гаснење Archives - Република https://republika.mk/tema/gasnenje/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Aug 2024 11:04:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гаснење Archives - Република https://republika.mk/tema/gasnenje/ 32 32 На источниот фронт пожарот на Галичица е под контрола, денеска на терен се 100 пожарникари https://republika.mk/vesti/crna-hronika/na-istochniot-front-pozharot-na-galichitsa-e-pod-kontrola-deneska-na-teren-se-100-pozharnikari/ Fri, 16 Aug 2024 10:49:47 +0000 https://republika.mk/?p=807170

Ситуацијата со пожарот на Галичица е под контрола и будно се следи. Во текот на вчерашниот ден биле ангажирани 120 пожарникари на линија од 10 километри, како и пет возухоплови - три ертарактори и да полициски хеликоптера, информира денеска раководителот за противпожарна заштита во НП Галичица Ѓуро Јовчески.

На источниот фронт пожарот е ставен под контрола. Денеска на терен се 100 пожарникари. Пожарот е на два километра на територијата на Албанија и таму вчера гаселе авиони.

На северниот дел кон Охрид во изминатите два дена се правеле заштитни појаси и таму пожарот е смирен и не се очекуваат проблеми.

Најкритичен дел, како што посочува Јовчески, бил западниот фронт, но и таму состојбата е ставена под контрола, иако има индиции дека повторно можат да се појават жаришта. Можно е денеска да бидат ангажирани два воздухоплова за гасење, едениот во делот кон Преспанското, а другото кон Охридското езеро за да се стави целосно под контрола и да се ликвидира пожарот.

Во изминатите 12 дена колку што таре пожарот на Галичица се слушнале стотина детонации од гранати и друга муниција заостанати од Првата светска војна.

Јовчески вели дека пожарот спласнува, се очекува позитивен развој и негово целосно гаснење.

 

The post На источниот фронт пожарот на Галичица е под контрола, денеска на терен се 100 пожарникари appeared first on Република.

]]>

Ситуацијата со пожарот на Галичица е под контрола и будно се следи. Во текот на вчерашниот ден биле ангажирани 120 пожарникари на линија од 10 километри, како и пет возухоплови - три ертарактори и да полициски хеликоптера, информира денеска раководителот за противпожарна заштита во НП Галичица Ѓуро Јовчески. На источниот фронт пожарот е ставен под контрола. Денеска на терен се 100 пожарникари. Пожарот е на два километра на територијата на Албанија и таму вчера гаселе авиони. На северниот дел кон Охрид во изминатите два дена се правеле заштитни појаси и таму пожарот е смирен и не се очекуваат проблеми. Најкритичен дел, како што посочува Јовчески, бил западниот фронт, но и таму состојбата е ставена под контрола, иако има индиции дека повторно можат да се појават жаришта. Можно е денеска да бидат ангажирани два воздухоплова за гасење, едениот во делот кон Преспанското, а другото кон Охридското езеро за да се стави целосно под контрола и да се ликвидира пожарот. Во изминатите 12 дена колку што таре пожарот на Галичица се слушнале стотина детонации од гранати и друга муниција заостанати од Првата светска војна. Јовчески вели дека пожарот спласнува, се очекува позитивен развој и негово целосно гаснење.  

The post На источниот фронт пожарот на Галичица е под контрола, денеска на терен се 100 пожарникари appeared first on Република.

]]>
Продолжува гасењето на пожарот кај кочанско Пресека, пожарникарите добија поддршка од хеликоптери https://republika.mk/zivot/servisi/prodolzhuva-gaseneto-na-pozharot-kaj-kochansko-preseka-pozharnikarite-dobija-poddrshka-od-helikopteri/ Wed, 14 Aug 2024 09:56:53 +0000 https://republika.mk/?p=806421

Противпожарните единици од Кочани и регионот во текот на ноќта и од утрово продолжија со гасењето на шумскиот пожар што вчера го зафати атарот на кочанското село Пресека на Осоговските Планини, а се прошири и кон селото Цера во општина Македонска Каменица.

Проблем во интервенцијата е стрмниот и непристапен терен, поради што пожарникарите утрово добија и поддршка од воздух. Огненените јазици, кои со помош на ветерот достигнуваат и над 20 метри, веќе опустошија околу 150 хектари висококвалитетна борова и дабова шума, како и нискостеблести растенија.

Се обидуваме пожарот да го ставиме под контрола, на одделни позиции успеавме, но сепак тоа сè уште не е задоволително. Се работи за два пожара, од страната на селото Цера и овој откај Пресека кои се споија во еден, но успеавме огнот од церската страна да го изгаснеме. На одредени места, пред сè долови и засеци што се искачуваат од речното корито од страната на Пресека, сè уште има сериозни жаришта. Утрово добивме поддршка и од хеликоптерите што ги координира ЦУК. Нашата единица е овде со две екипи и две противпожарни возила, а помагаат и колегите од Виница, од Македонска Каменица, од Доброволното противпожарно друштво од Кочани, вработени во шумското стопанство, како и месно население, истакна Сашо Мијалов, заменик командир на ТППЕ – Кочани.

Со интервенцијата на пожарникарите кај Пресека ноќеска била отстранета опасноста за викендичка во која престојувале луѓе.

Пожарникарите очекуваат до крајот на денот пожарот да биде целосно локализиран и ставен под контрола, но како превентива од повторно разгорување можно е една екипа да остане и во текот на вечерта.

The post Продолжува гасењето на пожарот кај кочанско Пресека, пожарникарите добија поддршка од хеликоптери appeared first on Република.

]]>

Противпожарните единици од Кочани и регионот во текот на ноќта и од утрово продолжија со гасењето на шумскиот пожар што вчера го зафати атарот на кочанското село Пресека на Осоговските Планини, а се прошири и кон селото Цера во општина Македонска Каменица. Проблем во интервенцијата е стрмниот и непристапен терен, поради што пожарникарите утрово добија и поддршка од воздух. Огненените јазици, кои со помош на ветерот достигнуваат и над 20 метри, веќе опустошија околу 150 хектари висококвалитетна борова и дабова шума, како и нискостеблести растенија. Се обидуваме пожарот да го ставиме под контрола, на одделни позиции успеавме, но сепак тоа сè уште не е задоволително. Се работи за два пожара, од страната на селото Цера и овој откај Пресека кои се споија во еден, но успеавме огнот од церската страна да го изгаснеме. На одредени места, пред сè долови и засеци што се искачуваат од речното корито од страната на Пресека, сè уште има сериозни жаришта. Утрово добивме поддршка и од хеликоптерите што ги координира ЦУК. Нашата единица е овде со две екипи и две противпожарни возила, а помагаат и колегите од Виница, од Македонска Каменица, од Доброволното противпожарно друштво од Кочани, вработени во шумското стопанство, како и месно население, истакна Сашо Мијалов, заменик командир на ТППЕ – Кочани. Со интервенцијата на пожарникарите кај Пресека ноќеска била отстранета опасноста за викендичка во која престојувале луѓе. Пожарникарите очекуваат до крајот на денот пожарот да биде целосно локализиран и ставен под контрола, но како превентива од повторно разгорување можно е една екипа да остане и во текот на вечерта.

The post Продолжува гасењето на пожарот кај кочанско Пресека, пожарникарите добија поддршка од хеликоптери appeared first on Република.

]]>
Со вода од Охридско Езеро се гаснат шумски пожари https://republika.mk/zivot/so-voda-od-ohridsko-ezero-se-gasnat-shumski-pozhari/ Mon, 05 Aug 2024 07:52:42 +0000 https://republika.mk/?p=803383

Силен пожар има на територијата на општина Охрид, во атарот на селото Косел, кој има опасност да влезе во борова шума.

Пожарот се гасне со помош на канадер, кој водата ја црпи од Охридското Езеро.

The post Со вода од Охридско Езеро се гаснат шумски пожари appeared first on Република.

]]>

Силен пожар има на територијата на општина Охрид, во атарот на селото Косел, кој има опасност да влезе во борова шума. Пожарот се гасне со помош на канадер, кој водата ја црпи од Охридското Езеро.

The post Со вода од Охридско Езеро се гаснат шумски пожари appeared first on Република.

]]>
Српските херои повторно пристигнуваат на помош: Уште еден хеликоптер упатен во Македонија https://republika.mk/vesti/crna-hronika/srpskite-heroi-povtorno-pristignuvaat-na-pomosh-ushte-eden-helikopter-upaten-vo-makedonija/ Sat, 03 Aug 2024 12:10:53 +0000 https://republika.mk/?p=803038

Хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи на Србија „Ербас Х215 Супер Пума“, со капацитет од три тони вода, со шест припадници на хеликоптерската единица и еден припадник на секторот за вонредни ситуации, е испратен врз основа на договор со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателката на Македонија, Гордана Силјановски Давкова, се наведува во соопштението, пренесе Телеграф.

Инаку, Министерството за внатрешни работи на Република Србија, во текот на изминатата недела, поради ширењето на пожарите во источниот дел на Македонија, врз основа на официјалното барање на Центарот за управување со кризи на Владата на Македонија, пружила помош со испраќање хеликоптер „Агуста Бел 212“ со пет припадници на хеликоптерската единица и припадник на Секторот за вонредни ситуации.

Во изминатите три дена хеликоптерот на МУП оперираше во атарот на село Јамница, на територијата на општина Пробиштип и успешно учествуваше во локализирање на пожарот во атарот на населбата Долно Ѓуѓанци, кај градот Свети Николе, како и во атарот на селото Рамно на територијата на општина Старо Нагоричане, се додава во соопштението.

The post Српските херои повторно пристигнуваат на помош: Уште еден хеликоптер упатен во Македонија appeared first on Република.

]]>

Хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи на Србија „Ербас Х215 Супер Пума“, со капацитет од три тони вода, со шест припадници на хеликоптерската единица и еден припадник на секторот за вонредни ситуации, е испратен врз основа на договор со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателката на Македонија, Гордана Силјановски Давкова, се наведува во соопштението, пренесе Телеграф. Инаку, Министерството за внатрешни работи на Република Србија, во текот на изминатата недела, поради ширењето на пожарите во источниот дел на Македонија, врз основа на официјалното барање на Центарот за управување со кризи на Владата на Македонија, пружила помош со испраќање хеликоптер „Агуста Бел 212“ со пет припадници на хеликоптерската единица и припадник на Секторот за вонредни ситуации. Во изминатите три дена хеликоптерот на МУП оперираше во атарот на село Јамница, на територијата на општина Пробиштип и успешно учествуваше во локализирање на пожарот во атарот на населбата Долно Ѓуѓанци, кај градот Свети Николе, како и во атарот на селото Рамно на територијата на општина Старо Нагоричане, се додава во соопштението.

The post Српските херои повторно пристигнуваат на помош: Уште еден хеликоптер упатен во Македонија appeared first on Република.

]]>
Хрватскиот „канадер“ и два македонски ер-трактори го гаснат пожарот кај Пелистер https://republika.mk/vesti/crna-hronika/hrvatskiot-kanader-i-dva-makedonski-er-traktori-go-gasnat-pozharot-kaj-pelister/ Fri, 19 Jul 2024 09:39:06 +0000 https://republika.mk/?p=798358

Хрватскиот „канадер“ и два македонски ер-трактори во моментов го гаснат пожарот под Пелистер.

Битолските противпожарни сили и вработените во Националниот парк Пелистер од рано утрово се на терен.

Еден крак од пожарот кај Смолево е активен во густа борова шума и е во правец на село Буково. Нема загрозени населени места и објекти.

 

The post Хрватскиот „канадер“ и два македонски ер-трактори го гаснат пожарот кај Пелистер appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот „канадер“ и два македонски ер-трактори во моментов го гаснат пожарот под Пелистер. Битолските противпожарни сили и вработените во Националниот парк Пелистер од рано утрово се на терен. Еден крак од пожарот кај Смолево е активен во густа борова шума и е во правец на село Буково. Нема загрозени населени места и објекти.  

The post Хрватскиот „канадер“ и два македонски ер-трактори го гаснат пожарот кај Пелистер appeared first on Република.

]]>
Си ги изгорел рацете и едната нога: Повреден жител на Сирково во гаснењето на пожарите https://republika.mk/vesti/crna-hronika/si-gi-izgorel-ratsete-i-ednata-noga-povreden-zhitel-na-sirkovo-vo-gasneneto-na-pozharite/ Wed, 17 Jul 2024 18:33:18 +0000 https://republika.mk/?p=797782

Од Центарот за управување со кризи информираат дека е повреден жител на село Сирково, Росоман додека гаснел пожар.

„Повреден жител на с.Сирково, Росоман, при гаснење на пожарот се здобил со изгореници на рацете и едната нога“, информираат од ЦУК.

The post Си ги изгорел рацете и едната нога: Повреден жител на Сирково во гаснењето на пожарите appeared first on Република.

]]>

Од Центарот за управување со кризи информираат дека е повреден жител на село Сирково, Росоман додека гаснел пожар. „Повреден жител на с.Сирково, Росоман, при гаснење на пожарот се здобил со изгореници на рацете и едната нога“, информираат од ЦУК.

The post Си ги изгорел рацете и едната нога: Повреден жител на Сирково во гаснењето на пожарите appeared first on Република.

]]>
Припадничките на Армијата рамо до рамо со своите колеги вклучени во гаснењето пожари https://republika.mk/vesti/pripadnichkite-na-armijata-ramo-do-ramo-so-svoite-kolegi-vklucheni-vo-gasneneto-pozhari/ Mon, 15 Jul 2024 08:51:52 +0000 https://republika.mk/?p=796910

Припадници на Армијата и денеска остануваат ангажирани во гаснењето на пожарите кои беснеат во Македонија.

Рамноправно со своите колеги од вториот пешадиски баталјон, армиските припаднички од оваа единица храбро и пожртвувано од самиот почеток се вклучија во локализирање на пожарите, велат од Армијата.

На терен се околу 100 припадници на Армијата, а активирани се и двата хеликоптери од составот на воздухопловниот ВИНГ кои вчера интервенираа со 22 ведра и исфрлено 44 тони вода на локациите на кои се побаруваше.

The post Припадничките на Армијата рамо до рамо со своите колеги вклучени во гаснењето пожари appeared first on Република.

]]>

Припадници на Армијата и денеска остануваат ангажирани во гаснењето на пожарите кои беснеат во Македонија.
Рамноправно со своите колеги од вториот пешадиски баталјон, армиските припаднички од оваа единица храбро и пожртвувано од самиот почеток се вклучија во локализирање на пожарите, велат од Армијата.
На терен се околу 100 припадници на Армијата, а активирани се и двата хеликоптери од составот на воздухопловниот ВИНГ кои вчера интервенираа со 22 ведра и исфрлено 44 тони вода на локациите на кои се побаруваше.

The post Припадничките на Армијата рамо до рамо со своите колеги вклучени во гаснењето пожари appeared first on Република.

]]>
Армијата ангажирана за гасење на пожарот на планината Серта https://republika.mk/vesti/makedonija/armijata-angazhirana-za-gasene-na-pozharot-na-planinata-serta/ Sun, 14 Jul 2024 07:52:11 +0000 https://republika.mk/?p=796562

Откако Владата прогласи кризна состојба, претседателката и Врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска Давкова, нареди ангажирање на Армијата за справување со пожарите во реонот на неготинско.

Стотина припадници на Армијата и два хеликоптери МИ 8/17 од воздухопловниот ВИНГ во раните утрински часови во координација со сите инволвирани субјекти отпочнаа со координиран и насочен ангажман во гаснењето на пожарот во поширокиот реон на неготинско и планината Серта.

„Армијата согласно својата мисија и задачи останува максимално подготвена во извршувањето на својата Уставна обврска и задачи од мисијата која вклучува и нејзино ангажирање во помош на граѓаните и институциите при справување со елементарни непогодисекогаш кога било потребно“, порачаа од Министерството за одбрана.

The post Армијата ангажирана за гасење на пожарот на планината Серта appeared first on Република.

]]>

Откако Владата прогласи кризна состојба, претседателката и Врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска Давкова, нареди ангажирање на Армијата за справување со пожарите во реонот на неготинско. Стотина припадници на Армијата и два хеликоптери МИ 8/17 од воздухопловниот ВИНГ во раните утрински часови во координација со сите инволвирани субјекти отпочнаа со координиран и насочен ангажман во гаснењето на пожарот во поширокиот реон на неготинско и планината Серта. „Армијата согласно својата мисија и задачи останува максимално подготвена во извршувањето на својата Уставна обврска и задачи од мисијата која вклучува и нејзино ангажирање во помош на граѓаните и институциите при справување со елементарни непогодисекогаш кога било потребно“, порачаа од Министерството за одбрана.

The post Армијата ангажирана за гасење на пожарот на планината Серта appeared first on Република.

]]>
Воен хеликоптер исфрла вода врз пожарот на Серта, ќе пристигнат и ер-тракторите https://republika.mk/vesti/crna-hronika/voen-helikopter-isfrla-voda-vrz-pozharot-na-serta-ke-pristignat-i-er-traktorite/ Sat, 13 Jul 2024 07:14:46 +0000 https://republika.mk/?p=796292

Пожарите на планината Серта со денови се активни и постојано се шират, поради што од утрово вода исфрла еден воен хеликоптер. Од Центарот за управување со кризи – ЦУК, информираат дека нешто подоцна ќе се интервенира и со два авиони за гаснење на пожари.

The post Воен хеликоптер исфрла вода врз пожарот на Серта, ќе пристигнат и ер-тракторите appeared first on Република.

]]>

Пожарите на планината Серта со денови се активни и постојано се шират, поради што од утрово вода исфрла еден воен хеликоптер. Од Центарот за управување со кризи – ЦУК, информираат дека нешто подоцна ќе се интервенира и со два авиони за гаснење на пожари.

The post Воен хеликоптер исфрла вода врз пожарот на Серта, ќе пристигнат и ер-тракторите appeared first on Република.

]]>
Два хеликоптера на МВР вклучени во гасењето на пожарот кај Василево https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dva-helikoptera-na-mvr-vklucheni-vo-gaseneto-na-pozharot-kaj-vasilevo/ Sun, 30 Jun 2024 16:24:58 +0000 https://republika.mk/?p=792180

Поради сериозноста и ризикот од пожарот кај с.Сушево и с. Злеово на гаснењето се приклучи и втор хеликоптер на МВР, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи.

Пожарот на отворено, кој вчера попладне започна на територијата на општина Василево се уште е активен, се разгорува и се приближи во непосредна близина на село Сушево, а се шири и кон село Злеово поради што за гаснење беше вклучен еден полициски хеликоптер.

Хеликоптерот на МВР „МИ-171“ полни вода од малата брана, ископ за песок до Акумулација „Турија“ и носи брзо вода кон опасниот крак на пожарот што се доближи дој селото Сушево, Струмичко.

Инаку, полнењето вода и дејствувањето по пожарот храбрите пилоти на МВР го извршуваат во интервал од три до пет минути, информираа од Центарот за управување со кризи.

На терен се екипи на струмичката Територијална противпожарна единица.

фото: ЦУК

The post Два хеликоптера на МВР вклучени во гасењето на пожарот кај Василево appeared first on Република.

]]>

Поради сериозноста и ризикот од пожарот кај с.Сушево и с. Злеово на гаснењето се приклучи и втор хеликоптер на МВР, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи. Пожарот на отворено, кој вчера попладне започна на територијата на општина Василево се уште е активен, се разгорува и се приближи во непосредна близина на село Сушево, а се шири и кон село Злеово поради што за гаснење беше вклучен еден полициски хеликоптер. Хеликоптерот на МВР „МИ-171“ полни вода од малата брана, ископ за песок до Акумулација „Турија“ и носи брзо вода кон опасниот крак на пожарот што се доближи дој селото Сушево, Струмичко. Инаку, полнењето вода и дејствувањето по пожарот храбрите пилоти на МВР го извршуваат во интервал од три до пет минути, информираа од Центарот за управување со кризи. На терен се екипи на струмичката Територијална противпожарна единица. фото: ЦУК

The post Два хеликоптера на МВР вклучени во гасењето на пожарот кај Василево appeared first on Република.

]]>
24 пожарникари го гаснеле пожарот, уште не се познати причините зошто се запали Универзална сала во Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/24-pozharnikari-go-gasnele-pozharot-ushte-ne-se-poznati-prichinite-zoshto-se-zapali-univerzalna-sala-vo-skopje/ Tue, 09 Apr 2024 11:37:50 +0000 https://republika.mk/?p=764261

Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески изјави дека уште не се познати причините за пожарот што претпладнево избувна во Универзалната сала во Скопје. Како што рече, причините дополнително ќе ги утврди полициската екипа. Тој напомена дека нема повредени затоа што во моментот немало градежни работи.

Томески рече дека за кратко време пожарот бил ставен под контрола иако имале висока температура во самиот објект. Како што посочи, вкупно интервенирале со девет противпожарни возила и 24 пожарникари.

-Во 9 часот и 50 минути пријавена е дојава за настанат пожар во Универзална сала. Веднаш беа испратени две противпожарни возила од блискиот потцентар во населбата Тафталиџе коишто уште при доаѓањето забележаа висок столб од чад и веднаш побараа дополнителна помош. За релативно кратко време и благодарение на пожртвуваноста на колегите пожарот беше ставен под контрола иако имавме висока температура во самиот објект. Би сакал да се заблагодарам и на полициските службеници кои ни овозможија побрзо да пристигнеме, како и на јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Водовод“ кои се потрудија континуирано да не снабдуваат со вода за да интервенцијата биде што е можно поуспешна, рече Томески.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска за време на посетата на Универзалната сала каде што претпладнево избувна пожар, изјави дека нема жртви, направена е само матери

Тој додаде дека нема повредени, она што го добил како информација е дека немало градежни работи во моментот, така што, поосочи, нема повредени, само материјалната штета е евидентна. Рече дека имало густ чад, висок столб на чад, температурата била многу висока и на соседните објекти кои се во непосредна близина. На салата има оштетување на ролетните.

Штетата не можеме да ја констатираме сега. Не знаеме што се имало внатре, бидејќи настана колапс на кровната конструкција се уште се работи на догасување, има висока температура се уште во објектот, не може да се пристапи до сите места. Она што е битно за нас, интервенцијата е успешна од аспект на брзина на интервенирање и тоа што нема повредени пожарникари и граѓани, рече Томески.

Тој испрати апел до државните власти кои се надлежни за одобрување на вработување во противпожарните единици да го земат во предвид дека е потребно што е можно поскоро да се одобри вработување на нови пожарникари.

-Нашата единица функционира со пополнетост со 40 отсто што е недеволно. Во пресрет на летна сезона навистина не знаеме како ќе се одвиваат работите, но ни се потребни нови пожарникари што е можно побрзо да можеме да бидеме поекипирани и да можеме да одговориме на сите побарувања од нас, додаде Томески.

 

The post 24 пожарникари го гаснеле пожарот, уште не се познати причините зошто се запали Универзална сала во Скопје appeared first on Република.

]]>

Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески изјави дека уште не се познати причините за пожарот што претпладнево избувна во Универзалната сала во Скопје. Како што рече, причините дополнително ќе ги утврди полициската екипа. Тој напомена дека нема повредени затоа што во моментот немало градежни работи. Томески рече дека за кратко време пожарот бил ставен под контрола иако имале висока температура во самиот објект. Како што посочи, вкупно интервенирале со девет противпожарни возила и 24 пожарникари.
-Во 9 часот и 50 минути пријавена е дојава за настанат пожар во Универзална сала. Веднаш беа испратени две противпожарни возила од блискиот потцентар во населбата Тафталиџе коишто уште при доаѓањето забележаа висок столб од чад и веднаш побараа дополнителна помош. За релативно кратко време и благодарение на пожртвуваноста на колегите пожарот беше ставен под контрола иако имавме висока температура во самиот објект. Би сакал да се заблагодарам и на полициските службеници кои ни овозможија побрзо да пристигнеме, како и на јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Водовод“ кои се потрудија континуирано да не снабдуваат со вода за да интервенцијата биде што е можно поуспешна, рече Томески.
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска за време на посетата на Универзалната сала каде што претпладнево избувна пожар, изјави дека нема жртви, направена е само матери Тој додаде дека нема повредени, она што го добил како информација е дека немало градежни работи во моментот, така што, поосочи, нема повредени, само материјалната штета е евидентна. Рече дека имало густ чад, висок столб на чад, температурата била многу висока и на соседните објекти кои се во непосредна близина. На салата има оштетување на ролетните.
Штетата не можеме да ја констатираме сега. Не знаеме што се имало внатре, бидејќи настана колапс на кровната конструкција се уште се работи на догасување, има висока температура се уште во објектот, не може да се пристапи до сите места. Она што е битно за нас, интервенцијата е успешна од аспект на брзина на интервенирање и тоа што нема повредени пожарникари и граѓани, рече Томески.
Тој испрати апел до државните власти кои се надлежни за одобрување на вработување во противпожарните единици да го земат во предвид дека е потребно што е можно поскоро да се одобри вработување на нови пожарникари.
-Нашата единица функционира со пополнетост со 40 отсто што е недеволно. Во пресрет на летна сезона навистина не знаеме како ќе се одвиваат работите, но ни се потребни нови пожарникари што е можно побрзо да можеме да бидеме поекипирани и да можеме да одговориме на сите побарувања од нас, додаде Томески.
 

The post 24 пожарникари го гаснеле пожарот, уште не се познати причините зошто се запали Универзална сала во Скопје appeared first on Република.

]]>
Продолжува гаснењето на пожарот кај делчевското село Очипала https://republika.mk/vesti/makedonija/prodolzuva-gasnenjeto-na-pozarot-kaj-delchevskoto-selo-ochipala/ Sun, 24 Jul 2022 08:06:33 +0000 https://republika.mk/?p=532580

Претпладнево продолжува гаснењето на пожарот кај депонијата за градежен шут Ралова Чука во делчевското село Очипала.

Во моментот се уште гори внатрешниот дел на депонијата, откако вчера делчевските пожарникари направија појас на надворешниот дел, со што е спречено понатамошно ширење на огнот.

– Најголем проблем е внатрешноста на депонијата која гори на повеќе места, бидејќи иако ние ја изгасивме синоќа, поради лесно запалливите материи од градежниот шут, таа повторно се разгорува, велат од ТППЕ Делчево.

На терен и понатаму е пожарникарска екипа, а очекувањата се дека до пладне пожарот ќе биде изгаснат. Во гаснењето е вклучена и механизација од Јавното претпријатие ,,Брегалница”.

The post Продолжува гаснењето на пожарот кај делчевското село Очипала appeared first on Република.

]]>

Претпладнево продолжува гаснењето на пожарот кај депонијата за градежен шут Ралова Чука во делчевското село Очипала. Во моментот се уште гори внатрешниот дел на депонијата, откако вчера делчевските пожарникари направија појас на надворешниот дел, со што е спречено понатамошно ширење на огнот. – Најголем проблем е внатрешноста на депонијата која гори на повеќе места, бидејќи иако ние ја изгасивме синоќа, поради лесно запалливите материи од градежниот шут, таа повторно се разгорува, велат од ТППЕ Делчево. На терен и понатаму е пожарникарска екипа, а очекувањата се дека до пладне пожарот ќе биде изгаснат. Во гаснењето е вклучена и механизација од Јавното претпријатие ,,Брегалница”.

The post Продолжува гаснењето на пожарот кај делчевското село Очипала appeared first on Република.

]]>