гимнација Кирил Пејчиновиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/gimnacija-kiril-pejchinovikj/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Aug 2022 09:39:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гимнација Кирил Пејчиновиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/gimnacija-kiril-pejchinovikj/ 32 32 Груби си ја свитка опашката: Немаме злобна душа, ќе им ги вратиме просториите на учениците https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-si-ja-svitka-opashkata-nemame-zlobna-dusha-kje-im-gi-vratime-prostoriite-na-uchenicite/ Fri, 26 Aug 2022 20:57:28 +0000 https://republika.mk/?p=544586

Првиот потпретседател на Владата, Артан Груби вечерва на неговата фејсбук страница објави дека за Владата одлучувачки е гласот и волјата на тетовчани, затоа од вторник ќе биде донесена одлука просториите кои беа доделени на Агенцијата за катастар на недвижности да се вратат повторно во служба на Средното медицинско училиште во Тетово.

Првиот потпретседател на Владата, Артан Груби реагираше на полемиките за давањето на стариот објект на Средното медицинско училиште во Тетово на користење на Агенцијата за катастар на недвижности, нагласувајќи дека одлуката за тоа е донесена од страна на Владата без никаква негативна тенденција.

Во врска со изнесените полемики денес во јавноста за давањето на стариот објект на Средното медицинско училиште во Тетово во служба на Агенцијата за катастар на недвижности, би сакал да дадам објективно разјаснување на целата ситуација и да појаснам дека во одобрувањето на оваа одлука од страна на Владата нема никаква намерна тенденција. Ваквата одлука првично е донесена на барање на Агенцијата за катастар во 2021 година, во времето кога општина Тетово ја водеше Теута Арифи.

 

Владата тогаш ја разгледа разумноста на ова барање за задоволување на просторните потреби на Агенцијата за катастар, која ја чуваше документацијата на несоодветни простори и даваше услуги во непристојни услови за граѓаните на Тетово и ја усвои одлуката, но на барање на општината тогаш и ги врати просториите на располагање на училиштето, вели во обраќањето Груби на неговата Фејсбук страница.

https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-im-ja-odzede-uchilishnata-zgrada-na-tetovskite-gimnazijalci-od-makedonska-nastava/

Агенцијата за катастар, додава тој, го повтори барањето оваа година со образложение дека постојат неискористени простории. Без никаква намерна тенденција, исто како и во 2021 година, посочува Груби, Владата ја усвои одлуката тие простории да преминат на користење на наведената Аагенција за да им служат на граѓаните на Тетово.

Но, наоѓајќи се секогаш во служба на потребите на граѓаните, потенцирам дека барањето на родителите и учениците за потребата од користење на тие простории е апсолутен приоритет за мене и за Владата, затоа и без никакво двоумење веќе од вторник, Владата ќе го врати на нивно располагање стариот објект на Средното медицинско училиште во Тетово, исто како што направивме и пред една година. Ние им служиме на нашите граѓани без никаква резерва и немаме заробен ум или злобна душа да им се одмаздиме на граѓаните или институциите, тоа го докажавме во изминатите 21 година и тоа никогаш нема да се промени, стои во објавата на фејсбук статусот на Груби.

И тетовскиот градоначалник Биљал Касами се обрати преку Фејсбук. Тој напиша дека ја добил битката со Владата на СДСМ-ДУИ.

По притисокот што ние како општина денеска го извршивме врз Владата, добивме информација дека оваа незаконска одлука ќе се повлече и учениците ќе продолжат да учат во истиот објект. Интересот на секој граѓанин за нас е во прв план и нема да дозволиме тетовскиот народ да биде оштетен од оваа власт. Ќе бидеме рамо до рамо со учениците, родителите, граѓаните и ќе се бориме со секоја неправда направена кон нашите граѓани, соопшти Касами преку Фејсбук.

The post Груби си ја свитка опашката: Немаме злобна душа, ќе им ги вратиме просториите на учениците appeared first on Република.

]]>

Првиот потпретседател на Владата, Артан Груби вечерва на неговата фејсбук страница објави дека за Владата одлучувачки е гласот и волјата на тетовчани, затоа од вторник ќе биде донесена одлука просториите кои беа доделени на Агенцијата за катастар на недвижности да се вратат повторно во служба на Средното медицинско училиште во Тетово. Првиот потпретседател на Владата, Артан Груби реагираше на полемиките за давањето на стариот објект на Средното медицинско училиште во Тетово на користење на Агенцијата за катастар на недвижности, нагласувајќи дека одлуката за тоа е донесена од страна на Владата без никаква негативна тенденција.
Во врска со изнесените полемики денес во јавноста за давањето на стариот објект на Средното медицинско училиште во Тетово во служба на Агенцијата за катастар на недвижности, би сакал да дадам објективно разјаснување на целата ситуација и да појаснам дека во одобрувањето на оваа одлука од страна на Владата нема никаква намерна тенденција. Ваквата одлука првично е донесена на барање на Агенцијата за катастар во 2021 година, во времето кога општина Тетово ја водеше Теута Арифи.   Владата тогаш ја разгледа разумноста на ова барање за задоволување на просторните потреби на Агенцијата за катастар, која ја чуваше документацијата на несоодветни простори и даваше услуги во непристојни услови за граѓаните на Тетово и ја усвои одлуката, но на барање на општината тогаш и ги врати просториите на располагање на училиштето, вели во обраќањето Груби на неговата Фејсбук страница.
https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-im-ja-odzede-uchilishnata-zgrada-na-tetovskite-gimnazijalci-od-makedonska-nastava/ Агенцијата за катастар, додава тој, го повтори барањето оваа година со образложение дека постојат неискористени простории. Без никаква намерна тенденција, исто како и во 2021 година, посочува Груби, Владата ја усвои одлуката тие простории да преминат на користење на наведената Аагенција за да им служат на граѓаните на Тетово.
Но, наоѓајќи се секогаш во служба на потребите на граѓаните, потенцирам дека барањето на родителите и учениците за потребата од користење на тие простории е апсолутен приоритет за мене и за Владата, затоа и без никакво двоумење веќе од вторник, Владата ќе го врати на нивно располагање стариот објект на Средното медицинско училиште во Тетово, исто како што направивме и пред една година. Ние им служиме на нашите граѓани без никаква резерва и немаме заробен ум или злобна душа да им се одмаздиме на граѓаните или институциите, тоа го докажавме во изминатите 21 година и тоа никогаш нема да се промени, стои во објавата на фејсбук статусот на Груби.
И тетовскиот градоначалник Биљал Касами се обрати преку Фејсбук. Тој напиша дека ја добил битката со Владата на СДСМ-ДУИ.
По притисокот што ние како општина денеска го извршивме врз Владата, добивме информација дека оваа незаконска одлука ќе се повлече и учениците ќе продолжат да учат во истиот објект. Интересот на секој граѓанин за нас е во прв план и нема да дозволиме тетовскиот народ да биде оштетен од оваа власт. Ќе бидеме рамо до рамо со учениците, родителите, граѓаните и ќе се бориме со секоја неправда направена кон нашите граѓани, соопшти Касами преку Фејсбук.

The post Груби си ја свитка опашката: Немаме злобна душа, ќе им ги вратиме просториите на учениците appeared first on Република.

]]>
Касами гледа одмазда во одлуката на Груби: Им наштетува на средношколците и создава непотребни проблеми https://republika.mk/vesti/makedonija/kasami-gleda-odmazda-vo-odlukata-na-grubi-im-nashtetuva-na-srednoshkolcite-i-sozdava-nepotrebni-problemi/ Fri, 26 Aug 2022 17:02:14 +0000 https://republika.mk/?p=544531

Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами обвини дека Владата „на незаконски начин“ донела одлука едниот од двата објекти на старото медицинско училиште, каде што гимназијалците Македонци следат настава, да му се даде на трајно користење на Катастарот.

Како што вели Касами, тоа решение го потпишал вицепремиерот Артан Груби, со цел да се „одмазди поразот кој ДУИ го доживеа на изборите во Тетово“, додаде градоначалникот на Тетово.

Без разликата на донесеното решение кое ќе го оспориме пред Управен суд, учениците и натаму ќе следат настава во објектот, посочи првиот човек на Општина Тетово

Според него, оваа одлука е „злонамерна тенденција на Груби да им наштети на тетовските средношколци и да создава непотребни проблеми, и тоа во време кога образованието во Тетово има потреба од модернизација и просторно проширување“.

Владата на РСМ со оваа одлука го прекрши и Законот за основно и средно образование. Во 2004 година беа направени измени во Законот за средно образование, со кои сопственоста и недвижниот имот на средните училишта се пренесува на локалната самоуправа, односно на општините, смета Касами.

– Во член 112 став 1 од Законот за средно образование се вели: Сопственоста на училишните објекти и имотот на средните училишта, од став 1 на овој член, со одлука на Владата ја презема општината, изјави Касами, според кого, со Одлуката за давање на објектот на трајно користење на Агенцијата за катастар на недвижности, Владата не само што го прекршила Законот за средно образование, туку ги погазува и сопствените одлуки.

Тој побара Владата итно да ја преиспита оваа одлука, објаснувајќи дека зградата на медицинското училиште може да се користи исклучиво за образовни цели, а никако за друга намена.

Во објектите на „Стара медицина“ се одвива настава на паралелките по македонски јазик при гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.

На овој случај реагираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од советничката група на ВМРО ДПМНЕ при советот на Општина Тетово изјавија дека во образовниот процес треба континуирано да се вложува и истиот да се унапредува за квалитетни генерации и идни успешни граѓани.

-Последната срамна одлука на СДС и нивниот коалиционен партнер ДУИ, директно ги погодува токму нашите средношколци. На нашите ученици наместо да им овозможат солидни услови за образование, тие им ги одземаат просториите за учење, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Касами гледа одмазда во одлуката на Груби: Им наштетува на средношколците и создава непотребни проблеми appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами обвини дека Владата „на незаконски начин“ донела одлука едниот од двата објекти на старото медицинско училиште, каде што гимназијалците Македонци следат настава, да му се даде на трајно користење на Катастарот. Како што вели Касами, тоа решение го потпишал вицепремиерот Артан Груби, со цел да се „одмазди поразот кој ДУИ го доживеа на изборите во Тетово“, додаде градоначалникот на Тетово. Без разликата на донесеното решение кое ќе го оспориме пред Управен суд, учениците и натаму ќе следат настава во објектот, посочи првиот човек на Општина Тетово Според него, оваа одлука е „злонамерна тенденција на Груби да им наштети на тетовските средношколци и да создава непотребни проблеми, и тоа во време кога образованието во Тетово има потреба од модернизација и просторно проширување“. Владата на РСМ со оваа одлука го прекрши и Законот за основно и средно образование. Во 2004 година беа направени измени во Законот за средно образование, со кои сопственоста и недвижниот имот на средните училишта се пренесува на локалната самоуправа, односно на општините, смета Касами.
– Во член 112 став 1 од Законот за средно образование се вели: Сопственоста на училишните објекти и имотот на средните училишта, од став 1 на овој член, со одлука на Владата ја презема општината, изјави Касами, според кого, со Одлуката за давање на објектот на трајно користење на Агенцијата за катастар на недвижности, Владата не само што го прекршила Законот за средно образование, туку ги погазува и сопствените одлуки.
Тој побара Владата итно да ја преиспита оваа одлука, објаснувајќи дека зградата на медицинското училиште може да се користи исклучиво за образовни цели, а никако за друга намена. Во објектите на „Стара медицина“ се одвива настава на паралелките по македонски јазик при гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“. На овој случај реагираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од советничката група на ВМРО ДПМНЕ при советот на Општина Тетово изјавија дека во образовниот процес треба континуирано да се вложува и истиот да се унапредува за квалитетни генерации и идни успешни граѓани.
-Последната срамна одлука на СДС и нивниот коалиционен партнер ДУИ, директно ги погодува токму нашите средношколци. На нашите ученици наместо да им овозможат солидни услови за образование, тие им ги одземаат просториите за учење, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Касами гледа одмазда во одлуката на Груби: Им наштетува на средношколците и создава непотребни проблеми appeared first on Република.

]]>
Влада: Целта на одлуката за пренамена на објектот на тетовска „Стара медицина“ е подобрување на услугите за граѓаните на Тетово https://republika.mk/vesti/makedonija/vlada-celta-na-odlukata-za-prenamena-na-objektot-na-tetovska-stara-medicina-e-podobruvanje-na-uslugite-za-gragjanite-na-tetovo/ Fri, 26 Aug 2022 17:01:12 +0000 https://republika.mk/?p=544530

Во врска со денешната најава на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами дека ќе ја тужи Владата „за незаконска одлука и решение со кое една од зградите од училишниот комплекс познат како „Стара медицина“ се дава на трајно користење на Агенцијата за катастар на недвижности“, од Владата информираат дека ваквата Одлука е донесена врз основа на барање на Агенцијата за катастар, затоа што досегашните простории не се адекватни за реализација на работните задачи и процедури, имајќи го предвид соодносот на бројот на вработени и просторните услови.

Од Владата посочуваат дека во досегашните простории не постојат услови за чување на архивските материјали, катастарските збирки на исправи, катастарската документација, како и другиот архивски материјал и овој материјал бил сместен во подрумските простории на трговскиот центар во Тетово, кои и во изминатиот период неколку пати биле поплавувани.

– Имајќи предвид дека катастарската документација спаѓа во категоријата на архивска граѓа од трајна вредност, треба да се обезбедат простории со соодветни услови кои ќе овозможат заштита и чување на катастарската документација. Дополнително, досегашните просторни услови воопшто не се соодветни за пристап за повозрасните лица како и за лицата со попреченост и инвалидитет што е спротивно на политиката на Владата за да се олесни комуникацијата на институциите со сите граѓани, се наведува во владината реакција.

Од Владата посочуваат дека при носење на вакви решенија нејзина политика останува заложбата за достапност на услугите што се во рамки на делување и дејствување на органите, кои се во состав на државната управа.

– Со оваа одлука се подобруваат услугите за граѓаните на Општина Тетово, односно се овозможуваа тие брзо и навремено да ги добиваат услугите кои им се потребни и истовремено се овозможува подобри услови за работа на вработените во Агенцијата за катастар на недвижности. Ве информираме дека зградата која е предмет на оваа реакција е сопственост на Република Македонија и за недвижноста нема прибелешки, односно не е дадена на користење на друга институција. Оттаму, согласно закон, Владата на Република Македонија ја донесе одлуката за давање на трајно користење на оваа недвижност на Агенцијата за катастар на недвижности. Остануваме посветени на политиките за еднаква достапност на услугите за сите граѓани, се наведува во реакцијата на Владата.

Касами денеска на прес-конференција обвини дека Владата со оваа одлука го прекршила Законот за основно и средно образование, како и дека Општина Тетово воопшто не била консултирана за неа.

Според Касами, во 2004 година се направени измени во Законот за средно образование, со кои сопственоста и недвижниот имот на средните училишта се пренесува на локалната самоуправа, односно на општините.

– Во член 112 став 1 од Законот за средно образование се вели: Сопственоста на училишните објекти и имотот на средните училишта, од став 1 на овој член, со одлука на Владата ја презема општината, изјави Касами, според кого, со Одлуката за давање на објектот на трајно користење на Агенцијата за катастар на недвижности, Владата не само што го прекршила Законот за средно образование, туку ги погазува и сопствените одлуки.

Тој побара Владата итно да ја преиспита оваа одлука, објаснувајќи дека зградата на медицинското училиште може да се користи исклучиво за образовни цели, а никако за друга намена.

Во објектите на „Стара медицина“ се одвива настава на паралелките по македонски јазик при гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.

The post Влада: Целта на одлуката за пренамена на објектот на тетовска „Стара медицина“ е подобрување на услугите за граѓаните на Тетово appeared first on Република.

]]>

Во врска со денешната најава на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами дека ќе ја тужи Владата „за незаконска одлука и решение со кое една од зградите од училишниот комплекс познат како „Стара медицина“ се дава на трајно користење на Агенцијата за катастар на недвижности“, од Владата информираат дека ваквата Одлука е донесена врз основа на барање на Агенцијата за катастар, затоа што досегашните простории не се адекватни за реализација на работните задачи и процедури, имајќи го предвид соодносот на бројот на вработени и просторните услови. Од Владата посочуваат дека во досегашните простории не постојат услови за чување на архивските материјали, катастарските збирки на исправи, катастарската документација, како и другиот архивски материјал и овој материјал бил сместен во подрумските простории на трговскиот центар во Тетово, кои и во изминатиот период неколку пати биле поплавувани.
– Имајќи предвид дека катастарската документација спаѓа во категоријата на архивска граѓа од трајна вредност, треба да се обезбедат простории со соодветни услови кои ќе овозможат заштита и чување на катастарската документација. Дополнително, досегашните просторни услови воопшто не се соодветни за пристап за повозрасните лица како и за лицата со попреченост и инвалидитет што е спротивно на политиката на Владата за да се олесни комуникацијата на институциите со сите граѓани, се наведува во владината реакција.
Од Владата посочуваат дека при носење на вакви решенија нејзина политика останува заложбата за достапност на услугите што се во рамки на делување и дејствување на органите, кои се во состав на државната управа.
– Со оваа одлука се подобруваат услугите за граѓаните на Општина Тетово, односно се овозможуваа тие брзо и навремено да ги добиваат услугите кои им се потребни и истовремено се овозможува подобри услови за работа на вработените во Агенцијата за катастар на недвижности. Ве информираме дека зградата која е предмет на оваа реакција е сопственост на Република Македонија и за недвижноста нема прибелешки, односно не е дадена на користење на друга институција. Оттаму, согласно закон, Владата на Република Македонија ја донесе одлуката за давање на трајно користење на оваа недвижност на Агенцијата за катастар на недвижности. Остануваме посветени на политиките за еднаква достапност на услугите за сите граѓани, се наведува во реакцијата на Владата.
Касами денеска на прес-конференција обвини дека Владата со оваа одлука го прекршила Законот за основно и средно образование, како и дека Општина Тетово воопшто не била консултирана за неа. Според Касами, во 2004 година се направени измени во Законот за средно образование, со кои сопственоста и недвижниот имот на средните училишта се пренесува на локалната самоуправа, односно на општините.
– Во член 112 став 1 од Законот за средно образование се вели: Сопственоста на училишните објекти и имотот на средните училишта, од став 1 на овој член, со одлука на Владата ја презема општината, изјави Касами, според кого, со Одлуката за давање на објектот на трајно користење на Агенцијата за катастар на недвижности, Владата не само што го прекршила Законот за средно образование, туку ги погазува и сопствените одлуки.
Тој побара Владата итно да ја преиспита оваа одлука, објаснувајќи дека зградата на медицинското училиште може да се користи исклучиво за образовни цели, а никако за друга намена. Во објектите на „Стара медицина“ се одвива настава на паралелките по македонски јазик при гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.

The post Влада: Целта на одлуката за пренамена на објектот на тетовска „Стара медицина“ е подобрување на услугите за граѓаните на Тетово appeared first on Република.

]]>
На директорката на тетовската гимназија не ѝ се допаѓа стилот на облекување: Девојчињата не треба да доаѓаат со гол стомак и градите надвор https://republika.mk/vesti/makedonija/na-direktorkata-na-tetovskata-gimnazija-ne-i-se-dopagja-stilot-na-oblekuvanje-devojchinjata-ne-treba-da-doagjaat-so-gol-stomak-i-gradite-nadvor/ Wed, 23 Feb 2022 08:27:44 +0000 https://republika.mk/?p=462294

Девојчињата не треба да доаѓаат со гол стомак и со градите надвор“ – ова е пораката со која директорката на тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, Илвије Зибери Јашари, реагирала на, според неа, премногу слободниот начин на кој се облекуваат девојките во училиштето, пишува порталот Фљака.

Пораката ја пратила во комуникација со колегите во група на „Вибер“, а случајот го разоткри невладината организација Центар за еднакви можности „Бубамара“ од Тетово, која за пораката дознала „од неофицијални извори“.

Во пораката што ја споделија од „Бубамара“, се наведува дека секој што ќе се спротивстави на кодексот на облекување, треба да се упати кај раководителката, за таа да ги повика родителите.

Според „Бубамара“, трендот на зголемување на контролата врз облеката на учениците се смета за апсолутна контрола врз нивното тело и е дискриминаторска бидејќи се однесува само на девојчињата. Оттаму се загрижени дека телото на малолетните девојчиња продолжува да се сексуализира и објективизира во училиштата. Организацијата смета дека ваквите случаи се загрижувачки, со оглед на недостигот од сексуално образование, на што се спротивставуваат истите професори кои сметаат дека децата, односно учениците, треба да се држат во синџири со стари правила кои одамна не се во мода“, стои во реакцијата.

The post На директорката на тетовската гимназија не ѝ се допаѓа стилот на облекување: Девојчињата не треба да доаѓаат со гол стомак и градите надвор appeared first on Република.

]]>

Девојчињата не треба да доаѓаат со гол стомак и со градите надвор“ – ова е пораката со која директорката на тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, Илвије Зибери Јашари, реагирала на, според неа, премногу слободниот начин на кој се облекуваат девојките во училиштето, пишува порталот Фљака. Пораката ја пратила во комуникација со колегите во група на „Вибер“, а случајот го разоткри невладината организација Центар за еднакви можности „Бубамара“ од Тетово, која за пораката дознала „од неофицијални извори“. Во пораката што ја споделија од „Бубамара“, се наведува дека секој што ќе се спротивстави на кодексот на облекување, треба да се упати кај раководителката, за таа да ги повика родителите. Според „Бубамара“, трендот на зголемување на контролата врз облеката на учениците се смета за апсолутна контрола врз нивното тело и е дискриминаторска бидејќи се однесува само на девојчињата. Оттаму се загрижени дека телото на малолетните девојчиња продолжува да се сексуализира и објективизира во училиштата. Организацијата смета дека ваквите случаи се загрижувачки, со оглед на недостигот од сексуално образование, на што се спротивставуваат истите професори кои сметаат дека децата, односно учениците, треба да се држат во синџири со стари правила кои одамна не се во мода“, стои во реакцијата.

The post На директорката на тетовската гимназија не ѝ се допаѓа стилот на облекување: Девојчињата не треба да доаѓаат со гол стомак и градите надвор appeared first on Република.

]]>