гилема изложба Archives - Република https://republika.mk/tema/gilema-izlozba/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Oct 2022 06:52:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гилема изложба Archives - Република https://republika.mk/tema/gilema-izlozba/ 32 32 Дита Старова Ќерими: Големината на Аџиевски лежи во неговиот непокор https://republika.mk/vesti/kultura/tvoreshtvoto-na-skulptorot-ilija-adzievski-na-golema-izlozba-vo-daut-pashin-amam/ Thu, 27 Oct 2022 06:50:53 +0000 https://republika.mk/?p=565671

„Портретот во фокус“ е изложба која го претставува богатото портретно творештво на познатиот македонски скулптор Илија Аџиевски. Тематскиот концепт што го издвоивме од творештвото на Аџиевски, на публиката ќе и биде достапен од 27 октомври 2022 (четврток) и ќе трае во текот на еден месец. Поставката ќе биде изложена во Даут пашиниот амам, а отворањето е закажано за 19 ч. На официјалното отворање, почит кон работата и делото на без малку столетниот автор, во негово присуство, ќе искажат директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими, кураторот Ана Франговска, виш кустос во галеријата и д-р Јелена Лужина, писателка и поранешен професор на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Оваа изложба го потврдува големиот портретен виртуозитет на Аџиевски, неговата маестралност во постигнување на неверојатна експресивност во портретниот жанр, кој се води како еден од најтешките жанрови во ликовната уметност. Неговиот талент и способност да проникне во карактерните „тајни“ на личностите кои ги портретира го прават дефинитивно еден од најзначајните македонски портретисти, место кое за жал досега не му било сосема цврсто загарантирано, но со оваа изложба чиниме дека ги поместивме хоризонтите и ја извлекуваме суштината на виделина.
Големината на Аџиевски лежи и во неговиот непокор, т.е. во барањето засолниште и спас од животните препреки (како еден од преживеаните Голооточани) токму во креативноста на своите вешти раце, кои ја трансформирале енергијата од бес, немоќ и лутина, во моќ и скулптурална заробена експресија, вели директорката на Националната галерија Дита Старова Керими.

Портретот отсекогаш бил многу специфичен жанр, во која било ликовна дисциплина или медиум. Тој не подразбирал само добра занаетска подготвеност и фотографско, т. е. реалистичко празно пренесување, туку значел умеење да се проникне во тајните и суштината на портретираната личност, да се одгатнат нејзините тајни, вистини, внатрешни убавини, креативност, дух, суровост, мекост итн. Во тој контекст, и пристапот на Илија Аџиевски не бил да постигне академско-реалистична сличност, туку неговата намера била да ги пренесе најспецифичните особини на личноста која ја претставува, создавајќи своевиден коментар за нејзината продуховеност. Оттука и најмногубројни се портретите на негови пријатели, духовно блиски личности, сограѓани со кои се познавал и го делел задоволството и креативниот занес во создавањето на уметнички творби. Меѓу нив имало и други ликовни уметници, поети, филозофи, писатели, естетичари, историчари на уметност или сродни по продуховеност пријатели.

Ако ја употребите максимата на Микеланџело, дека задачата на скулпторот е да ги „ослободи од заробеништво“ ликовите и телата на своите модели, тогаш Илија Аџиевски во своите портрети го постигнал токму тоа, ја ослободил продуховеноста и ја виртуелизирал невидливата природа на портретираните ликови, допирајќи во најдлабоките тајни на нивната интима, замрзнувајќи во скулптурално дело неодгатнати аспекти на нивниот карактер со своите вешти раце и со својата уметничка визија и сензибилност. Во тоа е маестралноста на Аџиевски, затоа неговите портрети се сегмент од неговото скулптурално творештво кое заслужува особено внимание и дигнитет.

Илија Аџиевски е роден во Струга на 22.12.1926 година. Основно училиште завршил во Струга во 1938. Образованието го продолжил во Дебар во Економското училиште. Во 1942 година се вклучил во младинското движење за отпорот против фашизмот. Во 1946 година се запишал во тогашното художествено училиште во Скопје кај професорите Димо Тодоровки, Вангел Коџоман и останатите основоположници на македонската современа ликовна уметност. Во 1949 година се запишал на академијата за ликовни уметности во Белград во класата на професорот Лојзе Долинар. Една година подоцна се префрлил на академијата за ликовни уметности во Загреб, каде дипломирал во класата на професорот Фране Кршиниќ, 1954 година. Неговите студиски престои биле во Грција, Турција, Италија, Франција и Египет. По завршувањето на академијата почнал да живее и твори во Скопје како слободен уметник. Од 1956 година тој е член на ДЛУМ. Во својот работен век има создадено голем број на споменици, монументални керамички релјефи, парковски скулптури, портрети на познати личности и негови пријатели, како и статуети во помал формат. Излагал на голем број самостојни и групни изложби, а добитник е на голем број признанија и награди. Живее и твори во Скопје.

Овој проект е дел од одбележувањето на Деновите на европското културно наследство во период од август до октомври 2022 г., настани што ги споделуваат луѓето од Европа. Советот на Европа ја покрена иницијативата во 1985 година, а во 1999 година се придружи и Европската унија за да се создаде заедничка акција, која продолжи до денес. Програмата може да се пофали со 20 милиони посетители секоја година, генерира најголема вредност од секој „европски“ културен проект.

https://www.europeanheritagedays.com/Event/PORTRAIT-IN-FOCUS

The post Дита Старова Ќерими: Големината на Аџиевски лежи во неговиот непокор appeared first on Република.

]]>

„Портретот во фокус“ е изложба која го претставува богатото портретно творештво на познатиот македонски скулптор Илија Аџиевски. Тематскиот концепт што го издвоивме од творештвото на Аџиевски, на публиката ќе и биде достапен од 27 октомври 2022 (четврток) и ќе трае во текот на еден месец. Поставката ќе биде изложена во Даут пашиниот амам, а отворањето е закажано за 19 ч. На официјалното отворање, почит кон работата и делото на без малку столетниот автор, во негово присуство, ќе искажат директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими, кураторот Ана Франговска, виш кустос во галеријата и д-р Јелена Лужина, писателка и поранешен професор на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Оваа изложба го потврдува големиот портретен виртуозитет на Аџиевски, неговата маестралност во постигнување на неверојатна експресивност во портретниот жанр, кој се води како еден од најтешките жанрови во ликовната уметност. Неговиот талент и способност да проникне во карактерните „тајни“ на личностите кои ги портретира го прават дефинитивно еден од најзначајните македонски портретисти, место кое за жал досега не му било сосема цврсто загарантирано, но со оваа изложба чиниме дека ги поместивме хоризонтите и ја извлекуваме суштината на виделина.
Големината на Аџиевски лежи и во неговиот непокор, т.е. во барањето засолниште и спас од животните препреки (како еден од преживеаните Голооточани) токму во креативноста на своите вешти раце, кои ја трансформирале енергијата од бес, немоќ и лутина, во моќ и скулптурална заробена експресија, вели директорката на Националната галерија Дита Старова Керими.
Портретот отсекогаш бил многу специфичен жанр, во која било ликовна дисциплина или медиум. Тој не подразбирал само добра занаетска подготвеност и фотографско, т. е. реалистичко празно пренесување, туку значел умеење да се проникне во тајните и суштината на портретираната личност, да се одгатнат нејзините тајни, вистини, внатрешни убавини, креативност, дух, суровост, мекост итн. Во тој контекст, и пристапот на Илија Аџиевски не бил да постигне академско-реалистична сличност, туку неговата намера била да ги пренесе најспецифичните особини на личноста која ја претставува, создавајќи своевиден коментар за нејзината продуховеност. Оттука и најмногубројни се портретите на негови пријатели, духовно блиски личности, сограѓани со кои се познавал и го делел задоволството и креативниот занес во создавањето на уметнички творби. Меѓу нив имало и други ликовни уметници, поети, филозофи, писатели, естетичари, историчари на уметност или сродни по продуховеност пријатели. Ако ја употребите максимата на Микеланџело, дека задачата на скулпторот е да ги „ослободи од заробеништво“ ликовите и телата на своите модели, тогаш Илија Аџиевски во своите портрети го постигнал токму тоа, ја ослободил продуховеноста и ја виртуелизирал невидливата природа на портретираните ликови, допирајќи во најдлабоките тајни на нивната интима, замрзнувајќи во скулптурално дело неодгатнати аспекти на нивниот карактер со своите вешти раце и со својата уметничка визија и сензибилност. Во тоа е маестралноста на Аџиевски, затоа неговите портрети се сегмент од неговото скулптурално творештво кое заслужува особено внимание и дигнитет. Илија Аџиевски е роден во Струга на 22.12.1926 година. Основно училиште завршил во Струга во 1938. Образованието го продолжил во Дебар во Економското училиште. Во 1942 година се вклучил во младинското движење за отпорот против фашизмот. Во 1946 година се запишал во тогашното художествено училиште во Скопје кај професорите Димо Тодоровки, Вангел Коџоман и останатите основоположници на македонската современа ликовна уметност. Во 1949 година се запишал на академијата за ликовни уметности во Белград во класата на професорот Лојзе Долинар. Една година подоцна се префрлил на академијата за ликовни уметности во Загреб, каде дипломирал во класата на професорот Фране Кршиниќ, 1954 година. Неговите студиски престои биле во Грција, Турција, Италија, Франција и Египет. По завршувањето на академијата почнал да живее и твори во Скопје како слободен уметник. Од 1956 година тој е член на ДЛУМ. Во својот работен век има создадено голем број на споменици, монументални керамички релјефи, парковски скулптури, портрети на познати личности и негови пријатели, како и статуети во помал формат. Излагал на голем број самостојни и групни изложби, а добитник е на голем број признанија и награди. Живее и твори во Скопје. Овој проект е дел од одбележувањето на Деновите на европското културно наследство во период од август до октомври 2022 г., настани што ги споделуваат луѓето од Европа. Советот на Европа ја покрена иницијативата во 1985 година, а во 1999 година се придружи и Европската унија за да се создаде заедничка акција, која продолжи до денес. Програмата може да се пофали со 20 милиони посетители секоја година, генерира најголема вредност од секој „европски“ културен проект. https://www.europeanheritagedays.com/Event/PORTRAIT-IN-FOCUS

The post Дита Старова Ќерими: Големината на Аџиевски лежи во неговиот непокор appeared first on Република.

]]>