гарантирани цени Archives - Република https://republika.mk/tema/garantirani-tseni/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Sep 2024 10:07:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гарантирани цени Archives - Република https://republika.mk/tema/garantirani-tseni/ 32 32 Казнети осум маркети кои не ги ограничиле цените https://republika.mk/vesti/ekonomija/kazneti-osum-marketi-koi-ne-gi-ogranichile-tsenite/ Thu, 26 Sep 2024 10:07:28 +0000 https://republika.mk/?p=819793

Во согласност со Одлуката на Владата за посебни услови за трговијата на одделни стоки извршени се над 60 надзори на цела територија на Република Македонија. Издадени се 8 прекршочни платни налози во висина од над 1.196.000 денари, а кај останатите субјекти постапките се во тек, информираат од ДПИ.

Денес се контролираат бурекџилниците, помалите маркети и останати трговци на мало. Излезени се 47 тимови на терен, односно 135 инспектори на ниво на цела држава.

-Толеранција нема да има и трговците имаат обврска да ја почитуваат Одлуката, велат од ДПИ.

Есенската кошничка ќе важи до 31-ви октомври, а потоа следуваат предновогодишна и пролетна кошничка за намалување на цените на производите кои најмногу се користат во тој период од годината. В петок би требало да стапи на сила Законот за нефер трговски практики.

The post Казнети осум маркети кои не ги ограничиле цените appeared first on Република.

]]>

Во согласност со Одлуката на Владата за посебни услови за трговијата на одделни стоки извршени се над 60 надзори на цела територија на Република Македонија. Издадени се 8 прекршочни платни налози во висина од над 1.196.000 денари, а кај останатите субјекти постапките се во тек, информираат од ДПИ. Денес се контролираат бурекџилниците, помалите маркети и останати трговци на мало. Излезени се 47 тимови на терен, односно 135 инспектори на ниво на цела држава.
-Толеранција нема да има и трговците имаат обврска да ја почитуваат Одлуката, велат од ДПИ.
Есенската кошничка ќе важи до 31-ви октомври, а потоа следуваат предновогодишна и пролетна кошничка за намалување на цените на производите кои најмногу се користат во тој период од годината. В петок би требало да стапи на сила Законот за нефер трговски практики.

The post Казнети осум маркети кои не ги ограничиле цените appeared first on Република.

]]>
Дел од компаниите ќе ги задржат гарантираните цени до 15 мај годинава https://republika.mk/vesti/ekonomija/del-od-kompaniite-ke-gi-zadrzhat-garantiranite-tseni-do-15-ti-maj-godinava/ Wed, 13 Mar 2024 11:23:17 +0000 https://republika.mk/?p=754349

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи очекува дека веќе е создаден ред со цените на храната по завршувањето на мерката „гарантирана цена“ откако дел од компаниите најавија дека ќе ги задржат гарантираните цени до 15 мај годинава. Укажува дека системското решение е законот за забрана на нефер трговски практики што денеска е на пленарна седница во Собранието.

Очекувам да е создаден редот. Првите реакции на стопанствениците минатата недела беа навистина позитивни, за охрабрување и рекоа заради тоа што сакаат да бидат општествено одговорни ќе ги задржат истите замрзнати цени до 15 мај. Тоа се неколку компании и тоа е охрабрување дека сепак наспроти се’ што се случуваше во изминатиот период кога нема нарушување на вредносниот ланец, ланецот на набавка дека стопанствениците знаат да бидат општествено одговорни и да не прават притисок кон крајните корисници. Секако, законот е системско решение, решение кое што сме го немале и го немале никаде во Европа, е ново решение според ЕУ-директивите и мислам дека конечно ќе значи правиот пат којшто сите го бараме, а тоа е патот кон европската интеграција. Ваквите решенија укажуваат што е доброто на нашето интегрирање во ЕУ - рече Битиќи на новинарско прашање.

Државниот пазарен инспекторат, потсети, прави надзор и инспекции, кога ќе воочи недоследности што се спротивни на законските одредби соодветно постапува и веќе се издадени две глоби на два супермаркета.

Навистина сакавме да укажеме дека во тешки времиња Владата ќе донесе мерки дури и кога се спротивни на принципите на пазарна економија, но сметам дека е дојдено време затоа што сите ја научивме лекција дека заеднички треба да се бориме против сите феномени во криза и дека сме доблесни да правиме и бизнис и да креираме политики и мерки на начин како што прилега на европска земја - изјави Битиќи, по посета на домашна компанија корисник на Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

The post Дел од компаниите ќе ги задржат гарантираните цени до 15 мај годинава appeared first on Република.