генерален директор Archives - Република https://republika.mk/tema/generalen-direktor/ За подобро да се разбереме Thu, 25 May 2023 12:15:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png генерален директор Archives - Република https://republika.mk/tema/generalen-direktor/ 32 32 Меџити: Од јануари ќе има само еден директор на Клинички, нема веќе економски директори https://republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-od-januari-ke-ima-samo-eden-direktor-na-klinichki-nema-veke-ekonomski-direktori/ Thu, 25 May 2023 12:15:46 +0000 https://republika.mk/?p=644585

Министерот за здравство Фатмир Меџити очекува од јануари наредната година да функционира еден клинички центар, најверојатно со еден генерален директор, со што би се укинале организациските директори на одделните клиники.

Од првиот ден работам напорно за овој проблем и тој проблем ми е најгорливата мака што сакам да го решам како кабинет, како Министерство да го решиме, еднаш засекогаш да се постават работите како што треба на Клинички и да функционира многу полесно, поадекватно и поефективно да биде. Информацијата е готова, во договор со ФЗОМ, значи почетокот на годината после новата годна и сите пресметки се прават, тогаш и најверојатно се очекува, значи од 1 јануари 2024 да почне да функционира еден клинички центар со генерален директор или како ќе бидат модалитетите за тоа ќе се договориме, одговори министерот на новинарско прашање, по презентацијата на „Мое здравје“.

Тој истакна дека целта е пациентите да добиваат подобра здравствена услуга, а и здравствените работници да функционираат полесно.

На новинарско прашање дали тоа значи дека ќе се укинат организациските, или познати и како економски директори, тој одговори потврдно.

Министерот смета дека тогаш ќе се набавуваат работите количествено и со поевтина цена и ќе има подобра соработка меѓу клиниките.

Ако се стремиме на тој пат, да одиме кон Европската Унија, како што посочи Меџити, немаме друг пат, „мора ова да се направи еднаш засекогаш здравствено да функционира како што треба“.

Меџити се осврна и на проблемот со паркинзите.

Нема подземна катна гаража, тоа ќе биде. Не дека сум министер по инфраструктура, но, мора тоа да се реши. Тоа е ликот на нашата држава и како нас, како луѓе. Тоа е срамота што се случува во Клинички центар, подвлече министерот.

The post Меџити: Од јануари ќе има само еден директор на Клинички, нема веќе економски директори appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Фатмир Меџити очекува од јануари наредната година да функционира еден клинички центар, најверојатно со еден генерален директор, со што би се укинале организациските директори на одделните клиники.
Од првиот ден работам напорно за овој проблем и тој проблем ми е најгорливата мака што сакам да го решам како кабинет, како Министерство да го решиме, еднаш засекогаш да се постават работите како што треба на Клинички и да функционира многу полесно, поадекватно и поефективно да биде. Информацијата е готова, во договор со ФЗОМ, значи почетокот на годината после новата годна и сите пресметки се прават, тогаш и најверојатно се очекува, значи од 1 јануари 2024 да почне да функционира еден клинички центар со генерален директор или како ќе бидат модалитетите за тоа ќе се договориме, одговори министерот на новинарско прашање, по презентацијата на „Мое здравје“.
Тој истакна дека целта е пациентите да добиваат подобра здравствена услуга, а и здравствените работници да функционираат полесно. На новинарско прашање дали тоа значи дека ќе се укинат организациските, или познати и како економски директори, тој одговори потврдно. Министерот смета дека тогаш ќе се набавуваат работите количествено и со поевтина цена и ќе има подобра соработка меѓу клиниките. Ако се стремиме на тој пат, да одиме кон Европската Унија, како што посочи Меџити, немаме друг пат, „мора ова да се направи еднаш засекогаш здравствено да функционира како што треба“. Меџити се осврна и на проблемот со паркинзите.
Нема подземна катна гаража, тоа ќе биде. Не дека сум министер по инфраструктура, но, мора тоа да се реши. Тоа е ликот на нашата држава и како нас, како луѓе. Тоа е срамота што се случува во Клинички центар, подвлече министерот.

The post Меџити: Од јануари ќе има само еден директор на Клинички, нема веќе економски директори appeared first on Република.

]]>
Маск го распушти Управниот одбор и се назначи за единствен директор на „Твитер“ https://republika.mk/vesti/svet/mask-go-raspushti-upravniot-odbor-i-se-naznachi-za-edinstven-direktor-na-tviter/ Tue, 01 Nov 2022 08:53:10 +0000 https://republika.mk/?p=568170

Најбогатиот човек во светот, Илон Маск, основач на компаниите „Тесла“ и „Спејс Икс“, а од неодамна сопственик и на „Твитер“ за 44 милијарди долари, се постави себеси за генерален директор на социјалната мрежа. Притоа го распушти Бордот на директори и најави нови промени во комапнијата.

Маск, кој во минатата недела ја презеде контролата врз Твитер, ги отпушти највисоките раководители на компанијата. Меѓу „лицата за отстрел“ се најдоа извршниот директор, Параг Агравал, шефот на финансии Нед Сегал и шефицата за правни работи и политика, Виџаја Гаде, која важеше за главна „цензорка“ и го згасна профилот на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп.

Привремено е распуштен и Управниот одбор на Твитер и се именува себеси за единствен член на одборот, е наведено во документот до американската Комисија за хартии од вредност, пишуваат медиумите во САД.

„Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори блиски со Маск, објави дека неговиот тим планира да отпушти околу 25 отсто од вработените во првиот круг на преструктурирање.

The post Маск го распушти Управниот одбор и се назначи за единствен директор на „Твитер“ appeared first on Република.

]]>

Најбогатиот човек во светот, Илон Маск, основач на компаниите „Тесла“ и „Спејс Икс“, а од неодамна сопственик и на „Твитер“ за 44 милијарди долари, се постави себеси за генерален директор на социјалната мрежа. Притоа го распушти Бордот на директори и најави нови промени во комапнијата. Маск, кој во минатата недела ја презеде контролата врз Твитер, ги отпушти највисоките раководители на компанијата. Меѓу „лицата за отстрел“ се најдоа извршниот директор, Параг Агравал, шефот на финансии Нед Сегал и шефицата за правни работи и политика, Виџаја Гаде, која важеше за главна „цензорка“ и го згасна профилот на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп. Привремено е распуштен и Управниот одбор на Твитер и се именува себеси за единствен член на одборот, е наведено во документот до американската Комисија за хартии од вредност, пишуваат медиумите во САД. „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори блиски со Маск, објави дека неговиот тим планира да отпушти околу 25 отсто од вработените во првиот круг на преструктурирање.

The post Маск го распушти Управниот одбор и се назначи за единствен директор на „Твитер“ appeared first on Република.

]]>