Годишна конференција Archives - Република https://republika.mk/tema/godishna-konferencija/ За подобро да се разбереме Sun, 07 May 2023 20:52:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Годишна конференција Archives - Република https://republika.mk/tema/godishna-konferencija/ 32 32 Годишна конференција на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ „Одлучни за промени“ https://republika.mk/vesti/makedonija/godishna-konferentsija-na-unija-na-zheni-na-vmro-dpmne-odluchni-za-promeni/ Sun, 07 May 2023 10:27:43 +0000 https://republika.mk/?p=637909

Во Македонска филхармонија во Скопје вечерва ќе се одржи 19-тата годишна конференција на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Одлучни за промени“.

Како што најавија од ВМРО - ДПМНЕ, свое обраќање на годишната конференција на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Жаклина Пешевска, претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Годишна конференција на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ „Одлучни за промени“ appeared first on Република.

]]>

Во Македонска филхармонија во Скопје вечерва ќе се одржи 19-тата годишна конференција на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Одлучни за промени“. Како што најавија од ВМРО - ДПМНЕ, свое обраќање на годишната конференција на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Жаклина Пешевска, претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Годишна конференција на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ „Одлучни за промени“ appeared first on Република.

]]>
Обезбедивме сигурност и стабилност на земјата, продолжуваме со нови можности во енергетиката, земјоделството и рамномерниот регионален развој https://republika.mk/vesti/makedonija/obezbedivme-sigurnost-i-stabilnost-na-zemjata-prodolzhuvame-so-novi-mozhnosti-vo-energetikata-zemjodelstvoto-i-ramnomerniot-regionalen-razvoj/ Wed, 01 Feb 2023 07:55:09 +0000 https://republika.mk/?p=603169

На вториот дел од Годишната конференција „Година на нови можности“ на првиот панел посветен на енергетиката, се обрати премиерот Димитар Ковачевски, а беа реализирани вкупно четири панели, на коишто говореа министри, експерти, професори, претставници од невладиниот сектор.

„Зголеменото производство на електрична енергија е основа наредниот период да имаме можно намалување на електричната енергија, истакна претседателот на Владата, Димитар Ковачевски на денешната панел дискусија „Македонија како зелен енергетски хаб - како да се претвори кризата во можност“.

Премиерот Ковачевски потенцираше дека стратегијата на Владата, како и експертите ангажирани во енергетскиот сектор, придонесоа да се зголеми производството на електричната енергија, а со тоа да дојде и до намалување на цената на електричната енергија.

„Минатата година ЕСМ успеа да го зголеми производството на електрична енергија за 20% во однос на претходната година. За оваа година планот е повторно зголемување на производството на електрична енергија. Драго ми е што вчера видовме податок дека во текот на вчерашниот ден се произведени над 21 мегават/час електрична енергија, што е најголемо производство во еден ден во изминатите десет години. И тоа дава основа да може да правиме пресметки врз основа на коишто нема да има зголемување на цената на електричната енергија“ рече премиерот Ковачевски.

Премиерот Ковачевски истакна дека иако очекувањата на сите беа дека ќе има зголемување на цената на електричната енергија на почетокот од годината, со 100% покривање на потребите за електрична енергија за домаќинствата, сметките за малите потрошувачи се намалија за 20%.

„Со менаџирање, Владата не дозволи да има недостатокот од електрична енергија, а со тоа спречи ценовен шок и за граѓаните и за компаниите. Владата минатата година одвои 760 милиони евра, што според податоците од Светска Банка е најголем пакет на антикризни мерки споредено со сите земји од регионот. Со тоа успеавме да ја субвенционираме цената на електрична енергија до 80%. Да не беше таа субвенција, цената на електрична енергија за 600 илјади домаќинства ќе беше пет пати повисока. Малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар, ќе плаќаа три пати повисоки сметки за струја. Од тој аспект сметам дека кризата беше добро менаџирана, бидејќи сите увидовме дека ценовен шок нема и нема да има“, истакна премиерот Ковачевски на панелот.

Премиерот посочи дека инвестициите на Владата во зелената трансформација на земјата се движат во неколку насоки, со што ќе се обезбеди национална енергетска независност, поврзување и диверзификација на енергенси за државата, инвестиции во обновливите извори на енергија, пришто минатата година се инсталирани обновливи извори на енергија над 150 мегавати, што снабдуваат некаде околу 67.000 домаќинства со електрична енергија, унапредување на дистрибутивната и преносната електроенергетска мрежа преку граничното поврзување со сите земји од регионот.

Во рамките на првиот панел се обрати и министерот за економија, Крешник Бектеши, кој кажа дека Владата има зацртана стратешка определба да ја подобри диверзификацијата во снабдувањето со природен гас. Според него, во таа насока е и одлуката на Владата за давање на согласност за вложувањето во ЛНГ Терминалот Александруполис од страна на АД НЕР, како и за интерконекцискиот вод кон Република Грција, чијашто изградба се очекува и да започне во јуни 2023 година и истата да заврши во 2025 година. Бектеши посочи дека останатите две интерконекции, со Србија и со Косово, се во фаза на изработка на проектна документација, односно физибилити студија и стратешка оценка на влијанието на животна средина.

„Исто така со потпишувањето на Договорот за меѓусистемско поврзување за снабдување и дистрибуција на гас на интерконективна точка Ќустендил-Жидилово помеѓу ГА-МА АД и Булгар-транс-газ ЕАД на крајот на минатата година, се овозможи Македонија да може да се снабдува од повеќе извори на гас преку Бугарија. Успеавме да ги зголемиме сегашниот капацитет на гасоводот со Бугарија, со што се ослободија дополнителни капацитети за користење од повеќе снабдувачи и диверзификација на нашите извори на снабдување, како и користење на сите извори што во моментов се присутни пазарот на природен гас во Република Бугарија. Со овој договор се намалува зависноста од руски гас која што ја имаше земјата“, кажа министерот Бектеши.

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски кажа дека во тек e реализација на 12 проекти од страна на АД ЕСМ, кои ќе донесат инсталирана моќност од 1760MW, што е повеќе од постоечката инсталирана моќност на сегашните капацитети на ЕСM, од 1420MW во моментов. А, важно е да се каже дека АД ЕСМ закупи 10% од капацитетот за течен гас во гасниот терминал во Александруполи, Грција, односно 550 милиони м3 течен гас годишно за период од 15 години.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски кажа дека оние што ќе градат фотоволтаични централи и оние кои што веќе изградиле е потребно да инсталираат и батерии за складирање на електрична енергија, така ќе можат да ја користат струјата од Сонцето и во текот на ноќта и ја најави новината за употреба на батерии за складирање при градба на фотонапонски централи.

Професорот Антон Чаушевски кажа дека енергетската криза во Европа и кај нас донесе единствена поука дека, само земјите кои имаат поголемо домашно производство можат да се соочат побезболно со сите предизвици од економскиот и стопанскиот живот.

Претседателот на Македонската енергетска асоцијација, проф. д-р Кочо Анѓушев кажа дека обновливите извори на енергија се иднината во енергетиката, тоа е факт и светски прифатен тренд и правец, односно да се инвестира и во електрани на сонце, и на ветер, на биогас, вода итн.

Во рамките на вториот панел насловен „Надворешна, безбедносна и одбранбена политика, предизвици и можности за обезбедување меѓународна соработка и сигурност“, преку видео-обраќање од Брисел, каде што во својство на Претседавач со ОБСЕ, престојува во посета на НАТО и ЕУ институции, министерот за надворешни работи, Бујар Османи нагласи дека надворешната политика останува фокусирана во реализација на клучната стратешка цел: членство во Европската Унија заклучно со 2030 година. Во тој контекст, врвен приоритет останува негувањето на добрососедските односи, вклучувајќи го и дијалогот со Република Бугарија.

Во однос на Бугарија, имаме искрени намери да го вратиме позитивниот тренд на дијалог и соработка, воспоставен минатата година, иако, на краткорочен план, претстојните избори кај нив се отежнувачка околност за прогрес на билатералните односи. Сепак, остануваме посветени на смирувањето на тензиите и деескалација на вжештената атмосфера, која се огледа и во непропорционалните реакции за еден единствен случај, за кој државата веднаш ги презеде сите потребни мерки за негово расчистување. Важно да не дозволиме провокативни тенденции од двете страни на границата да го киднапираат процесот во насока, што нема да е од интерес за двете држави, рече Османи, додавајќи дека оваа година земјата има исклучителна можност да се докаже како кредибилен партнер на меѓународната заедница, преку претседавањето со ОБСЕ, САД-Јадранската повелба, како и со Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска на панелот се осврна на позицијата на Македонија во однос на безбедносните предизвици во глобални рамки и укажа на придобивките за земјата од членството во Алијансата. „Многупати во периодот по 24 февруари 2022 година го добивав истото прашање – дали Македонија е безбедна? Одговорот, без сомнеж, јасно и гласно кажан е - да. Нашата татковина и денеска заедно со прогресивните земји, здружени од современите вредности и идеали, ја гарантира сопствената безбедност и дава свој придонес кон колективната безбедност во НАТО“, рече министерката Петровска.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски посочи дека 2022 година за МВР беше успешна година со 2,4 тони запленета дрога со вкупна вредност од околу шест милиони евра, со околу 20 тони прекурзори за производство на синтетичка дрога и со рекордни 10,3 тони уништена дрога. Тој потсети дека во 2022 година се сузбиени 15 криминални групи во кои членувале 79 лица, најголемиот број во областа на недозволената трговија со дрога - 12, составени од 51 член, а спречени се вкупно осум меѓународни транспорти, од кои шест на марихуана и по еден на кокаин и хероин.

Борбата против трговијата со дрога и оружје, впрочем како и борбата против корупцијата остануваат меѓу врвните приоритети на МВР и во 2023 година. Ако 2021 година ја завршивме со над 50 отсто зголемување на откривачката функција на полицијата на кривични дела поврзани со корупцијата и спречени коруптивни дејствија во вредност од околу 149 милиони денари, во 2022 година откривме 124 коруптивни кривични дела, за кои кривично се пријавени 164 сторители, со кои била причинета материјална штета, поголема од 227 милиони денари, рече министерот Спасовски.

Деканот на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Свети Климент Охридски“, проф д-р Никола Дујовски истакна дека Македонија е најбезбедна земја во Западен Балкан и продолжува да биде фактор на стабилност во регионот.

Претседателот на Евроатлантскиот совет, Исмет Рамадани порача дека државата со членството во НАТО ја зацврстила својата безбедност и сигурноста на граѓаните.

На третиот панел на тема „Фискални, монетарни и даночни политики во време на криза“, министерот за финансии, Фатмир Бесими потенцираше дека нивото на јавниот долг се намали во услови на криза и дека тоа е под Мастришкиот критериум (60%). „Управувањето со јавни финансии е особен предизвик во услови на турбулентно економско окружување. Експанзивна фискална политика која беше водена во периодот на пандемијата, преку таргетирана поддршка за одржување на ликвидноста на компаниите, зачувување на работните места и социјална помош за невработените и ранливите категории на граѓани, резултираше со пораст на буџетскиот дефицит на 8,1% од БДП во 2020 година, придонесувајќи за нагло зголемување на јавниот долг на 59,7% од БДП, достигнувајќи рекорден јавен долг од 61% во 2021 година, која со континуирана заложба за фискална консолидација можеме да се пофалиме дека заклучно со 31.12.2022 година се спушти на ниво од 57,1% од БДП“, рече министерот Бесими.

Тој потенцира дека ќе се продолжи со напорите за фискална консолидација.

Почнавме реформа за воспоставување современ модерен даночен систем, кој ќе значи праведност, ефикасност, транспарентност и ќе се темели на современи дигитални технологии и иновации, а сето тоа во функција на постигнување на забрзан, инклузивен и одржлив економски раст. Даночната реформа која како концепт ја воспоставивме не значи зголемување на даноци, туку е во насока на проширување на даночната база и ревидирање на даночните ослободување, а кои создаваат нееднаков третман на даночните обврзници, истакна министерот Бесими.

На панелот учествуваше и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, која оцени дека - „од исклучителна важност е да се продолжи со прудентна монетарна политика и фискална политика, втемелени на добро таргетирани и временски ограничени мерки насочени кон најранливите сектори за краткорочно ублажување на ефектите, но уште поважно и на капитални инвестиции, кои ќе го зголемат долгорочниот потенцијал за раст и заедно со структурните реформи ќе ја поддржат трансформацијата на економијата“.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска истакна дека должност на УЈП е да воведе целосна дигитализација на процесите и модернизација на услугите кон даночните обврзници, да се намалат бирократските процедури, а да се зголемува ефективноста и ефикасноста на постапките. „Со тоа, ќе го стегнеме обрачот за неформалната економија, а за формалните бизниси ќе обезбедиме фер пазар и конкуренција“, рече Лукаревска. Таа најави дека за годинава се подготвува процес на издавање, достава и прием на фактура во електронски формат.

Академик Абдулменаф Беџети порача дека фискалната историја од пред еден век па се до денес, вклучувајќи ја и последната инфлациска и енергетска криза ни покажува дека токму големите економски кризи се причина повеќе за забрзување на реформите.

На панелот, се обрати и Глигор Бишев, советник на премиерот, потенцира дека фискалната политика ќе го поддржи соборувањето на инфлацијата преку намалување на буџетскиот дефицит, а истовремено преку алоцирањето на значителни средства за инвестиции во инфраструктурата, таа ќе го поддржи растот и конкурентноста на економијата, што ќе биде оптимален микс кој ќе ги оствари крајните цели на стабилност на цените и позитивен економски раст.

На четвртиот панел „Рамномерен регионален и локален развој и придобивки од новиот систем за субвенции во земјоделство“ беше констатирано дека преку конкретни мерки е стабилизирано и зголемено домашното производство на храна, а инвестирано е и во проекти за рамномерен развој на планските региони и на општините.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски рече дека во 2022 година и во услови на криза, преку конкретни мерки е зголемено домашното производство на храна. За оваа година Николовски најави реформи во системот на субвенционирање во земјоделието. „Новиот модел на субвенционирање е дел од најголемата земјоделска реформа, со која обезбедуваме побрз, поефективен и поефикасен модел за субвенционирање со што ќе го зголемиме домашното производство на храна. Основна субвенција за сите земјоделци која авансно ќе биде исплатена и дополнителна субвенција за оние кои обработуваат значајни култури. Како земја лидер по искористеност на ИПАРД 2 програмата, добивме за 62% зголемен буџет со новата ИПАРД 3 програма, односно 97 милиони евра наменети за модернизација и инвестиции во наредните 7 години“, истакна министерот Николовски.

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов оцени дека владините политики се ориентирани кон граѓаните. „Средствата во Буџетот наменети за рамномерен развој на планските региони и на општините и во услови на криза не беа намалени, напротив, секоја година растат. Во само една година финансиравме 215 проекти. Склучени се договори за финансирање од Буџетот на државата на 150 проекти во општините во сите осум плански региони, седум проекти се финансирани со поддршка на швајцарската Влада, а 58 проекти од ИПА инструментот за прекугранична соработка. Секоја криза е поттик за барање на нови можности, целта е преку реални и конкурентни проекти да ги подобриме услугите и условите за живеење за сите граѓани“, оцени министерот Пенов.

Министерот за дијаспора Џемаил Чупи истакна дека Владата работи на воспоставување на трајни, институционални врски со дијаспората, како значаен ресурс во промовирање и поттикнување на развојот на државата. „Дадовме нов импулс на имплементацијата на Националната стратегија за соработка со дијаспората. Отвораме канцеларии за соработка во 23 општини. Дополнително, во секоја од овие општини ќе биде направено мапирање на дијаспората којашто може да даде свој придонес во развојот на науката и на економијата“, соопшти министерот Чупи.

Според Ленче Николовска, директорка на “Агротим”, во прилог на руралниот развој е и новиот модел на субвенционирање во земјоделството којшто успешно се применува во земјите членки на ЕУ. „Новиот модел на субвенционирање, преку форсирање на договорното производство, поддршка за младите земјоделци, инсистирање на здружувањето на земјоделските производители, модернизирање, дигитализација, поголема контрола на исплатата, авансна исплата е одговор на сите досегашни критики дека субвенциите не се користат правилно, не ги добиваат вистинските земјоделци и немаат развојна компонента. Со овој модел се поттикнува руралниот развој, којшто е еден од клучните приоритети во процесот на нашето интегрирање во Европската Унија“, оцени Николовска.

Со четвртиот панел се заврши дводневната годишна конференција „Година на нови можности“, организирана со цел констатирање на резултатите од работата на Владата во изминатата година и на предизвиците и перспективите на општествено-политички план во претстојната 2023 година.

The post Обезбедивме сигурност и стабилност на земјата, продолжуваме со нови можности во енергетиката, земјоделството и рамномерниот регионален развој appeared first on Република.

]]>

На вториот дел од Годишната конференција „Година на нови можности“ на првиот панел посветен на енергетиката, се обрати премиерот Димитар Ковачевски, а беа реализирани вкупно четири панели, на коишто говореа министри, експерти, професори, претставници од невладиниот сектор. „Зголеменото производство на електрична енергија е основа наредниот период да имаме можно намалување на електричната енергија, истакна претседателот на Владата, Димитар Ковачевски на денешната панел дискусија „Македонија како зелен енергетски хаб - како да се претвори кризата во можност“. Премиерот Ковачевски потенцираше дека стратегијата на Владата, како и експертите ангажирани во енергетскиот сектор, придонесоа да се зголеми производството на електричната енергија, а со тоа да дојде и до намалување на цената на електричната енергија.
„Минатата година ЕСМ успеа да го зголеми производството на електрична енергија за 20% во однос на претходната година. За оваа година планот е повторно зголемување на производството на електрична енергија. Драго ми е што вчера видовме податок дека во текот на вчерашниот ден се произведени над 21 мегават/час електрична енергија, што е најголемо производство во еден ден во изминатите десет години. И тоа дава основа да може да правиме пресметки врз основа на коишто нема да има зголемување на цената на електричната енергија“ рече премиерот Ковачевски.
Премиерот Ковачевски истакна дека иако очекувањата на сите беа дека ќе има зголемување на цената на електричната енергија на почетокот од годината, со 100% покривање на потребите за електрична енергија за домаќинствата, сметките за малите потрошувачи се намалија за 20%.
„Со менаџирање, Владата не дозволи да има недостатокот од електрична енергија, а со тоа спречи ценовен шок и за граѓаните и за компаниите. Владата минатата година одвои 760 милиони евра, што според податоците од Светска Банка е најголем пакет на антикризни мерки споредено со сите земји од регионот. Со тоа успеавме да ја субвенционираме цената на електрична енергија до 80%. Да не беше таа субвенција, цената на електрична енергија за 600 илјади домаќинства ќе беше пет пати повисока. Малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар, ќе плаќаа три пати повисоки сметки за струја. Од тој аспект сметам дека кризата беше добро менаџирана, бидејќи сите увидовме дека ценовен шок нема и нема да има“, истакна премиерот Ковачевски на панелот.
Премиерот посочи дека инвестициите на Владата во зелената трансформација на земјата се движат во неколку насоки, со што ќе се обезбеди национална енергетска независност, поврзување и диверзификација на енергенси за државата, инвестиции во обновливите извори на енергија, пришто минатата година се инсталирани обновливи извори на енергија над 150 мегавати, што снабдуваат некаде околу 67.000 домаќинства со електрична енергија, унапредување на дистрибутивната и преносната електроенергетска мрежа преку граничното поврзување со сите земји од регионот. Во рамките на првиот панел се обрати и министерот за економија, Крешник Бектеши, кој кажа дека Владата има зацртана стратешка определба да ја подобри диверзификацијата во снабдувањето со природен гас. Според него, во таа насока е и одлуката на Владата за давање на согласност за вложувањето во ЛНГ Терминалот Александруполис од страна на АД НЕР, како и за интерконекцискиот вод кон Република Грција, чијашто изградба се очекува и да започне во јуни 2023 година и истата да заврши во 2025 година. Бектеши посочи дека останатите две интерконекции, со Србија и со Косово, се во фаза на изработка на проектна документација, односно физибилити студија и стратешка оценка на влијанието на животна средина.
„Исто така со потпишувањето на Договорот за меѓусистемско поврзување за снабдување и дистрибуција на гас на интерконективна точка Ќустендил-Жидилово помеѓу ГА-МА АД и Булгар-транс-газ ЕАД на крајот на минатата година, се овозможи Македонија да може да се снабдува од повеќе извори на гас преку Бугарија. Успеавме да ги зголемиме сегашниот капацитет на гасоводот со Бугарија, со што се ослободија дополнителни капацитети за користење од повеќе снабдувачи и диверзификација на нашите извори на снабдување, како и користење на сите извори што во моментов се присутни пазарот на природен гас во Република Бугарија. Со овој договор се намалува зависноста од руски гас која што ја имаше земјата“, кажа министерот Бектеши.
Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски кажа дека во тек e реализација на 12 проекти од страна на АД ЕСМ, кои ќе донесат инсталирана моќност од 1760MW, што е повеќе од постоечката инсталирана моќност на сегашните капацитети на ЕСM, од 1420MW во моментов. А, важно е да се каже дека АД ЕСМ закупи 10% од капацитетот за течен гас во гасниот терминал во Александруполи, Грција, односно 550 милиони м3 течен гас годишно за период од 15 години. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски кажа дека оние што ќе градат фотоволтаични централи и оние кои што веќе изградиле е потребно да инсталираат и батерии за складирање на електрична енергија, така ќе можат да ја користат струјата од Сонцето и во текот на ноќта и ја најави новината за употреба на батерии за складирање при градба на фотонапонски централи. Професорот Антон Чаушевски кажа дека енергетската криза во Европа и кај нас донесе единствена поука дека, само земјите кои имаат поголемо домашно производство можат да се соочат побезболно со сите предизвици од економскиот и стопанскиот живот. Претседателот на Македонската енергетска асоцијација, проф. д-р Кочо Анѓушев кажа дека обновливите извори на енергија се иднината во енергетиката, тоа е факт и светски прифатен тренд и правец, односно да се инвестира и во електрани на сонце, и на ветер, на биогас, вода итн. Во рамките на вториот панел насловен „Надворешна, безбедносна и одбранбена политика, предизвици и можности за обезбедување меѓународна соработка и сигурност“, преку видео-обраќање од Брисел, каде што во својство на Претседавач со ОБСЕ, престојува во посета на НАТО и ЕУ институции, министерот за надворешни работи, Бујар Османи нагласи дека надворешната политика останува фокусирана во реализација на клучната стратешка цел: членство во Европската Унија заклучно со 2030 година. Во тој контекст, врвен приоритет останува негувањето на добрососедските односи, вклучувајќи го и дијалогот со Република Бугарија.
Во однос на Бугарија, имаме искрени намери да го вратиме позитивниот тренд на дијалог и соработка, воспоставен минатата година, иако, на краткорочен план, претстојните избори кај нив се отежнувачка околност за прогрес на билатералните односи. Сепак, остануваме посветени на смирувањето на тензиите и деескалација на вжештената атмосфера, која се огледа и во непропорционалните реакции за еден единствен случај, за кој државата веднаш ги презеде сите потребни мерки за негово расчистување. Важно да не дозволиме провокативни тенденции од двете страни на границата да го киднапираат процесот во насока, што нема да е од интерес за двете држави, рече Османи, додавајќи дека оваа година земјата има исклучителна можност да се докаже како кредибилен партнер на меѓународната заедница, преку претседавањето со ОБСЕ, САД-Јадранската повелба, како и со Процесот за соработка во Југоисточна Европа.
Министерката за одбрана Славјанка Петровска на панелот се осврна на позицијата на Македонија во однос на безбедносните предизвици во глобални рамки и укажа на придобивките за земјата од членството во Алијансата. „Многупати во периодот по 24 февруари 2022 година го добивав истото прашање – дали Македонија е безбедна? Одговорот, без сомнеж, јасно и гласно кажан е - да. Нашата татковина и денеска заедно со прогресивните земји, здружени од современите вредности и идеали, ја гарантира сопствената безбедност и дава свој придонес кон колективната безбедност во НАТО“, рече министерката Петровска. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски посочи дека 2022 година за МВР беше успешна година со 2,4 тони запленета дрога со вкупна вредност од околу шест милиони евра, со околу 20 тони прекурзори за производство на синтетичка дрога и со рекордни 10,3 тони уништена дрога. Тој потсети дека во 2022 година се сузбиени 15 криминални групи во кои членувале 79 лица, најголемиот број во областа на недозволената трговија со дрога - 12, составени од 51 член, а спречени се вкупно осум меѓународни транспорти, од кои шест на марихуана и по еден на кокаин и хероин.
Борбата против трговијата со дрога и оружје, впрочем како и борбата против корупцијата остануваат меѓу врвните приоритети на МВР и во 2023 година. Ако 2021 година ја завршивме со над 50 отсто зголемување на откривачката функција на полицијата на кривични дела поврзани со корупцијата и спречени коруптивни дејствија во вредност од околу 149 милиони денари, во 2022 година откривме 124 коруптивни кривични дела, за кои кривично се пријавени 164 сторители, со кои била причинета материјална штета, поголема од 227 милиони денари, рече министерот Спасовски.
Деканот на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Свети Климент Охридски“, проф д-р Никола Дујовски истакна дека Македонија е најбезбедна земја во Западен Балкан и продолжува да биде фактор на стабилност во регионот. Претседателот на Евроатлантскиот совет, Исмет Рамадани порача дека државата со членството во НАТО ја зацврстила својата безбедност и сигурноста на граѓаните. На третиот панел на тема „Фискални, монетарни и даночни политики во време на криза“, министерот за финансии, Фатмир Бесими потенцираше дека нивото на јавниот долг се намали во услови на криза и дека тоа е под Мастришкиот критериум (60%). „Управувањето со јавни финансии е особен предизвик во услови на турбулентно економско окружување. Експанзивна фискална политика која беше водена во периодот на пандемијата, преку таргетирана поддршка за одржување на ликвидноста на компаниите, зачувување на работните места и социјална помош за невработените и ранливите категории на граѓани, резултираше со пораст на буџетскиот дефицит на 8,1% од БДП во 2020 година, придонесувајќи за нагло зголемување на јавниот долг на 59,7% од БДП, достигнувајќи рекорден јавен долг од 61% во 2021 година, која со континуирана заложба за фискална консолидација можеме да се пофалиме дека заклучно со 31.12.2022 година се спушти на ниво од 57,1% од БДП“, рече министерот Бесими. Тој потенцира дека ќе се продолжи со напорите за фискална консолидација.
Почнавме реформа за воспоставување современ модерен даночен систем, кој ќе значи праведност, ефикасност, транспарентност и ќе се темели на современи дигитални технологии и иновации, а сето тоа во функција на постигнување на забрзан, инклузивен и одржлив економски раст. Даночната реформа која како концепт ја воспоставивме не значи зголемување на даноци, туку е во насока на проширување на даночната база и ревидирање на даночните ослободување, а кои создаваат нееднаков третман на даночните обврзници, истакна министерот Бесими.
На панелот учествуваше и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, која оцени дека - „од исклучителна важност е да се продолжи со прудентна монетарна политика и фискална политика, втемелени на добро таргетирани и временски ограничени мерки насочени кон најранливите сектори за краткорочно ублажување на ефектите, но уште поважно и на капитални инвестиции, кои ќе го зголемат долгорочниот потенцијал за раст и заедно со структурните реформи ќе ја поддржат трансформацијата на економијата“. Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска истакна дека должност на УЈП е да воведе целосна дигитализација на процесите и модернизација на услугите кон даночните обврзници, да се намалат бирократските процедури, а да се зголемува ефективноста и ефикасноста на постапките. „Со тоа, ќе го стегнеме обрачот за неформалната економија, а за формалните бизниси ќе обезбедиме фер пазар и конкуренција“, рече Лукаревска. Таа најави дека за годинава се подготвува процес на издавање, достава и прием на фактура во електронски формат. Академик Абдулменаф Беџети порача дека фискалната историја од пред еден век па се до денес, вклучувајќи ја и последната инфлациска и енергетска криза ни покажува дека токму големите економски кризи се причина повеќе за забрзување на реформите. На панелот, се обрати и Глигор Бишев, советник на премиерот, потенцира дека фискалната политика ќе го поддржи соборувањето на инфлацијата преку намалување на буџетскиот дефицит, а истовремено преку алоцирањето на значителни средства за инвестиции во инфраструктурата, таа ќе го поддржи растот и конкурентноста на економијата, што ќе биде оптимален микс кој ќе ги оствари крајните цели на стабилност на цените и позитивен економски раст. На четвртиот панел „Рамномерен регионален и локален развој и придобивки од новиот систем за субвенции во земјоделство“ беше констатирано дека преку конкретни мерки е стабилизирано и зголемено домашното производство на храна, а инвестирано е и во проекти за рамномерен развој на планските региони и на општините. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски рече дека во 2022 година и во услови на криза, преку конкретни мерки е зголемено домашното производство на храна. За оваа година Николовски најави реформи во системот на субвенционирање во земјоделието. „Новиот модел на субвенционирање е дел од најголемата земјоделска реформа, со која обезбедуваме побрз, поефективен и поефикасен модел за субвенционирање со што ќе го зголемиме домашното производство на храна. Основна субвенција за сите земјоделци која авансно ќе биде исплатена и дополнителна субвенција за оние кои обработуваат значајни култури. Како земја лидер по искористеност на ИПАРД 2 програмата, добивме за 62% зголемен буџет со новата ИПАРД 3 програма, односно 97 милиони евра наменети за модернизација и инвестиции во наредните 7 години“, истакна министерот Николовски. Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов оцени дека владините политики се ориентирани кон граѓаните. „Средствата во Буџетот наменети за рамномерен развој на планските региони и на општините и во услови на криза не беа намалени, напротив, секоја година растат. Во само една година финансиравме 215 проекти. Склучени се договори за финансирање од Буџетот на државата на 150 проекти во општините во сите осум плански региони, седум проекти се финансирани со поддршка на швајцарската Влада, а 58 проекти од ИПА инструментот за прекугранична соработка. Секоја криза е поттик за барање на нови можности, целта е преку реални и конкурентни проекти да ги подобриме услугите и условите за живеење за сите граѓани“, оцени министерот Пенов. Министерот за дијаспора Џемаил Чупи истакна дека Владата работи на воспоставување на трајни, институционални врски со дијаспората, како значаен ресурс во промовирање и поттикнување на развојот на државата. „Дадовме нов импулс на имплементацијата на Националната стратегија за соработка со дијаспората. Отвораме канцеларии за соработка во 23 општини. Дополнително, во секоја од овие општини ќе биде направено мапирање на дијаспората којашто може да даде свој придонес во развојот на науката и на економијата“, соопшти министерот Чупи. Според Ленче Николовска, директорка на “Агротим”, во прилог на руралниот развој е и новиот модел на субвенционирање во земјоделството којшто успешно се применува во земјите членки на ЕУ. „Новиот модел на субвенционирање, преку форсирање на договорното производство, поддршка за младите земјоделци, инсистирање на здружувањето на земјоделските производители, модернизирање, дигитализација, поголема контрола на исплатата, авансна исплата е одговор на сите досегашни критики дека субвенциите не се користат правилно, не ги добиваат вистинските земјоделци и немаат развојна компонента. Со овој модел се поттикнува руралниот развој, којшто е еден од клучните приоритети во процесот на нашето интегрирање во Европската Унија“, оцени Николовска. Со четвртиот панел се заврши дводневната годишна конференција „Година на нови можности“, организирана со цел констатирање на резултатите од работата на Владата во изминатата година и на предизвиците и перспективите на општествено-политички план во претстојната 2023 година.

The post Обезбедивме сигурност и стабилност на земјата, продолжуваме со нови можности во енергетиката, земјоделството и рамномерниот регионален развој appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Стратешки го зголемуваме домашното производство на храна и струја https://republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-strateshki-go-zgolemuvame-domashnoto-proizvodstvo-na-hrana-i-struja/ Tue, 31 Jan 2023 07:46:56 +0000 https://republika.mk/?p=602828

За прв пат од независноста на државата, донесовме и низа на системски и стратегиски одлуки и решенија, со коишто, конкретно се насочивме кон стратешко и одржливо домашно производство на храна и стратешко домашно производство на енергија, тргнувајќи од природните потенцијали на нашата земја: плодна земја, сонце, ветар и вода. 

Со овие стратешки политики, овозможуваме, на долг рок, предвидливост во развојот на економијата и независност на државата кога станува збор за достапноста до храна и енергија, порача премиерот Ковачевски, во обраќањето на годишната конференција „Година на нови можности“.

Обновливите извори на енергија веќе се реалност во Европа, што ја следи и Република Сверена Македонија, рече премиерот Ковачевски, кој посочи дека нашата држава ги има природните потенцијали: сонце, ветер и вода, 280 сончеви денови секоја година, што е над европскиот просек, поради што од државата почнавме да создаваме Зелен енергетски центар во Европа.

„Огромен е потенцијалот за изградба на соларни централи и општо и целосно производство на енергија од обновливи извори. Ние како Влада се насочивме и кон обезбедување домашна енергија на овој начин, при што, за само една година, во државава има изградени нови електроцентрали, со над 152 мегавати инсталиран капацитет за производство на струја од обновливи извори.

Регулаторната комисија за енергетика, минатата година издаде 267 дозволи за производство на зелена електрична енергија.

Овие инвестиции имаат значителен придонес во енергетската трансформација и независност.

Овие нови централи што произведуваат струја од сонце, ветер, вода и биогас што се изградени за една година се еднакви со енергетските капацитети кои се граделе со години како ХЕЦ Козјак, ХЕЦ Св.Петка и ветерниот парк Богданци.

Со капацитетите изградени само во 2022 година, може да се покријат потребите на 65.700 домаќинства, со просечна потрошувачка на електрична енергија.

За да знаеме точно и прецизно, со енергијата од обновливите извори инсталирани во 2022 година, може да се задоволат потребите на домаќинствата од шест градови oд земјава: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка и Св.Николе.

И тоа само за 1 година. Вака придонесуваме и кон намалување на цените на електричната енергија. Но и во отворање нови работни места за инженери и за кадри од сродни дејности и услуги; во зелен туризам; во еколошко земјоделство.

Најважно од сѐ е сепак тоа што зелената трансформација ќе овозможи на нашата држава национална енергетска независност и ќе ни даде сигурност за предвидлив развој на економијата.

Конкретно, до крајот на оваа 2023 година, во македонскиот енергетски систем очекуваме да бидат инсталирани околу 300 мегавати од фотонапонски електрани, преку инвестиции со помош на мултилатералните финансиски институции и билатерални кредитори. Заедно со она што беше инсталирано во минатата година ќе имаме инсталиран капацитет од обновливи извори на енергија еднаков на капацитетот кој денес го има РЕК Битола“, рече премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата, Ковачевски, посочи и на системскиот пристап што го постави Владата во обезведувањето храна.

„За прв пат од независноста на државата, оваа Влада се посвети и на приоритетите во земјоделството, за да осигуриме домашно производство на храна. За таа цел донесовме Национален план за производство на храна, со којшто ги поттикнуваме земјоделците да ја употребуваат секоја педа обработливо земјиште. Ова се покажа како вистинска одлука, затоа што веќе имаме зголемени површини за производство на пченица од 15.000 хектари.

Заедно со земјоделците креиравме и нов модел за субвенционирање, со којшто, меѓу другото, ги насочуваме земјоделците кои култури да ги произведуваат, според потребите во државата.

А во 2022 година, успеавме комплетно да ги расчистиме сите заостанати обврски кон земјоделците, со што, за прв пат, оваа 2023 година државата ја започнува без заостанати обврски кон земјоделците“, соопшти премиерот Ковачевски.

Тој укажа дека паралелно со стратешкиот пристап во земјоделството и во енергетиката, Владата презема и конкретни краткорочни мерки, за да ги заштити граѓаните и компаниите од енормните поскапувања на храна и на струја, предизвикани од светската економско-енергетска криза.

„Во рамки на заложбите за заштита на животниот стандард на граѓаните, Владата донесе и одлука за ограничување на маржата на основните прехранбени производи, за да се ограничи растот на цените на храната.

Како поддршка во енергетската криза, од април ја субвенционираме пазарната цена на струјата и тоа со 80 проценти од реалната цена, за сите домаќинства. Да не беше ова субвенционирање, граѓаните би плаќале пет пати повисоки сметки за струја.

Мерката се однесува и за 72.000 микро, мали и средни компании кои вработуваат 98% од работниците во државата и кои се наоѓаат на регулираниот пазар, каде работат најголемиот дел од вработените во државата.

Донесовме и одлука според којашто и основните и средни јавни училишта, компаниите од прехранбената индустрија и јавните претпријатија од областа на водостопанството можат да склучат договор со ЕСМ- Продажба и да имаат поевтина струја.

За прв пат во 70 години ги активиравме сите расположливи национални енергетски капацитети за домашно производство на струја. Дополнително, граѓаните и стопанството можат по поволни услови и многу брзо и ефикасно да постават фотоволтаици.

Никој не очекуваше дека во најкритичниот месец  јануари наместо да увезуваме, ќе извезуваме електрична енергија“, порача премиерот Ковачевски.

„Поставивме јасни економски и европски цели и во тие два правци ќе го унапредуваме развојот на државата. 2023 е година на нови можности, затоа што во 2022-та поставивме здрави основи“, оцени премиерот Ковачевски во обраќањето на Годишната конференција што се одржува во Скопје, посветена на работата на Владата во едногодишниот мандат и на новите предизвици и перспективи.

The post Ковачевски: Стратешки го зголемуваме домашното производство на храна и струја appeared first on Република.

]]>

За прв пат од независноста на државата, донесовме и низа на системски и стратегиски одлуки и решенија, со коишто, конкретно се насочивме кон стратешко и одржливо домашно производство на храна и стратешко домашно производство на енергија, тргнувајќи од природните потенцијали на нашата земја: плодна земја, сонце, ветар и вода.  Со овие стратешки политики, овозможуваме, на долг рок, предвидливост во развојот на економијата и независност на државата кога станува збор за достапноста до храна и енергија, порача премиерот Ковачевски, во обраќањето на годишната конференција „Година на нови можности“. Обновливите извори на енергија веќе се реалност во Европа, што ја следи и Република Сверена Македонија, рече премиерот Ковачевски, кој посочи дека нашата држава ги има природните потенцијали: сонце, ветер и вода, 280 сончеви денови секоја година, што е над европскиот просек, поради што од државата почнавме да создаваме Зелен енергетски центар во Европа.
„Огромен е потенцијалот за изградба на соларни централи и општо и целосно производство на енергија од обновливи извори. Ние како Влада се насочивме и кон обезбедување домашна енергија на овој начин, при што, за само една година, во државава има изградени нови електроцентрали, со над 152 мегавати инсталиран капацитет за производство на струја од обновливи извори. Регулаторната комисија за енергетика, минатата година издаде 267 дозволи за производство на зелена електрична енергија. Овие инвестиции имаат значителен придонес во енергетската трансформација и независност. Овие нови централи што произведуваат струја од сонце, ветер, вода и биогас што се изградени за една година се еднакви со енергетските капацитети кои се граделе со години како ХЕЦ Козјак, ХЕЦ Св.Петка и ветерниот парк Богданци. Со капацитетите изградени само во 2022 година, може да се покријат потребите на 65.700 домаќинства, со просечна потрошувачка на електрична енергија. За да знаеме точно и прецизно, со енергијата од обновливите извори инсталирани во 2022 година, може да се задоволат потребите на домаќинствата од шест градови oд земјава: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка и Св.Николе. И тоа само за 1 година. Вака придонесуваме и кон намалување на цените на електричната енергија. Но и во отворање нови работни места за инженери и за кадри од сродни дејности и услуги; во зелен туризам; во еколошко земјоделство. Најважно од сѐ е сепак тоа што зелената трансформација ќе овозможи на нашата држава национална енергетска независност и ќе ни даде сигурност за предвидлив развој на економијата. Конкретно, до крајот на оваа 2023 година, во македонскиот енергетски систем очекуваме да бидат инсталирани околу 300 мегавати од фотонапонски електрани, преку инвестиции со помош на мултилатералните финансиски институции и билатерални кредитори. Заедно со она што беше инсталирано во минатата година ќе имаме инсталиран капацитет од обновливи извори на енергија еднаков на капацитетот кој денес го има РЕК Битола“, рече премиерот Ковачевски. Претседателот на Владата, Ковачевски, посочи и на системскиот пристап што го постави Владата во обезведувањето храна. „За прв пат од независноста на државата, оваа Влада се посвети и на приоритетите во земјоделството, за да осигуриме домашно производство на храна. За таа цел донесовме Национален план за производство на храна, со којшто ги поттикнуваме земјоделците да ја употребуваат секоја педа обработливо земјиште. Ова се покажа како вистинска одлука, затоа што веќе имаме зголемени површини за производство на пченица од 15.000 хектари. Заедно со земјоделците креиравме и нов модел за субвенционирање, со којшто, меѓу другото, ги насочуваме земјоделците кои култури да ги произведуваат, според потребите во државата. А во 2022 година, успеавме комплетно да ги расчистиме сите заостанати обврски кон земјоделците, со што, за прв пат, оваа 2023 година државата ја започнува без заостанати обврски кон земјоделците“, соопшти премиерот Ковачевски. Тој укажа дека паралелно со стратешкиот пристап во земјоделството и во енергетиката, Владата презема и конкретни краткорочни мерки, за да ги заштити граѓаните и компаниите од енормните поскапувања на храна и на струја, предизвикани од светската економско-енергетска криза. „Во рамки на заложбите за заштита на животниот стандард на граѓаните, Владата донесе и одлука за ограничување на маржата на основните прехранбени производи, за да се ограничи растот на цените на храната. Како поддршка во енергетската криза, од април ја субвенционираме пазарната цена на струјата и тоа со 80 проценти од реалната цена, за сите домаќинства. Да не беше ова субвенционирање, граѓаните би плаќале пет пати повисоки сметки за струја. Мерката се однесува и за 72.000 микро, мали и средни компании кои вработуваат 98% од работниците во државата и кои се наоѓаат на регулираниот пазар, каде работат најголемиот дел од вработените во државата. Донесовме и одлука според којашто и основните и средни јавни училишта, компаниите од прехранбената индустрија и јавните претпријатија од областа на водостопанството можат да склучат договор со ЕСМ- Продажба и да имаат поевтина струја. За прв пат во 70 години ги активиравме сите расположливи национални енергетски капацитети за домашно производство на струја. Дополнително, граѓаните и стопанството можат по поволни услови и многу брзо и ефикасно да постават фотоволтаици. Никој не очекуваше дека во најкритичниот месец  јануари наместо да увезуваме, ќе извезуваме електрична енергија“, порача премиерот Ковачевски. „Поставивме јасни економски и европски цели и во тие два правци ќе го унапредуваме развојот на државата. 2023 е година на нови можности, затоа што во 2022-та поставивме здрави основи“, оцени премиерот Ковачевски во обраќањето на Годишната конференција што се одржува во Скопје, посветена на работата на Владата во едногодишниот мандат и на новите предизвици и перспективи.

The post Ковачевски: Стратешки го зголемуваме домашното производство на храна и струја appeared first on Република.

]]>
Битиќи: Одржливиот економски раст и развој е возможен само со структурни и системски промени какви што спроведува оваа влада https://republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-odrzhliviot-ekonomski-rast-i-razvoj-e-vozmozhen-samo-so-strukturni-i-sistemski-promeni-kakvi-shto-sproveduva-ovaa-vlada/ Tue, 31 Jan 2023 07:35:01 +0000 https://republika.mk/?p=602815

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економски ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, го отвори третиот панел насловен „Инвестиции и економски раст во услови на кризи“ кој се одржа во рамките на годишната владина конференција „Година на нови можности“.

Вицепремиерот Битиќи во првиот дел говореше за клучните економски промени и предизвици со кои се соочи и ги презема оваа Влада.

Еден од клучните предизвици со кој се зафативме и на кој работиме е рестуктурирањето на нашата економија. Во 2018 година беше одобрен планот за економски раст којшто е првата мерка коишто ние како Влада ја поставивме со среднорочна развојна компонентна и којашто секако влијае на менување на реструктуирање на нашата економија. За прв пат тогаш почнавме наместо поддршка на инвестициите и само на странските инвестиции да ги поддржуваме сите видови на инвестиции без разлика дали се тие домашни или странски и можам со гордост да кажам денеска дека навистина имаме што да покажаме како исход на оваа променета политика. Ова покажува дека Владата не е фокусирана само во еден од параметрите во економијата, а тоа е растот на БДП како макроекономска категорија, туку клучно е дали се поддржуваат компаниите, бизнисот, дали бизнисот е спремен да одговори на предизвиците за да го донесе толку посакуваниот раст и развој. Сметам дека особено поддршката во производствениот сектор којшто изминатите пет години го имаме направено значително ја има променето целата структура, истакна Битиќи.

Системската работа, рече вицепремиерот влијае и на рамномерниот регионален развој наспроти креирање на економски кои го продлабочуваат јазот во регионите.

Вицепремиерот во своето обраќање се осврна и на странските директни инвестиции.

Минатата година, според Централната банка имавме 560 милиони евра странски инвестиции и тоа што ме радува е тоа што за тоа користиме нула средства на нашите граѓани за да се промовираме. Има една изрека на англиски, „најдобриот начин за да промовираш и да ги поттикнеш компаниите да инвестираат е добриот збор од уста. Тоа е тоа што го правиме, истакна Битиќи.

На дел од панелот беа и Кире Наумов, директор на Развојна банка на Македонија, Таки Фити, Академик - МАНУ, Илија Господинов од МАСИТ како претставник на Платформата за јавно приватен дијалог, и Бранко Азески потпретседател на Коморско инвестицискиот форум на Западен Балкан, кој се обрати на конференцијата преку видео обраќање.

Во своето видео обраќање тој потенцираше дека формалната соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор е во добра корелација но дека суштински може да се подобри. Тој истакна дека е важно да продолжат реформските процеси како и зголемуњето на регионалната конкурентност, развојот на производството со додадена вредност како и зголемување на квотите за увоз на работна сила.

Согласни сме со ставот на Владата за зголемување на квотите за увоз на работна сила, секако имајќи ги предвид националните интереси но и интересите на бизнис секторот и неговиот развој. На 100 годишнината од постоењето на Стопанската комора на Македонија, донесовме еден суштински документ, тоа е декларацијата за Општествен консензус за економските политики и мерки во наредниот период кој се совпаѓа со Националната развојна стратегија и ќе направиме сè за заедно со Владата да ги усогласиме тие два документи да станат окосница за нашето работење и утврдување на нашите приоритети, истакна Азески.

Во своето обраќање академикот Таки Фити се осврна на Националната развојна стратегија, инклузивниот процес на нејзиното креирање и значење.

Ова е многу значаен, визионерски стратегиски документ за основните развојни правци, предизвици и визии на Република Македонија во сите сфери на општественото живеење. Пристапот мора да биде научен и објективен и да се постигне широк консензус од сите релевантни чинители во Македонија, рече академик Фити.

Тој додаде дека кога МАНУ се вклучила во составувањето на Стратегијата во 2022 година вршела ревизија во студиите, преку актуелизација на податоците.

Извршниот директор на Развојната банка на Република Македонија, Кире Наумов зборуваше за важноста на Развојната Банка како финансиска поддршка на развојот.

За три години пласиравме речиси 300 милиони евра за поддршка на 7.500 проекти. Само во 2022 година пласирани се средства во износ од 107 милиони евра. Пласманите на кредитите се во различни дејности. НОколу 40% се за поддршка на микро, мали и средни компании во производствената дејност. Кредитните линии беа насочени кон поддржување на ликвидноста на компаниите, инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, зачувување и отворање на нови работни места, со што во изминатите три години, се зачуваа околу 40.800 и се отворија околу 1.500 нови работни места.

На оваа тема се осврна и вицепремиерот Битиќи кој потенцираше дека Владата умешно успеа во период на криза Развојната Банка да ја направи најдобрата алатка во финансискиот систем, која воведе нови механизми и инструменти кои би требало да го поддржуваат развојот на нашата земја.

Не само што ја докапитализиравме Развојната банка, туку тие успешно и умешно креираа механизми заедно со Владата во кој ги пилотираа и беа пионери во финансискиот пазар во нашата земја. Во секоја развиена земја токму развојната банка ја има таа улога и сум горд дека и во период на криза тоа го направивме и сметам дека имаме партнер кој го немавме пред пет години, потенцираше Битиќи.

Илија Господинов, претседател на управниот одбор на МАСИТ, како претставник на Платформата за јавно приватен дијалот се осврна на напорите на владата во однос на подобрување на продуктивноста на нашите работници, која секако треба да биде основа за зголемување на аутпутот на бизнисите, и секако на крај на денот да резултира со повисоки плати и повисок стандард за работниците.

Со луѓето кои ги имаме, добро образовани и добро тренирани можеме да постигнеме одлични резултати и веќе ги постигнуваме. Кога зборуваме за продуктивноста мораме двострано да ја гледаме. Продуктивноста на страна на приватниот сектор се покажува со обезбедување на добри услови, продуктивноста на страна на државата мора да биде фокусирана кон темелите за сè да може да расте. А темелите се инфраструктура и образование. Со што ќе се потрудиме да имаме национален пристап за задржување на добрите кадри во земјата, истакна Господинов.

The post Битиќи: Одржливиот економски раст и развој е возможен само со структурни и системски промени какви што спроведува оваа влада appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економски ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, го отвори третиот панел насловен „Инвестиции и економски раст во услови на кризи“ кој се одржа во рамките на годишната владина конференција „Година на нови можности“. Вицепремиерот Битиќи во првиот дел говореше за клучните економски промени и предизвици со кои се соочи и ги презема оваа Влада.
Еден од клучните предизвици со кој се зафативме и на кој работиме е рестуктурирањето на нашата економија. Во 2018 година беше одобрен планот за економски раст којшто е првата мерка коишто ние како Влада ја поставивме со среднорочна развојна компонентна и којашто секако влијае на менување на реструктуирање на нашата економија. За прв пат тогаш почнавме наместо поддршка на инвестициите и само на странските инвестиции да ги поддржуваме сите видови на инвестиции без разлика дали се тие домашни или странски и можам со гордост да кажам денеска дека навистина имаме што да покажаме како исход на оваа променета политика. Ова покажува дека Владата не е фокусирана само во еден од параметрите во економијата, а тоа е растот на БДП како макроекономска категорија, туку клучно е дали се поддржуваат компаниите, бизнисот, дали бизнисот е спремен да одговори на предизвиците за да го донесе толку посакуваниот раст и развој. Сметам дека особено поддршката во производствениот сектор којшто изминатите пет години го имаме направено значително ја има променето целата структура, истакна Битиќи.
Системската работа, рече вицепремиерот влијае и на рамномерниот регионален развој наспроти креирање на економски кои го продлабочуваат јазот во регионите. Вицепремиерот во своето обраќање се осврна и на странските директни инвестиции.
Минатата година, според Централната банка имавме 560 милиони евра странски инвестиции и тоа што ме радува е тоа што за тоа користиме нула средства на нашите граѓани за да се промовираме. Има една изрека на англиски, „најдобриот начин за да промовираш и да ги поттикнеш компаниите да инвестираат е добриот збор од уста. Тоа е тоа што го правиме, истакна Битиќи.
На дел од панелот беа и Кире Наумов, директор на Развојна банка на Македонија, Таки Фити, Академик - МАНУ, Илија Господинов од МАСИТ како претставник на Платформата за јавно приватен дијалог, и Бранко Азески потпретседател на Коморско инвестицискиот форум на Западен Балкан, кој се обрати на конференцијата преку видео обраќање. Во своето видео обраќање тој потенцираше дека формалната соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор е во добра корелација но дека суштински може да се подобри. Тој истакна дека е важно да продолжат реформските процеси како и зголемуњето на регионалната конкурентност, развојот на производството со додадена вредност како и зголемување на квотите за увоз на работна сила.
Согласни сме со ставот на Владата за зголемување на квотите за увоз на работна сила, секако имајќи ги предвид националните интереси но и интересите на бизнис секторот и неговиот развој. На 100 годишнината од постоењето на Стопанската комора на Македонија, донесовме еден суштински документ, тоа е декларацијата за Општествен консензус за економските политики и мерки во наредниот период кој се совпаѓа со Националната развојна стратегија и ќе направиме сè за заедно со Владата да ги усогласиме тие два документи да станат окосница за нашето работење и утврдување на нашите приоритети, истакна Азески.
Во своето обраќање академикот Таки Фити се осврна на Националната развојна стратегија, инклузивниот процес на нејзиното креирање и значење.
Ова е многу значаен, визионерски стратегиски документ за основните развојни правци, предизвици и визии на Република Македонија во сите сфери на општественото живеење. Пристапот мора да биде научен и објективен и да се постигне широк консензус од сите релевантни чинители во Македонија, рече академик Фити.
Тој додаде дека кога МАНУ се вклучила во составувањето на Стратегијата во 2022 година вршела ревизија во студиите, преку актуелизација на податоците. Извршниот директор на Развојната банка на Република Македонија, Кире Наумов зборуваше за важноста на Развојната Банка како финансиска поддршка на развојот.
За три години пласиравме речиси 300 милиони евра за поддршка на 7.500 проекти. Само во 2022 година пласирани се средства во износ од 107 милиони евра. Пласманите на кредитите се во различни дејности. НОколу 40% се за поддршка на микро, мали и средни компании во производствената дејност. Кредитните линии беа насочени кон поддржување на ликвидноста на компаниите, инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, зачувување и отворање на нови работни места, со што во изминатите три години, се зачуваа околу 40.800 и се отворија околу 1.500 нови работни места.
На оваа тема се осврна и вицепремиерот Битиќи кој потенцираше дека Владата умешно успеа во период на криза Развојната Банка да ја направи најдобрата алатка во финансискиот систем, која воведе нови механизми и инструменти кои би требало да го поддржуваат развојот на нашата земја.
Не само што ја докапитализиравме Развојната банка, туку тие успешно и умешно креираа механизми заедно со Владата во кој ги пилотираа и беа пионери во финансискиот пазар во нашата земја. Во секоја развиена земја токму развојната банка ја има таа улога и сум горд дека и во период на криза тоа го направивме и сметам дека имаме партнер кој го немавме пред пет години, потенцираше Битиќи.
Илија Господинов, претседател на управниот одбор на МАСИТ, како претставник на Платформата за јавно приватен дијалот се осврна на напорите на владата во однос на подобрување на продуктивноста на нашите работници, која секако треба да биде основа за зголемување на аутпутот на бизнисите, и секако на крај на денот да резултира со повисоки плати и повисок стандард за работниците.
Со луѓето кои ги имаме, добро образовани и добро тренирани можеме да постигнеме одлични резултати и веќе ги постигнуваме. Кога зборуваме за продуктивноста мораме двострано да ја гледаме. Продуктивноста на страна на приватниот сектор се покажува со обезбедување на добри услови, продуктивноста на страна на државата мора да биде фокусирана кон темелите за сè да може да расте. А темелите се инфраструктура и образование. Со што ќе се потрудиме да имаме национален пристап за задржување на добрите кадри во земјата, истакна Господинов.

The post Битиќи: Одржливиот економски раст и развој е возможен само со структурни и системски промени какви што спроведува оваа влада appeared first on Република.

]]>
Втор ден конференција „Година на нови можности” https://republika.mk/vesti/makedonija/vtor-den-konferentsija-godina-na-novi-mozhnosti/ Tue, 31 Jan 2023 07:29:18 +0000 https://republika.mk/?p=602811

Годишната конференција „Година на нови можности” што ја организира Владата продолжува денеска со панел дискусија на тема „Македонија како зелен енергетски хаб – како да се претвори кризата во можност”.

На овој, прв панел, обраќања ќе имаат премиерот Димитар Ковачевски, како и министерот за економија Крешник Бектеши.

На вториот панел со наслов „Надворешна, безбедносна и одбранбена политика, предизвици и можности за обезбедување меѓународна соработка и сигурност” видео обраќање ќе има министерот за надворешни работи Бујар Османи, а ќе се обратат и министерката за одбрана Славјанка Петровска, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Третиот панел е посветен на фискални, монетарни и даночни политики во време на криза, а како говорник е најавен министерот за финансии Фатмир Бесими. На четвртиот панел „Рамномерен регионален и локален развој и придобивки од новиот систем за субвенции во земјоделство” ќе говорат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

Целта на годишната конференција е преку дискусија да се направи пресек на владините мерки и случувањата во 2022 година, со акцент на идните насоки и визија за новата 2023 година.

The post Втор ден конференција „Година на нови можности” appeared first on Република.

]]>

Годишната конференција „Година на нови можности” што ја организира Владата продолжува денеска со панел дискусија на тема „Македонија како зелен енергетски хаб – како да се претвори кризата во можност”. На овој, прв панел, обраќања ќе имаат премиерот Димитар Ковачевски, како и министерот за економија Крешник Бектеши. На вториот панел со наслов „Надворешна, безбедносна и одбранбена политика, предизвици и можности за обезбедување меѓународна соработка и сигурност” видео обраќање ќе има министерот за надворешни работи Бујар Османи, а ќе се обратат и министерката за одбрана Славјанка Петровска, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Третиот панел е посветен на фискални, монетарни и даночни политики во време на криза, а како говорник е најавен министерот за финансии Фатмир Бесими. На четвртиот панел „Рамномерен регионален и локален развој и придобивки од новиот систем за субвенции во земјоделство” ќе говорат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов. Целта на годишната конференција е преку дискусија да се направи пресек на владините мерки и случувањата во 2022 година, со акцент на идните насоки и визија за новата 2023 година.

The post Втор ден конференција „Година на нови можности” appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Не ни требаат млади луѓе кои ќе глумат возрасни, туку млади луѓе што ќе ги понесат промените https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-ne-ni-trebaat-mladi-lugje-koi-kje-glumat-vozrasni-tuku-mladi-lugje-shto-kje-gi-ponesat-promenite/ Sun, 20 Nov 2022 14:07:39 +0000 https://republika.mk/?p=576094

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ја одржува 31 Годишна конференција, годинава под насловена „Енергија, надеж, иднина“.

Настанот во Македонската филхармонија го отвори претседателот на партијата Христијан Мицкоски. Тој рече дека му е особено чест, бидејќи и своите први чекори ги направил токму во оваа унија.

Тоа се првите наши чекори, првите допири со политиката, првата шанса да се учествува во процесите за менување на реалноста, првите обиди да го дадете вашиот влог кон татковината, првото вистинско запознавање на организацијата во која постои духот на столетната борба за Македонија. Со задоволство се раскажуваат битките за идеите, големата пожртвуваност и преданост кон делото кое кратко се опишува со буквите кои се посебен код за Македонецот и ги изговараме со особена почит и емоција - ВМРО. И ВМРО тогаш и ВМРО-ДПМНЕ денес не би било толку силно, ако го нема потенцијалот, силата на прогресот, идеите срочени во младите. И кога зборувам за Унијата на млади сили не мислам само на младите луѓе како индивидуи подготвени да разменуваат идеи и да реализираат свои креации и замисли, туку и како луѓето кои се идниот столб на партијата во чија најдлабока суштина е развојот на Македонија, иднината на нашата татковина, нашите животи, нашите семејства, емотивно започна Мицкоски.

УМС е и енергија, УМС е и надеж, и УМС мора да биде сигурна иднина.

Иднина за која ќе се избориме и иднина што ќе ја заслужиме. И немојте да живеете со помислата дека постои нешто како незаслужена победа. Таа мора да дојде со многу труд, со многу посветеност и низ еден процес за постојани битки и докажувања, на константен натпревар и вложување. И ќе бидете успешни само доколку бидете свои, ќе бидете носители на развојот само доколку влезете со целото срце и енергија за да го постигнете успехот што го посакувате. Нам не ни требаат луѓе што ќе климаат со главите и ќе го потврдуваат мислењето на соговорникот, туку кои ќе покажат пркос и аргументи, не дебата на голи фрази, туку решителност поткрепена на знаење и идеи. Таквото УМС утре може да ја движи Македонија, потенцира Мицкоски.

Тој рече дека младите ја имаат неговата поддршка во остварувањето на сонот кој треба да прерасне во реалност.

Сосема е извесно дека работите се прекршени и дека одговорноста за државата ќе ѝ припадне на ВМРО-ДПМНЕ и оваа нова генерација која мора да биде подобра од сите претходни во Македонија за да биде успешна.

Не е прашањето дали ќе падне оваа власт, туку кога ќе бидат изборите да се смени. И затоа тоа преземање на одговорност мора да биде одлучно и веднаш да се покажат резултати. Во средиштето на тие промени за подобра иднина се младите и вашата шанса доаѓа. Затоа што доста во оваа држава се зборува за младите, без да им се даде шанса, доста се прават планови за вас - без вас. И затоа е важно младите што помасовно да се вклучат во оваа политичка битка и лично да ги менуваат работите. Не преку други, не да се чека други да се изборат, туку вие со име и со чест да влезете и да се борите за работите што сакате да ги смените. Само така вашиот глас ќе биде погласен, само така промените ќе бидат посилни и само така ќе се избориме за иднината на Македонија. Да се биде млад не е само привилегија, туку и одговорност, неповторлива шанса која мора да ја зграпчите и да ја искористите. Дваесетина години од сега да им кажете на вашите поколенија – да, јас бев дел од генерацијата што ги донесе промените и ја заслужи победата. Само така ќе бидете сопственици на своите победи, заедничкиот успех и носители на времето за кое се борите. Нема поголема загуба од залудно потрошен талент, им порача Мицкоски на младите.

Тој се задржа и на развојот на Македонија од осамостојувањето до денес. Ја нарече апатичен и несигурен човек, пред кого биле големи планови, но го пресретнале големи земјотреси.

Ако независна Македонија овие 32 години беше човек, тој сигурно е човек обземен од апатија и несигурност. Деведесеттите години кога тој човек проодуваше, кога трагаше и мечтаеше за светот покрај него, кога очекуваше големи работи, се случуваа и големите земјотреси, транзицијата и приватизацијата, раскрчмувањето на капиталот, пропаѓањето на компаниите, зародишот на она што денес се вика олигархија, големите и црни денови за нашиот народ. Првата декада од независноста го разора сонот со кој се роди тој човек. Во втората декада дојде воениот конфликт, внесената несигурност и одземената доверба едни меѓу други. Следната декада помина во внесување на омраза, силна фрагментираност и поделеност на тоа општество. Процес на обезличување, деградирање на моралните вредности и една општа апатија како убиец и на најситниот атом кој сака да пружи отпор. Младиот човек кој на почетокот во деведесеттите години сонуваше, денес е изморен од чекање и се чувствува поразен. И не така млад, затоа што 32 години ги помина во живеење на некакви туѓи битки, исполнување на поинакви желби од колективните, исполнувајќи ја туѓата лична среќа, за сметка на заедничката. И затоа велам нема поголема загуба од залудно потрошениот талент. И затоа овие неколку години многу грчевито, многу бавно, но и многу сигурно ја создаваме искрата надеж, која почнува да се распламтува и да гори. Македонија е жива и ќе биде на нозе и да ја вратиме на патот по кој се остварува сонот. И тој пламен треба да биде силен оган на енергијата што ќе ги донесе промените кои ќе ја создадат новата иднина во која веруваме. Да нема повеќе луѓе со залудно истрошен талент, да нема нови млади луѓе што ќе ги разочараме, туку токму младите да се борат заедно со нас, рамо до рамо и заедно да го извојуваме вашиот сон. Кога веќе сите ние ја пропуштивме шансата да се изгради држава за која метчаевме, мојот сон е вашата иднина, вашите верувања и остварување на вашиот сон. Е за ова денес вреди нашата борба. За младите луѓе, заедничката среќа и вредностите во кои веруваме.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ му порача на претседателот на Унијата, Сегеј Попов, дека со неговата целосна поддршка, доверба и благодарност има аманет да ги предводи младите во менувањето на процесите за создавање иднина.

Бидете авангардата, промената што сакате да ја видете. Бидете бестрашни борци за идеалите за кои вреди да се борите. Нам не ни требаат млади луѓе што ќе глумат возрасни, туку млади луѓе што ќе ги носат процесите, баш онакви какви ги замислуваат. Ни треба движење кое ќе ги вклучи обесправените, вредните, понижените од оваа грда реалност, паметните млади умови, на едно место да се истури целиот креативен потенцијал кој ќе биде вложен за казуата за која се бориме. Македонија која нема да биде со забревтан здив, уморна од чекање, фрлена на колена и на маргините како денес, туку Македонија на нозе, со силни чекори напред, која подава рака на оние што вредат, која ќе е колевка на развојот, земја која ќе обезбедува иднина и ќе носи прогрес. Тоа време доаѓа. Тоа време еве го пред нас и за таа цел оваа влада мора да падне. И ќе падне, за да се исправи Македонија. Ќе падне за да оди Македонија напред. Ќе падне за да остане Македонија сочувана и нашиот сон и нашата иднина во неа.

The post Мицкоски: Не ни требаат млади луѓе кои ќе глумат возрасни, туку млади луѓе што ќе ги понесат промените appeared first on Република.

]]>

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ја одржува 31 Годишна конференција, годинава под насловена „Енергија, надеж, иднина“. Настанот во Македонската филхармонија го отвори претседателот на партијата Христијан Мицкоски. Тој рече дека му е особено чест, бидејќи и своите први чекори ги направил токму во оваа унија.
Тоа се првите наши чекори, првите допири со политиката, првата шанса да се учествува во процесите за менување на реалноста, првите обиди да го дадете вашиот влог кон татковината, првото вистинско запознавање на организацијата во која постои духот на столетната борба за Македонија. Со задоволство се раскажуваат битките за идеите, големата пожртвуваност и преданост кон делото кое кратко се опишува со буквите кои се посебен код за Македонецот и ги изговараме со особена почит и емоција - ВМРО. И ВМРО тогаш и ВМРО-ДПМНЕ денес не би било толку силно, ако го нема потенцијалот, силата на прогресот, идеите срочени во младите. И кога зборувам за Унијата на млади сили не мислам само на младите луѓе како индивидуи подготвени да разменуваат идеи и да реализираат свои креации и замисли, туку и како луѓето кои се идниот столб на партијата во чија најдлабока суштина е развојот на Македонија, иднината на нашата татковина, нашите животи, нашите семејства, емотивно започна Мицкоски.
УМС е и енергија, УМС е и надеж, и УМС мора да биде сигурна иднина.
Иднина за која ќе се избориме и иднина што ќе ја заслужиме. И немојте да живеете со помислата дека постои нешто како незаслужена победа. Таа мора да дојде со многу труд, со многу посветеност и низ еден процес за постојани битки и докажувања, на константен натпревар и вложување. И ќе бидете успешни само доколку бидете свои, ќе бидете носители на развојот само доколку влезете со целото срце и енергија за да го постигнете успехот што го посакувате. Нам не ни требаат луѓе што ќе климаат со главите и ќе го потврдуваат мислењето на соговорникот, туку кои ќе покажат пркос и аргументи, не дебата на голи фрази, туку решителност поткрепена на знаење и идеи. Таквото УМС утре може да ја движи Македонија, потенцира Мицкоски.
Тој рече дека младите ја имаат неговата поддршка во остварувањето на сонот кој треба да прерасне во реалност.
Сосема е извесно дека работите се прекршени и дека одговорноста за државата ќе ѝ припадне на ВМРО-ДПМНЕ и оваа нова генерација која мора да биде подобра од сите претходни во Македонија за да биде успешна. Не е прашањето дали ќе падне оваа власт, туку кога ќе бидат изборите да се смени. И затоа тоа преземање на одговорност мора да биде одлучно и веднаш да се покажат резултати. Во средиштето на тие промени за подобра иднина се младите и вашата шанса доаѓа. Затоа што доста во оваа држава се зборува за младите, без да им се даде шанса, доста се прават планови за вас - без вас. И затоа е важно младите што помасовно да се вклучат во оваа политичка битка и лично да ги менуваат работите. Не преку други, не да се чека други да се изборат, туку вие со име и со чест да влезете и да се борите за работите што сакате да ги смените. Само така вашиот глас ќе биде погласен, само така промените ќе бидат посилни и само така ќе се избориме за иднината на Македонија. Да се биде млад не е само привилегија, туку и одговорност, неповторлива шанса која мора да ја зграпчите и да ја искористите. Дваесетина години од сега да им кажете на вашите поколенија – да, јас бев дел од генерацијата што ги донесе промените и ја заслужи победата. Само така ќе бидете сопственици на своите победи, заедничкиот успех и носители на времето за кое се борите. Нема поголема загуба од залудно потрошен талент, им порача Мицкоски на младите.