германско знаме Archives - Република https://republika.mk/tema/germansko-zname/ За подобро да се разбереме Wed, 22 Mar 2023 20:58:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png германско знаме Archives - Република https://republika.mk/tema/germansko-zname/ 32 32 Зградата на МНР осветлена во боите на германското знаме по повод утрешната посета на Аналена Бербок https://republika.mk/vesti/makedonija/zgradata-na-mnr-osvetlena-vo-boite-na-germanskoto-zname-po-povod-utreshnata-poseta-na-analena-berbok/ Wed, 22 Mar 2023 20:58:05 +0000 https://republika.mk/?p=622627

По повод утрешната посета на министерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија Аналена Бербок на Македонија, зградата на Министерството за надворешни работи вечерва е осветлена во боите на германското знаме.

Германија продолжува да биде еден од најсилните промотори на европската интеграција на регионот, стои во објавата на официјалната фејсбук страница на МНР.

Како што соопшти МНР, Бербок утре ќе престојува во официјална посета на Македонија на покана на нејзиниот колега шефот на дипломатијата Бујар Османи, во рамки на која ќе има средби и со претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

Шефицата на германската дипломатија ќе оствари средби и со парламентарната Комисија за надворешна политика, како и со претставници на опозициските партии.

Според агендата од МНР, по пристигнувањето, Бербок и Османи ќе одржат тет-а-тет средба, потоа ќе следува средба на двете делегации, а двајцата министри ќе одржат и заедничка прес - конференција.

Фокусот на разговорите меѓу двајцата министри, како што најавија двете страни, ќе биде пристапниот процес на земјата во ЕУ, а особено потребата за уставни измени како неопходен чекор кон Унијата.

Од Скопје, Аналена Бербок во петок ќе отпатува во Грузија.

 

The post Зградата на МНР осветлена во боите на германското знаме по повод утрешната посета на Аналена Бербок appeared first on Република.

]]>

По повод утрешната посета на министерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија Аналена Бербок на Македонија, зградата на Министерството за надворешни работи вечерва е осветлена во боите на германското знаме.
Германија продолжува да биде еден од најсилните промотори на европската интеграција на регионот, стои во објавата на официјалната фејсбук страница на МНР.
Како што соопшти МНР, Бербок утре ќе престојува во официјална посета на Македонија на покана на нејзиниот колега шефот на дипломатијата Бујар Османи, во рамки на која ќе има средби и со претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ. Шефицата на германската дипломатија ќе оствари средби и со парламентарната Комисија за надворешна политика, како и со претставници на опозициските партии. Според агендата од МНР, по пристигнувањето, Бербок и Османи ќе одржат тет-а-тет средба, потоа ќе следува средба на двете делегации, а двајцата министри ќе одржат и заедничка прес - конференција. Фокусот на разговорите меѓу двајцата министри, како што најавија двете страни, ќе биде пристапниот процес на земјата во ЕУ, а особено потребата за уставни измени како неопходен чекор кон Унијата. Од Скопје, Аналена Бербок во петок ќе отпатува во Грузија.  

The post Зградата на МНР осветлена во боите на германското знаме по повод утрешната посета на Аналена Бербок appeared first on Република.

]]>