германски компании Archives - Република https://republika.mk/tema/germanski-kompanii/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Mar 2024 19:49:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png германски компании Archives - Република https://republika.mk/tema/germanski-kompanii/ 32 32 Германската индустрија се одлева во странство, се повеќе компании ги селат бизнисите поради подобри услови https://republika.mk/vesti/svet/germanskata-industrija-se-odleva-vo-stranstvo-se-poveke-kompanii-gi-selat-biznisite-poradi-podobri-uslovi/ Thu, 07 Mar 2024 21:05:40 +0000 https://republika.mk/?p=752416

Јазот меѓу инвестициите на странските компании во Германија и инвестициите на германските компании во странство јасно покажува колку пари германските компании претпочитаат да инвестираат во странство отколку дома, пишува германскиот магазин „Ниус“.

Вo текстот се наведува дека во последните три години Германија доживува катастрофа во овој поглед - трет пат по ред од земјата се одлеале над 100 милијарди евра капитал, со кој сега се финансираат нови погони, фабрики и компании во странство. Во исто време, странските директни инвестиции во Германија драстично паднале.

Имаме најголем нето-одлив на корпоративен капитал некогаш виден во Германија. Странските директни инвестиции, кои се сигурен показател за атрактивноста на една земја, паднаа на драматично ниско ниво, а повеќе домашни компании, исто така, ја напуштаат конкурентноста на нивната локација и избираат да инвестираат во замена и проширување на производството во странство“, предупредува генералниот секретар на Економскиот совет, Волфганг Штајгер.

https://republika.mk/vesti/svet/germanija-naskoro-veke-nema-da-bide-industriska-sila-ekonomijata-se-seli-vo-drugi-zemji/

Атрактивноста на Германија како место за водење бизнис опаѓа. За три години во странство отишле 350 милијарди евра. Причините за такво нешто се отфрлањето на моторите со внатрешно согорување, високите цени на енергијата, недостаток на квалификувана работна сила, високо ниво на бирократија во Германија, како и големи инвестициски пакети во странство.

The post Германската индустрија се одлева во странство, се повеќе компании ги селат бизнисите поради подобри услови appeared first on Република.

]]>

Јазот меѓу инвестициите на странските компании во Германија и инвестициите на германските компании во странство јасно покажува колку пари германските компании претпочитаат да инвестираат во странство отколку дома, пишува германскиот магазин „Ниус“. Вo текстот се наведува дека во последните три години Германија доживува катастрофа во овој поглед - трет пат по ред од земјата се одлеале над 100 милијарди евра капитал, со кој сега се финансираат нови погони, фабрики и компании во странство. Во исто време, странските директни инвестиции во Германија драстично паднале.
Имаме најголем нето-одлив на корпоративен капитал некогаш виден во Германија. Странските директни инвестиции, кои се сигурен показател за атрактивноста на една земја, паднаа на драматично ниско ниво, а повеќе домашни компании, исто така, ја напуштаат конкурентноста на нивната локација и избираат да инвестираат во замена и проширување на производството во странство“, предупредува генералниот секретар на Економскиот совет, Волфганг Штајгер.
https://republika.mk/vesti/svet/germanija-naskoro-veke-nema-da-bide-industriska-sila-ekonomijata-se-seli-vo-drugi-zemji/ Атрактивноста на Германија како место за водење бизнис опаѓа. За три години во странство отишле 350 милијарди евра. Причините за такво нешто се отфрлањето на моторите со внатрешно согорување, високите цени на енергијата, недостаток на квалификувана работна сила, високо ниво на бирократија во Германија, како и големи инвестициски пакети во странство.

The post Германската индустрија се одлева во странство, се повеќе компании ги селат бизнисите поради подобри услови appeared first on Република.

]]>
Битиќи и Деспотовски со германски компании во Франкфурт: Македонија нуди компетитивни и предвидливи услови за странските инвеститори https://republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-i-despotovski-so-germanski-kompanii-vo-frankfurt-severna-makedonija-nudi-kompetitivni-i-predvidlivi-uslovi-za-stranskite-investitori/ Tue, 05 Sep 2023 12:38:21 +0000 https://republika.mk/?p=679031

Интересот кој беше пројавен од претставниците на германската бизнис заедница, нѐ прави уверени дека германските компании ќе продолжат активно да учествуваат во технолошкото унапредување, одржливиот раст и развој на нашата економија“, изјави заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи, кој престојува во Франкфурт, на тркалезна маса заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Јован Деспотовски, пред претставниците на силната германска индустрија, компании од повеќе сектори, ги претстави можностите за инвестирање во нашата држава, за владините мерки и поддршката која странските компании ја добиваат.

Го истакнавме високото ниво на економска соработка помеѓу Македонија и Германија, како одлично искуство и за понатамошно зголемување на бројот на германски компании, кој е повеќе од 200, кои имаат реализирано инвестиција и вработуваат над 22.000 граѓани, на кои редовно им се исплатуваат конкурентни плати, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи посочи дека германските компании се од голема помош во делот на прилагодувањето на стандардите во македонската економија со тие на ЕУ.

Искуство кое на нашето стопанство му е потребно, како навреме би се подготвило за интегрирање во економскиот простор на ЕУ. Овие придобивки, очекуваме да продолжат, да се продлабочат и прошират, рече Битиќи во неговата изјава за медиумите после тркалезната маса.

Вицепремиерот Битиќи, изјави дека од интересот кој беше пројавен на тркалезната маса со претставници на германската бизнис заедница, реално е да имаме очекување дека германските компании ќе продолжат активно да учествуваат во технолошкото унапредување, одржливиот раст и развој на нашата економија.

Она што е важно, зборуваме за технолошки напредни компании, етаблирани на глобалните пазари, кои своите успеси не ги темелат на евтина работна сила, туку на човечки ресурси кои се одликуваат со напредно знаење, иновативност, со изградени вештини да бидат дел од најсовремени технолошко производствени процеси, изјави Битиќи.

Директорот на ДТИРЗ, Јован Деспотовски, подвлече две клучни пораки од денешните средби со германски компании.

Прво дека Македонија е стабилна држава, мала но флексибилна која може да се прилагоди на барањата на инвеститорите, а тоа истовремено да е во корист на граѓаните, и второ, уште поважно е дека во земјата имаме вредни и трудољубиви луѓе. Но нашата јасна порака е дека тие треба се платат и она што ме радува е дека високи плати повеќе за кои ние се залагаме се сѐ поприфатливи за компаниите. Сега во фокусот се вештините на младите, рече Деспотовски, и најави нови германски инвестиции во земјата.

Антје Ванделт, директор на АХК Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори во странство, информираше дека 25 германски компании беа дел од тркалезна маса која се одржа во германската комора во Франкфурт, претежно компании од финансискиот сектор, металопраработувачка индустрија, ИТ секторот и инвестициски консалтинг, и беа позитивно изненадени од можностите кои ги нуди Македонија.

Најмногу се интересираа за едуцираниот кадар, инфраструктурата, и за кадарот со стручно образование. Дел од компаниите веќе се присутни на пазарот и се интересираат за понатамошни можности, за дел од нив земјата е нов пазар кој разбуди сериозен интерес, изјави Ванделт,

Инаку, вицепремиерот Битиќи заедно со директорот на дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Јован Деспотовски престојува во работна посета на Сојузна Република Германија, при што во понеделник во Франкфурт се потпиша договор со германската компанија за производство на литиум-јонски батерии „БМЗ“, за реализација на нова германска инвестиција во Македонија, која ќе обезбеди над 750 нови вработувања.

The post Битиќи и Деспотовски со германски компании во Франкфурт: Македонија нуди компетитивни и предвидливи услови за странските инвеститори appeared first on Република.