Газа Archives - Република https://republika.mk/tema/gaza/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Nov 2024 16:57:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Газа Archives - Република https://republika.mk/tema/gaza/ 32 32 Катар престанува да биде посредник во мировните преговори за Газа https://republika.mk/vesti/svet/katar-prestanuva-da-bide-posrednik-vo-mirovnite-pregovori-za-gaza/ Sat, 09 Nov 2024 16:57:30 +0000 https://republika.mk/?p=835917

Катар повеќе нема да посредува во разговорите за прекин на огнот во Газа додека Хамас и Израел не „покажат искрена волја да се вратат на преговарачката маса“, изјави официјален претставник запознаен со ова прашање.

- Заливската земја заклучи дека политичката канцеларија на Хамас во Доха повеќе не и служи на својата цел, додал официјалниот претставник.

Овој потег е најголемиот неуспех во напорите за постигнување прекин на огнот откако Хамас ја предизвика војната во Газа со терористичкиот напад врз Израел на 7 октомври минатата година.

- Катарците уште од почетокот на конфликтот рекоа дека можат да посредуваат само кога двете страни ќе покажат вистински интерес за изнаоѓање решение, рекол дипломатот.

Тој додаде дека Катар ги известил Хамас, Израел и американската администрација за својата одлука.

Катар, заедно со САД и Египет, одиграа важна улога во досегашните неуспешни преговори за прекин на огнот во едногодишната војна во Газа. На последната рунда разговори во средината на октомври не беше постигнат договор бидејќи Хамас го отфрли предлогот за краткорочен прекин на огнот. ј

The post Катар престанува да биде посредник во мировните преговори за Газа appeared first on Република.

]]>

Катар повеќе нема да посредува во разговорите за прекин на огнот во Газа додека Хамас и Израел не „покажат искрена волја да се вратат на преговарачката маса“, изјави официјален претставник запознаен со ова прашање.
- Заливската земја заклучи дека политичката канцеларија на Хамас во Доха повеќе не и служи на својата цел, додал официјалниот претставник.
Овој потег е најголемиот неуспех во напорите за постигнување прекин на огнот откако Хамас ја предизвика војната во Газа со терористичкиот напад врз Израел на 7 октомври минатата година.
- Катарците уште од почетокот на конфликтот рекоа дека можат да посредуваат само кога двете страни ќе покажат вистински интерес за изнаоѓање решение, рекол дипломатот.
Тој додаде дека Катар ги известил Хамас, Израел и американската администрација за својата одлука. Катар, заедно со САД и Египет, одиграа важна улога во досегашните неуспешни преговори за прекин на огнот во едногодишната војна во Газа. На последната рунда разговори во средината на октомври не беше постигнат договор бидејќи Хамас го отфрли предлогот за краткорочен прекин на огнот. ј

The post Катар престанува да биде посредник во мировните преговори за Газа appeared first on Република.

]]>
Најмалку 29 Палестинци загинаа во израелски напади низ Појасот Газа https://republika.mk/vesti/svet/najmalku-29-palestintsi-zaginaa-vo-izraelski-napadi-niz-pojasot-gaza/ Tue, 05 Nov 2024 09:40:50 +0000 https://republika.mk/?p=834265

Најмалку 29 Палестинци беа убиени рано утринава во израелски воздушни напади врз кампови во кои се сместени раселените лица во неколку области во Појасот Газа, вклучувајќи ги Беит Лахија, Деир ал Балах и градот Ал-Заваида, објавија палестинските медиуми.

Се прецизира дека 20 лица се убиени во напад на куќа во Беит Лахиа на северот од Појасот Газа, а две лица се убиени во напад на бегалски камп во Деир ал Балах во централниот дел на енклавата.

Во нападот на кампот во Ал-Заваида загинаа четири лица, додека неколку други се повредени.

The post Најмалку 29 Палестинци загинаа во израелски напади низ Појасот Газа appeared first on Република.

]]>

Најмалку 29 Палестинци беа убиени рано утринава во израелски воздушни напади врз кампови во кои се сместени раселените лица во неколку области во Појасот Газа, вклучувајќи ги Беит Лахија, Деир ал Балах и градот Ал-Заваида, објавија палестинските медиуми. Се прецизира дека 20 лица се убиени во напад на куќа во Беит Лахиа на северот од Појасот Газа, а две лица се убиени во напад на бегалски камп во Деир ал Балах во централниот дел на енклавата. Во нападот на кампот во Ал-Заваида загинаа четири лица, додека неколку други се повредени.

The post Најмалку 29 Палестинци загинаа во израелски напади низ Појасот Газа appeared first on Република.

]]>
Комесарот на ОН: Забраната на работата на УНРВА ќе ги лиши палестинските деца од образование и ќе ги радикализира https://republika.mk/vesti/svet/komesarot-na-on-zabranata-na-rabotata-na-unrva-ke-gi-lishi-palestinskite-detsa-od-obrazovanie-i-ke-gi-radikalizira/ Sun, 03 Nov 2024 16:48:29 +0000 https://republika.mk/?p=833803

Филип Лазарини, генералниот комесар на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), која им обезбедува засолниште, образование, медицински услуги, храна и вода на луѓето раселени во Палестина, предупреди дека забраната за работата на агенцијата во рамките на Израел и окупираниот Источен Ерусалим ќе ги лиши палестинските деца од образование во догледна иднина.

Во соопштението објавено на платформата Икс, Лазарини наведува дека лишувањето од образование ќе ги зголеми шансите децата да се радикализираат и да се навикнат да се приклучуваат на вооружени групи, а исто така ќе го зголеми нивото на сиромаштија.

Без УНРВА, судбината на милиони луѓе ќе виси на конец. Наместо да се фокусираме на забрана на УНРВА или изнаоѓање алтернативи, фокусот треба да биде на постигнување договор за ставање крај на конфликтот“, напиша Лазарини.

Поради војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, речиси сите жители на палестинската територија живеат во сиромаштија, а показателите за квалитетот на животот, како што се здравството и образованието, покажуваат дека тој се вратил 70 години наназад, соопшти во октомври Агенцијата за развој при ОН.

Од почетокот на војната во октомври минатата година, училиштата беа бомбардирани во израелски напади или претворени во засолништа за раселените луѓе, а околу 625.000 ученици во Газа не можат да присуствуваат на настава.

Лазарини рече дека до крајот на минатиот октомври УНРВА одржала предавања за повеќе од 300.000 деца, но дека тие сега се лишени од образование втора година по ред.

Палестинското Министерство за образование отвори виртуелни и отворени училишта на Западниот Брег за учениците во Газа, велејќи дека одлучило да обезбеди училишни часови секаде каде што е можно, дури и во шатори.

Минатата недела 92 израелски пратеници гласаа за забрана на активностите на УНРВА во Израел, а само десет беа против.

The post Комесарот на ОН: Забраната на работата на УНРВА ќе ги лиши палестинските деца од образование и ќе ги радикализира appeared first on Република.

]]>

Филип Лазарини, генералниот комесар на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), која им обезбедува засолниште, образование, медицински услуги, храна и вода на луѓето раселени во Палестина, предупреди дека забраната за работата на агенцијата во рамките на Израел и окупираниот Источен Ерусалим ќе ги лиши палестинските деца од образование во догледна иднина. Во соопштението објавено на платформата Икс, Лазарини наведува дека лишувањето од образование ќе ги зголеми шансите децата да се радикализираат и да се навикнат да се приклучуваат на вооружени групи, а исто така ќе го зголеми нивото на сиромаштија.
Без УНРВА, судбината на милиони луѓе ќе виси на конец. Наместо да се фокусираме на забрана на УНРВА или изнаоѓање алтернативи, фокусот треба да биде на постигнување договор за ставање крај на конфликтот“, напиша Лазарини.
Поради војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, речиси сите жители на палестинската територија живеат во сиромаштија, а показателите за квалитетот на животот, како што се здравството и образованието, покажуваат дека тој се вратил 70 години наназад, соопшти во октомври Агенцијата за развој при ОН. Од почетокот на војната во октомври минатата година, училиштата беа бомбардирани во израелски напади или претворени во засолништа за раселените луѓе, а околу 625.000 ученици во Газа не можат да присуствуваат на настава. Лазарини рече дека до крајот на минатиот октомври УНРВА одржала предавања за повеќе од 300.000 деца, но дека тие сега се лишени од образование втора година по ред. Палестинското Министерство за образование отвори виртуелни и отворени училишта на Западниот Брег за учениците во Газа, велејќи дека одлучило да обезбеди училишни часови секаде каде што е можно, дури и во шатори. Минатата недела 92 израелски пратеници гласаа за забрана на активностите на УНРВА во Израел, а само десет беа против.

The post Комесарот на ОН: Забраната на работата на УНРВА ќе ги лиши палестинските деца од образование и ќе ги радикализира appeared first on Република.

]]>
Цивилна одбрана на Газа: Најмалку 12 лица загинаа во напад со дрон додека чекале хуманитарна помош https://republika.mk/vesti/svet/tsivilna-odbrana-na-gaza-najmalku-12-litsa-zaginaa-vo-napad-so-dron-dodeka-chekale-humanitarna-pomosh/ Fri, 25 Oct 2024 19:28:47 +0000 https://republika.mk/?p=831080

Цивилната одбрана на Газа вечерва соопшти дека најмалку 12 лица загинале во напад на израелски дрон врз група која чекала хуманитарна помош на северот на палестинската територија.

Портпаролот на цивилната одбрана Махмуд Басал изјави дека уште неколку луѓе се ранети во напад со дрон, чија цел била возило и група граѓани северно од бегалскиот камп Ал Шати во западниот дел на градот Газа.

Мртвите и ранетите се пренесени во болницата Ал-Шифа.

Портпаролот рече дека уште најмалку шест лица се убиени денеска во нападите врз тој град.

Израелската војска не одговори веднаш на барањето на агенциите за коментар за инцидентот.

The post Цивилна одбрана на Газа: Најмалку 12 лица загинаа во напад со дрон додека чекале хуманитарна помош appeared first on Република.

]]>

Цивилната одбрана на Газа вечерва соопшти дека најмалку 12 лица загинале во напад на израелски дрон врз група која чекала хуманитарна помош на северот на палестинската територија. Портпаролот на цивилната одбрана Махмуд Басал изјави дека уште неколку луѓе се ранети во напад со дрон, чија цел била возило и група граѓани северно од бегалскиот камп Ал Шати во западниот дел на градот Газа. Мртвите и ранетите се пренесени во болницата Ал-Шифа. Портпаролот рече дека уште најмалку шест лица се убиени денеска во нападите врз тој град. Израелската војска не одговори веднаш на барањето на агенциите за коментар за инцидентот.

The post Цивилна одбрана на Газа: Најмалку 12 лица загинаа во напад со дрон додека чекале хуманитарна помош appeared first on Република.

]]>
ОН предупреди дека државите мора да спречат геноцид во Газа https://republika.mk/vesti/svet/on-predupredi-deka-drzhavite-mora-da-sprechat-genotsid-vo-gaza/ Fri, 25 Oct 2024 17:02:41 +0000 https://republika.mk/?p=831054

Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Тирк ја повика меѓународната заедница да го заштити населението во Појасот Газа од сериозни прекршувања на човековите права.

- Се соочуваме со нешто што може да значи злосторства, вклучително и потенцијално проширување на злосторства против човештвото, предупреди тој денеска осврнувајќи се на израелската воена кампања во северниот дел на Појасот Газа, пренесе ДПА.

- Целото население во оваа област е погодено од бомби, опсади, раселување и глад, изјави австрискиот дипломат на ОН.

- Луѓето се изложени на ризик да бидат уапсени или застрелани. Сепак, исто така целосно е неприфатливо што палестинските вооружени групи го ставаат во ризик сопствениот народ мешајќи се со цивили, нагласи тој.

Тирк ги потсети присутните дека државите не се обврзани само да преземаат мерки против воените злосторства.

- Според Конвенцијата за геноцид, државите членки исто така имаат одговорност да дејствуваат за да спречат такво злосторство, кога ризикот ќе стане очигледен, рече тој.

Тој упати директен апел до шефовите на држави и влади, барајќи од нив „да ја стават заштитата на цивилите и човековите права на прво место и да не го напуштаат тој минимум хуманост“.

The post ОН предупреди дека државите мора да спречат геноцид во Газа appeared first on Република.

]]>

Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Тирк ја повика меѓународната заедница да го заштити населението во Појасот Газа од сериозни прекршувања на човековите права.
- Се соочуваме со нешто што може да значи злосторства, вклучително и потенцијално проширување на злосторства против човештвото, предупреди тој денеска осврнувајќи се на израелската воена кампања во северниот дел на Појасот Газа, пренесе ДПА.
- Целото население во оваа област е погодено од бомби, опсади, раселување и глад, изјави австрискиот дипломат на ОН.
- Луѓето се изложени на ризик да бидат уапсени или застрелани. Сепак, исто така целосно е неприфатливо што палестинските вооружени групи го ставаат во ризик сопствениот народ мешајќи се со цивили, нагласи тој.
Тирк ги потсети присутните дека државите не се обврзани само да преземаат мерки против воените злосторства.
- Според Конвенцијата за геноцид, државите членки исто така имаат одговорност да дејствуваат за да спречат такво злосторство, кога ризикот ќе стане очигледен, рече тој.
Тој упати директен апел до шефовите на држави и влади, барајќи од нив „да ја стават заштитата на цивилите и човековите права на прво место и да не го напуштаат тој минимум хуманост“.

The post ОН предупреди дека државите мора да спречат геноцид во Газа appeared first on Република.

]]>
„Со булдожери газеле живи луѓе“: Многу израелски војници се соочуваат со тешки психички трауми по случувањата во Газа https://republika.mk/vesti/svet/so-buldozheri-gazele-zhivi-luge-mnogu-izraelski-vojnitsi-se-soochuvaat-so-teshki-psihichki-traumi-po-sluchuvanata-vo-gaza/ Wed, 23 Oct 2024 20:12:09 +0000 https://republika.mk/?p=830344

Во интервјуа за Си-Ен-Ен, израелските војници се жалат дека биле сведоци на „ужас“ и дека претрпеле психичка траума при учеството во борбите во Газа.

Во нивното сведочење, многумина сведочат како со оклопни булдожери „превртеле стотици луѓе, и мртви и живи“.

Како што се вели во текстот, додека ги извршувале задачите на терен, на почетокот им помагало тоа што добивале наредби да се борат против терористите и оние кои го поддржуваат Хамас во Газа“. Сепак, состојбата се променила како одминувал текот на борбените дејствија.

Експлозиите сега одекнуваат во главите на војниците на израелската војска, и некои од нив веќе не можат да јадат месо откако виделе „толку многу месо на улица“, се вели во написот.

Во текот на борбите во Газа, кои траат една година, загинаа речиси 42 илјади Палестинци.

 

The post „Со булдожери газеле живи луѓе“: Многу израелски војници се соочуваат со тешки психички трауми по случувањата во Газа appeared first on Република.

]]>

Во интервјуа за Си-Ен-Ен, израелските војници се жалат дека биле сведоци на „ужас“ и дека претрпеле психичка траума при учеството во борбите во Газа. Во нивното сведочење, многумина сведочат како со оклопни булдожери „превртеле стотици луѓе, и мртви и живи“. Како што се вели во текстот, додека ги извршувале задачите на терен, на почетокот им помагало тоа што добивале наредби да се борат против терористите и оние кои го поддржуваат Хамас во Газа“. Сепак, состојбата се променила како одминувал текот на борбените дејствија.
Експлозиите сега одекнуваат во главите на војниците на израелската војска, и некои од нив веќе не можат да јадат месо откако виделе „толку многу месо на улица“, се вели во написот.
Во текот на борбите во Газа, кои траат една година, загинаа речиси 42 илјади Палестинци.  

The post „Со булдожери газеле живи луѓе“: Многу израелски војници се соочуваат со тешки психички трауми по случувањата во Газа appeared first on Република.

]]>
Во израелски напад во Газа загинале најмалку 30 луѓе меѓу кои има и деца https://republika.mk/vesti/svet/vo-izraelski-napad-vo-gaza-zaginale-najmalku-30-luge-megu-koi-ima-i-detsa/ Sat, 19 Oct 2024 08:31:44 +0000 https://republika.mk/?p=828715

Најмалку 30 луѓе загинале, меѓу кои и деца, во израелски воздушен напад во северниот дел на Газа, објавија палестинските медиуми.

Повеќе од 50 други се ранети во нападот на градот Џабалија.

Џабалија неодамна доживеа интензивни борби. Само неколку дена претходно, израелската војска соопшти дека елиминирала неколку милитанти во областа и уништила складиште за оружје лоцирано во зграда која претходно била користена како клиника.

Израелската армија почна нова копнена офанзива на северот на Појасот Газа на 6 октомври, повикувајќи до 400.000 цивили кои издржале една година војна да се преселат на југ.

Сепак, многу од луѓето, од кои некои веќе неколку пати беа раселени, го игнорираа повикот, велејќи дека израелската војска нападнала и во таканаречените безбедни зони на југ.

По неколкумесечниот ќор-сокак во индиректните преговори меѓу двете страни за договор за прекин на огнот, некои се надеваат дека убиството на водачот на Хамас, Јахја ал Синвар во Газа претходно оваа недела може да резултира со завршување на војната од страна на Израел, иако неговото раководство посочи дека не е планира веднаш да го стори тоа, забележува ДПА.

Бројот на убиени Палестинци од почетокот на конфликтот се искачи на над 42.000, според здравствените власти во Газа.

The post Во израелски напад во Газа загинале најмалку 30 луѓе меѓу кои има и деца appeared first on Република.

]]>

Најмалку 30 луѓе загинале, меѓу кои и деца, во израелски воздушен напад во северниот дел на Газа, објавија палестинските медиуми. Повеќе од 50 други се ранети во нападот на градот Џабалија. Џабалија неодамна доживеа интензивни борби. Само неколку дена претходно, израелската војска соопшти дека елиминирала неколку милитанти во областа и уништила складиште за оружје лоцирано во зграда која претходно била користена како клиника. Израелската армија почна нова копнена офанзива на северот на Појасот Газа на 6 октомври, повикувајќи до 400.000 цивили кои издржале една година војна да се преселат на југ. Сепак, многу од луѓето, од кои некои веќе неколку пати беа раселени, го игнорираа повикот, велејќи дека израелската војска нападнала и во таканаречените безбедни зони на југ. По неколкумесечниот ќор-сокак во индиректните преговори меѓу двете страни за договор за прекин на огнот, некои се надеваат дека убиството на водачот на Хамас, Јахја ал Синвар во Газа претходно оваа недела може да резултира со завршување на војната од страна на Израел, иако неговото раководство посочи дека не е планира веднаш да го стори тоа, забележува ДПА. Бројот на убиени Палестинци од почетокот на конфликтот се искачи на над 42.000, според здравствените власти во Газа.

The post Во израелски напад во Газа загинале најмалку 30 луѓе меѓу кои има и деца appeared first on Република.

]]>
Бајден, Шолц, Макрон и Страмер: Има неопходна „итна потреба“ за завршување на војната во Газа https://republika.mk/vesti/svet/bajden-sholts-makron-i-stramer-ima-neophodna-itna-potreba-za-zavrshuvane-na-vojnata-vo-gaza/ Fri, 18 Oct 2024 20:51:05 +0000 https://republika.mk/?p=828655

Лидерите на САД, Германија, Франција и Велика Британија, Џо Бајден, Олаф Шолц, Емануел Макрон и Кир Стармер, повикаа на „итна неопходност“ за завршување на војната во Газа.

Бајден, Шолц, Макрон и Стармер во заедничката изјава ја изразија „итна неопходност да се вратат заложниците дома кај нивните семејства, за да се стави крај на војната во Газа и да се обезбеди хуманитарната помош да стигне до цивилите“.

The post Бајден, Шолц, Макрон и Страмер: Има неопходна „итна потреба“ за завршување на војната во Газа appeared first on Република.

]]>

Лидерите на САД, Германија, Франција и Велика Британија, Џо Бајден, Олаф Шолц, Емануел Макрон и Кир Стармер, повикаа на „итна неопходност“ за завршување на војната во Газа. Бајден, Шолц, Макрон и Стармер во заедничката изјава ја изразија „итна неопходност да се вратат заложниците дома кај нивните семејства, за да се стави крај на војната во Газа и да се обезбеди хуманитарната помош да стигне до цивилите“.

The post Бајден, Шолц, Макрон и Страмер: Има неопходна „итна потреба“ за завршување на војната во Газа appeared first on Република.

]]>
Бајден смета дека е можно да се постигне прекин на огнот во Либан, но дека ќе биде потешко во Газа https://republika.mk/vesti/svet/bajden-smeta-deka-e-mozhno-da-se-postigne-prekin-na-ognot-vo-liban-no-deka-ke-bide-poteshko-vo-gaza/ Fri, 18 Oct 2024 20:25:22 +0000 https://republika.mk/?p=828645

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е можно да се работи на прекин на огнот во Либан, но дека такво нешто ќе биде потешко во Појасот Газа.

Бајден, кој е во посета на Берлин, изјави дека има информации за тоа како и кога Израел ќе одговори на ракетниот напад на Иран врз Израел извршен на 1 октомври, но не откри детали.

Бајден рече и дека постои можност да се постигне договор со Израел и Иран на начин што би можел привремено да го прекине нивниот конфликт на Блискиот Исток.

Американскиот претседател тоа го изјави на крајот од посетата на Берлин.

Според мое мислење - и моите колеги се согласуваат - постои можност да се постигне договор со Израел и Иран на начин што ќе стави крај на конфликтот на некое време“, рече Бајден.

The post Бајден смета дека е можно да се постигне прекин на огнот во Либан, но дека ќе биде потешко во Газа appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е можно да се работи на прекин на огнот во Либан, но дека такво нешто ќе биде потешко во Појасот Газа. Бајден, кој е во посета на Берлин, изјави дека има информации за тоа како и кога Израел ќе одговори на ракетниот напад на Иран врз Израел извршен на 1 октомври, но не откри детали. Бајден рече и дека постои можност да се постигне договор со Израел и Иран на начин што би можел привремено да го прекине нивниот конфликт на Блискиот Исток. Американскиот претседател тоа го изјави на крајот од посетата на Берлин.
Според мое мислење - и моите колеги се согласуваат - постои можност да се постигне договор со Израел и Иран на начин што ќе стави крај на конфликтот на некое време“, рече Бајден.

The post Бајден смета дека е можно да се постигне прекин на огнот во Либан, но дека ќе биде потешко во Газа appeared first on Република.

]]>
Договорен прекин на судирите во Газа поради втор круг вакцинации против детска парализа https://republika.mk/vesti/svet/dogovoren-prekin-na-sudirite-vo-gaza-poradi-vtor-krug-vaktsinatsii-protiv-detska-paraliza/ Thu, 10 Oct 2024 18:19:19 +0000 https://republika.mk/?p=825342

Судирите во Појасот Газа ќе бидат прекинати за да се овозможи вториот круг вакцинација против детска парализа, со кој ќе бидат опфатени 590.000 деца помлади од 10 години, објави денеска директорката на УНИЦЕФ Кетрин Расел.

Хуманитарната пауза во конфликтот ќе започне на 14 октомври, рече Расел.

„Критично е важно сите страни да ги почитуваат овие хуманитарни паузи. Без тоа ќе биде невозможно да се вакцинираат децата“, додаде таа.

The post Договорен прекин на судирите во Газа поради втор круг вакцинации против детска парализа appeared first on Република.

]]>

Судирите во Појасот Газа ќе бидат прекинати за да се овозможи вториот круг вакцинација против детска парализа, со кој ќе бидат опфатени 590.000 деца помлади од 10 години, објави денеска директорката на УНИЦЕФ Кетрин Расел. Хуманитарната пауза во конфликтот ќе започне на 14 октомври, рече Расел.
„Критично е важно сите страни да ги почитуваат овие хуманитарни паузи. Без тоа ќе биде невозможно да се вакцинираат децата“, додаде таа.

The post Договорен прекин на судирите во Газа поради втор круг вакцинации против детска парализа appeared first on Република.

]]>
Израелската војска нападна училиште и џамија во Газа, тврдат дека биле центри на Хамас https://republika.mk/vesti/svet/izraelskata-vojska-napadna-uchilishte-i-dhamija-vo-gaza-tvrdat-deka-bile-tsentri-na-hamas/ Sun, 06 Oct 2024 07:17:55 +0000 https://republika.mk/?p=823328

Израелската војска нападнала, како што ги нарече, два командни центри на Хамас - едниот во поранешно училиште, а другиот во поранешна џамија, јавува ДПА.

Двата објекта се лоцирани во областа Деир ал Балах, во централна Газа, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ).

Арапските медиуми јавуваат за 24 загинати и десетици повредени во оваа област. Ниту арапските извештаи ниту изјавите на ИДФ не може да се проверат од независни извори, додава германската агенција.

ИДФ соопшти дека командните и контролните центри „се користеле од терористите на Хамас за планирање и извршување терористички напади против трупите на ИДФ и државата Израел“. Од ИДФ додаваат дека биле потребни „бројни чекори“ за да се ублажи штетата врз цивилите.

Ова е уште еден пример за тоа како Хамас ја користи цивилната инфраструктура, во спротивност со меѓународното право, велат од израелската војска.

The post Израелската војска нападна училиште и џамија во Газа, тврдат дека биле центри на Хамас appeared first on Република.

]]>

Израелската војска нападнала, како што ги нарече, два командни центри на Хамас - едниот во поранешно училиште, а другиот во поранешна џамија, јавува ДПА. Двата објекта се лоцирани во областа Деир ал Балах, во централна Газа, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ). Арапските медиуми јавуваат за 24 загинати и десетици повредени во оваа област. Ниту арапските извештаи ниту изјавите на ИДФ не може да се проверат од независни извори, додава германската агенција. ИДФ соопшти дека командните и контролните центри „се користеле од терористите на Хамас за планирање и извршување терористички напади против трупите на ИДФ и државата Израел“. Од ИДФ додаваат дека биле потребни „бројни чекори“ за да се ублажи штетата врз цивилите.
Ова е уште еден пример за тоа како Хамас ја користи цивилната инфраструктура, во спротивност со меѓународното право, велат од израелската војска.

The post Израелската војска нападна училиште и џамија во Газа, тврдат дека биле центри на Хамас appeared first on Република.

]]>
Евакуирани 100 луѓе од Газа, повеќето деца https://republika.mk/vesti/svet/evakuirani-100-luge-od-gaza-poveketo-detsa/ Thu, 12 Sep 2024 14:15:28 +0000 https://republika.mk/?p=815791

Светската здравствена организација денеска соопшти дека евакуирала речиси 100 луѓе, вклучително и десетици деца, од Газа во Обединетите Арапски Емирати, повикувајќи на обновување на редовните медицински трансфери од енклавата.

Претставникот на СЗО за окупираните палестински територии, Ричард Пајперкорн, објави дека евакуацијата, извршена во средата, е најголемата операција од ваков вид од почетокот на израелската војна во Појасот Газа во октомври 2023 година, пренесува Ројтерс.

На Газа и требаат медицински коридори. Ни треба подобро организиран и одржлив систем – рече тој.

Пајперкорн истакна дека околу 1.000 луѓе се уште чекаат на евакуација.

The post Евакуирани 100 луѓе од Газа, повеќето деца appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација денеска соопшти дека евакуирала речиси 100 луѓе, вклучително и десетици деца, од Газа во Обединетите Арапски Емирати, повикувајќи на обновување на редовните медицински трансфери од енклавата. Претставникот на СЗО за окупираните палестински територии, Ричард Пајперкорн, објави дека евакуацијата, извршена во средата, е најголемата операција од ваков вид од почетокот на израелската војна во Појасот Газа во октомври 2023 година, пренесува Ројтерс. На Газа и требаат медицински коридори. Ни треба подобро организиран и одржлив систем – рече тој. Пајперкорн истакна дека околу 1.000 луѓе се уште чекаат на евакуација.

The post Евакуирани 100 луѓе од Газа, повеќето деца appeared first on Република.

]]>
Најмалку 13 Палестинци убиени во израелски напад во Газа https://republika.mk/vesti/svet/najmalku-13-palestintsi-ubieni-vo-izraelski-napad-vo-gaza/ Sat, 07 Sep 2024 14:02:22 +0000 https://republika.mk/?p=814139

Најмалку 13 Палестинци се убиени, а 15 се ранети во израелски напади врз училиште каде беа сместени бегалци и стамбена зграда во Газа, јавуваат палестински медиуми.

Израелската војска соопшти дека извршила напад врз терористи кои дејствувале од команден и контролен центар на Хамас, вграден во комплекс што претходно служел како училиште „Халима ал-Садија“ во северниот дел на Појасот Газа.

Во одвоен инцидент, петмина Палестинци загинаа во напад на стамбена зграда во кампот Нусеират во централна Газа.

The post Најмалку 13 Палестинци убиени во израелски напад во Газа appeared first on Република.

]]>

Најмалку 13 Палестинци се убиени, а 15 се ранети во израелски напади врз училиште каде беа сместени бегалци и стамбена зграда во Газа, јавуваат палестински медиуми. Израелската војска соопшти дека извршила напад врз терористи кои дејствувале од команден и контролен центар на Хамас, вграден во комплекс што претходно служел како училиште „Халима ал-Садија“ во северниот дел на Појасот Газа. Во одвоен инцидент, петмина Палестинци загинаа во напад на стамбена зграда во кампот Нусеират во централна Газа.

The post Најмалку 13 Палестинци убиени во израелски напад во Газа appeared first on Република.

]]>
Израелските разузнавачи се сомневаат дека лидерот на Хамас излегува од тунелите во Газа преправен во жена https://republika.mk/vesti/svet/izraelskite-razuznavachi-se-somnevaat-deka-liderot-na-hamas-izleguva-od-tunelite-vo-gaza-prepraven-vo-zhena/ Thu, 29 Aug 2024 05:45:15 +0000 https://republika.mk/?p=810903

Извори од израелското разузнавање коментираат дека лидерот на Хамас, Јахја Синвар, излегува од тунелите во Газа и шета меѓу Палестинците во областа облечен во женски алишта и преправен во жена, објави британскиот весник „Дејли Експрес“.

Весникот го цитира поранешниот шеф на израелската безбедносна служба Шин Бет, Шалом Бен Ханан, кој е вклучен во потрагата по Синвар.

Бен Ханан објасни дека Синвар не останува во тунелите повеќе од 24 до 36 часа. Причината за таквата рутина на Синвар е тоа што лидерот на Хамас знае дека доколку остане подолго време на едно место, Израелците може да го најдат со помош на техничките средства што им се на располагање.

The post Израелските разузнавачи се сомневаат дека лидерот на Хамас излегува од тунелите во Газа преправен во жена appeared first on Република.

]]>

Извори од израелското разузнавање коментираат дека лидерот на Хамас, Јахја Синвар, излегува од тунелите во Газа и шета меѓу Палестинците во областа облечен во женски алишта и преправен во жена, објави британскиот весник „Дејли Експрес“. Весникот го цитира поранешниот шеф на израелската безбедносна служба Шин Бет, Шалом Бен Ханан, кој е вклучен во потрагата по Синвар. Бен Ханан објасни дека Синвар не останува во тунелите повеќе од 24 до 36 часа. Причината за таквата рутина на Синвар е тоа што лидерот на Хамас знае дека доколку остане подолго време на едно место, Израелците може да го најдат со помош на техничките средства што им се на располагање.

The post Израелските разузнавачи се сомневаат дека лидерот на Хамас излегува од тунелите во Газа преправен во жена appeared first on Република.

]]>
Израелците нападнаа истовремено во Либан и во Газа https://republika.mk/vesti/svet/izraeltsite-napadnaa-istovremeno-vo-liban-i-vo-gaza/ Mon, 26 Aug 2024 15:47:25 +0000 https://republika.mk/?p=810338

Израелската армија соопшти дека гаѓала зграда на Хезболах во јужниот дел на Либан.

Во исто време, израелска армија објави и дека урнале тунел на Хамас во централниот дел на Појасот Газа. Тунелот бил долг 700 метри.

Нема информации за евентуални жртви

The post Израелците нападнаа истовремено во Либан и во Газа appeared first on Република.

]]>

Израелската армија соопшти дека гаѓала зграда на Хезболах во јужниот дел на Либан. Во исто време, израелска армија објави и дека урнале тунел на Хамас во централниот дел на Појасот Газа. Тунелот бил долг 700 метри. Нема информации за евентуални жртви

The post Израелците нападнаа истовремено во Либан и во Газа appeared first on Република.

]]>
Египет бара прекин на огнот во Газа поради можност од ескалација во целиот регион https://republika.mk/vesti/svet/egipet-bara-prekin-na-ognot-vo-gaza-poradi-mozhnost-od-eskalatsija-vo-tseliot-region/ Tue, 20 Aug 2024 14:26:11 +0000 https://republika.mk/?p=808357

Египет повика на прекин на огнот во Газа и предупреди на можноста за проширување на конфликтот во регионална војна.

Изјавата ја даде египетскиот претседателот Абдел Фатах ал-Сиси по средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Прекинот на огнот во Газа мора да биде почеток на пошироко меѓународно признавање на палестинската држава и спроведување на решението за две држави, бидејќи тоа е основен гарант за стабилноста во регионот. Дојде време да се стави крај на оваа војна и да се пристапи со мудрост, почитувајќи го јазикот на мирот и дипломатијата, изјави Сиси за време на нивната средба во Каиро.

Тој нагласи дека сите страни мора да бидат свесни за „опасноста од проширување на конфликтот на регионално ниво“.

Блинкен беше во египетската престолнина со цел да ги разгледа можностите за напредок во преговорите за прекин на огнот во Газа и договор за ослободување на затворениците, кои се планираат за подоцна оваа недела, иако остануваат значителни несогласувања.

Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им кажал на роднините на киднапираните во Газа дека не е „сигурен“ дали ќе има прекин на огнот, пренесува израелскиот портал „Вала“.

Не сум сигурен дека ќе има договор, но ако има, тој ќе биде таков што ќе ги зачува стратешките интереси на Израел“, изјавил Нетанјаху на средбата со роднините на лицата кои палестинската групација Хамас ги киднапираше од Израел.

The post Египет бара прекин на огнот во Газа поради можност од ескалација во целиот регион appeared first on Република.

]]>

Египет повика на прекин на огнот во Газа и предупреди на можноста за проширување на конфликтот во регионална војна. Изјавата ја даде египетскиот претседателот Абдел Фатах ал-Сиси по средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Прекинот на огнот во Газа мора да биде почеток на пошироко меѓународно признавање на палестинската држава и спроведување на решението за две држави, бидејќи тоа е основен гарант за стабилноста во регионот. Дојде време да се стави крај на оваа војна и да се пристапи со мудрост, почитувајќи го јазикот на мирот и дипломатијата, изјави Сиси за време на нивната средба во Каиро.
Тој нагласи дека сите страни мора да бидат свесни за „опасноста од проширување на конфликтот на регионално ниво“. Блинкен беше во египетската престолнина со цел да ги разгледа можностите за напредок во преговорите за прекин на огнот во Газа и договор за ослободување на затворениците, кои се планираат за подоцна оваа недела, иако остануваат значителни несогласувања. Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им кажал на роднините на киднапираните во Газа дека не е „сигурен“ дали ќе има прекин на огнот, пренесува израелскиот портал „Вала“.
Не сум сигурен дека ќе има договор, но ако има, тој ќе биде таков што ќе ги зачува стратешките интереси на Израел“, изјавил Нетанјаху на средбата со роднините на лицата кои палестинската групација Хамас ги киднапираше од Израел.

The post Египет бара прекин на огнот во Газа поради можност од ескалација во целиот регион appeared first on Република.

]]>
Израелците тврдат дека веќе немаат за гаѓање воени цели во Газа https://republika.mk/vesti/svet/izraeltsite-tvrdat-deka-veke-nemaat-za-gagane-voeni-tseli-vo-gaza/ Sun, 18 Aug 2024 06:16:14 +0000 https://republika.mk/?p=807556

Два неименувани израелски извори му рекле на јавниот сервис Кан дека бригадите на Хамас во Рафа во Појасот Газа „речиси повеќе не постојат“, што значи дека има многу малку воени цели, објави денеска пан-арапскиот медиум Ал-Араби Ал-Џадид, со седиште во Лондон, пренесе Бета.

Сепак, истите извори рекоа дека Израел може „да се врати и повторно да влезе во Појасот кога ќе бидат достапни нови разузнавачки информации, но дека, генерално кажано, воените операции во Газа се завршени“.

Израелскиот јавен сервис Кан објави дека армијата веќе ги информирала политичарите во претходните денови дека бригадите Рафа на Хамас биле поразени, наведува Бета.

Израелските безбедносни претставници, наводно, го информирале политичкото раководство дека „дојде време да се склучи договор за размена на затвореници, бидејќи повеќето борбени единици на Хамас се уништени“.

The post Израелците тврдат дека веќе немаат за гаѓање воени цели во Газа appeared first on Република.

]]>

Два неименувани израелски извори му рекле на јавниот сервис Кан дека бригадите на Хамас во Рафа во Појасот Газа „речиси повеќе не постојат“, што значи дека има многу малку воени цели, објави денеска пан-арапскиот медиум Ал-Араби Ал-Џадид, со седиште во Лондон, пренесе Бета. Сепак, истите извори рекоа дека Израел може „да се врати и повторно да влезе во Појасот кога ќе бидат достапни нови разузнавачки информации, но дека, генерално кажано, воените операции во Газа се завршени“. Израелскиот јавен сервис Кан објави дека армијата веќе ги информирала политичарите во претходните денови дека бригадите Рафа на Хамас биле поразени, наведува Бета. Израелските безбедносни претставници, наводно, го информирале политичкото раководство дека „дојде време да се склучи договор за размена на затвореници, бидејќи повеќето борбени единици на Хамас се уништени“.

The post Израелците тврдат дека веќе немаат за гаѓање воени цели во Газа appeared first on Република.

]]>
Израелските вооружени сили тврдат дека елиминирале над 17.000 палестински борци од почетокот на војната во Газа https://republika.mk/vesti/svet/izraelskite-vooruzheni-sili-tvrdat-deka-eliminirale-nad-17-000-palestinski-bortsi-od-pochetokot-na-vojnata-vo-gaza/ Thu, 15 Aug 2024 20:15:13 +0000 https://republika.mk/?p=807007

Израелските вооружени сили соопштија дека од почетокот на војната во Газа елиминирале повеќе од 17.000 палестински борци.

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари одби да прецизира дали терминот „елиминирани“ се однесува само на убиените борци, или вклучува ги и заробените и ранетите.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека еден Палестинец е убиен, а друг тешко ранет откако еврејски доселеници отвориле оган врз нив во близина на градот Калкилија на Западниот брег. Според палестинската агенција „ВАФА“, вооружените доселеници нападнале село во тој регион и стрелале со боеви куршуми по цивилни жители.

The post Израелските вооружени сили тврдат дека елиминирале над 17.000 палестински борци од почетокот на војната во Газа appeared first on Република.

]]>

Израелските вооружени сили соопштија дека од почетокот на војната во Газа елиминирале повеќе од 17.000 палестински борци. Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари одби да прецизира дали терминот „елиминирани“ се однесува само на убиените борци, или вклучува ги и заробените и ранетите. Палестинското Министерство за здравство соопшти дека еден Палестинец е убиен, а друг тешко ранет откако еврејски доселеници отвориле оган врз нив во близина на градот Калкилија на Западниот брег. Според палестинската агенција „ВАФА“, вооружените доселеници нападнале село во тој регион и стрелале со боеви куршуми по цивилни жители.

The post Израелските вооружени сили тврдат дека елиминирале над 17.000 палестински борци од почетокот на војната во Газа appeared first on Република.

]]>
Папата Франциск повика на прекин на огнот во Газа https://republika.mk/vesti/svet/papata-frantsisk-povika-na-prekin-na-ognot-vo-gaza/ Thu, 15 Aug 2024 17:11:55 +0000 https://republika.mk/?p=806981

Папата Франциск денеска изрази длабока загриженост поради ескалацијата на конфликтот во Газа во денот кога бројот на убиени Палестинци во 10-месечната израелска офанзива надмина 40.000.

По молитвата на плоштадот Свети Петар, папата одвои момент да се осврне на различни глобални конфликти, вклучувајќи ги Украина, Блискиот Исток, палестинско-израелскиот конфликт, Судан и Мјанмар. Но, тој стави посебен акцент на ситуацијата во Газа, каде континуираното насилство доведе до хуманитарна криза.

„И натаму со загриженост ја следам хуманитарната ситуација во Газа. Уште еднаш барам прекин на непријателствата на сите фронтови, ослободување на заложниците и помош на исцрпеното население. Ги повикувам сите да вложат максимални напори за да се спречи ширењето на конфликтот и да се започнат преговори за што поскоро да се стави крај на оваа трагедија, и да не заборавиме дека војната е пораз, истакна поглаварот на Римокатоличката црква.

Тој постојано се залага за мир во конфликтните зони, повикувајќи на дијалог и преговори како единствени остварливи решенија за ставање крај на насилството.

Неговиот последен апел доаѓа кога ситуацијата во Газа и понатаму е напната, со стравувања дека конфликтот може дополнително да го дестабилизира регионот.

Повеќе од 40.000 Палестинци се убиени во Газа од 7 октомври, повеќето жени и деца, а повеќе од 92.000 се повредени, според локалните здравствени власти.

The post Папата Франциск повика на прекин на огнот во Газа appeared first on Република.

]]>

Папата Франциск денеска изрази длабока загриженост поради ескалацијата на конфликтот во Газа во денот кога бројот на убиени Палестинци во 10-месечната израелска офанзива надмина 40.000. По молитвата на плоштадот Свети Петар, папата одвои момент да се осврне на различни глобални конфликти, вклучувајќи ги Украина, Блискиот Исток, палестинско-израелскиот конфликт, Судан и Мјанмар. Но, тој стави посебен акцент на ситуацијата во Газа, каде континуираното насилство доведе до хуманитарна криза.
„И натаму со загриженост ја следам хуманитарната ситуација во Газа. Уште еднаш барам прекин на непријателствата на сите фронтови, ослободување на заложниците и помош на исцрпеното население. Ги повикувам сите да вложат максимални напори за да се спречи ширењето на конфликтот и да се започнат преговори за што поскоро да се стави крај на оваа трагедија, и да не заборавиме дека војната е пораз, истакна поглаварот на Римокатоличката црква.
Тој постојано се залага за мир во конфликтните зони, повикувајќи на дијалог и преговори како единствени остварливи решенија за ставање крај на насилството. Неговиот последен апел доаѓа кога ситуацијата во Газа и понатаму е напната, со стравувања дека конфликтот може дополнително да го дестабилизира регионот. Повеќе од 40.000 Палестинци се убиени во Газа од 7 октомври, повеќето жени и деца, а повеќе од 92.000 се повредени, според локалните здравствени власти.

The post Папата Франциск повика на прекин на огнот во Газа appeared first on Република.

]]>
Жените во Газа принудени да ја кратат косата поради недостиг на шампон и чиста вода https://republika.mk/vesti/svet/zhenite-vo-gaza-prinudeni-da-ja-kratat-kosata-poradi-nedostig-na-shampon-i-chista-voda/ Tue, 13 Aug 2024 17:45:17 +0000 https://republika.mk/?p=806277

Жените и девојчињата во Појасот Газа се принудени да ја кратат косата поради недостиг на шампон и чешли, како и поради загадената вода која предизвикува кожни и габични инфекции, вклучувајќи шуга.

Израелската блокада на палестинската енклава придонесува за брзото ширење на заразни болести, а населението се соочува со недостиг на сапун, шампон, менструални производи и средства за чистење.

Во последниот период најчести заболувања што ги среќаваме се осип на кожата и други кожни заболувања, кои имаат многу причини, вклучувајќи пренаселеност во камповите, зголемена топлина во шаторите, потење кај децата и недостиг на вода за бањање, изјави Лобни ал-Азаизи, лекарка во болницата Камал Адван во Појасот Газа.

Ал-Азаизи секојдневно оди на работа поминувајќи покрај својата куќа, уништена во израелски напад, а со своите колеги формирала импровизирана клиника во шатори за лекување на деца, која се претворила во клиника за помош на цели семејства.

Испораката на меѓународна помош драстично е намалена откако Израел ја презеде контролата врз граничниот премин Рафа од Египет, што ја влоши хуманитарната криза за 2,3 милиони жители на палестинската енклава, кои страдаат од глад и болести. Оваа блокада доведе до зголемување на цената на медицинските средства, на пример, една туба крем за третирање на изгореници чини 53 долари, што ја прави недостапна за повеќето Палестинци во Газа.

Израел ја негира блокадата на енклавата и ја обвинува ООН за хуманитарната криза во Појасот Газа.

The post Жените во Газа принудени да ја кратат косата поради недостиг на шампон и чиста вода appeared first on Република.

]]>

Жените и девојчињата во Појасот Газа се принудени да ја кратат косата поради недостиг на шампон и чешли, како и поради загадената вода која предизвикува кожни и габични инфекции, вклучувајќи шуга. Израелската блокада на палестинската енклава придонесува за брзото ширење на заразни болести, а населението се соочува со недостиг на сапун, шампон, менструални производи и средства за чистење. Во последниот период најчести заболувања што ги среќаваме се осип на кожата и други кожни заболувања, кои имаат многу причини, вклучувајќи пренаселеност во камповите, зголемена топлина во шаторите, потење кај децата и недостиг на вода за бањање, изјави Лобни ал-Азаизи, лекарка во болницата Камал Адван во Појасот Газа. Ал-Азаизи секојдневно оди на работа поминувајќи покрај својата куќа, уништена во израелски напад, а со своите колеги формирала импровизирана клиника во шатори за лекување на деца, која се претворила во клиника за помош на цели семејства. Испораката на меѓународна помош драстично е намалена откако Израел ја презеде контролата врз граничниот премин Рафа од Египет, што ја влоши хуманитарната криза за 2,3 милиони жители на палестинската енклава, кои страдаат од глад и болести. Оваа блокада доведе до зголемување на цената на медицинските средства, на пример, една туба крем за третирање на изгореници чини 53 долари, што ја прави недостапна за повеќето Палестинци во Газа. Израел ја негира блокадата на енклавата и ја обвинува ООН за хуманитарната криза во Појасот Газа.

The post Жените во Газа принудени да ја кратат косата поради недостиг на шампон и чиста вода appeared first on Република.

]]>