гаранција Archives - Република https://republika.mk/tema/garancija/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Oct 2022 12:35:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гаранција Archives - Република https://republika.mk/tema/garancija/ 32 32 Жан Митрев доставил гаранција од еден милион евра дека нема да побегне од државата https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zan-mitrev-dostavil-garancija-od-eden-milion-evra-deka-nema-da-pobegne-od-drzavata/ Wed, 05 Oct 2022 12:33:53 +0000 https://republika.mk/?p=557615

Кардилогот д-р Жан Митрев, сопственик на „Жан Митрев клиник“, доставил гаранција од еден милион евра дека нема да избега од државата во рамки на истрагата што се води против него за кривичното дело измама.

Гаранцијата, како што брифираат од обвинителството, била доставена пред околу еден месец, откако претходно Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје со отворање на истражната постапка бараше да му се одзеде пасошот, што беше прифатено и од судот.

Истрагата беше отворена на 12 август, откако околу еден месец претходно траеше предистражната постапка која ОЈО Скопје ја започна по допрен глас по објавувањето на документарниот филм Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) за лекувањето ковид-пациенти со хемофилтрација во клиничката болница „Жан Митрев“.

Според досегашната динамика, таа би може да заврши за неколку месеци, по што ќе следува и одлука на обвинителството дали ќе се покрене обвинение или не.

Кога беше отворена истрага, од ОЈО Скопје соопштија дека го сомничат докторот за делото измама бидејќи во периодот од април 2020 до 2022 година со намера за болницата да прибави имотна корист, со лажно прикажување факти ги довел во заблуда пациентите лекувани од ковид преку методот на хемофилтрација.

The post Жан Митрев доставил гаранција од еден милион евра дека нема да побегне од државата appeared first on Република.

]]>

Кардилогот д-р Жан Митрев, сопственик на „Жан Митрев клиник“, доставил гаранција од еден милион евра дека нема да избега од државата во рамки на истрагата што се води против него за кривичното дело измама. Гаранцијата, како што брифираат од обвинителството, била доставена пред околу еден месец, откако претходно Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје со отворање на истражната постапка бараше да му се одзеде пасошот, што беше прифатено и од судот. Истрагата беше отворена на 12 август, откако околу еден месец претходно траеше предистражната постапка која ОЈО Скопје ја започна по допрен глас по објавувањето на документарниот филм Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) за лекувањето ковид-пациенти со хемофилтрација во клиничката болница „Жан Митрев“. Според досегашната динамика, таа би може да заврши за неколку месеци, по што ќе следува и одлука на обвинителството дали ќе се покрене обвинение или не. Кога беше отворена истрага, од ОЈО Скопје соопштија дека го сомничат докторот за делото измама бидејќи во периодот од април 2020 до 2022 година со намера за болницата да прибави имотна корист, со лажно прикажување факти ги довел во заблуда пациентите лекувани од ковид преку методот на хемофилтрација.

The post Жан Митрев доставил гаранција од еден милион евра дека нема да побегне од државата appeared first on Република.

]]>