Глажња Archives - Република https://republika.mk/tema/glazhna/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Aug 2023 13:54:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Глажња Archives - Република https://republika.mk/tema/glazhna/ 32 32 Пронајдено телото на 29-годишникот кој се удави во вештачкото езеро Глажња https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pronajdeno-teloto-na-29-godishnikot-koj-se-udavi-vo-veshtachkoto-ezero-glazhna/ Thu, 03 Aug 2023 14:16:20 +0000 https://republika.mk/?p=668318

Пронајдено е телото на 29 -годишното момче кое исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња во општина Липково.

После петдневна потрага храбрите нуркачи од армиските специјалци „Волци“ и полициските специјалци „Тигри“ го пронајдоа телото на 29-годишното момче кое пред шест дена исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња, изјави директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Потрагата траеше неколку дена и во неа беа вклучени специјални нуркачки тимови на „Тигрите“, а потоа и на армиските „Волци.“ Во пребарувањето беа вклучени и нуркачки и уште еден тим на Дирекцијата за заштита и спасување кои со чамец го пребаруваа езерскиот брег. Изминативе денови  беа вклучени и доброволни друштва и екипи кои со воден дрон го пребаруваа вештачкото езеро.

Длабочината на езерото, кое на некои места достигнува и до 40 метри, и заматеноста на водата го отежнуваа пребарувањето. Извесен период и АД Водостопанство „Кумановско- липковско поле“ го стопираа темелниот испуст за да им се помогне на екипите во пребарувањето и да не се создаваат струи во езерото.

Младиот жител на липковското село Никуштак исчезна во водите не езерото на 30 јули годинава, во попладневните часови.

The post Пронајдено телото на 29-годишникот кој се удави во вештачкото езеро Глажња appeared first on Република.

]]>

Пронајдено е телото на 29 -годишното момче кое исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња во општина Липково.
После петдневна потрага храбрите нуркачи од армиските специјалци „Волци“ и полициските специјалци „Тигри“ го пронајдоа телото на 29-годишното момче кое пред шест дена исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња, изјави директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
Потрагата траеше неколку дена и во неа беа вклучени специјални нуркачки тимови на „Тигрите“, а потоа и на армиските „Волци.“ Во пребарувањето беа вклучени и нуркачки и уште еден тим на Дирекцијата за заштита и спасување кои со чамец го пребаруваа езерскиот брег. Изминативе денови  беа вклучени и доброволни друштва и екипи кои со воден дрон го пребаруваа вештачкото езеро. Длабочината на езерото, кое на некои места достигнува и до 40 метри, и заматеноста на водата го отежнуваа пребарувањето. Извесен период и АД Водостопанство „Кумановско- липковско поле“ го стопираа темелниот испуст за да им се помогне на екипите во пребарувањето и да не се создаваат струи во езерото. Младиот жител на липковското село Никуштак исчезна во водите не езерото на 30 јули годинава, во попладневните часови.

The post Пронајдено телото на 29-годишникот кој се удави во вештачкото езеро Глажња appeared first on Република.

]]>
Продолжува потрагата по телото на исчезнатото лице во водите на Глажња, на терен директорите на ЦУК и ДЗС https://republika.mk/vesti/crna-hronika/prodolzhuva-potragata-po-teloto-na-ischeznatoto-litse-vo-vodite-na-glazhna-na-teren-direktorite-na-tsuk-i-dzs/ Thu, 03 Aug 2023 12:14:50 +0000 https://republika.mk/?p=668284

Директорите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов и Беким Максути, денеска беа на терен кај вештачкото езеро Глажња во општина Липково каде веќе неколку дена екипи трагаат по телото на 29-годишен локален жител кој влегол во водите на езерото по што му се губи трагата.

Потрагата по 29-годишното момче кое минатата недела исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња продолжува и денес. Шест нуркачи од Тигрите  и осум нуркачи од Волците го пребаруваат езерското дно, а истовремено има неколку тимови на ДЗС, како и нуркачи на ДЗС. Се пребарува и под вода, но се пребарува и брегот на езерото - изјави директорот на ЦУК, Ангелов.

Тој нагласи дека полицајци од СВР Куманово асистираат при потрагата на брегот.

За жал условите и денеска се лоши, видливоста е многу слаба. На само неколку метри од брегот длабочината доаѓа до повеќе од 10 метри за на неколку метри од брегот да има длабочина поголема од 20 метри. Нашите нуркачи се обучени и нуркаат до максимум 40 метри длабочина - прецизира Ангелов.

Директорот на ДЗС Максути, пак, порача дека заедничките тимови на ДЗС и на Министерството за внатрешни работи, како и доброволни друштва и тимовите кои се дел на Дирекцијата веќе неколку дена се во потрага по исчезнатото лице.

Ќе продолжиме со потрагата с е до моментот додека не го најдеме телото. Се надевам дека денешниот ден и двата последователни денови се критични за да бидеме успешни, односно да го пронајдеме лицето кое исчезна во водите на езерото минатата недела и со тоа да ја заокружиме една хумана мисија за која сите ние сме тука за да им помогнеме на нашите граѓани - изјави Максути.

The post Продолжува потрагата по телото на исчезнатото лице во водите на Глажња, на терен директорите на ЦУК и ДЗС appeared first on Република.

Четврти ден се трага по исчезнатиот во езерото Глажња https://republika.mk/vesti/crna-hronika/chetvrti-den-se-traga-po-ischeznatiot-vo-ezeroto-glazhna/ Wed, 02 Aug 2023 11:03:05 +0000 https://republika.mk/?p=667889

Осум нуркачи од армиските специјалци „Волци“ денеска ја продолжуваат потрагата по 29-годишното лице, кое во попладневните часови на 29 јули оваа година исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња во Липковскиот регион.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), условите за потрага се многу тешки, брегот е исклучително стрмен, а длабочината на водата е повеќе од 20 метри на само неколку метри одалеченост од брегот.

Според ЦУК, видливоста е исто така лоша, особено на поголема длабочина. Посочуваат дека постојано се пребарува и брегот на езерото.

Полицајци од СВР Куманово го обезбедуваат местото на несреќата.

The post Четврти ден се трага по исчезнатиот во езерото Глажња appeared first on Република.

]]>

Осум нуркачи од армиските специјалци „Волци“ денеска ја продолжуваат потрагата по 29-годишното лице, кое во попладневните часови на 29 јули оваа година исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња во Липковскиот регион. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), условите за потрага се многу тешки, брегот е исклучително стрмен, а длабочината на водата е повеќе од 20 метри на само неколку метри одалеченост од брегот. Според ЦУК, видливоста е исто така лоша, особено на поголема длабочина. Посочуваат дека постојано се пребарува и брегот на езерото. Полицајци од СВР Куманово го обезбедуваат местото на несреќата.

The post Четврти ден се трага по исчезнатиот во езерото Глажња appeared first on Република.

]]>
Сè уште се трага по исчезнатото момче во езерото Глажња https://republika.mk/vesti/crna-hronika/se-ushte-se-traga-po-ischeznatoto-momche-vo-ezeroto-glazhna/ Tue, 01 Aug 2023 10:44:38 +0000 https://republika.mk/?p=667566

Продолжува потрагата по исчезнатото лице од липковското село Никуштак во езерото Глажња, информираа денеска надлежните. Пет тимови нуркачи ги пребаруваат водите на езерото, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Потрагата продолжува и денеска. Вчера по иницијатива на роднините на исчезнатото лице, беше ангажирано лице кое дојде со т.н „аквадрон“. Потрагата продолжува со пет нуркачки тима. Да нагласам дека длабочината на браната на местото каде последен пат е видено лицето нагло е зголемена и доаѓа до 40 метри. Покрај „Тигрите“ во потрагата учествуваат и екипи на ДЗС, еден нуркачки тим и тим кој со чамец го пребарува брегот на езерото со асистенција на полицијата од СВР Куманово, изјави Ангелов.

Водата во вештачкото езеро е матна, видливоста е околу 40 сантиметри што го отежнува пребарувањето, но Ангелов вели дека „Тигрите“ имаат искуство во вакви пребарувања.

Вчера и од АД Водостопанство „Кумановско липковско поле“ информираа дека е стопиран темелниот испуст за да им се помогне на екипите во пребарувањето и да не се создаваат струи во езерото.

Потрагата по исчезнатиот млад жител на липковското Никуштак трае од завчера кога тој во попладневните часови влегол во водите на Глажња и не излегол.

The post Сè уште се трага по исчезнатото момче во езерото Глажња appeared first on Република.

]]>

Продолжува потрагата по исчезнатото лице од липковското село Никуштак во езерото Глажња, информираа денеска надлежните. Пет тимови нуркачи ги пребаруваат водите на езерото, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Потрагата продолжува и денеска. Вчера по иницијатива на роднините на исчезнатото лице, беше ангажирано лице кое дојде со т.н „аквадрон“. Потрагата продолжува со пет нуркачки тима. Да нагласам дека длабочината на браната на местото каде последен пат е видено лицето нагло е зголемена и доаѓа до 40 метри. Покрај „Тигрите“ во потрагата учествуваат и екипи на ДЗС, еден нуркачки тим и тим кој со чамец го пребарува брегот на езерото со асистенција на полицијата од СВР Куманово, изјави Ангелов.
Водата во вештачкото езеро е матна, видливоста е околу 40 сантиметри што го отежнува пребарувањето, но Ангелов вели дека „Тигрите“ имаат искуство во вакви пребарувања. Вчера и од АД Водостопанство „Кумановско липковско поле“ информираа дека е стопиран темелниот испуст за да им се помогне на екипите во пребарувањето и да не се создаваат струи во езерото. Потрагата по исчезнатиот млад жител на липковското Никуштак трае од завчера кога тој во попладневните часови влегол во водите на Глажња и не излегол.

The post Сè уште се трага по исчезнатото момче во езерото Глажња appeared first on Република.

]]>