геј парада Archives - Република https://republika.mk/tema/gej-parada/ За подобро да се разбереме Sat, 17 Aug 2024 17:54:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png геј парада Archives - Република https://republika.mk/tema/gej-parada/ 32 32 300.000 луѓе на геј парадата во Берлин https://republika.mk/vesti/svet/300-000-luge-na-gej-paradata-vo-berlin/ Sat, 17 Aug 2024 17:54:44 +0000 https://republika.mk/?p=807548

Попладнево на улиците на Берлин започна техно парадата „Rave the Planet“, со поворка предводена од диџејот д-р Моте - еден од основачите на протестните забави познати како „Паради на љубовта“, јави ДПА.

Полицијата очекува бројот на учесници на парадата да достигне 300.000.

Организаторите на „Rave the Planet“ го дефинираат настанот како демонстрација за мир, љубов и заштита на електронската музичка култура.

Во 1989 година, д-р Моте, чие вистинско име е Матијас Роинг, помогна да се создаде „Парадата на љубовта“, која стана главен годишен техно музички фестивал до 2010 година, кога се случи трагедија - 21 лице загина во стампедо предизвикано од ненадејна паника.

Д-р Моте ја организира првата парада „Rave the Planet“ во 2022 година.

Германската министерка за култура Клаудија Рот испрати аудио порака до толпата, велејќи дека „техното не е само бучава“ и дека тоа е фундаментален дел од културата на Берлин.

-Рејвот не познава потекло, ниту пол, ниту социјален статус, истакна министерката.

Организаторите на „Rave the Planet“ најавија дека на забавата ќе има околу 300 музичари кои ќе ги забавуваат луѓето од 30 платформи. Полицијата распореди речиси 1.000 униформирани службеници за да обезбеди ред и безбедност на луѓето.

Во меѓувреме, во Лајпциг, најголемиот град во покраината Саксонија, неонацистите се собраа да протестираат против геј парадата што се одржа таму. Една недела претходно, екстремно десничарски активисти демонстрираа против сличен настан во Бауцен, во источниот дел на истата провинција

The post 300.000 луѓе на геј парадата во Берлин appeared first on Република.

]]>

Попладнево на улиците на Берлин започна техно парадата „Rave the Planet“, со поворка предводена од диџејот д-р Моте - еден од основачите на протестните забави познати како „Паради на љубовта“, јави ДПА. Полицијата очекува бројот на учесници на парадата да достигне 300.000. Организаторите на „Rave the Planet“ го дефинираат настанот како демонстрација за мир, љубов и заштита на електронската музичка култура. Во 1989 година, д-р Моте, чие вистинско име е Матијас Роинг, помогна да се создаде „Парадата на љубовта“, која стана главен годишен техно музички фестивал до 2010 година, кога се случи трагедија - 21 лице загина во стампедо предизвикано од ненадејна паника. Д-р Моте ја организира првата парада „Rave the Planet“ во 2022 година. Германската министерка за култура Клаудија Рот испрати аудио порака до толпата, велејќи дека „техното не е само бучава“ и дека тоа е фундаментален дел од културата на Берлин.
-Рејвот не познава потекло, ниту пол, ниту социјален статус, истакна министерката.
Организаторите на „Rave the Planet“ најавија дека на забавата ќе има околу 300 музичари кои ќе ги забавуваат луѓето од 30 платформи. Полицијата распореди речиси 1.000 униформирани службеници за да обезбеди ред и безбедност на луѓето. Во меѓувреме, во Лајпциг, најголемиот град во покраината Саксонија, неонацистите се собраа да протестираат против геј парадата што се одржа таму. Една недела претходно, екстремно десничарски активисти демонстрираа против сличен настан во Бауцен, во источниот дел на истата провинција

The post 300.000 луѓе на геј парадата во Берлин appeared first on Република.

]]>
Kурти на чело на геј парадата на Косово https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-na-chelo-na-gej-paradata-na-kosovo/ Sat, 08 Jun 2024 17:41:38 +0000 https://republika.mk/?p=785801

 

 

 

Косовскиот премиер, Албин Курти се приклучи денеска на Парадата на гордоста, со која се затвора годинешната Недела на гордоста во Косово, организирана од косовската ЛГБТИК+ заедница, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти, заедно со уште неколку членови на неговиот кабинет, меѓу кои министерката за правда, Албулена Хаџиут, министерот за здравство, Арбен Витиа и оној за култура, Хајрула Чеку, застана на чело на колоната која доцна попладнево продефилира низ центарот на косовската престолнина.

На денешното финале на Неделата на гордоста, која се одржува под мотото „Сме биле и ќе бидеме“ и ќе се затвори со концерт пред Националната библиотека на Косово, учестуваа и други личности од јавниот живот на Косово, меѓу кои приштинскиот градоначалник, Перпарим Рама, шефицата на пратеничката група на владејачкото Движење самоопределување, Мимоза Кусари-Лила и други.

Првата Парада на гордоста во Косово, односно во Приштина, се одржа на 10 октомври 2017 година, а манифестацијата Недела на гордоста годинава го одбележува своето трето издание.

На ниту една од досегашните манифестации во поддршка на ЛГБТИК+ лицата (лезбејки, геј, би-,транс-, интерсекцуалци, квир идр.) не се забележани никакви инциденти, освен неколку вербални навреди кон учесниците, и тоа само во првите неколку години.

 

https://republika.mk/vesti/balkan/mnogu-mu-bilo-ubavo-kurti-ne-sakal-da-si-zamine-od-srpskiot-zatvor/

The post Kурти на чело на геј парадата на Косово appeared first on Република.

]]>

      Косовскиот премиер, Албин Курти се приклучи денеска на Парадата на гордоста, со која се затвора годинешната Недела на гордоста во Косово, организирана од косовската ЛГБТИК+ заедница, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти, заедно со уште неколку членови на неговиот кабинет, меѓу кои министерката за правда, Албулена Хаџиут, министерот за здравство, Арбен Витиа и оној за култура, Хајрула Чеку, застана на чело на колоната која доцна попладнево продефилира низ центарот на косовската престолнина. На денешното финале на Неделата на гордоста, која се одржува под мотото „Сме биле и ќе бидеме“ и ќе се затвори со концерт пред Националната библиотека на Косово, учестуваа и други личности од јавниот живот на Косово, меѓу кои приштинскиот градоначалник, Перпарим Рама, шефицата на пратеничката група на владејачкото Движење самоопределување, Мимоза Кусари-Лила и други. Првата Парада на гордоста во Косово, односно во Приштина, се одржа на 10 октомври 2017 година, а манифестацијата Недела на гордоста годинава го одбележува своето трето издание. На ниту една од досегашните манифестации во поддршка на ЛГБТИК+ лицата (лезбејки, геј, би-,транс-, интерсекцуалци, квир идр.) не се забележани никакви инциденти, освен неколку вербални навреди кон учесниците, и тоа само во првите неколку години.   https://republika.mk/vesti/balkan/mnogu-mu-bilo-ubavo-kurti-ne-sakal-da-si-zamine-od-srpskiot-zatvor/

The post Kурти на чело на геј парадата на Косово appeared first on Република.

]]>
„Спектакуларно непослушни“: На 22 јуни Парада на гордоста во паркот „Жена борец“ https://republika.mk/vesti/skopje/spektakularno-neposlushni-na-22-juni-parada-na-gordosta-vo-parkot-zhena-borets/ Sun, 26 May 2024 12:30:54 +0000 https://republika.mk/?p=781812

Под слоганот „Спектакуларно неспослушни“, во паркот „Жена борец“ во Скопје на 22 јуни оваа година ќе се одржи петтата Парада на гордоста. Најавено е дека рутата ќе биде иста како и изминатите години и се очекува да биде обезбедено високо ниво на безбедност.

Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска на денешната прес-конференција посочи дека досегашните четири паради паради поминаа во најдобар ред, со максимално ниво на безбедност и со ниту еден инцидент.

-Бележиме два инцидента во текот на овие пет години кои што се случија после завршувањето на парадите на гордоста. За двата инциденти институциите реагираа навремено, а за едниот инцидент дури беше отворена постапка која што се водеше како кривично дело од омраза, што сметаме дека е исто така соодветен одговор од страна на институциите и позател за тоа дека државата сака да ги заштити правата на сите граѓани, рече Пировска.

Таа напомена дека се уште немаат официјална комуникација со МВР и посочи оти очекува и новата владејачка гарнитура да покаже дека оваа држава има демократски капацитети.

-Сега се наоѓаме во деликатна ситуација бидејќи се уште официјално не се завршени изборите. Знаете дека имаше прегласување на неколку места. Државната изборна комисија се уште не излегла со официјалните и крајните резултати од изборите, поради што и се уште немаме официјална комуникација со МВР за да ги почнеме подготовките околу Парадата. Тоа ќе го сториме оној момент кога официјално ќе бидат завршени изборите, рече Пировска.

Парада на гордоста на 22 јуни под слоганот „Спектакуларно неспослушни“

Таа додаде дека во периодот што доаѓа ќе го следат говорот на омраза, за кој потенцираше дека секогаш е во пораст пред ваквите настани, и ќе ја информираат јавноста и институциите да преземат одредени мерки на претпазливост пред настанот.

Програмскиот директор на ЛГБТИ Центарот за поддршка Кочо Андоновски на прес-конференцијата посочи оти очекува годинешната Парада да биде една од најдобрите и најпосетените настани, како и во претходните години, во Скопје.

-Оваа година слоганот на главната порака на Парадата е „Спектакуларно непослушни“. „Непослушни“ – затоа што ние сме непослушни и сакаме да ја реафирмираме таа наша опозиција на патријархот кој владее веќе доста векови, а „спектакуларно“ – како едно обележје на самата заедница која е забележителна и како петти Прајд, додаде Андоновски.

Според извршниот директор на ЕКВАЛИС Ангел Димитриевски, ова а само еден ден од целата година кога ЛГБТИ луѓето можат да бидат видливи, свои и автентични.

-Ова е заедница која не по своја желба е притиснета најчесто во свои приватни простори, во домот, во семејството, и да ги чува своите животи во тие приватни простори и дури и таму кога сме во тие приватни простори, ги доживуваме најекстремните форми на насилство. Кога една заедница се соочува со насилство во приватниот простор каде што е приморена да биде втурнета, тогаш значи дека нашето општество треба радикално да се промени. За ЛГБТИ заедницата концептот на послушност е и политички концепт, затоа што често пати кога оваа заедница ги барала своите права, тоа било обележано како некаков каприц или како претерана желба за вниманите, додаде Димитриевски на прес-конференцијата.

Тој додаде дека желбата да се живее достоинствено и еднакво не е никакво каприц, туку е само барање за еднакво место во ова општество кое што им припаѓа на сите други граѓани.

-ЛГБТИ луѓето го бараат токму тоа, да можат да се свои, да се автентични, да се движат во јавниот простор, да учествуваат во политичкиот живот, наместо постојано да се втурнуваат во своите четири ѕидови. Нашиот концепт за еднаквост, доколку е спорен за заедницата, тогаш да, во тој случај одбираме да бидеме непослушни. Ќе се бориме за иднина која е генерално позитивна за нас, а тоа ни го докажува токму овој настан кој во изминативе пет години е се повеќе посетен и за наша среќа е повеќе посетен од млади луѓе, рече Димитриевски.

The post „Спектакуларно непослушни“: На 22 јуни Парада на гордоста во паркот „Жена борец“ appeared first on Република.

]]>

Под слоганот „Спектакуларно неспослушни“, во паркот „Жена борец“ во Скопје на 22 јуни оваа година ќе се одржи петтата Парада на гордоста. Најавено е дека рутата ќе биде иста како и изминатите години и се очекува да биде обезбедено високо ниво на безбедност. Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска на денешната прес-конференција посочи дека досегашните четири паради паради поминаа во најдобар ред, со максимално ниво на безбедност и со ниту еден инцидент.
-Бележиме два инцидента во текот на овие пет години кои што се случија после завршувањето на парадите на гордоста. За двата инциденти институциите реагираа навремено, а за едниот инцидент дури беше отворена постапка која што се водеше како кривично дело од омраза, што сметаме дека е исто така соодветен одговор од страна на институциите и позател за тоа дека државата сака да ги заштити правата на сите граѓани, рече Пировска.
Таа напомена дека се уште немаат официјална комуникација со МВР и посочи оти очекува и новата владејачка гарнитура да покаже дека оваа држава има демократски капацитети. -Сега се наоѓаме во деликатна ситуација бидејќи се уште официјално не се завршени изборите. Знаете дека имаше прегласување на неколку места. Државната изборна комисија се уште не излегла со официјалните и крајните резултати од изборите, поради што и се уште немаме официјална комуникација со МВР за да ги почнеме подготовките околу Парадата. Тоа ќе го сториме оној момент кога официјално ќе бидат завршени изборите, рече Пировска. Парада на гордоста на 22 јуни под слоганот „Спектакуларно неспослушни“ Таа додаде дека во периодот што доаѓа ќе го следат говорот на омраза, за кој потенцираше дека секогаш е во пораст пред ваквите настани, и ќе ја информираат јавноста и институциите да преземат одредени мерки на претпазливост пред настанот. Програмскиот директор на ЛГБТИ Центарот за поддршка Кочо Андоновски на прес-конференцијата посочи оти очекува годинешната Парада да биде една од најдобрите и најпосетените настани, како и во претходните години, во Скопје. -Оваа година слоганот на главната порака на Парадата е „Спектакуларно непослушни“. „Непослушни“ – затоа што ние сме непослушни и сакаме да ја реафирмираме таа наша опозиција на патријархот кој владее веќе доста векови, а „спектакуларно“ – како едно обележје на самата заедница која е забележителна и како петти Прајд, додаде Андоновски. Според извршниот директор на ЕКВАЛИС Ангел Димитриевски, ова а само еден ден од целата година кога ЛГБТИ луѓето можат да бидат видливи, свои и автентични. -Ова е заедница која не по своја желба е притиснета најчесто во свои приватни простори, во домот, во семејството, и да ги чува своите животи во тие приватни простори и дури и таму кога сме во тие приватни простори, ги доживуваме најекстремните форми на насилство. Кога една заедница се соочува со насилство во приватниот простор каде што е приморена да биде втурнета, тогаш значи дека нашето општество треба радикално да се промени. За ЛГБТИ заедницата концептот на послушност е и политички концепт, затоа што често пати кога оваа заедница ги барала своите права, тоа било обележано како некаков каприц или како претерана желба за вниманите, додаде Димитриевски на прес-конференцијата. Тој додаде дека желбата да се живее достоинствено и еднакво не е никакво каприц, туку е само барање за еднакво место во ова општество кое што им припаѓа на сите други граѓани.
-ЛГБТИ луѓето го бараат токму тоа, да можат да се свои, да се автентични, да се движат во јавниот простор, да учествуваат во политичкиот живот, наместо постојано да се втурнуваат во своите четири ѕидови. Нашиот концепт за еднаквост, доколку е спорен за заедницата, тогаш да, во тој случај одбираме да бидеме непослушни. Ќе се бориме за иднина која е генерално позитивна за нас, а тоа ни го докажува токму овој настан кој во изминативе пет години е се повеќе посетен и за наша среќа е повеќе посетен од млади луѓе, рече Димитриевски.

The post „Спектакуларно непослушни“: На 22 јуни Парада на гордоста во паркот „Жена борец“ appeared first on Република.

]]>
Погледнете ја тепачката помеѓу полицијата и противниците на геј парадата https://republika.mk/vesti/balkan/poglednete-ja-tepachkata-pomegju-policijata-i-protivnicite-na-gej-paradata/ Sat, 17 Sep 2022 17:40:03 +0000 https://republika.mk/?p=551805

Напнато беше денеска во Белград. И покрај забраната, денеска се одржа геј парадата. Но, како што бива на Балканот се одржа и протест на противниците на европрајдот. Тие се степаа со полицијата.

Погледнете како си поминаа

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

The post Погледнете ја тепачката помеѓу полицијата и противниците на геј парадата appeared first on Република.

]]>

Напнато беше денеска во Белград. И покрај забраната, денеска се одржа геј парадата. Но, како што бива на Балканот се одржа и протест на противниците на европрајдот. Тие се степаа со полицијата. Погледнете како си поминаа  
 
View this post on Instagram
 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

The post Погледнете ја тепачката помеѓу полицијата и противниците на геј парадата appeared first on Република.

]]>
Нов изум во Србија: Патувачко кандило, „штити“ против гејеви https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/nov-izum-vo-srbija-patuvachko-kandilo-shtiti-protiv-gejevi/ Mon, 12 Sep 2022 15:17:34 +0000 https://republika.mk/?p=550075

Деновиве во Србија се одржуваат собири против одржувањето на геј парадата која претседателот Вучиќ најави дека нема да ја дозволи. На собирите за заштита на семејните вредност во Белград се појави и нов изум-патувачко кандило кое е наречено Кандилак.

 

The post Нов изум во Србија: Патувачко кандило, „штити“ против гејеви appeared first on Република.

]]>

Деновиве во Србија се одржуваат собири против одржувањето на геј парадата која претседателот Вучиќ најави дека нема да ја дозволи. На собирите за заштита на семејните вредност во Белград се појави и нов изум-патувачко кандило кое е наречено Кандилак.  

The post Нов изум во Србија: Патувачко кандило, „штити“ против гејеви appeared first on Република.

]]>