герхард шредер Archives - Република https://republika.mk/tema/gerhard-shreder/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Jun 2023 15:12:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png герхард шредер Archives - Република https://republika.mk/tema/gerhard-shreder/ 32 32 Герхард Шредер: Мислам дека моите политички одлуки за Русија како канцелар беа исправни https://republika.mk/vesti/svet/gerhard-shreder-mislam-deka-moite-politichki-odluki-za-rusija-kako-kantselar-bea-ispravni/ Wed, 28 Jun 2023 15:47:05 +0000 https://republika.mk/?p=656132

Поранешниот германски канцелар, Герхард Шредер, кој ја предводеше владата од 1998 до 2005 година, смета дека неговата политика кон Русија била исправна.

Верував дека моите политички ставови за Русија се исправни. Како и досега, верувам дека тоа беше исправно, затоа сето тоа (критиката на неговата позиција за Русија) ме боли. Ова е мојот живот и јас го живеам. Не ми требаат другите да ми диктираат како да живеам. Критикувајте го тоа што сум го направил или пуштете ме да си одам, не очекувајте да се откажам од ништо. Во моментов се откажувам од премногу нешта, изјави Шредер.

Интервјуто со Шредер е снимено на 20 април во рамки на документарец за весникот Билд и неговиот поранешен главен уредник Каи Дикман и е наречен „Историја на Билд – тајната архива на поранешниот шеф Каи Дикман“.

Шредер во Германија е критикуван за неговиот проруски став.

Во интервјуто, тој нагласува дека политичката и економската изолација на Русија е невозможна на долг рок, а просперитетот на Европската Унија, вклучително и Германија, секогаш ќе зависи од снабдувањето со руски суровини.

Сопругата на поранешниот канцелар Сео Јонг Ким - Шредер, доби отказ од компанијата „NRW.Global Business“ откако таа и нејзиниот сопруг присуствуваа на прием организиран од Руската амбасада во Германија на 9 мај по повод 78-годишнината од победата во Голема татковинска војна.

The post Герхард Шредер: Мислам дека моите политички одлуки за Русија како канцелар беа исправни appeared first on Република.

]]>

Поранешниот германски канцелар, Герхард Шредер, кој ја предводеше владата од 1998 до 2005 година, смета дека неговата политика кон Русија била исправна.
Верував дека моите политички ставови за Русија се исправни. Како и досега, верувам дека тоа беше исправно, затоа сето тоа (критиката на неговата позиција за Русија) ме боли. Ова е мојот живот и јас го живеам. Не ми требаат другите да ми диктираат како да живеам. Критикувајте го тоа што сум го направил или пуштете ме да си одам, не очекувајте да се откажам од ништо. Во моментов се откажувам од премногу нешта, изјави Шредер.
Интервјуто со Шредер е снимено на 20 април во рамки на документарец за весникот Билд и неговиот поранешен главен уредник Каи Дикман и е наречен „Историја на Билд – тајната архива на поранешниот шеф Каи Дикман“. Шредер во Германија е критикуван за неговиот проруски став. Во интервјуто, тој нагласува дека политичката и економската изолација на Русија е невозможна на долг рок, а просперитетот на Европската Унија, вклучително и Германија, секогаш ќе зависи од снабдувањето со руски суровини. Сопругата на поранешниот канцелар Сео Јонг Ким - Шредер, доби отказ од компанијата „NRW.Global Business“ откако таа и нејзиниот сопруг присуствуваа на прием организиран од Руската амбасада во Германија на 9 мај по повод 78-годишнината од победата во Голема татковинска војна.

The post Герхард Шредер: Мислам дека моите политички одлуки за Русија како канцелар беа исправни appeared first on Република.

]]>
Поранешниот германски канцелар Шредер го тужи парламентот поради одземени привилегии https://republika.mk/vesti/svet/poraneshniot-germanski-kancelar-shreder-go-tuzi-parlamentot-poradi-odzemeni-privilegii/ Fri, 12 Aug 2022 07:30:09 +0000 https://republika.mk/?p=539346

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер го тужи парламентот во обид да ги врати специјалните привилегии што му беа одземени во мај.

Како што соопшти неговиот адвокат во Хановер, Михаел Нагел, Шредер (78) ја бара својата пратеничка канцеларија во тужба поднесена во Управниот суд во Берлин.

Комисијата за буџет на германскиот парламент во мај донесе одлука дека Шредер, кој долго време беше предмет на жестоки критики во Германија поради неговите врски со Русија, мора да се откаже од правото на канцеларија во Бундестагот, иако се уште има право на пензија и осигурување.

Адвокатскиот тим на поранешниот канцелар тврди дека е незаконска одлуката на буџетската комисија на Бундестагот да го прекине финансирањето на канцеларијата на персоналот на која Шредер има право и да ја прекине - се вели во соопштението од правната канцеларија, јави ДПА.

The post Поранешниот германски канцелар Шредер го тужи парламентот поради одземени привилегии appeared first on Република.

]]>

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер го тужи парламентот во обид да ги врати специјалните привилегии што му беа одземени во мај. Како што соопшти неговиот адвокат во Хановер, Михаел Нагел, Шредер (78) ја бара својата пратеничка канцеларија во тужба поднесена во Управниот суд во Берлин. Комисијата за буџет на германскиот парламент во мај донесе одлука дека Шредер, кој долго време беше предмет на жестоки критики во Германија поради неговите врски со Русија, мора да се откаже од правото на канцеларија во Бундестагот, иако се уште има право на пензија и осигурување.
Адвокатскиот тим на поранешниот канцелар тврди дека е незаконска одлуката на буџетската комисија на Бундестагот да го прекине финансирањето на канцеларијата на персоналот на која Шредер има право и да ја прекине - се вели во соопштението од правната канцеларија, јави ДПА.

The post Поранешниот германски канцелар Шредер го тужи парламентот поради одземени привилегии appeared first on Република.

]]>
Шредер тврди дека Русија сака војната во Украина да се реши по пат на преговори https://republika.mk/vesti/svet/shreder-tvrdi-deka-rusija-saka-vojnata-vo-ukraina-da-se-reshi-po-pat-na-pregovori/ Wed, 03 Aug 2022 08:08:59 +0000 https://republika.mk/?p=536314

Русија сака преку преговори да биде окончана војната во Украина, а минатомесечниот договор за испораки на жито може да биде чекор во таа насока, изјави поранешниот германски канцелар Герхард Шредер.

Добрата вест е дека Кремљ сака решение преку преговори. Првиот успех е договорот за житото и можеби од него полека да може да произлезе и прекин на огнот - изјави Шредер за неделникот „Штерн” и „РТЛ”, наведувајќи дека минатата недела во Москва се сретнал со рускиот претседател Путин.

Шредер оценува дека решенијата за клучните проблеми како што е Крим може да се најдат со тоа што ќе се дозволи да мине одредено време, како и оти „можеби нема да бидат потребни повеќе од 99 години како во случајот со Хонг Конг, туку дека решението ќе се најде во следната генерација”.

Тој наведе дека наместо влез во НАТО на Украина може да и се понуди неутралност по австрискиот модел.

Што се однесува на регионот Донбас во источна Украина, Шредер оценува дека ситуацијата таму е сложена, предлагајќи прашањето да се реши по моделот на швајцарските кантони.

Ќе треба да се најде решение засновано врз швајцарскиот кантонален модел - рече тој, истакнувајќи дека останува да се види дали Путин ќе се согласи на враќање на предвоената „линија на контакт” доколку дојде до прекин на огнот.

Шредер кој беше германски канцелар од 1998 до 2005 година, ја критикуваше војната во Украина, но одби да го осуди Путин кого сè уште го нарекува близок личен пријател.

По интензивните критики тој во мај поднесе оставка на позицијата во управниот одбор на руската државна нафтена компанија „Роснефт” и ја одби номинацијата за место во управниот одбор на „Гаспром”.

The post Шредер тврди дека Русија сака војната во Украина да се реши по пат на преговори appeared first on Република.

]]>

Русија сака преку преговори да биде окончана војната во Украина, а минатомесечниот договор за испораки на жито може да биде чекор во таа насока, изјави поранешниот германски канцелар Герхард Шредер.
Добрата вест е дека Кремљ сака решение преку преговори. Првиот успех е договорот за житото и можеби од него полека да може да произлезе и прекин на огнот - изјави Шредер за неделникот „Штерн” и „РТЛ”, наведувајќи дека минатата недела во Москва се сретнал со рускиот претседател Путин.
Шредер оценува дека решенијата за клучните проблеми како што е Крим може да се најдат со тоа што ќе се дозволи да мине одредено време, како и оти „можеби нема да бидат потребни повеќе од 99 години како во случајот со Хонг Конг, туку дека решението ќе се најде во следната генерација”. Тој наведе дека наместо влез во НАТО на Украина може да и се понуди неутралност по австрискиот модел. Што се однесува на регионот Донбас во источна Украина, Шредер оценува дека ситуацијата таму е сложена, предлагајќи прашањето да се реши по моделот на швајцарските кантони.
Ќе треба да се најде решение засновано врз швајцарскиот кантонален модел - рече тој, истакнувајќи дека останува да се види дали Путин ќе се согласи на враќање на предвоената „линија на контакт” доколку дојде до прекин на огнот.
Шредер кој беше германски канцелар од 1998 до 2005 година, ја критикуваше војната во Украина, но одби да го осуди Путин кого сè уште го нарекува близок личен пријател. По интензивните критики тој во мај поднесе оставка на позицијата во управниот одбор на руската државна нафтена компанија „Роснефт” и ја одби номинацијата за место во управниот одбор на „Гаспром”.

The post Шредер тврди дека Русија сака војната во Украина да се реши по пат на преговори appeared first on Република.

]]>
Герхард Шредер е во Москва, ќе се сретне со Путин? https://republika.mk/vesti/svet/gerhard-shreder-e-vo-moskva-kje-se-sretne-so-putin/ Tue, 26 Jul 2022 12:59:37 +0000 https://republika.mk/?p=533390

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитри Песков денеска изјави дека поранешниот германски канцелар Герхард Шредер е во Москва и не исклучува дека ќе стапи во контакт со руските власти.

Колку што знаеме, тој е во Москва.
Не е договорена средба, но не исклучуваме можен контакт, одговори Песков на новинарско прашање.

Тој разговараше со новинарите еден ден откако рускиот нафтен гигант Газпром објави дека ќе го намали снабдувањето со гас за Германија преку гасоводот „Северен поток 1“ на само 20 отсто од капацитетот, оправдувајќи го со исклучување на една турбина. Германија го отфрли тоа оправдување.

Герхард Шредер некогаш беше клучна фигура во енергетските односи меѓу Русија и Германија. Тој беше германски канцелар од 1998 до 2005 година, а потоа прифати функција во Надзорниот одбор на руската државна нафтена компанија Росњефт.

The post Герхард Шредер е во Москва, ќе се сретне со Путин? appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитри Песков денеска изјави дека поранешниот германски канцелар Герхард Шредер е во Москва и не исклучува дека ќе стапи во контакт со руските власти.
Колку што знаеме, тој е во Москва. Не е договорена средба, но не исклучуваме можен контакт, одговори Песков на новинарско прашање.
Тој разговараше со новинарите еден ден откако рускиот нафтен гигант Газпром објави дека ќе го намали снабдувањето со гас за Германија преку гасоводот „Северен поток 1“ на само 20 отсто од капацитетот, оправдувајќи го со исклучување на една турбина. Германија го отфрли тоа оправдување. Герхард Шредер некогаш беше клучна фигура во енергетските односи меѓу Русија и Германија. Тој беше германски канцелар од 1998 до 2005 година, а потоа прифати функција во Надзорниот одбор на руската државна нафтена компанија Росњефт.

The post Герхард Шредер е во Москва, ќе се сретне со Путин? appeared first on Република.

]]>
Шредер не се откажува од Путин: Украина е виновна за неуспехот на преговорите https://republika.mk/vesti/svet/shreder-ne-se-otkazuva-od-putin-ukraina-e-vinovna-za-neuspehot-na-pregovorite/ Mon, 11 Jul 2022 08:36:10 +0000 https://republika.mk/?p=526875

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер изјави дека сака да остане во контакт со рускиот претседател Владимир Путин, и покрај тоа што Москва не се откажува од војната со Украина.

Не сакам да се откажам од можноста да разговарам со претседателот Путин“, изјави Шредер за неделното издание на весникот Франкфуртер алгемајне цајтунг.

Шредер беше германски канцелар од 1998 до 2005 година, а по заминувањето од функцијата се поврза со руските енергетски гиганти Газпром и Роснефт. Тој и Путин се пријатели долги години.

Откако избувна војната, Шредер често беше мета на критики бидејќи сè уште е во контакт со Путин и не ја осуди улогата на Русија во конфликтот.

Тој неодамна се повлече од функцијата во надзорниот одбор на руската енергетска компанија Роснефт и ја отфрли кандидатурата да биде во одборот на директори на Газпром.

Коментирајќи ја дебатата во германската јавност поврзана со испораката на оружје во Украина, Шредер рече: „Зошто да се фокусираме на испораката на оружје?“. Тој додаде дека не верува во воено решение.

Војната може да заврши само преку дипломатски преговори. Судбината на војниците и цивилното население на Украина може да се олесни само преку дипломатско решение - рече поранешниот германски канцелар.

Во март, веднаш по почетокот на воената операција на 24 февруари, Шредер отпатува за Москва и се сретна со Путин.

Колку што разбрав во текот на нашиот разговор, тој е заинтересиран проблемот да се реши преку преговори - изјави Шредер за германскиот весник.

Како ќе изгледа тоа решение може да се разјасни само преку преговори, додаде тој.

Според мислењето на Шредер јасно е дека Украина е виновна за тоа што претходните преговори пропаднаа.

The post Шредер не се откажува од Путин: Украина е виновна за неуспехот на преговорите appeared first on Република.

]]>

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер изјави дека сака да остане во контакт со рускиот претседател Владимир Путин, и покрај тоа што Москва не се откажува од војната со Украина. Не сакам да се откажам од можноста да разговарам со претседателот Путин“, изјави Шредер за неделното издание на весникот Франкфуртер алгемајне цајтунг. Шредер беше германски канцелар од 1998 до 2005 година, а по заминувањето од функцијата се поврза со руските енергетски гиганти Газпром и Роснефт. Тој и Путин се пријатели долги години. Откако избувна војната, Шредер често беше мета на критики бидејќи сè уште е во контакт со Путин и не ја осуди улогата на Русија во конфликтот. Тој неодамна се повлече од функцијата во надзорниот одбор на руската енергетска компанија Роснефт и ја отфрли кандидатурата да биде во одборот на директори на Газпром. Коментирајќи ја дебатата во германската јавност поврзана со испораката на оружје во Украина, Шредер рече: „Зошто да се фокусираме на испораката на оружје?“. Тој додаде дека не верува во воено решение.
Војната може да заврши само преку дипломатски преговори. Судбината на војниците и цивилното население на Украина може да се олесни само преку дипломатско решение - рече поранешниот германски канцелар.
Во март, веднаш по почетокот на воената операција на 24 февруари, Шредер отпатува за Москва и се сретна со Путин.
Колку што разбрав во текот на нашиот разговор, тој е заинтересиран проблемот да се реши преку преговори - изјави Шредер за германскиот весник.
Како ќе изгледа тоа решение може да се разјасни само преку преговори, додаде тој. Според мислењето на Шредер јасно е дека Украина е виновна за тоа што претходните преговори пропаднаа.

The post Шредер не се откажува од Путин: Украина е виновна за неуспехот на преговорите appeared first on Република.

]]>
Бундестагот му укина дел од привилегиите на Герхард Шредер, ЕП побара санкции https://republika.mk/vesti/svet/bundestagot-mu-ukina-del-od-privilegiite-na-gerhard-shreder-ep-pobara-sankcii/ Thu, 19 May 2022 17:06:16 +0000 https://republika.mk/?p=504511

Германскиот парламент (Бундестаг) укина дел од привилегиите кои Герхард Шредер ги уживаше како поранешен канцелар, јавија денеска германските медиуми.

И Европскиот парламент денеска повика на санкции против Шредер поради неговите деловни и политички врски со Русија.

Потегот на Европскиот парламент во голема мера е симболичен бидејќи моќта да воведува санкции ја има Европскиот совет.

Членовите на Одборот за буџет на германскиот Парламент го прекинаа финансирањето на канцеларијата, со персоналот, на која Герхард Шредер има право како поранешен канцелар.

Укинувањето на привилегиите доаѓа откако партиите во владејачката коалиција, вклучувајќи ја и Социјалдемократската партија на Германија (СПД), чиј претседател Шредер беше со години, поднесоа барање до Одборот.

Герхард Шредер сè уште има право на повластена „пензионерска плата“ и лична заштита.

Демохристијанскиот пратенички клуб сакаше да му ги одземе овие привилегии на поранешниот канцелар поради неговите сè уште блиски врски со режимот на Владимир Путин.

Таканаречната плата во пензија изнесува 35 отсто од сегашната плата на германскиот канцелар, што во овој случај изнесува 8.300 евра месечно. Покрај тоа, Шредер добива надомест за времето поминато во владата на Долна Саксонија и како пратеник во Бундестагот.

Шредер, кој беше канцелар од 1998 до 2005 година, во последните месеци беше на удар на пошироката германска јавност затоа што и покрај нападот на Русија врз Украина тој продолжи да ги штити постапките на Владимир Путин.

Шредер со години е на врвот на руската енергетска индустрија и како член на управниот одбор на Роснефт добивал годишна плата од шест милиони евра, јавуваат германските медиуми.

The post Бундестагот му укина дел од привилегиите на Герхард Шредер, ЕП побара санкции appeared first on Република.

]]>

Германскиот парламент (Бундестаг) укина дел од привилегиите кои Герхард Шредер ги уживаше како поранешен канцелар, јавија денеска германските медиуми. И Европскиот парламент денеска повика на санкции против Шредер поради неговите деловни и политички врски со Русија. Потегот на Европскиот парламент во голема мера е симболичен бидејќи моќта да воведува санкции ја има Европскиот совет. Членовите на Одборот за буџет на германскиот Парламент го прекинаа финансирањето на канцеларијата, со персоналот, на која Герхард Шредер има право како поранешен канцелар. Укинувањето на привилегиите доаѓа откако партиите во владејачката коалиција, вклучувајќи ја и Социјалдемократската партија на Германија (СПД), чиј претседател Шредер беше со години, поднесоа барање до Одборот. Герхард Шредер сè уште има право на повластена „пензионерска плата“ и лична заштита. Демохристијанскиот пратенички клуб сакаше да му ги одземе овие привилегии на поранешниот канцелар поради неговите сè уште блиски врски со режимот на Владимир Путин. Таканаречната плата во пензија изнесува 35 отсто од сегашната плата на германскиот канцелар, што во овој случај изнесува 8.300 евра месечно. Покрај тоа, Шредер добива надомест за времето поминато во владата на Долна Саксонија и како пратеник во Бундестагот. Шредер, кој беше канцелар од 1998 до 2005 година, во последните месеци беше на удар на пошироката германска јавност затоа што и покрај нападот на Русија врз Украина тој продолжи да ги штити постапките на Владимир Путин. Шредер со години е на врвот на руската енергетска индустрија и како член на управниот одбор на Роснефт добивал годишна плата од шест милиони евра, јавуваат германските медиуми.

The post Бундестагот му укина дел од привилегиите на Герхард Шредер, ЕП побара санкции appeared first on Република.

]]>
Шредер ќе изгуби привилегии поради врски со Русија https://republika.mk/vesti/svet/shreder-kje-izgubi-privilegii-poradi-vrski-so-rusija/ Wed, 18 May 2022 11:42:30 +0000 https://republika.mk/?p=503836

Поранешниот германски канцелар, Герхард Шредер ќе биде дополнително казнет бидејќи не сака директно да ја осуди руската инвазија на Украина, јавија германски медиуми.

Германската владеачка коалиција, што ја водат социјалдемократите, партија каде член е и Шредер и што некогаш ја водеше, ќе му ги одземе посебните права што ги има како поранешен канцелар.

Тој ќе остане без канцеларија и вработени, по предлог на Владата, што треба да го одобри Комисијата за буџет во текот на утрешниот ден.

Шредер ја задржува пензијата и личната заштита.

Конзервативната опозиција побара Шредер да остане и без пензија. Опозицијата тврди дека тој му штети на германскиот углед во светот, затоа што не се дистанцираше од рускиот претседател Владимир Путин и бидејќи ги задржал своите должности во руски енергетски компании.

Шредер беше канцелар од 1998 до 2005 година, последен социјалдемократ на чело на Германија, пред сегашниот, Олаф Шолц.

Потоа, меѓу другото, работеше и за Северен тек, Газпром и Роснефт.

Раководството на партијата побара од него да ја напушти. Поединци бараа Шредер да се исфрли од партијата.

The post Шредер ќе изгуби привилегии поради врски со Русија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот германски канцелар, Герхард Шредер ќе биде дополнително казнет бидејќи не сака директно да ја осуди руската инвазија на Украина, јавија германски медиуми. Германската владеачка коалиција, што ја водат социјалдемократите, партија каде член е и Шредер и што некогаш ја водеше, ќе му ги одземе посебните права што ги има како поранешен канцелар. Тој ќе остане без канцеларија и вработени, по предлог на Владата, што треба да го одобри Комисијата за буџет во текот на утрешниот ден. Шредер ја задржува пензијата и личната заштита. Конзервативната опозиција побара Шредер да остане и без пензија. Опозицијата тврди дека тој му штети на германскиот углед во светот, затоа што не се дистанцираше од рускиот претседател Владимир Путин и бидејќи ги задржал своите должности во руски енергетски компании. Шредер беше канцелар од 1998 до 2005 година, последен социјалдемократ на чело на Германија, пред сегашниот, Олаф Шолц. Потоа, меѓу другото, работеше и за Северен тек, Газпром и Роснефт. Раководството на партијата побара од него да ја напушти. Поединци бараа Шредер да се исфрли од партијата.

The post Шредер ќе изгуби привилегии поради врски со Русија appeared first on Република.

]]>
Во Германија бараат Герхард Шредер да го врати докторатот https://republika.mk/vesti/svet/vo-germanija-baraat-gerhard-shreder-da-go-vrati-doktoratot/ Thu, 28 Apr 2022 12:43:44 +0000 https://republika.mk/?p=494795

Германскиот универзитет во Гетинген побара од поранешниот канцелар, Герхард Шредер, да се откаже од почесниот докторат поради неговите ставови за Русија и задржувањето позиции во руски компании.

Несфатливо е Герхард Шредер, по толку недели војна во Украина и се потешката хуманитарна катастрофа во таа земја, да не ја осуди руската агресија и да не поднесе оставка од руските компании - порачаа од Универзитетот во Гетинген.

The post Во Германија бараат Герхард Шредер да го врати докторатот appeared first on Република.

Шредер: Русија не може да биде долго изолирана, Европа има потреба од нејзините ресурси https://republika.mk/vesti/svet/shreder-rusija-ne-moze-da-bide-dolgo-izolirana-evropa-ima-potreba-od-nejzinite-resursi/ Sat, 23 Apr 2022 20:52:39 +0000 https://republika.mk/?p=492897

Политичката и економска изолација на Русија на долг рок е невозможна, развојот на Европската унија, вклучително и на Германија, секогаш ќе зависат од снабдувањето со руските суровни, вели поранешниот германски канцелар Герхард Шредер во интервју објавно во водечкиот американски дневен весник The New York Times.

Западните земји воведоа мноштво жестоки санкции против Русија како одговор на нејзината воена операција во Украина. Голем број компании најавија повлекување од рускиот пазар и затворање на производствените капацитети во земјата, а САД и ЕУ настојуваат да се запре натамошното снабдување со руски енергенси. Според Москва, многу од земјите и компаниите се решиле за таквите потези под голем притисок на Вашингтон, но верува дека руската економија ќе се справи со тешкотиите и ќе најде нови пазари на истокот за своите суровини и енергенси.

„На долг рок не можете да изолирате земја како Русија, ниту политички, ниту економски. Германската индустрија има потреба од руските суровини“, вели Шредер, за кого Њујорк тајмс пишува дека руските енергетски компании му плаќаат милион долари годишно станал парија, но и дека тој всушност ја симболизира и политиката на Германија кон Русија.

Според Шредер, дискусиите за ресурсите не се ограничеи само на системите за пренесување на енергенсите.

„Тоа не се однесува само на нафтата и на гасот, туку на ретките земјени елементи. Таквите суровини не можат едноставно да бидат заменети“, вели поранешниот германски канцелара.

Според Шредер, по завршувањето на руско-украинскиот конфликт, Германија и другите европски земји ќе ги обноват врските со Москва.

„Ќе мораме да се вратиме на соработката со Русија. Тоа секогаш го правиме“, додава.

Шредер е претседател на надзорниот одбор на руската државна енергетска компанија „Роснефт“ и има водечки позиции во контроверзните проекти на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“, кои имаат за цел рускиот гас директно да го доставуваат до Германија, заобиколувајќи ја Украина. Тој треба да ја преземе функцијата и во Надзорниот одбор на „Газпром“, руската мултинационална енергетска корпорација во мнозинска државна сопственост.

Шредер, кој беше канцелар на Германија од 1998 до 2005 година и член на социјалдемократите, исто како и сегашниот канцелар Олаф Шолц, кој на почетокот од март го повика својот сопартиец да отстапи од функциите во руските компании, долго време беше критикуван за неговите блиски врски со Русија.

The post Шредер: Русија не може да биде долго изолирана, Европа има потреба од нејзините ресурси appeared first on Република.

]]>

Политичката и економска изолација на Русија на долг рок е невозможна, развојот на Европската унија, вклучително и на Германија, секогаш ќе зависат од снабдувањето со руските суровни, вели поранешниот германски канцелар Герхард Шредер во интервју објавно во водечкиот американски дневен весник The New York Times. Западните земји воведоа мноштво жестоки санкции против Русија како одговор на нејзината воена операција во Украина. Голем број компании најавија повлекување од рускиот пазар и затворање на производствените капацитети во земјата, а САД и ЕУ настојуваат да се запре натамошното снабдување со руски енергенси. Според Москва, многу од земјите и компаниите се решиле за таквите потези под голем притисок на Вашингтон, но верува дека руската економија ќе се справи со тешкотиите и ќе најде нови пазари на истокот за своите суровини и енергенси.
„На долг рок не можете да изолирате земја како Русија, ниту политички, ниту економски. Германската индустрија има потреба од руските суровини“, вели Шредер, за кого Њујорк тајмс пишува дека руските енергетски компании му плаќаат милион долари годишно станал парија, но и дека тој всушност ја симболизира и политиката на Германија кон Русија.
Според Шредер, дискусиите за ресурсите не се ограничеи само на системите за пренесување на енергенсите.
„Тоа не се однесува само на нафтата и на гасот, туку на ретките земјени елементи. Таквите суровини не можат едноставно да бидат заменети“, вели поранешниот германски канцелара.
Според Шредер, по завршувањето на руско-украинскиот конфликт, Германија и другите европски земји ќе ги обноват врските со Москва.
„Ќе мораме да се вратиме на соработката со Русија. Тоа секогаш го правиме“, додава.
Шредер е претседател на надзорниот одбор на руската државна енергетска компанија „Роснефт“ и има водечки позиции во контроверзните проекти на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“, кои имаат за цел рускиот гас директно да го доставуваат до Германија, заобиколувајќи ја Украина. Тој треба да ја преземе функцијата и во Надзорниот одбор на „Газпром“, руската мултинационална енергетска корпорација во мнозинска државна сопственост. Шредер, кој беше канцелар на Германија од 1998 до 2005 година и член на социјалдемократите, исто како и сегашниот канцелар Олаф Шолц, кој на почетокот од март го повика својот сопартиец да отстапи од функциите во руските компании, долго време беше критикуван за неговите блиски врски со Русија.

The post Шредер: Русија не може да биде долго изолирана, Европа има потреба од нејзините ресурси appeared first on Република.

]]>
Шредер: Војната во Украина е последица на политичкиот неуспех да се воспостави безбедносна архитектура по Студената војна https://republika.mk/vesti/svet/shreder-vojnata-vo-ukraina-e-posledica-na-politichkiot-neuspeh-da-se-vospostavi-bezbednosna-arhitektura-po-studenata-vojna/ Sat, 26 Mar 2022 11:13:03 +0000 https://republika.mk/?p=478838

Поранешниот германски канцелар, Герхард Шредер, во своето прво јавно обраќање за војната во Украина, оцени дека конфликтот е последица на политички неуспех.

Според германските медиуми, Шредер на конференција во Турција истакнал дека конфликтот е последица на тоа што по Студената војна не била воспоставена соодветна безбедносна архитектура.

Не воспоставивме безбедносна архитектура која ќе ја земе предвид променетата ситуација по падот на Берлинскиот ѕид - изјавил Шредер.

Тој истакнал дека Европа ќе се соочува со големи предизвици, како последица на руската војна во Украина.

Националниот суверенитет долго време е илузија - вели поранешниот германски канцелар, посочувајќи на предизвиците како што се миграцијата, безбедносните закани и глобализацијата.

Шредер вели дека Европа, како последица на војната, ќе ги прошири своите капацитети и одбранбени потенцијали.

Европа мора да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност, и во ЕУ и во НАТО - вели Шредер.

Сепак, Шредер прачува дека Европа во својот развој не треба да се ограничува само на војската.

The post Шредер: Војната во Украина е последица на политичкиот неуспех да се воспостави безбедносна архитектура по Студената војна appeared first on Република.

]]>

Поранешниот германски канцелар, Герхард Шредер, во своето прво јавно обраќање за војната во Украина, оцени дека конфликтот е последица на политички неуспех. Според германските медиуми, Шредер на конференција во Турција истакнал дека конфликтот е последица на тоа што по Студената војна не била воспоставена соодветна безбедносна архитектура.