Германија Archives - Република https://republika.mk/tema/germanija/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 07:44:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Германија Archives - Република https://republika.mk/tema/germanija/ 32 32 Германија ги предупреди граѓаните да се подготват за Трета светска војна https://republika.mk/vesti/svet/germanija-gi-predupredi-graganite-da-se-podgotvat-za-treta-svetska-vojna/ Fri, 22 Nov 2024 07:44:08 +0000 https://republika.mk/?p=840592

Германските граѓани се предупредени да се подготват за можна Трета светска војна со Русија, откако рускиот претседател Владимир Путин уште еднаш се закани со нуклеарен напад.

Тензиите се зголемија откако американскиот претседател Џо Бајден и даде дозвола на Украина да користи ракети со долг дострел за да ја нападне Русија, по што Путин потпиша декрет со кој нуклеарното оружје е последна линија на одбрана.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека Русија не е само воена, туку и хибридна закана и дека Европа треба да има широк пристап кон одбраната. Германското Министерство за надворешни работи, исто така, вети дека Путин нема да ја „заплаши“ земјата откако беше откриено дека Германија ќе стане полигон за обука на НАТО доколку конфликтот дополнително ескалира.

Во документот од 1.000 страници, наречен „Operationsplan Deutschland“, Германија ќе биде домаќин на стотици илјади војници од земјите на НАТО. Ќе служи како логистички центар за испраќање воена опрема, храна и лекови на фронтот.

Војската во Германија, исто така, ги информираше цивилите и деловните субјекти како да ја заштитат инфраструктурата и да бидат подготвени да ја одбранат земјата доколку биде нападната, било да е тоа саботажа, напади со беспилотни летала или шпионски операции.

The post Германија ги предупреди граѓаните да се подготват за Трета светска војна appeared first on Република.

]]>

Германските граѓани се предупредени да се подготват за можна Трета светска војна со Русија, откако рускиот претседател Владимир Путин уште еднаш се закани со нуклеарен напад. Тензиите се зголемија откако американскиот претседател Џо Бајден и даде дозвола на Украина да користи ракети со долг дострел за да ја нападне Русија, по што Путин потпиша декрет со кој нуклеарното оружје е последна линија на одбрана. Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека Русија не е само воена, туку и хибридна закана и дека Европа треба да има широк пристап кон одбраната. Германското Министерство за надворешни работи, исто така, вети дека Путин нема да ја „заплаши“ земјата откако беше откриено дека Германија ќе стане полигон за обука на НАТО доколку конфликтот дополнително ескалира. Во документот од 1.000 страници, наречен „Operationsplan Deutschland“, Германија ќе биде домаќин на стотици илјади војници од земјите на НАТО. Ќе служи како логистички центар за испраќање воена опрема, храна и лекови на фронтот. Војската во Германија, исто така, ги информираше цивилите и деловните субјекти како да ја заштитат инфраструктурата и да бидат подготвени да ја одбранат земјата доколку биде нападната, било да е тоа саботажа, напади со беспилотни летала или шпионски операции.

The post Германија ги предупреди граѓаните да се подготват за Трета светска војна appeared first on Република.

]]>
Лидерот на германските социјалдемократи ги повика своите сопартијци да застанат зад Олаф Шолц https://republika.mk/vesti/svet/liderot-na-germanskite-sotsijaldemokrati-gi-povika-svoite-sopartijtsi-da-zastanat-zad-olaf-sholts/ Sun, 17 Nov 2024 10:21:46 +0000 https://republika.mk/?p=838762

Копретседателот на германската Социјалдемократска партија (СДП), Ларс Клингбејл, изјави дека политичката формација стои зад канцеларот Олаф Шолц, кој е во тешка позиција среде претстојните предвремени парламентарни избори, јави ДПА.

Олаф Шолц е канцелар. И сите ние кои сме одговорни во СДП јасно ставивме до знаење во последните денови дека стоиме зад него, рече Клингбејл на маргините на социјалдемократскиот форум во западниот град Есен.

Тој нагласи дека СДП треба да даде приоритет на „содржината на федералната изборна кампања, а не на дискусијата за персоналот“.

Со оглед на нискиот рејтинг на Шолц, пак, во редовите на социјалдемократите се слушаат се повеќе гласови за поддршка на промовирањето на популарниот министер за одбрана Борис Писториус за кандидат за канцелар на СДП на изборите, кои се се очекуваат на 23 февруари, забележува ДПА.

Претходно оваа недела, Писториус ја изрази својата поддршка за кампањата за реизбор на канцеларот Олаф Шолц.

Блокот на конзервативната Христијанско-демократска унија/Христијанско-социјална унија (ЦДУ/ЦСУ) има големо водство пред СДП во анкетите на јавното мислење. Според истражувањето на социолошката агенција ИНСА, нарачана од „Билд“, најмногу гласови добиваат испитаниците од ЦДУ/ЦСУ – 32 отсто, додека поддршката за СДП изнесува само 16 проценти.

The post Лидерот на германските социјалдемократи ги повика своите сопартијци да застанат зад Олаф Шолц appeared first on Република.

]]>

Копретседателот на германската Социјалдемократска партија (СДП), Ларс Клингбејл, изјави дека политичката формација стои зад канцеларот Олаф Шолц, кој е во тешка позиција среде претстојните предвремени парламентарни избори, јави ДПА.
Олаф Шолц е канцелар. И сите ние кои сме одговорни во СДП јасно ставивме до знаење во последните денови дека стоиме зад него, рече Клингбејл на маргините на социјалдемократскиот форум во западниот град Есен.
Тој нагласи дека СДП треба да даде приоритет на „содржината на федералната изборна кампања, а не на дискусијата за персоналот“. Со оглед на нискиот рејтинг на Шолц, пак, во редовите на социјалдемократите се слушаат се повеќе гласови за поддршка на промовирањето на популарниот министер за одбрана Борис Писториус за кандидат за канцелар на СДП на изборите, кои се се очекуваат на 23 февруари, забележува ДПА. Претходно оваа недела, Писториус ја изрази својата поддршка за кампањата за реизбор на канцеларот Олаф Шолц. Блокот на конзервативната Христијанско-демократска унија/Христијанско-социјална унија (ЦДУ/ЦСУ) има големо водство пред СДП во анкетите на јавното мислење. Според истражувањето на социолошката агенција ИНСА, нарачана од „Билд“, најмногу гласови добиваат испитаниците од ЦДУ/ЦСУ – 32 отсто, додека поддршката за СДП изнесува само 16 проценти.

The post Лидерот на германските социјалдемократи ги повика своите сопартијци да застанат зад Олаф Шолц appeared first on Република.

]]>
Најмалку 10 платеници со германско државјанство загинале во Украина https://republika.mk/vesti/svet/najmalku-10-platenitsi-so-germansko-drzhavjanstvo-zaginale-vo-ukraina/ Sat, 16 Nov 2024 18:32:59 +0000 https://republika.mk/?p=837906

Најмалку 10 платеници со германско државјанство загинале во Украина.

Овој податок стана познат од одговорот на германската влада на парламентарната истрага на пратеникот на Бундестагот од левичарската партија „Сара Вагенкнехт унија“, Андреј Гунко.

Гунко во интервју за „Франкфуртер Рундшау“ нагласува дека федералната влада мора да преземе мерки за да го спречи учеството на германските граѓани во конфликтот и ги повика германските власти поактивно да го промовираат почетокот на мировните преговори меѓу Киев и Москва.

The post Најмалку 10 платеници со германско државјанство загинале во Украина appeared first on Република.

]]>

Најмалку 10 платеници со германско државјанство загинале во Украина. Овој податок стана познат од одговорот на германската влада на парламентарната истрага на пратеникот на Бундестагот од левичарската партија „Сара Вагенкнехт унија“, Андреј Гунко. Гунко во интервју за „Франкфуртер Рундшау“ нагласува дека федералната влада мора да преземе мерки за да го спречи учеството на германските граѓани во конфликтот и ги повика германските власти поактивно да го промовираат почетокот на мировните преговори меѓу Киев и Москва.

The post Најмалку 10 платеници со германско државјанство загинале во Украина appeared first on Република.

]]>
„Шпигел“: Распадот на коалицијата во Германија ја загрозува испораката на дронови во Украина https://republika.mk/vesti/shpigel-raspadot-na-koalitsijata-vo-germanija-ja-zagrozuva-isporakata-na-dronovi-vo-ukraina/ Fri, 15 Nov 2024 20:20:41 +0000 https://republika.mk/?p=838286

По распадот на владејачката коалиција во Германија, можно е одложување на одлуката за натамошни испораки на оружје за Украина, особено во снабдувањето со беспилотни летала, коментираат германските медиуми.

Конкретно станува збор за одложување на испораката на 812 извидувачки беспилотни летала на компанијата „Квантум“, вредни 153 милиони евра, објави „Шпигел“.

Весникот наведува дека, пред распадот на коалицијата, германскиот канцелар Олаф Шолц разговарал за прашањето за доделување дополнителни три милијарди евра за воена поддршка на Украина.

Оваа година германската влада веќе испрати оружје во вредност од речиси осум милијарди евра во Украина, но буџетот за овие трошоци е исцрпен.

Истовремено, Украина инсистира на донесување одлуки за понатамошна испорака на оружје, пред вонредните парламентарни избори во Германија.

Мора да се направи сè за да се обезбеди непречено спроведување на планираните налози и финансирање на дополнителна помош во новата година“, вели украинскиот амбасадор Алексеј Макеев во интервју за „Шпигел“.

Германија годинава веќе испорача 348 извидувачки беспилотни летала „Вектор“, од компанијата „Квантум“ во Украина, а до крајот на годината на фронтот треба да пристигне уште еден пакет од 127 беспилотни летала.

Планирана е и испорака на до 4.000 борбени дронови од друг германски производител, но Украина засега се воздржува од откривање детали за типот на овие дронови.

The post „Шпигел“: Распадот на коалицијата во Германија ја загрозува испораката на дронови во Украина appeared first on Република.

]]>

По распадот на владејачката коалиција во Германија, можно е одложување на одлуката за натамошни испораки на оружје за Украина, особено во снабдувањето со беспилотни летала, коментираат германските медиуми. Конкретно станува збор за одложување на испораката на 812 извидувачки беспилотни летала на компанијата „Квантум“, вредни 153 милиони евра, објави „Шпигел“. Весникот наведува дека, пред распадот на коалицијата, германскиот канцелар Олаф Шолц разговарал за прашањето за доделување дополнителни три милијарди евра за воена поддршка на Украина. Оваа година германската влада веќе испрати оружје во вредност од речиси осум милијарди евра во Украина, но буџетот за овие трошоци е исцрпен. Истовремено, Украина инсистира на донесување одлуки за понатамошна испорака на оружје, пред вонредните парламентарни избори во Германија.
Мора да се направи сè за да се обезбеди непречено спроведување на планираните налози и финансирање на дополнителна помош во новата година“, вели украинскиот амбасадор Алексеј Макеев во интервју за „Шпигел“.
Германија годинава веќе испорача 348 извидувачки беспилотни летала „Вектор“, од компанијата „Квантум“ во Украина, а до крајот на годината на фронтот треба да пристигне уште еден пакет од 127 беспилотни летала. Планирана е и испорака на до 4.000 борбени дронови од друг германски производител, но Украина засега се воздржува од откривање детали за типот на овие дронови.

The post „Шпигел“: Распадот на коалицијата во Германија ја загрозува испораката на дронови во Украина appeared first on Република.

]]>
Шолц: Германија ќе направи се за да одржи добри односи со САД https://republika.mk/vesti/svet/sholts-germanija-ke-napravi-se-za-da-odrzhi-dobri-odnosi-so-sad/ Wed, 13 Nov 2024 16:23:30 +0000 https://republika.mk/?p=837299

По победата на Доналд Трамп на претседателските избориво САД, Германија треба да направи се за да одржува добри односи со САД, кои се основа за успехот на најголемата европска економија, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

Toj денеска пред пратениците во германскиот Бундестаг соопшти дека имал добар телефонски разговор со Трамп по неговата изборна победа.

Мораме да продолжиме да правиме сè за да обезбедиме односите да продолжат да се развиваат добро во наредните децении, без оглед на владата што постои овде или таму, изјави Шолц.

Канцеларот се обрати во Бундестагот неколку дена по распадот на владејачката коалиција и распишувањето на предвремени парламентарни избори.

Шолц додаде дека неговата земја нема да ја остави Украина сама во војната.

Украина може да смета на нашата земја и на нашата солидарност, рече Шолц.

The post Шолц: Германија ќе направи се за да одржи добри односи со САД appeared first on Република.

]]>

По победата на Доналд Трамп на претседателските избориво САД, Германија треба да направи се за да одржува добри односи со САД, кои се основа за успехот на најголемата европска економија, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.
Toj денеска пред пратениците во германскиот Бундестаг соопшти дека имал добар телефонски разговор со Трамп по неговата изборна победа.
Мораме да продолжиме да правиме сè за да обезбедиме односите да продолжат да се развиваат добро во наредните децении, без оглед на владата што постои овде или таму, изјави Шолц.
Канцеларот се обрати во Бундестагот неколку дена по распадот на владејачката коалиција и распишувањето на предвремени парламентарни избори. Шолц додаде дека неговата земја нема да ја остави Украина сама во војната.
Украина може да смета на нашата земја и на нашата солидарност, рече Шолц.

The post Шолц: Германија ќе направи се за да одржи добри односи со САД appeared first on Република.

]]>
Предвремените избори во Германија закажани за 23 февруари https://republika.mk/vesti/svet/predvremenite-izbori-vo-germanija-zakazhani-za-23-fevruari/ Tue, 12 Nov 2024 13:35:55 +0000 https://republika.mk/?p=836822

Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ постигнаа договор за датумот за предвремени парламентарни избори, кои треба да се одржат на 23 февруари следната година, јавуваат германските агенции.

Пратеничките групи на владејачките партии СПД, Зелените и Либералите, заедно со опозициската Унија ЦДУ/ЦСУ, се договорија да се одржат предвремени избори на 23 февруари. Германскиот канцелар Олаф Шолц (СПД) планира да го постави прашањето за довербата во Бундестагот на 16 декември, објавија германските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до раководството на партијата. Овој датум, 23 февруари, му е предложен на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој треба и официјално да го потврди.

Претходната среда, канцеларот Шолц го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер (Либерално-демократската партија, ФДП), што доведе до колапс на неговата коалициска влада составена од СПД, Зелените и ФДП. Со ова се отвори дискусија за можно гласање доверба на владата во Бундестагот и датум за предвремени избори.

Шолц првично најави дека ќе побара гласање за доверба во средината на јануари, што претставниците на демохристијанската опозиција го сметаа за предоцна, барајќи тој да го постави прашањето порано.

Последните анкети спроведени по распадот на коалицијата покажуваат дека Унијата ЦДУ/ЦСУ би освоила најмногу гласови со 32 отсто поддршка, додека Алтернативата за Германија (АфД) би добила 19 отсто од гласовите. СПД во моментов има поддршка од 15 отсто од гласачите, додека Зелените бележат 11 отсто.

The post Предвремените избори во Германија закажани за 23 февруари appeared first on Република.

]]>

Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ постигнаа договор за датумот за предвремени парламентарни избори, кои треба да се одржат на 23 февруари следната година, јавуваат германските агенции. Пратеничките групи на владејачките партии СПД, Зелените и Либералите, заедно со опозициската Унија ЦДУ/ЦСУ, се договорија да се одржат предвремени избори на 23 февруари. Германскиот канцелар Олаф Шолц (СПД) планира да го постави прашањето за довербата во Бундестагот на 16 декември, објавија германските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до раководството на партијата. Овој датум, 23 февруари, му е предложен на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој треба и официјално да го потврди. Претходната среда, канцеларот Шолц го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер (Либерално-демократската партија, ФДП), што доведе до колапс на неговата коалициска влада составена од СПД, Зелените и ФДП. Со ова се отвори дискусија за можно гласање доверба на владата во Бундестагот и датум за предвремени избори. Шолц првично најави дека ќе побара гласање за доверба во средината на јануари, што претставниците на демохристијанската опозиција го сметаа за предоцна, барајќи тој да го постави прашањето порано. Последните анкети спроведени по распадот на коалицијата покажуваат дека Унијата ЦДУ/ЦСУ би освоила најмногу гласови со 32 отсто поддршка, додека Алтернативата за Германија (АфД) би добила 19 отсто од гласовите. СПД во моментов има поддршка од 15 отсто од гласачите, додека Зелените бележат 11 отсто.

The post Предвремените избори во Германија закажани за 23 февруари appeared first on Република.

]]>
Германија одбележува 35 години од падот на Берлинскиот ѕид https://republika.mk/vesti/svet/germanija-odbelezhuva-35-godini-od-padot-na-berlinskiot-zid/ Sat, 09 Nov 2024 12:45:41 +0000 https://republika.mk/?p=835862

Германија денеска со повеќе свечености под називот “Да ја сочуваме слободата“ одбележува 35 години од падот на Берлинскиот, во моменти кога во Украина беснее војна и многумина стравуваат дека демократијата е нападната.

Канцеларот Олаф Шолц, чија коалиција драматично се распадна неделава, денеска изјави дека либералните идеали од 1989 година „не се нешто што можеме да го земеме здраво за готово“.

Нашата историја и светот околу нас го покажуваат тоа, рече Шолц, чија трипартиска владејачка коалиција се распадна на денот кога Доналд Трамп беше реизбран за претседател, што доведе до политички превирања и принудувајќи ја Германија на нови избори.

Денот 9 ноември 1989 година се слави како датум кога источногерманската диктатура ги отвори своите граници кон Западот по неколкумесечни мирни масовни протести, отворајќи го патот за повторно обединување на Германија и колапс на советскиот комунизам.

Пензионираната Јута Кругер (75) се сеќава на тие важни настани и ја коментираше политичката криза што се случи во пресрет на годишнината: „Срамота е што вака се совпаѓа“.

Но, сепак треба навистина да го славиме падот на ѕидот, рече таа, поздравувајќи го како момент кога источните Германци можеа да патуваат и „слободата дојде во цела Германија“.

Претседателот Франк-Валтер Штајнмаерденеска ќе отвори настан на „Меморијалот на Берлинскиот ѕид“, во чест на најмалку 140 луѓе убиени при обидот да избегаат од Германската Демократска Република (ГДР) за време на Студената војна.

Вечерва кај Бранденбуршката порта, на патеката на некогашната бетонска бариера која од 1961 година го подели градот, ќе се одржи „журка на слободата“ со музичка и светлосна програма.

Рускиот панк бенд „Пуси Рајот“ утре ќе настапи пред поранешното седиште на источногерманската тајна полиција Штази.

На комеморацијата се поканети продемократски активисти од целиот свет, меѓу кои и белоруската опозициска лидерка Светлана Цихановскаја и иранскиот дисидент Масих Алинеџад.

Говори, перформанси и голема уметничка изложба на отворено ќе го одбележат настанот, кој министерката за култура Клаудија Рот го нарече „еден од најрадосните моменти во светската историја“.

Реплики на плакати од протестите во 1989 година ќе бидат изложени по должината на четири-километарската рута на Берлинскиот ѕид, веднаш до историската зграда на Рајхстагот и познатиот контролна точка Чарли.

The post Германија одбележува 35 години од падот на Берлинскиот ѕид appeared first on Република.

]]>

Германија денеска со повеќе свечености под називот “Да ја сочуваме слободата“ одбележува 35 години од падот на Берлинскиот, во моменти кога во Украина беснее војна и многумина стравуваат дека демократијата е нападната. Канцеларот Олаф Шолц, чија коалиција драматично се распадна неделава, денеска изјави дека либералните идеали од 1989 година „не се нешто што можеме да го земеме здраво за готово“. Нашата историја и светот околу нас го покажуваат тоа, рече Шолц, чија трипартиска владејачка коалиција се распадна на денот кога Доналд Трамп беше реизбран за претседател, што доведе до политички превирања и принудувајќи ја Германија на нови избори. Денот 9 ноември 1989 година се слави како датум кога источногерманската диктатура ги отвори своите граници кон Западот по неколкумесечни мирни масовни протести, отворајќи го патот за повторно обединување на Германија и колапс на советскиот комунизам. Пензионираната Јута Кругер (75) се сеќава на тие важни настани и ја коментираше политичката криза што се случи во пресрет на годишнината: „Срамота е што вака се совпаѓа“. Но, сепак треба навистина да го славиме падот на ѕидот, рече таа, поздравувајќи го како момент кога источните Германци можеа да патуваат и „слободата дојде во цела Германија“. Претседателот Франк-Валтер Штајнмаерденеска ќе отвори настан на „Меморијалот на Берлинскиот ѕид“, во чест на најмалку 140 луѓе убиени при обидот да избегаат од Германската Демократска Република (ГДР) за време на Студената војна. Вечерва кај Бранденбуршката порта, на патеката на некогашната бетонска бариера која од 1961 година го подели градот, ќе се одржи „журка на слободата“ со музичка и светлосна програма. Рускиот панк бенд „Пуси Рајот“ утре ќе настапи пред поранешното седиште на источногерманската тајна полиција Штази. На комеморацијата се поканети продемократски активисти од целиот свет, меѓу кои и белоруската опозициска лидерка Светлана Цихановскаја и иранскиот дисидент Масих Алинеџад. Говори, перформанси и голема уметничка изложба на отворено ќе го одбележат настанот, кој министерката за култура Клаудија Рот го нарече „еден од најрадосните моменти во светската историја“. Реплики на плакати од протестите во 1989 година ќе бидат изложени по должината на четири-километарската рута на Берлинскиот ѕид, веднаш до историската зграда на Рајхстагот и познатиот контролна точка Чарли.

The post Германија одбележува 35 години од падот на Берлинскиот ѕид appeared first on Република.

]]>
Германскиот претседател Штајнмаер разреши тројца министри https://republika.mk/vesti/svet/germanskiot-pretsedatel-shtajnmaer-razreshi-trojtsa-ministri/ Thu, 07 Nov 2024 16:59:42 +0000 https://republika.mk/?p=835252

 Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер разреши тројца од четворицата министри на партијата Слободни демократи (ФДП) во кабинетот на канцеларот Олаф Шолц по распадот на коалицијата на левиот центар.

Штајнмаер им ги предаде отказите на министерот за финансии Кристијан Линднер, министерот за правда Марко Бушман и министерката за образование Бетина Старк-Ватцингер во неговата официјална резиденција Белви Палас.

Во исто време, советникот за економска политика на Шолц, Јерг Кукиес, го доби своето уверение за назначување за нов министер за финансии.

Единствениот преостанат поранешен политичар на ФДП во Кабинетот е министерот за транспорт Волкер Висинг, кој ја напушти својата партија. Висинг ја задржува функцијата министер за транспорт, a ќе ја извршува и функцијата министер за правда.

Министерството за образование ќе го преземе министерот за земјоделство Џем Оздемир.

The post Германскиот претседател Штајнмаер разреши тројца министри appeared first on Република.

]]>

 Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер разреши тројца од четворицата министри на партијата Слободни демократи (ФДП) во кабинетот на канцеларот Олаф Шолц по распадот на коалицијата на левиот центар. Штајнмаер им ги предаде отказите на министерот за финансии Кристијан Линднер, министерот за правда Марко Бушман и министерката за образование Бетина Старк-Ватцингер во неговата официјална резиденција Белви Палас. Во исто време, советникот за економска политика на Шолц, Јерг Кукиес, го доби своето уверение за назначување за нов министер за финансии. Единствениот преостанат поранешен политичар на ФДП во Кабинетот е министерот за транспорт Волкер Висинг, кој ја напушти својата партија. Висинг ја задржува функцијата министер за транспорт, a ќе ја извршува и функцијата министер за правда. Министерството за образование ќе го преземе министерот за земјоделство Џем Оздемир.

The post Германскиот претседател Штајнмаер разреши тројца министри appeared first on Република.

]]>
Се распаѓа германската коалициска влада https://republika.mk/vesti/svet/se-raspaga-germanskata-koalitsiska-vlada/ Wed, 06 Nov 2024 21:30:37 +0000 https://republika.mk/?p=834935

Германската владејачка коалиција од три партии се распадна вечерва, откако канцеларот Олаф Шолц најави дека ќе го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер поради постојаните несогласувања околу економските реформи.

Кризните разговори во коалицијата на Социјалдемократската партија на Шолц, Зелените и Слободната демократска партија на Линднер дојдоа до врвот откако ФДП објави документ со барања за либерални економски реформи кои другите две партии тешко ги прифатија.

За време на драматичната средба на лидерите на трите партии денеска, Линднер му рекол на Шолц дека не гледа начин да ја продолжи коалицијата и го повика да го отвори патот за предвремени избори во Германија.

Тоа предизвикало Шолц да објави дека ќе го разреши, изјавија два извори за Политико.

Шолц потенцијално би можел да се обиде да продолжи да владее во малцинска влада, но нема мнозинство да го донесе буџетот, што ја зголемува можноста за гласање недоверба и предвремени избори - потенцијално на почетокот на март, наведува медиумот.

The post Се распаѓа германската коалициска влада appeared first on Република.

]]>

Германската владејачка коалиција од три партии се распадна вечерва, откако канцеларот Олаф Шолц најави дека ќе го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер поради постојаните несогласувања околу економските реформи. Кризните разговори во коалицијата на Социјалдемократската партија на Шолц, Зелените и Слободната демократска партија на Линднер дојдоа до врвот откако ФДП објави документ со барања за либерални економски реформи кои другите две партии тешко ги прифатија. За време на драматичната средба на лидерите на трите партии денеска, Линднер му рекол на Шолц дека не гледа начин да ја продолжи коалицијата и го повика да го отвори патот за предвремени избори во Германија. Тоа предизвикало Шолц да објави дека ќе го разреши, изјавија два извори за Политико. Шолц потенцијално би можел да се обиде да продолжи да владее во малцинска влада, но нема мнозинство да го донесе буџетот, што ја зголемува можноста за гласање недоверба и предвремени избори - потенцијално на почетокот на март, наведува медиумот.

The post Се распаѓа германската коалициска влада appeared first on Република.

]]>
Германија: Македонски државјанин со нож ја убил сопругата пред очите на малолетните деца https://republika.mk/vesti/svet/germanija-makedonski-drzhavjanin-so-nozh-ja-ubil-soprugata-pred-ochite-na-maloletnite-detsa/ Wed, 06 Nov 2024 15:07:28 +0000 https://republika.mk/?p=834681

30-годишна жена била убиена во Дортмунд, Германија, а насилникот бил македонски државјанин. Како што соопшти Билд ја избодел со месарски нож пред трите малолетни деца. После настанот мажот побегнал и ја оставил жената да крвари во ходникот. Малите деца го пријавиле случајот кај соседите. Децата биле на возраст од 3, 4 и 6 години.

Жената сакала да се раздели од насилниот сопруг и да почне нов живот. Долго време трпела семејно насислтво, а на крајот на октомври се преселила со нејзините три деца во нов стан во Дортмунд.

Сторителот потоа бил фатен на автопат во Вирцбург, а се претпоставува дека тргнал да бега на пат кон Македонија. Моментално е во притвор во Нирнберг, од каде ќе биде префрлен во Дортмунд, соопштуваат германските медиуми.

The post Германија: Македонски државјанин со нож ја убил сопругата пред очите на малолетните деца appeared first on Република.

]]>

30-годишна жена била убиена во Дортмунд, Германија, а насилникот бил македонски државјанин. Како што соопшти Билд ја избодел со месарски нож пред трите малолетни деца. После настанот мажот побегнал и ја оставил жената да крвари во ходникот. Малите деца го пријавиле случајот кај соседите. Децата биле на возраст од 3, 4 и 6 години. Жената сакала да се раздели од насилниот сопруг и да почне нов живот. Долго време трпела семејно насислтво, а на крајот на октомври се преселила со нејзините три деца во нов стан во Дортмунд. Сторителот потоа бил фатен на автопат во Вирцбург, а се претпоставува дека тргнал да бега на пат кон Македонија. Моментално е во притвор во Нирнберг, од каде ќе биде префрлен во Дортмунд, соопштуваат германските медиуми.

The post Германија: Македонски државјанин со нож ја убил сопругата пред очите на малолетните деца appeared first on Република.

]]>
Само 1% ја прифатиле понудената работа: Германија го признава неуспехот на „турбо програмата“ за вработување на Украинци https://republika.mk/vesti/svet/samo-1-ja-prifatile-ponudenata-rabota-germanija-go-priznava-neuspehot-na-turbo-programata-za-vrabotuvane-na-ukraintsi/ Tue, 05 Nov 2024 21:30:17 +0000 https://republika.mk/?p=834490

Во Германија го признаваат неуспехот на „турбо програмата“ за вработување на Украинци избегани од земјата.

Според Сметковната комора, во 2024 година, 40 отсто од украинските бегалци добиле слободни работни места од центрите за вработување по завршувањето на јазичните курсеви, но помалку од еден отсто од нив отишле да работат на нив.

Весникот „Билд“ ги обвинува самите центри за вработување за неуспехот на програмата, што се согласува со искажаните ставови на Украинците, кои повеќето од слободните работни места ги нарекуваат „неприфатливи за себе“.

Во моментов, околу 720.000 граѓани на Украина добиваат бенефиции во Германија, од кои околу 500.000 се работоспособни. Германија троши 539 милиони евра месечно за нивно одржување.

The post Само 1% ја прифатиле понудената работа: Германија го признава неуспехот на „турбо програмата“ за вработување на Украинци appeared first on Република.

]]>

Во Германија го признаваат неуспехот на „турбо програмата“ за вработување на Украинци избегани од земјата. Според Сметковната комора, во 2024 година, 40 отсто од украинските бегалци добиле слободни работни места од центрите за вработување по завршувањето на јазичните курсеви, но помалку од еден отсто од нив отишле да работат на нив. Весникот „Билд“ ги обвинува самите центри за вработување за неуспехот на програмата, што се согласува со искажаните ставови на Украинците, кои повеќето од слободните работни места ги нарекуваат „неприфатливи за себе“. Во моментов, околу 720.000 граѓани на Украина добиваат бенефиции во Германија, од кои околу 500.000 се работоспособни. Германија троши 539 милиони евра месечно за нивно одржување.

The post Само 1% ја прифатиле понудената работа: Германија го признава неуспехот на „турбо програмата“ за вработување на Украинци appeared first on Република.

]]>
Апсења во Германија и Полска поради осомничени за десничарски екстремизам https://republika.mk/vesti/svet/apsena-vo-germanija-i-polska-poradi-osomnicheni-za-desnicharski-ekstremizam/ Tue, 05 Nov 2024 09:59:11 +0000 https://republika.mk/?p=834286

Германското федерално јавно обвинителство денеска соопшти дека осуммина осомничени членови на екстремно десничарска терористичка организација се уапсени во источногерманската покраина Саксонија и во Полска.

Како што јави ДПА повикувајќи се на властите, се претресуваат и околу 20 имоти. Претреси се вршат и во Австрија.

Обвинителството ги сомничи обвинетите дека припаѓаат на „Саксонските сепаратисти“, група за која веруваат дека е формирана најдоцна во ноември 2020 година.

Ова е милитантна група составена од 15 до 20 луѓе, чија идеологија се карактеризира со расистички, антисемитски и делумно апокалиптични идеи, се вели во соопштението објавено од канцеларијата на обвинителството.

 

The post Апсења во Германија и Полска поради осомничени за десничарски екстремизам appeared first on Република.

]]>

Германското федерално јавно обвинителство денеска соопшти дека осуммина осомничени членови на екстремно десничарска терористичка организација се уапсени во источногерманската покраина Саксонија и во Полска.

Како што јави ДПА повикувајќи се на властите, се претресуваат и околу 20 имоти. Претреси се вршат и во Австрија.

Обвинителството ги сомничи обвинетите дека припаѓаат на „Саксонските сепаратисти“, група за која веруваат дека е формирана најдоцна во ноември 2020 година.

Ова е милитантна група составена од 15 до 20 луѓе, чија идеологија се карактеризира со расистички, антисемитски и делумно апокалиптични идеи, се вели во соопштението објавено од канцеларијата на обвинителството.

 

The post Апсења во Германија и Полска поради осомничени за десничарски екстремизам appeared first on Република.

]]>
Штрајкови во Германија на вработените во автомобилската индустрија и големите претпријатија https://republika.mk/vesti/svet/shtrajkovi-vo-germanija-na-vrabotenite-vo-avtomobilskata-industrija-i-golemite-pretprijatija/ Thu, 31 Oct 2024 16:35:58 +0000 https://republika.mk/?p=832655

Во повеќе градови низ Германија се одржуваат штрајкови на работниците од металуршката и електроиндустријата, организирани од синдикатот „ИГ метал“. На протестите учествуваат и работниците на автопроизводителите „Фолксваген“ и „БМВ“.

Според германските медиуми, околу 250 работници на „Фолксваген“ штрајкуваа во Оснабрик, Долна Саксонија, каде што се наоѓа фабриката на Фолксваген која е под закана од затворање.

https://republika.mk/vesti/svet/folksvagen-ke-zatvori-tri-pogoni-vo-germanija/

Во Регенсбург, Баварија, штрајкувачите истакнаа транспаренти со нивните барања пред фабриката на „БМВ“. Демонстрантите планираат да го сторат истото во фабриката на „Ауди“ во блискиот Инголштад.

Исто така, околу 200 вработени во компанијата за батерии Клариос однесоа факели и знамиња на синдикатот на улиците на Хановер во Долна Саксонија. Во истиот регион во градот Хилдесхајм, околу 400 вработени во „Јенсен ГмбХ“, „КСМ Кастингс груп“, „Роберт Бош“, „Вагонбау Граф“ и „ЗФ ЦВ Системс“ Хановер останаа без работа.

The post Штрајкови во Германија на вработените во автомобилската индустрија и големите претпријатија appeared first on Република.

]]>

Во повеќе градови низ Германија се одржуваат штрајкови на работниците од металуршката и електроиндустријата, организирани од синдикатот „ИГ метал“. На протестите учествуваат и работниците на автопроизводителите „Фолксваген“ и „БМВ“. Според германските медиуми, околу 250 работници на „Фолксваген“ штрајкуваа во Оснабрик, Долна Саксонија, каде што се наоѓа фабриката на Фолксваген која е под закана од затворање. https://republika.mk/vesti/svet/folksvagen-ke-zatvori-tri-pogoni-vo-germanija/ Во Регенсбург, Баварија, штрајкувачите истакнаа транспаренти со нивните барања пред фабриката на „БМВ“. Демонстрантите планираат да го сторат истото во фабриката на „Ауди“ во блискиот Инголштад. Исто така, околу 200 вработени во компанијата за батерии Клариос однесоа факели и знамиња на синдикатот на улиците на Хановер во Долна Саксонија. Во истиот регион во градот Хилдесхајм, околу 400 вработени во „Јенсен ГмбХ“, „КСМ Кастингс груп“, „Роберт Бош“, „Вагонбау Граф“ и „ЗФ ЦВ Системс“ Хановер останаа без работа.

The post Штрајкови во Германија на вработените во автомобилската индустрија и големите претпријатија appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Она што се случува со перформансите на германската економија кај нас ќе се почувствува во вториот квартал од следната година https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-ona-shto-se-sluchuva-so-performansite-na-germanskata-ekonomija-kaj-nas-ke-se-pochuvstvuva-vo-vtoriot-kvartal-od-slednata-godina/ Tue, 29 Oct 2024 09:40:12 +0000 https://republika.mk/?p=831952

Она што сега се случува на економско поле во Германија ние нема веднаш да го почувствуваме. Сепак, можно е во вториот квартал идната година да имаме негативни ефекти, но од тоа нема да има негативни ефекти само кај нас, туку во целиот свет, а посебно во Европа, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Нашата цел е да дадеме еден драјвер на економијата преку инвестиции, реализација на капитални инвестиции и вложувања од страна на компаниите во сопствени основни средства за работа. На тој начин очекуваме да се зголеми продуктивноста, а со зголемување на продуктивноста да се обидеме и да го зголемиме приходот и да ги подобриме перформансите на економијата. Затоа ние многу внимателно пристапуваме и затоа многу внимателно планираме да ги трошиме средствата коишто ги заработуваме и во централниот буџет, но и позајмуваме. И тоа треба да бидат трошења само во насока на вложување во инвестиции, не во јавна потрошувачка, туку во инвестиции - изјави Мицкоски пред почетокот на конференцијата на „Блумберг Адрија“ на тема „Економски потенцијал и развојни можности за Македонија“ во одговор на прашање што треба да направи земјава за диверзификација на извозот и на кој начин да стане поконкурентна.

Тој нагласи дека не може еден систем кој е граден со децении да се промени преку ноќ и посочи дека е потребно време за да се појави нова опција за економијата на земјава целосно да не зависи од случувањата во Германија.

Доколку очекуваме ние веднаш од една опција која што сме ја имале да имаме наеднаш 10, 20, 50 опции тоа е невозможно, бидејќи немаме толку голем број на природни ресурси на располагање, немаме нафта, немаме гас, не сме држава на море. За да се случи тоа потребно е да ги реализираме стратешките цели на државата. Бидејќи сме земја која не излегува на море овој недостаток треба да го претвориме во предност, а тоа е да станеме раскрсница на транспортниот, железничкиот и енергетскиот коридор во овој дел од Европа. Тоа е она што како држава треба да ни даде геостратешка предност за да можеме да бидеме во радарот на големите инвеститори од големите земји - рече Мицкоски.

Потенцира дека тоа е можно бидејќи земјава е природна раскрсница на два многу значајни европски коридори, коридорите 8 и 10.

За средствата од унгарскиот кредит од половина милијарда евра кои веќе се легнати на сметката на Народната банка рече дека половина ќе бидат за компаниите, односно кредити за компаниите, останатите средства ќе бидат за капитални инвестиции, дел за општините, дел за централната Влада.

Веќе сме во преговори со банките како овој процес ќе функционира во пракса за да останат истите услови. Морам да кажам дека почетоците на овие преговори не се онакви какви што ние очекувавме, но тоа што е. Ќе разговараме со банките па ќе видиме до каде ќе стигнеме. Но, во секој случај компаниите ќе ги имаат истите услови коишто ги имаше оној заем, односно 3,25 проценти камата, 3 години грејс период и период на отплата до 12 години - појасни Мицкоски.

Прецизира дека кај некои од банките има дилема дали можат машините повеќе од седум години да бидат интабулирани поради амортизацијата итн. Но, како што рече, се надева дека низ еден разговор сето ова ќе биде минато.

Прашан дали банките бараат висока провизија, рече дека засега би се воздржал од коментар.

Но, она кое што е важно е дека на крајот компаниите и стопанството мора да ги имаат истите услови коишто ние ги кажавме. Како ќе го изорганизираме сето тоа оставете ние да го испреговараме - потенцира Мицкоски.

На прашањето дали се планира напуштање на фиксниот курс на денарот рече дека тоа нема да се случи, а за каматните стапки посочи дека полека се намалуваат.

Не, тоа нема да има. Тоа не зависи од нас, тоа зависи од Народната банка. Колку што знам јас во изминатите неколку месеци откако е избрана новата Влада Народната банка на двапати ги коригираше каматните стапки така што полека, но сигурно имаме растоварување од тој аспект - потенцира Мицкоски

The post Мицкоски: Она што се случува со перформансите на германската економија кај нас ќе се почувствува во вториот квартал од следната година appeared first on Република.

]]>

Она што сега се случува на економско поле во Германија ние нема веднаш да го почувствуваме. Сепак, можно е во вториот квартал идната година да имаме негативни ефекти, но од тоа нема да има негативни ефекти само кај нас, туку во целиот свет, а посебно во Европа, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Нашата цел е да дадеме еден драјвер на економијата преку инвестиции, реализација на капитални инвестиции и вложувања од страна на компаниите во сопствени основни средства за работа. На тој начин очекуваме да се зголеми продуктивноста, а со зголемување на продуктивноста да се обидеме и да го зголемиме приходот и да ги подобриме перформансите на економијата. Затоа ние многу внимателно пристапуваме и затоа многу внимателно планираме да ги трошиме средствата коишто ги заработуваме и во централниот буџет, но и позајмуваме. И тоа треба да бидат трошења само во насока на вложување во инвестиции, не во јавна потрошувачка, туку во инвестиции - изјави Мицкоски пред почетокот на конференцијата на „Блумберг Адрија“ на тема „Економски потенцијал и развојни можности за Македонија“ во одговор на прашање што треба да направи земјава за диверзификација на извозот и на кој начин да стане поконкурентна.
Тој нагласи дека не може еден систем кој е граден со децении да се промени преку ноќ и посочи дека е потребно време за да се појави нова опција за економијата на земјава целосно да не зависи од случувањата во Германија.
Доколку очекуваме ние веднаш од една опција која што сме ја имале да имаме наеднаш 10, 20, 50 опции тоа е невозможно, бидејќи немаме толку голем број на природни ресурси на располагање, немаме нафта, немаме гас, не сме држава на море. За да се случи тоа потребно е да ги реализираме стратешките цели на државата. Бидејќи сме земја која не излегува на море овој недостаток треба да го претвориме во предност, а тоа е да станеме раскрсница на транспортниот, железничкиот и енергетскиот коридор во овој дел од Европа. Тоа е она што како држава треба да ни даде геостратешка предност за да можеме да бидеме во радарот на големите инвеститори од големите земји - рече Мицкоски.
Потенцира дека тоа е можно бидејќи земјава е природна раскрсница на два многу значајни европски коридори, коридорите 8 и 10. За средствата од унгарскиот кредит од половина милијарда евра кои веќе се легнати на сметката на Народната банка рече дека половина ќе бидат за компаниите, односно кредити за компаниите, останатите средства ќе бидат за капитални инвестиции, дел за општините, дел за централната Влада.
Веќе сме во преговори со банките како овој процес ќе функционира во пракса за да останат истите услови. Морам да кажам дека почетоците на овие преговори не се онакви какви што ние очекувавме, но тоа што е. Ќе разговараме со банките па ќе видиме до каде ќе стигнеме. Но, во секој случај компаниите ќе ги имаат истите услови коишто ги имаше оној заем, односно 3,25 проценти камата, 3 години грејс период и период на отплата до 12 години - појасни Мицкоски.
Прецизира дека кај некои од банките има дилема дали можат машините повеќе од седум години да бидат интабулирани поради амортизацијата итн. Но, како што рече, се надева дека низ еден разговор сето ова ќе биде минато. Прашан дали банките бараат висока провизија, рече дека засега би се воздржал од коментар.
Но, она кое што е важно е дека на крајот компаниите и стопанството мора да ги имаат истите услови коишто ние ги кажавме. Како ќе го изорганизираме сето тоа оставете ние да го испреговараме - потенцира Мицкоски.
На прашањето дали се планира напуштање на фиксниот курс на денарот рече дека тоа нема да се случи, а за каматните стапки посочи дека полека се намалуваат.
Не, тоа нема да има. Тоа не зависи од нас, тоа зависи од Народната банка. Колку што знам јас во изминатите неколку месеци откако е избрана новата Влада Народната банка на двапати ги коригираше каматните стапки така што полека, но сигурно имаме растоварување од тој аспект - потенцира Мицкоски

The post Мицкоски: Она што се случува со перформансите на германската економија кај нас ќе се почувствува во вториот квартал од следната година appeared first on Република.

]]>
Фолксваген ќе затвори три погони во Германија https://republika.mk/vesti/svet/folksvagen-ke-zatvori-tri-pogoni-vo-germanija/ Mon, 28 Oct 2024 15:30:21 +0000 https://republika.mk/?p=831771

Германскиот автомобилски концерн „Фолксваген“ планира да затвори најмалку три фабрики во Германија и да отпушти десетици илјади вработени, објави синдикалниот огранок на „Фолксваген“ во Волфсбург.

Претседателката на работничкиот совет на „Фолксваген“ во Волфсбург, Даниела Кавало истакна дека раководството тврди дека затворањето на фабрики и отказите за десетици илјади работници е поради опстанокот на концернот.

Таа не наведе кои погони на „Фолксваген“ би можеле да бидат затворени.

Раководството на „Фолксваген“ одби да ги коментира изјавите на Кавало, истакнувајќи оти компанијата е „на пресврт“ и оти ситуацијата е „сериозна“.

„Фолксваген“ извесен период има финансиски падови, пред сè поради слабата продажба на електрични автомобили, кои според експертите се прескапи и застарени во споредба со кинеската конкуренција.

Менаџментот уште во септември најави мерки за Фолксваген да стане повторно конкурентен.

Концернот „Фолксваген“ има околу 670.000 вработени ширум светот, од кои 295.000 се во Германија.

The post Фолксваген ќе затвори три погони во Германија appeared first on Република.

]]>

Германскиот автомобилски концерн „Фолксваген“ планира да затвори најмалку три фабрики во Германија и да отпушти десетици илјади вработени, објави синдикалниот огранок на „Фолксваген“ во Волфсбург. Претседателката на работничкиот совет на „Фолксваген“ во Волфсбург, Даниела Кавало истакна дека раководството тврди дека затворањето на фабрики и отказите за десетици илјади работници е поради опстанокот на концернот. Таа не наведе кои погони на „Фолксваген“ би можеле да бидат затворени. Раководството на „Фолксваген“ одби да ги коментира изјавите на Кавало, истакнувајќи оти компанијата е „на пресврт“ и оти ситуацијата е „сериозна“. „Фолксваген“ извесен период има финансиски падови, пред сè поради слабата продажба на електрични автомобили, кои според експертите се прескапи и застарени во споредба со кинеската конкуренција. Менаџментот уште во септември најави мерки за Фолксваген да стане повторно конкурентен. Концернот „Фолксваген“ има околу 670.000 вработени ширум светот, од кои 295.000 се во Германија.

The post Фолксваген ќе затвори три погони во Германија appeared first on Република.

]]>
Повеќе од 4.000 луѓе принудени да се евакуираат поради стара бомба во Германија https://republika.mk/vesti/svet/poveke-od-4-000-luge-prinudeni-da-se-evakuiraat-poradi-stara-bomba-vo-germanija/ Sat, 26 Oct 2024 11:59:17 +0000 https://republika.mk/?p=831245

Околу 4.350 луѓе беа принудени да се евакуираат поради деминирање на бомба од Втората светска војна во градот Еркеленц во Германија.

Како што јави Шпигел, луѓето од радиус од 400 метри од местото каде што се наоѓа бомбата мора да бидат евакуирани, што вклучува околу 45 улици.

Во зоната за евакуација има и дом за стари лица, чии жители се сместени во локалното училиште.

The post Повеќе од 4.000 луѓе принудени да се евакуираат поради стара бомба во Германија appeared first on Република.

]]>

Околу 4.350 луѓе беа принудени да се евакуираат поради деминирање на бомба од Втората светска војна во градот Еркеленц во Германија. Како што јави Шпигел, луѓето од радиус од 400 метри од местото каде што се наоѓа бомбата мора да бидат евакуирани, што вклучува околу 45 улици. Во зоната за евакуација има и дом за стари лица, чии жители се сместени во локалното училиште.

The post Повеќе од 4.000 луѓе принудени да се евакуираат поради стара бомба во Германија appeared first on Република.

]]>
Германија во шок: 7-годишно девојче избодено до смрт од својата 13 годишна сестра https://republika.mk/vesti/svet/germanija-vo-shok-7-godishno-devojche-izbodeno-do-smrt-od-svojata-13-godishna-sestra/ Sat, 26 Oct 2024 10:44:28 +0000 https://republika.mk/?p=831227

Тринаесетгодишно девојче од германскиот град Лајпциг ја избоде до смрт својата седумгодишна сестра.

Според локалните медиуми, полицијата добила повик синоќа, а се сомнева дека девојката ја избодела својата помала сестра, која во болница им подлегнала на повредите.

Тринаесетгодишното девојче било пренесено во специјализирана болница, а полицијата не сакала да соопшти повеќе детали, пренесува „oe24.at“.

Германските медиуми нагласуваат дека се уште ништо не се знае за мотивот на страшната трагедија, но познато е дека родителите биле во друга соба и спиеле во моментот на грозоморниот настан.

Полицијата сподели само неколку детали за случајот, со оглед на тоа дека се работи за две малолетни девојчиња.

Тие изјавија дека ќе дадат поддршка на сите погодени од оваа трагедија, нагласувајќи дека ова е семејна трагедија. Тие исто така апелираа до јавноста да ја почитува приватноста на семејството додека трае истрагата.

The post Германија во шок: 7-годишно девојче избодено до смрт од својата 13 годишна сестра appeared first on Република.

]]>

Тринаесетгодишно девојче од германскиот град Лајпциг ја избоде до смрт својата седумгодишна сестра. Според локалните медиуми, полицијата добила повик синоќа, а се сомнева дека девојката ја избодела својата помала сестра, која во болница им подлегнала на повредите. Тринаесетгодишното девојче било пренесено во специјализирана болница, а полицијата не сакала да соопшти повеќе детали, пренесува „oe24.at“. Германските медиуми нагласуваат дека се уште ништо не се знае за мотивот на страшната трагедија, но познато е дека родителите биле во друга соба и спиеле во моментот на грозоморниот настан. Полицијата сподели само неколку детали за случајот, со оглед на тоа дека се работи за две малолетни девојчиња. Тие изјавија дека ќе дадат поддршка на сите погодени од оваа трагедија, нагласувајќи дека ова е семејна трагедија. Тие исто така апелираа до јавноста да ја почитува приватноста на семејството додека трае истрагата.

The post Германија во шок: 7-годишно девојче избодено до смрт од својата 13 годишна сестра appeared first on Република.

]]>
Во Германија потврден првиот случај на новата варијанта на мпокс https://republika.mk/vesti/svet/vo-germanija-potvrden-prviot-sluchaj-na-novata-varijanta-na-mpoks-2/ Tue, 22 Oct 2024 19:49:22 +0000 https://republika.mk/?p=829840

Во Германија за првпат е откриен новиот клад 1b варијанта на вирусот мпокс, соопшти денеска Институтот Роберт Кох (РКИ), пренесе ДПА.

Првиот случај на кладот 1b варијантата на мпокс надвор од африканскиот континент беше потврден во Шведска во средината на август.

– РКИ во моментов не прогласува зголемен ризик од кладот 1 вируси во Германија, но ја следи ситуацијата многу внимателно и ќе ги приспособи своите препораки доколку е потребно, објави институтот на својата веб-страница.

Симптомите на мпокс вклучуваат типичен осип и често општи симптоми како треска, главоболка и мускулна болка. Фаталните случаи се ретки, особено во земјите со добри стандарди за лекување.

Се смета дека кладот 1b е потежок од кладот 2b и постојат сомневања дека е позаразен. Сепак, експертите за јавно здравје предупредуваат дека во моментов нема доволно веродостојни податоци за варијантата.

Инфекции од другата варијанта на вирусот мпокс, клад 2b, се откриени во многу земји, вклучително и Германија од мај 2022 година.

Според РКИ, во Германија не се регистрирани смртни случаи од мпокс.

The post Во Германија потврден првиот случај на новата варијанта на мпокс appeared first on Република.

]]>

Во Германија за првпат е откриен новиот клад 1b варијанта на вирусот мпокс, соопшти денеска Институтот Роберт Кох (РКИ), пренесе ДПА. Првиот случај на кладот 1b варијантата на мпокс надвор од африканскиот континент беше потврден во Шведска во средината на август.
– РКИ во моментов не прогласува зголемен ризик од кладот 1 вируси во Германија, но ја следи ситуацијата многу внимателно и ќе ги приспособи своите препораки доколку е потребно, објави институтот на својата веб-страница.
Симптомите на мпокс вклучуваат типичен осип и често општи симптоми како треска, главоболка и мускулна болка. Фаталните случаи се ретки, особено во земјите со добри стандарди за лекување. Се смета дека кладот 1b е потежок од кладот 2b и постојат сомневања дека е позаразен. Сепак, експертите за јавно здравје предупредуваат дека во моментов нема доволно веродостојни податоци за варијантата. Инфекции од другата варијанта на вирусот мпокс, клад 2b, се откриени во многу земји, вклучително и Германија од мај 2022 година. Според РКИ, во Германија не се регистрирани смртни случаи од мпокс.

The post Во Германија потврден првиот случај на новата варијанта на мпокс appeared first on Република.

]]>
Во Германија потврден првиот случај на новата варијанта на мпокс https://republika.mk/vesti/svet/vo-germanija-potvrden-prviot-sluchaj-na-novata-varijanta-na-mpoks/ Tue, 22 Oct 2024 11:49:32 +0000 https://republika.mk/?p=829819

Во Германија за првпат е откриен новиот клад 1b варијанта на вирусот мпокс, соопшти денеска Институтот Роберт Кох (РКИ), пренесе ДПА.

Првиот случај на кладот 1b варијантата на мпокс надвор од африканскиот континент беше потврден во Шведска во средината на август.

- РКИ во моментов не прогласува зголемен ризик од кладот 1 вируси во Германија, но ја следи ситуацијата многу внимателно и ќе ги приспособи своите препораки доколку е потребно, објави институтот на својата веб-страница.

Симптомите на мпокс вклучуваат типичен осип и често општи симптоми како треска, главоболка и мускулна болка. Фаталните случаи се ретки, особено во земјите со добри стандарди за лекување.

Се смета дека кладот 1b е потежок од кладот 2b и постојат сомневања дека е позаразен. Сепак, експертите за јавно здравје предупредуваат дека во моментов нема доволно веродостојни податоци за варијантата.

Инфекции од другата варијанта на вирусот мпокс, клад 2b, се откриени во многу земји, вклучително и Германија од мај 2022 година.

Според РКИ, во Германија не се регистрирани смртни случаи од мпокс.

The post Во Германија потврден првиот случај на новата варијанта на мпокс appeared first on Република.

]]>

Во Германија за првпат е откриен новиот клад 1b варијанта на вирусот мпокс, соопшти денеска Институтот Роберт Кох (РКИ), пренесе ДПА. Првиот случај на кладот 1b варијантата на мпокс надвор од африканскиот континент беше потврден во Шведска во средината на август. - РКИ во моментов не прогласува зголемен ризик од кладот 1 вируси во Германија, но ја следи ситуацијата многу внимателно и ќе ги приспособи своите препораки доколку е потребно, објави институтот на својата веб-страница. Симптомите на мпокс вклучуваат типичен осип и често општи симптоми како треска, главоболка и мускулна болка. Фаталните случаи се ретки, особено во земјите со добри стандарди за лекување. Се смета дека кладот 1b е потежок од кладот 2b и постојат сомневања дека е позаразен. Сепак, експертите за јавно здравје предупредуваат дека во моментов нема доволно веродостојни податоци за варијантата. Инфекции од другата варијанта на вирусот мпокс, клад 2b, се откриени во многу земји, вклучително и Германија од мај 2022 година. Според РКИ, во Германија не се регистрирани смртни случаи од мпокс.

The post Во Германија потврден првиот случај на новата варијанта на мпокс appeared first on Република.

]]>
Сите се враќале по пицата со број 40: Германската полиција упаднала во пицерија која со храната служела и кокаин https://republika.mk/vesti/svet/site-se-vrakale-po-pitsata-so-broj-40-germanskata-politsija-upadnala-vo-pitserija-koja-sluzhela-kokain-so-pitsata/ Tue, 22 Oct 2024 11:41:51 +0000 https://republika.mk/?p=829803

Германската полиција упаднала во пицерија во Дизелдорф во која заедно со еден вид пица се служел и кокаин, а директорот на локалната полиција рекол дека токму таа нарачка под број 40 била најбарана на менито, објавија денеска германските медиуми. Полицискиот службеник Михаел Граф фон Молтке изјави дека првпат добиле пријава во март од инспектор за храна кој се сомневал дека нешто необично се случува во пицеријата, пренесе „АП“.

Кога членовите на агенцијата за наркотици почнале да го надгледуваат ресторанот, набрзо откриле зошто пицата со број 40 била толку популарна. Во моментот кога полицијата заѕвонила на вратата од станот на сопственикот на пицеријата, 36-годишниот маж, наводно, фрлил вреќа со дрога низ прозорецот, која паднала право во рацете на полицијата, соопшти полициската управа во Дизелдорф.

Полицајците заплениле 1,6 килограми кокаин, 400 грама канабис и 268.000 евра во кеш. Менаџерот на ресторанот набрзо бил ослободен од притвор, само за повторно да ја отвори пицеријата и да продолжи да служи кокаин со пица број 40, што им дало можност на истражителите уште подобро да го запознаат синџирот на снабдување со дрога.

По неколку недели, околу 150 полицајци спроведоа акција со која беше разбиен целиот синџир за снабдување со дрога во западниот дел на Германија, уапсија тројца осомничени, меѓу кои и 22-годишниот шеф на операцијата, и ги пребараа домовите и деловните објекти. простории на уште 12 осомничени.

Како што јави АП, за време на операцијата полицијата открила две плантажи со канабис во блиските градови Менхенгладбах и Солинген, а нашла и ладно оружје, пари и скапи часовници. Сопственикот на пицеријата бил уапсен кога се обидел да побегне во странство и сега е во притвор. Имињата на осомничените не се објавени во согласност со германските правила за приватност. Полицијата не соопшти колку пицеријата наплатувала за својата „специјална нарачка“, пренесува „Танјуг“.

The post Сите се враќале по пицата со број 40: Германската полиција упаднала во пицерија која со храната служела и кокаин appeared first on Република.

]]>

Германската полиција упаднала во пицерија во Дизелдорф во која заедно со еден вид пица се служел и кокаин, а директорот на локалната полиција рекол дека токму таа нарачка под број 40 била најбарана на менито, објавија денеска германските медиуми. Полицискиот службеник Михаел Граф фон Молтке изјави дека првпат добиле пријава во март од инспектор за храна кој се сомневал дека нешто необично се случува во пицеријата, пренесе „АП“. Кога членовите на агенцијата за наркотици почнале да го надгледуваат ресторанот, набрзо откриле зошто пицата со број 40 била толку популарна. Во моментот кога полицијата заѕвонила на вратата од станот на сопственикот на пицеријата, 36-годишниот маж, наводно, фрлил вреќа со дрога низ прозорецот, која паднала право во рацете на полицијата, соопшти полициската управа во Дизелдорф. Полицајците заплениле 1,6 килограми кокаин, 400 грама канабис и 268.000 евра во кеш. Менаџерот на ресторанот набрзо бил ослободен од притвор, само за повторно да ја отвори пицеријата и да продолжи да служи кокаин со пица број 40, што им дало можност на истражителите уште подобро да го запознаат синџирот на снабдување со дрога. По неколку недели, околу 150 полицајци спроведоа акција со која беше разбиен целиот синџир за снабдување со дрога во западниот дел на Германија, уапсија тројца осомничени, меѓу кои и 22-годишниот шеф на операцијата, и ги пребараа домовите и деловните објекти. простории на уште 12 осомничени. Како што јави АП, за време на операцијата полицијата открила две плантажи со канабис во блиските градови Менхенгладбах и Солинген, а нашла и ладно оружје, пари и скапи часовници. Сопственикот на пицеријата бил уапсен кога се обидел да побегне во странство и сега е во притвор. Имињата на осомничените не се објавени во согласност со германските правила за приватност. Полицијата не соопшти колку пицеријата наплатувала за својата „специјална нарачка“, пренесува „Танјуг“.

The post Сите се враќале по пицата со број 40: Германската полиција упаднала во пицерија која со храната служела и кокаин appeared first on Република.

]]>