Ѓорги Поп-Атанасов Archives - Република https://republika.mk/tema/gjorgi-pop-atanasov/ За подобро да се разбереме Sat, 17 Sep 2022 17:56:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ѓорги Поп-Атанасов Archives - Република https://republika.mk/tema/gjorgi-pop-atanasov/ 32 32 Aкадемик Поп-Атанасов: Распродажба на македонското минато и историја https://republika.mk/vesti/makedonija/akademik-pop-atanasov-rasprodazba-na-makedonskoto-minato-i-istorija/ Sat, 17 Sep 2022 17:54:22 +0000 https://republika.mk/?p=551808

Никогаш, ни на крајот од паметот, не ми доаѓала помисла дека ќе дојде време Македонците сами да си ги сечат корените, да се откажуваат од своето минато и од својата историја. Квазиполитичари се смешкаат и потпишуваат договори погубни за македонската држава и македонскиот народ. Го смислија терминот „антиквизација“ за да ја прогласат Хераклеја Линкестиска кај Битола, основана од Филип Втори Македонски, за грчко културно наследство. Упорно се обидуваат да го демантираат славниот атински оратор и политичар Демостен (современик на Филип), кој во своите говори, познати во науката под името „Филипики“, вели дека Филип не само што не е Елин (Грк) туку е најобичен варварин – Македонец, пишува академик Ѓорги Поп-Атанасов во својата колумна во „Нова Македонија“.

Споед него, овој негаторски однос кон македонското минато и историја, не завршува со таканаречената „антиквизација“. Сега дојде на ред средновековната македонска историја, па ќе ги празнуваме заедно со Бугарите светите браќа Кирил и Методиј, светите Климент и Наум и царот Самоил. Се запрашал ли некој од поддржувачите на овој поход против македонското минато и историја зошто треба да ги славиме овие историски личности само со Бугарите, а не и со другите словенски народи. Затоа што, драги мои Македонци, со тоа ние и официјално ќе ги прифатиме бугарските тези дека ние не сме тоа што сме, дека нашиот јазик не е наш, туку нивен, и дека македонското минато не е македонско, туку бугарско.

Дејноста на светите Кирил и Методиј директно е поврзана со Византија, Македонија и Велика Моравија. Тие се византиски мисионери, ја составуваат првата словенска азбука (глаголицата) и ги преведуваат неопходните црковни книги од византиски на словенски јазик заснован врз јужномакедонски дијалектен говор и на тој книжевен јазик го проповедаат христијанството меѓу Западните Словени во Велика Моравија. Овој јазик подоцна ќе стане книжевен јазик и на другите средновековни словенски народи (Руси, Срби, Бугари, Црногорци итн.), поради што и тие индиректно се поврзани со дејноста и делото на словенските просветители. Својата „директна врска“ со светите Кирил и Методиј, Бугарите ја градат врз негацијата на македонскиот идентитет, јазик, историја, традиција и култура. За нив македонскиот литературен јазик е писмено-регионална форма на бугарскиот јазик, македонските дијалекти се бугарски дијалекти, па, оттука, и јужномакедонскиот дијалектен говор врз основа на кој светите Кирил и Методиј го формирале првиот словенски книжевен јазик не е македонски, туку бугарски.

Прифаќајќи да ги чествуваме светите Кирил и Методиј само со Бугарите, а не и со други словенски народи (на пр. со Чесите и Словаците), ние фактички ги прифаќаме овие антицивилизациски и антиисториски тези на националшовинистичка Бугарија и со тоа прифаќаме постепена асимилација и бугаризација.

Светите Климент и Наум заминале во Моравија заедно со словенските просветители и таму биле нивни најблиски следбеници и соработници. Тие учествувале во создавањето на Великоморавската црква и 22 години биле припадници на оваа новооснована западнословенска црковна организација. Им помагале на солунските браќа при дополнувањето на црковните книги со нови библиски и литургиски текстови, а тука, најверојатно, ги пишувале и своите први оригинални литературни дела.

По смртта на Св. Методиј, во 885 г., папата Стефан Петти со декрет ги забранил словенската писменост и словенското богослужение во Велика Моравија и наредил учениците на светите Кирил и Методиј да бидат протерани од оваа западнословенска земја. Климент и Наум со сплав по Дунав дошле до Белград и оттаму заминале во првата бугарска престолнина Плиска. Тука, меѓутоа, тие одново се нашле во непријателска средина, бидејќи основаната во 870 г. Бугарска архиепископија во тоа време била раководена од византиско-грчка хиерархија, на чело со архиепископ Византиец. Тука во официјална употреба било византиско-грчкото писмо, се пишувале и препишувале црковни книги на византиско-грчки јазик, а во црковните храмови се богослужело и проповедало, исто така, на византиско-грчки јазик.

На светите Климент и Наум не им било дозволено во бугарските црковни храмови да богослужат и проповедаат на словенски јазик. Бугарскиот кнез Борис ги викал неколкупати во својот дворец на сослушување и за да го зачува мирот во својата престолнина, ги депортирал во една новоосвоена територија во западниот дел на Македонија. Тука, меѓутоа, тие нашле поволни услови да ја продолжат црковно-просветната дејност на своите учители светите Кирил и Методиј и на тој начин ја одиграле улогата на спасители на делото на словенските просветители како цивилизациска придобивка на сите словенски народи. Во формираната од нив црковна организација официјално писмо е првата словенска азбука глаголицата, се пишувале и препишувале црковни книги на словенски јазик, а во црковните храмови се богослужело и проповедало, исто така, на словенски јазик.

Светиклиментовата црква во практиката фактички функционирала како целосно самостојна црковна организација, а така функционирала и формираната во нејзини рамки книжевна школа.

Целосно неосновани се и барањата на бугарската страна да го чествуваме со нив, и само со нив, царот Самоил, и тоа како бугарски цар. Прво, царот Самоил не е „Б’лгарин родум“, како што тврдат тие; тој е со ерменско потекло. Неговата мајка се викала Рипсимија, според името на најпопуларната ерменска светица Св. Рипсимија; втората Самоилова ќерка Мирослава се омажила за Ерменец; вториот син на Јован Владислав Алусијан се оженил со Ерменка, а по падот на Самоиловото Царство во 1018 г., некои принцови од династијата на комитопулите биле праќани од Византијците за обласни управители во Ерменија. Тешко е да се поверува дека сето ова било случајност.

Освен тоа, државата на царот Самоил е тесно поврзана со територијата на Македонија и со населението што живеело тука: во Македонија Самоил го формира своето царство; тука се неговите престолнини и седишта на поглаварите на основаната од него црква; од македонското население ги регрутирал припадниците на својата војска; тука градел цркви и манастири за потребите на македонското население, а од територијата на Македонија ги започнал и своите освојувачки походи, создавајќи моќна средновековна држава, која зафаќала голем дел од балканскиот простор и во која коегзистирале повеќе словенски и несловенски народи.

Мораме нагласено да потенцираме дека епохално дело на царот Самоил е христијанизацијата на средновековна Русија. Тој, по барање од рускиот кнез Владимир, во 988 г. испратил специјална мисија во Киевска Русија, слична на Моравската мисија на светите Кирил и Методиј. Од Царсамоиловата престолнина Охрид во Киевска Русија заминала црковна делегација составена од епископи, свештеници и монаси, кои со себе носеле црковни книги, пишувани во книжевни центри на Охридската книжевна школа.

Јасен доказ за тоа е што речиси сите зачувани руски црковни книги, настанати во втората половина на XI в., се пишувани врз основа на македонски предлошки (антиграфи). Во прилог на тоа децидно зборува и светски познатиот палеославист од руско потекло Владимир Мошин, кој по повеќегодишно проучување докажа дека најстариот датиран руски ракопис – Остромировото евангелие од 1057 г., претставува препис од евангелски кодекс испратен од царот Самоил во Русија и дека остаток од тоа Царсамоилово евангелие се познатите во науката Новгородски листови од крајот на X в. За ова свое откритие проф. Мошин одржа серија предавања во повеќе руски научни институции.
Македонците треба да знаат, па и оние што ги распродаваат македонското минато и историја, дека христијанството и словенската писменост рускиот народ ги добил од Охрид и Царсамоилова Македонија, дека првиот поглавар на Руската црква, Михаил, дошол во Русија од Македонија и дека охридската принцеза Ана станала сопруга на рускиот кнез Владимир Покрстител, а нејзините синови Борис и Глеб се прогласени за први руски светци.

Па сега, драги мои Македонци, со кого треба да ги славиме и прославуваме наведените на почетокот од статијава историски личности (?), кога е повеќе од јасно дека нивните исклучителни заслуги за создавањето и зачувувањето на општословенските цивилизациски вредности се вистинската причина за нивно присвојување и бугаризација. По мое мислење, најдобро би било овие историски личности (особено светите Кирил и Методиј и светите Климент и Наум) да се чествуваат заеднички со сите словенски народи, па и со Бугарите, но откако ќе ги повлечат сите свои декларации и меморандуми со кои манифестираат територијални и асимилаторски аспирации во однос на Македонија и македонскиот народ и кога реално ќе се европеизираат и ќе престанат да ни кажуваат што сме ние и на каков јазик зборуваме, бидејќи ние самите најдобро го знаеме тоа.-пишува академикот.

The post Aкадемик Поп-Атанасов: Распродажба на македонското минато и историја appeared first on Република.

]]>

Никогаш, ни на крајот од паметот, не ми доаѓала помисла дека ќе дојде време Македонците сами да си ги сечат корените, да се откажуваат од своето минато и од својата историја. Квазиполитичари се смешкаат и потпишуваат договори погубни за македонската држава и македонскиот народ. Го смислија терминот „антиквизација“ за да ја прогласат Хераклеја Линкестиска кај Битола, основана од Филип Втори Македонски, за грчко културно наследство. Упорно се обидуваат да го демантираат славниот атински оратор и политичар Демостен (современик на Филип), кој во своите говори, познати во науката под името „Филипики“, вели дека Филип не само што не е Елин (Грк) туку е најобичен варварин – Македонец, пишува академик Ѓорги Поп-Атанасов во својата колумна во „Нова Македонија“. Споед него, овој негаторски однос кон македонското минато и историја, не завршува со таканаречената „антиквизација“. Сега дојде на ред средновековната македонска историја, па ќе ги празнуваме заедно со Бугарите светите браќа Кирил и Методиј, светите Климент и Наум и царот Самоил. Се запрашал ли некој од поддржувачите на овој поход против македонското минато и историја зошто треба да ги славиме овие историски личности само со Бугарите, а не и со другите словенски народи. Затоа што, драги мои Македонци, со тоа ние и официјално ќе ги прифатиме бугарските тези дека ние не сме тоа што сме, дека нашиот јазик не е наш, туку нивен, и дека македонското минато не е македонско, туку бугарско.
Дејноста на светите Кирил и Методиј директно е поврзана со Византија, Македонија и Велика Моравија. Тие се византиски мисионери, ја составуваат првата словенска азбука (глаголицата) и ги преведуваат неопходните црковни книги од византиски на словенски јазик заснован врз јужномакедонски дијалектен говор и на тој книжевен јазик го проповедаат христијанството меѓу Западните Словени во Велика Моравија. Овој јазик подоцна ќе стане книжевен јазик и на другите средновековни словенски народи (Руси, Срби, Бугари, Црногорци итн.), поради што и тие индиректно се поврзани со дејноста и делото на словенските просветители. Својата „директна врска“ со светите Кирил и Методиј, Бугарите ја градат врз негацијата на македонскиот идентитет, јазик, историја, традиција и култура. За нив македонскиот литературен јазик е писмено-регионална форма на бугарскиот јазик, македонските дијалекти се бугарски дијалекти, па, оттука, и јужномакедонскиот дијалектен говор врз основа на кој светите Кирил и Методиј го формирале првиот словенски книжевен јазик не е македонски, туку бугарски.
Прифаќајќи да ги чествуваме светите Кирил и Методиј само со Бугарите, а не и со други словенски народи (на пр. со Чесите и Словаците), ние фактички ги прифаќаме овие антицивилизациски и антиисториски тези на националшовинистичка Бугарија и со тоа прифаќаме постепена асимилација и бугаризација. Светите Климент и Наум заминале во Моравија заедно со словенските просветители и таму биле нивни најблиски следбеници и соработници. Тие учествувале во создавањето на Великоморавската црква и 22 години биле припадници на оваа новооснована западнословенска црковна организација. Им помагале на солунските браќа при дополнувањето на црковните книги со нови библиски и литургиски текстови, а тука, најверојатно, ги пишувале и своите први оригинални литературни дела.
По смртта на Св. Методиј, во 885 г., папата Стефан Петти со декрет ги забранил словенската писменост и словенското богослужение во Велика Моравија и наредил учениците на светите Кирил и Методиј да бидат протерани од оваа западнословенска земја. Климент и Наум со сплав по Дунав дошле до Белград и оттаму заминале во првата бугарска престолнина Плиска. Тука, меѓутоа, тие одново се нашле во непријателска средина, бидејќи основаната во 870 г. Бугарска архиепископија во тоа време била раководена од византиско-грчка хиерархија, на чело со архиепископ Византиец. Тука во официјална употреба било византиско-грчкото писмо, се пишувале и препишувале црковни книги на византиско-грчки јазик, а во црковните храмови се богослужело и проповедало, исто така, на византиско-грчки јазик.
На светите Климент и Наум не им било дозволено во бугарските црковни храмови да богослужат и проповедаат на словенски јазик. Бугарскиот кнез Борис ги викал неколкупати во својот дворец на сослушување и за да го зачува мирот во својата престолнина, ги депортирал во една новоосвоена територија во западниот дел на Македонија. Тука, меѓутоа, тие нашле поволни услови да ја продолжат црковно-просветната дејност на своите учители светите Кирил и Методиј и на тој начин ја одиграле улогата на спасители на делото на словенските просветители како цивилизациска придобивка на сите словенски народи. Во формираната од нив црковна организација официјално писмо е првата словенска азбука глаголицата, се пишувале и препишувале црковни книги на словенски јазик, а во црковните храмови се богослужело и проповедало, исто така, на словенски јазик. Светиклиментовата црква во практиката фактички функционирала како целосно самостојна црковна организација, а така функционирала и формираната во нејзини рамки книжевна школа. Целосно неосновани се и барањата на бугарската страна да го чествуваме со нив, и само со нив, царот Самоил, и тоа како бугарски цар. Прво, царот Самоил не е „Б’лгарин родум“, како што тврдат тие; тој е со ерменско потекло. Неговата мајка се викала Рипсимија, според името на најпопуларната ерменска светица Св. Рипсимија; втората Самоилова ќерка Мирослава се омажила за Ерменец; вториот син на Јован Владислав Алусијан се оженил со Ерменка, а по падот на Самоиловото Царство во 1018 г., некои принцови од династијата на комитопулите биле праќани од Византијците за обласни управители во Ерменија. Тешко е да се поверува дека сето ова било случајност.
Освен тоа, државата на царот Самоил е тесно поврзана со територијата на Македонија и со населението што живеело тука: во Македонија Самоил го формира своето царство; тука се неговите престолнини и седишта на поглаварите на основаната од него црква; од македонското население ги регрутирал припадниците на својата војска; тука градел цркви и манастири за потребите на македонското население, а од територијата на Македонија ги започнал и своите освојувачки походи, создавајќи моќна средновековна држава, која зафаќала голем дел од балканскиот простор и во која коегзистирале повеќе словенски и несловенски народи.
Мораме нагласено да потенцираме дека епохално дело на царот Самоил е христијанизацијата на средновековна Русија. Тој, по барање од рускиот кнез Владимир, во 988 г. испратил специјална мисија во Киевска Русија, слична на Моравската мисија на светите Кирил и Методиј. Од Царсамоиловата престолнина Охрид во Киевска Русија заминала црковна делегација составена од епископи, свештеници и монаси, кои со себе носеле црковни книги, пишувани во книжевни центри на Охридската книжевна школа. Јасен доказ за тоа е што речиси сите зачувани руски црковни книги, настанати во втората половина на XI в., се пишувани врз основа на македонски предлошки (антиграфи). Во прилог на тоа децидно зборува и светски познатиот палеославист од руско потекло Владимир Мошин, кој по повеќегодишно проучување докажа дека најстариот датиран руски ракопис – Остромировото евангелие од 1057 г., претставува препис од евангелски кодекс испратен од царот Самоил во Русија и дека остаток од тоа Царсамоилово евангелие се познатите во науката Новгородски листови од крајот на X в. За ова свое откритие проф. Мошин одржа серија предавања во повеќе руски научни институции. Македонците треба да знаат, па и оние што ги распродаваат македонското минато и историја, дека христијанството и словенската писменост рускиот народ ги добил од Охрид и Царсамоилова Македонија, дека првиот поглавар на Руската црква, Михаил, дошол во Русија од Македонија и дека охридската принцеза Ана станала сопруга на рускиот кнез Владимир Покрстител, а нејзините синови Борис и Глеб се прогласени за први руски светци.
Па сега, драги мои Македонци, со кого треба да ги славиме и прославуваме наведените на почетокот од статијава историски личности (?), кога е повеќе од јасно дека нивните исклучителни заслуги за создавањето и зачувувањето на општословенските цивилизациски вредности се вистинската причина за нивно присвојување и бугаризација. По мое мислење, најдобро би било овие историски личности (особено светите Кирил и Методиј и светите Климент и Наум) да се чествуваат заеднички со сите словенски народи, па и со Бугарите, но откако ќе ги повлечат сите свои декларации и меморандуми со кои манифестираат територијални и асимилаторски аспирации во однос на Македонија и македонскиот народ и кога реално ќе се европеизираат и ќе престанат да ни кажуваат што сме ние и на каков јазик зборуваме, бидејќи ние самите најдобро го знаеме тоа.-пишува академикот.

The post Aкадемик Поп-Атанасов: Распродажба на македонското минато и историја appeared first on Република.

]]>
Aкадемикот кој го прими Георгиев во МАНУ го побива со факти за Плисковско-преславската и Охридската школа https://republika.mk/vesti/makedonija/akademikot-koj-go-primi-georgiev-vo-manu-go-pobiva-so-fakti-za-pliskovsko-preslavskata-i-ohridskata-shkola/ Tue, 16 Aug 2022 10:23:14 +0000 https://republika.mk/?p=540872

Копретседавачот на заедничката македонско-бугарска историска комисија, академик Драги Ѓоргиев, со објавувањето на содржината на протоколите за заедничко чествување и менување на учебниците ја уби македонската наука! И тоа не подалечната, туку оваа најновата, анализира „Пресинг ТВ“.

По ова, од титулата академик треба да се откаже или да им се одземе или (на) самиот Драги Ѓоргив или (на) Ѓорги Поп-Атанасов! А, благодарние на историчарот на Зоран Заев и на Димитар Ковачевски, од своите научни дипломи и звања ќе мораат да ги искинат и да се откажат и со тоа да се повлечат од функциите, што ги извршуваат, уште најмалку тројца експерти или „експерти“. И тоа проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, проф. д-р Анета Дучевска, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и проф. д-р Људмил Спасов, претседател на Советот за македонски јазик.

Зашто, академик Ѓорги Поп-Атанасов е автор на текстот ОХРИДСКАТА КНИЖЕВНА ШКОЛА НАСПРОТИ ПЛИСКОВСКО-ПРЕСЛАВСКАТА (ОДЛИКИ И РАЗЛИКИ)“, што во 2020 година е објавен во колективната монографија „Македонскиот јазик-континуитет во простор и време“ во издание на МАНУ. Додека Јованова-Грујовска, Анета Дучевска и Спасов се членови на издавачкиот совет.

Самиот наслов, а и содржината во текстот во должина од осум страници на академик Поп-Атанасов се во директна спротивност со тоа на што се согласија Ѓоргиев и останатите членови на македонскиот дел од комисијата за менување на учебниците во поглед на значењето и поврзаноста на Преславската и Охридската книжевна школа, што повеќе од очигледно сега се спакувани во чисто бугарски историски целофан.

„...Двете средновековни книжевни школи – Плисковско-преславската и Охридската, се одликуваат со свои специфични карактеристики и вообласта на јазикот. Во Охридската книжевна школа, на пример, покрајприврзаноста кон првобитното словенско писмо – глаголицата, долговреме се чувале и архаичните јазични особености на првобитните словенски текстови од Моравија (Илиевски2001: 274). Овие јазични особености, фактички, се наследени од јазикот на македонските Словениод Солунско, којшто легнал во основата на првиот словенски книжевенјазик, поради што им биле блиски не само на Светите Климент и Наум,кои потекнувале од овие краишта, туку и на населението во западниот дел на Македонија, каде што се одвивала дејноста на Охридската книжевна школа.
Од друга страна, јазикот нa Кирилометодиевите преводи не бил
својствен за дијалектната средина на Плисковско-преславскиот регион, поради што се почнало со негово ревидирање и приближување кон дијалектниот ареал на Североисточна Бугарија. Многу архаични лексемиод првобитните преводи биле заменети со дијалектни зборови карактеристични за овој регион, старобугаризми (протобугаризми) и сл. Меѓупроменетата лексика имало грцизми, заемки од староеврејскиот јазик,
моравизми, но и редица лексеми карактеристични за македонското ја
зично подрачје. Така, со текот на времето, се оформиле групи лексичкисиноними, коишто биле карактеристични за едната или за другата книжевна школа и коишто, обично, се означуваат со термините „охриди
зми“, односно „преславизми...“, пишува меѓу другото академик Поп-Атанасов.

За потсетување, имињата на Јованова-Грујовска, Дучевска и Спасов беа дел и од резилот поврзан со унилатералната изјава за македонскиот јазик, што неодамна ја објави Министерството за надворешни работи како преземена обврска од францускиот предлог за укинување на бугарското вето за почеток на преговорите на Македонија за членство во Европската унија.

Историчарот на Заев и на Таче, Драги Ѓоргиев, никогаш во јавноста не демантираше дека предлогот за избор на академик го напишал самиот тој и на него само се потпишале двајца потребни академици, од кои едниот беше токму Поп-Атанасов.

Откажувањето или одземањето на академските титули, како и кинењето на дипломите, откажувањто од звањата и оставките од функциите се само нормален етичко-морален след на работите. Зашто, во спротивно, ќе остане неизбежен целосно разголениот факт дека македонската наука се наоѓа во канџите на дневно-политичкото проституирање.

The post Aкадемикот кој го прими Георгиев во МАНУ го побива со факти за Плисковско-преславската и Охридската школа appeared first on Република.

]]>

Копретседавачот на заедничката македонско-бугарска историска комисија, академик Драги Ѓоргиев, со објавувањето на содржината на протоколите за заедничко чествување и менување на учебниците ја уби македонската наука! И тоа не подалечната, туку оваа најновата, анализира „Пресинг ТВ“.
По ова, од титулата академик треба да се откаже или да им се одземе или (на) самиот Драги Ѓоргив или (на) Ѓорги Поп-Атанасов! А, благодарние на историчарот на Зоран Заев и на Димитар Ковачевски, од своите научни дипломи и звања ќе мораат да ги искинат и да се откажат и со тоа да се повлечат од функциите, што ги извршуваат, уште најмалку тројца експерти или „експерти“. И тоа проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, проф. д-р Анета Дучевска, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и проф. д-р Људмил Спасов, претседател на Советот за македонски јазик.
Зашто, академик Ѓорги Поп-Атанасов е автор на текстот ОХРИДСКАТА КНИЖЕВНА ШКОЛА НАСПРОТИ ПЛИСКОВСКО-ПРЕСЛАВСКАТА (ОДЛИКИ И РАЗЛИКИ)“, што во 2020 година е објавен во колективната монографија „Македонскиот јазик-континуитет во простор и време“ во издание на МАНУ. Додека Јованова-Грујовска, Анета Дучевска и Спасов се членови на издавачкиот совет.
Самиот наслов, а и содржината во текстот во должина од осум страници на академик Поп-Атанасов се во директна спротивност со тоа на што се согласија Ѓоргиев и останатите членови на македонскиот дел од комисијата за менување на учебниците во поглед на значењето и поврзаноста на Преславската и Охридската книжевна школа, што повеќе од очигледно сега се спакувани во чисто бугарски историски целофан.
„...Двете средновековни книжевни школи – Плисковско-преславската и Охридската, се одликуваат со свои специфични карактеристики и вообласта на јазикот. Во Охридската книжевна школа, на пример, покрајприврзаноста кон првобитното словенско писмо – глаголицата, долговреме се чувале и архаичните јазични особености на првобитните словенски текстови од Моравија (Илиевски2001: 274). Овие јазични особености, фактички, се наследени од јазикот на македонските Словениод Солунско, којшто легнал во основата на првиот словенски книжевенјазик, поради што им биле блиски не само на Светите Климент и Наум,кои потекнувале од овие краишта, туку и на населението во западниот дел на Македонија, каде што се одвивала дејноста на Охридската книжевна школа.
Од друга страна, јазикот нa Кирилометодиевите преводи не бил
својствен за дијалектната средина на Плисковско-преславскиот регион, поради што се почнало со негово ревидирање и приближување кон дијалектниот ареал на Североисточна Бугарија. Многу архаични лексемиод првобитните преводи биле заменети со дијалектни зборови карактеристични за овој регион, старобугаризми (протобугаризми) и сл. Меѓупроменетата лексика имало грцизми, заемки од староеврејскиот јазик,
моравизми, но и редица лексеми карактеристични за македонското ја
зично подрачје. Така, со текот на времето, се оформиле групи лексичкисиноними, коишто биле карактеристични за едната или за другата книжевна школа и коишто, обично, се означуваат со термините „охриди
зми“, односно „преславизми...“, пишува меѓу другото академик Поп-Атанасов.
За потсетување, имињата на Јованова-Грујовска, Дучевска и Спасов беа дел и од резилот поврзан со унилатералната изјава за македонскиот јазик, што неодамна ја објави Министерството за надворешни работи како преземена обврска од францускиот предлог за укинување на бугарското вето за почеток на преговорите на Македонија за членство во Европската унија. Историчарот на Заев и на Таче, Драги Ѓоргиев, никогаш во јавноста не демантираше дека предлогот за избор на академик го напишал самиот тој и на него само се потпишале двајца потребни академици, од кои едниот беше токму Поп-Атанасов.