гаснење пожар Archives - Република https://republika.mk/tema/gasnenje-pozar/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Jul 2024 09:35:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гаснење пожар Archives - Република https://republika.mk/tema/gasnenje-pozar/ 32 32 Два турски „ер трактори“ и еден хеликоптер се вклучуваат во гаснењето на пожарите https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dva-turski-er-traktori-i-eden-helikopter-se-vkluchuvaat-vo-gasneneto-na-pozharite/ Mon, 15 Jul 2024 09:35:35 +0000 https://republika.mk/?p=796940

Два турски авиони за гаснење пожар „ер трактори“ и еден хеликоптер се вклучуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија земјава.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов информира дека тие рано утрово слетале на аеродромот во Скопје.

Двата турски „ер трактори“ заедно со два „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување ќе интервенираат на пожарот во општина Ново Село, а еден полициски хеликоптер рано утрово веќе започнал со гасење на пожарот на планината Серта, а набргу на него се очекува да му се приклучи и еден армиски хеликоптер и турскиот хеликоптер.

Ангелов вели дека денес фокусот ќе биде ставен на овие два пожара. Се гаси и од земја со значителен број на пожарникари, претставници од ловните друштва, месното население и припадниците на Армијата и Едницата за брзо распоредување при МВР.

- Се работи за исклучително тежок терен каде има бујна вегетација што го отежнува движењето на луѓето по терен така што многу е тешко да се дојде до горливите точки. Во текот на вчерашниот ден, благодарение на припадниците на Армијата, успеавме да изгаснеме неколку критични точки, а помогнаа и припаднциите од Единицата за брзо распоредување при МВР. Денес на помош повторно имаме 103 припадника на македонската Армија и 30 припадници од Единицата за брзо распоредување на МВР, изјави Ангелов.

Како што најави Ангелов, се договара дополнителна помош во воздухоплови.

Во земјава е прогласена кризна состојба во траење од 30 дена, а утринава од ЦУК информираа дека активни се девет пожари.

 

The post Два турски „ер трактори“ и еден хеликоптер се вклучуваат во гаснењето на пожарите appeared first on Република.

]]>

Два турски авиони за гаснење пожар „ер трактори“ и еден хеликоптер се вклучуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија земјава. Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов информира дека тие рано утрово слетале на аеродромот во Скопје. Двата турски „ер трактори“ заедно со два „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување ќе интервенираат на пожарот во општина Ново Село, а еден полициски хеликоптер рано утрово веќе започнал со гасење на пожарот на планината Серта, а набргу на него се очекува да му се приклучи и еден армиски хеликоптер и турскиот хеликоптер. Ангелов вели дека денес фокусот ќе биде ставен на овие два пожара. Се гаси и од земја со значителен број на пожарникари, претставници од ловните друштва, месното население и припадниците на Армијата и Едницата за брзо распоредување при МВР. - Се работи за исклучително тежок терен каде има бујна вегетација што го отежнува движењето на луѓето по терен така што многу е тешко да се дојде до горливите точки. Во текот на вчерашниот ден, благодарение на припадниците на Армијата, успеавме да изгаснеме неколку критични точки, а помогнаа и припаднциите од Единицата за брзо распоредување при МВР. Денес на помош повторно имаме 103 припадника на македонската Армија и 30 припадници од Единицата за брзо распоредување на МВР, изјави Ангелов. Како што најави Ангелов, се договара дополнителна помош во воздухоплови. Во земјава е прогласена кризна состојба во траење од 30 дена, а утринава од ЦУК информираа дека активни се девет пожари.  

The post Два турски „ер трактори“ и еден хеликоптер се вклучуваат во гаснењето на пожарите appeared first on Република.

]]>
Полициски хеликоптер го гаси пожарот кај селата Драгоево и Селце, досега исфрлени над 15 тони вода https://republika.mk/vesti/crna-hronika/politsiski-helikopter-go-gasi-pozharot-kaj-selata-dragoevo-i-seltse-dosega-isfrleni-nad-15-toni-voda/ Sat, 13 Jul 2024 13:05:34 +0000 https://republika.mk/?p=796404

Денеска полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше врз пожар што избувна на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце, соопштија од Сектор за односи со јавност и протокол Министерство за внатрешни работи.

При дејствувањето во 10 налета, исфрлени се над 15 тони вода. Пожарот се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење, соопшти МВР.

 

The post Полициски хеликоптер го гаси пожарот кај селата Драгоево и Селце, досега исфрлени над 15 тони вода appeared first on Република.

]]>

Денеска полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше врз пожар што избувна на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце, соопштија од Сектор за односи со јавност и протокол Министерство за внатрешни работи. При дејствувањето во 10 налета, исфрлени се над 15 тони вода. Пожарот се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење, соопшти МВР.  

The post Полициски хеликоптер го гаси пожарот кај селата Драгоево и Селце, досега исфрлени над 15 тони вода appeared first on Република.

]]>
ЕК ќе обезбеди 600 милиони евра за набавка на 12 авиони за гаснење пожари https://republika.mk/vesti/svet/ek-ke-obezbedi-600-milioni-evra-za-nabavka-na-12-avioni-za-gasnene-pozhari/ Mon, 25 Mar 2024 13:34:26 +0000 https://republika.mk/?p=758560

Европската комисијата ќе ја финансира набавката на нови авиони за гаснење пожари за да го зголеми капацитетот на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ за справување со огнени стихии, соопшти денеска портпаролот на ЕК за хуманитарна помош и управување со кризи Балаж Ујвари.

Од фондовите на ЕУ ќе бидат искористени 600 милиони евра за купување на 12 нови авиони, кои ќе бидат стационирани во шест земји членки – Хрватска, Франција, Италија, Грција, Португалија и Шпанија, изјави Ујвари, додавајќи дека авионите ќе бидат испорачани до 2027 година.

Овие нови авиони ќе може да се користат за гаснење пожари низ Европската Унија и 10 земји од соседството, вклучително и  Македонија, особено во текот на летните месеци кога животите, домовите и средствата за живот стануваат се повеќе загрозени од шумски пожари од големи размери.

Ујвари соопшти дека комесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич денеска во Загреб присуствувал на церемонијата на потпишување на договорот меѓу Владата на Хрватска и канадска корпорација за купување на специјализирани авиони за гаснење пожари. Неодамна сличен договор за набавка на авиони за гаснење пожар потпиша и Владата на Грција.

Според Ленарчич, ваквите договори за купување на авиони ќе помогнат за заштита на граѓаните низ цела Европа.

Им честитам на Хрватска, како и на Грција, кои први ги потпишаа договорите за набавка на авиони, кои ќе ја формираат новата генерација европски воздухопловни противпожарни капацитети. И благодарам и на Канада што го олесни склучувањето договори со засегнатата компанија да го продолжи производството на овие многу потребни авиони. Тоа ќе биде 100 отсто платено од Европската комисија, како дел од нашиот зајакнат капацитет за гаснење пожари. Подготвени сме да се бори со уште поинтензивни шумски пожари во Европа, додаде Ленарчич.

Европската комисија пред пет години го надгради Механизмот за цивилна заштита на ЕУ со вклучување флота од противпожарни авиони и хеликоптери.

Механизмот има за цел да и обезбеди на ЕУ координиран пристап за спречување, реагирање и справување со шумски пожари, доколку нивниот обем ги надминуваат националните капацитети за одговор. Во Механизмот, покрај 27-те земји членки на ЕУ се вклучени и Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Исланд, Молдавија, Норвешка, Србија, Турција, Црна Гора и Украина.

The post ЕК ќе обезбеди 600 милиони евра за набавка на 12 авиони за гаснење пожари appeared first on Република.

]]>

Европската комисијата ќе ја финансира набавката на нови авиони за гаснење пожари за да го зголеми капацитетот на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ за справување со огнени стихии, соопшти денеска портпаролот на ЕК за хуманитарна помош и управување со кризи Балаж Ујвари. Од фондовите на ЕУ ќе бидат искористени 600 милиони евра за купување на 12 нови авиони, кои ќе бидат стационирани во шест земји членки – Хрватска, Франција, Италија, Грција, Португалија и Шпанија, изјави Ујвари, додавајќи дека авионите ќе бидат испорачани до 2027 година. Овие нови авиони ќе може да се користат за гаснење пожари низ Европската Унија и 10 земји од соседството, вклучително и  Македонија, особено во текот на летните месеци кога животите, домовите и средствата за живот стануваат се повеќе загрозени од шумски пожари од големи размери. Ујвари соопшти дека комесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич денеска во Загреб присуствувал на церемонијата на потпишување на договорот меѓу Владата на Хрватска и канадска корпорација за купување на специјализирани авиони за гаснење пожари. Неодамна сличен договор за набавка на авиони за гаснење пожар потпиша и Владата на Грција. Според Ленарчич, ваквите договори за купување на авиони ќе помогнат за заштита на граѓаните низ цела Европа. Им честитам на Хрватска, како и на Грција, кои први ги потпишаа договорите за набавка на авиони, кои ќе ја формираат новата генерација европски воздухопловни противпожарни капацитети. И благодарам и на Канада што го олесни склучувањето договори со засегнатата компанија да го продолжи производството на овие многу потребни авиони. Тоа ќе биде 100 отсто платено од Европската комисија, како дел од нашиот зајакнат капацитет за гаснење пожари. Подготвени сме да се бори со уште поинтензивни шумски пожари во Европа, додаде Ленарчич. Европската комисија пред пет години го надгради Механизмот за цивилна заштита на ЕУ со вклучување флота од противпожарни авиони и хеликоптери. Механизмот има за цел да и обезбеди на ЕУ координиран пристап за спречување, реагирање и справување со шумски пожари, доколку нивниот обем ги надминуваат националните капацитети за одговор. Во Механизмот, покрај 27-те земји членки на ЕУ се вклучени и Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Исланд, Молдавија, Норвешка, Србија, Турција, Црна Гора и Украина.

The post ЕК ќе обезбеди 600 милиони евра за набавка на 12 авиони за гаснење пожари appeared first on Република.

]]>