Гир Archives - Република https://republika.mk/tema/gir/ За подобро да се разбереме Thu, 09 Nov 2023 11:21:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Гир Archives - Република https://republika.mk/tema/gir/ 32 32 Гир: Извештајот на ЕК е искрен, но правичен https://republika.mk/vesti/makedonija/gir-izveshtajot-na-ek-e-iskren-no-pravichen/ Thu, 09 Nov 2023 11:20:39 +0000 https://republika.mk/?p=699843

Иако ЕК потенцира одредени области каде е постигнат напредок, тој е многу искрен за оние области каде не е постигнат напредок особено за оние области кои ние ги сметаме за толку важни и ги опишуваме како дел од основите во пристапните преговори, истакна евроамбасадорот Дејвид Гир за Извештајот за напредокот на државата на ЕК.

„Извештајот е искрен, но правичен, со тоа ние сакаме да ги охрабриме властите, државните институции, како и сите политички актери да направат многу повеќе за да ги унапредат реформите во интeрес на граѓаните и во интерес на патот кон членство во ЕУ,“ рече Гир.

Извештајот, кој што го покрива периодот од есента 2022 година до летото 2023, потенцира Гир, доаѓа во контекст кога имаме значајна динамика во проширувањето, особено по незаконската руска агресија во Украина, при што рече, сите разбираме дека проширувањето е во наш заеднички интерес, просперитет, демократија, но и стабилност и безбедност.

„Во Извештајот се искажува загриженост за политичката поларизација што влијаеше врз работата на Собранието со што се одолжуваат потребните реформи. Процесот за пристапување кон ЕУ бара консензус меѓу политичките партии токму за клучните реформи. Извештајот забележува прекумерна и некогаш несоодветна употреба на забрзаните процедури. Повикуваме на тоа дека ЕУ знаменцето треба да се користи кога е директно поврзано со усвојување на закони чија главна цел е да се усогласт со ЕУ нормите а не да се скрати дебатата за важни прашања. Има злоупотреба на знаменцето во случајот на измените на кривичните закони и законите поврзани со патните коридори 8 и 10Д Бехтел и Енка Договорот“, истакна Гир.

The post Гир: Извештајот на ЕК е искрен, но правичен appeared first on Република.

]]>

Иако ЕК потенцира одредени области каде е постигнат напредок, тој е многу искрен за оние области каде не е постигнат напредок особено за оние области кои ние ги сметаме за толку важни и ги опишуваме како дел од основите во пристапните преговори, истакна евроамбасадорот Дејвид Гир за Извештајот за напредокот на државата на ЕК. „Извештајот е искрен, но правичен, со тоа ние сакаме да ги охрабриме властите, државните институции, како и сите политички актери да направат многу повеќе за да ги унапредат реформите во интeрес на граѓаните и во интерес на патот кон членство во ЕУ,“ рече Гир. Извештајот, кој што го покрива периодот од есента 2022 година до летото 2023, потенцира Гир, доаѓа во контекст кога имаме значајна динамика во проширувањето, особено по незаконската руска агресија во Украина, при што рече, сите разбираме дека проширувањето е во наш заеднички интерес, просперитет, демократија, но и стабилност и безбедност. „Во Извештајот се искажува загриженост за политичката поларизација што влијаеше врз работата на Собранието со што се одолжуваат потребните реформи. Процесот за пристапување кон ЕУ бара консензус меѓу политичките партии токму за клучните реформи. Извештајот забележува прекумерна и некогаш несоодветна употреба на забрзаните процедури. Повикуваме на тоа дека ЕУ знаменцето треба да се користи кога е директно поврзано со усвојување на закони чија главна цел е да се усогласт со ЕУ нормите а не да се скрати дебатата за важни прашања. Има злоупотреба на знаменцето во случајот на измените на кривичните закони и законите поврзани со патните коридори 8 и 10Д Бехтел и Енка Договорот“, истакна Гир.

The post Гир: Извештајот на ЕК е искрен, но правичен appeared first on Република.

]]>
Гир: Стратегиите се онолку добри, колку што е нивната имплементација https://republika.mk/vesti/makedonija/gir-strategiite-se-onolku-dobri-kolku-shto-e-nivnata-implementatsija/ Wed, 20 Sep 2023 11:16:00 +0000 https://republika.mk/?p=683449

Реформата на јавната администрација има апсолутно централна позиција, како за развојот на земјата, така и за нејзините перспективи за членство во Европската Унија, смета евроамбасадорот Дејвид Гир. Во  обраќање на промоцијата на новата Стратегија за реформа на јавната администрација (2023 - 2030) Гир порача дека „стратегиите се онолку добри, колку што е нивната имплементација“, укажувајќи дека во Собранието „се уште се чека да поминат разни закони кои се однесуваат на највисокиот ешалон на јавната администрација, а се особено важни за компетитивна, професионална и високо квалитетна јавна служба“.

Од капацитетот и професионалноста на јавната администрација, според Гир, зависи како искористувањето на средствата од Унијата, така и развојот на политики и соодветни одговори на клучните предизвици.

Не велам дека јавните службеници не работат напорно, но секако дека има проблеми. Сите знаеме сервиси што не функционираат, но исто така има многу јавни службеници што работата посветено и напорно, а кои сакаат да видат подобар систем. Проблем е системот, и тоа е она што сметам дека ќе се надмине со оваа стратегија. Се надевам, дека не само оваа влада, туку и следните влади, ќе го гледаат ова како надпартиско и дека резултатите се исклучиво во интерес на граѓаните и тоа државата да има јавна служба како што заслужува, изјави Гир.

Како земјата напредува кон Европската Унија, така и се отвораат фондови и средства, за чие користење, според Гир, администрацијата има клучна улога, бидејќи нивното искористување зависи од нејзиниот капацитет за планирање, менаџирање и покажување одговорност.

Мислам дека знаеме дека сегашната состојба  е многу далеку од тоа. Да има напредок, но се уште има големи предизвици, во човечки капацитети, транспарентност и одговорност. Често политичките партии се мешаат во именувањата, што значи дека политичкиот фактор е поважен од заслугите или компетенциите. И секако, многу често комплицираната средина резултира со несоодветна меѓувладина и меѓуинституционална соработка. Ова, секако се предизвици, кои не се само на вашата земја. Не сте единствени, ова се предизвици со кои се соочуваат многу земји низ светот, изјави Гир.

Многу често, според Гир, лекциите не се учат, иако има многу добри извештаи како од државните ревизори и ДКСК, кои содржат многу препораки за подобрување.

Честитки до сите кои се вклучени во изработката на Стратегијата. Стратегиите се одлични, но тие се онолку добри, колку што е нивната имплементација. Затоа се ќе зависи од имплементацијата. Ние ќе дадеме поддршка и помош, но значителен дел од работата ќе треба да биде направен, изјави Гир, посочувајќи дека има многу примери каде даваат помош, но се уште чекаат да видат имплементација на препораките и советите.

Тука, појасни Гир, секако мислам на поддршката за разни закони, кои се уште треба да поминат во Собрание, а кои се однесуваат на високиот ешалон на јаваната администрација и се особено важни за компетитивна, професионална и високо квалитетна јавна служба.

Го повикувам Собранието да си ја заврши работата. Секако детално да ја разгледа легислативата, но да се продолжи напред што е можно побрзо, бидејќи ова се клучни закони кои навистина ќе помогнат да се постави рамката, заедно со Стратегијата, за подобрувања во областа на јавната администрација, изјави Гир.

Администрацијата, нагласи Гир, исто така, има клучна улога во развојот на соодветни одговори на клучните предизвици, бидејќи, како што рече „ниту една држава не може да функционира без размислување за иднината и планирање“.

Вашата улога во евроинтеграцискиот процес ќе биде од клучно значење и нема да може да биде исполнета, без соодветно зголемување на капацитетите и професионализација на јавната администрација. Затоа, во рамки на самиот пристапен процес јакнењето на јавната администрација е дел во групата фундаменти, кои се отвораат први и се следат се до пристапувањето, но и потоа како земја членка, изјави Гир.

Стратегијата за реформа на јавната администрација (2023 - 2030) е на настанот „Современа, ефикасна и дигитализирана Јавна Администрација: Визија 2030. Испорака на поквалитетни јавни услуги за граѓаните и приватниот сектор“ беше промовиорана на настан во организација на  Министерството за информатичко општество и администрација, во соработка СИГМА.

The post Гир: Стратегиите се онолку добри, колку што е нивната имплементација appeared first on Република.

]]>

Реформата на јавната администрација има апсолутно централна позиција, како за развојот на земјата, така и за нејзините перспективи за членство во Европската Унија, смета евроамбасадорот Дејвид Гир. Во  обраќање на промоцијата на новата Стратегија за реформа на јавната администрација (2023 - 2030) Гир порача дека „стратегиите се онолку добри, колку што е нивната имплементација“, укажувајќи дека во Собранието „се уште се чека да поминат разни закони кои се однесуваат на највисокиот ешалон на јавната администрација, а се особено важни за компетитивна, професионална и високо квалитетна јавна служба“. Од капацитетот и професионалноста на јавната администрација, според Гир, зависи како искористувањето на средствата од Унијата, така и развојот на политики и соодветни одговори на клучните предизвици.
Не велам дека јавните службеници не работат напорно, но секако дека има проблеми. Сите знаеме сервиси што не функционираат, но исто така има многу јавни службеници што работата посветено и напорно, а кои сакаат да видат подобар систем. Проблем е системот, и тоа е она што сметам дека ќе се надмине со оваа стратегија. Се надевам, дека не само оваа влада, туку и следните влади, ќе го гледаат ова како надпартиско и дека резултатите се исклучиво во интерес на граѓаните и тоа државата да има јавна служба како што заслужува, изјави Гир.
Како земјата напредува кон Европската Унија, така и се отвораат фондови и средства, за чие користење, според Гир, администрацијата има клучна улога, бидејќи нивното искористување зависи од нејзиниот капацитет за планирање, менаџирање и покажување одговорност.
Мислам дека знаеме дека сегашната состојба  е многу далеку од тоа. Да има напредок, но се уште има големи предизвици, во човечки капацитети, транспарентност и одговорност. Често политичките партии се мешаат во именувањата, што значи дека политичкиот фактор е поважен од заслугите или компетенциите. И секако, многу често комплицираната средина резултира со несоодветна меѓувладина и меѓуинституционална соработка. Ова, секако се предизвици, кои не се само на вашата земја. Не сте единствени, ова се предизвици со кои се соочуваат многу земји низ светот, изјави Гир.
Многу често, според Гир, лекциите не се учат, иако има многу добри извештаи како од државните ревизори и ДКСК, кои содржат многу препораки за подобрување.
Честитки до сите кои се вклучени во изработката на Стратегијата. Стратегиите се одлични, но тие се онолку добри, колку што е нивната имплементација. Затоа се ќе зависи од имплементацијата. Ние ќе дадеме поддршка и помош, но значителен дел од работата ќе треба да биде направен, изјави Гир, посочувајќи дека има многу примери каде даваат помош, но се уште чекаат да видат имплементација на препораките и советите.
Тука, појасни Гир, секако мислам на поддршката за разни закони, кои се уште треба да поминат во Собрание, а кои се однесуваат на високиот ешалон на јаваната администрација и се особено важни за компетитивна, професионална и високо квалитетна јавна служба.
Го повикувам Собранието да си ја заврши работата. Секако детално да ја разгледа легислативата, но да се продолжи напред што е можно побрзо, бидејќи ова се клучни закони кои навистина ќе помогнат да се постави рамката, заедно со Стратегијата, за подобрувања во областа на јавната администрација, изјави Гир.
Администрацијата, нагласи Гир, исто така, има клучна улога во развојот на соодветни одговори на клучните предизвици, бидејќи, како што рече „ниту една држава не може да функционира без размислување за иднината и планирање“.
Вашата улога во евроинтеграцискиот процес ќе биде од клучно значење и нема да може да биде исполнета, без соодветно зголемување на капацитетите и професионализација на јавната администрација. Затоа, во рамки на самиот пристапен процес јакнењето на јавната администрација е дел во групата фундаменти, кои се отвораат први и се следат се до пристапувањето, но и потоа како земја членка, изјави Гир.
Стратегијата за реформа на јавната администрација (2023 - 2030) е на настанот „Современа, ефикасна и дигитализирана Јавна Администрација: Визија 2030. Испорака на поквалитетни јавни услуги за граѓаните и приватниот сектор“ беше промовиорана на настан во организација на  Министерството за информатичко општество и администрација, во соработка СИГМА.

The post Гир: Стратегиите се онолку добри, колку што е нивната имплементација appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Интегрирањето на родовата перспектива е наша обврска во процесот на пристапување во ЕУ https://republika.mk/zivot/kariera/trenchevska-integriraneto-na-rodovata-perspektiva-e-nasha-obvrska-vo-protsesot-na-pristapuvane-vo-eu/ Wed, 13 Sep 2023 07:49:13 +0000 https://republika.mk/?p=681445

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Дејвид Гир и претставници од регионот се обратија на регионалниот форум: родова еднаквост во пристапувањето на Европската Унија.

„Интегрирањето на родовата перспектива е наша обврска во процесот на пристапување во ЕУ и во сродните реформски процеси затоа посветуваме особено внимание од сите аспекти. Ова се рефлектира и во Стратегијата за Родова еднаквост 2022-2027 која ја усвои Собранието на Република Македонија како и во Националниот акциски план за родова еднаквост 2022-2024 година. За да можеме да го интегрираме ова прашање потребна е поголема сензитивност како и знаење за родовата еднаквост. Затоа и го воспоставивме Ресурсниот центар за креирање на родови политики и родово одговорно буџетирање. Центарот го отворивме во март 2022 година во рамки на проектот поддржан од UN Woman. Ова е прв ваков центар во регионот кој служи за градење на капацитетите на јавната администрација на национално и локално ниво. Во изминатиот период спроведени се 32 обука со 420 учесници“ истакна Тренчевска.

Таа посочи дека еднаквоста на жените и мажите во контекст на општеството во Македонија денес најдобро се изразува преку односот помеѓу политиката или политичкиот естаблишмент, односно како Владата и Собранието се однесуваат на ова прашање. Во таа насока Министерката истакна дека во континуитет Собранието усвојува збир на закони, стратегии и други документи за антидискриминација, со кои се прави исчекор кон исполнување на обврските на државата Македонија преку усогласување на нејзината регулатива со регулативите на ЕУ.

Тренчевска го затвори своето обраќање повикувајќи на кршење на стереотипот дека само жените треба да се едуцираат кога се работи на прашањето за родовата еднаквост правата на жените и на мажите и родово базираното насилство, туку дека сите треба да бидат подеднакво вклучени.

The post Тренчевска: Интегрирањето на родовата перспектива е наша обврска во процесот на пристапување во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Дејвид Гир и претставници од регионот се обратија на регионалниот форум: родова еднаквост во пристапувањето на Европската Унија.   „Интегрирањето на родовата перспектива е наша обврска во процесот на пристапување во ЕУ и во сродните реформски процеси затоа посветуваме особено внимание од сите аспекти. Ова се рефлектира и во Стратегијата за Родова еднаквост 2022-2027 која ја усвои Собранието на Република Македонија како и во Националниот акциски план за родова еднаквост 2022-2024 година. За да можеме да го интегрираме ова прашање потребна е поголема сензитивност како и знаење за родовата еднаквост. Затоа и го воспоставивме Ресурсниот центар за креирање на родови политики и родово одговорно буџетирање. Центарот го отворивме во март 2022 година во рамки на проектот поддржан од UN Woman. Ова е прв ваков центар во регионот кој служи за градење на капацитетите на јавната администрација на национално и локално ниво. Во изминатиот период спроведени се 32 обука со 420 учесници“ истакна Тренчевска.   Таа посочи дека еднаквоста на жените и мажите во контекст на општеството во Македонија денес најдобро се изразува преку односот помеѓу политиката или политичкиот естаблишмент, односно како Владата и Собранието се однесуваат на ова прашање. Во таа насока Министерката истакна дека во континуитет Собранието усвојува збир на закони, стратегии и други документи за антидискриминација, со кои се прави исчекор кон исполнување на обврските на државата Македонија преку усогласување на нејзината регулатива со регулативите на ЕУ.   Тренчевска го затвори своето обраќање повикувајќи на кршење на стереотипот дека само жените треба да се едуцираат кога се работи на прашањето за родовата еднаквост правата на жените и на мажите и родово базираното насилство, туку дека сите треба да бидат подеднакво вклучени.    

The post Тренчевска: Интегрирањето на родовата перспектива е наша обврска во процесот на пристапување во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Гир: Ако истрагите на ОЛАФ резултираат со сомнеж за криминални активности, тие случаи ќе бидат проследени во ЈО https://republika.mk/vesti/makedonija/gir-ako-istragite-na-olaf-rezultiraat-so-somnezh-za-kriminalni-aktivnosti-tie-sluchai-ke-bidat-prosledeni-vo-jo/ Wed, 26 Jul 2023 11:58:11 +0000 https://republika.mk/?p=665531

Ако истрагите на Европската служба против измами - ОЛАФ резултираат со сомнеж за криминални активности, тие случаи ќе бидат проследени во Јавното обвинителство и во тој случај очекуваме јавниот обвинител да преземе навремени активности и тие активности ние ќе ги следиме одблиску, изјави денеска во Битола Дејвид Гир, шеф на делегацијата на ЕУ во Македонија, одговарајќи на новинарско прашање на МИА.

Амбасадорот Гир потврди дека Европската служба против измами (ОЛАФ) со седиште во Брисел подготвила препораки за европските институции и македонските власти во однос на злоупотребата на европските фондови.

Ова покажува колку сериозно ЕУ пристапува и го проверува начинот на кој парите од европските даночни обврзници се трошат во Македонија. Сакам да потенцирам дека ОЛАФ е многу сериозно тело, кое спроведува истраги за тоа како се трошат парите на ЕУ. Ја потврдувам бројката, но не ги знам деталите во врска со самите истраги. Можам да потврдам дека има различни субјекти кои се дел од тие истраги. Ако истрагите на ОЛАФ резултираат со сомнеж за криминални активности, тие случаи ќе бидат проследени во Јавното обвинителство, и во тој случај очекуваме јавниот обвинител да преземе навремени активности и тие активности ние ќе ги следиме одблиску, изјави амбасадорот Гир.

За време на посетата на Битола, амбасадорот Гир предочи дека луѓето кои што ги злоупотребуваат парите на европските даночни обврзници тие всушност ги мамат и граѓаните на Македонија.

Европската служба против измами (ОЛАФ), одговорна за ревизија на фондовите за земјите членки на Европската Унија и за други држави кориснички во последните пет години отворила 36 истраги за земјите од Западен Балкан за злоупотреба или неправилности поврзани со европските фондови, од кои 18, како што пренесе Еуроњус Албанија, се однесуваат на злоупотреба на европските фондовите во земјава. ОЛАФ подготвила седум препораки за европските институции и за македонските власти. Од службата нема дополнителни информации за конкретните истраги, но објавено е дека за европските фондови, кои се потрошени целосно или делумно на национално или на регионално ниво во 2022 година, во Македонија биле отворени четири истраги, а три се затворени со соодветни препораки.

The post Гир: Ако истрагите на ОЛАФ резултираат со сомнеж за криминални активности, тие случаи ќе бидат проследени во ЈО appeared first on Република.

]]>

Ако истрагите на Европската служба против измами - ОЛАФ резултираат со сомнеж за криминални активности, тие случаи ќе бидат проследени во Јавното обвинителство и во тој случај очекуваме јавниот обвинител да преземе навремени активности и тие активности ние ќе ги следиме одблиску, изјави денеска во Битола Дејвид Гир, шеф на делегацијата на ЕУ во Македонија, одговарајќи на новинарско прашање на МИА. Амбасадорот Гир потврди дека Европската служба против измами (ОЛАФ) со седиште во Брисел подготвила препораки за европските институции и македонските власти во однос на злоупотребата на европските фондови.
Ова покажува колку сериозно ЕУ пристапува и го проверува начинот на кој парите од европските даночни обврзници се трошат во Македонија. Сакам да потенцирам дека ОЛАФ е многу сериозно тело, кое спроведува истраги за тоа како се трошат парите на ЕУ. Ја потврдувам бројката, но не ги знам деталите во врска со самите истраги. Можам да потврдам дека има различни субјекти кои се дел од тие истраги. Ако истрагите на ОЛАФ резултираат со сомнеж за криминални активности, тие случаи ќе бидат проследени во Јавното обвинителство, и во тој случај очекуваме јавниот обвинител да преземе навремени активности и тие активности ние ќе ги следиме одблиску, изјави амбасадорот Гир.
За време на посетата на Битола, амбасадорот Гир предочи дека луѓето кои што ги злоупотребуваат парите на европските даночни обврзници тие всушност ги мамат и граѓаните на Македонија. Европската служба против измами (ОЛАФ), одговорна за ревизија на фондовите за земјите членки на Европската Унија и за други држави кориснички во последните пет години отворила 36 истраги за земјите од Западен Балкан за злоупотреба или неправилности поврзани со европските фондови, од кои 18, како што пренесе Еуроњус Албанија, се однесуваат на злоупотреба на европските фондовите во земјава. ОЛАФ подготвила седум препораки за европските институции и за македонските власти. Од службата нема дополнителни информации за конкретните истраги, но објавено е дека за европските фондови, кои се потрошени целосно или делумно на национално или на регионално ниво во 2022 година, во Македонија биле отворени четири истраги, а три се затворени со соодветни препораки.

The post Гир: Ако истрагите на ОЛАФ резултираат со сомнеж за криминални активности, тие случаи ќе бидат проследени во ЈО appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска: Врските со Европа се зацврстуваат со новата Европската куќа отворена во Велес https://republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-vrskite-so-evropa-se-zatsvrstuvaat-so-novata-evropskata-kuka-otvorena-vo-veles/ Fri, 21 Jul 2023 07:03:05 +0000 https://republika.mk/?p=663741

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир во новоотворената Европска куќа во Велес присуствуваше на отворањето на изложбата „На работ на зборовите“, на галеријата „Акантус“, а под кураторство на Дијана Томиќ-Радевска.

Со отворањето на изложбата македонските уметници Оливер Мусовиќ, Славица Јанешлиева, Нехат Беќири, Александра Петрушевска Ристевска, Анета Попова и Стефан Младеновски, преку своите дела, со велешани ја споделија уметничката порака за моќта и поврзаноста на зборот, јазикот и комуникацијата.

– Новата петта по ред Европската куќа, е нов дом за велешани и за сите оние коишто веруваат во значењето на дијалогот и размената на идеи, за сите кои со гордост ја негуваат својата култура и традиции и кои го споделуваат идеалот на обединета Европа, истакна Костадиновска-Стојчевска, честитајќи го отворањето на новиот урбан простор во Велес.

На отворањето, прозвучија и стиховите од великанот на современата македонска поезија Кочо Рацин, кои ги прочита младата поетеса Марија Грубор придружувана со гитарски настап на џез музичарот Филип Букршлиев.

The post Костадиновска-Стојчевска: Врските со Европа се зацврстуваат со новата Европската куќа отворена во Велес appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир во новоотворената Европска куќа во Велес присуствуваше на отворањето на изложбата „На работ на зборовите“, на галеријата „Акантус“, а под кураторство на Дијана Томиќ-Радевска. Со отворањето на изложбата македонските уметници Оливер Мусовиќ, Славица Јанешлиева, Нехат Беќири, Александра Петрушевска Ристевска, Анета Попова и Стефан Младеновски, преку своите дела, со велешани ја споделија уметничката порака за моќта и поврзаноста на зборот, јазикот и комуникацијата.
– Новата петта по ред Европската куќа, е нов дом за велешани и за сите оние коишто веруваат во значењето на дијалогот и размената на идеи, за сите кои со гордост ја негуваат својата култура и традиции и кои го споделуваат идеалот на обединета Европа, истакна Костадиновска-Стојчевска, честитајќи го отворањето на новиот урбан простор во Велес.
На отворањето, прозвучија и стиховите од великанот на современата македонска поезија Кочо Рацин, кои ги прочита младата поетеса Марија Грубор придружувана со гитарски настап на џез музичарот Филип Букршлиев.

The post Костадиновска-Стојчевска: Врските со Европа се зацврстуваат со новата Европската куќа отворена во Велес appeared first on Република.

]]>
Гир: Доколку нема уставни измени, тоа значи дека ќе ја пропуштите шансата, која некои други ќе ја искористат https://republika.mk/vesti/makedonija/gir-dokolku-nema-ustavni-izmeni-toa-znachi-deka-ke-ja-propushtite-shansata-koja-nekoi-drugi-ke-ja-iskoristat/ Wed, 07 Jun 2023 17:09:26 +0000 https://republika.mk/?p=648941

Вратата на Македонија кон Европската Унија е отворена доколку се воведат уставните промени. Така државата ќе премине на следниот чекор, истакна амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир. Нагласува дека доколку не се направат уставните измени, тоа значи дека сме ја пропуштиле шансата, која други ќе ја искористат.

-Уставните промени се голем проблем. Суверенитетско прашање е за државата. Но мислам дека неколку елементи ќе бидат особено важни и ќе треба да се земат предвид штом ќе се објави предлогот и ќе стане достапен за јавноста. Ќе почнам со уставните промени. Мислам дека пред сѐ тука се клучни тајмингот и контекстот. Лани во јули ги почнавме пристапните преговори со Македонија. Засега процесот се одвива добро. Скринингот е во тек, тимовите се добро организирани и гледам позитивни промени. Постои залет. Но постои еден поширок контекст како резултат, за жал, на војната на Русија против Украина. Има залет за проширувањето и сите сега ја разбираат сериозноста на интересот за напредување во процесот на проширувањето на ЕУ. Мислам дека сега има голема шанса. Во овој миг вратата е отворена доколку се воведат уставните промени. Така државата ќе премине на следниот чекор, рече Гир во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Според него, се работи за суверенитетско прашање и посочи оти имаме голема шанса која не треба да се пропушти.

- Инаку нема да има напредок. Секако, важно ќе биде народот да прочита што ќе пишува во текстот и да се фокусира на тоа. Изгледа дека постојат начини за да се вклучат во Уставот и луѓето кои се декларираат како Бугари. Веќе имате добри меѓуетнички односи. Ова само ќе ги зацврсти. Може да се каже дека со дела ќе го потврдите тоа што го зборувате, порача Гир.

На прашањето околу тоа што доколку не се направат уставните измени, Гир вели дека тоа значи дека ќе ја пропуштиме шансата, која други ќе ја искористат.

-Постои залет. Залетот во политиката и дипломатијата е нешто што не се занемарува. Тоа е посебен миг. Ако напредувате, ќе го искористите залетот и ќе ги искористите шансите кои ви се укажуваат за да напреднете на патот кон ЕУ. Сега мора државата да се фокусира на големите реформи кои мора да ги воведе. Што ако државата не го направи тој чекор и одлучи да не ги воведе уставните промени? Тогаш процесот ќе биде во застој, скринингот ќе прекине и преговорите нема да напредуваат. Тоа ќе значи дека сте ја пропуштиле шансата, но некои други ќе ја искористат и ќе ѝ се приклучат на ЕУ, рече амбасадорот Гир.

Според него, Парламентот треба да се фокусира на аргументите, да ја види пошироката слика и да донесе одлука.

The post Гир: Доколку нема уставни измени, тоа значи дека ќе ја пропуштите шансата, која некои други ќе ја искористат appeared first on Република.

Гир: Многу често се употребува европското знаменце за закони за кои не е наменето https://republika.mk/vesti/gir-mnogu-chesto-se-upotrebuva-evropskoto-znamentse-za-zakoni-za-koi-ne-e-nameneto/ Thu, 11 May 2023 11:51:36 +0000 https://republika.mk/?p=639705

Причината поради која го покренав прашањето за употребата на европското знаменце, е токму поради тоа што тоа многу често се употребува за усвојување на некои закони, додека се знае дека употребата на европското знаменце секогаш се употребува преку усвојување на закон којшто е значи директно поврзан со европските практики и европското законодавство, порача амбасадорот на ЕУ во Македонија Дејвид Гир.

Тој на денешната промоција на проектите на 45 граѓански организации, имплементирани во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 - ReLOaD2, посочи дека секогаш употребата на европското знаменце треба да се направи по претходна вистинска консултација помеѓу сите политички партии и тоа е за усогласување на европската легислатива.

-Се разбира ние имаме редовни контакти со Владата во врска со ова прашање, меѓутоа и со ред други прашања и се разбира дека секогаш сме подготвени да ја сослушаме Владата што има да каже во врска со ова прашање и со други прашања што не засегаат сите нас. И што се однесува до самата опозиција ние сме во редовен дијалог и со неа за прашањата што тие ги покренуваат, изјави Гир.

The post Гир: Многу често се употребува европското знаменце за закони за кои не е наменето appeared first on Република.

]]>

Причината поради која го покренав прашањето за употребата на европското знаменце, е токму поради тоа што тоа многу често се употребува за усвојување на некои закони, додека се знае дека употребата на европското знаменце секогаш се употребува преку усвојување на закон којшто е значи директно поврзан со европските практики и европското законодавство, порача амбасадорот на ЕУ во Македонија Дејвид Гир. Тој на денешната промоција на проектите на 45 граѓански организации, имплементирани во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 - ReLOaD2, посочи дека секогаш употребата на европското знаменце треба да се направи по претходна вистинска консултација помеѓу сите политички партии и тоа е за усогласување на европската легислатива. -Се разбира ние имаме редовни контакти со Владата во врска со ова прашање, меѓутоа и со ред други прашања и се разбира дека секогаш сме подготвени да ја сослушаме Владата што има да каже во врска со ова прашање и со други прашања што не засегаат сите нас. И што се однесува до самата опозиција ние сме во редовен дијалог и со неа за прашањата што тие ги покренуваат, изјави Гир.

The post Гир: Многу често се употребува европското знаменце за закони за кои не е наменето appeared first on Република.

]]>
Груби – Гир: Уставните промени, клучот за продолжување на интегративниот процес https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-gir-ustavnite-promeni-kluchot-za-prodolzuvanje-na-integrativniot-proces/ Wed, 02 Nov 2022 13:40:20 +0000 https://republika.mk/?p=568829

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денеска оствари средба со шефот на мисијата на Европската Унија во земјава, амбасадорот Дејвид Гир.

Груби во оваа прилика го ценеше активниот ангажман на Европската Унија во Република Македонија и во регионот.

На средбата се разговараше за Јавниот повик за поддршка на невладините организации бидејќи оваа поддршка продолжува од страна на Владата. Процесот ќе биде многу транспарентен бидејќи вклучува претставници од повеќе институции, како и од Советот за поддршка на невладините организации, а во целиот процес на селекција се поканети да учествуваат и претставници од Европската Унија.

Потребата од уставни измени за да се отвори дискусијата за европската иднина на државата беше дел од разговорот меѓу Груби и Гир, но и одлуките кои во наредниот период треба да се донесат во Собранието со политички и општествен консензус од сите општествени политички чинители.

Груби и Гир разговараа и за внатрешно-политичките настани во земјава, со фокус на европските трендови и интеграции, како и за успешниот напредок на скрининг-процесот и спроведување на реформите.

The post Груби – Гир: Уставните промени, клучот за продолжување на интегративниот процес appeared first on Република.

]]>

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денеска оствари средба со шефот на мисијата на Европската Унија во земјава, амбасадорот Дејвид Гир. Груби во оваа прилика го ценеше активниот ангажман на Европската Унија во Република Македонија и во регионот. На средбата се разговараше за Јавниот повик за поддршка на невладините организации бидејќи оваа поддршка продолжува од страна на Владата. Процесот ќе биде многу транспарентен бидејќи вклучува претставници од повеќе институции, како и од Советот за поддршка на невладините организации, а во целиот процес на селекција се поканети да учествуваат и претставници од Европската Унија. Потребата од уставни измени за да се отвори дискусијата за европската иднина на државата беше дел од разговорот меѓу Груби и Гир, но и одлуките кои во наредниот период треба да се донесат во Собранието со политички и општествен консензус од сите општествени политички чинители. Груби и Гир разговараа и за внатрешно-политичките настани во земјава, со фокус на европските трендови и интеграции, како и за успешниот напредок на скрининг-процесот и спроведување на реформите.

The post Груби – Гир: Уставните промени, клучот за продолжување на интегративниот процес appeared first on Република.

]]>
Пендаровски на средба со евроамбасадорот Гир https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-na-sredba-so-evroambasadorot-gir/ Thu, 28 Jul 2022 10:45:19 +0000 https://republika.mk/?p=534214

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, амбасадорот Дејвид Гир.

На средбата беше разговарано за натамошниот тек на евроинтеграцискиот процес на Република Македонија и фазите што престојат во реализацијата на пристапните преговори за членство во Европската Унија.

Во тој контекст, претседателот истакна дека сите институции ќе вложат максимални напори со цел успешно спроведување на скрининг процесот кој започнува во септември.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката од евроамбасадорот Гир и изрази очекување дека соработката со Делегацијата на Европската Унија во земјава успешно ќе продолжи и во текот на целокупниот преговарачкиот процес.

На средбата беа разменети и мислења за можните предизвици во преговарачкиот процес, прашањата што се очекува да бидат најактуелни во преговорите, како и за конкретните придобивки од процесот.

The post Пендаровски на средба со евроамбасадорот Гир appeared first on Република.

Како да го заштитиме биодиверзитетот? – студенти и експерти дискутираа во резиденцијата на ЕУ во Скопје https://republika.mk/zivot/kako-da-go-zashtitime-biodiverzitetot-studenti-i-eksperti-diskutiraa-vo-rezidencijata-na-eu-vo-skopje/ Wed, 25 May 2022 08:02:36 +0000 https://republika.mk/?p=506603

„Заштита на биодиверзитетот преку чување на природата и реверзија на деградацијата на екосистемите“ беше темата на четвртата дебата инспирирана од изложбата „Розеви тигри и златни гуштери и што уште не“ што се одржа во резиденцијата на Европската Унија во Скопје. Зелениот договор на Европската Унија и предизвиците со кои се соочуваме се суштината на сите дебати. Колку се грижиме за заштита на биодиверзитетот и зошто ова прашање е дел од Зелениот договор? Можно ли е заштитата на природата и економскиот развој да се одвиваат како паралелни процеси - беа дел од прашањата начнати на дебатата.

Домаќините, ЕУ-амбасадорот Дејвид Гир и Пол Бускот ги поздравија учесниците Даниел Богнер, експерт и поранешен тим-лидер на проектот „Натура 2000“ на ЕУ, Маја Богдановска-Зенделска, проект-менаџер во Делегацијата на ЕУ, д-р Светислав Крстиќ, редовен професор на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје (ПМФ), д-р Ивана Трајаноска, професорка на „Американ колеџ“, Диме Меловски од Македонското еколошко друштво, Андон Бојаџи, раководител на Одделението за заштита на природата при Националниот парк „Галичица“, Едита Зеќировиќ од Министерството за животна средина и просторно планирање, Иван Дургутов, млад европски амбасадор и студентки од ПМФ и од „Американ колеџ“.

Модератор на дебатата беше активистот Горјан Јовановски од AirCare.

Дијана Томиќ-Радевска е куратор на изложбата „Розеви тигри и златни гуштери и што уште не“ што ја организира Делегацијата на ЕУ во соработка со галеријата „Акантус“ како еден од начините преку уметноста да се зборува за глобалните проблеми. Таа го претстави концептот преку делата на Андреј Жерновски, Вана Урошевиќ и Зоран Тодовиќ (заеднички проект), Ненад Тонкин, Озбек Ајваз, а се задржа на делото на Маја Кировска. Поттикнати од пандемијата, карантините и ограничувањето на движење во природата, Кировски создале домашна градина. Почнале да ги проучуваат видовите што ги одгледуваат, да истражуваат за нив.

Тоа го споив со социјалните мрежи што ги користам како медиум. Се прашав кој јазик на комуникација го користат инфлуенсерите за да постигнат нешто. Постојано ги освежувам информациите и бројот на публиката расте - вели Кировска.

Модераторот Јовановски направи интересен пресврт на почетокот на дебатата и ги насочи студентите тие да поставуваат прашања на кои одговараа експертите.

Ана Варелова, активистка и апсолвентка на студии по екологија при Институтот за биологија, се интересираше за пристапите за заштита на биодиверзитетот и можностите да се направат промени во легислативата и на политичко ниво.

Диме Меловски го вброи сочувувањето на биодиверзитетот во две групи – заштита на конкретен вид (како во случајот со балканскиот рис) и заштита на цели екосистеми. Според него, кога би имале повеќе подрачја „Натура 2000“, најголемата координирана еколошка мрежа на заштитени подрачја во светот, би добиле заштита и на самите елементи на екосистемот, вклучувајќи заштита на видовите и интеракција на човекот со нив.

Проф. Светислав Крстиќ посочи дека исчезнувањето на видовите постоело и пред човекот. Главното прашање е колку човекот влијае врз забрзувањето на исчезнувањето на видовите.

Има податок дека фрапантни 10.000 вида исчезнуваат годишно. Ако ги додадете тука и климатските промени и загадувањето, повеќе од очигледно е колку човекот придонесува во овој процес. Но, видовите мора да ги гледате како дел од екосистемот, не можете да ги изземете од него - вели Крстиќ.

Тој посочи дека нема време да се навлегува во правни лавиринти. За почеток доволно е да се почитува постојната регулатива за квалитет на водите, што само по себе ќе донесе огромни придобивки за видовите што живеат во екосистемите. Таа легислатива постои, но треба да се почитува.

Законите за овие прашања се максимално приближени до европската легислатива, дури 95 отсто. Дали се доволни? Не, зашто мора да се имплементираат и да се почитуваат - вели Крстиќ.

Според Едита Зеќировиќ од МТСП, проблем е што во нашата држава не постои национален мониторинг-систем што ќе води сметка за биолошката разновидност. Постојат истражувања, но тие се базирани на индивидуални проекти и нема континуитет. Министерството соработува со невладиниот сектор, со научната заедница и со меѓународни експерти и институции. Добра вест е што за 13,5 отсто е зголемен бројот на заштитени подрачја во земјава – Шар Планина, Малешево и Осоговските Планини. Според Зеќировиќ, еден од најголемите предизвици е сериозниот недостиг на експерти кои во иднина ќе работат на овие прашања.

Андон Бојаџи инспиративно зборуваше за својата работа.

Јас 31 година работам во Националниот парк „Галичица“ и уште ми се оди на работа! Оваа земја е мала по површина, но има исклучително богата разновидност, како и сите земји на Балканот. А за видовите не важат политичките граници. Затоа, соработката меѓу земјите од регионот е неопходна ако сакаме навистина да ги заштитиме видовите - рече Бојаџи.

Тој нагласи дека веќе вложуваат во обука на млади кадри и дека сами си го изработиле Планот за управување со НП „Галичица“. Тој потенцира дека имаат многу активности и ги покани младите и сите заинтересирани граѓани да се вклучат во нив.

Според Даниел Богнер, токму поради распространетоста на биодиверзитетот надвор од границите на една земја, многу се важни и корисни прекуграничните проекти. Во однос на заштита на биодиверзитетот, свесноста кај луѓето е исклучително важна.

Многу е важно луѓето да ја почувствуваат врската со природата. Сум ги видел изразите на лицата на луѓе кои првпат ќе мириснат цвеќе или ќе чујат птици, шумолење на поток. Овие луѓе треба да се вклучат во работата на заштитата на природата. Во многу земји функционира т.н. граѓанска наука (citizens science), каде што обичните граѓани се вклучени во мониторирање на видовите - рече Богнер.

И тој и Крстиќ се согласуваат дека овие процеси мора да се водат под надзор на научната заедница.

Ивана Трајаноска вели дека на „Американ колеџ“ не се изучуваат природните науки, но ја користат секоја можност да вградат компоненти преку кои студентите ќе можат подобро да го разберат биодиверзитетот. Студентките од АК ја потенцираа свесноста на студентите за проблемите на биодиверзитетот и потребата за поактивно информирање и вклучување на студентите во овие процеси.

Младиот европски амбасадор Иван Дургутов ги повика младите да ги користат сите начини за заштита на животната средина – да користат јавен превоз, велосипед или да се движат пеш, а модераторот Јовановски повика да ја искористат секоја можност активно да се вклучат во решавање на овие прашања.

Евроамбасадорот Гир рече дека ги забележал сите прашања и аспекти начнати на дебатата.

Еден од проблемите во оваа земја е чувството на безнадежност кај граѓаните. Општиот впечаток е дека ништо не чини и не функционира. Тоа треба да го смениме. Во делот на заштитата на биодиверзитетот има и позитивни примери на посветеност како во НП „Галичица“. Сè што дискутираме тука, не смее тука да заврши - поентира Гир.

Бускот е импресиониран од ентузијазмот на младите да дискутираат за проблемите и да се вклучат во нивното решавање. Тој и Гир неодамна се вратиле од Австралија, каде што биле очевидци на климатските промени и последиците врз биодиверзитетот, особено во океанот. Бускот ја потенцира својата загриженост за пчелите – наше национално богатство. Тој е одушевен од филмот „Медена земја“ каде што на прекрасен, инспиративен начин вниманието е свртено токму кон овие инсекти.

Потребни се поголеми напори за заштита на пчелите и биодиверзитетот. Тука ја гледам улогата на младите, тие се круна на сè, тие се надеж. Имаат кревки рамена, но тежината што ја носат на нив е голема. Ние, возрасните, мора да сториме сè за дел од таа тежина да понесеме и на нашите рамена - рече Бускот.

Според Гир, европскиот Зелен договор треба да одговори на троен предизвик: климатските промени, колапс на биодиверзитетот и деградација на животната средина.

Веќе подолго време отвораме дебати, организираме кампањи за овие прашања. Но, договорите на политичко ниво не се доволни. Во овие процеси неопходно е да се вклучат сите, особено младите. Ним сум им особено благодарен што се присутни - заврши Гир.

The post Како да го заштитиме биодиверзитетот? – студенти и експерти дискутираа во резиденцијата на ЕУ во Скопје appeared first on Република.

]]>

„Заштита на биодиверзитетот преку чување на природата и реверзија на деградацијата на екосистемите“ беше темата на четвртата дебата инспирирана од изложбата „Розеви тигри и златни гуштери и што уште не“ што се одржа во резиденцијата на Европската Унија во Скопје. Зелениот договор на Европската Унија и предизвиците со кои се соочуваме се суштината на сите дебати. Колку се грижиме за заштита на биодиверзитетот и зошто ова прашање е дел од Зелениот договор? Можно ли е заштитата на природата и економскиот развој да се одвиваат како паралелни процеси - беа дел од прашањата начнати на дебатата. Домаќините, ЕУ-амбасадорот Дејвид Гир и Пол Бускот ги поздравија учесниците Даниел Богнер, експерт и поранешен тим-лидер на проектот „Натура 2000“ на ЕУ, Маја Богдановска-Зенделска, проект-менаџер во Делегацијата на ЕУ, д-р Светислав Крстиќ, редовен професор на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје (ПМФ), д-р Ивана Трајаноска, професорка на „Американ колеџ“, Диме Меловски од Македонското еколошко друштво, Андон Бојаџи, раководител на Одделението за заштита на природата при Националниот парк „Галичица“, Едита Зеќировиќ од Министерството за животна средина и просторно планирање, Иван Дургутов, млад европски амбасадор и студентки од ПМФ и од „Американ колеџ“. Модератор на дебатата беше активистот Горјан Јовановски од AirCare. Дијана Томиќ-Радевска е куратор на изложбата „Розеви тигри и златни гуштери и што уште не“ што ја организира Делегацијата на ЕУ во соработка со галеријата „Акантус“ како еден од начините преку уметноста да се зборува за глобалните проблеми. Таа го претстави концептот преку делата на Андреј Жерновски, Вана Урошевиќ и Зоран Тодовиќ (заеднички проект), Ненад Тонкин, Озбек Ајваз, а се задржа на делото на Маја Кировска. Поттикнати од пандемијата, карантините и ограничувањето на движење во природата, Кировски создале домашна градина. Почнале да ги проучуваат видовите што ги одгледуваат, да истражуваат за нив.
Тоа го споив со социјалните мрежи што ги користам како медиум. Се прашав кој јазик на комуникација го користат инфлуенсерите за да постигнат нешто. Постојано ги освежувам информациите и бројот на публиката расте - вели Кировска.
Модераторот Јовановски направи интересен пресврт на почетокот на дебатата и ги насочи студентите тие да поставуваат прашања на кои одговараа експертите. Ана Варелова, активистка и апсолвентка на студии по екологија при Институтот за биологија, се интересираше за пристапите за заштита на биодиверзитетот и можностите да се направат промени во легислативата и на политичко ниво. Диме Меловски го вброи сочувувањето на биодиверзитетот во две групи – заштита на конкретен вид (како во случајот со балканскиот рис) и заштита на цели екосистеми. Според него, кога би имале повеќе подрачја „Натура 2000“, најголемата координирана еколошка мрежа на заштитени подрачја во светот, би добиле заштита и на самите елементи на екосистемот, вклучувајќи заштита на видовите и интеракција на човекот со нив. Проф. Светислав Крстиќ посочи дека исчезнувањето на видовите постоело и пред човекот. Главното прашање е колку човекот влијае врз забрзувањето на исчезнувањето на видовите.
Има податок дека фрапантни 10.000 вида исчезнуваат годишно. Ако ги додадете тука и климатските промени и загадувањето, повеќе од очигледно е колку човекот придонесува во овој процес. Но, видовите мора да ги гледате како дел од екосистемот, не можете да ги изземете од него - вели Крстиќ.
Тој посочи дека нема време да се навлегува во правни лавиринти. За почеток доволно е да се почитува постојната регулатива за квалитет на водите, што само по себе ќе донесе огромни придобивки за видовите што живеат во екосистемите. Таа легислатива постои, но треба да се почитува.
Законите за овие прашања се максимално приближени до европската легислатива, дури 95 отсто. Дали се доволни? Не, зашто мора да се имплементираат и да се почитуваат - вели Крстиќ.
Според Едита Зеќировиќ од МТСП, проблем е што во нашата држава не постои национален мониторинг-систем што ќе води сметка за биолошката разновидност. Постојат истражувања, но тие се базирани на индивидуални проекти и нема континуитет. Министерството соработува со невладиниот сектор, со научната заедница и со меѓународни експерти и институции. Добра вест е што за 13,5 отсто е зголемен бројот на заштитени подрачја во земјава – Шар Планина, Малешево и Осоговските Планини. Според Зеќировиќ, еден од најголемите предизвици е сериозниот недостиг на експерти кои во иднина ќе работат на овие прашања. Андон Бојаџи инспиративно зборуваше за својата работа.
Јас 31 година работам во Националниот парк „Галичица“ и уште ми се оди на работа! Оваа земја е мала по површина, но има исклучително богата разновидност, како и сите земји на Балканот. А за видовите не важат политичките граници. Затоа, соработката меѓу земјите од регионот е неопходна ако сакаме навистина да ги заштитиме видовите - рече Бојаџи.
Тој нагласи дека веќе вложуваат во обука на млади кадри и дека сами си го изработиле Планот за управување со НП „Галичица“. Тој потенцира дека имаат многу активности и ги покани младите и сите заинтересирани граѓани да се вклучат во нив. Според Даниел Богнер, токму поради распространетоста на биодиверзитетот надвор од границите на една земја, многу се важни и корисни прекуграничните проекти. Во однос на заштита на биодиверзитетот, свесноста кај луѓето е исклучително важна.
Многу е важно луѓето да ја почувствуваат врската со природата. Сум ги видел изразите на лицата на луѓе кои првпат ќе мириснат цвеќе или ќе чујат птици, шумолење на поток. Овие луѓе треба да се вклучат во работата на заштитата на природата. Во многу земји функционира т.н. граѓанска наука (citizens science), каде што обичните граѓани се вклучени во мониторирање на видовите - рече Богнер.
И тој и Крстиќ се согласуваат дека овие процеси мора да се водат под надзор на научната заедница. Ивана Трајаноска вели дека на „Американ колеџ“ не се изучуваат природните науки, но ја користат секоја можност да вградат компоненти преку кои студентите ќе можат подобро да го разберат биодиверзитетот. Студентките од АК ја потенцираа свесноста на студентите за проблемите на биодиверзитетот и потребата за поактивно информирање и вклучување на студентите во овие процеси. Младиот европски амбасадор Иван Дургутов ги повика младите да ги користат сите начини за заштита на животната средина – да користат јавен превоз, велосипед или да се движат пеш, а модераторот Јовановски повика да ја искористат секоја можност активно да се вклучат во решавање на овие прашања. Евроамбасадорот Гир рече дека ги забележал сите прашања и аспекти начнати на дебатата.
Еден од проблемите во оваа земја е чувството на безнадежност кај граѓаните. Општиот впечаток е дека ништо не чини и не функционира. Тоа треба да го смениме. Во делот на заштитата на биодиверзитетот има и позитивни примери на посветеност како во НП „Галичица“. Сè што дискутираме тука, не смее тука да заврши - поентира Гир.
Бускот е импресиониран од ентузијазмот на младите да дискутираат за проблемите и да се вклучат во нивното решавање. Тој и Гир неодамна се вратиле од Австралија, каде што биле очевидци на климатските промени и последиците врз биодиверзитетот, особено во океанот. Бускот ја потенцира својата загриженост за пчелите – наше национално богатство. Тој е одушевен од филмот „Медена земја“ каде што на прекрасен, инспиративен начин вниманието е свртено токму кон овие инсекти.
Потребни се поголеми напори за заштита на пчелите и биодиверзитетот. Тука ја гледам улогата на младите, тие се круна на сè, тие се надеж. Имаат кревки рамена, но тежината што ја носат на нив е голема. Ние, возрасните, мора да сториме сè за дел од таа тежина да понесеме и на нашите рамена - рече Бускот.
Според Гир, европскиот Зелен договор треба да одговори на троен предизвик: климатските промени, колапс на биодиверзитетот и деградација на животната средина.
Веќе подолго време отвораме дебати, организираме кампањи за овие прашања. Но, договорите на политичко ниво не се доволни. Во овие процеси неопходно е да се вклучат сите, особено младите. Ним сум им особено благодарен што се присутни - заврши Гир.
       
The post Како да го заштитиме биодиверзитетот? – студенти и експерти дискутираа во резиденцијата на ЕУ во Скопје appeared first on Република.

]]>
Пендаровски се сретна со евроамбасадорот Гир https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-se-sretna-so-evroambasadorot-gir/ Wed, 05 Jan 2022 12:13:09 +0000 https://republika.mk/?p=440941

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, амбасадорот Дејвид Гир.

На средбата соговорниците разговараа за политичките случувања во земјата во пресрет на формирањето на новата влада, како и за очекувањата и можностите за напредок во однос на европските перспективи на Македонија, соопштија од кабинетот на Претседателот.

Во тој контекст, претседателот Пендаровски истакна дека Македонија останува фокусирана на европската агенда и подготвена за дијалог со Република Бугарија во насока на надминување на постоечката состојба. Истовремено, претседателот Пендаровски констатираше дека валоризирањето на напредокот на нашата држава и почетокот на пристапните преговори, согласно препораките на Европската Комисија, ќе претставува дополнителен поттик за реформските процеси, посебно во клучните сфери како борбата против високата корупција и владеењето на правото.

На средбата беше посочено дека почетокот на пристапните преговори со Европската Унија значително ќе се одрази и на регионалната соработка, стабилноста и напредокот на регионот, стои во соопштението.

The post Пендаровски се сретна со евроамбасадорот Гир appeared first on Република.