германски министер Archives - Република https://republika.mk/tema/germanski-minister/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 19:37:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png германски министер Archives - Република https://republika.mk/tema/germanski-minister/ 32 32 Новиот германски министер за финансии Кукис потврди дека не планира да го замрзне буџетот https://republika.mk/vesti/svet/noviot-germanski-minister-za-finansii-kukis-potvrdi-deka-ne-planira-da-go-zamrzne-budhetot/ Tue, 12 Nov 2024 19:37:53 +0000 https://republika.mk/?p=836940

Новиот германски министер за финансии Јерг Кукис денеска изјави дека по распадот на германската владејачка коалиција, не планира да го замрзне буџетот за оваа година.

„Како што стојат работите, владата ќе може да ја помине оваа година без никакви проблеми“, рече Кукис.

Тој потврди дека за следната година ќе се состави предлог-буџет, бидејќи „нереално е Бундестагот да го усвои буџетот пред вонредните избори во март“.

Кукис додаде дека е премногу рано да се каже дали ќе бидат потребни дополнителни буџетски мерки во 2024 година, бидејќи средствата кои веќе не се потребни за субвенционирање на новите погони за производство на чипови на компанијата Интел може да се користат за покривање на буџетските недостатоци.

Минатата недела германскиот канцелар Олаф Шолц го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер, што доведе до колапс на владејачката коалиција.

Како што претходно денеска објавија германските медиуми, Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Зелените и Слободната демократска партија (ФДП) предложија на 23 февруари да се одржат предвремени парламентарни избори.

Се очекува, Шолц да побара од Бундестагот гласање за доверба на владата на 16 декември. Очекуваниот пораз во гласањето за доверба ќе го поттикне процесот на нови избори.

The post Новиот германски министер за финансии Кукис потврди дека не планира да го замрзне буџетот appeared first on Република.

]]>

Германскиот министер за одбрана пристигна во ненајавена посета на Киев https://republika.mk/vesti/svet/germanskiot-minister-za-odbrana-pristigna-vo-nenajavena-poseta-na-kiev/ Tue, 21 Nov 2023 09:06:58 +0000 https://republika.mk/?p=714679

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска пристигна во ненајавена посета на Киев за да ја потврди поддршката на Берлин за Украина во нејзината борба против руската армија.

Германија е втора по пружање воена помош за Украина по САД. Таа се обидува да го увери Киев за континуирана помош, бидејќи Украина се грижи за понатамошна поддршка од сојузниците кои се преокупирани со избувнувањето на војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас.

„Повторно сум овде за да ветам поголема помош, но и да ја изразам нашата солидарност и нашите длабоки врски, како и нашето восхитување за храбрата борба што се води овде“, рече Писториус додека положи цвеќе на плоштадот во центарот на Киев.

Писториус пристигна во Киев со воз и треба да разговара со својот украински колега, како и со претседателот Володимир Зеленски.

Неговата посета доаѓа додека руските воздушни напади врз Украина се интензивираат и Киев се подготвува за зголемени руски напади врз енергетските инсталации во земјата во текот на зимата.

Ова е втора посета на Писториус на Киев откако тој стана министер за одбрана на почетокот на годината, а доаѓа еден ден по исто така ненајавената посета на американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на Украина.

Писториус положи венец на плоштадот каде пред десет години стотици луѓе демонстрираа со недели барајќи демократски реформи, а во текот на денот треба да го посети и центарот за воена обука.

The post Германскиот министер за одбрана пристигна во ненајавена посета на Киев appeared first on Република.

]]>

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска пристигна во ненајавена посета на Киев за да ја потврди поддршката на Берлин за Украина во нејзината борба против руската армија. Германија е втора по пружање воена помош за Украина по САД. Таа се обидува да го увери Киев за континуирана помош, бидејќи Украина се грижи за понатамошна поддршка од сојузниците кои се преокупирани со избувнувањето на војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас. „Повторно сум овде за да ветам поголема помош, но и да ја изразам нашата солидарност и нашите длабоки врски, како и нашето восхитување за храбрата борба што се води овде“, рече Писториус додека положи цвеќе на плоштадот во центарот на Киев. Писториус пристигна во Киев со воз и треба да разговара со својот украински колега, како и со претседателот Володимир Зеленски. Неговата посета доаѓа додека руските воздушни напади врз Украина се интензивираат и Киев се подготвува за зголемени руски напади врз енергетските инсталации во земјата во текот на зимата. Ова е втора посета на Писториус на Киев откако тој стана министер за одбрана на почетокот на годината, а доаѓа еден ден по исто така ненајавената посета на американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на Украина. Писториус положи венец на плоштадот каде пред десет години стотици луѓе демонстрираа со недели барајќи демократски реформи, а во текот на денот треба да го посети и центарот за воена обука.

The post Германскиот министер за одбрана пристигна во ненајавена посета на Киев appeared first on Република.

]]>