ѓорѓе марјановиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/gjorgje-marjanovikj/ За подобро да се разбереме Tue, 28 May 2024 14:29:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ѓорѓе марјановиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/gjorgje-marjanovikj/ 32 32 Сиљановска Давкова се обрати на конференција во чест на 85 годишнината од раѓањето на професорот Ѓорѓи Марјановиќ https://republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-se-obrati-na-konferentsija-vo-chest-na-85-godishninata-od-raganeto-na-profesorot-gorgi-marjanovik/ Tue, 28 May 2024 14:29:36 +0000 https://republika.mk/?p=782469

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на конференцијата „Разговори со Ѓорѓи Марјановиќ“, организирана во чест на одбележувањето 85 години од раѓањето на професорот Ѓорѓи Марјановиќ, кој почина во 2022 година.

Говорејќи за професорот Марјановиќ, таа го нарече првото перо на југословенското кривично право, совест на правниот факултет и на општеството и луциден интелектуалец кој имаше чиста совест и критички став за секое општествено и политичко прашање.

Претседателката Сиљановска Давкова посочи дека за прашањето поврзано за името, професорот Марјановиќ укажуваше на апсурдноста на спорот.

„Осврнувајќи се на именувањето кон нас, велеше дека е несфатливо како може едно име да се користи на беџот, друго на столчето, трето во документите, четврто во говорната практика и велеше дека дискриминацијата не може да се практикува од Советот на Европа и дека некои нешта едноставно не се бранат“, рече во обраќањето претседателката.

Таа додаде дека професорот Марјановиќ и во надворешната политика бил остар и не поднесувал двојни стандарди кон македонскиот случај и велел дека треба да се стави крај на предрасудите кон Балканот. 

Претседателката истакна дека Марјановиќ отсекогаш укажувал на европските вредности, бил проевропски ориентиран, осврнувајќи се на негов труд од 1999 – та година, во којшто тој велел дека Македонија е 100 светлосни години далеку од правната држава и декa сѐ додека законите важат за едни, но не и за други, Европа нема да не прими без оглед на тоа колку убави закони прават владите на хартија.

Неговата политичка и животна цел, рече претседателката, беше од Македонија да направиме пристојно место за живеење и тоа го промовираше и во програмата на Лигата за демократија.

„Пристојно место за живеење е правната држава, заштитените слободи и права на човекот и граѓанинот, ограничена власт, значи силни институции, а не силни поединци, бидејќи која и да дојде власт треба да функционира државата“, рече  претседателката Сиљановска Давкова.

Таа додаде дека всушност професорот Марјановиќ ги промовирал Копенхагенските критериуми, како врвен приоритет на македонската држава, во време кога тоа не било официјално утврдено како Копенхагенски критериуми.

Конференцијата на тема: „Како Македонија може да стане пристојно место за живеење“, е во организација на фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

За време на денешниот настан беа промовирани книгите „Собрани стручни трудови“ од Ѓорѓи Марјановиќ и „Разговори со професорот Ѓорѓи Марјановиќ“ од Бранко Секуловски.

The post Сиљановска Давкова се обрати на конференција во чест на 85 годишнината од раѓањето на професорот Ѓорѓи Марјановиќ appeared first on Република.

]]>

Почина професорот Ѓорѓи Марјановиќ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/pochina-profesorot-gjorgji-marjanovikj/ Sat, 02 Apr 2022 11:08:58 +0000 https://republika.mk/?p=482288

На 82-годишна возраст денеска во Скопје почина професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, Ѓорѓи Марјановиќ.

Со неговата смрт загубивме драг и почитуван колега, доајен на казненото право и автор на бројни научни и стручни трудови, успешен интелектуалец, извонреден предавач, одличен педагог, посветен наставник и истражувач и особено ценет пријател, се наведува во соопштението од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

The post Почина професорот Ѓорѓи Марјановиќ appeared first on Република.

]]>

На 82-годишна возраст денеска во Скопје почина професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, Ѓорѓи Марјановиќ. Со неговата смрт загубивме драг и почитуван колега, доајен на казненото право и автор на бројни научни и стручни трудови, успешен интелектуалец, извонреден предавач, одличен педагог, посветен наставник и истражувач и особено ценет пријател, се наведува во соопштението од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

The post Почина професорот Ѓорѓи Марјановиќ appeared first on Република.

]]>
„Како да беше пратен од свемирот да нѐ описменува“: Почина професорот Ѓорѓе Марјановиќ https://republika.mk/vesti/makedonija/kako-da-beshe-praten-od-svemirot-da-n-opismenuva-pochina-profesorot-gjorgje-marjanovikj/ Sat, 02 Apr 2022 09:55:14 +0000 https://republika.mk/?p=482260

Денеска во Скопје почина професорот Ѓорѓе Марјановиќ.

Роден 1939 година, Марјановиќ беше професор по кривично право, почесен претседател на Лигата за демократија и дисидент од времето на комунизмот.

Познат е по своите колумни во весникот „Дневник“, а по локалните избори 2005 година е советник во Советот на град Скопје.

Марјановиќ дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1962. Магистрирал на постдипломските студии по казнено-правни науки на Правниот факултет во Загреб во 1968 со тезата: "Правните последици на осудата". Докторирал на Правниот факултет во Скопје во 1973 со тезата "Правната положба на осуденикот по издржаната казна". Сиот работен век, освен приправничкиот стаж (1962-1964) во Основниот суд-Скопје II, го поминал на Правниот факултет во Скопје: асистент (1965-1974); доцент (1974-1979); вонреден професор (1979-1985) и редовен професор (1985-2001).

На прославата на 80. роденден на професорот беше промовирана збирката негови колумни и беше најавенa работата на Фондацијата „Ѓорѓе Марјановиќ“.

Нѐ напушти Ѓорѓе Марјановиќ, веројатно најголемиот ум што Македонија го имала. Професор, преведувач, полиглот, како да беше пратен од свемирот да нѐ описменува. Вечна ти слава и светол пат, професоре!, вели во својот последен поздрав адвокатот Александар Тортевски.

The post „Како да беше пратен од свемирот да нѐ описменува“: Почина професорот Ѓорѓе Марјановиќ appeared first on Република.

]]>

Денеска во Скопје почина професорот Ѓорѓе Марјановиќ. Роден 1939 година, Марјановиќ беше професор по кривично право, почесен претседател на Лигата за демократија и дисидент од времето на комунизмот. Познат е по своите колумни во весникот „Дневник“, а по локалните избори 2005 година е советник во Советот на град Скопје. Марјановиќ дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1962. Магистрирал на постдипломските студии по казнено-правни науки на Правниот факултет во Загреб во 1968 со тезата: "Правните последици на осудата". Докторирал на Правниот факултет во Скопје во 1973 со тезата "Правната положба на осуденикот по издржаната казна". Сиот работен век, освен приправничкиот стаж (1962-1964) во Основниот суд-Скопје II, го поминал на Правниот факултет во Скопје: асистент (1965-1974); доцент (1974-1979); вонреден професор (1979-1985) и редовен професор (1985-2001). На прославата на 80. роденден на професорот беше промовирана збирката негови колумни и беше најавенa работата на Фондацијата „Ѓорѓе Марјановиќ“.