Галичник филм фестивал Archives - Република https://republika.mk/tema/galichnik-film-festival/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Aug 2024 11:12:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Галичник филм фестивал Archives - Република https://republika.mk/tema/galichnik-film-festival/ 32 32 „Нечуени работи“ на Рамазан Килич, од Турција ја доби наградата за најдобар филм на Галичник Филм Фестивал https://republika.mk/scena/film/nechueni-raboti-na-ramazan-kilich-od-turtsija-ja-dobi-nagradata-za-najdobar-film-na-galichnik-film-festival/ Tue, 06 Aug 2024 11:12:09 +0000 https://republika.mk/?p=803871

„Нечуени работи“ во режија на Рамазан Килич, од Турција ја доби Гранд-При наградата за најдобар филм на Галичник Филм Фестивал.

Жири Комисијата, составена од Ѓорѓи Јолевски, Тамара Котевска, Мартин Иванов, Жан Дакар, едногласно ја донесе следната одлуката специјалнaта награда за најдобра актерска двојка да ја додели на актерите, Ерик К. Булијана и Флоренс Блејн Мбаје, од филмот „Правење бебиња“, во режија на Ерик К. Булијана од Канада.

Специјалнa Награда за млад актер е доделена на актерот, Гордон Рокс, од филмот „Лимоново дрво“, во режија на Рејчел Волден од Соединети Американски Држави. Најдобра кинематографија за Себастијан Вебер, од филмот „Нечуени работи“, во режија на Рамазан Килич, од Турција, а најдобро сценарио за Рејчел Волден од филмот „Лимоново дрво“, во режија на Рејчел Волден од Соединети Американски Држави.

Наградата за најдобра режија ја доби Ерик К. Булијана од филмот „Правење бебиња“ од Канада, а за најдобар актер е прогласен Ксавиер Ривард-Дези, од филмот „Кралеви“ во режија на Оливие Коте од Канада, додека пак најдобра актерка е Улијана Золкина, од филмот „Лето со боровинки“ во режија на Маша Кондакова од Украина.

Најдобар анимиран филм е филмот „Рак во базенот“ во режија на Александра Миот и Жан Себастиен Хамел од Канада, најдобар документарен филм „1001 ноќ“ во режија на Реа Рајчиќ од Хрватска, додека наградата за најдобар игран филм ја понесе „Кратко патување“ на Ереник Беќири од Албанија.

The post „Нечуени работи“ на Рамазан Килич, од Турција ја доби наградата за најдобар филм на Галичник Филм Фестивал appeared first on Република.

]]>

„Нечуени работи“ во режија на Рамазан Килич, од Турција ја доби Гранд-При наградата за најдобар филм на Галичник Филм Фестивал. Жири Комисијата, составена од Ѓорѓи Јолевски, Тамара Котевска, Мартин Иванов, Жан Дакар, едногласно ја донесе следната одлуката специјалнaта награда за најдобра актерска двојка да ја додели на актерите, Ерик К. Булијана и Флоренс Блејн Мбаје, од филмот „Правење бебиња“, во режија на Ерик К. Булијана од Канада. Специјалнa Награда за млад актер е доделена на актерот, Гордон Рокс, од филмот „Лимоново дрво“, во режија на Рејчел Волден од Соединети Американски Држави. Најдобра кинематографија за Себастијан Вебер, од филмот „Нечуени работи“, во режија на Рамазан Килич, од Турција, а најдобро сценарио за Рејчел Волден од филмот „Лимоново дрво“, во режија на Рејчел Волден од Соединети Американски Држави. Наградата за најдобра режија ја доби Ерик К. Булијана од филмот „Правење бебиња“ од Канада, а за најдобар актер е прогласен Ксавиер Ривард-Дези, од филмот „Кралеви“ во режија на Оливие Коте од Канада, додека пак најдобра актерка е Улијана Золкина, од филмот „Лето со боровинки“ во режија на Маша Кондакова од Украина. Најдобар анимиран филм е филмот „Рак во базенот“ во режија на Александра Миот и Жан Себастиен Хамел од Канада, најдобар документарен филм „1001 ноќ“ во режија на Реа Рајчиќ од Хрватска, додека наградата за најдобар игран филм ја понесе „Кратко патување“ на Ереник Беќири од Албанија.

The post „Нечуени работи“ на Рамазан Килич, од Турција ја доби наградата за најдобар филм на Галичник Филм Фестивал appeared first on Република.

]]>
28 кратки филмови и работилница со Дејан Дуковски на 5. издание на Галичник Филм Фестивал од 1-4 август https://republika.mk/scena/film/28-kratki-filmovi-i-rabotilnitsa-so-dejan-dukovski-na-5-izdanie-na-galichnik-film-festival-od-1-4-avgust/ Thu, 01 Aug 2024 08:47:52 +0000 https://republika.mk/?p=801218

Овој четврток, (на 1 август), започнува 5. издание на Галичник Филм Фестивал.

Во рамките на овогодинешната програма на фестивалот селектирани се 28 краткометражни филмови, кои доаѓаат директно од престижните филмски фестивали како што се Канскиот филмски фестивал, Венецијанскиот филмски фестивал, Торонто Филм Фестивал, Санденс, Локарно и многу други. Овие филмови, кои претставуваат богатство на жанрови и приказни, ќе ве однесат на патување низ различни култури и емоции.

По свеченото отворање, ќе настапат Скопје Брас Квинтет, кои ќе отсвират новокомпонирана музика на познати филмски сцени.

Во текот на четирите дена, покрај филмските проекции, посетителите ќе имаат можност да учествуваат во различни активности – дискусии со режисери и актери, работилници, и многу повеќе. Љубителите на културата ќе можат да ги истражат и историските и културните знаменитости на Галичник, да уживаат во локалната гастрономија и да се поврзат со природата.

Жирито го сочинуваат актерот Ѓорѓи Јолевски, режисерката Тамара Котевска, филмскиот монтажер Мартин Иванов и кинематографот Џин Дакар.

Во рамките на фестивалот ќе се одржи и балканската работилницата за краткометражни сценарија под водство на Дејан Дуковски. Избрани се 5 проекти во развој од земјата и регионот.

The post 28 кратки филмови и работилница со Дејан Дуковски на 5. издание на Галичник Филм Фестивал од 1-4 август appeared first on Република.

]]>

Овој четврток, (на 1 август), започнува 5. издание на Галичник Филм Фестивал. Во рамките на овогодинешната програма на фестивалот селектирани се 28 краткометражни филмови, кои доаѓаат директно од престижните филмски фестивали како што се Канскиот филмски фестивал, Венецијанскиот филмски фестивал, Торонто Филм Фестивал, Санденс, Локарно и многу други. Овие филмови, кои претставуваат богатство на жанрови и приказни, ќе ве однесат на патување низ различни култури и емоции. По свеченото отворање, ќе настапат Скопје Брас Квинтет, кои ќе отсвират новокомпонирана музика на познати филмски сцени.
Во текот на четирите дена, покрај филмските проекции, посетителите ќе имаат можност да учествуваат во различни активности – дискусии со режисери и актери, работилници, и многу повеќе. Љубителите на културата ќе можат да ги истражат и историските и културните знаменитости на Галичник, да уживаат во локалната гастрономија и да се поврзат со природата.
Жирито го сочинуваат актерот Ѓорѓи Јолевски, режисерката Тамара Котевска, филмскиот монтажер Мартин Иванов и кинематографот Џин Дакар. Во рамките на фестивалот ќе се одржи и балканската работилницата за краткометражни сценарија под водство на Дејан Дуковски. Избрани се 5 проекти во развој од земјата и регионот.

The post 28 кратки филмови и работилница со Дејан Дуковски на 5. издание на Галичник Филм Фестивал од 1-4 август appeared first on Република.

]]>
Под мотото „Вдишете ја магијата на филмот“ вечерва почнува четвртото издание на Галичник филм фестивал https://republika.mk/vesti/kultura/pod-mototo-vdishete-ja-magijata-na-filmot-vecherva-pochnuva-chetvrtoto-izdanie-na-galichnik-film-festival/ Fri, 04 Aug 2023 07:58:21 +0000 https://republika.mk/?p=668547

Под мотото „Вдишете ја магијата на филмот“ вечер почнува четвртото издание на Галичник филм фестивалот, што ќе трае до недела, 6 август. Свеченото отворање на фестивалот е вечер, во 19.45 часот, во стариот амфитеатар на Упија. Овој викенд ќе бидат прикажани краткометражни филмови од целиот свет.

Годинашната официјална селекција ја сочинуваат 33 краткометражни филмови од категориите на играни краткометражни филмови, документарни краткометражни филмови и анимирани краткометражни филмови, кои веќе учествуваа на најпрестижните светски филмски фестивали како Канскиот филмски фестивал, Берлинале, Санденс, Сараевскиот филмски фестивал, Клермонт-Феранд фестивалот на кратки филмови и др.

Покрај филмската програма, Галичник филм фестивал содржи и едукативен дел во кој ќе се одржат работилници со Дејан Дуковски, кој ќе ја предводи Балканската сценаристичка работилница, а Андреј Волкашин ќе одржи Мастер клас за развој на серии.

Жири-комисијата, која ќе одлучува за натпреварувачкиот дел од фестивалот, е составена од актерот Сашко Коцев, продуцентката Елена Станишева и режисерот Георги Унковски.

Затворањето на фестивалот е резервирано за прикажување на ревијалниот долгометражен филм „Нешто слатко“, со Јелена Јованова и Сашко Коцев во главните улоги, по што платото на Упија ќе биде центар на забавата – музика, вино, дружби и филмски дискусии.

The post Под мотото „Вдишете ја магијата на филмот“ вечерва почнува четвртото издание на Галичник филм фестивал appeared first on Република.

]]>

Под мотото „Вдишете ја магијата на филмот“ вечер почнува четвртото издание на Галичник филм фестивалот, што ќе трае до недела, 6 август. Свеченото отворање на фестивалот е вечер, во 19.45 часот, во стариот амфитеатар на Упија. Овој викенд ќе бидат прикажани краткометражни филмови од целиот свет. Годинашната официјална селекција ја сочинуваат 33 краткометражни филмови од категориите на играни краткометражни филмови, документарни краткометражни филмови и анимирани краткометражни филмови, кои веќе учествуваа на најпрестижните светски филмски фестивали како Канскиот филмски фестивал, Берлинале, Санденс, Сараевскиот филмски фестивал, Клермонт-Феранд фестивалот на кратки филмови и др. Покрај филмската програма, Галичник филм фестивал содржи и едукативен дел во кој ќе се одржат работилници со Дејан Дуковски, кој ќе ја предводи Балканската сценаристичка работилница, а Андреј Волкашин ќе одржи Мастер клас за развој на серии. Жири-комисијата, која ќе одлучува за натпреварувачкиот дел од фестивалот, е составена од актерот Сашко Коцев, продуцентката Елена Станишева и режисерот Георги Унковски. Затворањето на фестивалот е резервирано за прикажување на ревијалниот долгометражен филм „Нешто слатко“, со Јелена Јованова и Сашко Коцев во главните улоги, по што платото на Упија ќе биде центар на забавата – музика, вино, дружби и филмски дискусии.

The post Под мотото „Вдишете ја магијата на филмот“ вечерва почнува четвртото издание на Галичник филм фестивал appeared first on Република.

]]>
Во Галичник од 4 до 6 август ќе се одржи Галичник Филм Фестивал https://republika.mk/vesti/kultura/vo-galichnik-od-4-do-6-avgust-ke-se-odrzhi-galichnik-film-festival/ Sun, 30 Jul 2023 15:49:21 +0000 https://republika.mk/?p=666955

Во Галичник од 4 до 6 август ќе се одржува Галичник Филм Фестивал со прикажување на разновиден избор на филмови од светската кинематографија, работилници и мастер класови. Фестивалот полека, но сигурно станува значајна платформа за филмаџиите и љубителите на филмот, привлекувајќи учесници и гледачи од земјата, регионот и пошироко.

Како што е најавено, на овогодинешниот, четврти по ред Галичник Филм Фестивал ќе бидат прикажани 33 краткометражни филмови во 3 натпреварувачки категории, како и ревијалниот долгометражен филм „Нешто слатко“ со Сашко Коцев и Јелена Јованова во главните улоги, кој ќе биде прикажан на затворањето на фестивалот.

Покрај филмските проекции, фестивалот е домаќин и на различни работилници, разговори и мастер класови, поттикнувајќи збогатена средина за размена на идеи и стекнување на знаења за учесниците, како и контакти меѓу професионалците од индустријата и аспиранти филмаџии.

Дејан Дуковски ќе ја предводи Балканската сценаристичка работилница, а на Андреј Волкашин ќе му припадне Мастер класот за разработување на ТВ серии.

Овогодинешното жири на Галичник Филм Фестивал го сочинуваат Сашко Коцев, Георги Унковски и Елена Станишева.

Фестивалот е во организација на Дарма филм, со поддршка на Месна заедница Галичник.

The post Во Галичник од 4 до 6 август ќе се одржи Галичник Филм Фестивал appeared first on Република.

]]>

Во Галичник од 4 до 6 август ќе се одржува Галичник Филм Фестивал со прикажување на разновиден избор на филмови од светската кинематографија, работилници и мастер класови. Фестивалот полека, но сигурно станува значајна платформа за филмаџиите и љубителите на филмот, привлекувајќи учесници и гледачи од земјата, регионот и пошироко. Како што е најавено, на овогодинешниот, четврти по ред Галичник Филм Фестивал ќе бидат прикажани 33 краткометражни филмови во 3 натпреварувачки категории, како и ревијалниот долгометражен филм „Нешто слатко“ со Сашко Коцев и Јелена Јованова во главните улоги, кој ќе биде прикажан на затворањето на фестивалот. Покрај филмските проекции, фестивалот е домаќин и на различни работилници, разговори и мастер класови, поттикнувајќи збогатена средина за размена на идеи и стекнување на знаења за учесниците, како и контакти меѓу професионалците од индустријата и аспиранти филмаџии. Дејан Дуковски ќе ја предводи Балканската сценаристичка работилница, а на Андреј Волкашин ќе му припадне Мастер класот за разработување на ТВ серии. Овогодинешното жири на Галичник Филм Фестивал го сочинуваат Сашко Коцев, Георги Унковски и Елена Станишева. Фестивалот е во организација на Дарма филм, со поддршка на Месна заедница Галичник.

The post Во Галичник од 4 до 6 август ќе се одржи Галичник Филм Фестивал appeared first on Република.

]]>
„Бело око“ со три награди на третото издание на Галичник филм фестивал https://republika.mk/vesti/kultura/belo-oko-so-tri-nagradi-na-tretoto-izdanie-na-galichnik-film-festival/ Tue, 09 Aug 2022 21:20:09 +0000 https://republika.mk/?p=538453

Со доделување на награди вчера заврши третото издание на Галичник филм фестивал што годинава се одржуваше под мотото „Диши длабоко и погледни кон небото. Си замисли желба? Се гледаме на Галичник!“. Жирито во состав на актерот Никола Ристановски, драмскиот автор Дејан Дуковски и режисерката Елеонора Венинова ги избра најдобрите краткометражни филмови меѓу сите 23 што влегуваа во официјалната селекција.

Наградата за најдобар игран филм припадна на филмот „Бело Око“ во режија и сценарио на Томер Шушан што жирито го опиша како маестрално третирање на приказната со комплексна едноставност, со елементи на „Злосторство и казна“ каде што главниот протагонист се казнува самиот себе со потрагата по правда.

Филмот ги доби и наградите за најдобро сценарио и најдобар актер, за актерите Даниел Гад и Давид Теклеаб.

Морад Мостафа ја доби наградата за најдобра режија за филмот „Што не знаеме за Маријам“, а истиот филм се закити и со наградата за најдобра фотографија, за како што велат организаторите, неверојатната симбиоза меѓу режисерскиот израз и фотографијата во ефективното третирање на приказната.

Наградата за најдобра актерка ѝ припадна на Рита Абела за филмот „Голема“.

За најдобар документарен филм е избран „Кино Мортус“ кој ја раскажува приказната за една горлива тема на филмските работници, а тоа е бавното изумирање на киното кој што младата авторка, како што се вели во соопштението, на навистина интересен и интересен и умешен начин го доловува користејќи и архивски снимки и снимени интервјуа.

За најдобар анимиран филм пак, е избран „Хромозомот Х“, кој според жирито на интензивен начин што користи моќни и визуелни и музички и сценаристички изразни средства навистина остава огромен впечаток.

Специјално Признание за филмот „Голема“ доби режисерката Даниеле Пини, наградата од публика отиде кај филмот „Богатство“.

Фестивалот е поддржан од Агенција за филм на Македонија, а го реализираат „ДАРМА ФИЛМ“ и месната заедница Галичник.

 

The post „Бело око“ со три награди на третото издание на Галичник филм фестивал appeared first on Република.

]]>

Со доделување на награди вчера заврши третото издание на Галичник филм фестивал што годинава се одржуваше под мотото „Диши длабоко и погледни кон небото. Си замисли желба? Се гледаме на Галичник!“. Жирито во состав на актерот Никола Ристановски, драмскиот автор Дејан Дуковски и режисерката Елеонора Венинова ги избра најдобрите краткометражни филмови меѓу сите 23 што влегуваа во официјалната селекција. Наградата за најдобар игран филм припадна на филмот „Бело Око“ во режија и сценарио на Томер Шушан што жирито го опиша како маестрално третирање на приказната со комплексна едноставност, со елементи на „Злосторство и казна“ каде што главниот протагонист се казнува самиот себе со потрагата по правда. Филмот ги доби и наградите за најдобро сценарио и најдобар актер, за актерите Даниел Гад и Давид Теклеаб. Морад Мостафа ја доби наградата за најдобра режија за филмот „Што не знаеме за Маријам“, а истиот филм се закити и со наградата за најдобра фотографија, за како што велат организаторите, неверојатната симбиоза меѓу режисерскиот израз и фотографијата во ефективното третирање на приказната. Наградата за најдобра актерка ѝ припадна на Рита Абела за филмот „Голема“. За најдобар документарен филм е избран „Кино Мортус“ кој ја раскажува приказната за една горлива тема на филмските работници, а тоа е бавното изумирање на киното кој што младата авторка, како што се вели во соопштението, на навистина интересен и интересен и умешен начин го доловува користејќи и архивски снимки и снимени интервјуа. За најдобар анимиран филм пак, е избран „Хромозомот Х“, кој според жирито на интензивен начин што користи моќни и визуелни и музички и сценаристички изразни средства навистина остава огромен впечаток. Специјално Признание за филмот „Голема“ доби режисерката Даниеле Пини, наградата од публика отиде кај филмот „Богатство“. Фестивалот е поддржан од Агенција за филм на Македонија, а го реализираат „ДАРМА ФИЛМ“ и месната заедница Галичник.  

The post „Бело око“ со три награди на третото издание на Галичник филм фестивал appeared first on Република.

]]>
Фестивалот во Галичник почна со „Екс – ЈУ“ работилница за краткометражни сценарија под водство на Дејан Дуковски https://republika.mk/vesti/kultura/festivalot-vo-galichnik-pochna-so-eks-ju-rabotilnica-za-kratkometrazni-scenarija-pod-vodstvo-na-dejan-dukovski/ Thu, 04 Aug 2022 08:56:12 +0000 https://republika.mk/?p=536642

На програма на филмскиот фестивал во Галичник прво ќе можат да се проследат проекции на краткометражни филмови на Упија на 5, 6 и 7 август, а потоа ќе следува избрана музичка програма со концерт на Ѓорѓи Шарески и Јане Трајковски, како и диџеј-сетови на Гоце САФ и Зоки Бејбе.

Фестивалот почна на 3 август со „Екс – ЈУ“ работилницата за краткометражни сценарија под водство на драмскиот автор и драматург Дејан Дуковски, која ќе трае до 5 август, а учество ќе земат четири филмски проекти во развој од кај нас и од регионот: „Божана“ - Ева Камчевска и Небојша Јовановиќ -Македонија, „Не е добар ден за паркирање“ - Филип Лафазановски - Македонија, „Базен-дупка“ – Ана Вуќичевич – Србија и „Брат и Мајка“ – Александар Вујович – Црна Гора.

 

The post Фестивалот во Галичник почна со „Екс – ЈУ“ работилница за краткометражни сценарија под водство на Дејан Дуковски appeared first on Република.

]]>

На програма на филмскиот фестивал во Галичник прво ќе можат да се проследат проекции на краткометражни филмови на Упија на 5, 6 и 7 август, а потоа ќе следува избрана музичка програма со концерт на Ѓорѓи Шарески и Јане Трајковски, како и диџеј-сетови на Гоце САФ и Зоки Бејбе. Фестивалот почна на 3 август со „Екс – ЈУ“ работилницата за краткометражни сценарија под водство на драмскиот автор и драматург Дејан Дуковски, која ќе трае до 5 август, а учество ќе земат четири филмски проекти во развој од кај нас и од регионот: „Божана“ - Ева Камчевска и Небојша Јовановиќ -Македонија, „Не е добар ден за паркирање“ - Филип Лафазановски - Македонија, „Базен-дупка“ – Ана Вуќичевич – Србија и „Брат и Мајка“ – Александар Вујович – Црна Гора.
 

The post Фестивалот во Галичник почна со „Екс – ЈУ“ работилница за краткометражни сценарија под водство на Дејан Дуковски appeared first on Република.

]]>
Трето издание на Галичник филм фестивал https://republika.mk/vesti/kultura/treto-izdanie-na-galichnik-film-festival/ Wed, 03 Aug 2022 08:05:45 +0000 https://republika.mk/?p=536308

Под слоганот „Диши длабоко и погледни кон небото. Си замисли желба? Се гледаме на Галичник!“, од утре (3 август) започнува третото издание на Галичник филм фестивал.

По две изданија од кои првото беше онлајн и оваа година во официјалната селекција на овој филмски фестивал влегуваат имиња на краткометражни филмови од автори од целиот свет.

„Филмови кои ни доаѓаат директно од Cannes Film Festival, Oscars, Sundance, IDFA, Toronto International Film Festival, Locarno Film Festival, а сега достапни и пред македонската публика. Дали сте жедни за викенд во природа, краткометражни филмови и добра музика? Сите патишта водат кон Галичник!“, се вели во најавата за филмскиот фестивал.

Најавените 20 кратки филма се поделени во три различни категории; играни, документарни и анимирани краткометражни филмови.

Музичката програма што ќе следи по проекциите ќе ја пополнат Ѓорѓи Шаревски и Јане Трајковски на 5 август, DJ Гоце Саф на 6 и DJ Зоки Бејбе на 7 август.

Програмата на Галичник Филм Фестивал е бесплатна.

Фестивалот е во организација на Дарма Филм и Месна заедница Галичник, а е во поддршка на Агенцијата за филм на Република Македонија.

 

The post Трето издание на Галичник филм фестивал appeared first on Република.

]]>

Под слоганот „Диши длабоко и погледни кон небото. Си замисли желба? Се гледаме на Галичник!“, од утре (3 август) започнува третото издание на Галичник филм фестивал. По две изданија од кои првото беше онлајн и оваа година во официјалната селекција на овој филмски фестивал влегуваат имиња на краткометражни филмови од автори од целиот свет. „Филмови кои ни доаѓаат директно од Cannes Film Festival, Oscars, Sundance, IDFA, Toronto International Film Festival, Locarno Film Festival, а сега достапни и пред македонската публика. Дали сте жедни за викенд во природа, краткометражни филмови и добра музика? Сите патишта водат кон Галичник!“, се вели во најавата за филмскиот фестивал. Најавените 20 кратки филма се поделени во три различни категории; играни, документарни и анимирани краткометражни филмови. Музичката програма што ќе следи по проекциите ќе ја пополнат Ѓорѓи Шаревски и Јане Трајковски на 5 август, DJ Гоце Саф на 6 и DJ Зоки Бејбе на 7 август. Програмата на Галичник Филм Фестивал е бесплатна. Фестивалот е во организација на Дарма Филм и Месна заедница Галичник, а е во поддршка на Агенцијата за филм на Република Македонија.
 

The post Трето издание на Галичник филм фестивал appeared first on Република.

]]>