галерија Archives - Република https://republika.mk/tema/galerija/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Feb 2024 11:50:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png галерија Archives - Република https://republika.mk/tema/galerija/ 32 32 Беса Даути е нова директорка на Уметничка галерија – Тетово https://republika.mk/vesti/kultura/besa-dauti-e-nova-direktorka-na-umetnichka-galerija-tetovo/ Wed, 21 Feb 2024 11:50:16 +0000 https://republika.mk/?p=746520

Со одлука на Министерството за култура за директор на Национална установа Уметничка галерија - Тетово од денес ќе биде Беса Даути, информираа од тетовската установа. Даути е неколку години вработена во Уметничката галерија во Тетово, како ликовен кустос, а по професија е академски сликар.

- Беса Даути студирала сликарство на Академијата за уметности во Тетово. Работи како академски сликар и ликовен кустос во Уметничката галерија Тетово. Искуството, длабоките познавања на културно-образовна формација на Беса Даути ќе го инспирира и тимот на Галеријата и нашите уметници, посетители и љубители на уметноста, што ќе донесе сериозна посветеност на континуираниот развој на установата, се вели во соопштението на Уметничка галерија.

Беса Даути доаѓа на местото на досегашната директорка, Арбенита Мета, која ја раководеше установата од октомври 2023 година.

The post Беса Даути е нова директорка на Уметничка галерија – Тетово appeared first on Република.

]]>

Со одлука на Министерството за култура за директор на Национална установа Уметничка галерија - Тетово од денес ќе биде Беса Даути, информираа од тетовската установа. Даути е неколку години вработена во Уметничката галерија во Тетово, како ликовен кустос, а по професија е академски сликар. - Беса Даути студирала сликарство на Академијата за уметности во Тетово. Работи како академски сликар и ликовен кустос во Уметничката галерија Тетово. Искуството, длабоките познавања на културно-образовна формација на Беса Даути ќе го инспирира и тимот на Галеријата и нашите уметници, посетители и љубители на уметноста, што ќе донесе сериозна посветеност на континуираниот развој на установата, се вели во соопштението на Уметничка галерија. Беса Даути доаѓа на местото на досегашната директорка, Арбенита Мета, која ја раководеше установата од октомври 2023 година.

The post Беса Даути е нова директорка на Уметничка галерија – Тетово appeared first on Република.

]]>
Изложба „Париски рефлексии 2“ во Националната галерија https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-pariski-refleksii-2-vo-chetvrtok-vo-natsionalnata-galerija/ Thu, 09 Mar 2023 07:40:36 +0000 https://republika.mk/?p=616820

Во четврток (9 март) со почеток во 12 часот во Националната галерија ќе се отвори изложбата „Париски рефлексии 2“.

Ова е второ продолжение на изложбата, а се случува во рамки на одбележување на Меѓународниот ден на Франкофонијата, во соработка на Националната галерија во соработка со Францускиот институт во Скопје.

„Изложбата која го носи предзнакот 2, ги претставува делата на втората генерација македонски уметници кои реализирале студиски престој, изложби или на извесен начин во дел од нивното творештво биле поврзани во центарот на светската уметност – Париз, по што извршиле влијание врз развојот на македонската уметност, особено во доменот на пренесување на влијанијата на надреализмот, енформелот и останатите тогаш актуелни светски тенденции. Оваа селекција се однесува на авторите кои се родени до 1930 година, кои ја дефинирале ликовната сцена кај нас по Втората светска војна па се до 6та и 7та деценија на 20 век: Вангел Коџоман, Димитрије Поповиќ – Цицо, Борислав Траиковски, Димитар Кондовски, Томо Шијак, Петар Мазев, Спасе Куновски, Ордан Петлевски, Иван Велков, Богољуб Ивковиќ, Ристо Лозаноски, Ванчо Ѓорѓиевски, Трајче Јанчевски, Вангел Наумовски и други, како и францускиот уметник Клод Дервен, кој во поново време творел во Македонија. Сите претставени дела се дел од Колекцијата на Националната галерија“, велат организаторите на настанот.

Изложбата ќе ја отворат претседателот на Македонија Стево Пендаровски, амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер и директорката на Националната галерија Дита Старова Ќерими.

Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска.

The post Изложба „Париски рефлексии 2“ во Националната галерија appeared first on Република.

]]>

Во четврток (9 март) со почеток во 12 часот во Националната галерија ќе се отвори изложбата „Париски рефлексии 2“. Ова е второ продолжение на изложбата, а се случува во рамки на одбележување на Меѓународниот ден на Франкофонијата, во соработка на Националната галерија во соработка со Францускиот институт во Скопје. „Изложбата која го носи предзнакот 2, ги претставува делата на втората генерација македонски уметници кои реализирале студиски престој, изложби или на извесен начин во дел од нивното творештво биле поврзани во центарот на светската уметност – Париз, по што извршиле влијание врз развојот на македонската уметност, особено во доменот на пренесување на влијанијата на надреализмот, енформелот и останатите тогаш актуелни светски тенденции. Оваа селекција се однесува на авторите кои се родени до 1930 година, кои ја дефинирале ликовната сцена кај нас по Втората светска војна па се до 6та и 7та деценија на 20 век: Вангел Коџоман, Димитрије Поповиќ – Цицо, Борислав Траиковски, Димитар Кондовски, Томо Шијак, Петар Мазев, Спасе Куновски, Ордан Петлевски, Иван Велков, Богољуб Ивковиќ, Ристо Лозаноски, Ванчо Ѓорѓиевски, Трајче Јанчевски, Вангел Наумовски и други, како и францускиот уметник Клод Дервен, кој во поново време творел во Македонија. Сите претставени дела се дел од Колекцијата на Националната галерија“, велат организаторите на настанот. Изложбата ќе ја отворат претседателот на Македонија Стево Пендаровски, амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер и директорката на Националната галерија Дита Старова Ќерими. Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска.

The post Изложба „Париски рефлексии 2“ во Националната галерија appeared first on Република.

]]>
Самостојна изложба „Едноставност/Сложеност“ на Ненси Тонг во галеријата „Остен“, в петок разговор со уметницата https://republika.mk/vesti/kultura/samostojna-izlozhba-ednostavnost-slozhenost-na-nensi-tong-vo-galerijata-osten-v-petok-razgovor-so-umetnitsata/ Wed, 08 Feb 2023 09:35:12 +0000 https://republika.mk/?p=606361

Во галеријата „Остен“ е отворена самостојната изложба на слики од уметницата Ненси Тонг – „Едноставност/Сложеност“ во дијалог со дело на Марина Абрамовиќ од колекцијата на Остен Музејот.

Како што информираат од „Остен“, в петок на пладне во нивната галерија ќе се одржи разговор со уметникот.

Ненси Тонг, која доаѓа од Хонг Конг, е добитничка на наградата ОСТЕН на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на цртеж Скопје 2022 и првиот кинески уметник избран за финалист и добитник на награда на ОСТЕН Биеналето на цртеж.

За публиката моите слики можат истовремено да изгледаат статични и спонтано динамични. Чувството на меѓусебност, коегзистенција на состојба на сликовно рамниште, е соодветна претстава и на двојноста на моето културно воспитување и на заматените односи кои секој од нас ги проектира кон светот.

Мојата изложба ги истражува физичките и психолошките граници во дијалог со една од моите најомилени уметници, Марина Абрамовиќ, преку моите дела што ја поврзува мојата емотивна личност со нејзината инспиративна креативност, вели Ненси Тонг за својата изложба.

Оваа изложба претставува своевидна најава за програмските активности кои ОСТЕН ќе ги организира на 22 и 23 февруари во Чифте амам. Тоа е отворањето на официјалната изложба на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на цртеж Скопје 2022 каде ќе бидат изложени дела на околу 200 меѓународни уметници од 40 земји во светот.

The post Самостојна изложба „Едноставност/Сложеност“ на Ненси Тонг во галеријата „Остен“, в петок разговор со уметницата appeared first on Република.

]]>

Во галеријата „Остен“ е отворена самостојната изложба на слики од уметницата Ненси Тонг – „Едноставност/Сложеност“ во дијалог со дело на Марина Абрамовиќ од колекцијата на Остен Музејот. Како што информираат од „Остен“, в петок на пладне во нивната галерија ќе се одржи разговор со уметникот. Ненси Тонг, која доаѓа од Хонг Конг, е добитничка на наградата ОСТЕН на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на цртеж Скопје 2022 и првиот кинески уметник избран за финалист и добитник на награда на ОСТЕН Биеналето на цртеж.
За публиката моите слики можат истовремено да изгледаат статични и спонтано динамични. Чувството на меѓусебност, коегзистенција на состојба на сликовно рамниште, е соодветна претстава и на двојноста на моето културно воспитување и на заматените односи кои секој од нас ги проектира кон светот. Мојата изложба ги истражува физичките и психолошките граници во дијалог со една од моите најомилени уметници, Марина Абрамовиќ, преку моите дела што ја поврзува мојата емотивна личност со нејзината инспиративна креативност, вели Ненси Тонг за својата изложба.
Оваа изложба претставува своевидна најава за програмските активности кои ОСТЕН ќе ги организира на 22 и 23 февруари во Чифте амам. Тоа е отворањето на официјалната изложба на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на цртеж Скопје 2022 каде ќе бидат изложени дела на околу 200 меѓународни уметници од 40 земји во светот.

The post Самостојна изложба „Едноставност/Сложеност“ на Ненси Тонг во галеријата „Остен“, в петок разговор со уметницата appeared first on Република.

]]>
Влезот во музеите и културните установи на 8 Септември ќе биде бесплатен https://republika.mk/vesti/kultura/vlezot-vo-muzeite-i-kulturnite-ustanovi-na-8-septemvri-kje-bide-besplaten/ Wed, 07 Sep 2022 08:39:20 +0000 https://republika.mk/?p=548185

По повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, под мотото „Обединети во слободата“, во организација на Владата, покрај многубројните пригодни манифестации, за граѓаните од 11 часот ќе бидат отворени за посета, со бесплатен влез, повеќе културни установи, музеи и галерии.

Во текот на утрешниот ден ќе бидат отворени археолошките локалитети Стоби и Херaклеја, потоа Музејот во Охрид и Куќата на Робевци, Археолошкиот музеј – Скопје, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Македонија, Природонаучниот музеј, Музејот на современата уметност , Даут-пашиниот амам и Чифте амам.

Низ државава, на Отворениот ден на музеите по повод празникот, вратите ќе бидат отворени од 9 до 17 часот и во музеите и заводите во: Прилеп, Струмица, Куманово, Гевгелија, Штип, Крушево; во Уметничката галерија во Тетово и во Музејот на Тетовскиот крај, како и во Музејот на албанската азбука – Битола и Музејот на Западна Македонија во НОВ – Кичево.

Театарот за деца и младинци, една од омилените институции во државава за својата верна публика, на Денот на независноста, 8 Септември, кај Школката во Градскиот парк во Скопје ќе ја изведе куклената претстава „Лакомата меца“. Претставата, која е лесно приспособлива за отворен простор, е една од оние што поради својата интерактивност со детската публика е долги години на репертоарот на Театарот. Режијата е на Дарин Петков, а играат: Владимир Лазовски, Катарина Илиевска-Силјановска и Ана Левајковиќ-Бошков.

 

The post Влезот во музеите и културните установи на 8 Септември ќе биде бесплатен appeared first on Република.

]]>

По повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, под мотото „Обединети во слободата“, во организација на Владата, покрај многубројните пригодни манифестации, за граѓаните од 11 часот ќе бидат отворени за посета, со бесплатен влез, повеќе културни установи, музеи и галерии. Во текот на утрешниот ден ќе бидат отворени археолошките локалитети Стоби и Херaклеја, потоа Музејот во Охрид и Куќата на Робевци, Археолошкиот музеј – Скопје, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Македонија, Природонаучниот музеј, Музејот на современата уметност , Даут-пашиниот амам и Чифте амам. Низ државава, на Отворениот ден на музеите по повод празникот, вратите ќе бидат отворени од 9 до 17 часот и во музеите и заводите во: Прилеп, Струмица, Куманово, Гевгелија, Штип, Крушево; во Уметничката галерија во Тетово и во Музејот на Тетовскиот крај, како и во Музејот на албанската азбука – Битола и Музејот на Западна Македонија во НОВ – Кичево. Театарот за деца и младинци, една од омилените институции во државава за својата верна публика, на Денот на независноста, 8 Септември, кај Школката во Градскиот парк во Скопје ќе ја изведе куклената претстава „Лакомата меца“. Претставата, која е лесно приспособлива за отворен простор, е една од оние што поради својата интерактивност со детската публика е долги години на репертоарот на Театарот. Режијата е на Дарин Петков, а играат: Владимир Лазовски, Катарина Илиевска-Силјановска и Ана Левајковиќ-Бошков.  

The post Влезот во музеите и културните установи на 8 Септември ќе биде бесплатен appeared first on Република.

]]>