ќе реагираме. Очигледно националните интереси во културата веќе одамна се изместени од здравиот разум на логиката а тесно политичките се приоритет, се вели во нивното соопштение.

The post Веќе не е јасно кои се параметрите врз кои решаваат фамозните комисии, велат по добиените 0 денари од Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” appeared first on Република.

]]>

Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј" Битола по целосниот преглед на резултатите и финансиите од Годишната програма на Министерството за култура, со кои поддршката кон 41-вото издание на Светската детска ликовна изложба и конкурс „Битола" и 42-то издание на Светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр" најавува можност за првпат во 55 годишното постоење на организацијата оваа година да не ги реализира проектите, велат во нивното соопштение. По прекинот на 30 годишната поддршка без писмено образложение од страна на Министерството за образование и наука оваа година Министерството за култура само за проект за УНЕСКО за кој минатата година добија високи награди - им додели нула денари.
Веќе не е јасно кои се параметрите врз кои решаваат фамозните комисии. Ако за проект минатата година имавме 94 поени од 100 како е можно за истиот за 2023 година надограден со огромни награди да имаме нула денари? Со оглед на финансиската состојба и над 150 ученици кои бесплатно се едуцираат при Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј" Битола и очекуваните над 600 пратки од исто толку приватни и државни школи од 60 земји од цел свет кои ќе генерираат фонд од над 40.000 детски ликовни цртежи Управниот одбор е пред тешка одлука. Воедно имавме ветувања дека нашиот статус ќе биде вратен и одлуката на Министерството за образование и наука [ позитивна или негативна ] ќе ја имаме и во нормална пишана форма. Ни претседателот на Владата ни претседателот на  4 месеци не можат да генерираат таков документ а организацијата е без поддршка веќе 9 месеци откако министерот излажа дека не е извршен прекин на истата, велат од детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“.
Додаваат дека на 10 март закажан е состанок и со сите 15 членови на Меѓународниот Управен Одбор за 42-то издание на „Мал Битолски Монмартр" на кој со оглед на навредливите финансиски средства се отвора можноста колонијата оваа година да се откаже за прв пат од своето постоење.
Општествено одговорните компании - наши соработници и Општина Битола како и Влада [ министерства и институции ] примија над 250 писма за поддршка при реализацијата и тоа ќе е битен дотолку повеќе пресуден сегмент за конечната одлука. Во моментот несериозно е да говорима за реализација на овие огромни манифестации од интернационален квалитет на кои им се доделени мизерни средства. За активности на проектот Светска детска изложба и конкурс „Битола" кој трае од 20-ти септември до 25-ти мај или 9 месеци и подготовките за Светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр" која се подготвува од март и реализира до крај на мај во основа ова се цифри кои се граничат со здравиот разум. Ја разбравме „пораката" па соодветно на неа и ќе реагираме. Очигледно националните интереси во културата веќе одамна се изместени од здравиот разум на логиката а тесно политичките се приоритет, се вели во нивното соопштение.

The post Веќе не е јасно кои се параметрите врз кои решаваат фамозните комисии, велат по добиените 0 денари од Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” appeared first on Република.

]]>
Oткажана уште една манифестација поради недобиена поддршка од Министерството за култура https://republika.mk/vesti/kultura/otkazhana-ushte-edna-manifestatsija-poradi-nedobiena-poddrshka-od-ministerstvoto-za-kultura/ Wed, 15 Feb 2023 17:34:54 +0000 https://republika.mk/?p=609433

Деветтото издание на традиционалната театарско-музичка манифестација И ТЕТОВСКИТЕ ГЛУМЦИ ПОА, манифестација која изминатите 8 години ја полни салата на НУ ЦК „Иљо Антески Смок“, за огромна на жал на тетовци оваа година нема да биде одржано, поради комплетно одбиениот проект од страна на Министерството за култура, соопшти организаторот, режисерот Сашо Серафимовски.

Освен минатогодишната бледа подршка од ресорното министерство од 115.369 денари, оваа година аматерскиот театар во Тетово останува и без таа бледа поддршка. Да напоменеме дека традицијата на театар во Тетово датира од далечната 1898 година. Театарџиите во Тетово се директен наследник на некогашниот градски народен театар затворен 1955та година. Најсилниот адут на оваа манифестација се преполните сали, оригиналниот хумор, музиката во живо со 10 член професионален оркестар, професионално озвучување и осветлување кое чини многу пари. Досега сето ова било овозможено преку ентузијазмот на членовите и несебичната поддршка на градските мецени. Оваа година тетовци ќе останат покуси од одлична предновогодишна традиционална театарско-музичка манифестација, вели тој.

Пристигнаа доста реакции од уметниците на годинешната програма на Министерството, а претходно денеска беше соопштено дека по 21 година нема да се оддржи Оф фест.

https://republika.mk/vesti/kultura/otkazhan-of-fest-2023-nemame-namera-da-podnesuvame-zhalba-do-vtorostepenata-komisija-i-da-se-izlozhuvame-na-natamoshni-ponizhuvana/

The post Oткажана уште една манифестација поради недобиена поддршка од Министерството за култура appeared first on Република.

]]>

Деветтото издание на традиционалната театарско-музичка манифестација И ТЕТОВСКИТЕ ГЛУМЦИ ПОА, манифестација која изминатите 8 години ја полни салата на НУ ЦК „Иљо Антески Смок“, за огромна на жал на тетовци оваа година нема да биде одржано, поради комплетно одбиениот проект од страна на Министерството за култура, соопшти организаторот, режисерот Сашо Серафимовски.
Освен минатогодишната бледа подршка од ресорното министерство од 115.369 денари, оваа година аматерскиот театар во Тетово останува и без таа бледа поддршка. Да напоменеме дека традицијата на театар во Тетово датира од далечната 1898 година. Театарџиите во Тетово се директен наследник на некогашниот градски народен театар затворен 1955та година. Најсилниот адут на оваа манифестација се преполните сали, оригиналниот хумор, музиката во живо со 10 член професионален оркестар, професионално озвучување и осветлување кое чини многу пари. Досега сето ова било овозможено преку ентузијазмот на членовите и несебичната поддршка на градските мецени. Оваа година тетовци ќе останат покуси од одлична предновогодишна традиционална театарско-музичка манифестација, вели тој.
Пристигнаа доста реакции од уметниците на годинешната програма на Министерството, а претходно денеска беше соопштено дека по 21 година нема да се оддржи Оф фест. https://republika.mk/vesti/kultura/otkazhan-of-fest-2023-nemame-namera-da-podnesuvame-zhalba-do-vtorostepenata-komisija-i-da-se-izlozhuvame-na-natamoshni-ponizhuvana/

The post Oткажана уште една манифестација поради недобиена поддршка од Министерството за култура appeared first on Република.

]]>