годишна програма на Министерство за култура Archives - Република https://republika.mk/tema/godishna-programa-na-ministerstvo-za-kultura/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Oct 2024 09:18:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png годишна програма на Министерство за култура Archives - Република https://republika.mk/tema/godishna-programa-na-ministerstvo-za-kultura/ 32 32 Ревизија ги објави сите неправилности во Министерството за култура: 318 милиони денари исплатени за културни проекти, без јасно дефинирани критериуми https://republika.mk/vesti/makedonija/revizija-gi-objavi-site-nepravilnosti-vo-ministerstvoto-za-kultura-318-milioni-denari-isplateni-za-kulturni-proekti-bez-jasno-definirani-kriteriumi/ Tue, 15 Oct 2024 09:18:01 +0000 https://republika.mk/?p=826999

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на
усогласеност на Министерството за култура за 2023 година. Во денеска објавените конечни ревизорски извештаи на Министерството за култура, се посочува дека се утврдени состојби, неправилности и неусогласености кои влијаат на издаденото неповолно мислење на овластениот државен ревизор во однос на реалноста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставените политики.

Во однос на евидентираниот книжен фонд на Министерството, во соопштението од ДЗР се наведува дека со извршената ревизија утврдено е дека потекнува од 17 капитални проекти за печатење книги реализирани помеѓу 2009 и 2019 година, во вкупен износ од 408.123 илјади денари и вклучува 686.318 примероци. Поради непостоење на план за дистрибуција на отпечатените и не дистрибуираните книги, се создава значителен проблем со сместувањето на оваа голема количина, дополнително усложнет од недостигот на интерес од државните институции за преземање на книгите поради исполнетост на нивните капацитети. Исто така, не е извршен попис за утврдување на фактичката состојба, како во однос на бројот на книги, така и за условите во кои тие се чуваат, што може да доведе до оштетување на истите.

Во однос на остварувањето на приоритетите за развој и унапредување на културата, констатирано е дека последната усвоена Национална стратегија за развој на културата од Собранието го покрива периодот 2018-2022 година, оставајќи ги активностите за 2023 година, предмет на актуелната ревизија, без јасни насоки. Министерството нема донесено годишен план ниту за претходниот период, ниту за 2023 година, што е нотирано и во претходните ревизорски извештаи.

Недостигот на долгорочна стратегија за развој на културата доведува до општи поставени приоритети и создава предизвици во планирањето на културните активности. Во декември 2023 година Владата усвои нова Национална стратегија за културата за периодот 2023-2028 година, но истата не е усвоена од Собранието, се наведува во извештајот.

Со ревизијата констатирани биле недостатоци во распределбата на средствата за културни проекти, која се врши преку Годишен конкурс согласно Законот за култура. Констатирано е дека не постојат јасни квалификации за членови на комисиите, приоритетите во конкурсите често се општи и не се темелат на долгорочни политики, а критериумите за оценка на проектите не се строго дефинирани, што создава простор за субјективизам, некомпетентно именување на членови и неправилно категоризирање на проектите. Овие недостатоци доведуваат до недоволно квалитетна распределба на средства, а комисиите бодуваат проекти без конкретни насоки и без мерила за негативно бодување на неуспешни автори.

Во 2023 година, Министерството за култура исплатило вкупно 318.152 илјади денари за одобрени проекти на други корисници, што ја нагласува итната потреба за јасни правила и критериуми во распределбата на средствата. И покрај приоритетот за реформи во оваа област, предлогот за нов закон, кој би можел да го подобри системот, сè уште не е усвоен, се наведува во соопштението во кое е даден и подетален табеларен преглед по секоја дејност од областа на културата на други корисници поединечно.

Во рамките на Годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2023 година, Министерството за култура поддржало 74 од 185 апликации за интердисциплинарни проекти, што претставува 40% од предлозите, со вкупна исплата од 22.185
илјади денари. И покрај тоа што интердисциплинарната дејност не е формално дефинирана во Законот за култура, Министерството продолжува да финансира проекти надвор од утврдените категории, што не е во согласност со Законот за културата. Поради финансиски договори кои дозволуваат финансирање на повеќе од два проекти од едно правно лице, како и недостигот на целосна документација и евалуација за измените на договорите, се загрозува транспарентноста и правичноста во распределбата на средствата. Овие недостатоци отвораат простор за неправилности и фаворизирање на одредени проекти во интердисциплинарните активности.

Во ревизроскиоит извештај се нотира дека се утврдени слабости и во распределбата на средствата за проекти од национален интерес, особено во меѓународната културна соработка, кои укажуваат на недостаток на транспарентност. Дел од исплатените средства за проекти не се доделени преку редовни конкурси, а некои правни лица добиле поддршка над лимитот од четири проекти, што го нарушува почитувањето на утврдените услови.

Осум проекти добиле вкупно 5.407 илјади денари без објективни причини за недоставување на апликации.

Иако, Министерството има усвоено Упатство за финансирање, се посочува, тоа не нуди доволно прецизни насоки, што создава неповолна ситуација за другите учесници во конкурсите. Потребно е преземање на активности за утврдување на јасни критериуми за финансирање кои ќе обезбедат правичен третман на сите апликанти.

Во 2023 година, Министерството доделило 37.392 илјади денари како капитални дотации на девет општини за изградба на културни објекти, при што исплатата на средствата се врши по добиено барање со прилог документација. Сепак, се наведува, за Општина Липково, Владата донела одлука за доделување дополнителни 30.000 илјади денари за проектот "Дом на култура" во с. Матејче, но исплатата била извршена без потребата за доставување на документација, што, посочуваат, не е во согласност со условите поставени за останатите општини. Овој проект, кој започнал во 2014 година, добил претходно 25.000 илјади денари од Министерството, но утврдените средства не се соодветни за планираните активности, што создава ризик од несоодветно користење. Овие активности, се констатира, не се во согласност со Законот за извршување на буџетот за 2023 година и Законот за сметководство, кои налагаат наменска и рационална употреба на буџетските средства.

Со ревизијата, констатирани се слабости и во евидентирањето на средствата и проектната документација за капитални објекти во периодот од 2012 до 2023 година. Покрај тоа, констатирано е дека единицата за внатрешна ревизија не е формирана, односно отсуствува разумно уверување за функционирањето на финансиското управување и контроли (ФУК). Дополнително, утврдени се исплати на надоместоци без законска основа, како и пропусти во две јавни набавки во вкупен износ од 18.455.000 денари. Овие пропусти можат негативно да влијаат
на конкуренцијата и да го нарушат принципот на еднаквиот третман на економските оператори, се заклучува во конечните ревизорски извештаи на Министерството за култура, објавени од ДЗР.

The post Ревизија ги објави сите неправилности во Министерството за култура: 318 милиони денари исплатени за културни проекти, без јасно дефинирани критериуми appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Министерството за култура за 2023 година. Во денеска објавените конечни ревизорски извештаи на Министерството за култура, се посочува дека се утврдени состојби, неправилности и неусогласености кои влијаат на издаденото неповолно мислење на овластениот државен ревизор во однос на реалноста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставените политики. Во однос на евидентираниот книжен фонд на Министерството, во соопштението од ДЗР се наведува дека со извршената ревизија утврдено е дека потекнува од 17 капитални проекти за печатење книги реализирани помеѓу 2009 и 2019 година, во вкупен износ од 408.123 илјади денари и вклучува 686.318 примероци. Поради непостоење на план за дистрибуција на отпечатените и не дистрибуираните книги, се создава значителен проблем со сместувањето на оваа голема количина, дополнително усложнет од недостигот на интерес од државните институции за преземање на книгите поради исполнетост на нивните капацитети. Исто така, не е извршен попис за утврдување на фактичката состојба, како во однос на бројот на книги, така и за условите во кои тие се чуваат, што може да доведе до оштетување на истите. Во однос на остварувањето на приоритетите за развој и унапредување на културата, констатирано е дека последната усвоена Национална стратегија за развој на културата од Собранието го покрива периодот 2018-2022 година, оставајќи ги активностите за 2023 година, предмет на актуелната ревизија, без јасни насоки. Министерството нема донесено годишен план ниту за претходниот период, ниту за 2023 година, што е нотирано и во претходните ревизорски извештаи.
Недостигот на долгорочна стратегија за развој на културата доведува до општи поставени приоритети и создава предизвици во планирањето на културните активности. Во декември 2023 година Владата усвои нова Национална стратегија за културата за периодот 2023-2028 година, но истата не е усвоена од Собранието, се наведува во извештајот.
Со ревизијата констатирани биле недостатоци во распределбата на средствата за културни проекти, која се врши преку Годишен конкурс согласно Законот за култура. Констатирано е дека не постојат јасни квалификации за членови на комисиите, приоритетите во конкурсите често се општи и не се темелат на долгорочни политики, а критериумите за оценка на проектите не се строго дефинирани, што создава простор за субјективизам, некомпетентно именување на членови и неправилно категоризирање на проектите. Овие недостатоци доведуваат до недоволно квалитетна распределба на средства, а комисиите бодуваат проекти без конкретни насоки и без мерила за негативно бодување на неуспешни автори.
Во 2023 година, Министерството за култура исплатило вкупно 318.152 илјади денари за одобрени проекти на други корисници, што ја нагласува итната потреба за јасни правила и критериуми во распределбата на средствата. И покрај приоритетот за реформи во оваа област, предлогот за нов закон, кој би можел да го подобри системот, сè уште не е усвоен, се наведува во соопштението во кое е даден и подетален табеларен преглед по секоја дејност од областа на културата на други корисници поединечно.
Во рамките на Годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2023 година, Министерството за култура поддржало 74 од 185 апликации за интердисциплинарни проекти, што претставува 40% од предлозите, со вкупна исплата од 22.185 илјади денари. И покрај тоа што интердисциплинарната дејност не е формално дефинирана во Законот за култура, Министерството продолжува да финансира проекти надвор од утврдените категории, што не е во согласност со Законот за културата. Поради финансиски договори кои дозволуваат финансирање на повеќе од два проекти од едно правно лице, како и недостигот на целосна документација и евалуација за измените на договорите, се загрозува транспарентноста и правичноста во распределбата на средствата. Овие недостатоци отвораат простор за неправилности и фаворизирање на одредени проекти во интердисциплинарните активности. Во ревизроскиоит извештај се нотира дека се утврдени слабости и во распределбата на средствата за проекти од национален интерес, особено во меѓународната културна соработка, кои укажуваат на недостаток на транспарентност. Дел од исплатените средства за проекти не се доделени преку редовни конкурси, а некои правни лица добиле поддршка над лимитот од четири проекти, што го нарушува почитувањето на утврдените услови. Осум проекти добиле вкупно 5.407 илјади денари без објективни причини за недоставување на апликации. Иако, Министерството има усвоено Упатство за финансирање, се посочува, тоа не нуди доволно прецизни насоки, што создава неповолна ситуација за другите учесници во конкурсите. Потребно е преземање на активности за утврдување на јасни критериуми за финансирање кои ќе обезбедат правичен третман на сите апликанти. Во 2023 година, Министерството доделило 37.392 илјади денари како капитални дотации на девет општини за изградба на културни објекти, при што исплатата на средствата се врши по добиено барање со прилог документација. Сепак, се наведува, за Општина Липково, Владата донела одлука за доделување дополнителни 30.000 илјади денари за проектот "Дом на култура" во с. Матејче, но исплатата била извршена без потребата за доставување на документација, што, посочуваат, не е во согласност со условите поставени за останатите општини. Овој проект, кој започнал во 2014 година, добил претходно 25.000 илјади денари од Министерството, но утврдените средства не се соодветни за планираните активности, што создава ризик од несоодветно користење. Овие активности, се констатира, не се во согласност со Законот за извршување на буџетот за 2023 година и Законот за сметководство, кои налагаат наменска и рационална употреба на буџетските средства. Со ревизијата, констатирани се слабости и во евидентирањето на средствата и проектната документација за капитални објекти во периодот од 2012 до 2023 година. Покрај тоа, констатирано е дека единицата за внатрешна ревизија не е формирана, односно отсуствува разумно уверување за функционирањето на финансиското управување и контроли (ФУК). Дополнително, утврдени се исплати на надоместоци без законска основа, како и пропусти во две јавни набавки во вкупен износ од 18.455.000 денари. Овие пропусти можат негативно да влијаат на конкуренцијата и да го нарушат принципот на еднаквиот третман на економските оператори, се заклучува во конечните ревизорски извештаи на Министерството за култура, објавени од ДЗР.

The post Ревизија ги објави сите неправилности во Министерството за култура: 318 милиони денари исплатени за културни проекти, без јасно дефинирани критериуми appeared first on Република.

]]>
Зарина Првасевда: Да му е мерак на човек да пушти апликација, за да го одбијат, специјално https://republika.mk/scena/muzika/zarina-prvasevda-da-mu-e-merak-na-chovek-da-pushti-aplikatsija-za-da-go-odbijat-spetsijalno/ Tue, 13 Feb 2024 07:26:44 +0000 https://republika.mk/?p=743300

Поради „непостоење на доволна аргументација за негова уметничка и естетска целисходност како проект од национален интерес во музичка и музичко-сценската дејност, поради што проектот беше оценет со помалку од 51 бод.“ Министерството за култура ја одби апликацијата на музичката уметничка Зарина Првасевда. Ова не е првпат да ме одбијат или да ми дадат „3 пари“ за нешто големо, вели таа, но токму тоа ја мотивирало да продолжи со создавањето на музиката, која одекнува сè пошироко.

Ви го пренесуваме нејзиниот статус во целост:

Драги пријатели,

со вас сум слободна и отворена и ве чувствувам како едно мое големо семејство, па можам вака да споделам што имам да кажам на повеќе теми.

Денес, ќе кажам збор - два по повод мојата одбиена апликација од Министерството за Култура. Сигурно прочитавте повеќе вакви статуси деновиве, но еве јас што имам да кажам на темата.

Искрено, секогаш кога ќе ми одбијат апликација од Министерство за култура или ќе ми дадат 3 денари пари за нешто големо, мене ми се посреќува. Да му е мерак на човек да пушти апликација, за да го одбијат, специјално. Еве ќе објаснам и зошто, за тие што имаат малку време и сакаат да знаат:

1. Снимањето на албумот " Ехо " 2021 - ОДБИЕН.
(Недоволно естетска целисходност и автентичност, вели Министерството).
- Се разбира, тоа ме разочара ужасно... Но, не ми ја уби силата и вербата што ја имав. Моите родители се скромни општи работници во државата, а јас во моментот работев за просечна плата, па така, беше речиси невозможно да се наслонам на сопствените финансиски средства за толку голем проект каков што го замислував од дете.
Барав илјадници начини, тропав од врата на врата, раскажував и верував дека некој ќе ми поверува на невидено. Се случи. Еден голем човек, мојот втор татко, не само што поверува, туку и направи да се случи. Иако не беше од " фелата ", нешто слушна и нешто препозна - " Ќе го направиме ова заедно рече, зошто на Македонија и треба нешто вакво. ". Така и би. Со поддршката и љубовта што ја добивав од него и неговото семејство, пријателите, од колегите, моето семејство и публиката која несомнено ми беше дирек кој ме држеше исправено.
НЕ ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА.
- Мојот прв албум го издадов за странска издавачка куќа, т.е за една од најголемите на Балканот, Croatia Records или бившо Jugoton.
- Го издадов во Април 2022година.
- Истиот, нешто подоцна го освојува 9 - тото место на Балканската светска музичка листа како еден од најслушаните музички изведувачи во 3-тиот квартал на 2022 година.

2. Побарав средства од Министерството за култура кога решив да правам промоција на истиот со концерт Македонската филхармонија - со голем оркестар - ОДБИЕНО.
( Со оглед на тоа дека се обратив малку подоцна од конкурсите, имаа одличен изговор како да ме откачат во еден потег.
“ Не можиме да ти префрлиме пари, не можиме да ти помогнеме со отстапување на салата без финансиски надоместок... Не си во годишна програма. “ , вели Министерство .
Имено, после месец дена талкање од канцеларија до канцеларија со едно ранче на раменици, полно соништа и верба во тоа што имам да го кажам на светот , после многу НЕ, после илјада потсмеви и разочарувања , Пакомак, вели,
" Закажи го концертот ние ќе ти помогниме.".
Концертот, во сопствена лична продукција и организација , закажан на 15.04.2022, голема сала ја Филхармонија - за недела дена - РАСПРОДАДЕН.
Албумот сеуште не издаден, артистот НЕПОЗНАТ, НЕДОВОЛНО ЕСТЕТСКА ЦЕЛИСХОДНОСТ И АВТЕНТИЧНОСТ, концертот се распродава до последна карта.
Ух не... последната ја чував за министерката која што лично ја поканив.
Дали претпоставувате само кое место беше празно во салата?
https://www.youtube.com/watch?v=mUo__QlWmBI&t=1243s

3. Оваа година, поднесувам повторно аплкација за голем концерт во НОБ по повод нов албум , ОДБИЕН.
( цитирам : " СЕ ОДБИВА поради непостоење на доволна аргументација за негова уметничка и естетска целисходност како проект од национален интерес во музичка и музичко-сценската дејност, поради што проектот беше оценет со помалку од 51 бод., " , вели Министерството за Култура ) .
- Имено, во 2023 година ја освоив интернационалната награда за “ Најдобар нов талент за 2023 ” на интернационална платформа UPBeat , која се бави главно со светска традиционална музика, на која тимски работи и истражува во светот. Истата се добиваше по пат на отворено гласање и стручно жири, составено од професионалци во областа.
( Ниеден од Македонија ) .
- Во 2023 година, одржав концерти и се појавии на еминентни сцени во државата и надвор, како: OFF Fest - MК , D-Festival - MK, Budapest Ritmo - Budapest, Hungary , Saint Croix Volvestre - France , SHIP Festival - Croatia, A38 - Budapest, Hungary , BALKAN: MOST festival - Vesprem, Hungary , SoAlive Music Conference - Sofia, Bulgaria, како и солистички концерти низ Македонија: Велес, Кочани, Битола, Прилеп, Штип, Кичево и други, генерално распродадени.
- Во моментов се подготвувам за мојот концерт на еден од најголемите фестивали за Светска традиционална музика во Европа, Balkan Trafik, кој ќе се одржи во Брисел на 27. 04. 2024. Покрај овој концерт, својот концерт ќе го одржам и на Самитот на претседатели на влади и држави од земјите од Европска унија (29 април 2024 г) во Брисел a ќе одржам и уште неколку концерти во регионот за кои сеуште чекам датуми.
- Се подготвувам за снимање на нов албум кој е речиси готов, а богами и за промотивниот концерт во НОБ, кој Министерството за култура го одбива.

Покрај креативната работа на квалтитетот на музика и естетиката која треба да ја презентирам насекаде кадешто се појавувам со сопствениот прекрасен ансамбл составен музичари - професионалци, со високи достигнувања и сериозен придонес кон музичкото творештво, музичко - сценската дејност , издаваштвото во Македонија, во различни правци и насоки од областа, во педагошка работа во областа на музиката во Македонија, кој го одржувам во последните 3 години, треба да мислам на тоа каде и како ќе најдам средства за реализација, како ќе го изведам и сл.
Тоа најдобро знае мојот тим како изгледа, каков е мојот терк на работа за да успејам сите заедно да бидеме на сцена, затоа што ме гледаат постојано, но, нема да се жалам и не ми е тешко. Знам дека макотрпната работа и труд, секогаш на крајот се исплати. Го имам благословот да се бавам со она што живот ми значи и од него да живејам.

Фала му на Бога за тоа.
(Патем... Бидејќи се работи за големи проекти, ќе ми требаат спонзори, несомнено, како невработен и независен уметник во Македонија, па ако имате идеја за фирми - визиониери, секоја е добредојдена) .

Е сега, замислете, да ми беше репер за сопствениот квалитет Министерството за Култура и минстерката Бисера Костадиновска Стојчевска ? Замислете да верував дека ова се вистинските луѓе кои поставуваат стандард за тоа кој е квалитетен, автентичен и естетски издржан во Македонија? Замислете да чекав тие да ме видат или да ми помогнат?

Замислете да застанев со тоа што го работам, затоа што највисоката институција за култура во Македонија ме банира, не ме забележува или не ми дава од средствата кои би требало да бидат наменети за артисти како мене, патем, за афирмација на културата, фолклорот и традиционалната музика од земјава и регионот, во сопствената држава и секаде во светот кадешто настапувам? Замислете да покажувам благодарност и понизност за дадени 1000 евра за концерт кој чини 10 000 и тоа да ми биде стандардот во главата со кој ќе се задоволам ?

Замислете сега да кажам, не ми дадоа пари - не правам концерт или албум.

Кој страда? Музиката. Традиционалната музика, мојата публика која очекува нов албум и се разбира јас.

Напротив, министерство ми прави голема услуга, мислејќи дека нешто ме одбива. Со секое наредно вакво удирање со боздоган по глава, уште повеќе сфаќам колку е голема моќта на поединецот кој поседува компетенции, квалитети и тоа дека силата на еден ваков човек никогаш не може да биде ставена на кантар со обратното. Баби и жаби не можиме да мериме со ист аршин. Има некои работи кои ниедно министерство ниту министер на поединецот не може да му ги земе, затоа и нема од што да стравувам. Одиме понатака (јас и сите мои колеги кои се во истата позиција, на кои прочитав статуси после резултатите) , уште посилни.

Пирејот ќе најде пукнатина од кадешто ќе вирее, колку повеќе го киниш, толку повеќе никнува.
Ќе направам се како и до сега, со Божја помош, само овојпат како наравучение нема да ги правам истите грешки во однос на поканите.
Нема да дозволам некој добар човек кој ќе дојде со љубов на мојот концерт, ќе оддвои од својот скромен буџет и уредно ќе си купи карта, да не може да влезе заради некој којшто општеството ми го наметнува како авторитет, а притоа не само што нема компетенции и познавање од областа, туку нема ни грам од човечките вредности во кои јас верувам и ме водат на патот.

Фала ви драги луѓе, мои поддржувачи и пријатели за се, вашата поддршка живот ми значи. ❤

Патем, со душа ве чекам сите кои сте на 24.04 во Скопје, да си дојдете во Public Room, да уживаме во ова што се вика
" Недоволна аргументација за уметничка и естетска целисходност." , па да се надеваме дека кај вас ќе добијам нешто над 51 бод или т.н прелазна :)))
Ако сеуште има, овде можете да најдете билети : https://bileti.drugastrana.mk/index.php?id=378
Топли прегратки и љубов секому!

The post Зарина Првасевда: Да му е мерак на човек да пушти апликација, за да го одбијат, специјално appeared first on Република.

]]>

Поради „непостоење на доволна аргументација за негова уметничка и естетска целисходност како проект од национален интерес во музичка и музичко-сценската дејност, поради што проектот беше оценет со помалку од 51 бод.“ Министерството за култура ја одби апликацијата на музичката уметничка Зарина Првасевда. Ова не е првпат да ме одбијат или да ми дадат „3 пари“ за нешто големо, вели таа, но токму тоа ја мотивирало да продолжи со создавањето на музиката, која одекнува сè пошироко. Ви го пренесуваме нејзиниот статус во целост: Драги пријатели, со вас сум слободна и отворена и ве чувствувам како едно мое големо семејство, па можам вака да споделам што имам да кажам на повеќе теми. Денес, ќе кажам збор - два по повод мојата одбиена апликација од Министерството за Култура. Сигурно прочитавте повеќе вакви статуси деновиве, но еве јас што имам да кажам на темата. Искрено, секогаш кога ќе ми одбијат апликација од Министерство за култура или ќе ми дадат 3 денари пари за нешто големо, мене ми се посреќува. Да му е мерак на човек да пушти апликација, за да го одбијат, специјално. Еве ќе објаснам и зошто, за тие што имаат малку време и сакаат да знаат: 1. Снимањето на албумот " Ехо " 2021 - ОДБИЕН. (Недоволно естетска целисходност и автентичност, вели Министерството). - Се разбира, тоа ме разочара ужасно... Но, не ми ја уби силата и вербата што ја имав. Моите родители се скромни општи работници во државата, а јас во моментот работев за просечна плата, па така, беше речиси невозможно да се наслонам на сопствените финансиски средства за толку голем проект каков што го замислував од дете. Барав илјадници начини, тропав од врата на врата, раскажував и верував дека некој ќе ми поверува на невидено. Се случи. Еден голем човек, мојот втор татко, не само што поверува, туку и направи да се случи. Иако не беше од " фелата ", нешто слушна и нешто препозна - " Ќе го направиме ова заедно рече, зошто на Македонија и треба нешто вакво. ". Така и би. Со поддршката и љубовта што ја добивав од него и неговото семејство, пријателите, од колегите, моето семејство и публиката која несомнено ми беше дирек кој ме држеше исправено. НЕ ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА. - Мојот прв албум го издадов за странска издавачка куќа, т.е за една од најголемите на Балканот, Croatia Records или бившо Jugoton. - Го издадов во Април 2022година. - Истиот, нешто подоцна го освојува 9 - тото место на Балканската светска музичка листа како еден од најслушаните музички изведувачи во 3-тиот квартал на 2022 година. 2. Побарав средства од Министерството за култура кога решив да правам промоција на истиот со концерт Македонската филхармонија - со голем оркестар - ОДБИЕНО. ( Со оглед на тоа дека се обратив малку подоцна од конкурсите, имаа одличен изговор како да ме откачат во еден потег. “ Не можиме да ти префрлиме пари, не можиме да ти помогнеме со отстапување на салата без финансиски надоместок... Не си во годишна програма. “ , вели Министерство . Имено, после месец дена талкање од канцеларија до канцеларија со едно ранче на раменици, полно соништа и верба во тоа што имам да го кажам на светот , после многу НЕ, после илјада потсмеви и разочарувања , Пакомак, вели, " Закажи го концертот ние ќе ти помогниме.". Концертот, во сопствена лична продукција и организација , закажан на 15.04.2022, голема сала ја Филхармонија - за недела дена - РАСПРОДАДЕН. Албумот сеуште не издаден, артистот НЕПОЗНАТ, НЕДОВОЛНО ЕСТЕТСКА ЦЕЛИСХОДНОСТ И АВТЕНТИЧНОСТ, концертот се распродава до последна карта. Ух не... последната ја чував за министерката која што лично ја поканив. Дали претпоставувате само кое место беше празно во салата? https://www.youtube.com/watch?v=mUo__QlWmBI&t=1243s 3. Оваа година, поднесувам повторно аплкација за голем концерт во НОБ по повод нов албум , ОДБИЕН. ( цитирам : " СЕ ОДБИВА поради непостоење на доволна аргументација за негова уметничка и естетска целисходност како проект од национален интерес во музичка и музичко-сценската дејност, поради што проектот беше оценет со помалку од 51 бод., " , вели Министерството за Култура ) . - Имено, во 2023 година ја освоив интернационалната награда за “ Најдобар нов талент за 2023 ” на интернационална платформа UPBeat , која се бави главно со светска традиционална музика, на која тимски работи и истражува во светот. Истата се добиваше по пат на отворено гласање и стручно жири, составено од професионалци во областа. ( Ниеден од Македонија ) . - Во 2023 година, одржав концерти и се појавии на еминентни сцени во државата и надвор, како: OFF Fest - MК , D-Festival - MK, Budapest Ritmo - Budapest, Hungary , Saint Croix Volvestre - France , SHIP Festival - Croatia, A38 - Budapest, Hungary , BALKAN: MOST festival - Vesprem, Hungary , SoAlive Music Conference - Sofia, Bulgaria, како и солистички концерти низ Македонија: Велес, Кочани, Битола, Прилеп, Штип, Кичево и други, генерално распродадени. - Во моментов се подготвувам за мојот концерт на еден од најголемите фестивали за Светска традиционална музика во Европа, Balkan Trafik, кој ќе се одржи во Брисел на 27. 04. 2024. Покрај овој концерт, својот концерт ќе го одржам и на Самитот на претседатели на влади и држави од земјите од Европска унија (29 април 2024 г) во Брисел a ќе одржам и уште неколку концерти во регионот за кои сеуште чекам датуми. - Се подготвувам за снимање на нов албум кој е речиси готов, а богами и за промотивниот концерт во НОБ, кој Министерството за култура го одбива. Покрај креативната работа на квалтитетот на музика и естетиката која треба да ја презентирам насекаде кадешто се појавувам со сопствениот прекрасен ансамбл составен музичари - професионалци, со високи достигнувања и сериозен придонес кон музичкото творештво, музичко - сценската дејност , издаваштвото во Македонија, во различни правци и насоки од областа, во педагошка работа во областа на музиката во Македонија, кој го одржувам во последните 3 години, треба да мислам на тоа каде и како ќе најдам средства за реализација, како ќе го изведам и сл. Тоа најдобро знае мојот тим како изгледа, каков е мојот терк на работа за да успејам сите заедно да бидеме на сцена, затоа што ме гледаат постојано, но, нема да се жалам и не ми е тешко. Знам дека макотрпната работа и труд, секогаш на крајот се исплати. Го имам благословот да се бавам со она што живот ми значи и од него да живејам. Фала му на Бога за тоа. (Патем... Бидејќи се работи за големи проекти, ќе ми требаат спонзори, несомнено, како невработен и независен уметник во Македонија, па ако имате идеја за фирми - визиониери, секоја е добредојдена) . Е сега, замислете, да ми беше репер за сопствениот квалитет Министерството за Култура и минстерката Бисера Костадиновска Стојчевска ? Замислете да верував дека ова се вистинските луѓе кои поставуваат стандард за тоа кој е квалитетен, автентичен и естетски издржан во Македонија? Замислете да чекав тие да ме видат или да ми помогнат? Замислете да застанев со тоа што го работам, затоа што највисоката институција за култура во Македонија ме банира, не ме забележува или не ми дава од средствата кои би требало да бидат наменети за артисти како мене, патем, за афирмација на културата, фолклорот и традиционалната музика од земјава и регионот, во сопствената држава и секаде во светот кадешто настапувам? Замислете да покажувам благодарност и понизност за дадени 1000 евра за концерт кој чини 10 000 и тоа да ми биде стандардот во главата со кој ќе се задоволам ? Замислете сега да кажам, не ми дадоа пари - не правам концерт или албум. Кој страда? Музиката. Традиционалната музика, мојата публика која очекува нов албум и се разбира јас. Напротив, министерство ми прави голема услуга, мислејќи дека нешто ме одбива. Со секое наредно вакво удирање со боздоган по глава, уште повеќе сфаќам колку е голема моќта на поединецот кој поседува компетенции, квалитети и тоа дека силата на еден ваков човек никогаш не може да биде ставена на кантар со обратното. Баби и жаби не можиме да мериме со ист аршин. Има некои работи кои ниедно министерство ниту министер на поединецот не може да му ги земе, затоа и нема од што да стравувам. Одиме понатака (јас и сите мои колеги кои се во истата позиција, на кои прочитав статуси после резултатите) , уште посилни. Пирејот ќе најде пукнатина од кадешто ќе вирее, колку повеќе го киниш, толку повеќе никнува. Ќе направам се како и до сега, со Божја помош, само овојпат како наравучение нема да ги правам истите грешки во однос на поканите. Нема да дозволам некој добар човек кој ќе дојде со љубов на мојот концерт, ќе оддвои од својот скромен буџет и уредно ќе си купи карта, да не може да влезе заради некој којшто општеството ми го наметнува како авторитет, а притоа не само што нема компетенции и познавање од областа, туку нема ни грам од човечките вредности во кои јас верувам и ме водат на патот. Фала ви драги луѓе, мои поддржувачи и пријатели за се, вашата поддршка живот ми значи. ❤ Патем, со душа ве чекам сите кои сте на 24.04 во Скопје, да си дојдете во Public Room, да уживаме во ова што се вика " Недоволна аргументација за уметничка и естетска целисходност." , па да се надеваме дека кај вас ќе добијам нешто над 51 бод или т.н прелазна :))) Ако сеуште има, овде можете да најдете билети : https://bileti.drugastrana.mk/index.php?id=378 Топли прегратки и љубов секому!

The post Зарина Првасевда: Да му е мерак на човек да пушти апликација, за да го одбијат, специјално appeared first on Република.

]]>
Бисера бисерот ни го срони https://republika.mk/kolumni/bisera-biserot-ni-go-sroni/ Wed, 15 Feb 2023 10:26:45 +0000 https://republika.mk/?p=609247

Васко Шутаров

Чудесна е нашава Македонија! И неделава пред нас, наместо со вистинските животни проблеми и задоволувањето на вистинските животни потреби, ќе се занимаваме со петпарачки приказни за кобајаги европски вредности (ДУИ ќе нè учи како се прават фронтови?!), ќе се занимаваме со ново-стари прегрупирања за опстанок на тотално промашенава и оттуѓена од граѓаните „проевропска  влада“, веќе за некој ден ќе се испотепаме кој попрво ќе дознае што содржи пресудата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, за недела-две веројатно ќе се бориме со некој нов вител од увезени политички приземности од политичките кампањи кај нашите први соседи, таман никој да не стаса да се занимава со нашите вистински потреби и проблеми. Згора на тоа, ако ги додадеме непознатите летечки објекти и балони над САД и Канада, имаме комплетно небо со чудесии - само што не паднале и тулумби, па да ни ги решат сите горчливи животни проблеми!

Во овој чудесно изместен свет од вистинските животни потреби и проблеми, тивко, полека, како музика за опуштање на увце, требаше да помине објавувањето на долго очекуваната Програма за остварување на националниот интерес во културата за 2023 година. Ресорот култура во нашата чудесна Македонија, во моментов е привилегиран и поштеден од актуелниот политички пазар, културно наречен - владина реконструкција, па човек би помислил дека во нашето Министерството за култура сигурно цветаат рози?! „Као у правој ѓул-башти“, што би рекле авторитетите за разоноди и веселби?! А, токму таков неприкосновен авторитет македонската култура немала од осамостојувањето до денес, така неприкосновено политички позициониран и така непоправливо расположен за весела и забавна култура! За тра-ла-ла култура!

Туку, шегата настрана! Во нормални држави со нормални влади, во вакви тешки времиња кога ништо не оди како што треба, кога економијата тоне, кога сите пари одат на купување социјален мир, кога граѓаните масовно се иселуваат, кога институциите и системот пукаат по сите рабови, културата би требало да биде стратешки најважна област, преку која би можеле да се преоткриваат вредности, принципи, мерила, приоритети и цели кои би биле ставени во функција на изнаоѓање патоказ за заздравување и ревитализирање, како на општеството, така и на државата. Кога времињата и животите стануваат најмачни и најтешки, народите и цивилизациите што до денес опстанале и оставиле трајни историски и културни траги, во културата го наоѓале спасот! Најчесто и спасот и излезот! Македонија, за жал, во најтешкиве времиња од своето осамостојување до денес и во најчувствителните години за својот опстанок како модерна европска држава, ја има една од најслабите алки токму во водечките гарнитури за креирање и спроведување културни политики, во актуелнава гарнитура од Министерството за култура! Убедливо најслабата алка, досега.

Македонската култура, што е најжално од сè, во меѓувреме се доживува повеќе како стихијна елементарна непогода која одамна не е претставена на насловната страница на државата, а културните потреби на граѓаните не се третираат како основни човекови потреби, туку подолго време служат како последното дупче на кавалчето!

Неодамна, експерти од економските науки и со егзактни показатели ги одразија поразителните состојби во македонската култура - ние сме далеку од европскиот просек за вложувања во културата, а со минорните 0,5 % од БДП, ние сме претпоследна држава во Европа, во моментов. А тие надолни трендови, во тековнава година уште толку ќе бидат изразени, бидејќи реално во Годишната програма за 2023 година, освен што се преполовени апликантите и корисниците на финансиски средства од државниот буџет, во скоро сите дејности што министерството ќе ги финансира, средствата се намалени некаде за 40%, а некаде и за 50 % во споредба со минатогодишните. Да не прозвучи како ламентација кон минатото, но бројките се најчесто неумоливи и потсетуваат дека за само 6 години, од рекордно високите и над 2 % од БДП издвојувани за културата, (за што барем од тројца министри за култура од соседството го имам слушнато истиов коментар: „Ах, ние да го имаме тој раскошен буџет!“), да дојдеме со брзина на светината до ова дереџе - до денешниов просјачки стап на кој се потпира актуелната македонска култура.

Страшно е што македонска култура е до ова ниво финансиски осиромашена, подеднакво страшно што е стратешки неодредена и недефинирана (последната Национална стратегија за развој на културата ја заокружи својата временска рамка минатата година, 2018-2022 и остана во најголем дел нереализирана!), уште пострашно што е постојано кабаетлија пред непринципелните барања од соседските култури и можеби најстрашно од сè, што е крајно недоблесна кон домашната критика, па затоа, час е хировита (како права стихијна непогода!), час е крајно осветољубива! Таква е и Програмата за 2023 - стратешки неодредена во просторот и времето, кабаетливо воздржана кон највредното од своето историско и културно наследство, комплетно хировита и каприциозна кон современото македонско културно творештво. Сè во зависност од расположението, културно и политичко! Од второво, посебно!

Во таква култура на жабри, според прескромната финанска поддршка и култура на стап и морков, според начините на актуелното менаџирање со неа, за препловената бројка на апликации во годишната програма за финансирање на проекти од културата најмалку се виновни корисниците на државната културна поддршка! Па, само годинава толку видливо од неа отсуствуваат повеќе познати имиња од сите области на културата и уметноста - една група ја нема, затоа што во меѓувреме критички го кренала гласот кон владините политики во културата, друга група која од пуста култура не сакала да подига глас и да ѝ покаже на неупатената министерка, кои се и какво место имаат во културата на државата, а една трета поголема група видни автори, веќе подолго време видливо отсуствува од Програмата, веројатно одбивајќи да влезе во лавиринтите на ваквите клиентелистичко-доверителски односи!

Премногу понижувачки и крајно компромитиран е целиот процес на одлучување за добивање проекти во годишната програма, во него сè уште доминираат принципите: „на ти-дај ми“ и  „јас тебе-ти мене“! Конкурсот го компромитира и огромниот простор за дискрециони одлуки на првиот човек на министерството! Конкурсот го девалвираат и бројни раководни лица од националните институции кои само си препишуваат и повторно праќаат стари апликации (колку комфорот да не се наруши!), додека истовремено стожерни институции намерно се маргинализираат и јавно понижуваат! Годишната програма сериозно ја проблематизира и фактот, што никогаш по нејзината реализација, јавно не била евалуирана или оценета, а во контекст на придобивките за македонската култура, за што треба да бидат информирани македонските даночни обврзници.

Конкурсот веќе неколку години по ред, посебно го проблематизираат ад хок новосоздадени здруженија и трговци-поединци (фантоми - за кои никој ниту слушнал, ниту разбрал!) кои само чекаат знак да го приберат милионски тешкиот кајмак, а нивните проекти и програми кои без оглед дали се скроени како за македонските потреби, стандарди, прилики или неприлики, најважно е дека звучат така курентно - онака лабавко и баш европски?!

Како што ептен „европски лабаво“ звучи, отсуството на славењето на најважните јубилејни датуми годинава, поврзани со Илинден, Гоце Делчев и Мисирков?! Како што ептен „лабаво европски“ звучат минималните средства посветени на заштитата на највредното од македонското културно наследство?! Како што „лабаво и европски“ домашното културно творештво му отстапува простор на странското (во музичката и театарската дејност посебно)?! Како што „лабаво и европски“ немилосрдно од буџетот се кастрат носители како на европски, така и на врвни македонски книжевни награди, исто како што немилосрдно се кастрат познати автори, уметници и научници кои не танцуваат во ритмот на дневната политика?! Како што „лабаво и европски“ се издвојуваат најситни можни пари (годинава, нецели 9000 евра?!, што е на ниво на статистичка грешка од буџетот), одвоени за македонските културни евро-интегративни вмрежувања и процеси?! Како што „лабавко и европски“ македонската културна размена со светот на сведува на претставувања само во потесниов географски регион, секаде, но во Блаоевград или Лерин, Торонто или Мелбурн, ни случајно! Како што „лабавко и ептен европски“, сосем инцидентно ќе се случи некое културно претставување во некоја од европските метрополи, но ни случајно стратешки осмислено и врвно репрезентативно претставување и во најважните европски метрополи, Берлин, Париз, Брисел, Мадрид, Варшава, Рим или Прага на пример?! Како што ептен „европски“ европски изгледа, не само потписот, туку и целиот ракопис на финалниот формат на Програмата, препознаен потпис и ракопис лично на министерката за култура?!

Зошто културниов колач на почетокот на секоја година мора да создава толку многу горчини и мачнини, толку многу дебати и расправии, веќе толку години по ред?! До методологијата за подготовка ли е работата - за што треба само малку наука и што помалку политика?! Дали до рецептот за изработка е работата - за што требаат само состојки од културата и што помалку зачини од политиката? Дали до главниот мајстор во културната кујна е работата, кој треба само културата да ја има во малиот прст, а показалецот да го има само кога политиката треба да ја држи што подалеку од културата?! До трите важни компоненти е, но најмногу во главната шефица на крајно зачинетата политичка кујна во културата е проблемот, што ваков горчлив колач им се послужува како на корисниците на „денарот во културата“, така и на граѓаните кои го одвојуваат тој денар за културата!

П.С. Чудесна е нашава Македонија! И неделава и месециве пред нас, наместо со вистинските животно важни проблеми и вистински културни потреби, ќе се занимаваме со „Уторак“ на Петар Грашо и едно чудо весела, забавна и расположлива култура, како за вторник или за недела попладне!) Навистина ли, за вака бевме?!

The post Бисера бисерот ни го срони appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Чудесна е нашава Македонија! И неделава пред нас, наместо со вистинските животни проблеми и задоволувањето на вистинските животни потреби, ќе се занимаваме со петпарачки приказни за кобајаги европски вредности (ДУИ ќе нè учи како се прават фронтови?!), ќе се занимаваме со ново-стари прегрупирања за опстанок на тотално промашенава и оттуѓена од граѓаните „проевропска  влада“, веќе за некој ден ќе се испотепаме кој попрво ќе дознае што содржи пресудата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, за недела-две веројатно ќе се бориме со некој нов вител од увезени политички приземности од политичките кампањи кај нашите први соседи, таман никој да не стаса да се занимава со нашите вистински потреби и проблеми. Згора на тоа, ако ги додадеме непознатите летечки објекти и балони над САД и Канада, имаме комплетно небо со чудесии - само што не паднале и тулумби, па да ни ги решат сите горчливи животни проблеми! Во овој чудесно изместен свет од вистинските животни потреби и проблеми, тивко, полека, како музика за опуштање на увце, требаше да помине објавувањето на долго очекуваната Програма за остварување на националниот интерес во културата за 2023 година. Ресорот култура во нашата чудесна Македонија, во моментов е привилегиран и поштеден од актуелниот политички пазар, културно наречен - владина реконструкција, па човек би помислил дека во нашето Министерството за култура сигурно цветаат рози?! „Као у правој ѓул-башти“, што би рекле авторитетите за разоноди и веселби?! А, токму таков неприкосновен авторитет македонската култура немала од осамостојувањето до денес, така неприкосновено политички позициониран и така непоправливо расположен за весела и забавна култура! За тра-ла-ла култура! Туку, шегата настрана! Во нормални држави со нормални влади, во вакви тешки времиња кога ништо не оди како што треба, кога економијата тоне, кога сите пари одат на купување социјален мир, кога граѓаните масовно се иселуваат, кога институциите и системот пукаат по сите рабови, културата би требало да биде стратешки најважна област, преку која би можеле да се преоткриваат вредности, принципи, мерила, приоритети и цели кои би биле ставени во функција на изнаоѓање патоказ за заздравување и ревитализирање, како на општеството, така и на државата. Кога времињата и животите стануваат најмачни и најтешки, народите и цивилизациите што до денес опстанале и оставиле трајни историски и културни траги, во културата го наоѓале спасот! Најчесто и спасот и излезот! Македонија, за жал, во најтешкиве времиња од своето осамостојување до денес и во најчувствителните години за својот опстанок како модерна европска држава, ја има една од најслабите алки токму во водечките гарнитури за креирање и спроведување културни политики, во актуелнава гарнитура од Министерството за култура! Убедливо најслабата алка, досега. Македонската култура, што е најжално од сè, во меѓувреме се доживува повеќе како стихијна елементарна непогода која одамна не е претставена на насловната страница на државата, а културните потреби на граѓаните не се третираат како основни човекови потреби, туку подолго време служат како последното дупче на кавалчето! Неодамна, експерти од економските науки и со егзактни показатели ги одразија поразителните состојби во македонската култура - ние сме далеку од европскиот просек за вложувања во културата, а со минорните 0,5 % од БДП, ние сме претпоследна држава во Европа, во моментов. А тие надолни трендови, во тековнава година уште толку ќе бидат изразени, бидејќи реално во Годишната програма за 2023 година, освен што се преполовени апликантите и корисниците на финансиски средства од државниот буџет, во скоро сите дејности што министерството ќе ги финансира, средствата се намалени некаде за 40%, а некаде и за 50 % во споредба со минатогодишните. Да не прозвучи како ламентација кон минатото, но бројките се најчесто неумоливи и потсетуваат дека за само 6 години, од рекордно високите и над 2 % од БДП издвојувани за културата, (за што барем од тројца министри за култура од соседството го имам слушнато истиов коментар: „Ах, ние да го имаме тој раскошен буџет!“), да дојдеме со брзина на светината до ова дереџе - до денешниов просјачки стап на кој се потпира актуелната македонска култура. Страшно е што македонска култура е до ова ниво финансиски осиромашена, подеднакво страшно што е стратешки неодредена и недефинирана (последната Национална стратегија за развој на културата ја заокружи својата временска рамка минатата година, 2018-2022 и остана во најголем дел нереализирана!), уште пострашно што е постојано кабаетлија пред непринципелните барања од соседските култури и можеби најстрашно од сè, што е крајно недоблесна кон домашната критика, па затоа, час е хировита (како права стихијна непогода!), час е крајно осветољубива! Таква е и Програмата за 2023 - стратешки неодредена во просторот и времето, кабаетливо воздржана кон највредното од своето историско и културно наследство, комплетно хировита и каприциозна кон современото македонско културно творештво. Сè во зависност од расположението, културно и политичко! Од второво, посебно! Во таква култура на жабри, според прескромната финанска поддршка и култура на стап и морков, според начините на актуелното менаџирање со неа, за препловената бројка на апликации во годишната програма за финансирање на проекти од културата најмалку се виновни корисниците на државната културна поддршка! Па, само годинава толку видливо од неа отсуствуваат повеќе познати имиња од сите области на културата и уметноста - една група ја нема, затоа што во меѓувреме критички го кренала гласот кон владините политики во културата, друга група која од пуста култура не сакала да подига глас и да ѝ покаже на неупатената министерка, кои се и какво место имаат во културата на државата, а една трета поголема група видни автори, веќе подолго време видливо отсуствува од Програмата, веројатно одбивајќи да влезе во лавиринтите на ваквите клиентелистичко-доверителски односи! Премногу понижувачки и крајно компромитиран е целиот процес на одлучување за добивање проекти во годишната програма, во него сè уште доминираат принципите: „на ти-дај ми“ и  „јас тебе-ти мене“! Конкурсот го компромитира и огромниот простор за дискрециони одлуки на првиот човек на министерството! Конкурсот го девалвираат и бројни раководни лица од националните институции кои само си препишуваат и повторно праќаат стари апликации (колку комфорот да не се наруши!), додека истовремено стожерни институции намерно се маргинализираат и јавно понижуваат! Годишната програма сериозно ја проблематизира и фактот, што никогаш по нејзината реализација, јавно не била евалуирана или оценета, а во контекст на придобивките за македонската култура, за што треба да бидат информирани македонските даночни обврзници. Конкурсот веќе неколку години по ред, посебно го проблематизираат ад хок новосоздадени здруженија и трговци-поединци (фантоми - за кои никој ниту слушнал, ниту разбрал!) кои само чекаат знак да го приберат милионски тешкиот кајмак, а нивните проекти и програми кои без оглед дали се скроени како за македонските потреби, стандарди, прилики или неприлики, најважно е дека звучат така курентно - онака лабавко и баш европски?! Како што ептен „европски лабаво“ звучи, отсуството на славењето на најважните јубилејни датуми годинава, поврзани со Илинден, Гоце Делчев и Мисирков?! Како што ептен „лабаво европски“ звучат минималните средства посветени на заштитата на највредното од македонското културно наследство?! Како што „лабаво и европски“ домашното културно творештво му отстапува простор на странското (во музичката и театарската дејност посебно)?! Како што „лабаво и европски“ немилосрдно од буџетот се кастрат носители како на европски, така и на врвни македонски книжевни награди, исто како што немилосрдно се кастрат познати автори, уметници и научници кои не танцуваат во ритмот на дневната политика?! Како што „лабаво и европски“ се издвојуваат најситни можни пари (годинава, нецели 9000 евра?!, што е на ниво на статистичка грешка од буџетот), одвоени за македонските културни евро-интегративни вмрежувања и процеси?! Како што „лабавко и европски“ македонската културна размена со светот на сведува на претставувања само во потесниов географски регион, секаде, но во Блаоевград или Лерин, Торонто или Мелбурн, ни случајно! Како што „лабавко и ептен европски“, сосем инцидентно ќе се случи некое културно претставување во некоја од европските метрополи, но ни случајно стратешки осмислено и врвно репрезентативно претставување и во најважните европски метрополи, Берлин, Париз, Брисел, Мадрид, Варшава, Рим или Прага на пример?! Како што ептен „европски“ европски изгледа, не само потписот, туку и целиот ракопис на финалниот формат на Програмата, препознаен потпис и ракопис лично на министерката за култура?! Зошто културниов колач на почетокот на секоја година мора да создава толку многу горчини и мачнини, толку многу дебати и расправии, веќе толку години по ред?! До методологијата за подготовка ли е работата - за што треба само малку наука и што помалку политика?! Дали до рецептот за изработка е работата - за што требаат само состојки од културата и што помалку зачини од политиката? Дали до главниот мајстор во културната кујна е работата, кој треба само културата да ја има во малиот прст, а показалецот да го има само кога политиката треба да ја држи што подалеку од културата?! До трите важни компоненти е, но најмногу во главната шефица на крајно зачинетата политичка кујна во културата е проблемот, што ваков горчлив колач им се послужува како на корисниците на „денарот во културата“, така и на граѓаните кои го одвојуваат тој денар за културата! П.С. Чудесна е нашава Македонија! И неделава и месециве пред нас, наместо со вистинските животно важни проблеми и вистински културни потреби, ќе се занимаваме со „Уторак“ на Петар Грашо и едно чудо весела, забавна и расположлива култура, како за вторник или за недела попладне!) Навистина ли, за вака бевме?!

The post Бисера бисерот ни го срони appeared first on Република.

]]>