Со цел обезбедување на континуитетот во доделувањето на традиционалните награди на Друштвото на писателите на Македонија: „Стале Попов“ за прозно дело, „Ацо Шопов“ за збирка поезија, „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади, „Димитар Митрев“ за книга критика и есеистика и „Мост“ за книга напишана на еден од јазиците на националностите, Управниот одбор на ДПМ отвора конкурс за споменатите пет награди за книги објавени во минатата, 2023 г. Поради непостоење на објективни услови, Друштвото на почетокот од оваа година не ги додели петте награди што традиционално ги доделува секоја година од своето основање во 1947 г.
На конкурсот за најдобри книжевни дела објавени во 2023 г. книги можат да поднесат автори на дела или нивните издавачи (со претходна согласност од авторот), а пријавувањето може да се оствари најдоцна до (заклучно со) 5 јули, со достава на три примероци од делото во просториите на ДПМ (од понеделник до петок, од 9 до 17 часот), или со достава на три примероци од делото по пошта, на адреса на ул. „Максим Горки“ бр. 18 во Скопје. Пожелно е до ДПМ да биде испратена и електронска верзија (PDF/DOC фајл) од доставеното дело, на мејл адресата [email protected].
Три важни напомени:
1. Во согласност со Статутот на ДПМ, право на учество на конкурсот имаат сите автори, активни членови на ДПМ што објавиле книга во минатата, 2023 година, и кои заклучно со 6 јули 2024 (сабота, ден по рокот за достава на книгата) ќе ги имаат подмирено своите членарини за 2023 и 2024 година. Списокот со книги пријавени за наградите ќе биде објавен набрзо по затворањето на конкурсот, а наградите за книги објавени во 2023 година ќе бидат доделени оваа есен. (Потоа, новиот конкурс за традиционалните награди на ПДМ за дела објавени во 2024 година ќе биде распишан пред крајот на годината, според вообичаената динамика.)
2. Во однос на наградата „Мост“, потребно е да биде доставено дело објавено двојазично, на изворниот и на македонски јазик, или дело што ќе биде делумно преведено и објавено (на хартија или на веб-страница) најдоцна ден пред затворањето на овој конкурс. За наградата „Мост“ можат да конкурираат прозни дела, збирки поезија, книги за деца и млади и книги со книжевна критика и есеистика. За учество, потребно е да бидат преведени и објавени на македонски јазик најмалку 20 страници од делото (за прозни дела), најмалку 10 песни (за дела напишани во стихови), или најмалку 25% од книгата (за книги за деца и млади). Се предлага преводите да претставуваат смисловни целини (расказ, поглавје, есеј, итн.), да бидат извадени од различни делови/циклуси (доколку делото е поделено на делови/циклуси) и да бидат редактирани од говорител на македонски јазик.
3. За да биде конституирано жири за наградата „Мост“ и оваа награда да биде доделена, на конкурсот треба да пристигнат најмалку три дела објавени во 2023 година од страна на активни членови на ДПМ.
Добитници на годишните награди за ДПМ за 2022 беа Венко Андоновски (роман: „Папокот на светлината“, „ТРИ“), Зоран Пејковски (збирка поезија: „Убавите жени“, „ПНВ публикации“), Ели Маказлиева (книга за деца: „Чудесен дар во годишен календар“, „Едука мак“) и Соња Стојменска-Елзесер (книжевна критика и есеистика: „Книжевен бинокулар“, ИМЛ).
The post Отворен конкурсот за годишни награди на ДПМ за 2023 година appeared first on Република.
]]>The post Отворен конкурсот за годишни награди на ДПМ за 2023 година appeared first on Република.
]]>Видлива е нерамномерна распределба на средства и одобрен број на проекти по издавачи, со очигледно фаворизирање на одредени издавачки куќи, што е хроничен проблем со годишната програма, реагираат од Македонска асоцијација на издавачи (МАИ) откако беа објавени резултатите од Годинашниот конкурс за финансирање проекти од областа на литературата и издавачката дејност на Министерството за култура.
Како здружение кое ги претставува интересите на речиси половина од македонските издавачи, сметаме дека ни е должност јавно да ги истакнеме воочените недостатоци во рамки на резултатите од конкурсот оваа година, велат од МАИ.
Ова се нивните главни забелешки:
1. Минатата година Министерството за култура од МАИ побара да доставиме наши насоки во однос на критериумите за бодување на проектите во областа на издаваштвото. За жал, дел од насоките на МАИ во однос на критериумите, како големина на правниот субјект, присуството и поставеност на пазарот, годините на постоење и бројот на претходно објавени дела не се земени предвид во бодувањето.
2. Видлива е нерамномерна распределба на средства и одобрен број на проекти по издавачи, со очигледно фаворизирање на одредени издавачки куќи, што е хроничен проблем со годишната програма.
3. Постои нееднаква распределба на средствата – одобрените суми многу варираат, а особено зачудува што преводната литература добива поголеми износи во однос на оригиналните дела. Со тоа се поставува прашањето дали повеќе се вреднува трудот на преведувачите отколку на авторите. Ние сметаме дека ако остане системот со бодување, авторските дела треба да носат повеќе бодови и да имаат апсолутна предност пред преводната литература. Просекот на одобрени средства оваа година е на страната на преводите – а тоа не смее да биде случај.
4. Ова погоре ја наметнува потребата да се изготви референтен документ со суми по авторски табак (или страница, сеедно), кој би им овозможил на издавачите да направат точна пресметка и конечно да знаат колку Министерството плаќа за одреден проект.
5. Бодувањето остава многу простор за субјективно доделување, што е најголема забелешка. Во многу случаи се одбивани авторски дела на млади автори и преводи на капитални дела од врвни преведувачи, а поддржани се многу преводи од помлади и неафирмирани преведувачи, зад кои често стојат издавачи кои немаат речиси никаков пласман на своите изданија на пазарот.
6. МАИ бара да се прават исклучоци во однос на бројот на проекти со кои може да учествува еден автор или преведувач. Конкретно, ова се однесува на преводите од македонски на албански јазик за кои има поголем интерес, а има само неколку квалитетни преведувачи.
7. Последната забелешка се однесува на доцнењето на резултатите. Поради промените на раководството во Министерството и оваа година резултатите беа објавени во средината на февруари, најмалку еден месец по законскиот рок за објавување, што издавачите ги става во незавидна положба во однос на времето потребно за реализација на проектите и месечните планови за издавачката продукција.
Помеѓу членките на МАИ видлива е сè подолготрајната и подлабока разочараност од немањето слух на Министерството за култура за најважните прашања, како што е јасниот систем на бодување со земени предвид сите важни критериуми. МАИ активно ги изложува своите ставови со цел да ја избегнеме замката за влегување во апатија и нереагирање на пропустите, нешто што ние како издавачи и претставници на културната јавност не смееме да си го дозволиме, велат од МАИ.
The post Се фаворизираат одредени издавачки куќи, видлива е нерамномерна распределба на средства, реагираат од МАИ на Годишниот конкурс appeared first on Република.
]]>Како здружение кое ги претставува интересите на речиси половина од македонските издавачи, сметаме дека ни е должност јавно да ги истакнеме воочените недостатоци во рамки на резултатите од конкурсот оваа година, велат од МАИ.Ова се нивните главни забелешки: 1. Минатата година Министерството за култура од МАИ побара да доставиме наши насоки во однос на критериумите за бодување на проектите во областа на издаваштвото. За жал, дел од насоките на МАИ во однос на критериумите, како големина на правниот субјект, присуството и поставеност на пазарот, годините на постоење и бројот на претходно објавени дела не се земени предвид во бодувањето. 2. Видлива е нерамномерна распределба на средства и одобрен број на проекти по издавачи, со очигледно фаворизирање на одредени издавачки куќи, што е хроничен проблем со годишната програма. 3. Постои нееднаква распределба на средствата – одобрените суми многу варираат, а особено зачудува што преводната литература добива поголеми износи во однос на оригиналните дела. Со тоа се поставува прашањето дали повеќе се вреднува трудот на преведувачите отколку на авторите. Ние сметаме дека ако остане системот со бодување, авторските дела треба да носат повеќе бодови и да имаат апсолутна предност пред преводната литература. Просекот на одобрени средства оваа година е на страната на преводите – а тоа не смее да биде случај. 4. Ова погоре ја наметнува потребата да се изготви референтен документ со суми по авторски табак (или страница, сеедно), кој би им овозможил на издавачите да направат точна пресметка и конечно да знаат колку Министерството плаќа за одреден проект. 5. Бодувањето остава многу простор за субјективно доделување, што е најголема забелешка. Во многу случаи се одбивани авторски дела на млади автори и преводи на капитални дела од врвни преведувачи, а поддржани се многу преводи од помлади и неафирмирани преведувачи, зад кои често стојат издавачи кои немаат речиси никаков пласман на своите изданија на пазарот. 6. МАИ бара да се прават исклучоци во однос на бројот на проекти со кои може да учествува еден автор или преведувач. Конкретно, ова се однесува на преводите од македонски на албански јазик за кои има поголем интерес, а има само неколку квалитетни преведувачи. 7. Последната забелешка се однесува на доцнењето на резултатите. Поради промените на раководството во Министерството и оваа година резултатите беа објавени во средината на февруари, најмалку еден месец по законскиот рок за објавување, што издавачите ги става во незавидна положба во однос на времето потребно за реализација на проектите и месечните планови за издавачката продукција.
Помеѓу членките на МАИ видлива е сè подолготрајната и подлабока разочараност од немањето слух на Министерството за култура за најважните прашања, како што е јасниот систем на бодување со земени предвид сите важни критериуми. МАИ активно ги изложува своите ставови со цел да ја избегнеме замката за влегување во апатија и нереагирање на пропустите, нешто што ние како издавачи и претставници на културната јавност не смееме да си го дозволиме, велат од МАИ.
The post Се фаворизираат одредени издавачки куќи, видлива е нерамномерна распределба на средства, реагираат од МАИ на Годишниот конкурс appeared first on Република.
]]>Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешната прес-конференција рече дека буџетот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2022 година изнесува 1.053.000.000 денари. Најмногу средства за оваа годишна програма се издвоени за музичка, издавачка и драмската дејност. Резултатите од годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2022 година се објавени на веб-страницата на Министерството за култура.
Тоа е, како што рече, 66 милиони денари повеќе за оваа намена од средствата што беа на располагање за проектите за 2021 година.
Оваа година конкурсот за првпат беше реализиран преку електронска апликација. Во системот се евидентирани 3.769 валидни пријави кои автоматски добија архивски број.
Како што посочи министерката, преку националните установи од областа за заштита на недвижното културно наследство за 2022 година од областа на културата доделени се вкупно 80.674.188 денари за реализација на бројни проекти за заштита на културното наследство.
Од областа на Музејска дејност и заштита на нематеријално културно наследство за 2022 година во програмата 24 национални установи вкупно додеделени се 24.723.200 денари, а се предвидени бројни проекти, како што е конзервација и реставрација на 122 ликовни дела, слики, цртежи и акварел од спомен куќата на Лазар Личеноски, реализација на проект за конзервација и реставрација на делата од коелкцијата на НУ Музеј на современа уметност, опремување на изложбен простор во споменикот Илинден односно Македониумот, подводни археолошки и интердисциплинарни истражувања на локалитетот Врвиник во Струга, заштитни археолошки истражувања на локалитетот во Валандово и други.
Од областа на издаваштвото, согласно приоритетите, Костадиновска-Стојчевска рече дека членовите на Комисијата акцентот го ставија на проекти на домашни автори, пред се жени автори, млади автори, квалитетни проекти на автори кои досега не биле поддржани, но и поддршка на лицата коишто досега не користеле буџетски средства.
На проектите се вклучени и лица со посебни потреби, како и маргинализирани групи. Се внимавало да бидат застапени повеќе жанрови, како и повеќејазични, но и двојазични изданија.
Во системот се евидентирани 3.769 валидни пријави кои автоматски добија архивски број. По административната проверка на доставената документација службите констатираа дека поголем број од пријавените, речиси две третини се пополнети со техничлки пропусти. Од тие причини, рокот за пријавување беше два пати продолжен. Тоа подразбираше дека резултатите од конкурсот ќе бидат објавени наместо да 20 јануари, најдоцна до средината на февруари, рече министерката.
Министерката додаде дека им е дадена предност на домашната жива култура, а запазени се и други приоритети, односно дадена е поддршка на проекти на млади, на проекти наменети за деца или лица со псоебни потреби. Комисиите внимавале да поддржат проекти и на апликанти кои досега не користеле средства од буџетот на Министерството.
Костадиновска-Стојчевска рече дека се поддржани и голем број проекти во кои до израз доаѓа интеркултурноста, а еднакво се водело сметка и за родовата застепеност.
The post За проекти од национален интерес во културата 1,053 милијарда денари: Најмногу добија музичката дејност и издаваштвото appeared first on Република.
]]>Во системот се евидентирани 3.769 валидни пријави кои автоматски добија архивски број. По административната проверка на доставената документација службите констатираа дека поголем број од пријавените, речиси две третини се пополнети со техничлки пропусти. Од тие причини, рокот за пријавување беше два пати продолжен. Тоа подразбираше дека резултатите од конкурсот ќе бидат објавени наместо да 20 јануари, најдоцна до средината на февруари, рече министерката.Министерката додаде дека им е дадена предност на домашната жива култура, а запазени се и други приоритети, односно дадена е поддршка на проекти на млади, на проекти наменети за деца или лица со псоебни потреби. Комисиите внимавале да поддржат проекти и на апликанти кои досега не користеле средства од буџетот на Министерството. Костадиновска-Стојчевска рече дека се поддржани и голем број проекти во кои до израз доаѓа интеркултурноста, а еднакво се водело сметка и за родовата застепеност.
The post За проекти од национален интерес во културата 1,053 милијарда денари: Најмногу добија музичката дејност и издаваштвото appeared first on Република.
]]>