Гибралтар Archives - Република https://republika.mk/tema/gibraltar/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Aug 2022 07:26:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Гибралтар Archives - Република https://republika.mk/tema/gibraltar/ 32 32 По 180 години Гибралтар официјално доби статус на град https://republika.mk/zivot/patuvanja/po-180-godini-gibraltar-oficijalno-dobi-status-na-grad/ Mon, 29 Aug 2022 07:26:41 +0000 https://republika.mk/?p=545109

По 180 години откако беше прогласен за прекуморска територија на Обединетото Кралство, Гибралтар денеска официјално доби статус на град.

Британската прекуморска територија аплицираше за статус на град претходно оваа година во рамки на платинестиот јубилеј на кралицата, но кога истражувачите го разгледаа Националниот архив, открија дека тој веќе бил признат како град во далечната 1842 година, јави Би-Би-Си.

Статусот на Гибралтар како град е практично повторно потврден, што британскиот премиер Борис Џонсон го опиша како „огромен комплимент“ кој ја слави „богатата историја и динамика“ на ова место.

 

The post По 180 години Гибралтар официјално доби статус на град appeared first on Република.

]]>

По 180 години откако беше прогласен за прекуморска територија на Обединетото Кралство, Гибралтар денеска официјално доби статус на град. Британската прекуморска територија аплицираше за статус на град претходно оваа година во рамки на платинестиот јубилеј на кралицата, но кога истражувачите го разгледаа Националниот архив, открија дека тој веќе бил признат како град во далечната 1842 година, јави Би-Би-Си. Статусот на Гибралтар како град е практично повторно потврден, што британскиот премиер Борис Џонсон го опиша како „огромен комплимент“ кој ја слави „богатата историја и динамика“ на ова место.  

The post По 180 години Гибралтар официјално доби статус на град appeared first on Република.

]]>
Што е Гибралтар: Држава, но не е држава, опколена со Шпанија и Средоземното море и Атлантикот https://republika.mk/vesti/svet/shto-e-gibraltar-drzava-no-ne-e-drzava-opkolena-so-shpanija-i-sredozemnoto-more-i-atlantikot/ Mon, 06 Jun 2022 20:49:34 +0000 https://republika.mk/?p=511940

Гибралтар, против кој вчера играше македонската фудбалска репрезентација е британска прекуморска територија сместена на најјужната точка од Пиринејскиот Полуостров, на Гибралтарскиот Проток.

Територијата се граничи на север со Шпанија, а останатите делови се опколени со Средоземното Море и Атлантикот. Гибралтар историски бил многу важна стратешка точка поради што бил предмет на напади и освојувања, а од 1713 со Договорот од Утрехт е под контрола на Велика Британија.

Статусот на Гибралтар е предмет на спор помеѓу Велика Британија и Шпанија. Шпанија бара враќање на суверенитетот или поделен суверенитет со Британија, но повеќето Гибралтарци се противат на ова.

Територијата на Гибралтар зафаќа 6,8км². Поради недостигот на простор, околу една десеттина од територијата е добиена со насипување во морето a има околу 30.000 жители

Службен јазик е англискиот, но се говори и шпански.

Гибралтар е управуван од Кралицата Елизабета II, која е претставена од Гувернер. Велика Британија ја задржува обврската за одбраната, меѓународните односи, внатрешната безбедност и финансиската стабилност.

Гувернерот официјално го назначува Главниот министер и владините министри по општи избори. Еднодомниот парламент се состои од 17 избрани пратеници. Гибралтар е дел од Европската Унија, со исклучок на царинската унија и заедничката политика во земјоделството

The post Што е Гибралтар: Држава, но не е држава, опколена со Шпанија и Средоземното море и Атлантикот appeared first on Република.

]]>

Гибралтар, против кој вчера играше македонската фудбалска репрезентација е британска прекуморска територија сместена на најјужната точка од Пиринејскиот Полуостров, на Гибралтарскиот Проток. Територијата се граничи на север со Шпанија, а останатите делови се опколени со Средоземното Море и Атлантикот. Гибралтар историски бил многу важна стратешка точка поради што бил предмет на напади и освојувања, а од 1713 со Договорот од Утрехт е под контрола на Велика Британија. Статусот на Гибралтар е предмет на спор помеѓу Велика Британија и Шпанија. Шпанија бара враќање на суверенитетот или поделен суверенитет со Британија, но повеќето Гибралтарци се противат на ова. Територијата на Гибралтар зафаќа 6,8км². Поради недостигот на простор, околу една десеттина од територијата е добиена со насипување во морето a има околу 30.000 жители Службен јазик е англискиот, но се говори и шпански. Гибралтар е управуван од Кралицата Елизабета II, која е претставена од Гувернер. Велика Британија ја задржува обврската за одбраната, меѓународните односи, внатрешната безбедност и финансиската стабилност. Гувернерот официјално го назначува Главниот министер и владините министри по општи избори. Еднодомниот парламент се состои од 17 избрани пратеници. Гибралтар е дел од Европската Унија, со исклучок на царинската унија и заедничката политика во земјоделството

The post Што е Гибралтар: Држава, но не е држава, опколена со Шпанија и Средоземното море и Атлантикот appeared first on Република.

]]>
Фатиме Фетаи ги бодреше фудбалерите и во Гибралтар https://republika.mk/sport/fudbal/fatime-fetai-gi-bodreshe-fudbalerite-i-vo-gibraltar/ Sun, 05 Jun 2022 19:34:13 +0000 https://republika.mk/?p=511564

Обвинителката Фатиме Фетаи денеска беше и во Гибралтар, каде Македонија играше со домаќините во Лигата на нации и победи со 2:0 со головите на Барди и Николов.

Овој пат камерата ја прикажа Фетаи сама на трибините.Околу неа, претходниот пат се крена прашина, кој ги платил уплатниците за Светското првенство против Италија во Палермо. На неа тогаш друштво и правеа министерот за правда Никола Тупанчевски и судијата од Кавадарци, Лазар Нанев, објавува Фокус.

Вишата обвинителка Фатиме Фетаи тогаш ги покажа уплатниците за платените аранжмани преку туристичката агенција „Гуливер“ за следење на натпреварите на македонската фудбалска репрезентација, пишува порталот.

The post Фатиме Фетаи ги бодреше фудбалерите и во Гибралтар appeared first on Република.

]]>

Обвинителката Фатиме Фетаи денеска беше и во Гибралтар, каде Македонија играше со домаќините во Лигата на нации и победи со 2:0 со головите на Барди и Николов.
Овој пат камерата ја прикажа Фетаи сама на трибините.Околу неа, претходниот пат се крена прашина, кој ги платил уплатниците за Светското првенство против Италија во Палермо. На неа тогаш друштво и правеа министерот за правда Никола Тупанчевски и судијата од Кавадарци, Лазар Нанев, објавува Фокус.
Вишата обвинителка Фатиме Фетаи тогаш ги покажа уплатниците за платените аранжмани преку туристичката агенција „Гуливер“ за следење на натпреварите на македонската фудбалска репрезентација, пишува порталот.

The post Фатиме Фетаи ги бодреше фудбалерите и во Гибралтар appeared first on Република.

]]>