В недела, на седми август, Аџо-Боро ќе ја дава помалата ќерка Симона, за Андреј. Среќни емоции му бликаат во срцето и душата, како изворите и брзите планински рекички на Бистра! Животот е неповторлив дар, некогаш нежен, кој треба внимателно да се отвора, но некогаш оган, кој треба да се разгори, да вивне високо до небото и да прегори во жар и пепел - размислува тој со почит.
Аџо-Боро е Мијак, учен и зафатен човек, му прилегаат три дена за свадба. Првиот ден, во Скопје. Вториот, во Бигорски Манастир, мијачкото светилиште. Владиката Партениј да ги венча пред иконостасот на Петре-Гарката и Макариј – единствен и ненадминат длаборез во православието, прекрасен. Фреските и иконите на Дичо сведоци да бидат! А, третиот ден, за крај и бескрај, ќе се слави во родната Кичиница, каде што крвта го влече. Рано наутро, ни кафе неиспиено, ќе ја удри камбаната на старата црква, ќе запали свеќи колку што треба, ќе ги посети претците за да им каже дека ја дава ќерката и бара амин од нив. А, потоа, ех потоа! Ќе го собере дома целото село, да заечи Горна Река, како некогаш! Веќе никој жив не памети кога била последната голема свадба, но вистинските приказни живеат, и традицијата мора да се врати. Вечерта, си замислува Аџо-Боро, откако сонцето ќе го помине сртот накитен со високите борови, ќе води копнежлив разговор со првите трепетливи ѕвезди. Ех, убавина!
...
Пладне е и летна горештина стега, но куќата на Михајловци со дебела сенка го покрила дворот. Знамето македонско се вее на повисок јарбол. Стасуваат дотерани свадбари, едни со градска елеганција, други со селски примеси, интересен амалгам. Домаќинот прв ги пречекува, со широка прегратка и насмевка, со чаша ракија и здравица за младите. Тие, со дарови ја дарат невестата.
Аџо-Боро не смее да потфрли, навреме спремил се’. На огништата се пече месо - селски колбаси, сланина, ребра, прасечко, јарешко, плескавици, да има за секого, а и повеќе - за ненајавени и добредојдени гости. По ракијата, се нудат бокали вино, се точи пиво „од чешма“, сокови...
Веќе се вие Невестинското, се лелее орото во смеа и песна. Стројни момци и момички се фатиле за раце и весело цупкаат со лесен чекор. Играат и нивните срца, се гледа по образите и фрлените погледи.
Но, планина е, па летен порој изненадува и го прекинува орото, за кусо. Под шаторските крила се стиснале свадбарите. Погодни моменти за „блабла“ муабети, за минати времиња, патриотизам, наука и квази-наука, средновековни суеверија и други гачки. Со дождецот неочекувано, а толку импресивно, се појавува и виножито, кое не е обично, туку двојно! Невидена убавина за романтичната душа на Аџо-Боро, која знае дека Некој гледа од горе и се радува како него, па го поздравува и принесува небесен дар.
Набрзо, славата продолжува на оросената трева, а сонцето си ја врви дневната патека. Во дворот слегува ноќта, а небото се кити со трепетни ѕвезди. Аџо-Боро ја крева главата нагоре, ги поткрева и вегите, и ја бара најсјајната меѓу нив, онаа која носи порака за младите, за неговите поколенија. Внимателно го слуша нејзиниот шепот и се насмевнува од сесрце. Каков среќен ден!
Во тој момент, од средсело, како потонат тон кој се крева, почнуваат да се слушаат отсечни удари на тапани и рески звуци на зурли. Заигрува срцето на домаќинот, му се причинува ли јаве еден одамна сонуван сон? Сепак, вистина е. Тактот на кукудата и прачката е веќе грмеж кој татни и одѕвонува во планината. Стасаа прочуените Мајовци од Дебар. Облечени во мијачка народна носија, со продуховени ликови кои понесуваат, со лесен чекор стапнуваат на куќниот праг. Ракоплескање и возбуда на сите страни. Свадбарите, фатени во големо оро, потскокнуваат по нивниот ритам - некогаш брз, а некогаш бавен. Срцето ќе излезе од гради, по екот на првиот, следи одек на вториот тапан, по пискотот на првата, следи магијата на втората зурла - извонредна усогласеност на звукот, ритамот и движењата на Мајовци. Се свират, се играат, се пеат свадбарски и патриотски македонски песни, се даруваат пари. Често, на чело на орото е Аџо-Боро. Неговата мисла му се чита во очите - ќе не бива, ќе се прероди селото, ќе продолжи традицијата на горнореканската свадба... и внуците некогаш ќе го повторат овде, ова што се случува ноќва.
...
И тогаш, мислиш случајно и несакајќи, доаѓа највеличествениот момент, кој трогнува. Зурлаџиите и тапанџиите, во едно френетично крешчендо, развивајќи комплексен и непредвидлив ритам, застануваат лице в лице пред двата збратимени свата, како во некој замислен двобој. Се запалува исконскиот фитил во нив, се разбудува генот што врзува генерации, та поведени од тоа подземно ехо што руши со својата силина, маѓепсани од ритамот што го буди во тебе она примитивното и најдивото, како дамлосани од тој автентичен и чист национален мелос, тие паѓаат ничкосани на колена во влажната земја, возбудени до немајкаде. Сега се леки листови во рана есен, со телото поттурнато наназад како развиено едро, со рацете испружени високо - мислиш сакаат целото небо да го земат само за себе, со очи затворени во восхит до болка.
Во тој бесконечен миг сонцето од македонското знаме како да оживува и се сторува огнена топка во ноќта, за да ја просветли како ден, невообичаената, но волшебна сцена. Неописливо и незаборавно чувство. Вековит филм се снима. Радосната солза на Аџо-Боро ја расплака и Мијачијата.
Неговиот замаглен поглед, под крошната на старото дрво наѕира две замислени силуети како седат пред сватовите и со чемер во гласот, инспирирани, им читаат - Конески „Тешкото“, а Прличев, „Сердарот“. Лесно му климнуваат со главите. Од другата страна, под стреата, како привид ги препознава, Андреевски, со пиреј во раката, и Чернодрински, во задлабочена беседа за неговата македонска крвава свадба. Со гордост потона Аџо-Боро во длабочините на кревката душа!
Со арно да е, и да се ќердосаат! Како бршлени да се гушнат за да не ги одвее ветерот, да не прекине нишката и родот - си зборува во себе, додека огномет почнува да го прошарува ноќното кичиничко небо.
Да се знае и памети кога Аџо-Боро ја даваше помалата ќерка!
The post Кога Аџо-Боро ја даваше ќерката appeared first on Република.
]]>The post Кога Аџо-Боро ја даваше ќерката appeared first on Република.
]]>Годинешното издание на најавтентичната културно-сценска манифестација кај нас ќе се одржи овој викенд, од 12 до 14 јули, во живописниот Галичник. Неколку илјади домашни посетители и странски туристи повторно ќе уживаат во атрактивното доживување кое го нуди овој единствен настан од ваков вид.
По објавениот конкурс за избор на невеста и зет на Галичка свадба 2024, советот на МЗ Галичник ја избра среќната двојка. Овогодишна невеста е Стефана Димитрова, со потекло од галичките фамилии Чаловски и Веноски, долгогодишна учесничка на галичка свадба, додека зетот е Даријан Кочоски.
Институционален покровител на „Галичка свадба“ е претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова. Тоа дополнително го истакнува значењето на оваа манифестација, која игра огромна улога во зачувувањето и афирмацијата на оригиналниот фолклор, традиционалните вредности, архитектурата и народното творештво, како темели на нашиот културен и национален идентитет. Еден од традиционалните поддржувачи на манифестацијата и годинава е Министерството за култура и туризам.
Ваквиот начин на обележување на Галичката свадба прв пат е одржан во далечната 1963 година, а досега настанот имал вкупно 50 изданија. Токму половина век од соработката со оваа манифестација годинава обележува Пивара Скопје, чија што поддршка и брендови прераснаа во своевиден симбол на настанот.
Традиционално, почетокот на свадбениот обред, вечерта в сабота, 13 јули, ќе го означи побратимот со „фрлање“ на три пушки и со виорење и поставување на свадбениот бајрак. Вечерта продолжува со останатите обичаи – пречек на тапаните, кои два дена ќе ечат низ Галичник, свекрвиното оро, а членовите на НУ „Танец“ ќе го одиграат симболичното „Тешкото“. Секогаш импресивна е и глетката кога сватовите со борина в рака ќе ја носат девојката да наполни вода на три чешми кај опеаната „Упија“.
Денот на венчавката, недела, 14 јули, ќе го обележат атрактивните свадбени обреди и обичаи, меѓу кои таканареченото канење на мртвите, канењето на кумот, бричењето на зетот, бодинењето, гледањето низ прстен, пречекот на сватовите, земањето на невестата, дарувањето и други обичаи. Ѝ годинава пејачка група ќе ги изведува подзаборавените обредни песни. Венчавањето на младенците ќе се изврши во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“, а свеченоста ќе заврши со испраќањето на тапанџиите и зурлаџиите.
И за годинешната манифестација ќе биде воспоставен специјален сообраќаен режим, а организаторот и партнерите апелираат посетителите да се придржуваат до куќниот ред, да не возат доколку пијат и да се грижат за околината и природата во Галичник.
The post Домашни посетители и странски туристи повторно ќе уживаат во атрактивното доживување кое го нуди манифестацијата „Галичка свадба“ appeared first on Република.
]]>The post Домашни посетители и странски туристи повторно ќе уживаат во атрактивното доживување кое го нуди манифестацијата „Галичка свадба“ appeared first on Република.
]]>Викендов Танец ќе биде дел од традиционаланта Галичка свадба.
На 13 и 14 јули, играорките и играорците на Танец, придружувани од познатата зурлаџиска тајфа Мајовци, ќе ги изведат антологиските ора „Невестинско”, „Тешкото” и „Манукот”, ора без кои е незамислива оваа најпрочуена традиционална свадбена манифестација во регионот“ најавуваат од Танец.
Институционален покровител на „Галичка свадба“ е претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова. Еден од традиционалните поддржувачи на манифестацијата и годинава е Министерството за култура и туризам.
Галичката свадба за прв пат е одржана во далечната 1963 година, а досега настанот имал вкупно 50 изданија.
The post Танец викендов ќе биде дел од Галичка свадба appeared first on Република.
]]>На 13 и 14 јули, играорките и играорците на Танец, придружувани од познатата зурлаџиска тајфа Мајовци, ќе ги изведат антологиските ора „Невестинско”, „Тешкото” и „Манукот”, ора без кои е незамислива оваа најпрочуена традиционална свадбена манифестација во регионот“ најавуваат од Танец.Институционален покровител на „Галичка свадба“ е претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова. Еден од традиционалните поддржувачи на манифестацијата и годинава е Министерството за култура и туризам. Галичката свадба за прв пат е одржана во далечната 1963 година, а досега настанот имал вкупно 50 изданија.
The post Танец викендов ќе биде дел од Галичка свадба appeared first on Република.
]]>Стефана Димитрова и Даријан Кочоски се невеста и зет на годинашната „Галичка свадба“, најавтентичната културно-сценска манифестација кај нас која ќе се одржи претстојниов викенд. Младенците ќе се венчаат в недела, 14 јули, во црквата „Свети апостоли Петар и Павле“ во Галичник со извршување на вековните свадбени обичаи и обреди.
Галичко потекло има невестата Стефана, која на прес-конференција денеска рече дека е преплавена од емоции, чувствува среќа и возбуда и е почестена што со Даријан годинава ќе бидат младенци на Галичката свадба.
Како што рече, потеклото и е галичко по двете баби кои се родени таму, од фамилиите Чаловски и Веновски, а веќе десет години учествува на „Галичката свадба“ носејќи ја носијата на прабаба ѝ Докија Чаловска.
-Верувам дека правилно ќе ја почувствуваме и ќе ја пренесеме галичката традиција која ни е оставена во наследство од нашите предци. Не треба да дозволиме нејзино искоренување. Ова беше моја желба, но многу е важно кој ми ја исполни таа желба – му благодарам многу на Даријан што уште еднаш ми покажа што значи вистинска љубов и разбирање, истакна Стефана Димитрова.
Нејзиниот сопруг Даријан Кочоски рече дека со задоволство прифатил да биде зет на годинашната манифестација која секоја година ја посетуваат многу домашни гости, но и странски туристи. Се заблагодари на организаторот, Месната заедница Галичник, што ги избрала токму нив да бидат младенци на „Галичката свадба 2024“.
Институционален покровител на „Галичката свадба“ е претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, поддржувач е Министерството за култура и туризам, а „Пивара Скопје“ веќе 50 години е партнер во организирањето на манифестацијата.
Свадбарските обичаи ќе почнат в сабота, 13 јули, со обредот „фрлање три пушки“ и со „виорење на свадбениот бајрак“. Вечерта в сабота е и пречекот на тапаните, свекрвиното оро, а членови на ансамблот „Танец“ ќе го одиграат „Тешкото“ – препознатливото оро за печалбарскиот Галичник.
Обичаите (канење на мртвите, канење на кумот, бричење на зетот, гледањето низ прстен, пречекот на сватовите, земањето на невестата, дарувањето…) и обредните песни и ора ќе продолжат в недела, на денот на венчавката на младенците во црквата во Галичник, а свеченоста ќе заврши со испраќање на тапанџиите и зурлаџиите.
На платото пред чешмата Упија во Галичник ќе биде обезбеден пренос, а целата манифестација во живо ќе може да се следи и на социјалните медиуми на Месната заедница Галичник.
Претседателот на МЗ Галичник, Александар Костиќ, на прес-конференцијата изрази задоволство што и по толку децении не спласнува интересот на младите да бидат дел од „Галичката свадба“.
-Напротив, интересот секоја година расте. Тоа е знак дека успеавме во нашата мисија да ги одржиме витални нашите обичаи и вредностите на традицијата која сме ја наследиле и ја пренесуваме на следните генерации, истакна Костиќ и додаде дека со поддршка на долгогодишните партнери, Галичник и годинава е подготвен на сите посетители да им ја презентира богатата и уникатна традиција.
Марија Мининчиќ од „Пивара Скопје“ истакна дека кога една соработка трае половина век, јасно е, рече, дека двете страни ги врзуваат исти вредности – „негување и грижа за традицијата и зближување на луѓето на настани кои се исполнети со позитивна енергија и заедништво“.
-Цела генерација „пиварци“ се горди на оваа поврзаност меѓу „Галичка свадба“ и „Пивара Скопје“ и на она што „Скопско“, како бренд кој годинава одбележува 100 години, се издигна на ниво како симбол на оваа исклучителна традиција, рече Мининчиќ.
Организаторите ја поканија јавноста да присуствува викендов во Галичник, но и повикаа на одговорно однесување кон природата и внимателност со фрлањето на отпадот, како и одговорно однесување во сообраќајот – возачите да не пијат алкохол и да го почитуваат сообраќајниот режим.
За почитување на „куќниот ред“ апелираше Костиќ нагласувајќи дека тоа ќе придонесе за беспрекорно организирање на настанот. Тој информираше дека движење на моторни возила низ Галичник ќе биде забрането од 21 до 1 часот по полноќ во петок (12 јули), од 18 до 22 часот во сабота (13 јули) и од 7.30 до 15 часот во недела (14 јули), односно забраната ќе важи и надвор од овие термини доколку се утврди потреба.
Од 12 до 14 јули не е дозволено ниту паркирање кај црквата „Свети апостоли Петар и Павле“ , на Упија и секаде каде што ќе се одвива свадбата. Непрописно паркираните возила ќе бидат отстранети со „пајак“.
The post Стефана Димитрова и Даријан Кочоски се младенци на годинашната „Галичка свадба“ appeared first on Република.
]]>The post Стефана Димитрова и Даријан Кочоски се младенци на годинашната „Галичка свадба“ appeared first on Република.
]]>Одлука за избор на невеста и зет за Галичка свадба 2024
Драги галичани и љубители на Галичник,
Со голема радост ви соопштуваме дека по објавениот конкурс за избор на невеста и зет на Галичка свадба 2024 што годинава ќе се одржи од 12 до 14 јули, советот на МЗ Галичник ја избра среќната двојка. Овогодишна невеста е Стефана Димитрова, со потекло од галичките фамилии Чаловски и Веноски, долгогодишна учесничка на галичка свадба, додека зетот е Даријан Кочоски. Двојката ги исполнува сите потребни услови за учество во галичката свадба.Нека се вечно среќни и бериќетни, да се ќердосает! Годинава на венчавка, в`година на крштевка!
За многу години да им е љубовта и среќата!
The post На Галичка свадба овогодишна невеста е Стефана Димитрова, а зетот е Даријан Кочоски appeared first on Република.
]]>Одлука за избор на невеста и зет за Галичка свадба 2024
Драги галичани и љубители на Галичник,
Со голема радост ви соопштуваме дека по објавениот конкурс за избор на невеста и зет на Галичка свадба 2024 што годинава ќе се одржи од 12 до 14 јули, советот на МЗ Галичник ја избра среќната двојка. Овогодишна невеста е Стефана Димитрова, со потекло од галичките фамилии Чаловски и Веноски, долгогодишна учесничка на галичка свадба, додека зетот е Даријан Кочоски. Двојката ги исполнува сите потребни услови за учество во галичката свадба.Нека се вечно среќни и бериќетни, да се ќердосает! Годинава на венчавка, в`година на крштевка!
За многу години да им е љубовта и среќата!
The post На Галичка свадба овогодишна невеста е Стефана Димитрова, а зетот е Даријан Кочоски appeared first on Република.
]]>Месната заедница Галичник информира дека ги започнале подготовките за годинешната Галичка свадба.
И на годинешните зет и невеста ќе им го направиме денот незаборавен, притоа одржувајќи ги во живот и чувајќи ги од заборав нашите единствени обичаи! Ги каниме сите вљубени двојки кои решиле да стапнат на лудиот камен годинава, и кои сакаат да си дадат завет пред Бога за Петровден, најдоцна до 30.04.2023 да се пријават на [email protected] испраќајќи e-mail со назнака „За избор на зет и невеста”.
Нека ни пишат некој збор зошто сакаат да бидат токму тие младоженците годинава и нека ни испратат фотографии.
Предност ќе имаат оние кандидати кои имаат:
1. Потекло од Галичник (двајцата или едниот),
2. Искуство во учество на Галичка свадба во друга улога,
3. Учество во активностите на Месната заедница,
4. Ова да им е прв црковен брак.
Одлуката за избор на зет и невеста ќе ја донесе Советот на Месната заедница Галичник и ќе ја објави најдоцна до 31.05.2023 на веб страницата на Галичник и на официјалниот ФБ профил на МЗ Галичник, стои во објавата.
The post Почна пријавувањето за зетот и невестата за Галичка свадбба appeared first on Република.
]]>The post Почна пријавувањето за зетот и невестата за Галичка свадбба appeared first on Република.
]]>Вчеравечер со изведување на низа обичаи и традиции, почна годинешното издание на Галичка свадба, 48 по ред. Младенци на манифестацијата, која собира бројни посетители и туристи, годинава се Илчо Димитров и Елена Дуровска.
Свадбата почна со редење, китење и веење на свадбарскиот бајрак, пукање три пушки од балконот на куќата на зетот, потоа продолжи со играње на свекрвино и невестинско оро, Тешкото, и обичајот на одење по вода на три чешми.
Денес наутро, манифестацијата продолжува со обичаите на канење на мртвите, канење на кумот, бричење на зетот, гледање низ прстен, земање на невестата, венчавање итн.
Венчавањето на младенците во црквата Свети Петар и Павле ќе се одвива во 12.30 часот, а манифестацијата се заокружува со испраќање на топаните.
Галичката свадба е во организација на МЗ Галичник.
фото:МЗ Галичник
The post 48. издание на Галичка свадба appeared first on Република.
]]>The post 48. издание на Галичка свадба appeared first on Република.
]]>Годинашната Галичка свадба, eден од најубавите културни настани во државата што ја обележуваат богатата македонска традиција, ќе биде најскапа досега, а ќе се одржува од 15 до 17 јули.
На фејсбук- профилот на Месната заедница Галичник веќе е објавен повикот за пријавување за зет и невеста, а сватовите, заедно со младенците и со присутните во Галичник, како што дознаваме, годинава ќе имаат можност да уживаат во концерт со песни во чест на легендарниот пејач и композитор на македонски народни песни, галичанецот Сариевски, во изведба на естрадни уметници.
Од Министерството за култура кое е традиционален поддржувач на оваа манифестација, која стана препознатлив македонски бренд, добиле 1,5 милиони денари за реализација, што е дупло повеќе од лани.
The post „Галичка свадба“ со двојно поголем буџет годинава најавува концерт со песни во чест на Александар Сариевски appeared first on Република.
]]>The post „Галичка свадба“ со двојно поголем буџет годинава најавува концерт со песни во чест на Александар Сариевски appeared first on Република.
]]>Месната заедница Галичник информира дека започнато е пријавувањето за зет и невеста за Галичката свадба 2022 година.
Оваа година Галичка свадба ќе се одржува од 15 до 17 јули.
Заинтересираните кандидати за зет и невеста за оваа година, најдоцна до 31.03.2022 година треба да достават мотивациско писмо со фотографии на следната е-маил адреса: [email protected] со назнака „За избор на зет и невеста“.
Критериуми за избор кои ќе бидат земени предвид:
-Потекло од Галичник (двајцата или едниот);
-Искуство во учество на Галичка свадба во друга улога;
-Учество во активностите на Месната заеница;
-Ова да им е прв црковен брак.
Одлуката за избор на зет и невеста ќе ја донесе Советот на Месната заедница Галичник и истата ќе биде објавена до 31.05.2022 на веб страната на Галичник и официјалниот ФБ профил на МЗ Галичник.
The post Се бираат зет и невеста за Галичка свадба appeared first on Република.
]]>The post Се бираат зет и невеста за Галичка свадба appeared first on Република.
]]>