фзом Archives - Република https://republika.mk/tema/fzom/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Nov 2024 11:52:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фзом Archives - Република https://republika.mk/tema/fzom/ 32 32 Шеесетина вработени во ФЗО даруваа крв https://republika.mk/vesti/makedonija/sheesetina-vraboteni-vo-fzo-daruvaa-krv/ Mon, 11 Nov 2024 11:52:02 +0000 https://republika.mk/?p=836319

Шеесетина вработени во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) учестуваа во традиционалната крводарителска акција „Фондовско срце”.

Оваа крводарителска акција се одржува секоја година во просториите на ФЗО. Организирано оваа акција започна во 2013 година, пред се за вработените од Централата и ПС Скопје и се одржува кон крајот на октомври или почетокот на ноември месец. ФЗО како и секогаш останува промотор на крводарителството како најхуман чин во општеството.

Особено сум горд на моите колеги кои оваа акција си ја прифатија како своја, како и поради фактот што акцијата е една од ретките активности за која нема никаква поделба по било кој основ. Би сакал да се заблагодарам на Црвениот Крст, како и на Институтот за Трансфузиона медицина. Сакам јавно да им заблагодарам на колешките кои активно учествуваа и учествуваат во организирање на оваа акција – Сања Стојчевска Абутиќ, Миранда Беќири, Катарина Наумовска и Емилија Младеновска. Оваа година со директорот Сашо одлучивме да ги поттикнеме вработените кои првпат даруваат крв, вклучително и најмладите вработени да ги наградиме со симболична парична награда. Следната 2025та година на роденденот на ФЗО на 17 октомври, „Фондовско срце” ќе се одвива и во најголемите подрачни служби на Фондот и ќе се овозможи да се пријавуваат и лица кои не се вработени – изјави Бранко Аџигогов, в.д. директор на ФЗО.

Клековски додава дека го исполнува сплотеностa на вработените во ФЗО, кои сами ја организирале и ја спровеле оваа крводарителска акција.

Следната крводарителска акција на роденденот на ФЗО, ќе се спроведе на ниво на сите вработени во ФЗО, а Директорот на ФЗО ќе биде покровител. Со ова се надевам ќе се внесе нов дух и ќе се воспостави како пракса не само за нас туку и за сите идни директори, изјави Сашо Клековски, в.д. директор на ФЗО.

The post Шеесетина вработени во ФЗО даруваа крв appeared first on Република.

]]>

Клековски: ФЗО од 2014 година или е во „статус кво“ или е во уназадување во сите подрачја од сопствената работа https://republika.mk/vesti/makedonija/klekovski-fzo-od-2014-godina-ili-e-vo-status-kvo-ili-e-vo-unazaduvane-vo-site-podrachja-od-sopstvenata-rabota/ Mon, 04 Nov 2024 13:43:27 +0000 https://republika.mk/?p=834053

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) од 2014 година или е во „статус кво“ или е во уназадување во сите подрачја од сопствената работа, оцени денеска директорот на ФЗО Сашо Клековски.

Сите 740 вработени во ФЗО, како што кажа, работат на надминување на проблемите. Со ребалансот на Буџетот, додаде, ФЗО има сопствен буџет од околу 780 милиони евра од кои 87 отсто се за здравствени услуги, 11,5 отсто за надоместоци за боледување, а 1,5 отсто трошоци за функционирање на ФЗО.

Проблемите најлесно се гледаат низ долгот на јавно здравствените установи (ЈЗУ). На 30 јуни годинава 109 ЈЗУ имаа долг од пет милијарди денари и само во првото полугодие од годинава долгот беше зголемен за една милијарда денари. Во буџетот на ФЗО не биле планирани ниту усогласувањата на платата во здравството договорени во 2023 година. Тоа значи дека има зголемување на долговите, а не се покриени преземените обврски за плати во јавното здравство и за условите за работа во смисла на лекарства, рече Клековски на Платформата „100 проценти посветени на тебе на тема: Мерки и политики за унапредување на здравството, социјалната политика, демографијата и младите“ што денеска се одржа во Владата.

Токму затоа, како што кажа, една од првите активности на ФЗО во соработка со Проектот за добро владеење на УСАИД била да се направи функционална анализа и проценка на ризиците од корупција.

Во здравството нема да имаме подобрување доколку не ја сузбиеме корупцијата и криминалот. Сметаме дека тоа треба да води кон неопходни заштеди кои се потребни за подобрување на здравствената заштита и на условите за работа. Значаен поттик беше и ребалансот на буџетот со кој заедно со заштедите се овозможува да се намалат долговите на ЈЗУ за две милијарди денари, рече Клековски.

Со тоа, додаде, ќе се намалат судските трошоци и каматите во судските спорови заради не сервисирањето на долговите, износи кои се во милиони евра.

Се надеваме дека со подобра наша финансиска дисциплина ќе придонесеме во намалување на цените на лековите, бидејќи во нив сега е вкалкулирана и цената на неплаќањето, посочи Клековски.

Нагласи дека ФЗО веќе обезбеди финансирање секаде каде што требаше да се обезбеди континуитет на услугите, односно околу пет милиони евра за Клиниката за радиотерапија и онкологија, зголемен е фондот за генетските истражувања, обезбеден е дополнителен фонд за Детска кардиохирургија,...

Во моментов работиме на калкулации дел од лековите што се на позитивната листа за болниците заради полесна достапност на пациентите да бидат префрлени на позитивната листа на достапност во аптеките. Разговараме и со здруженијата на матичните доктори и очекуваме до крајот на годинава да постигнеме договор за повеќе мерки за подобрување на работата во примарната заштита, потенцира Клековски.

The post Клековски: ФЗО од 2014 година или е во „статус кво“ или е во уназадување во сите подрачја од сопствената работа appeared first on Република.

]]>

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) од 2014 година или е во „статус кво“ или е во уназадување во сите подрачја од сопствената работа, оцени денеска директорот на ФЗО Сашо Клековски. Сите 740 вработени во ФЗО, како што кажа, работат на надминување на проблемите. Со ребалансот на Буџетот, додаде, ФЗО има сопствен буџет од околу 780 милиони евра од кои 87 отсто се за здравствени услуги, 11,5 отсто за надоместоци за боледување, а 1,5 отсто трошоци за функционирање на ФЗО.
Проблемите најлесно се гледаат низ долгот на јавно здравствените установи (ЈЗУ). На 30 јуни годинава 109 ЈЗУ имаа долг од пет милијарди денари и само во првото полугодие од годинава долгот беше зголемен за една милијарда денари. Во буџетот на ФЗО не биле планирани ниту усогласувањата на платата во здравството договорени во 2023 година. Тоа значи дека има зголемување на долговите, а не се покриени преземените обврски за плати во јавното здравство и за условите за работа во смисла на лекарства, рече Клековски на Платформата „100 проценти посветени на тебе на тема: Мерки и политики за унапредување на здравството, социјалната политика, демографијата и младите“ што денеска се одржа во Владата.
Токму затоа, како што кажа, една од првите активности на ФЗО во соработка со Проектот за добро владеење на УСАИД била да се направи функционална анализа и проценка на ризиците од корупција.
Во здравството нема да имаме подобрување доколку не ја сузбиеме корупцијата и криминалот. Сметаме дека тоа треба да води кон неопходни заштеди кои се потребни за подобрување на здравствената заштита и на условите за работа. Значаен поттик беше и ребалансот на буџетот со кој заедно со заштедите се овозможува да се намалат долговите на ЈЗУ за две милијарди денари, рече Клековски.
Со тоа, додаде, ќе се намалат судските трошоци и каматите во судските спорови заради не сервисирањето на долговите, износи кои се во милиони евра.
Се надеваме дека со подобра наша финансиска дисциплина ќе придонесеме во намалување на цените на лековите, бидејќи во нив сега е вкалкулирана и цената на неплаќањето, посочи Клековски.
Нагласи дека ФЗО веќе обезбеди финансирање секаде каде што требаше да се обезбеди континуитет на услугите, односно околу пет милиони евра за Клиниката за радиотерапија и онкологија, зголемен е фондот за генетските истражувања, обезбеден е дополнителен фонд за Детска кардиохирургија,...
Во моментов работиме на калкулации дел од лековите што се на позитивната листа за болниците заради полесна достапност на пациентите да бидат префрлени на позитивната листа на достапност во аптеките. Разговараме и со здруженијата на матичните доктори и очекуваме до крајот на годинава да постигнеме договор за повеќе мерки за подобрување на работата во примарната заштита, потенцира Клековски.

The post Клековски: ФЗО од 2014 година или е во „статус кво“ или е во уназадување во сите подрачја од сопствената работа appeared first on Република.

]]>
Лекови, нови протоколи на Онкологија и подостапни контроли, бараат пациентките со рак на дојка https://republika.mk/vesti/makedonija/lekovi-novi-protokoli-na-onkologija-i-podostapni-kontroli-baraat-patsientkite-so-rak-na-dojka/ Sun, 20 Oct 2024 07:26:52 +0000 https://republika.mk/?p=828976

Промена на позитивната листа на лекови, корекција на скрининг програмата, нови протоколи на Клиниката за онкологија за да се подобрат условите за пациентите, но и да се олесни работата на докторите, бараат здруженијата на пациентките болни од рак на дојка. Октомври е месец за борба против рак на дојка и се одржуваат бројни активности се со цел подигнување на свеста кај жените, но и кај мажите за самопреглед и редовни контроли.

Катерина Цаневска Арсовска, новинарка и онколошки пациент вели дека државата треба поорганизирано да настапува кон онколошките пациенти, да има доволно лекари и друг медицински персонал и лекови.

– Да има доволно доктори, медицински сестри, кревети. Мора многу поорганизирано да се настапува како држава кон онколошките пациенти, кон исполнувањето на услови за нивно лекување. Кога ќе одат да примат терапија, да не се плашат дали терапијата ќе ја има или ќе ја нема. Тешко е да нема терапија за некој од Скопје, кој ќе отиде и ќе се врати, па ќе доаѓа пак, ама замислете тоа да му се случува некому што е со километри оддалечен од главниот град. Затоа треба да се обезбедат сите, најдобрите видови на терапија и да ја примаат сите пациенти, на кои тоа им е потребно. Тоа е она што неопходно треба државата да го направи како еден од првите потези, за онколошките пациенти кои се борат со најтешката болест, како и за нивните семејства, кои заедно со нив ја водат таа битка и треба да помогнат во излекувањето, ни одговори таа.

Нејзината битка, како што кажува, започнала пред една година и се уште трае.

– Мојата битка сѐ уште не е завршена. Започна точно пред една година. Не кажував никому дека се сомневам дека имам рак. Тоа траеше долго време, тоа е најголемата грешка што ја направив во животот. Мојот апел до сите жени е редовно да се прегледуваат и доколку забележат нешто сомнително, веднаш да отидат на доктор, затоа што многу полесно се лечи, отколку да го поминуваат овој пат, јас што го поминувам. До мај месец примав хемотерапија на Онколошката клиника, сподели таа со нас.

Цаневска Арсовска дознала дека има рак во периодот кога во земјата започна аферата со биолошката терапија на Клиниката за онкологија. Вели дека тоа многу влијаело на севкупната состојба и дека не знаела кому да верува.

– Тоа што можам да го кажам од моето искуство, мојата одисеја на борбата со ракот, започна токму во времето кога изби аферата за наводна онколошка злоупотреба. Надлежните органи сѐ уште немаат поведено постапка, мислам дека сѐ уште се собираат најверојатно докази во Обвинителството. Првите два дена не знаев за себе ништо кога почнав да ја примам хемотерапијата, вели таа.

Слушала, читала, не можела да поверува што се случува, не знаела кому да верува. Тоа, според неа, била најстрашната работа. Бидејќи никој не кажувал што навистина се случувало. Многу прашања, околу тоа дали онколошките пациенти примале или не вистинска терапија. Одговор на тие прашања сѐ уште нема.

Цаневска Арсовска вели дека имаме добро обучени лекари и многу добри медицински сестри. Нејзината порака до сите пациенти кои се соочуваат со шокот дека заболеле од рак, е, да не се откажуваат во ниту еден момент.

– Треба да имаш само позитивна мисла, позитивна енергија, не треба нервози. Треба добра мисла и добра волја и решителност за справување со ракот. Редовни скринизни, редовна мамографија, редовни контроли кај доктор. Нема ништо пострашно од тоа, да се крие и да се бега од вистината, порача Цаневска.

Пациентките кои се борат со рак на дојка неретко својата мака ја споделуваат во групите на Фејсбук сакајќи на тој начин да алармираат дека нешто треба да се промени.

– Денес бев на Онкологија. Шест и пол часа за примање на редовна терапија од 40 минути. Гужва вообичаена. Место за седење нема. Докторите турбо, секој сака да заврши работа, а кога ќе влезе сака да му се посвети внимание, пишува на Фејсбук една пациентка. Наведува дека и во 14:30 часот кога завршила со терапијата во ходникот пред вратата за примање терапија се уште имало гужва.

Фондот за здравство најавува поголема достапност на лекови и проширување на Позитивната листа

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски во изјава за МИА вели дека пред некои лекови да бидат ставени на позитивната листа, треба прво да бидат регистрирани за употреба во државата. Трошокот за лекови во нашата држава, е некаде над 150 милиони евра годишно.

– Не можеме да ставиме на Позитивна листа, лек што не е донесен и регистриран во Македонија. Значи, некој треба да го донесе лекот во Македонија и да го регистрира, да биде во продажба и потоа на барање на производителот, увозникот, дистрибутерот, да ги разгледаме причините за ставање на позитивна листа, вели Клековски.

Од друга страна, додава тој, бидејќи јавните финансирања не ги покриваат сите лекови, прашање на јавна политика е, кои лекови треба да бидат финансирани.

– Моето разбирање е дека кај болестите каде има повисок морбидитет и морталитет, односно почесто луѓето се разболуваат и умираат од тие болести, тука треба да се трудиме да апдејтираме, посочува Клековски, додавајќи дека тоа треба да биде и финансиски возможно.

Еден од првите следни чекори, како што најавува директорот, ќе биде дел од лековите достапни во болничко лекување, да се направат достапни во аптека за да нема потреба пациентите да одат во болница да ја подигнат терапијата или да бараат рефундација потоа на шалтерите во Фондот. Целта е, како што додава, Клиниката за онкологија да се растерети од гужва.

Клековски вели дека планираат и дополнителни средства за 2025 година за проширување на Позитивната листа.

Извор: МИА

The post Лекови, нови протоколи на Онкологија и подостапни контроли, бараат пациентките со рак на дојка appeared first on Република.

]]>

Промена на позитивната листа на лекови, корекција на скрининг програмата, нови протоколи на Клиниката за онкологија за да се подобрат условите за пациентите, но и да се олесни работата на докторите, бараат здруженијата на пациентките болни од рак на дојка. Октомври е месец за борба против рак на дојка и се одржуваат бројни активности се со цел подигнување на свеста кај жените, но и кај мажите за самопреглед и редовни контроли. Катерина Цаневска Арсовска, новинарка и онколошки пациент вели дека државата треба поорганизирано да настапува кон онколошките пациенти, да има доволно лекари и друг медицински персонал и лекови.
– Да има доволно доктори, медицински сестри, кревети. Мора многу поорганизирано да се настапува како држава кон онколошките пациенти, кон исполнувањето на услови за нивно лекување. Кога ќе одат да примат терапија, да не се плашат дали терапијата ќе ја има или ќе ја нема. Тешко е да нема терапија за некој од Скопје, кој ќе отиде и ќе се врати, па ќе доаѓа пак, ама замислете тоа да му се случува некому што е со километри оддалечен од главниот град. Затоа треба да се обезбедат сите, најдобрите видови на терапија и да ја примаат сите пациенти, на кои тоа им е потребно. Тоа е она што неопходно треба државата да го направи како еден од првите потези, за онколошките пациенти кои се борат со најтешката болест, како и за нивните семејства, кои заедно со нив ја водат таа битка и треба да помогнат во излекувањето, ни одговори таа.
Нејзината битка, како што кажува, започнала пред една година и се уште трае.
– Мојата битка сѐ уште не е завршена. Започна точно пред една година. Не кажував никому дека се сомневам дека имам рак. Тоа траеше долго време, тоа е најголемата грешка што ја направив во животот. Мојот апел до сите жени е редовно да се прегледуваат и доколку забележат нешто сомнително, веднаш да отидат на доктор, затоа што многу полесно се лечи, отколку да го поминуваат овој пат, јас што го поминувам. До мај месец примав хемотерапија на Онколошката клиника, сподели таа со нас.
Цаневска Арсовска дознала дека има рак во периодот кога во земјата започна аферата со биолошката терапија на Клиниката за онкологија. Вели дека тоа многу влијаело на севкупната состојба и дека не знаела кому да верува.
– Тоа што можам да го кажам од моето искуство, мојата одисеја на борбата со ракот, започна токму во времето кога изби аферата за наводна онколошка злоупотреба. Надлежните органи сѐ уште немаат поведено постапка, мислам дека сѐ уште се собираат најверојатно докази во Обвинителството. Првите два дена не знаев за себе ништо кога почнав да ја примам хемотерапијата, вели таа.
Слушала, читала, не можела да поверува што се случува, не знаела кому да верува. Тоа, според неа, била најстрашната работа. Бидејќи никој не кажувал што навистина се случувало. Многу прашања, околу тоа дали онколошките пациенти примале или не вистинска терапија. Одговор на тие прашања сѐ уште нема. Цаневска Арсовска вели дека имаме добро обучени лекари и многу добри медицински сестри. Нејзината порака до сите пациенти кои се соочуваат со шокот дека заболеле од рак, е, да не се откажуваат во ниту еден момент.
– Треба да имаш само позитивна мисла, позитивна енергија, не треба нервози. Треба добра мисла и добра волја и решителност за справување со ракот. Редовни скринизни, редовна мамографија, редовни контроли кај доктор. Нема ништо пострашно од тоа, да се крие и да се бега од вистината, порача Цаневска.
Пациентките кои се борат со рак на дојка неретко својата мака ја споделуваат во групите на Фејсбук сакајќи на тој начин да алармираат дека нешто треба да се промени.
– Денес бев на Онкологија. Шест и пол часа за примање на редовна терапија од 40 минути. Гужва вообичаена. Место за седење нема. Докторите турбо, секој сака да заврши работа, а кога ќе влезе сака да му се посвети внимание, пишува на Фејсбук една пациентка. Наведува дека и во 14:30 часот кога завршила со терапијата во ходникот пред вратата за примање терапија се уште имало гужва.
Фондот за здравство најавува поголема достапност на лекови и проширување на Позитивната листа Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски во изјава за МИА вели дека пред некои лекови да бидат ставени на позитивната листа, треба прво да бидат регистрирани за употреба во државата. Трошокот за лекови во нашата држава, е некаде над 150 милиони евра годишно.

– Не можеме да ставиме на Позитивна листа, лек што не е донесен и регистриран во Македонија. Значи, некој треба да го донесе лекот во Македонија и да го регистрира, да биде во продажба и потоа на барање на производителот, увозникот, дистрибутерот, да ги разгледаме причините за ставање на позитивна листа, вели Клековски.

Од друга страна, додава тој, бидејќи јавните финансирања не ги покриваат сите лекови, прашање на јавна политика е, кои лекови треба да бидат финансирани.
– Моето разбирање е дека кај болестите каде има повисок морбидитет и морталитет, односно почесто луѓето се разболуваат и умираат од тие болести, тука треба да се трудиме да апдејтираме, посочува Клековски, додавајќи дека тоа треба да биде и финансиски возможно.
Еден од првите следни чекори, како што најавува директорот, ќе биде дел од лековите достапни во болничко лекување, да се направат достапни во аптека за да нема потреба пациентите да одат во болница да ја подигнат терапијата или да бараат рефундација потоа на шалтерите во Фондот. Целта е, како што додава, Клиниката за онкологија да се растерети од гужва. Клековски вели дека планираат и дополнителни средства за 2025 година за проширување на Позитивната листа.
Извор: МИА

The post Лекови, нови протоколи на Онкологија и подостапни контроли, бараат пациентките со рак на дојка appeared first on Република.

]]>
Мемов: Ситуацијата во филијалата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Битола е алармантна https://republika.mk/vesti/makedonija/memov-situatsijata-vo-filijalata-na-fondot-za-penzisko-i-invalidsko-osiguruvane-vo-bitola-e-alarmantna/ Tue, 08 Oct 2024 14:37:03 +0000 https://republika.mk/?p=824263

Состојбата во филијалата во Битола е алармантна пред се од кадровски потенцијал, но и според бројот на нерешени предмети, изјави директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Никола Мемов денеска на прес - конференција во Битола.

Мемов потврди дека има решение за настанатиот проблем кој, како што рече, настанал затоа што Фондот во изминатите дваесеттина години систематски и системски е уништуван во вид на инфраструктура од кадровски аспект.

Горлив е проблемот со состојбите во филијалата-Битола на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за што бев лично информиран и од потпретседателката на македонското Собрание Весна Бендевска. Имаме решение и затоа сакам да ги уверам граѓаните на Битола дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во полна функционалност ќе ги извршува функциите, и сите осигуреници, корисници на пензија ќе ги добијат сопствените услуги. Оваа ситуација е настаната затоа што Фондот во изминатите дваесеттина години систематски и системски е уништуван во вид на инфраструктура од кадровски аспект. Тоа значи дека имаме функционален дизбаланс во бројот на вработени како во дирекцијата во Скопје, така и во филијалите низ цела држава. Филијалите во Тетово, Гостивар, Куманово и Кичево се кадровски пополнети со процент поголем од 90 насто, додека филијалите во Битола, Прилеп, Штип, Струмица, Кавадарци и Велес се со пополнетост помала од мининално потребното за нивно функционирање, посочи Мемов.

Тој потенцира дека на 30 јуни оваа година прекинат им е договорот за дело на повеќе од 200 вработени во Фондот, а од нив само во Битола биле ангажирани четворица извршители, додека во филијалите во Тетово имало 21, во Куманово 23 договори на дело, а само во централата во Скопје биле ангажирани над 80 луѓе.

Несоодветствува бројот на вработени во филијалите со бројот на предмети што се како барање на корисиниците и за надминување на оваа ситуација, ние како нов менаџмент, нема да се жалиме туку ќе ги решиме овие проблеми затоа што имаме решенија. Итно ќе побараме согласност од Министерството за финансии во Битола да бидат ангажирани минимум 5 извршители затоа што активниот број на предмети во Битола 380 и во овој момент итните ќе се решаваат во градот, а поголем дел ќе бидат прераспределени во другите филијали низ државата. Ако имаме дизбаланс во кадровскиот потенцијал, тогаш ние можеме да направиме баланс со решавање на предметите за што веќе е направен протокол за трансфер на предметите од Битола во Тетово, Гостивар или Куманово за да се решат. Граѓаните на Битола треба да бидат спокојни затоа што сите предмети ќе бидат решени во законскиот рок од 30 дена, изјави Мемов.

Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Никола Мемов за време на посетата на Битола изврши увид на хотелот „Битола“ кој е во сопственост на Фондот, а со цел решевање и на како што рече наследениот проблем.

The post Мемов: Ситуацијата во филијалата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Битола е алармантна appeared first on Република.

]]>

Состојбата во филијалата во Битола е алармантна пред се од кадровски потенцијал, но и според бројот на нерешени предмети, изјави директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Никола Мемов денеска на прес - конференција во Битола. Мемов потврди дека има решение за настанатиот проблем кој, како што рече, настанал затоа што Фондот во изминатите дваесеттина години систематски и системски е уништуван во вид на инфраструктура од кадровски аспект.
Горлив е проблемот со состојбите во филијалата-Битола на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за што бев лично информиран и од потпретседателката на македонското Собрание Весна Бендевска. Имаме решение и затоа сакам да ги уверам граѓаните на Битола дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во полна функционалност ќе ги извршува функциите, и сите осигуреници, корисници на пензија ќе ги добијат сопствените услуги. Оваа ситуација е настаната затоа што Фондот во изминатите дваесеттина години систематски и системски е уништуван во вид на инфраструктура од кадровски аспект. Тоа значи дека имаме функционален дизбаланс во бројот на вработени како во дирекцијата во Скопје, така и во филијалите низ цела држава. Филијалите во Тетово, Гостивар, Куманово и Кичево се кадровски пополнети со процент поголем од 90 насто, додека филијалите во Битола, Прилеп, Штип, Струмица, Кавадарци и Велес се со пополнетост помала од мининално потребното за нивно функционирање, посочи Мемов.
Тој потенцира дека на 30 јуни оваа година прекинат им е договорот за дело на повеќе од 200 вработени во Фондот, а од нив само во Битола биле ангажирани четворица извршители, додека во филијалите во Тетово имало 21, во Куманово 23 договори на дело, а само во централата во Скопје биле ангажирани над 80 луѓе.
Несоодветствува бројот на вработени во филијалите со бројот на предмети што се како барање на корисиниците и за надминување на оваа ситуација, ние како нов менаџмент, нема да се жалиме туку ќе ги решиме овие проблеми затоа што имаме решенија. Итно ќе побараме согласност од Министерството за финансии во Битола да бидат ангажирани минимум 5 извршители затоа што активниот број на предмети во Битола 380 и во овој момент итните ќе се решаваат во градот, а поголем дел ќе бидат прераспределени во другите филијали низ државата. Ако имаме дизбаланс во кадровскиот потенцијал, тогаш ние можеме да направиме баланс со решавање на предметите за што веќе е направен протокол за трансфер на предметите од Битола во Тетово, Гостивар или Куманово за да се решат. Граѓаните на Битола треба да бидат спокојни затоа што сите предмети ќе бидат решени во законскиот рок од 30 дена, изјави Мемов.
Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Никола Мемов за време на посетата на Битола изврши увид на хотелот „Битола“ кој е во сопственост на Фондот, а со цел решевање и на како што рече наследениот проблем.

The post Мемов: Ситуацијата во филијалата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Битола е алармантна appeared first on Република.

]]>
Клековски: Во сите болници и јавно-здравствени установи со поголеми буџети каде што испративме контроли има злоупотреби https://republika.mk/zivot/zdravje/klekovski-vo-site-bolnitsi-i-javno-zdravstveni-ustanovi-so-pogolemi-budheti-kade-shto-isprativme-kontroli-ima-zloupotrebi/ Thu, 26 Sep 2024 12:42:10 +0000 https://republika.mk/?p=819827

Во сите болници и јавно-здравствени установи со поголеми буџети каде што испративме контроли има злоупотреби. Колку контроли ќе успееме да направиме, толку злоупотреби ќе има, изјави денеска на прес-конференција Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), одговарајќи на новинарско прашање колку менаџери во здравството направиле злоупотреби.

Контролите се во тек. Дадовме приоритет на болниците и јавно - здравствените установи со поголеми буџети и поголеми долгови. За жал, мора да кажам дека во сите контроли што ги правиме, има злоупотреби. Не е само несовесното и недомаќинско, туку и незаконско работење во скоро сите контроли досега ги имаме направено. Како ќе завршуваат контролите, така ќе ги доставиме до МВР и до финансиска полиција за тие да ги разгледаат од кривично-правен аспект. Ние сме тука да ги обезбедиме сите потребни докази, изјави Клековски.

Денеска во ФЗОМ се одржа работна средба со претставниците на Владата на чело со премиерот Христијан Мицкоски. На средбата се презентираше работата на Фондот во првите 100 дена на Владата.

На прес-конференцијата Клековски ја презентираше мерка за справување со еден од најголемите проблеми во здравството, а тоа е растечкиот долг на 109-те јавни здравствени установи (ЈЗУ). Долгот само во првото полугодие од 2024 година е зголемен за 1 милијарда денари, односно, долгот е зголемен од 4 на 5 милијарди денари или околу 81 милион евра. Ваквото ниво на долг го загрозува работењето на повеќе ЈЗУ или може да доведе до нивно блокирање.

Планот на Фондот за долгот на ЈЗУ е обезбедување дополнителни средства, со истовремено идентификување на причините за долгот, кои ги има и на приходна и на расходна страна. Причините се движат од несоодветно планирање и финансирање до недомаќинско работење. За илустрација, на Клиниката за радиотерапија и онкологија и покрај јавно декларираните поддршки не се буџетирани потребните финансии, а примери за недомаќинско работење има повеќе.

Воедно, една од најбитните работи е сузбивање на корупцијата и криминалот, одговорност мора и ќе има, бидејќи без тоа нема да има напредок. Истовремено, Фондот со ребаланс на државниот буџет и со заштеди обезбеди средства за намалување на долгот за 2 милијарди денари, односно го намалува од 5 на 3 милијарди. Средствата се распоредени според големината на буџетот и долгот на ЈЗУ, во сите градови и сите подрачја. Околу една третина од ЈЗУ ќе бидат целосно раздолжени, главно здравствени домови, а кај повеќето ќе се избегнат блокадите. Ќе се деблокира и ЈУ заеднички служби, која во моментот е блокирана.

Намалувањето на долгот на одржливо ниво е прв чекор кон целосно решение кое ќе се одвива во текот на 2025 година. Намалувањето на долгот ќе овозможи простор за нови мерки, а Фондот дефинираше неколку пакети мерки и тоа: за онкологија; за жени, мајки и БПО (инвитро); за деца; кардиоваскуларни болести; регионализација; офталмологија; радиологија и друго. Овие пакети ќе бидат објавувани во наредниот период, а ќе се реализираат во следните шест месеци, кажа Клековски.

Според него, најголем пакет ќе биде за онкологија и само за Клиниката за онкологија ќе бидат обезбедени 315 милиони денари или над 5 милиони евра. Овој пакет ќе има над десетина мерки и во дијагностика и во терапија.

Клековски на новинарско прашање околу иселувањето на жителите од Македонија и како тоа влијае на придонесите изјави:

Демографијата е важен фактор при стратешкото планирање на ФЗОМ. Ние, во нашите долгорочни проекции планираме дека ќе имаме помалку популација, со повозрасна популација и популација со повеќе хронични болести, а помал број осигуреници што ќе плаќаат осигурување. Значи од една страна зголемени расходи, а од друга ризик на намалени приходи. Во моментов, надвор од придонесите за здравствено осигурување, најавивме дека ќе воведме финансирање од непридонеси, на пример од акцизата на цигари и алкохол, бидејќи истовремено тоа се работи што го зголемуваат здравствениот ризик а со тоа и здравствениот трошок.

The post Клековски: Во сите болници и јавно-здравствени установи со поголеми буџети каде што испративме контроли има злоупотреби appeared first on Република.

]]>

Во сите болници и јавно-здравствени установи со поголеми буџети каде што испративме контроли има злоупотреби. Колку контроли ќе успееме да направиме, толку злоупотреби ќе има, изјави денеска на прес-конференција Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), одговарајќи на новинарско прашање колку менаџери во здравството направиле злоупотреби.
Контролите се во тек. Дадовме приоритет на болниците и јавно - здравствените установи со поголеми буџети и поголеми долгови. За жал, мора да кажам дека во сите контроли што ги правиме, има злоупотреби. Не е само несовесното и недомаќинско, туку и незаконско работење во скоро сите контроли досега ги имаме направено. Како ќе завршуваат контролите, така ќе ги доставиме до МВР и до финансиска полиција за тие да ги разгледаат од кривично-правен аспект. Ние сме тука да ги обезбедиме сите потребни докази, изјави Клековски.
Денеска во ФЗОМ се одржа работна средба со претставниците на Владата на чело со премиерот Христијан Мицкоски. На средбата се презентираше работата на Фондот во првите 100 дена на Владата. На прес-конференцијата Клековски ја презентираше мерка за справување со еден од најголемите проблеми во здравството, а тоа е растечкиот долг на 109-те јавни здравствени установи (ЈЗУ). Долгот само во првото полугодие од 2024 година е зголемен за 1 милијарда денари, односно, долгот е зголемен од 4 на 5 милијарди денари или околу 81 милион евра. Ваквото ниво на долг го загрозува работењето на повеќе ЈЗУ или може да доведе до нивно блокирање. Планот на Фондот за долгот на ЈЗУ е обезбедување дополнителни средства, со истовремено идентификување на причините за долгот, кои ги има и на приходна и на расходна страна. Причините се движат од несоодветно планирање и финансирање до недомаќинско работење. За илустрација, на Клиниката за радиотерапија и онкологија и покрај јавно декларираните поддршки не се буџетирани потребните финансии, а примери за недомаќинско работење има повеќе.
Воедно, една од најбитните работи е сузбивање на корупцијата и криминалот, одговорност мора и ќе има, бидејќи без тоа нема да има напредок. Истовремено, Фондот со ребаланс на државниот буџет и со заштеди обезбеди средства за намалување на долгот за 2 милијарди денари, односно го намалува од 5 на 3 милијарди. Средствата се распоредени според големината на буџетот и долгот на ЈЗУ, во сите градови и сите подрачја. Околу една третина од ЈЗУ ќе бидат целосно раздолжени, главно здравствени домови, а кај повеќето ќе се избегнат блокадите. Ќе се деблокира и ЈУ заеднички служби, која во моментот е блокирана. Намалувањето на долгот на одржливо ниво е прв чекор кон целосно решение кое ќе се одвива во текот на 2025 година. Намалувањето на долгот ќе овозможи простор за нови мерки, а Фондот дефинираше неколку пакети мерки и тоа: за онкологија; за жени, мајки и БПО (инвитро); за деца; кардиоваскуларни болести; регионализација; офталмологија; радиологија и друго. Овие пакети ќе бидат објавувани во наредниот период, а ќе се реализираат во следните шест месеци, кажа Клековски.
Според него, најголем пакет ќе биде за онкологија и само за Клиниката за онкологија ќе бидат обезбедени 315 милиони денари или над 5 милиони евра. Овој пакет ќе има над десетина мерки и во дијагностика и во терапија. Клековски на новинарско прашање околу иселувањето на жителите од Македонија и како тоа влијае на придонесите изјави:
Демографијата е важен фактор при стратешкото планирање на ФЗОМ. Ние, во нашите долгорочни проекции планираме дека ќе имаме помалку популација, со повозрасна популација и популација со повеќе хронични болести, а помал број осигуреници што ќе плаќаат осигурување. Значи од една страна зголемени расходи, а од друга ризик на намалени приходи. Во моментов, надвор од придонесите за здравствено осигурување, најавивме дека ќе воведме финансирање од непридонеси, на пример од акцизата на цигари и алкохол, бидејќи истовремено тоа се работи што го зголемуваат здравствениот ризик а со тоа и здравствениот трошок.
 
The post Клековски: Во сите болници и јавно-здравствени установи со поголеми буџети каде што испративме контроли има злоупотреби appeared first on Република.

]]>
Директор без документ си користел патни трошоци од 500.000 денари, друг си ја зголемил плата за 400.000 https://republika.mk/vesti/makedonija/direktor-bez-dokument-si-koristel-patni-troshotsi-od-500-000-denari-drug-si-zgolemil-plata-za-400-000/ Thu, 19 Sep 2024 08:16:57 +0000 https://republika.mk/?p=817665

Злоупотреби на плати и надоместоци во здравствените установи биле констатирани со години наназад, но никој не реагирал, и сега со вонредните контроли утврдивме такви состојби, рече вчера во Дневникот на ТВ Сител го изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, зборувајќи дека првите месеци откако е на чело на оваа институција ги поминува во средби со раководствата на здравствените установи, но и на сите чинители во здравствениот сектор, како и дека е утврдена ситуација на големи долгови и злоупотреби.

Директор користел патни трошоци од речиси 500 илјади денари во 10 месеци за што нема никаков документ. Друг директор си ја зголемил платата за 400 илјади денари за една година, за што нема никаква законска основа. Во Центар за јавно здравје се исплаќале плати врз основа на колективен договор што не постои, значи се давале измислени плати, вели Клековски.

Според него, во моментот се фокусираат на проверка на јавните здравствени установи со најголеми долгови, со цел, како што вели, да ги утврдат причините како и зошто настанале тие долгови.

Тешко е да се утврди колкава е вкупната штета од овие злоупотреби, бидејќи правиме проценки во различни сегменти. Во болница надвор од Скопје, во првиот месец по промената на директорот, само по основ на прекувремена работа имаме скратени трошоци за 30 илјади евра за еден месец, рече тој.

Посочи дека долговите во клиниките на Клиничкиот центар во Скопје не се секаде настанати поради злоупотреби.

На пример, Онкологија нема планирано соодветна терапија, зашто со буџетот немало план за иновативни лекови и се задолжувале. На различни места има различни примери, вели директорот.

Во план е, како што рече, долгот од пет милијарди на јавните здравствени установи да се намали, за да можат следниот период да се фокусираат на подобрување на здравствените услуги.

На прашањето дали ќе има пари за онколошка терапија, Клековски е дециден и вели дека терапија мора да има за сите.

Целата програма на иновативни лекови на Онкологија мора да има и ќе ја има. Една од најкрупните интервенции ќе биде на Онкологија. И не само на Онкологија, рече тој.

За лекувањата во странство рече дека Фондот покрива околу 250 до 300 случаи годишно што се лекуваат во странство, вклучувајќи ги и приватните болници кај нас. Најчесто место каде што се упатуваат на лекување е Турција.

За тоа одвојуваме околу 5,5 милиони евра годишно. Обично граѓаните бараат да одат на лекување во странство бидејќи ја имаат изгубено довербата во нашиот здравствен систем. И таа доверба мора да се врати. Многу лесто се случува дел од тие лекувања да се без медицински докази. Најчесто, се работи за лекувања со матични клетки, за кои сѐ уште нема доволно научни докази дека помагаат, Конзилијарните комисии не можат да предложат лекување ако нема медицински докази дека таа терапија помага. Апелирам пациентите да се обратат во Фондот, да се обратат да помогнеме да ја поминат процедурата и доколку ги исполнуваат законските услови, да им се одобри лекувањето, вели Клековски.

The post Директор без документ си користел патни трошоци од 500.000 денари, друг си ја зголемил плата за 400.000 appeared first on Република.

]]>

Злоупотреби на плати и надоместоци во здравствените установи биле констатирани со години наназад, но никој не реагирал, и сега со вонредните контроли утврдивме такви состојби, рече вчера во Дневникот на ТВ Сител го изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, зборувајќи дека првите месеци откако е на чело на оваа институција ги поминува во средби со раководствата на здравствените установи, но и на сите чинители во здравствениот сектор, како и дека е утврдена ситуација на големи долгови и злоупотреби.
Директор користел патни трошоци од речиси 500 илјади денари во 10 месеци за што нема никаков документ. Друг директор си ја зголемил платата за 400 илјади денари за една година, за што нема никаква законска основа. Во Центар за јавно здравје се исплаќале плати врз основа на колективен договор што не постои, значи се давале измислени плати, вели Клековски.
Според него, во моментот се фокусираат на проверка на јавните здравствени установи со најголеми долгови, со цел, како што вели, да ги утврдат причините како и зошто настанале тие долгови.
Тешко е да се утврди колкава е вкупната штета од овие злоупотреби, бидејќи правиме проценки во различни сегменти. Во болница надвор од Скопје, во првиот месец по промената на директорот, само по основ на прекувремена работа имаме скратени трошоци за 30 илјади евра за еден месец, рече тој.
Посочи дека долговите во клиниките на Клиничкиот центар во Скопје не се секаде настанати поради злоупотреби.
На пример, Онкологија нема планирано соодветна терапија, зашто со буџетот немало план за иновативни лекови и се задолжувале. На различни места има различни примери, вели директорот.
Во план е, како што рече, долгот од пет милијарди на јавните здравствени установи да се намали, за да можат следниот период да се фокусираат на подобрување на здравствените услуги. На прашањето дали ќе има пари за онколошка терапија, Клековски е дециден и вели дека терапија мора да има за сите.
Целата програма на иновативни лекови на Онкологија мора да има и ќе ја има. Една од најкрупните интервенции ќе биде на Онкологија. И не само на Онкологија, рече тој.
За лекувањата во странство рече дека Фондот покрива околу 250 до 300 случаи годишно што се лекуваат во странство, вклучувајќи ги и приватните болници кај нас. Најчесто место каде што се упатуваат на лекување е Турција.
За тоа одвојуваме околу 5,5 милиони евра годишно. Обично граѓаните бараат да одат на лекување во странство бидејќи ја имаат изгубено довербата во нашиот здравствен систем. И таа доверба мора да се врати. Многу лесто се случува дел од тие лекувања да се без медицински докази. Најчесто, се работи за лекувања со матични клетки, за кои сѐ уште нема доволно научни докази дека помагаат, Конзилијарните комисии не можат да предложат лекување ако нема медицински докази дека таа терапија помага. Апелирам пациентите да се обратат во Фондот, да се обратат да помогнеме да ја поминат процедурата и доколку ги исполнуваат законските услови, да им се одобри лекувањето, вели Клековски.

The post Директор без документ си користел патни трошоци од 500.000 денари, друг си ја зголемил плата за 400.000 appeared first on Република.

]]>
Таравари: На Македонија ѝ требаат сите здравствени установи, приватни и јавни, ФЗОМ и фармации да бидат во еден ист систем https://republika.mk/zivot/zdravje/taravari-na-makedonija-trebaat-site-zdravstveni-ustanovi-privatni-i-javni-fzom-i-farmatsii-da-bidat-vo-eden-ist-sistem/ Mon, 12 Aug 2024 10:10:50 +0000 https://republika.mk/?p=805775

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информираше дека се работи на проширување на „Мој термин“ или евентуално нова дигитализација.

На Македонија дефинитивно ѝ требаат сите здравствени установи да бидат во еден ист систем. Значи, приватни и јавни здравствени установи, меѓутоа фармации и сите други институции што се поврзани со здравството. Тука мислам и на ФЗОМ, така што ќе видиме, ќе разгледаме најдобри можни опции, изјави Таравари, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на реновиарните простории на Универзитетскиот институт за радиологија.

Како што информираше тој, веќе се разговарало и за користење телемедицина - консултации од дистанца. За одредени прашања, појасни министерот, пациентот не мора да доаѓа на клиника, туку може да има одреден период кога докторот дава консултации од дистанца. Доколку има потреба, потоа докторот би го повикал пациентот и да го прегледа физички.

Директорката на Универзитетскиот институт за радиологија, доктор Соња Николова потврди дека како институција, имаат испратено неколку дописи до „Мој термин“ за настанат проблем, особено за итни пациенти кои доаѓаат во Ургентниот центар.

- Значи, немаме можност и да влегуваме во систем и да гледаме како се тие упатени, кој е проблемот со што доаѓаат кај нас, за да им се изврши одредена дијагностичка процедура. Се надеваме дека „Мој термин“ ќе покаже слух за овој проблем, затоа што, верувајте, за да се постави една дијагноза за состојбата на пациентот и тоа како ни се потребни информациите што доаѓаат однадвор - дали е тоа лабораторија, дали е тоа клинички преглед, дали се тоа други дополнителни иследувања, појасни Николова.

Министерот информираше дека најверојатно денеска ќе биде распишан нов тендер за компресорска станица на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Тој беше прашан и каде е заглавен процесот во врска со нови лекови на Позитивната листа.

Не е заглавен воопшто. Со директорот на ФЗОМ сме во редовна комуникација, чекаме да се формира УО на ФЗОМ. На првиот состанок на УО ќе бидат поминати деветте лека што се веќе испратени од Министерството за здравство, а штом се помине таму, јас ќе ги потпишам истиот ден и ќе го промовираме и ќе го кажеме тоа, подвлече Таравари.

The post Таравари: На Македонија ѝ требаат сите здравствени установи, приватни и јавни, ФЗОМ и фармации да бидат во еден ист систем appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информираше дека се работи на проширување на „Мој термин“ или евентуално нова дигитализација. На Македонија дефинитивно ѝ требаат сите здравствени установи да бидат во еден ист систем. Значи, приватни и јавни здравствени установи, меѓутоа фармации и сите други институции што се поврзани со здравството. Тука мислам и на ФЗОМ, така што ќе видиме, ќе разгледаме најдобри можни опции, изјави Таравари, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на реновиарните простории на Универзитетскиот институт за радиологија. Како што информираше тој, веќе се разговарало и за користење телемедицина - консултации од дистанца. За одредени прашања, појасни министерот, пациентот не мора да доаѓа на клиника, туку може да има одреден период кога докторот дава консултации од дистанца. Доколку има потреба, потоа докторот би го повикал пациентот и да го прегледа физички. Директорката на Универзитетскиот институт за радиологија, доктор Соња Николова потврди дека како институција, имаат испратено неколку дописи до „Мој термин“ за настанат проблем, особено за итни пациенти кои доаѓаат во Ургентниот центар. - Значи, немаме можност и да влегуваме во систем и да гледаме како се тие упатени, кој е проблемот со што доаѓаат кај нас, за да им се изврши одредена дијагностичка процедура. Се надеваме дека „Мој термин“ ќе покаже слух за овој проблем, затоа што, верувајте, за да се постави една дијагноза за состојбата на пациентот и тоа како ни се потребни информациите што доаѓаат однадвор - дали е тоа лабораторија, дали е тоа клинички преглед, дали се тоа други дополнителни иследувања, појасни Николова. Министерот информираше дека најверојатно денеска ќе биде распишан нов тендер за компресорска станица на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Тој беше прашан и каде е заглавен процесот во врска со нови лекови на Позитивната листа.
Не е заглавен воопшто. Со директорот на ФЗОМ сме во редовна комуникација, чекаме да се формира УО на ФЗОМ. На првиот состанок на УО ќе бидат поминати деветте лека што се веќе испратени од Министерството за здравство, а штом се помине таму, јас ќе ги потпишам истиот ден и ќе го промовираме и ќе го кажеме тоа, подвлече Таравари.
   
The post Таравари: На Македонија ѝ требаат сите здравствени установи, приватни и јавни, ФЗОМ и фармации да бидат во еден ист систем appeared first on Република.

]]>
ФЗОМ: Лекувањето на Леонид Индов ќе биде целосно покриено од државата https://republika.mk/zivot/zdravje/fzom-lekuvaneto-na-leonid-indov-ke-bide-tselosno-pokrieno-od-drzhavata/ Mon, 29 Jul 2024 14:38:09 +0000 https://republika.mk/?p=801355

Владата одлучи за целосно покривање на лекувањето на Леоинд Индов во Македонија. Фондот за здравствено осигурување ќе го покрие лекувањето на Леонид Индов во Македонија, кое ќе се врши во Градската општа болница „8-ми Септември“, соопштија оттаму денеска.

https://republika.mk/zivot/zdravje/leonid-indov-transportiran-so-helikopter-od-viena-vo-skopje/

Додаваат дека во минатото беше одбиено покривањето на трошоците за лекување на Леонид, со тврдење дека има услови за лекување во земјата, без да се наведи каде е тоа. Минатата недела Владата побара тоа да се смени. ФЗО врз основа на препораките од Австрија и „8-ми Септември“, ќе одобри употреба на лекови неопходни за ваков тип на третман.

ФЗО е сервис на граѓаните, на сите оние кои имаат потреба од здравствени услуги. Работиме на воспоставување јасни правила за да се намали можноста од неправилности и злоупотреби. За тоа ги анализираме констатираните проблеми во извештаите на Државниот завод за ревизија, како и поплаките на граѓаните, изјавија од менаџментот на Фондот за здравствено осигурување.

Поради постоечка недоверба во институциите многумина на кои им е потребно лекување во странство, се одлучуваат за собирање на донации, без воопшто да се обратат до здравствените установи и Фондот за здравствено осигурување. Затоа се повикуваат сите граѓани прво да се обратат во здравствените институции и Фондот, додаваат оттаму.

The post ФЗОМ: Лекувањето на Леонид Индов ќе биде целосно покриено од државата appeared first on Република.

]]>

Владата одлучи за целосно покривање на лекувањето на Леоинд Индов во Македонија. Фондот за здравствено осигурување ќе го покрие лекувањето на Леонид Индов во Македонија, кое ќе се врши во Градската општа болница „8-ми Септември“, соопштија оттаму денеска. https://republika.mk/zivot/zdravje/leonid-indov-transportiran-so-helikopter-od-viena-vo-skopje/ Додаваат дека во минатото беше одбиено покривањето на трошоците за лекување на Леонид, со тврдење дека има услови за лекување во земјата, без да се наведи каде е тоа. Минатата недела Владата побара тоа да се смени. ФЗО врз основа на препораките од Австрија и „8-ми Септември“, ќе одобри употреба на лекови неопходни за ваков тип на третман.
ФЗО е сервис на граѓаните, на сите оние кои имаат потреба од здравствени услуги. Работиме на воспоставување јасни правила за да се намали можноста од неправилности и злоупотреби. За тоа ги анализираме констатираните проблеми во извештаите на Државниот завод за ревизија, како и поплаките на граѓаните, изјавија од менаџментот на Фондот за здравствено осигурување.
Поради постоечка недоверба во институциите многумина на кои им е потребно лекување во странство, се одлучуваат за собирање на донации, без воопшто да се обратат до здравствените установи и Фондот за здравствено осигурување. Затоа се повикуваат сите граѓани прво да се обратат во здравствените институции и Фондот, додаваат оттаму.

The post ФЗОМ: Лекувањето на Леонид Индов ќе биде целосно покриено од државата appeared first on Република.

]]>
Николоски на средба со Клековски и Аџигогов: Квалитетна здравствен систем и заштита е приоритет на Владата https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-na-sredba-so-klekovski-i-adhigogov-kvalitetna-zdravstven-sistem-i-zashtita-e-prioritet-na-vladata/ Wed, 17 Jul 2024 15:32:40 +0000 https://republika.mk/?p=797762

Ден 9-ти Како до квалитетен здравствен систем и здравствена заштита, предизвиците со кои се соочува, како и приоритетите на Фондот за здравствено осигурување, беа дел од темите за кои денеска разговара Александар Николоски , заменик претседател на Владата и Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, директори ФЗОРСМ, објави Клековски на својот фејсбук профил.

ФЗОРСМ е во скоро десетгодишно назадување во секоја смисла и прв приоритет е тоа да запре, Фондот да се постави во правилна насока. За тоа постои волја и се бара поддршка и од Владата, за да се реализира изборната програма“ истакна Клековски. За заменик претседателот Николоски посетата на Фондот е во таа насока.

The post Николоски на средба со Клековски и Аџигогов: Квалитетна здравствен систем и заштита е приоритет на Владата appeared first on Република.

Директорите не ФЗОМ и министерот за дигитализација Стефан Андоновски разговараа за вмрежување на сите податоци на едно место за пациентите https://republika.mk/vesti/makedonija/direktorite-ne-fzom-i-ministerot-za-digitalizatsija-stefan-andonovski-razgovaraa-za-vmrezhuvane-na-site-podatotsi-na-edno-mesto-za-patsientite/ Tue, 16 Jul 2024 13:06:05 +0000 https://republika.mk/?p=797411

Како да се забрза процесот на дигитализација на здравствениот систем во државата? Што е потребно, како да се зголемат и подобрат дигиталните услуги и како да се изврши вмрежување на сите податоци на едно место за пациентите. Ова беа дел од темите за кои денеска разговараа Стефан Андоновски, министерот за дигитализација и Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, директори на Фондот за здравствено осигурување.

Потребата од целосна дигитализација во овој сегмент е неопходна затоа што ќе се зголеми ефикасноста и ефективноста на здравствените услуги, ќе се намали административната работа на здравствените работници и секое медицинско лице ќе ги има сите потребни податоци за еден пациент. Системот може да биде надграден, ќе се нудат повеќе услуги и на тој начин ќе се забрза користењето на здравствените услуги и ќе се намали драстично можноста за корупција.

Приоритет е дигитализацијата, бидејќи само со дигитализација се зголемува транспарентноста и подобрува контролата во сите подрачја, од рецепти до лекување во странство. Отпорот што се јавувал кон дигитализацијата во сегментот во здравство е поради намалувањето на можноста за злоупотреби. Но сега има политичка волја тоа да се надмини“, објасни на состанокот Клековски.

За министерот Андоновски, овој принцип на работа со внесување на елементи на дигитализацијата е начин да се избегнат понатамошни злоупотреби, пациентите да ги добијат посакуваните услуги побрзо и подобро. Министерот Андоновски ја истакна и важноста за поврзување со Услуги.гов.мк.

Веќе се прави анализа на сите потребни надградби на системот и во следниот период ќе се започне со имплементација.

The post Директорите не ФЗОМ и министерот за дигитализација Стефан Андоновски разговараа за вмрежување на сите податоци на едно место за пациентите appeared first on Република.

]]>

Како да се забрза процесот на дигитализација на здравствениот систем во државата? Што е потребно, како да се зголемат и подобрат дигиталните услуги и како да се изврши вмрежување на сите податоци на едно место за пациентите. Ова беа дел од темите за кои денеска разговараа Стефан Андоновски, министерот за дигитализација и Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, директори на Фондот за здравствено осигурување. Потребата од целосна дигитализација во овој сегмент е неопходна затоа што ќе се зголеми ефикасноста и ефективноста на здравствените услуги, ќе се намали административната работа на здравствените работници и секое медицинско лице ќе ги има сите потребни податоци за еден пациент. Системот може да биде надграден, ќе се нудат повеќе услуги и на тој начин ќе се забрза користењето на здравствените услуги и ќе се намали драстично можноста за корупција.
Приоритет е дигитализацијата, бидејќи само со дигитализација се зголемува транспарентноста и подобрува контролата во сите подрачја, од рецепти до лекување во странство. Отпорот што се јавувал кон дигитализацијата во сегментот во здравство е поради намалувањето на можноста за злоупотреби. Но сега има политичка волја тоа да се надмини“, објасни на состанокот Клековски.
За министерот Андоновски, овој принцип на работа со внесување на елементи на дигитализацијата е начин да се избегнат понатамошни злоупотреби, пациентите да ги добијат посакуваните услуги побрзо и подобро. Министерот Андоновски ја истакна и важноста за поврзување со Услуги.гов.мк. Веќе се прави анализа на сите потребни надградби на системот и во следниот период ќе се започне со имплементација.

The post Директорите не ФЗОМ и министерот за дигитализација Стефан Андоновски разговараа за вмрежување на сите податоци на едно место за пациентите appeared first on Република.

]]>
Средба на Клековски и Аџигогов со претставници на ССМ и УПОЗ: ФЗО дава целосна поддршка во исполнување на колективните договори https://republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-klekovski-i-adhigogov-so-pretstavnitsi-na-ssm-i-upoz-fzo-dava-tselosna-poddrshka-vo-ispolnuvane-na-kolektivnite-dogovori/ Tue, 09 Jul 2024 15:24:23 +0000 https://republika.mk/?p=795033

Двајцата в.д директори на Фондот за здравствено осигуруѕвање на Република Македонија, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов денеска имале средба со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ и Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ, како и со Бојан Трипуновски, генерален секретар на УПОЗ, и Зоран Печевски, претседател на синдикатот на ФЗОРСМ.

Како што соопштија од ФЗОРСМ, на средбата била истакната важноста на социјалниот дијалог, како и Колективниот договор и проблемите во неговото спроведување.

Во непосредно минато ФЗОРСМ се соочи со штрајк поради нерешавање на наталожените проблеми. Раководството на ФЗОРСМ е посветено на социјалниот дијалог и дава целосна поддршка во исполнување на колективните договори. Подобри услови за работа се важен дел во подобрување на здравствените услуги, стои во соопштението.

The post Средба на Клековски и Аџигогов со претставници на ССМ и УПОЗ: ФЗО дава целосна поддршка во исполнување на колективните договори appeared first on Република.

]]>

Двајцата в.д директори на Фондот за здравствено осигуруѕвање на Република Македонија, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов денеска имале средба со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ и Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ, како и со Бојан Трипуновски, генерален секретар на УПОЗ, и Зоран Печевски, претседател на синдикатот на ФЗОРСМ. Како што соопштија од ФЗОРСМ, на средбата била истакната важноста на социјалниот дијалог, како и Колективниот договор и проблемите во неговото спроведување.
Во непосредно минато ФЗОРСМ се соочи со штрајк поради нерешавање на наталожените проблеми. Раководството на ФЗОРСМ е посветено на социјалниот дијалог и дава целосна поддршка во исполнување на колективните договори. Подобри услови за работа се важен дел во подобрување на здравствените услуги, стои во соопштението.
 
The post Средба на Клековски и Аџигогов со претставници на ССМ и УПОЗ: ФЗО дава целосна поддршка во исполнување на колективните договори appeared first on Република.

]]>
Сашо Клековски и Бранко Аџигогов ги презедоа в.д. директорките функции во Фондот за здравство https://republika.mk/vesti/makedonija/sasho-klekovski-i-branko-adhigogov-gi-prezedoa-v-d-direktorkite-funktsii-vo-fondot-za-zdravstvo/ Wed, 03 Jul 2024 12:42:59 +0000 https://republika.mk/?p=793104

Денеска се изврши примопредавање на должноста директор на Фондот за здравство, информираат оттаму. Досегашните директори м-р. Магдалена Филиповска Грашкоска и д-р. Асаф Абдурамани како в.д директор ја предадоа должноста на новите в.д директори Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, назначени од Владата.

Клековски завршил Медицински факултет на Универзитетот “ Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и е со 30 годишно искуство како менаџер, аналитичар, консултант во граѓанскиот, јавниот и приватниот сектор.

Аџигогов доаѓа од редот на вработените и има повеќегодишно искуство во делот на менаџментот на Фондот.

Новите директори функцијата ја преземаат од денеска.

The post Сашо Клековски и Бранко Аџигогов ги презедоа в.д. директорките функции во Фондот за здравство appeared first on Република.

]]>

Денеска се изврши примопредавање на должноста директор на Фондот за здравство, информираат оттаму. Досегашните директори м-р. Магдалена Филиповска Грашкоска и д-р. Асаф Абдурамани како в.д директор ја предадоа должноста на новите в.д директори Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, назначени од Владата. Клековски завршил Медицински факултет на Универзитетот “ Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и е со 30 годишно искуство како менаџер, аналитичар, консултант во граѓанскиот, јавниот и приватниот сектор. Аџигогов доаѓа од редот на вработените и има повеќегодишно искуство во делот на менаџментот на Фондот. Новите директори функцијата ја преземаат од денеска.

The post Сашо Клековски и Бранко Аџигогов ги презедоа в.д. директорките функции во Фондот за здравство appeared first on Република.

]]>
И Ревизија потврди дека ФЗО не правел контрола како се трошеле народните пари во здравството https://republika.mk/vesti/makedonija/i-revizija-potvrdi-deka-fzo-ne-pravel-kontrola-kako-se-troshele-narodnite-pari-vo-zdravstvoto/ Sun, 23 Jun 2024 10:52:53 +0000 https://republika.mk/?p=789922

Комисијата за здравство на ВМРО-ДМПНЕ преку објава на Фејсбук предпреди дека подолг период укажува на неправилностите во работењето на Фондот за здравство и на Министерството за здравство и на нивната негрижа граѓаните да добиваат еднакво достапни и опфатни здравствени услуги и лекови, како и на континуираната негрижа за самите институции, вработувајќи или ангажирајќи во нив некомпетентен кадар на сметка на стручен кадар кој недостасува во клучните сегменти.

Од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека ефектот на ваквиот „учинок“ е извештајот на Државниот завод за ревизија за работењето на Фондот за здравство, а таков случај е и извештајот на ревизијата за Онкологија.

„Oва е показател дека не се корегирани слабостите и неправилностите на што ревизијата во континуитет укажува, како на пример за: (не)функционирањето на ИТ системот на Фондот поради отсуство на ИТ стратегија, недостиг на ИТ кадар и застарена серверска структура, како и слабости во делот на контролите, неправилности и невоспоставена контрола и систем на следење на успешноста на лекувањето во странство и други неправилности.

Во оваа прилика, а во контекст нa објавениот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на ФЗО во 2022 година се осврнуваме на прашањето кое повторно се актуелизира, а тоа е: Зошто не е обновена Позитивната листа на лекови?

Ова се одговорите:

1.Власта на СДС и ДУИ високо го разработила механизмот на арбитрарно договарање и безкритериумско доделување и трошење огромни народни пари преку условни буџети, што ги користеле за се и сешто, без контрола. Ова може да се заклучи како сомнение и врз основа на податоците што се официјално објавени со годишните извештаи од ДЗР и од ФЗО (видливо и на овие слики со табели на кои јасно се прикажани овие официјални податоци).

2.Споредбата на податоците укажува на огромниот тренд на додавање и трошење народни пари преку условни буџети од ФЗО, наместо регуларно и транспарентно дополнување на средства за здравствени услуги и лекови преку Позитивната листа!!!

3. Евидентно е дека во 2017 година за условен буџет биле наменети 56,2 милиони денари, а во 2023 година само за 35 ЈЗУ дури 2,9 милијарди денари од кои 2,44 милијарди денари биле наменети за исклучително скапи лекови само за 12 клиники, без транспарентна постапка и критериуми за одлучување, а за сите останати здравствени потреби на 26 ЈЗУ во 2023 година ФЗО дал 439,87 милиони денари за условни буџети!!!

Државниот завод за ревизија навел дека „Реализацијата на условниот надоместок во јавните здравствени установи нецелосно се следи од Фондот и не се вршени финансиски контроли на трошењето на средствата, на набавката и евиденцијата на лековите и на извршените здравствени услуги за 2022 година предвидени со условни буџети“.

Ова е само уште еден доказ дека здравството катастрофално назадуваше од неспособноста и корупцијата од СДС и ДУИ, за што одговорност мора да има.

ВМРО-ДПМНЕ има потенцијал и стручен кадар кој ќе работи домаќински, отчетно и одговорно и ќе се стави крај на ваквите штетни дејствија.

Преку конкретни мерки и политики ќе покажеме дека фунционирањето како до сега ќе стане минато, а граѓаните ќе имаат можност да се уверат наменско трошење на средствата и тоа на секој еден денар преку транспарентни и фер постапки, ќе покажеме дека со домаќинско работење може да има средства за повеќе лекови и повеќе категории пациенти“, се наведува во објавата на Комисијата за здравство на ВМРО-ДМПНЕ.

The post И Ревизија потврди дека ФЗО не правел контрола како се трошеле народните пари во здравството appeared first on Република.

]]>

Комисијата за здравство на ВМРО-ДМПНЕ преку објава на Фејсбук предпреди дека подолг период укажува на неправилностите во работењето на Фондот за здравство и на Министерството за здравство и на нивната негрижа граѓаните да добиваат еднакво достапни и опфатни здравствени услуги и лекови, како и на континуираната негрижа за самите институции, вработувајќи или ангажирајќи во нив некомпетентен кадар на сметка на стручен кадар кој недостасува во клучните сегменти. Од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека ефектот на ваквиот „учинок“ е извештајот на Државниот завод за ревизија за работењето на Фондот за здравство, а таков случај е и извештајот на ревизијата за Онкологија. „Oва е показател дека не се корегирани слабостите и неправилностите на што ревизијата во континуитет укажува, како на пример за: (не)функционирањето на ИТ системот на Фондот поради отсуство на ИТ стратегија, недостиг на ИТ кадар и застарена серверска структура, како и слабости во делот на контролите, неправилности и невоспоставена контрола и систем на следење на успешноста на лекувањето во странство и други неправилности. Во оваа прилика, а во контекст нa објавениот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на ФЗО во 2022 година се осврнуваме на прашањето кое повторно се актуелизира, а тоа е: Зошто не е обновена Позитивната листа на лекови? Ова се одговорите: 1.Власта на СДС и ДУИ високо го разработила механизмот на арбитрарно договарање и безкритериумско доделување и трошење огромни народни пари преку условни буџети, што ги користеле за се и сешто, без контрола. Ова може да се заклучи како сомнение и врз основа на податоците што се официјално објавени со годишните извештаи од ДЗР и од ФЗО (видливо и на овие слики со табели на кои јасно се прикажани овие официјални податоци). 2.Споредбата на податоците укажува на огромниот тренд на додавање и трошење народни пари преку условни буџети од ФЗО, наместо регуларно и транспарентно дополнување на средства за здравствени услуги и лекови преку Позитивната листа!!! 3. Евидентно е дека во 2017 година за условен буџет биле наменети 56,2 милиони денари, а во 2023 година само за 35 ЈЗУ дури 2,9 милијарди денари од кои 2,44 милијарди денари биле наменети за исклучително скапи лекови само за 12 клиники, без транспарентна постапка и критериуми за одлучување, а за сите останати здравствени потреби на 26 ЈЗУ во 2023 година ФЗО дал 439,87 милиони денари за условни буџети!!! Државниот завод за ревизија навел дека „Реализацијата на условниот надоместок во јавните здравствени установи нецелосно се следи од Фондот и не се вршени финансиски контроли на трошењето на средствата, на набавката и евиденцијата на лековите и на извршените здравствени услуги за 2022 година предвидени со условни буџети“. Ова е само уште еден доказ дека здравството катастрофално назадуваше од неспособноста и корупцијата од СДС и ДУИ, за што одговорност мора да има. ВМРО-ДПМНЕ има потенцијал и стручен кадар кој ќе работи домаќински, отчетно и одговорно и ќе се стави крај на ваквите штетни дејствија. Преку конкретни мерки и политики ќе покажеме дека фунционирањето како до сега ќе стане минато, а граѓаните ќе имаат можност да се уверат наменско трошење на средствата и тоа на секој еден денар преку транспарентни и фер постапки, ќе покажеме дека со домаќинско работење може да има средства за повеќе лекови и повеќе категории пациенти“, се наведува во објавата на Комисијата за здравство на ВМРО-ДМПНЕ.

The post И Ревизија потврди дека ФЗО не правел контрола како се трошеле народните пари во здравството appeared first on Република.

]]>
Матични лекари се жалат на казни за пречекорувања на издадени лекови https://republika.mk/zivot/zdravje/matichni-lekari-se-zhalat-na-kazni-za-prechekoruvana-na-izdadeni-lekovi/ Wed, 29 May 2024 12:58:23 +0000 https://republika.mk/?p=782814

Појавата на казни кај наводни пречекорувања на издадени лекови, во услови на незголемен буџет за лекови за хронична терапија, при што некои од лекарите биле доведени во ситуација да мораат да враќаат пари, иако, како што велат, морале да препишат лекови, беше првата причина за денешната реакција на матични лекари пред Фондот за здравствено осигурување. Иако, како што беше нагласено, пари сѐ уште не им биле наплатени, им било ветено дека никој нема да биде казнет.

- Втор проблем е што сите извештаи од специјалистички прегледи и слично, се бараат од матичните лекари. Тоа е еден голем трошок за нас, а парите што ги добиваме не се зголемуваат, што ни претставува проблем во функционирањето. Според нашите анализи, за да опстанеме, потребни ни се многу повеќе пари. Има многу заминувања на здравствен кадар, тешко се наоѓаат медицински лица. Ние сме спремни за работа електронски, хартијата да ја исфрлиме. Лекарите совесно си ја вршат професијата, понекогаш и на сопствена штета, само и само секому да се даде лек. А има недостаток од лекови. Решенија во корист на здравството, многу споро се носат. Апелираме тоа да биде побрзо. Кога подолго време не наидовме, барем, на знаци дека нешто ќе се подобри, решивме да обрнеме внимание дека сме во лоша ситуација, рече доктор Љубомир Стефановски, матичен лекар и член на Управен одбор на здружението и потпретседател во Лекарска комора за примарна здравствена заштита.

Доктор Анкица Станоевска, специјалист по семејна медицина, рече дека, дури, ни катедрата по семејна медицина, за жал, досега, од Министерството, како специјализација по семејна медицина, воопшто не била ни признаена.

Се ветуваше дека ние како специјалисти по семејна медицина ќе имаме поголеми ингеренции во однос на нашите пациенти, во однос на давање лекови и издавање на дијагностички процедури. Меѓутоа, тоа сѐ уште не е сторено. Затоа, упорно матичните бараат средба со правните служби, за промена на правните регулативи, што доведуваат до вакви небулози, подвлече таа, нагласувајќи дека бараат исто така и промена на казнените политики со кои се соочуваат, а, како што истакна, работат во корист на пациентите.

Со вакви ограничувања во работењето, додаде таа, како да се задржат медицинските лица и особено младите матични доктори.

Филип Дракалски, како млад доктор по општа медицина, рече дека за него е предизвик да ја работи оваа професија.

Истовремено, сум ограничен при давањето на дополнителни упати за моите пациенти, за доиследување, рече тој, апелирајќи да се сврти вниманието кон нив младите доктори, кои можат да направат позитивни промени во општеството.

Од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) во однос на реакцијата на матичните лекари ја истакнуваат целта за рационално препишување на лекови која што е во сила повеќе од 10 години и поради која им се намалува дел од капитација, доколку некој од матичните лекари ја надмине таа цел.

Појаснуваат дека целта за рационално препишување на лекови е уредена со правилник каде што се дефинира обемот на лекови што може секој од матичните лекари да го препише сразмерно на бројот на пациенти кои ги има прикрепено и во него е дефиниран процентот на препишани рецепти за антибиотици, анксиолитици и останати лекови.

 Во моментов ФЗОРСМ прави пресметки и анализа за да види зошто е дојдено до оваа состојба и дали причините се објективни или субјективни и согласно добиените пресметки ќе постапи соодветно, како никој не би бил оштетен, децидни се од Фондот.

The post Матични лекари се жалат на казни за пречекорувања на издадени лекови appeared first on Република.

]]>

Појавата на казни кај наводни пречекорувања на издадени лекови, во услови на незголемен буџет за лекови за хронична терапија, при што некои од лекарите биле доведени во ситуација да мораат да враќаат пари, иако, како што велат, морале да препишат лекови, беше првата причина за денешната реакција на матични лекари пред Фондот за здравствено осигурување. Иако, како што беше нагласено, пари сѐ уште не им биле наплатени, им било ветено дека никој нема да биде казнет.
- Втор проблем е што сите извештаи од специјалистички прегледи и слично, се бараат од матичните лекари. Тоа е еден голем трошок за нас, а парите што ги добиваме не се зголемуваат, што ни претставува проблем во функционирањето. Според нашите анализи, за да опстанеме, потребни ни се многу повеќе пари. Има многу заминувања на здравствен кадар, тешко се наоѓаат медицински лица. Ние сме спремни за работа електронски, хартијата да ја исфрлиме. Лекарите совесно си ја вршат професијата, понекогаш и на сопствена штета, само и само секому да се даде лек. А има недостаток од лекови. Решенија во корист на здравството, многу споро се носат. Апелираме тоа да биде побрзо. Кога подолго време не наидовме, барем, на знаци дека нешто ќе се подобри, решивме да обрнеме внимание дека сме во лоша ситуација, рече доктор Љубомир Стефановски, матичен лекар и член на Управен одбор на здружението и потпретседател во Лекарска комора за примарна здравствена заштита.
Доктор Анкица Станоевска, специјалист по семејна медицина, рече дека, дури, ни катедрата по семејна медицина, за жал, досега, од Министерството, како специјализација по семејна медицина, воопшто не била ни признаена.
Се ветуваше дека ние како специјалисти по семејна медицина ќе имаме поголеми ингеренции во однос на нашите пациенти, во однос на давање лекови и издавање на дијагностички процедури. Меѓутоа, тоа сѐ уште не е сторено. Затоа, упорно матичните бараат средба со правните служби, за промена на правните регулативи, што доведуваат до вакви небулози, подвлече таа, нагласувајќи дека бараат исто така и промена на казнените политики со кои се соочуваат, а, како што истакна, работат во корист на пациентите.
Со вакви ограничувања во работењето, додаде таа, како да се задржат медицинските лица и особено младите матични доктори. Филип Дракалски, како млад доктор по општа медицина, рече дека за него е предизвик да ја работи оваа професија.
Истовремено, сум ограничен при давањето на дополнителни упати за моите пациенти, за доиследување, рече тој, апелирајќи да се сврти вниманието кон нив младите доктори, кои можат да направат позитивни промени во општеството.
Од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) во однос на реакцијата на матичните лекари ја истакнуваат целта за рационално препишување на лекови која што е во сила повеќе од 10 години и поради која им се намалува дел од капитација, доколку некој од матичните лекари ја надмине таа цел. Појаснуваат дека целта за рационално препишување на лекови е уредена со правилник каде што се дефинира обемот на лекови што може секој од матичните лекари да го препише сразмерно на бројот на пациенти кои ги има прикрепено и во него е дефиниран процентот на препишани рецепти за антибиотици, анксиолитици и останати лекови.
 Во моментов ФЗОРСМ прави пресметки и анализа за да види зошто е дојдено до оваа состојба и дали причините се објективни или субјективни и согласно добиените пресметки ќе постапи соодветно, како никој не би бил оштетен, децидни се од Фондот.
 
The post Матични лекари се жалат на казни за пречекорувања на издадени лекови appeared first on Република.

]]>
Случаите со Леонид Индов и Јани Иванов не се единствени, ФЗОМ не им овозможува третман, а нивната состојба се влошува, вели Андоновски https://republika.mk/vesti/makedonija/sluchaite-so-leonid-indov-i-jani-ivanov-ne-se-edinstveni-fzom-ne-im-ovozmozhuva-tretman-a-nivnata-sostojba-se-vloshuva-veli-andonovski/ Mon, 26 Feb 2024 11:38:45 +0000 https://republika.mk/?p=748482

Заменик омбудсманот на Македонија Јован Андоновски одговорајќи на новинарско прашање во врска со случајот Леонид Индов најави дека оваа недела ќе почне да се работи на иницијатива со која се предвидуваат измени на законски и подзаконски акти на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОРСМ), кои ќе бидат во насока да се цени секој случај индивидуално, а не да се категоризираат предметите.

Тој посочи дека засега немаат никаква реакција од Фондот, во врска со најавената иницијатива.

Засега немаме никаква реакција од страна на ФЗОРСМ. Ние најавиме иницијатива. На таа иницијатива ќе почне да се работи оваа недела. Со неа предвидуваме измени на Законот и на подзаконските акти, особено на подзаконските акти на ФЗОМ коишто се застарени и антидатирани. Измените би биле во насока на тоа да се цени секој случај индивидуално, значи не може да се категоризираат предметите само дали станува збор за лекување или рехабилитација, особено за оние случаи кога станува збор за животозагрозувачка состојба на пациентите, изјави денеска Андоновски по учество на конференцијата „Украина – две години хероизам“ во Скопје.

Тој потврди дека случаите со Леонид Индов и Јани Иванов од Неготино не се единствени, туку постојат повеќе случаи на кои ФЗОМ на осигурениците не им овозможува соодветен третман.

Од нашето практично работење, можам да кажам дека не е само случајот Леонид Индов или Јани Иванов од Неготино. Станува збор за дузина случаи со коишто ФЗОМ на осигурениците не им овозможува соодветен третман, а притоа нивната состојба или останува иста или се влошува, за жал, додаде Андоновски.

Андоновски посочи дека на семејството на Леонид им е даден правен совет во која насока треба да се однесува нивната жалба до второстепена комисија и очекува дека комисијата ќе излезе во пресрет на нивното барање.

Ние стапивме во контакт со семејството на Леонид, им дадовме правен совет во која насока треба да се однесува нивната жалба до второстепената комисија и навистина очекувам дека комисијата ќе излезе во пресрет на нивното очекување и барање, додаде Андоновски.

Претходно првостепената комисија на ФЗОРСМ го одбила барањето за лекување на младиот Леонид Индов во болница во Австрија затоа што според Правилникот на ФЗОРСМ за начинот на користење здравствени услуги на осигурените лица во странство „медицинска рехабилитација“ не е на товар на Фондот. По приемот на решението од Првостепената комисија, семејството на Леонид има право на жалба во рок од 15 дена до Второстепена комисија. Младиот Леонид Индов во јули минатата година се повреди на летување во Грција. На 6-ти овој месец тој беше транспортиран со хеликоптер во здравствена установа во Австрија, на иницијатива на неговото семејство.

The post Случаите со Леонид Индов и Јани Иванов не се единствени, ФЗОМ не им овозможува третман, а нивната состојба се влошува, вели Андоновски appeared first on Република.

]]>

Заменик омбудсманот на Македонија Јован Андоновски одговорајќи на новинарско прашање во врска со случајот Леонид Индов најави дека оваа недела ќе почне да се работи на иницијатива со која се предвидуваат измени на законски и подзаконски акти на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОРСМ), кои ќе бидат во насока да се цени секој случај индивидуално, а не да се категоризираат предметите. Тој посочи дека засега немаат никаква реакција од Фондот, во врска со најавената иницијатива.
Засега немаме никаква реакција од страна на ФЗОРСМ. Ние најавиме иницијатива. На таа иницијатива ќе почне да се работи оваа недела. Со неа предвидуваме измени на Законот и на подзаконските акти, особено на подзаконските акти на ФЗОМ коишто се застарени и антидатирани. Измените би биле во насока на тоа да се цени секој случај индивидуално, значи не може да се категоризираат предметите само дали станува збор за лекување или рехабилитација, особено за оние случаи кога станува збор за животозагрозувачка состојба на пациентите, изјави денеска Андоновски по учество на конференцијата „Украина – две години хероизам“ во Скопје.
Тој потврди дека случаите со Леонид Индов и Јани Иванов од Неготино не се единствени, туку постојат повеќе случаи на кои ФЗОМ на осигурениците не им овозможува соодветен третман.
Од нашето практично работење, можам да кажам дека не е само случајот Леонид Индов или Јани Иванов од Неготино. Станува збор за дузина случаи со коишто ФЗОМ на осигурениците не им овозможува соодветен третман, а притоа нивната состојба или останува иста или се влошува, за жал, додаде Андоновски.
Андоновски посочи дека на семејството на Леонид им е даден правен совет во која насока треба да се однесува нивната жалба до второстепена комисија и очекува дека комисијата ќе излезе во пресрет на нивното барање.
Ние стапивме во контакт со семејството на Леонид, им дадовме правен совет во која насока треба да се однесува нивната жалба до второстепената комисија и навистина очекувам дека комисијата ќе излезе во пресрет на нивното очекување и барање, додаде Андоновски.
Претходно првостепената комисија на ФЗОРСМ го одбила барањето за лекување на младиот Леонид Индов во болница во Австрија затоа што според Правилникот на ФЗОРСМ за начинот на користење здравствени услуги на осигурените лица во странство „медицинска рехабилитација“ не е на товар на Фондот. По приемот на решението од Првостепената комисија, семејството на Леонид има право на жалба во рок од 15 дена до Второстепена комисија. Младиот Леонид Индов во јули минатата година се повреди на летување во Грција. На 6-ти овој месец тој беше транспортиран со хеликоптер во здравствена установа во Австрија, на иницијатива на неговото семејство.

The post Случаите со Леонид Индов и Јани Иванов не се единствени, ФЗОМ не им овозможува третман, а нивната состојба се влошува, вели Андоновски appeared first on Република.

]]>
ФЗОМ: Конзилијарното мислење без наведување на интервенцијата што му е потребна на Леонид Индов, остава простор за шпекулации https://republika.mk/vesti/makedonija/fzom-konzilijarnoto-mislene-bez-naveduvane-na-interventsijata-shto-mu-e-potrebna-na-leonid-indov-ostava-prostor-za-shpekulatsii/ Thu, 22 Feb 2024 14:54:59 +0000 https://republika.mk/?p=747082

Раководството на Фондот за здравство денеска одржа брифинг со новинарите на кој беше кажано дека лекарите од ТОАРИЛУЦ не навеле во конзилијарното мислење какво медицинско лекување треба да му се изврши на Леонид и тоа била причината поради која што првостепената комисија на ФЗОМ го одбила барањето за лекување на 18-годишниот Индов во Австрија.

Директорите на ФЗОРСМ денеска образложија како постапуваат при барања за лекување во странство и како е постапено за овој случај за кој Првостепената комисија ја донела негативната одлука врз основа на конзилијарно мислење од ТОАРИЛУЦ и врз основа на профактурата со понудени услуги од болницата во Австрија што треба да овозможат Индов да се ослободи од респиратор и да му се врати самостојното дишење.

Во конзилијарното мислење потпишано од доктор Александар Димитровски, доцент доктор Александар Савески и доктор Ерен Сејфула, се наведува дека пациентот се упатува на лекување во странство за да „се обезбеди болничко лекување кое вклучува специјална респираторна терапија, говорна терапија и стимулација на дијафрагмата за враќање на респираторната функција со што би се подобрила состојбата на пациентот“.

Во нашата установа поради недостаток на искуство на третман на оваа состојба и недостаток на технички можности не може да се овозможи, пишува во конзилијарното мислење од ТОАРИЛУЦ.

Раководството на Фондот се обратило со допис до Клиниката за да појасни каква интервенција му е потребна на момчето, но оттаму повторно не добиле прецизен одговор.

Видот на третман од центарот во Австрија наведен во профактурата што му е понудена на семејството, пак, како што велат од Фондот, се однесува на здравствени услуги од областа на физикална терапија и медицинска рехабилитација. Првостепената комисија на чело со претседателката д-р Сања Петрова, која била поканета но не беше присутна на брифингот, го одбила барањето затоа што сметала дека таков третман може да му се обезбеди и во нашата држава, иако не е посочена конкретна клиника или здравствена институција.

На прашањето дали и каде има соодветна установа во нашата земја за да му го овозможи третманот на Леонид, беше одговорено дека тоа треба да го образложат докторите кои ја ценеле неговата состојба. А тоа што во конзилијарното мислење не е наведена потребната интервенција или посочена здравствена установа каде треба да се хоспитализира момчето, според ФЗОРСМ остава широк простор за шпекулации.

На прашањето дали Правилникот на ФЗОМ за начинот на користење здравствени услуги на осигурените лица во странство, според кој може да се финансира само болничко лекување, но не медицинска рехабилитација надвор од земјава, може да се измени заради вакви тешки и ретки случаи, беше одговорено дека потребни се измени на Законот за здравствено осигурување.

Двајцата директори на ФЗОРСМ на брифингот се согласни да иницираат законски измени, но нагласија дека е потребно нов начин на финансирање на здравствениот систем затоа што Фондот располага со мал буџет за да излезе во пресрет на потребите на граѓаните во чекор со развојот на медицината. Како што беше речено, во деценија кога има бум во иновациите во лекувањето и во фармацијата, веќе 15 години придонесот за здравствено осигурување е 7,4 отсто и е најнизок од околните земји. Минатата 2023 година ФЗРСМ исплатил 324 милиони денари за 307 лекувања во странство.

По приемот на решението од Првостепената комисија, семејството на Леонид има право на жалба во рок од 15 дена до Второстепена комисија. Младиот Леонид во јули минатата година се повреди на летување во Грција. Неподвижен е и диши со помош на респиратор. На почетокот на месецов (6 февруари) беше транспортиран на лекување во Виена, Австрија, а властите тогаш се пофалија дека тој е првиот пациент од земјава кој се транспортира со медикоптерот на Министерството за внатрешни работи.

На настанот, кој беше и промоција на медикоптерот, присуствуваа дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Сашо Тасевски, и директорот на Градската општа болница „8 Септември”, д-р Христијан Костов.

Пред два дена, заменик-народниот правобранител Јован Андоновски на својот фејсбук-профил објави дека Фондот за здравствено осигурување го одбил барањето на семејството на Индов – момчето да се лекува во Виена, затоа што такво „продолжено болничко лекување“ можело да се изврши и во здравствени институции во земјава.

Во меѓувреме на социјалните мрежи се споделува повик до граѓаните да донираат средства за младиот Индов да може да го продолжи лекувањето во Виена.

The post ФЗОМ: Конзилијарното мислење без наведување на интервенцијата што му е потребна на Леонид Индов, остава простор за шпекулации appeared first on Република.

]]>

Раководството на Фондот за здравство денеска одржа брифинг со новинарите на кој беше кажано дека лекарите од ТОАРИЛУЦ не навеле во конзилијарното мислење какво медицинско лекување треба да му се изврши на Леонид и тоа била причината поради која што првостепената комисија на ФЗОМ го одбила барањето за лекување на 18-годишниот Индов во Австрија. Директорите на ФЗОРСМ денеска образложија како постапуваат при барања за лекување во странство и како е постапено за овој случај за кој Првостепената комисија ја донела негативната одлука врз основа на конзилијарно мислење од ТОАРИЛУЦ и врз основа на профактурата со понудени услуги од болницата во Австрија што треба да овозможат Индов да се ослободи од респиратор и да му се врати самостојното дишење. Во конзилијарното мислење потпишано од доктор Александар Димитровски, доцент доктор Александар Савески и доктор Ерен Сејфула, се наведува дека пациентот се упатува на лекување во странство за да „се обезбеди болничко лекување кое вклучува специјална респираторна терапија, говорна терапија и стимулација на дијафрагмата за враќање на респираторната функција со што би се подобрила состојбата на пациентот“.
Во нашата установа поради недостаток на искуство на третман на оваа состојба и недостаток на технички можности не може да се овозможи, пишува во конзилијарното мислење од ТОАРИЛУЦ.
Раководството на Фондот се обратило со допис до Клиниката за да појасни каква интервенција му е потребна на момчето, но оттаму повторно не добиле прецизен одговор. Видот на третман од центарот во Австрија наведен во профактурата што му е понудена на семејството, пак, како што велат од Фондот, се однесува на здравствени услуги од областа на физикална терапија и медицинска рехабилитација. Првостепената комисија на чело со претседателката д-р Сања Петрова, која била поканета но не беше присутна на брифингот, го одбила барањето затоа што сметала дека таков третман може да му се обезбеди и во нашата држава, иако не е посочена конкретна клиника или здравствена институција. На прашањето дали и каде има соодветна установа во нашата земја за да му го овозможи третманот на Леонид, беше одговорено дека тоа треба да го образложат докторите кои ја ценеле неговата состојба. А тоа што во конзилијарното мислење не е наведена потребната интервенција или посочена здравствена установа каде треба да се хоспитализира момчето, според ФЗОРСМ остава широк простор за шпекулации. На прашањето дали Правилникот на ФЗОМ за начинот на користење здравствени услуги на осигурените лица во странство, според кој може да се финансира само болничко лекување, но не медицинска рехабилитација надвор од земјава, може да се измени заради вакви тешки и ретки случаи, беше одговорено дека потребни се измени на Законот за здравствено осигурување. Двајцата директори на ФЗОРСМ на брифингот се согласни да иницираат законски измени, но нагласија дека е потребно нов начин на финансирање на здравствениот систем затоа што Фондот располага со мал буџет за да излезе во пресрет на потребите на граѓаните во чекор со развојот на медицината. Како што беше речено, во деценија кога има бум во иновациите во лекувањето и во фармацијата, веќе 15 години придонесот за здравствено осигурување е 7,4 отсто и е најнизок од околните земји. Минатата 2023 година ФЗРСМ исплатил 324 милиони денари за 307 лекувања во странство. По приемот на решението од Првостепената комисија, семејството на Леонид има право на жалба во рок од 15 дена до Второстепена комисија. Младиот Леонид во јули минатата година се повреди на летување во Грција. Неподвижен е и диши со помош на респиратор. На почетокот на месецов (6 февруари) беше транспортиран на лекување во Виена, Австрија, а властите тогаш се пофалија дека тој е првиот пациент од земјава кој се транспортира со медикоптерот на Министерството за внатрешни работи. На настанот, кој беше и промоција на медикоптерот, присуствуваа дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Сашо Тасевски, и директорот на Градската општа болница „8 Септември”, д-р Христијан Костов. Пред два дена, заменик-народниот правобранител Јован Андоновски на својот фејсбук-профил објави дека Фондот за здравствено осигурување го одбил барањето на семејството на Индов – момчето да се лекува во Виена, затоа што такво „продолжено болничко лекување“ можело да се изврши и во здравствени институции во земјава. Во меѓувреме на социјалните мрежи се споделува повик до граѓаните да донираат средства за младиот Индов да може да го продолжи лекувањето во Виена.  

The post ФЗОМ: Конзилијарното мислење без наведување на интервенцијата што му е потребна на Леонид Индов, остава простор за шпекулации appeared first on Република.

]]>
Одлуката на Фондот со која се одбива барањето за упатување во странство на Леонид Индов, сѐ уште не е конечна, велат од ФЗОМ https://republika.mk/vesti/makedonija/odlukata-na-fondot-so-koja-se-odbiva-baraneto-za-upatuvane-vo-stranstvo-na-leonid-indov-s-ushte-ne-e-konechna-velat-od-fzom/ Wed, 21 Feb 2024 15:32:07 +0000 https://republika.mk/?p=746640

Фондот за здравство тврди дека воопшто не би известен дека Леонид Индов со хеликоптер ќе биде префрлен на лекување во Австрија.

ФЗОРСМ од првиот момент со внимание го следи случајот на Л.И. од неговата хоспитализација во Грција, од каде е донесен на ЈЗУ КАРИЛ, па сѐ до поднесување на барањето за упатување на лекување во странство.

Во овој момент во Фондот се водат две одделни постапки.

Првата е отпочната уште во септември 2023 година и за неа има отворен предмет кој што сѐ уште е во тек заради некомплетно доставенa медицинска документација, за која е испратено официјално барање до подносителите, меѓутоа неопходната документација за одлучување сѐ уште не е доставена.

Од септември 2023 година, пациентот е префлен на ЈЗУ КАРИЛ од каде на сопствена иницијатива на семејството е однесен со медицинско возило во приватна болница, со која ФЗОРСМ нема склучено договор за типот на здравствени услуги кои се пружени, а каде престојувал сѐ до моментот кога на 6.2.2024 година со хеликоптер бил транспортиран во здравствена установа во Австрија, се вели во соопштението на ФЗОМ.

Оттаму додаваат дека ФЗОРСМ ниту бил известен, ниту пак учествувал во организацијата за транспортот со хеликоптерот со кој пациентот замина во здравствена установа во Австрија, на иницијатива на семејството.

По однос на донесената Одлука од страна на Првостепената комисија на ФЗОРСМ, важно е да се напомене дека истата постапи по документацијата што беше доставена со барањето, како и по документацијата што дополнително ја обезбеди по службена должност. Одлуката е донесена како резултат на фактот што самиот Предлог за упатување во странство воопшто не содржи конкретна насока за вид на интервенција која е потребно да се изведе при лекувањето во странство, туку истиот содржи само општи процедури за рехабилитација.

Дополнително, предложениот вид на третман од страна на центарот во Австрија се однесува на здравствени услуги од областа на физикална терапија и медицинска рехабилитација.

Постапувајќи по барањето, Првостепената комисија на ФЗОРСМ носи негативната одлука.

Осигуреното лице може да користи болничко лекување во странство со одобрение на Фондот, ако е во прашање заболување кое не може да се лекува во Републиката, а во земјата во која осигуреникот се упатува постои можност за успешно лекување на тоа заболување.

Осигуреното лице под условите утврдени во ставот 1 на овој член, може да користи во странство и здравствени услуги на контролни прегледи кои се однесуваат на веќе извршено болничко лекување во странство, одобрено од страна на Фондот, а кои не можат да се извршат во Република Македонија.“

Дополнително, согласно член 44 став 3 од Правилникот за начинот на користење на здравствени услуги на осигурените лица во странство („Сл. Весник на РСМ“ бр. 234/22) стои:

„Осигуреното лице на кое клиничкиот конзилиум од соодветната Универзитетска клиника во Скопје му издал предлог за упатување на лекување во странство со цел спроведување на дијагностичка постапка, контролен преглед пред извршување на болничкото лекување, контролни прегледи по завршување на болничкото лекување за кои осигуреното лице не спровело постапка пред Фондот, за лекување кое не е базирано врз усвоена медицинска доктрина и медицина базирана на докази, како и за лекување кое се наоѓа во фаза на клиничка студија и специјализирана медицинска рехабилитација, нема право на надомест на трошоците на товар на Фондот, согласно одредбите од овој Правилник.“

Според овие законски и подзаконски одредби, Фондот може да упати осигуреник само на болничко лекување и контролен преглед по одобрено болничко лекување во странство, но не и на медицинска рехабилитација.

Дополнително, сакаме и да потенцираме дека Одлуката на Фондот со која се одбива барањето за упатување во странство, сѐ уште не е конечна, велат од ФЗОМ.

Со добивање на решението, странката е известена за редовните правни патеки кои истата може да ги искористи во управната постапка која што ја води Фондот.

Во согласност со позитивната законска регулатива, странката при користењето на правните средства има право да поднесе докази и дополнителна медицинска документација за која цени дека можат да влијаат на постапката, а со која би ја оспорил веќе донесената одлука на Фондот, се вели во соопштението.

https://republika.mk/vesti/makedonija/fzo-leonid-e-na-rehabilitatsija-a-ne-na-lekuvane-vo-viena-zatoa-baraneto-e-odbieno/

The post Одлуката на Фондот со која се одбива барањето за упатување во странство на Леонид Индов, сѐ уште не е конечна, велат од ФЗОМ appeared first on Република.

]]>

Фондот за здравство тврди дека воопшто не би известен дека Леонид Индов со хеликоптер ќе биде префрлен на лекување во Австрија. ФЗОРСМ од првиот момент со внимание го следи случајот на Л.И. од неговата хоспитализација во Грција, од каде е донесен на ЈЗУ КАРИЛ, па сѐ до поднесување на барањето за упатување на лекување во странство. Во овој момент во Фондот се водат две одделни постапки. Првата е отпочната уште во септември 2023 година и за неа има отворен предмет кој што сѐ уште е во тек заради некомплетно доставенa медицинска документација, за која е испратено официјално барање до подносителите, меѓутоа неопходната документација за одлучување сѐ уште не е доставена.
Од септември 2023 година, пациентот е префлен на ЈЗУ КАРИЛ од каде на сопствена иницијатива на семејството е однесен со медицинско возило во приватна болница, со која ФЗОРСМ нема склучено договор за типот на здравствени услуги кои се пружени, а каде престојувал сѐ до моментот кога на 6.2.2024 година со хеликоптер бил транспортиран во здравствена установа во Австрија, се вели во соопштението на ФЗОМ.
Оттаму додаваат дека ФЗОРСМ ниту бил известен, ниту пак учествувал во организацијата за транспортот со хеликоптерот со кој пациентот замина во здравствена установа во Австрија, на иницијатива на семејството. По однос на донесената Одлука од страна на Првостепената комисија на ФЗОРСМ, важно е да се напомене дека истата постапи по документацијата што беше доставена со барањето, како и по документацијата што дополнително ја обезбеди по службена должност. Одлуката е донесена како резултат на фактот што самиот Предлог за упатување во странство воопшто не содржи конкретна насока за вид на интервенција која е потребно да се изведе при лекувањето во странство, туку истиот содржи само општи процедури за рехабилитација. Дополнително, предложениот вид на третман од страна на центарот во Австрија се однесува на здравствени услуги од областа на физикална терапија и медицинска рехабилитација. Постапувајќи по барањето, Првостепената комисија на ФЗОРСМ носи негативната одлука.
Осигуреното лице може да користи болничко лекување во странство со одобрение на Фондот, ако е во прашање заболување кое не може да се лекува во Републиката, а во земјата во која осигуреникот се упатува постои можност за успешно лекување на тоа заболување. Осигуреното лице под условите утврдени во ставот 1 на овој член, може да користи во странство и здравствени услуги на контролни прегледи кои се однесуваат на веќе извршено болничко лекување во странство, одобрено од страна на Фондот, а кои не можат да се извршат во Република Македонија.“ Дополнително, согласно член 44 став 3 од Правилникот за начинот на користење на здравствени услуги на осигурените лица во странство („Сл. Весник на РСМ“ бр. 234/22) стои:
„Осигуреното лице на кое клиничкиот конзилиум од соодветната Универзитетска клиника во Скопје му издал предлог за упатување на лекување во странство со цел спроведување на дијагностичка постапка, контролен преглед пред извршување на болничкото лекување, контролни прегледи по завршување на болничкото лекување за кои осигуреното лице не спровело постапка пред Фондот, за лекување кое не е базирано врз усвоена медицинска доктрина и медицина базирана на докази, како и за лекување кое се наоѓа во фаза на клиничка студија и специјализирана медицинска рехабилитација, нема право на надомест на трошоците на товар на Фондот, согласно одредбите од овој Правилник.“ Според овие законски и подзаконски одредби, Фондот може да упати осигуреник само на болничко лекување и контролен преглед по одобрено болничко лекување во странство, но не и на медицинска рехабилитација.
Дополнително, сакаме и да потенцираме дека Одлуката на Фондот со која се одбива барањето за упатување во странство, сѐ уште не е конечна, велат од ФЗОМ.
Со добивање на решението, странката е известена за редовните правни патеки кои истата може да ги искористи во управната постапка која што ја води Фондот.
Во согласност со позитивната законска регулатива, странката при користењето на правните средства има право да поднесе докази и дополнителна медицинска документација за која цени дека можат да влијаат на постапката, а со која би ја оспорил веќе донесената одлука на Фондот, се вели во соопштението.
https://republika.mk/vesti/makedonija/fzo-leonid-e-na-rehabilitatsija-a-ne-na-lekuvane-vo-viena-zatoa-baraneto-e-odbieno/

The post Одлуката на Фондот со која се одбива барањето за упатување во странство на Леонид Индов, сѐ уште не е конечна, велат од ФЗОМ appeared first on Република.

]]>
Четврт степен декубит и повеќе од 30 бактерии добил Леонид за време на лекувањето во македонското јавно здраство https://republika.mk/vesti/makedonija/chetvrt-stepen-dekubit-i-poveke-od-30-bakterii-dobil-leonid-za-vreme-na-lekuvaneto-vo-makedonskoto-javno-zdrastvo/ Wed, 21 Feb 2024 13:16:52 +0000 https://republika.mk/?p=746569

Четврт степен декубит и повеќе од 30 бактерии добил Леонид за време на лекувањето во македонското јавно здравство. Само Господ ми рече изнеси го син ти од таа болница.

Вака за „Алфа“ сведочи таткото на момчето, Благој Индов, по одлуката на ФЗОМ да го одбие барањето за лекување во странство, затоа што Леонид бил „на рехабилитација, а не на лекување во Виена“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/fzo-leonid-e-na-rehabilitatsija-a-ne-na-lekuvane-vo-viena-zatoa-baraneto-e-odbieno/

Според докторите кои го продолжиле неговиот третман, семејството направило правилна одлука, затоа што последиците можеле да бидат катастрофални.

Јас ги молев за физикална терапија и пластичен хирург да донесам. Не, ме убедуваа, ние имаме и пластичар и тој се третира како што треба по сите стандарди. И нормално, вие како родител, не сте доктор сметате дека сте го оставиле детето во прави раце. Кога го префрлив јас во приватна болница и кога ми ги кажаа сите работи што тој ги има во себе, повеќе од 30 бактерии и декубит од 4-ти степен. Фотографија ми покажаа. Јас сликата ја имам, објаснува Бранко Индов.

https://republika.mk/vesti/makedonija/otkako-pretstavnitsi-na-drzhavni-institutsii-se-ispofalija-deka-leonid-e-transportiran-so-spetsijaliziraniot-helikopter-na-lekuvane-vo-viena-fzo-go-odbil-negovoto-barane-za-lekuvane-vo-stranstvo/

Откако можностите за лекување и во јавното и во приватното здравство во Македонија се исцрпиле, семејството стапило во контакт со болницата во Австрија. На 5 јанури на сопствен трошок доктор од виенската билница го посетил Леонид и дал позитивна прогноза.

Визата е одбрена од австриската амбасада и да ви кажам искрено луѓето ја дадоа без пари. Искрено јас зборував и со нивното социјално аташе, имаат едно писмо доставено до ФЗО нека си го отворат писмото нека си го прочитаат, зошто јас детето го однесов од јавна во приватна установа, вели таткото.

Јавноста, која во моментот собира пари за оздравувањето на Леонид, не отстапува од барањето Фондот итно да ја пресипита и промени одлуката за Леонид да се лекува во Виена, давајќи целосна поддршка на семејството Индови.

The post Четврт степен декубит и повеќе од 30 бактерии добил Леонид за време на лекувањето во македонското јавно здраство appeared first on Република.

]]>

Четврт степен декубит и повеќе од 30 бактерии добил Леонид за време на лекувањето во македонското јавно здравство. Само Господ ми рече изнеси го син ти од таа болница. Вака за „Алфа“ сведочи таткото на момчето, Благој Индов, по одлуката на ФЗОМ да го одбие барањето за лекување во странство, затоа што Леонид бил „на рехабилитација, а не на лекување во Виена“. https://republika.mk/vesti/makedonija/fzo-leonid-e-na-rehabilitatsija-a-ne-na-lekuvane-vo-viena-zatoa-baraneto-e-odbieno/ Според докторите кои го продолжиле неговиот третман, семејството направило правилна одлука, затоа што последиците можеле да бидат катастрофални.
Јас ги молев за физикална терапија и пластичен хирург да донесам. Не, ме убедуваа, ние имаме и пластичар и тој се третира како што треба по сите стандарди. И нормално, вие како родител, не сте доктор сметате дека сте го оставиле детето во прави раце. Кога го префрлив јас во приватна болница и кога ми ги кажаа сите работи што тој ги има во себе, повеќе од 30 бактерии и декубит од 4-ти степен. Фотографија ми покажаа. Јас сликата ја имам, објаснува Бранко Индов.
https://republika.mk/vesti/makedonija/otkako-pretstavnitsi-na-drzhavni-institutsii-se-ispofalija-deka-leonid-e-transportiran-so-spetsijaliziraniot-helikopter-na-lekuvane-vo-viena-fzo-go-odbil-negovoto-barane-za-lekuvane-vo-stranstvo/ Откако можностите за лекување и во јавното и во приватното здравство во Македонија се исцрпиле, семејството стапило во контакт со болницата во Австрија. На 5 јанури на сопствен трошок доктор од виенската билница го посетил Леонид и дал позитивна прогноза.
Визата е одбрена од австриската амбасада и да ви кажам искрено луѓето ја дадоа без пари. Искрено јас зборував и со нивното социјално аташе, имаат едно писмо доставено до ФЗО нека си го отворат писмото нека си го прочитаат, зошто јас детето го однесов од јавна во приватна установа, вели таткото.
Јавноста, која во моментот собира пари за оздравувањето на Леонид, не отстапува од барањето Фондот итно да ја пресипита и промени одлуката за Леонид да се лекува во Виена, давајќи целосна поддршка на семејството Индови.

The post Четврт степен декубит и повеќе од 30 бактерии добил Леонид за време на лекувањето во македонското јавно здраство appeared first on Република.

]]>
ФЗО: Леонид е на рехабилитација, а не на лекување во Виена, затоа барањето е одбиено https://republika.mk/vesti/makedonija/fzo-leonid-e-na-rehabilitatsija-a-ne-na-lekuvane-vo-viena-zatoa-baraneto-e-odbieno/ Tue, 20 Feb 2024 17:00:52 +0000 https://republika.mk/?p=746250

Леонид е на рехабилитација, а не на лекување во Виена, затоа барањето е одбиено, соопшти Фондот за здравствено осигурување, откако денеска таткото на Леонид се пожали дека барањето за лекување на синот е одбиено.

18-годишниот Леонид Индов пред две недели со специјален хеликоптер од Скопје беше пренесен во Виена на лекување. Тој минатото лето доживеа тешка несреќа на летување во Грција, Калитеа при што го повреди третиот, четвртиот и петтиот пршлен, па дише на респиратор и не може да ги движи екстремитетите.

„ФЗОРСМ решенијата за остварување на права од задолжително здравствено осигурување на осигурените лица ги донесува согласно законските прописи и правилници.

Барањето на осигуреното лице Б. И. од Скопје, за неговото дете Л.И. за упатување на лекување во странство се одби како неосновано зошто не се работи за упатување на лекување во странство, туку за извршување на здравствената услуга медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување. Медицинската рехабилитација како продолжено болничко лекување, Фондот за осигурените лица ја обезбедил во здравствените установи во Македонија со кои склучил договор.

Според Законот за здравственото осигурување, осигуреното лице може да користи болничко лекување во странство со одобрение на Фондот, само ако е во прашање заболување кое не може да се лекува во државата, а во земјата во која осигуреникот се упатува постои можност за успешно лекување на тоа заболување. Под истите услови се користат во странство и здравствени услуги на контролни прегледи кои се однесуваат на веќе извршено болничко лекување во странство одобрено од страна на Фондот, а кои не можат да се извршат во Република Македонија, се вели во соопштението испратено до медиумите.

Според одредби од Правилникот за начинот на користење на болничкото лекување на осигурените лица во странство, осигуреното лице на кое клиничкиот конзилиум од соодветната Универитетска клиника во Скопје му издал предлог за упатување на лекување во странство со цел спроведување на специјализирана медицинска рехабилитација, како што е и во конкретниов случај, нема право на надомест за трошоците на товар на Фондот“, велат од Фондот во писмено соопштение испратено до медиумите.

Според сето ова, Фондот и лекарските комисии одлуката за осигуреникот Л.И. ја донеле во согласност со горенаведените законски прописи, се вели во соопштението на ФЗОМ.

За ова денеска реагираше заменик народниот правобранител, Јован Андоновски, велејќи дека државата си игра со човечки живот.

Откако претставници на државни институции се испофалија дека младиот Леонид е транспортиран со специјализираниот хеликоптер на лекување во Виена, следува шок за него и семејството. Леонид веќе е неколку недели на лекување во Виена. Фондот за здравство и покрај конзилијарното мислење дека лицето мора да се лекува во странство, носи решение со кое се одбива барањето! При тоа, во решението воопшто не се наведува која установа ја нуди потребната услуга, туку само дека лекувањето е можно во Македонија. Државата си игра со човечки живот. Барам ФЗО да ја преиспита одлуката, вели Андоновски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/tri-mesetsi-se-podgotvuval-prviot-megunaroden-let-za-meditsinski-transport-so-helikopter-so-koj-18-godishniot-leonid-indov-zamina-za-viena-na-lekuvane/

The post ФЗО: Леонид е на рехабилитација, а не на лекување во Виена, затоа барањето е одбиено appeared first on Република.

]]>

Леонид е на рехабилитација, а не на лекување во Виена, затоа барањето е одбиено, соопшти Фондот за здравствено осигурување, откако денеска таткото на Леонид се пожали дека барањето за лекување на синот е одбиено. 18-годишниот Леонид Индов пред две недели со специјален хеликоптер од Скопје беше пренесен во Виена на лекување. Тој минатото лето доживеа тешка несреќа на летување во Грција, Калитеа при што го повреди третиот, четвртиот и петтиот пршлен, па дише на респиратор и не може да ги движи екстремитетите.  
„ФЗОРСМ решенијата за остварување на права од задолжително здравствено осигурување на осигурените лица ги донесува согласно законските прописи и правилници. Барањето на осигуреното лице Б. И. од Скопје, за неговото дете Л.И. за упатување на лекување во странство се одби како неосновано зошто не се работи за упатување на лекување во странство, туку за извршување на здравствената услуга медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување. Медицинската рехабилитација како продолжено болничко лекување, Фондот за осигурените лица ја обезбедил во здравствените установи во Македонија со кои склучил договор. Според Законот за здравственото осигурување, осигуреното лице може да користи болничко лекување во странство со одобрение на Фондот, само ако е во прашање заболување кое не може да се лекува во државата, а во земјата во која осигуреникот се упатува постои можност за успешно лекување на тоа заболување. Под истите услови се користат во странство и здравствени услуги на контролни прегледи кои се однесуваат на веќе извршено болничко лекување во странство одобрено од страна на Фондот, а кои не можат да се извршат во Република Македонија, се вели во соопштението испратено до медиумите.
Според одредби од Правилникот за начинот на користење на болничкото лекување на осигурените лица во странство, осигуреното лице на кое клиничкиот конзилиум од соодветната Универитетска клиника во Скопје му издал предлог за упатување на лекување во странство со цел спроведување на специјализирана медицинска рехабилитација, како што е и во конкретниов случај, нема право на надомест за трошоците на товар на Фондот“, велат од Фондот во писмено соопштение испратено до медиумите.
Според сето ова, Фондот и лекарските комисии одлуката за осигуреникот Л.И. ја донеле во согласност со горенаведените законски прописи, се вели во соопштението на ФЗОМ.
За ова денеска реагираше заменик народниот правобранител, Јован Андоновски, велејќи дека државата си игра со човечки живот.
Откако претставници на државни институции се испофалија дека младиот Леонид е транспортиран со специјализираниот хеликоптер на лекување во Виена, следува шок за него и семејството. Леонид веќе е неколку недели на лекување во Виена. Фондот за здравство и покрај конзилијарното мислење дека лицето мора да се лекува во странство, носи решение со кое се одбива барањето! При тоа, во решението воопшто не се наведува која установа ја нуди потребната услуга, туку само дека лекувањето е можно во Македонија. Државата си игра со човечки живот. Барам ФЗО да ја преиспита одлуката, вели Андоновски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/tri-mesetsi-se-podgotvuval-prviot-megunaroden-let-za-meditsinski-transport-so-helikopter-so-koj-18-godishniot-leonid-indov-zamina-za-viena-na-lekuvane/

The post ФЗО: Леонид е на рехабилитација, а не на лекување во Виена, затоа барањето е одбиено appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Најдовме решение кое ќе го врати системот во функција и нема да ги остави без плата вработените во ФЗО https://republika.mk/vesti/ekonomija/marichik-najdovme-reshenie-koe-ke-go-vrati-sistemot-vo-funktsija-i-nema-da-gi-ostavi-bez-plata-vrabotenite-vo-fzo/ Wed, 07 Feb 2024 18:12:17 +0000 https://republika.mk/?p=741629

„Најдовме решение коешто сега ќе го врати системот во функција и кое што нема да ги остави без плата без нивна вина вработените во ФЗО. Се обидуваме сите оние кои се корисници на буџетските средства, без разлика дали се студенти или си ја работат својата плата, да бидат соодветно платени. “, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на заедничка прес-конференција со пратеникот на Германскиот Бундестаг Јосип Јуратович.

Тој додаде дека ова прашање ќе се реши по пат на дискусија по први јуни.

„Владата направи се и многу во овој период за покачување на платите во јавниот сектор и ова решение е во таа насока“, заклучи Маричиќ.

The post Маричиќ: Најдовме решение кое ќе го врати системот во функција и нема да ги остави без плата вработените во ФЗО appeared first on Република.