Гармиш - партенкирхен Archives - Република https://republika.mk/tema/garmish-partenkirhen/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Jan 2024 15:51:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Гармиш - партенкирхен Archives - Република https://republika.mk/tema/garmish-partenkirhen/ 32 32 Сензационална победа на Французинот Нилс Алегре во супер-Џи во Гармиш-Партенкирхен https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/senzatsionalna-pobeda-na-frantsuzinot-nils-alegre-vo-super-dhi-vo-garmish-partenkirhen/ Sat, 27 Jan 2024 15:49:18 +0000 https://republika.mk/?p=737539

Французинот Нилс Алегре е победник на Светскиот куп во скијање супер-Џи во Гармиш-Партенкирхен, прва победа во неговата кариера. По две четврти места, во спустот во Вал Гардена оваа година и супер-Џи во Гармиш-Партенкирхен во 2021 година, Алегре овојпат успеа да ја освои својата прва победа и да направи големо изненадување.

Со стартен број 18, патеката Кандахар ја симна за 1:11.92 минути, за 18 стотинки подобар од Италијанецот Гуљелмо Боско, за кого ова беше и најдобар резултат во кариерата и прв подиум. Швајцарецот Лоик Мејард беше трет со 0,25 секунди заостанување.

Во генералниот пласман на Светското првенство води Одермат со 1306 бодови, Французинот Сиприен Саразин е втор со 684 бодови, додека Австриецот Мануел Фелер е трет со 559 бодови.

Одермат (290) води во поредокот за супер Џи-слалом, пред Австриецот Винсент Крихмајр (219) и Саразин (174).

 

The post Сензационална победа на Французинот Нилс Алегре во супер-Џи во Гармиш-Партенкирхен appeared first on Република.

]]>

Французинот Нилс Алегре е победник на Светскиот куп во скијање супер-Џи во Гармиш-Партенкирхен, прва победа во неговата кариера. По две четврти места, во спустот во Вал Гардена оваа година и супер-Џи во Гармиш-Партенкирхен во 2021 година, Алегре овојпат успеа да ја освои својата прва победа и да направи големо изненадување. Со стартен број 18, патеката Кандахар ја симна за 1:11.92 минути, за 18 стотинки подобар од Италијанецот Гуљелмо Боско, за кого ова беше и најдобар резултат во кариерата и прв подиум. Швајцарецот Лоик Мејард беше трет со 0,25 секунди заостанување. Во генералниот пласман на Светското првенство води Одермат со 1306 бодови, Французинот Сиприен Саразин е втор со 684 бодови, додека Австриецот Мануел Фелер е трет со 559 бодови. Одермат (290) води во поредокот за супер Џи-слалом, пред Австриецот Винсент Крихмајр (219) и Саразин (174).  

The post Сензационална победа на Французинот Нилс Алегре во супер-Џи во Гармиш-Партенкирхен appeared first on Република.

]]>
Словенецот Ланишек скокна најдалеку во Гармиш-Партенкирхен https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/slovenetsot-lanishek-skokna-najdaleku-vo-garmish-partenkirhen/ Mon, 01 Jan 2024 16:45:15 +0000 https://republika.mk/?p=728740

Словенецот Анже Ланишек е победник на денешните ски-скокови во рамките на новогодишната турнеја Четири скокалници. Тој со скокови од 136 и 137 метри и вкупно 295,8 бодови го освои првото место.

Нему на подиумот му се придружија Рјоју Кобајаши и тур-лидерот Андреас Велингер.

- Конечно релаксиран скок каков што сакав. Многу ми се допаѓа оваа скокалница, овде се чувствувам добро. Не размислувам за вкупниот пласман на новогодишната турнеја, си ги отежнав работите во Оберсдорф на првиот натпревар, па сега одам чекор по чекор. Повеќе ме интересираат индивидуалните резултати, изјави Ланишек за Еуроспорт веднаш по денешната победа.

Ланишек од третото место по првата серија стигна до победата, откако Кобајаши кој водеше и Велингер кој беше втор не изведоа доволно добри скокови во втората серија.

Турнејата од Германија се сели во Австрија каде на 3 јануари ќе се одржат натпреварите во Инсбрук, додека на 6 јануари ски-скокачите ќе се натпреваруваат во Бишофсхофен.

 

The post Словенецот Ланишек скокна најдалеку во Гармиш-Партенкирхен appeared first on Република.

]]>

Словенецот Анже Ланишек е победник на денешните ски-скокови во рамките на новогодишната турнеја Четири скокалници. Тој со скокови од 136 и 137 метри и вкупно 295,8 бодови го освои првото место. Нему на подиумот му се придружија Рјоју Кобајаши и тур-лидерот Андреас Велингер.
- Конечно релаксиран скок каков што сакав. Многу ми се допаѓа оваа скокалница, овде се чувствувам добро. Не размислувам за вкупниот пласман на новогодишната турнеја, си ги отежнав работите во Оберсдорф на првиот натпревар, па сега одам чекор по чекор. Повеќе ме интересираат индивидуалните резултати, изјави Ланишек за Еуроспорт веднаш по денешната победа.
Ланишек од третото место по првата серија стигна до победата, откако Кобајаши кој водеше и Велингер кој беше втор не изведоа доволно добри скокови во втората серија. Турнејата од Германија се сели во Австрија каде на 3 јануари ќе се одржат натпреварите во Инсбрук, додека на 6 јануари ски-скокачите ќе се натпреваруваат во Бишофсхофен.  

The post Словенецот Ланишек скокна најдалеку во Гармиш-Партенкирхен appeared first on Република.

]]>