Глигор Кондовски Archives - Република https://republika.mk/tema/gligor-kondovski/ За подобро да се разбереме Thu, 02 May 2024 14:06:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Глигор Кондовски Archives - Република https://republika.mk/tema/gligor-kondovski/ 32 32 Глигор Кондовски има нов албум „Floating Steps“ https://republika.mk/scena/muzika/gligor-kondovski-ima-nov-album-floating-steps/ Thu, 02 May 2024 14:46:32 +0000 https://republika.mk/?p=773463

Македонскиот издавач „Аксиома“ го објави албумот „Floating Steps“ на нашиот експериментален виолинист-музичар Глигор Кондовски.

Ова ќе биде веќе четврти албум на „Аксиома“, која е асоцијација за културна соработка и истражување, а од неодамна влезе во издавачки води и потајно навива македонската авангардна или „терсене“ музика да стане идеја-водилка на сите уметности.

Овој електроакустичен албум, достапен на Бендкемп, има осум теми кои Глигор Кондовски ги изведува преку волина, нотатон (ксилофон) и електроника.

Дизајнот на корицата на изданието е на Ѓорче Ставрески, додека извршен продуцент е Вангел Ноневски. Тој го пишуваше и критичкиот текст пропратен со албумот, кој го објавуваме во целост:

„За овој албум Глигор Кондовски – македонскиот експериментален виолинист, композитор и мултимедијален уметник – вели дека е посветен на мигрантите. Се работи за композиции кои претставуваат мали приказни (вињети) за луѓето кои се присилени да ги напуштат своите домови, во потрага по подобар живот. Бидејќи воедно се работи за замислена театарска музика, секоја композиција има своја микроприказна, во обид на соединување на композициите со одреден наратив кој би произлегол од нивната поврзаност со слики, кадри, кратки филмови. Имајќи го тоа предвид, тешко може да се оттргнеме од иницијалниот впечаток дека оваа музика треба да ја слушаме надвор од нејзината замислена/претпоставена намена. Можеби така е подобро. Можеби благото насочување на вниманието на слушателот во конкретна насока ќе го натера креативниот ангажман на слушањето да прифати едно ограничување на интерпретацијата, која, пак, на тој начин ќе може слободно да маневрира во зададените рамки и да го наградува слушателот со сцени иницирани од музика.

Современата импровизирана музика (за оние кои сакаат да ги избегнат неретко помпезните и претенциозни конотации на зборот „џез“) секогаш сака да си поигрува со ортодоксната намена на музичките инструменти; со нивната удобна вкотвеност во рамки на еден однапред зададен терк, жанр, стил, форма, намена… Првото име кое најчесто паѓа на памет во контекст на виолината и нејзината „отуѓена“ намена е Лирој Џенкинс од неконвенционалното фри џез трио Revolutionary Ensemble, најпрочуено во периодот на 1970-тите години. А Мет Манери, Фред Лонберг-Холм и Ерик Фридлендер се некои од имињата на современата сцена кои најчесто се поврзуваат со експерименталната употреба на гудачките инструменти. Убавината на слободниот музички израз е препознавањето на празнината во инструментот која во него отсекогаш постоела и која секогаш ќе продолжи да постои. Ниту еден инструмент не е имун на негово пренаменување за аудитивни екскурзии кои биле непоимливи во периодот кога тој првично бил конструиран и навикнат да се користи во рамки на една музичка традиција. Можете да ги искинете жиците свирејќи Европска класична музика, но потенцијата во виолината (или во кој било друг инструмент) да се пронајдат можности за трансцеденција на нејзината „предодредена“ намена секогаш се промолкнува. Тоа е она што Виктор Шкловски го нарекува застранување или одвикнување од вообичаеноста. Во овој контекст, да се застрани или да се покори задушеноста од навиката во доменот на виолината подразбира да се отвори креативноста во еден нов дијапазон на можности кои дотогаш биле непрепознатливи заради нејзината удобна вдоменост во обичајноста. Да се пронајде нова намена, нов модалитет на креативноста додека се свири „терсене“ – ова, според Шкловски, е само една од убавините на застранувањето.

Иако Кондовски несомнено може да се споредува со Џенкинс, Манери и останатите експериментални џез гудачи, бидејќи досега има издавано албуми кои глатко се вклопуваат во фри импров идиомот (на пример, неговите три трио албуми со Дробицки и Омерагиќ и особено неодамна издадениот албум на македонската фри џез супергрупа – Macedonian Free Society), сепак, на овој албум Кондовски тргнува во една чудна, „Шкловсковска“ електроакустична џез авантура. Ова е албум кој го наметнува впечатокот дека музичарот почувствувал потреба да ја пополни ограниченоста на својот инструмент со електронски звуци кои се така конструирани (soundscapes, found sound), што помислувате дека отсекогаш требало да бидат споени како меѓусебно надополнувачки.

На овој албум честопати ќе чуете амбиентални заднини во темите, семплувани или синтетизирани звуци кои потсетуваат на игли и шајки кои паѓаат врз некаква груба метална површина. Таков е случајот во „Криви бранови“, каде, по извесно време, гудалото неконтролирано се препушта на гравитацијата и паѓа врз жиците на виолината, гребејќи ги и обидувајќи се да воспостави некаков слободен дијалог со електронската заднина. „Мелодија на толпата“ започнува со тажна мелодија која постапно преоѓа во репетитивен дрон. Во заднина се слуша некаква врева, гужва, туркање… веројатно мигранти на граница. Потоа повторно се враќа главниот мотив. Тоа е воведната композиција-скеч која треба да го навести она што претстои. „Таа ноќ“ е „најфилмското“ парче музика на овој албум. Слушајќи ја композицијата се добива впечаток дека зад затворени врати „се крчка“ некоја интрига. Филмската приказна е препознатлива и во темата „Патека низ шумата“ која има најоптимистичен звук и чувство. Ретки се музичарите кои можат со звук/музика/интегрирани семплови да доловат впечаток на активност. Насловната „Пловечки чекори“ започнува со семплувани звуци на чекори кои ниту пловат, ниту лебдат, како што сугерира насловот. Тензичните звуци (бодежи на тонови) на виолината го доловуваат впечатокот на пловечки чекори отпосле. „Самозадоволност“ е неокласична композиција со крцкаво поставена електронска заднина, која на крајот се преобразува во звучен ѕид со продорен длабок тон. „Остатоци“, како што сугерира наслов, е фрагментирано парче музика; фри импров превод на некоја авангардна електронска музика од преминот на XX во XXI век. Она што останува од тој замислен превод е остаток, без можност за негова интеграција. Конечно, во последната композиција „Сите си заминаа“ повторно слушаме игли и шајки кои како лајтмотив се враќаат да го озвучат тажното финале на патот на мигрантите.

Ова е албум за љубители на слободна, експериментална, авангардна и, што е најбитно, импровизирана музика, отсвирена во една виртуелна инструментариумска лабораторија која прилега на времето во која е создадена, но и на времето-просторот кој допрва би можеле да го посведочиме. Синтагмата „би можеле“ веројатно најсоодветно ја погаѓа суштината на албумот Пловечки чекори: сѐ е на дофат на можното кога оставаме аудитивната фантазија да биде главната водилка во креативниот процес. Уживајте во звукот!“, стои во текстот придружен со албумот.

The post Глигор Кондовски има нов албум „Floating Steps“ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот издавач „Аксиома“ го објави албумот „Floating Steps“ на нашиот експериментален виолинист-музичар Глигор Кондовски. Ова ќе биде веќе четврти албум на „Аксиома“, која е асоцијација за културна соработка и истражување, а од неодамна влезе во издавачки води и потајно навива македонската авангардна или „терсене“ музика да стане идеја-водилка на сите уметности. Овој електроакустичен албум, достапен на Бендкемп, има осум теми кои Глигор Кондовски ги изведува преку волина, нотатон (ксилофон) и електроника. Дизајнот на корицата на изданието е на Ѓорче Ставрески, додека извршен продуцент е Вангел Ноневски. Тој го пишуваше и критичкиот текст пропратен со албумот, кој го објавуваме во целост: „За овој албум Глигор Кондовски – македонскиот експериментален виолинист, композитор и мултимедијален уметник – вели дека е посветен на мигрантите. Се работи за композиции кои претставуваат мали приказни (вињети) за луѓето кои се присилени да ги напуштат своите домови, во потрага по подобар живот. Бидејќи воедно се работи за замислена театарска музика, секоја композиција има своја микроприказна, во обид на соединување на композициите со одреден наратив кој би произлегол од нивната поврзаност со слики, кадри, кратки филмови. Имајќи го тоа предвид, тешко може да се оттргнеме од иницијалниот впечаток дека оваа музика треба да ја слушаме надвор од нејзината замислена/претпоставена намена. Можеби така е подобро. Можеби благото насочување на вниманието на слушателот во конкретна насока ќе го натера креативниот ангажман на слушањето да прифати едно ограничување на интерпретацијата, која, пак, на тој начин ќе може слободно да маневрира во зададените рамки и да го наградува слушателот со сцени иницирани од музика. Современата импровизирана музика (за оние кои сакаат да ги избегнат неретко помпезните и претенциозни конотации на зборот „џез“) секогаш сака да си поигрува со ортодоксната намена на музичките инструменти; со нивната удобна вкотвеност во рамки на еден однапред зададен терк, жанр, стил, форма, намена… Првото име кое најчесто паѓа на памет во контекст на виолината и нејзината „отуѓена“ намена е Лирој Џенкинс од неконвенционалното фри џез трио Revolutionary Ensemble, најпрочуено во периодот на 1970-тите години. А Мет Манери, Фред Лонберг-Холм и Ерик Фридлендер се некои од имињата на современата сцена кои најчесто се поврзуваат со експерименталната употреба на гудачките инструменти. Убавината на слободниот музички израз е препознавањето на празнината во инструментот која во него отсекогаш постоела и која секогаш ќе продолжи да постои. Ниту еден инструмент не е имун на негово пренаменување за аудитивни екскурзии кои биле непоимливи во периодот кога тој првично бил конструиран и навикнат да се користи во рамки на една музичка традиција. Можете да ги искинете жиците свирејќи Европска класична музика, но потенцијата во виолината (или во кој било друг инструмент) да се пронајдат можности за трансцеденција на нејзината „предодредена“ намена секогаш се промолкнува. Тоа е она што Виктор Шкловски го нарекува застранување или одвикнување од вообичаеноста. Во овој контекст, да се застрани или да се покори задушеноста од навиката во доменот на виолината подразбира да се отвори креативноста во еден нов дијапазон на можности кои дотогаш биле непрепознатливи заради нејзината удобна вдоменост во обичајноста. Да се пронајде нова намена, нов модалитет на креативноста додека се свири „терсене“ – ова, според Шкловски, е само една од убавините на застранувањето. Иако Кондовски несомнено може да се споредува со Џенкинс, Манери и останатите експериментални џез гудачи, бидејќи досега има издавано албуми кои глатко се вклопуваат во фри импров идиомот (на пример, неговите три трио албуми со Дробицки и Омерагиќ и особено неодамна издадениот албум на македонската фри џез супергрупа – Macedonian Free Society), сепак, на овој албум Кондовски тргнува во една чудна, „Шкловсковска“ електроакустична џез авантура. Ова е албум кој го наметнува впечатокот дека музичарот почувствувал потреба да ја пополни ограниченоста на својот инструмент со електронски звуци кои се така конструирани (soundscapes, found sound), што помислувате дека отсекогаш требало да бидат споени како меѓусебно надополнувачки. На овој албум честопати ќе чуете амбиентални заднини во темите, семплувани или синтетизирани звуци кои потсетуваат на игли и шајки кои паѓаат врз некаква груба метална површина. Таков е случајот во „Криви бранови“, каде, по извесно време, гудалото неконтролирано се препушта на гравитацијата и паѓа врз жиците на виолината, гребејќи ги и обидувајќи се да воспостави некаков слободен дијалог со електронската заднина. „Мелодија на толпата“ започнува со тажна мелодија која постапно преоѓа во репетитивен дрон. Во заднина се слуша некаква врева, гужва, туркање… веројатно мигранти на граница. Потоа повторно се враќа главниот мотив. Тоа е воведната композиција-скеч која треба да го навести она што претстои. „Таа ноќ“ е „најфилмското“ парче музика на овој албум. Слушајќи ја композицијата се добива впечаток дека зад затворени врати „се крчка“ некоја интрига. Филмската приказна е препознатлива и во темата „Патека низ шумата“ која има најоптимистичен звук и чувство. Ретки се музичарите кои можат со звук/музика/интегрирани семплови да доловат впечаток на активност. Насловната „Пловечки чекори“ започнува со семплувани звуци на чекори кои ниту пловат, ниту лебдат, како што сугерира насловот. Тензичните звуци (бодежи на тонови) на виолината го доловуваат впечатокот на пловечки чекори отпосле. „Самозадоволност“ е неокласична композиција со крцкаво поставена електронска заднина, која на крајот се преобразува во звучен ѕид со продорен длабок тон. „Остатоци“, како што сугерира наслов, е фрагментирано парче музика; фри импров превод на некоја авангардна електронска музика од преминот на XX во XXI век. Она што останува од тој замислен превод е остаток, без можност за негова интеграција. Конечно, во последната композиција „Сите си заминаа“ повторно слушаме игли и шајки кои како лајтмотив се враќаат да го озвучат тажното финале на патот на мигрантите. Ова е албум за љубители на слободна, експериментална, авангардна и, што е најбитно, импровизирана музика, отсвирена во една виртуелна инструментариумска лабораторија која прилега на времето во која е создадена, но и на времето-просторот кој допрва би можеле да го посведочиме. Синтагмата „би можеле“ веројатно најсоодветно ја погаѓа суштината на албумот Пловечки чекори: сѐ е на дофат на можното кога оставаме аудитивната фантазија да биде главната водилка во креативниот процес. Уживајте во звукот!“, стои во текстот придружен со албумот.

The post Глигор Кондовски има нов албум „Floating Steps“ appeared first on Република.

]]>
Изложба на уметничка фотографија во Битола „Импровизации“ на Глигор Кондовски https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-umetnichka-fotografija-vo-bitola-improvizatsii-na-gligor-kondovski/ Tue, 30 Apr 2024 08:49:59 +0000 https://republika.mk/?p=772496

Во организација на Младински културен центар – Битола (МКЦ-Битола) денеска ќе биде отворена изложбата на уметничка фотографија „Импровизации“ на Глигор Кондовски.

Изложбата ќе биде поставена во кафе барот Порта Џез во Битола, а е посветена на мултимедијалниот македонски уметник, продуцент и автор Мирко Попов (1972 – 2024).

Фотографиите се сценски фотографии во вид на комбинирано спојување меѓу визуелна и аудитивна (музичка) импровизација специфична за џез музиката. Фотографиите се направени од фестивалите: ПМГ Рекордингс и Крај Вардарот Џез.

Проектот на МКЦ-Битола, Урбана Агенда – поддршка на независната културна сцена е финансиран од Швајцарската Амбасада во Скопје.

 

The post Изложба на уметничка фотографија во Битола „Импровизации“ на Глигор Кондовски appeared first on Република.

]]>

Во организација на Младински културен центар – Битола (МКЦ-Битола) денеска ќе биде отворена изложбата на уметничка фотографија „Импровизации“ на Глигор Кондовски. Изложбата ќе биде поставена во кафе барот Порта Џез во Битола, а е посветена на мултимедијалниот македонски уметник, продуцент и автор Мирко Попов (1972 – 2024). Фотографиите се сценски фотографии во вид на комбинирано спојување меѓу визуелна и аудитивна (музичка) импровизација специфична за џез музиката. Фотографиите се направени од фестивалите: ПМГ Рекордингс и Крај Вардарот Џез. Проектот на МКЦ-Битола, Урбана Агенда – поддршка на независната културна сцена е финансиран од Швајцарската Амбасада во Скопје.  

The post Изложба на уметничка фотографија во Битола „Импровизации“ на Глигор Кондовски appeared first on Република.

]]>
Концерт на Светлост и Глигор Кондовски вечерва во СЦ Дуња https://republika.mk/scena/muzika/kontsert-na-svetlost-i-gligor-kondovski-vecherva-vo-sts-duna/ Sat, 09 Mar 2024 13:27:38 +0000 https://republika.mk/?p=752982

Авангардниот виолинист Глигор Кондовски од 2009 година ја гради својата импресивна дискографија, првенствено за ШАРЛА и ПМГЏезз. Кондовски (кој работи и под псевдонимот earstwhilesound) е музички камелеон, кој со својот придонес во низа различни и разноврсни проекти тивко се гради во еден од најзначајните чинители на современата сцена.

СВЕТЛОСТ е обредна панк-џез дружина. Од својот деби концерт во Дуња, (2017 година) каде го свират материјалот што ќе стане албумот „Џез за работничката класа“, редовно се враќаат во својот духовен дом, каде секогаш презентираат нова, звучно и политички предизвикувачка програма.

 

Глигор Кондовски [виолина / електроника] Нинослав Спировски [кларинет / сопран и тенор саксофон] Кристијан Новковски [тапани] Дени Омерагиќ [контрабас / електроника]

Почеток: 21:00 часот

Влезница: препорачана донација за уметниците

The post Концерт на Светлост и Глигор Кондовски вечерва во СЦ Дуња appeared first on Република.

]]>

Авангардниот виолинист Глигор Кондовски од 2009 година ја гради својата импресивна дискографија, првенствено за ШАРЛА и ПМГЏезз. Кондовски (кој работи и под псевдонимот earstwhilesound) е музички камелеон, кој со својот придонес во низа различни и разноврсни проекти тивко се гради во еден од најзначајните чинители на современата сцена. СВЕТЛОСТ е обредна панк-џез дружина. Од својот деби концерт во Дуња, (2017 година) каде го свират материјалот што ќе стане албумот „Џез за работничката класа“, редовно се враќаат во својот духовен дом, каде секогаш презентираат нова, звучно и политички предизвикувачка програма.   Глигор Кондовски [виолина / електроника] Нинослав Спировски [кларинет / сопран и тенор саксофон] Кристијан Новковски [тапани] Дени Омерагиќ [контрабас / електроника] Почеток: 21:00 часот Влезница: препорачана донација за уметниците

The post Концерт на Светлост и Глигор Кондовски вечерва во СЦ Дуња appeared first on Република.

]]>
Самостојна изложба на Глигор Кондовски во КСП Центар Јадро https://republika.mk/vesti/kultura/samostojna-izlozhba-na-gligor-kondovski-vo-ksp-tsentar-jadro/ Tue, 31 Oct 2023 11:01:29 +0000 https://republika.mk/?p=696627

На втори ноември, четврток, во 20 часот, во КСП Центар Јадро ќе биде отворена самостојната изложба на Глигор Кондовски „Импровизации“. На отворањето на изложбата настапува џез трио: Глигор Кондовски – виолина, Владан Дробицки – тромбон, Дени Омерагиќ – контрабас. Изложбата ќе ја отвори Мирко Попов.

„Во овој фотографски момент, Глигор ја поставува фотографијата на ниво на класичната визуелна техника. Медиумот е граница, но ликовниот израз е високата визуелна точка на вкрстување на сите технички патувања. Слободниот дух и слободната рака во овој случај го одвеле уметникот на најнеочекуваните фотографски надминувања, додека слободата како апсолут во сите сфери од животот ја носи и како ангажирана идеја овојј современ уметник. Овие фотографии поставуваат прашања: што е слобода, ги преиспитува границите на слободата, односот на современиот човек кон слободата, како и тоа што е внатрешна ,а што надворешна слобода?“, вели за изложбата ликовниот уметник Билјана Билбилоска.

Кондовски (1980) дипломира на Факултетот за музичка уметност, вокално- интрументален оддел, отсек виолина. Дипломира на вториот Факултет за драмски умености при Тетовскиот универзитет, филмска и ТВ режија. Магистрира на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Филмско и ТВ сценарио. Моментално е вработен како наставник по виолина во ДМУ “Тодор Скаловски - Тетоец” во Тетово. Во 2008 година негова композиција “Green dance” е во компилационо цд под наслов “Imamo dobro glasbo” издадено преку радио Вал202 при РТВ Словенија. Во 2014 година учествува со експериментален филм “Рестарт” на Микорарт фестивал во Белград, Србија. Во 2016 на Festival u Slavonski brod, Croatia. Во 2016 на Indipendent European Cinema, во Нови Сад, Р. Србија. Во 2017 на Студентски филмски фестивал “New wave” Софија, Р. Бугарија. Во 2019 со филмот “Попладневни малини” учествува на државен филмски фестивал во Крушево, на Вива фестивал во Сараево, Босна и Херцеговина и на “Inshort fest” во Нигерија. Прва самостојна изложба на фотографии насловена како “Обични профили” ја прави во Смедеревска паланка, Р. Србија, во 2018 година како и дел на мои фотографии учествуваа на: Изложба на фотографии во Музеј на Современа уметност и ЕУ Инфо Центар во склоп на проект “Денови на разноликоста”, 2017. Самостојна изложба под наслов на фотографии: “Тетовски Џез моменти”, 2019 со поддршка на Министерство за култура. Самостојна изложба на фотографии под наслов: “На сцена”, 2020 со поддршка на Министерство за култура. Самостојна изложба на фотографии под наслов: “Сфера” со поддршка на Министерство за култура, 2021 година. Во 2020 го издава музичкиот албум: “here” под македонскиот лејбел “Шарла”, после тоа за истиот лејбел ги издава албумите: “Беседа” за соло виолина импровизација и “hover”, 2021 година. После тоа за ПМГ ЏЕЗ го издава албумот: “Nightscape”, во 2021 заедно со џез тромбонистот Владан Дробицки, и во 2022 година за истата дискографска куќа го издава албумот: “Разгледи” заедно со Марија Каева – вокал, Владан Дробицки – Тромбон. Со композицијата “Once upon a train” учествува на една компилација наречена “Клавирско небо” во Р. Србија, 2021 година. Во 2022 го издава соло албумот: “Encounter”, за издавачката куќа – ПМГ ЏЕЗ. Неколку промотивни настапи на албумот: “Крај Вардарот Сесии” во Аудиокултура. Настап на Џез фестивалот: “Крај Вардарот Џез”, 2023 и настап на: “Скопско лето”, 2023 година.

The post Самостојна изложба на Глигор Кондовски во КСП Центар Јадро appeared first on Република.

]]>

На втори ноември, четврток, во 20 часот, во КСП Центар Јадро ќе биде отворена самостојната изложба на Глигор Кондовски „Импровизации“. На отворањето на изложбата настапува џез трио: Глигор Кондовски – виолина, Владан Дробицки – тромбон, Дени Омерагиќ – контрабас. Изложбата ќе ја отвори Мирко Попов. „Во овој фотографски момент, Глигор ја поставува фотографијата на ниво на класичната визуелна техника. Медиумот е граница, но ликовниот израз е високата визуелна точка на вкрстување на сите технички патувања. Слободниот дух и слободната рака во овој случај го одвеле уметникот на најнеочекуваните фотографски надминувања, додека слободата како апсолут во сите сфери од животот ја носи и како ангажирана идеја овојј современ уметник. Овие фотографии поставуваат прашања: што е слобода, ги преиспитува границите на слободата, односот на современиот човек кон слободата, како и тоа што е внатрешна ,а што надворешна слобода?“, вели за изложбата ликовниот уметник Билјана Билбилоска. Кондовски (1980) дипломира на Факултетот за музичка уметност, вокално- интрументален оддел, отсек виолина. Дипломира на вториот Факултет за драмски умености при Тетовскиот универзитет, филмска и ТВ режија. Магистрира на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Филмско и ТВ сценарио. Моментално е вработен како наставник по виолина во ДМУ “Тодор Скаловски - Тетоец” во Тетово. Во 2008 година негова композиција “Green dance” е во компилационо цд под наслов “Imamo dobro glasbo” издадено преку радио Вал202 при РТВ Словенија. Во 2014 година учествува со експериментален филм “Рестарт” на Микорарт фестивал во Белград, Србија. Во 2016 на Festival u Slavonski brod, Croatia. Во 2016 на Indipendent European Cinema, во Нови Сад, Р. Србија. Во 2017 на Студентски филмски фестивал “New wave” Софија, Р. Бугарија. Во 2019 со филмот “Попладневни малини” учествува на државен филмски фестивал во Крушево, на Вива фестивал во Сараево, Босна и Херцеговина и на “Inshort fest” во Нигерија. Прва самостојна изложба на фотографии насловена како “Обични профили” ја прави во Смедеревска паланка, Р. Србија, во 2018 година како и дел на мои фотографии учествуваа на: Изложба на фотографии во Музеј на Современа уметност и ЕУ Инфо Центар во склоп на проект “Денови на разноликоста”, 2017. Самостојна изложба под наслов на фотографии: “Тетовски Џез моменти”, 2019 со поддршка на Министерство за култура. Самостојна изложба на фотографии под наслов: “На сцена”, 2020 со поддршка на Министерство за култура. Самостојна изложба на фотографии под наслов: “Сфера” со поддршка на Министерство за култура, 2021 година. Во 2020 го издава музичкиот албум: “here” под македонскиот лејбел “Шарла”, после тоа за истиот лејбел ги издава албумите: “Беседа” за соло виолина импровизација и “hover”, 2021 година. После тоа за ПМГ ЏЕЗ го издава албумот: “Nightscape”, во 2021 заедно со џез тромбонистот Владан Дробицки, и во 2022 година за истата дискографска куќа го издава албумот: “Разгледи” заедно со Марија Каева – вокал, Владан Дробицки – Тромбон. Со композицијата “Once upon a train” учествува на една компилација наречена “Клавирско небо” во Р. Србија, 2021 година. Во 2022 го издава соло албумот: “Encounter”, за издавачката куќа – ПМГ ЏЕЗ. Неколку промотивни настапи на албумот: “Крај Вардарот Сесии” во Аудиокултура. Настап на Џез фестивалот: “Крај Вардарот Џез”, 2023 и настап на: “Скопско лето”, 2023 година.

The post Самостојна изложба на Глигор Кондовски во КСП Центар Јадро appeared first on Република.

]]>