ФЗО Archives - Република https://republika.mk/tema/fzo/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Oct 2024 11:22:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ФЗО Archives - Република https://republika.mk/tema/fzo/ 32 32 ФЗОМ: Подобра грижа за цистична фиброза https://republika.mk/zivot/zdravje/fzom-podobra-grizha-za-tsistichna-fibroza/ Fri, 18 Oct 2024 11:22:05 +0000 https://republika.mk/?p=828464

Денеска во Фондот за здравствено осигурување на Македонија остваривме средба за подобра грижа за пациентите со цистична фиброза, со делегација на Вертекс, предводена од Адриан Василиу, комерцијален директор за Централна и Источна Европа, и со учество на Игор Г. Николов, советник на премиерот за реформи во здравството, објави директорот на ФЗОМ Сашо Клековски.

Вертекс е единствениот производител на иновативна терапија за цистична фиброза во светот. Вертекс го истакна значењето на раната детекција, каде Македонија (МАНУ) има резултати на европско ниво, и потребата од колку е можно порано вклучување на болните. Фондот ја искажа благодарноста на напорите на Вертекс, како општо за иновативната терапија, така и специфично за поддршката на Македонија, која започнува во 2022 година. Исто така е истакната спремноста за подобрување на грижата со вклучување на повеќе пациенти што е можно порано. Со договор за брза следна средба за понатамишните чекори, објави Клековски на социјаните мрежи.

The post ФЗОМ: Подобра грижа за цистична фиброза appeared first on Република.

]]>

Мицкоски: На првиот работен ден на 24 јуни се соочивме со минус од 200 милиони евра, тоа не се случило никогаш досега https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-na-prviot-raboten-den-na-24-juni-se-soochivme-so-minus-od-200-milioni-evra-toa-ne-se-sluchilo-nikogash-dosega/ Sat, 21 Sep 2024 13:43:01 +0000 https://republika.mk/?p=818521

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево изјави дека очекува до крајот на следната година, долгот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) да биде еднаков на нула.

Прашан дали Владата планира некако да помогне, бидејќи има информации дека ФЗО е во долгови, Мицкоски рече дека долгови има насекаде.

Долгови има насекаде. Тие се бројат во милијарди денари. Состојбата со ФЗО беше долг од пет милијарди денари. Видовте дека за помалку од 100 дена, за нешто повеќе од 80 дена, со заштедите и со доброто менаџирање, обезбедени се две милијарди денари од тие пет милијарди, да биде вратен долгот. Очекувам следната година до крајот веќе таа состојба да биде еднаква на нула, одговори Мицкоски на новинарско прашање за време на посетата на општина Кавадарци.

Премиерот Мицкоски додава и дека со ребалансот на буџетот, биле обезбедени една милијарда денари, наменети за исплата на К-15 на повеќе од 83.000 вработени во јавната администација, иако, како што рече, тие не биле предвидени претходно.

Обезбедивме повеќе од 1,2 милијарди за исплата на земјоделците. Долгови стари покрај редовните, што тие не ги предвиделе. Обезбедивме пет милијарди денари редовна исплата на пензиите на пензионерите, што тие не ги предвидоа. Плус, од 1 октомври, пензионерите ќе добијат еднократно зголемување од две и пол илјади денари, што си продолжува и понатаму и уште две и пол илјади денари согласно Законот на 1 април за март. Практично цело време, ветувањето што го имавме од тие пет илјади денари во првата година, го реализираме во првите девет месеци, дури и порано. Ќе потсетам дека, тоа е многу значајно, особено овде, дека вработените во АД „Водостопанство“ и АД „Национални шуми“, кои немаа земено плата со месеци, добија плата. И тука од страна на ребалансот, беа обезбедени околу половина милијарда денари, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека мора одвреме-навреме да се повторува што било оставено, во случај „криминалци од поранешната влада“ да играат на таа карта и „повторно да го потценуваат сопствениот народ“.

Ќе потсетам дека сметката на Владата на 24 јуни, што беше прв работен ден, беше минус двесте милиони евра, то ест, минус дванаесет милијарди денари. Тоа на ниедна влада, откако ние како држава, Македонија е независна, не ѝ се случило. Дури и по конфликтот во 2002 година, сметката беше позитивна, нагласи Мицкоски.

The post Мицкоски: На првиот работен ден на 24 јуни се соочивме со минус од 200 милиони евра, тоа не се случило никогаш досега appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево изјави дека очекува до крајот на следната година, долгот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) да биде еднаков на нула. Прашан дали Владата планира некако да помогне, бидејќи има информации дека ФЗО е во долгови, Мицкоски рече дека долгови има насекаде.
Долгови има насекаде. Тие се бројат во милијарди денари. Состојбата со ФЗО беше долг од пет милијарди денари. Видовте дека за помалку од 100 дена, за нешто повеќе од 80 дена, со заштедите и со доброто менаџирање, обезбедени се две милијарди денари од тие пет милијарди, да биде вратен долгот. Очекувам следната година до крајот веќе таа состојба да биде еднаква на нула, одговори Мицкоски на новинарско прашање за време на посетата на општина Кавадарци.
Премиерот Мицкоски додава и дека со ребалансот на буџетот, биле обезбедени една милијарда денари, наменети за исплата на К-15 на повеќе од 83.000 вработени во јавната администација, иако, како што рече, тие не биле предвидени претходно.
Обезбедивме повеќе од 1,2 милијарди за исплата на земјоделците. Долгови стари покрај редовните, што тие не ги предвиделе. Обезбедивме пет милијарди денари редовна исплата на пензиите на пензионерите, што тие не ги предвидоа. Плус, од 1 октомври, пензионерите ќе добијат еднократно зголемување од две и пол илјади денари, што си продолжува и понатаму и уште две и пол илјади денари согласно Законот на 1 април за март. Практично цело време, ветувањето што го имавме од тие пет илјади денари во првата година, го реализираме во првите девет месеци, дури и порано. Ќе потсетам дека, тоа е многу значајно, особено овде, дека вработените во АД „Водостопанство“ и АД „Национални шуми“, кои немаа земено плата со месеци, добија плата. И тука од страна на ребалансот, беа обезбедени околу половина милијарда денари, рече Мицкоски.
Премиерот додаде дека мора одвреме-навреме да се повторува што било оставено, во случај „криминалци од поранешната влада“ да играат на таа карта и „повторно да го потценуваат сопствениот народ“.
Ќе потсетам дека сметката на Владата на 24 јуни, што беше прв работен ден, беше минус двесте милиони евра, то ест, минус дванаесет милијарди денари. Тоа на ниедна влада, откако ние како држава, Македонија е независна, не ѝ се случило. Дури и по конфликтот во 2002 година, сметката беше позитивна, нагласи Мицкоски.
 
The post Мицкоски: На првиот работен ден на 24 јуни се соочивме со минус од 200 милиони евра, тоа не се случило никогаш досега appeared first on Република.

]]>
ФЗО ја прошири позитивната листа со девет лекови https://republika.mk/zivot/zdravje/fzo-ja-proshiri-pozitivnata-lista-so-devet-lekovi/ Thu, 15 Aug 2024 18:09:12 +0000 https://republika.mk/?p=806989

Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денеска донесе одлука за дополнување на Позитивната листа на лекови со вкупно девет лекови по генеричко име, односно по форма и јачина позитивната листа се проширува за вкупно 20 лека, пренесува МКД.мк.

The post ФЗО ја прошири позитивната листа со девет лекови appeared first on Република.

ФЗО почнува редовни средби со здруженијата на пациенти https://republika.mk/zivot/zdravje/fzo-pochnuva-redovni-sredbi-so-zdruzhenijata-na-patsienti/ Fri, 12 Jul 2024 13:03:51 +0000 https://republika.mk/?p=796200

Започнување на дијалог со здруженијата на пациенти е приоритет на Фондот за здравствено осигурување. Во текот на вчерашниот ден од страна на Граѓанскиот ресурсен центар беше организирана средба со 20тина здруженија на пациенти. Беа отворени теми за проблемите со кои се соочуваат пациентите како што се снабдување со лекови и достапност на услугите, соопштија од Фондот за здравство (ФЗО).

Од страна на директорот на ФЗО, Сашо Клековски беше посочено дека важно ни е да се отвори канал на комуникација со пациентите за да може здравствениот систем да биде поефикасен и подобар.

Само со транспарент однос може да се гради доверба, да се решаваат наталожените проблеми и да има резултати, истака Клековски на состанокот.

Граѓанските здружение на пациенти дадода предлози за да се подобри достапноста на здравствените услуги кои се однесуваат на делот онкологија, бубрежни заболувања, ретките болести. Се отворија теми за проблемите со породилни отсуства на жени што се занимаваат со земјоделство, проблеми со здравствено осигурување на затвореници, како и потребата од ревизија на позитивната листа на лекови и специфични предлози за начинот на набавки на лекови.

The post ФЗО почнува редовни средби со здруженијата на пациенти appeared first on Република.

]]>

Започнување на дијалог со здруженијата на пациенти е приоритет на Фондот за здравствено осигурување. Во текот на вчерашниот ден од страна на Граѓанскиот ресурсен центар беше организирана средба со 20тина здруженија на пациенти. Беа отворени теми за проблемите со кои се соочуваат пациентите како што се снабдување со лекови и достапност на услугите, соопштија од Фондот за здравство (ФЗО). Од страна на директорот на ФЗО, Сашо Клековски беше посочено дека важно ни е да се отвори канал на комуникација со пациентите за да може здравствениот систем да биде поефикасен и подобар.
Само со транспарент однос може да се гради доверба, да се решаваат наталожените проблеми и да има резултати, истака Клековски на состанокот.
Граѓанските здружение на пациенти дадода предлози за да се подобри достапноста на здравствените услуги кои се однесуваат на делот онкологија, бубрежни заболувања, ретките болести. Се отворија теми за проблемите со породилни отсуства на жени што се занимаваат со земјоделство, проблеми со здравствено осигурување на затвореници, како и потребата од ревизија на позитивната листа на лекови и специфични предлози за начинот на набавки на лекови.

The post ФЗО почнува редовни средби со здруженијата на пациенти appeared first on Република.

]]>
Намалување на обемната бирократија побараа од Здружението на приватните лекари на средбата со директорите на ФЗО https://republika.mk/vesti/makedonija/namaluvane-na-obemnata-birokratija-pobaraa-od-zdruzhenieto-na-privatnite-lekari-na-sredbata-so-direktorite-na-fzo/ Thu, 11 Jul 2024 08:32:47 +0000 https://republika.mk/?p=795688

Решавање на проблемите со кои што се соочуваат лекарите во Македонија беше тема на разговор на директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов со претставници на Здружението на приватни лекари, Лилија Чолакова Дервишова и Мевљудин Куч.

Приватните здравствени установи (ПЗУ) се носечки столб на примарното здравство и тие се првиот контакт на граѓаните со лекарите. Нивната подобра ефикасност зависи од подобрите услови за работа што значи пред се намалување на бирократијата која во моментов е обемна.

Плановите на Фондот за здравствено осигурување е значајно да го подигне степенот на дигитализација и со тоа драстично да се намали бирократијата, а во исто време да се постигне побрз проток на информации помеѓу институциите во здравствениот систем. Дигитализацијата ќе ја намали и можноста за злоупотреби, а во исто време ќе ја подобри услугата на пациентите, потенцира в.д директорот Сашо Клековски.

На средбата заеднички беше констатирано дека само со дијалог, отворен однос, двонасочна комуникација може да се решат сите проблеми во интерес на лекарите и секако на пациентите.

Останува да се решат наталожените проблеми како што се барања за уредување на односите ПЗУ и матични доктори, зголемување на капитацијата, како и измени во казнени политики (укинување на дестимулација) и казни изразени во проценти од плата.

Како вонредна мерка ЗПЛРМ побара за време на екстремните температури хроничните пациенти да не се препраќаат до специјалисти за нови препораки, туку да важат старите. За ова барање веднаш е информирано Министерството за здравство.

The post Намалување на обемната бирократија побараа од Здружението на приватните лекари на средбата со директорите на ФЗО appeared first on Република.

]]>

Решавање на проблемите со кои што се соочуваат лекарите во Македонија беше тема на разговор на директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов со претставници на Здружението на приватни лекари, Лилија Чолакова Дервишова и Мевљудин Куч. Приватните здравствени установи (ПЗУ) се носечки столб на примарното здравство и тие се првиот контакт на граѓаните со лекарите. Нивната подобра ефикасност зависи од подобрите услови за работа што значи пред се намалување на бирократијата која во моментов е обемна.
Плановите на Фондот за здравствено осигурување е значајно да го подигне степенот на дигитализација и со тоа драстично да се намали бирократијата, а во исто време да се постигне побрз проток на информации помеѓу институциите во здравствениот систем. Дигитализацијата ќе ја намали и можноста за злоупотреби, а во исто време ќе ја подобри услугата на пациентите, потенцира в.д директорот Сашо Клековски.
На средбата заеднички беше констатирано дека само со дијалог, отворен однос, двонасочна комуникација може да се решат сите проблеми во интерес на лекарите и секако на пациентите. Останува да се решат наталожените проблеми како што се барања за уредување на односите ПЗУ и матични доктори, зголемување на капитацијата, како и измени во казнени политики (укинување на дестимулација) и казни изразени во проценти од плата. Како вонредна мерка ЗПЛРМ побара за време на екстремните температури хроничните пациенти да не се препраќаат до специјалисти за нови препораки, туку да важат старите. За ова барање веднаш е информирано Министерството за здравство.  

The post Намалување на обемната бирократија побараа од Здружението на приватните лекари на средбата со директорите на ФЗО appeared first on Република.

]]>
ИТ системот на ФЗОМ нема ИТ стратегија и кадар, тоа резултираше со сајберски напад, има слабости и неправилности за упатување за лекување во странство, покажа ревизорскиот извештај https://republika.mk/vesti/makedonija/it-sistemot-na-fzom-nema-it-strategija-i-kadar-toa-rezultirashe-so-sajberski-napad-ima-slabosti-i-nepravilnosti-za-upatuvane-za-lekuvane-vo-stranstvo-pokazha-revizorskiot-izveshtaj/ Wed, 19 Jun 2024 08:26:28 +0000 https://republika.mk/?p=788948

ИТ системот на Фондот за здравство (ФЗОМ) континуирано имал слабости во фунцкионирањето. Немал стратегија и кадар, имало застарена серверска структура, што во 2023 година резултирало со сајбер напад на ИТ системот на Фондот. ФЗОМ имал слабости и неправилности за упатување за лекување во странство, покажа конечниот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Изразено е мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2022 година. Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија за 2022 година, пишува во извештајот.

Ревизијата, како што се наведува, континуирано известува за слабостите во контролните активности за вршењето на здравствените услуги во здравствените установи што не се соодветно воспоставени или спроведени, поради што не е обезбедено целосно потврдување на фактурите за извршени здравствени услуги. Непостоењето на единствен интегриран систем за издавање упати, лекарски извештаи и пресметки за извршени здравствени услуги, што се основа за изготвување на месечни фактури/извештаи, се додава во извештајот, создава ризик од пропусти и грешки.

Системските и мануелните контроли во процесот на препишување и издавање на лекови не се соодветно воспоставени и спроведени и постои ризик од плаќање на фактури за рецепти во вид и обем различен од реалниот. Иако од 2021 година се започнати активности за воспоставување на систем еРецепт, кој треба да овозможи целосна контрола во процесот на издавањето на рецепти и лекови и фактурирањето кон Фондот, истиот до денот на ревизијата, не е имплементиран, се додава во извештајот.

Издвоените средства за условен надоместок во 2022 година, според извештајот, изнесуваат 1.721.002 илјади денари за 24 јавни здравствени установи и истите бележат континуиран раст.

- Реализацијата на условниот надоместок во јавните здравствени установи нецелосно се следи од Фондот и не се вршени финансиски контроли на наменското трошење на средствата, на набавката и евиденцијата на лековите и на извршените здравствени услуги за 2022 година. Утврдените состојби укажуваат на слабости во планирањето, реализацијата и контролата на условниот надоместок и влијаат на остварувањето на целите заради кои е одобрен условен надоместок, велат од ДЗР.

Во постапката за упатување за лекување во странство на осигурените лица, додаваат, постојат слабости и неправилности, при што не е обезбедена соодветна правна заштита на барателите и не е воспоставена контрола и систем на следење на успешноста на лекувањето во странство.

- Побарувањата за дадени аванси за лекување во странство нецелосно се евидентирани и не се воспоставени соодветни контроли за потврдување на фактурите од странските болници. Ваквата состојба, резултирала со тужбени барања од странска болница, за кои постои неизвесност за крајниот исход, нагласуваат од ДЗР.

Исто така, додаваат, ревизијата во континуитет укажува на слабостите во функционирањето на ИТ системот на Фондот поради отсуство на ИТ стратегија, недостиг на ИТ кадар и застарена серверска структура, што во 2023 година резултирало со сајбер напад на ИТ системот на Фондот. Од друга страна, „при спроведувањето на постапките и реализацијата на договорите за јавни набавки на опрема и услуги за ИТ системот, ревизијата констатира неправилности, односно дел од договорите не се склучени во законски предвидениот рок и не е обезбедена конкуренција“.

- Во делот - клучни ревизорски прашања, во ревизорскиот извештај се укажува дека не е обезбедено вистинско купување на услуги предвидено со Законот за здравственото осигурување, односно Фондот наместо да ги надоместува извршените здравствени услуги, е принуден, во рамки на утврдениот буџет, да обезбеди средства за целосно функционирање на сите јавни здравствени установи. При тоа 2/3 од нив не успеваат да остварат обем на здравствени услуги во висина на договорениот надоместок, поради што имаат статус на неодржливи, што покрај останатото се должи и на неажурираните референтни цени на услугите, пишува во извештајот.

Имено, ревизијата повеќе години наназад, како што се истакнува, известува дека ЈЗУ и Фондот не ги прават потребните анализи на трошоци за приближување на референтните цени кон реалниот потрошок за единица здравствена услуга, а кои е потребно тековно и континуирано да се менуваат, поради влијанието што го имаат јавните набавки во цената на услугите, како и зголемувањето на платите на вработените во ЈЗУ.

Покрај тоа, „ревизијата известува и за Листата на лекови на товар на Фондот, што не е ажурирана и за Националната стратегија за е-здравство, што сѐ уште не е усвоена. Од страна на раководните лица на Фондот, добиени се Забелешки на Нацрт - извештајот на овластениот државен ревизор, истите се разгледани и констатирано е дека три забелешки не се прифаќаат, а останатите преставуваат известување за преземените мерки по дадените препораки и образложение за констатираните состојби“.

The post ИТ системот на ФЗОМ нема ИТ стратегија и кадар, тоа резултираше со сајберски напад, има слабости и неправилности за упатување за лекување во странство, покажа ревизорскиот извештај appeared first on Република.

]]>

ИТ системот на Фондот за здравство (ФЗОМ) континуирано имал слабости во фунцкионирањето. Немал стратегија и кадар, имало застарена серверска структура, што во 2023 година резултирало со сајбер напад на ИТ системот на Фондот. ФЗОМ имал слабости и неправилности за упатување за лекување во странство, покажа конечниот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР).
Изразено е мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2022 година. Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија за 2022 година, пишува во извештајот.
Ревизијата, како што се наведува, континуирано известува за слабостите во контролните активности за вршењето на здравствените услуги во здравствените установи што не се соодветно воспоставени или спроведени, поради што не е обезбедено целосно потврдување на фактурите за извршени здравствени услуги. Непостоењето на единствен интегриран систем за издавање упати, лекарски извештаи и пресметки за извршени здравствени услуги, што се основа за изготвување на месечни фактури/извештаи, се додава во извештајот, создава ризик од пропусти и грешки.
Системските и мануелните контроли во процесот на препишување и издавање на лекови не се соодветно воспоставени и спроведени и постои ризик од плаќање на фактури за рецепти во вид и обем различен од реалниот. Иако од 2021 година се започнати активности за воспоставување на систем еРецепт, кој треба да овозможи целосна контрола во процесот на издавањето на рецепти и лекови и фактурирањето кон Фондот, истиот до денот на ревизијата, не е имплементиран, се додава во извештајот.
Издвоените средства за условен надоместок во 2022 година, според извештајот, изнесуваат 1.721.002 илјади денари за 24 јавни здравствени установи и истите бележат континуиран раст. - Реализацијата на условниот надоместок во јавните здравствени установи нецелосно се следи од Фондот и не се вршени финансиски контроли на наменското трошење на средствата, на набавката и евиденцијата на лековите и на извршените здравствени услуги за 2022 година. Утврдените состојби укажуваат на слабости во планирањето, реализацијата и контролата на условниот надоместок и влијаат на остварувањето на целите заради кои е одобрен условен надоместок, велат од ДЗР. Во постапката за упатување за лекување во странство на осигурените лица, додаваат, постојат слабости и неправилности, при што не е обезбедена соодветна правна заштита на барателите и не е воспоставена контрола и систем на следење на успешноста на лекувањето во странство. - Побарувањата за дадени аванси за лекување во странство нецелосно се евидентирани и не се воспоставени соодветни контроли за потврдување на фактурите од странските болници. Ваквата состојба, резултирала со тужбени барања од странска болница, за кои постои неизвесност за крајниот исход, нагласуваат од ДЗР. Исто така, додаваат, ревизијата во континуитет укажува на слабостите во функционирањето на ИТ системот на Фондот поради отсуство на ИТ стратегија, недостиг на ИТ кадар и застарена серверска структура, што во 2023 година резултирало со сајбер напад на ИТ системот на Фондот. Од друга страна, „при спроведувањето на постапките и реализацијата на договорите за јавни набавки на опрема и услуги за ИТ системот, ревизијата констатира неправилности, односно дел од договорите не се склучени во законски предвидениот рок и не е обезбедена конкуренција“. - Во делот - клучни ревизорски прашања, во ревизорскиот извештај се укажува дека не е обезбедено вистинско купување на услуги предвидено со Законот за здравственото осигурување, односно Фондот наместо да ги надоместува извршените здравствени услуги, е принуден, во рамки на утврдениот буџет, да обезбеди средства за целосно функционирање на сите јавни здравствени установи. При тоа 2/3 од нив не успеваат да остварат обем на здравствени услуги во висина на договорениот надоместок, поради што имаат статус на неодржливи, што покрај останатото се должи и на неажурираните референтни цени на услугите, пишува во извештајот. Имено, ревизијата повеќе години наназад, како што се истакнува, известува дека ЈЗУ и Фондот не ги прават потребните анализи на трошоци за приближување на референтните цени кон реалниот потрошок за единица здравствена услуга, а кои е потребно тековно и континуирано да се менуваат, поради влијанието што го имаат јавните набавки во цената на услугите, како и зголемувањето на платите на вработените во ЈЗУ. Покрај тоа, „ревизијата известува и за Листата на лекови на товар на Фондот, што не е ажурирана и за Националната стратегија за е-здравство, што сѐ уште не е усвоена. Од страна на раководните лица на Фондот, добиени се Забелешки на Нацрт - извештајот на овластениот државен ревизор, истите се разгледани и констатирано е дека три забелешки не се прифаќаат, а останатите преставуваат известување за преземените мерки по дадените препораки и образложение за констатираните состојби“.

The post ИТ системот на ФЗОМ нема ИТ стратегија и кадар, тоа резултираше со сајберски напад, има слабости и неправилности за упатување за лекување во странство, покажа ревизорскиот извештај appeared first on Република.

]]>
ФЗО најави генерален штрајк ако вработените не добијат повисоки плати https://republika.mk/vesti/makedonija/fzo-najavi-generalen-shtrajk-ako-vrabotenite-ne-dobijat-povisoki-plati/ Tue, 30 Apr 2024 10:36:14 +0000 https://republika.mk/?p=772548

Вработените во ФЗО на предупредувачки протест, генерален штрајк ако не им бидат усогласени платите со растот на минималната плата

Вработените во Фондот за здравствено осигурување денеска одржуваат предупредувачки протест со барање за усогласување на платите со растот на минималната плата. На протестот пред Фондот за здравство беше порачано дека доколку не им се исполни барањето од 1 јуни ќе стапат во генерален штрајк.

Бранко Аџигогов, претседател на Синдикалната организација на ФЗОМ, рече дека доколку до 15 мај не се преземе ништо првенствено ќе започнат секој ден во сите градови од еден до два часа со предупредувачки протести.

На минатата седница од петокот нашата точка за усогласување на нашите плати согласно Законот за минимална плата беше одложена на неопределено време односно после изборите, како што знаете во изминатиот период, вработените штрајкуваа со цел да им остане иста платата, применетата одлука од Владата после штрајкот се однесува на тоа дека платите ни остануваат исти до 31 мај, времето се ситни и остануваат само уште 30 дена додека дознаеме колку ќе имаме ние плата, појасни Аџигогов.

Додаде дека станува збор за усогласување од 2 392 денари по лице и дека иако навидум делуваат како малку пари, се работи за законска обврска која мора да биде исполнета.

Дополнително, бараат да се донесе и вредносен бод, за да се зачуваат тие плати што ги имаат. Велат дека се разочарани од односот на управниот одбор на Фондот, бидејќи членовите според нив, не сакале да изгласаат порамнување на платата на состанок кој се одржал при крај на минатата недела, кога точката за усогласување на платите била отстранета од дневниот ред и оставена за после изборите.

Ние сакаме да го предупредиме овој состав на управниот одбор да седне да си ја сработи својата работа и да ја донесе одлуката, да не не држи во неизвесност. Со оглед на тоа дека изјавиле дека немаат намера до формирање на нова влада да донесат одлука останува прашањето зошто управниот одбор воопшто постои, би било поетички да си дадат отказ и да дојдат лица кои ќе си ја сработат работата, посочи Аџигогов.

Вработените во ФЗОМ, исто така бараат Управниот Одбор на Фондот да биде целосно разрешен и да биде поставен нов, затоа што тројца од членовите биле пензионери и со истечени мандати.

Пред три месеци, Фондот за здравство стапи во штрајк поради опасноста дека платите ќе им се намалат за 21 процент, меѓутоа владата донесе одлука тие да останат непроменети по што штрајкот беше прекинат.

The post ФЗО најави генерален штрајк ако вработените не добијат повисоки плати appeared first on Република.

]]>

Вработените во ФЗО на предупредувачки протест, генерален штрајк ако не им бидат усогласени платите со растот на минималната плата Вработените во Фондот за здравствено осигурување денеска одржуваат предупредувачки протест со барање за усогласување на платите со растот на минималната плата. На протестот пред Фондот за здравство беше порачано дека доколку не им се исполни барањето од 1 јуни ќе стапат во генерален штрајк. Бранко Аџигогов, претседател на Синдикалната организација на ФЗОМ, рече дека доколку до 15 мај не се преземе ништо првенствено ќе започнат секој ден во сите градови од еден до два часа со предупредувачки протести.
На минатата седница од петокот нашата точка за усогласување на нашите плати согласно Законот за минимална плата беше одложена на неопределено време односно после изборите, како што знаете во изминатиот период, вработените штрајкуваа со цел да им остане иста платата, применетата одлука од Владата после штрајкот се однесува на тоа дека платите ни остануваат исти до 31 мај, времето се ситни и остануваат само уште 30 дена додека дознаеме колку ќе имаме ние плата, појасни Аџигогов.
Додаде дека станува збор за усогласување од 2 392 денари по лице и дека иако навидум делуваат како малку пари, се работи за законска обврска која мора да биде исполнета. Дополнително, бараат да се донесе и вредносен бод, за да се зачуваат тие плати што ги имаат. Велат дека се разочарани од односот на управниот одбор на Фондот, бидејќи членовите според нив, не сакале да изгласаат порамнување на платата на состанок кој се одржал при крај на минатата недела, кога точката за усогласување на платите била отстранета од дневниот ред и оставена за после изборите.
Ние сакаме да го предупредиме овој состав на управниот одбор да седне да си ја сработи својата работа и да ја донесе одлуката, да не не држи во неизвесност. Со оглед на тоа дека изјавиле дека немаат намера до формирање на нова влада да донесат одлука останува прашањето зошто управниот одбор воопшто постои, би било поетички да си дадат отказ и да дојдат лица кои ќе си ја сработат работата, посочи Аџигогов.
Вработените во ФЗОМ, исто така бараат Управниот Одбор на Фондот да биде целосно разрешен и да биде поставен нов, затоа што тројца од членовите биле пензионери и со истечени мандати. Пред три месеци, Фондот за здравство стапи во штрајк поради опасноста дека платите ќе им се намалат за 21 процент, меѓутоа владата донесе одлука тие да останат непроменети по што штрајкот беше прекинат.  

The post ФЗО најави генерален штрајк ако вработените не добијат повисоки плати appeared first on Република.

]]>
Вработените во ФЗО денеска на штрајк – имаат три барања https://republika.mk/vesti/makedonija/vrabotenite-vo-fzo-deneska-na-shtrajk-imaat-tri-barana/ Tue, 30 Apr 2024 07:13:36 +0000 https://republika.mk/?p=772428

Вработените во Фондот за здравство денеска излегуваат на протест. Тие бараат усогласување на платите со растот на минималната плата.

Од Синдикатот соопштија дека ќе бараат и разрешување на целиот управен одбор на фондот и поставување нови членови кои ќе го дозволат усогласувањето на платите.

Вработените во ФЗО штрајкуваа и пред три месеци, но штрајкот беше ставен во мирување по одлуката да не им се намалат платите.

The post Вработените во ФЗО денеска на штрајк – имаат три барања appeared first on Република.

]]>

Вработените во Фондот за здравство денеска излегуваат на протест. Тие бараат усогласување на платите со растот на минималната плата. Од Синдикатот соопштија дека ќе бараат и разрешување на целиот управен одбор на фондот и поставување нови членови кои ќе го дозволат усогласувањето на платите. Вработените во ФЗО штрајкуваа и пред три месеци, но штрајкот беше ставен во мирување по одлуката да не им се намалат платите.

The post Вработените во ФЗО денеска на штрајк – имаат три барања appeared first on Република.

]]>
Поради неусогласување на платите вработените во ФЗО утре на протест https://republika.mk/vesti/makedonija/poradi-neusoglasuvane-na-platite-vrabotenite-vo-fzo-utre-na-protest/ Mon, 29 Apr 2024 11:05:42 +0000 https://republika.mk/?p=772168

Вработените во Фондот за здравство утре во 11 часот ќе излезат на протест поради незадоволството кај работниците за неусогласувањето на платите со растот на минималецот, објави Сител.

Претседателот на УПОЗ, Трпе Деановски во изјава за Телевизијата рекол дека вработените имаат три барања.

Имаме 3 барања: усогласување со минималната плата, да се донесе вредносен бод и да се зачуваат тие плати што ги имаат вработените и веднаш да се разреши целиот управен одбор на фондот, да се донесат нови членови кои веднаш ќе заседаваат и ќе донесат одлука со која ќе се заштитат вработените во фондот за здравство - изјавил Деановски за Сител.

Ако протестот не вроди со плод, тогаш ќе се активира и штрајк.

The post Поради неусогласување на платите вработените во ФЗО утре на протест appeared first on Република.

]]>

Вработените во Фондот за здравство утре во 11 часот ќе излезат на протест поради незадоволството кај работниците за неусогласувањето на платите со растот на минималецот, објави Сител. Претседателот на УПОЗ, Трпе Деановски во изјава за Телевизијата рекол дека вработените имаат три барања.
Имаме 3 барања: усогласување со минималната плата, да се донесе вредносен бод и да се зачуваат тие плати што ги имаат вработените и веднаш да се разреши целиот управен одбор на фондот, да се донесат нови членови кои веднаш ќе заседаваат и ќе донесат одлука со која ќе се заштитат вработените во фондот за здравство - изјавил Деановски за Сител.
Ако протестот не вроди со плод, тогаш ќе се активира и штрајк.

The post Поради неусогласување на платите вработените во ФЗО утре на протест appeared first on Република.

]]>
Народниот правобранител стартува со иницијативата за промени за лекувањето во странство по случајот со Леонид https://republika.mk/vesti/makedonija/narodniot-pravobranitel-startuva-so-initsijativata-za-promeni-za-lekuvaneto-vo-stranstvo-po-sluchajot-so-leonid/ Mon, 26 Feb 2024 13:24:43 +0000 https://republika.mk/?p=748563

На иницијативата за промена на Законот за здравственото осигурување и одредбите од Правилникот за начинот на користење на болничкото лекување на осигурените лица во странство ќе почне да се работи неделава, најавија од кај Народниот правобранител откако на младиот Леонид Индов му беше одбиено барањето за рехабилитација во Виена од страна на ФЗО.

Леонид кој лани се повреди на одмор во Грција дише со помош на респиратор и не може да ги движи екстремитетите. За неговото лекување во странство се потребни 140 илјади евра, кои неговото семејство ги собира преку донации.

Од ФЗО минатата недела соопштија дека непотполното конзилијарно мислење на „Тоарилуц“  е причина што Првостепената комисија го одбила барањето на семејството на Леонид. Оттаму најавија дека ќе почекаат дополнително образложение од „Тоарилуц“ за што конкретно треба да му се направи на пациентот, па ќе ја преиспитаат својата одлука.

Андоновски додава ова не е единствениот ваков случај, каде ФЗО потфрлил.

Таткото на Леонид, Бранко Индов најави дека деновиве  ќе поднесе жалба на одлуката на првостепената комисија на ФЗО. Андоновски посочува дека веќе контактирале со семејството и им дале насоки и совети и очекуваат второстепената комисија на ФЗО да ја прифати жалбата.

The post Народниот правобранител стартува со иницијативата за промени за лекувањето во странство по случајот со Леонид appeared first on Република.

]]>

На иницијативата за промена на Законот за здравственото осигурување и одредбите од Правилникот за начинот на користење на болничкото лекување на осигурените лица во странство ќе почне да се работи неделава, најавија од кај Народниот правобранител откако на младиот Леонид Индов му беше одбиено барањето за рехабилитација во Виена од страна на ФЗО. Леонид кој лани се повреди на одмор во Грција дише со помош на респиратор и не може да ги движи екстремитетите. За неговото лекување во странство се потребни 140 илјади евра, кои неговото семејство ги собира преку донации. Од ФЗО минатата недела соопштија дека непотполното конзилијарно мислење на „Тоарилуц“  е причина што Првостепената комисија го одбила барањето на семејството на Леонид. Оттаму најавија дека ќе почекаат дополнително образложение од „Тоарилуц“ за што конкретно треба да му се направи на пациентот, па ќе ја преиспитаат својата одлука. Андоновски додава ова не е единствениот ваков случај, каде ФЗО потфрлил. Таткото на Леонид, Бранко Индов најави дека деновиве  ќе поднесе жалба на одлуката на првостепената комисија на ФЗО. Андоновски посочува дека веќе контактирале со семејството и им дале насоки и совети и очекуваат второстепената комисија на ФЗО да ја прифати жалбата.

The post Народниот правобранител стартува со иницијативата за промени за лекувањето во странство по случајот со Леонид appeared first on Република.

]]>
И во последните денови од владеењето власта е брутална, сега си играат со судбината на Леонид! https://republika.mk/vesti/makedonija/i-vo-poslednite-denovi-od-vladeeneto-vlasta-e-brutalna-sega-si-igraat-so-sudbinata-na-leonid/ Wed, 21 Feb 2024 08:15:06 +0000 https://republika.mk/?p=746389

Со СДС и ДУИ секојдневно тоне се, а цената дури и на последните денови од нивното владеење е висока, чини животи.

На 6 февруари прва вест во медиумите беше заминување на Леонид Индов во Австрија. Се сликаа, се фалеа, директор на медицинска установа, дополнителниот министер за внатрешни работи дека обезбедиле и ќе имало прв меѓународен лет за медицински транспорт со хеликоптер, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Дури рекоа „ова е историски чин и многу е важно да се истакне дека транспортот е бесплатен и му следува на секој осигуреник во Македонија“. Се фалеа рутата на медикоптерот била Скопје – Осиек – Виена, рекоа Индов ќе биде транспортиран до Виена и ќе се лекува  во центар за рехабилитација во Виена, додава партијата.

Летот на челниците од власта траеше кратко, за две недели стигна веста од ФЗО дека нема средства за лекување на Леонид.

Прво, што имаше историско во летот?

Второ, како се сликаат и се фалат за транспорт на пациент на кој за две недели му велат е нема да се лекуваш на товар на ФЗО?

Овој случај за жал е само уште во низата докази за, во најмала рака кажано, неспособноста на надлежните од власта кои ја држат државата и граѓаните во заложништво седум години.

Сега си играат со судбината на Леонид!, истакнува ВМРО-ДПМНЕ.

The post И во последните денови од владеењето власта е брутална, сега си играат со судбината на Леонид! appeared first on Република.

]]>

Со СДС и ДУИ секојдневно тоне се, а цената дури и на последните денови од нивното владеење е висока, чини животи.
На 6 февруари прва вест во медиумите беше заминување на Леонид Индов во Австрија. Се сликаа, се фалеа, директор на медицинска установа, дополнителниот министер за внатрешни работи дека обезбедиле и ќе имало прв меѓународен лет за медицински транспорт со хеликоптер, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Дури рекоа „ова е историски чин и многу е важно да се истакне дека транспортот е бесплатен и му следува на секој осигуреник во Македонија“. Се фалеа рутата на медикоптерот била Скопје – Осиек – Виена, рекоа Индов ќе биде транспортиран до Виена и ќе се лекува  во центар за рехабилитација во Виена, додава партијата. Летот на челниците од власта траеше кратко, за две недели стигна веста од ФЗО дека нема средства за лекување на Леонид. Прво, што имаше историско во летот? Второ, како се сликаат и се фалат за транспорт на пациент на кој за две недели му велат е нема да се лекуваш на товар на ФЗО? Овој случај за жал е само уште во низата докази за, во најмала рака кажано, неспособноста на надлежните од власта кои ја држат државата и граѓаните во заложништво седум години. Сега си играат со судбината на Леонид!, истакнува ВМРО-ДПМНЕ.

The post И во последните денови од владеењето власта е брутална, сега си играат со судбината на Леонид! appeared first on Република.

]]>
Откако претставници на државни институции се испофалија дека Леонид е транспортиран со специјализираниот хеликоптер на лекување во Виена, ФЗО го одбил неговото барање за лекување во странство https://republika.mk/vesti/makedonija/otkako-pretstavnitsi-na-drzhavni-institutsii-se-ispofalija-deka-leonid-e-transportiran-so-spetsijaliziraniot-helikopter-na-lekuvane-vo-viena-fzo-go-odbil-negovoto-barane-za-lekuvane-vo-stranstvo/ Tue, 20 Feb 2024 11:42:33 +0000 https://republika.mk/?p=746080

Откако младиот Леонид со специјален хеликоптер беше пренесен во Виена на лекување, Фондот за здравство го одбил неговото барање за лекување во странство.

Оваа информација денеска ја соопшти заменик народниот правобранител, Јован Андоновски, велејќи дека државата си игра со човечки живот.

-Откако претставници на државни институции се испофалија дека младиот Леонид е транспортиран со специјализираниот хеликоптер на лекување во Виена, следува шок за него и семејствотоЛеонид веќе е неколку недели на лекување во ВиенаФондот за здравство и покрај конзилијарното мислење дека лицето мора да се лекува во странство, носи решение со кое се одбива барањетоПри тоа, во решението воопшто не се наведува која установа ја нуди потребната услуга, туку само дека лекувањето е можно во Македонија. Државата си игра со човечки живот. Барам ФЗО да ја преиспита одлуката, вели Андоновски.

The post Откако претставници на државни институции се испофалија дека Леонид е транспортиран со специјализираниот хеликоптер на лекување во Виена, ФЗО го одбил неговото барање за лекување во странство appeared first on Република.

]]>

Откако младиот Леонид со специјален хеликоптер беше пренесен во Виена на лекување, Фондот за здравство го одбил неговото барање за лекување во странство. Оваа информација денеска ја соопшти заменик народниот правобранител, Јован Андоновски, велејќи дека државата си игра со човечки живот. -Откако претставници на државни институции се испофалија дека младиот Леонид е транспортиран со специјализираниот хеликоптер на лекување во Виена, следува шок за него и семејствотоЛеонид веќе е неколку недели на лекување во ВиенаФондот за здравство и покрај конзилијарното мислење дека лицето мора да се лекува во странство, носи решение со кое се одбива барањетоПри тоа, во решението воопшто не се наведува која установа ја нуди потребната услуга, туку само дека лекувањето е можно во Македонија. Државата си игра со човечки живот. Барам ФЗО да ја преиспита одлуката, вели Андоновски.  

The post Откако претставници на државни институции се испофалија дека Леонид е транспортиран со специјализираниот хеликоптер на лекување во Виена, ФЗО го одбил неговото барање за лекување во странство appeared first on Република.

]]>
По 31 мај очекуваме одлуката за вредноста на бодот да остане иста, во спротивно пак ќе има штрајк, велат од ФЗО https://republika.mk/vesti/makedonija/po-31-maj-ochekuvame-odlukata-za-vrednosta-na-bodot-da-ostane-ista-vo-sprotivno-pak-ke-ima-shtrajk-velat-od-fzo/ Wed, 07 Feb 2024 12:56:02 +0000 https://republika.mk/?p=741473

Штрајкот во Фондот за здравствено осигурување се става во мирување, соопшти Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ).

Одлуката, како што информираат, е донесена по денешната седница на Управниот одбор на ФЗО.

По упатеното барање од страна на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ) до Претседателот на Владата на РСМ Талат Џафери, преовлада разумот во Владата и на вчерашната седница, донесе нов заклучок со што ја поништи претходната препорака која беше испратена до Управниот одбор и донесе нова препорака, со која се препорачува вредноста на бодот да остане иста. Со донесената одлука на денешната седница на Управниот одбор на ФЗО, Синдикалната организација при ФЗО членка на Синдикатот на УПОЗ донесе одлука со која штрајкот се става во мирување, се вели во објавата на Фејсбук.

Од Синдикатот им се заблагодаруваат на сите организации од здравствениот сектор и на разбирањето на граѓаните.

Битката е добиена, но не и војната, а по 31-ви мај очекуваме одлуката за вредноста на бодот да остане иста, во спротивно штрајкот ќе биде повторно активиран, пишува во објавата.

За во 14 часот е најавена и прес-конференција на директорите на ФЗО и претстаници на синдикатот.

The post По 31 мај очекуваме одлуката за вредноста на бодот да остане иста, во спротивно пак ќе има штрајк, велат од ФЗО appeared first on Република.

]]>

Штрајкот во Фондот за здравствено осигурување се става во мирување, соопшти Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ). Одлуката, како што информираат, е донесена по денешната седница на Управниот одбор на ФЗО.
По упатеното барање од страна на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ) до Претседателот на Владата на РСМ Талат Џафери, преовлада разумот во Владата и на вчерашната седница, донесе нов заклучок со што ја поништи претходната препорака која беше испратена до Управниот одбор и донесе нова препорака, со која се препорачува вредноста на бодот да остане иста. Со донесената одлука на денешната седница на Управниот одбор на ФЗО, Синдикалната организација при ФЗО членка на Синдикатот на УПОЗ донесе одлука со која штрајкот се става во мирување, се вели во објавата на Фејсбук.
Од Синдикатот им се заблагодаруваат на сите организации од здравствениот сектор и на разбирањето на граѓаните.
Битката е добиена, но не и војната, а по 31-ви мај очекуваме одлуката за вредноста на бодот да остане иста, во спротивно штрајкот ќе биде повторно активиран, пишува во објавата.
За во 14 часот е најавена и прес-конференција на директорите на ФЗО и претстаници на синдикатот.  

The post По 31 мај очекуваме одлуката за вредноста на бодот да остане иста, во спротивно пак ќе има штрајк, велат од ФЗО appeared first on Република.

]]>
Платите на вработените во ФЗО остануваат исти до мај https://republika.mk/vesti/makedonija/platite-na-vrabotenite-vo-fzo-ostanuvaat-isti-do-maj/ Tue, 06 Feb 2024 22:11:08 +0000 https://republika.mk/?p=741225

В.Д. директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Асаф Абдурамани, на својот фејсбук профил соопшти дека е донесена одлука за иста вредност на платите до 31 мај 2024 година.

Почитувани колеги, соработници на Фондот за здравствено осигурување, со премиерот Талат Џафери донесовме заедничка одлука за иста вредност на платите до 31 мај 2024 година. Оваа одлука ќе трае до трајното решение кое секогаш ќе биде во корист на вработените. Му благодариме на премиерот Џафери и на владиниот кабинет за стручната поддршка за надминување на овој проблем, наведува Абдурамани.

Вработените во ФЗО бараа платите годинава да им бидат во висина на декемвриската плата од 2023 година,со утврденото зголемување од 15 отсто. Тие стапија во штрајк, изразувајќи незадоволство од можното намалување на платите. Според синдикатот, одлуката за платите ја чекаа 831 вработен во Фондот. Ако имаше намалување, 25 проценти ќе добиваа плата под минималната, а 25 отсто колку минималната плата.

Буџетот на ФЗО е над 46 милијарда денари и од него за плати се издвојуваат 1,19 проценти.

The post Платите на вработените во ФЗО остануваат исти до мај appeared first on Република.

]]>

В.Д. директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Асаф Абдурамани, на својот фејсбук профил соопшти дека е донесена одлука за иста вредност на платите до 31 мај 2024 година.
Почитувани колеги, соработници на Фондот за здравствено осигурување, со премиерот Талат Џафери донесовме заедничка одлука за иста вредност на платите до 31 мај 2024 година. Оваа одлука ќе трае до трајното решение кое секогаш ќе биде во корист на вработените. Му благодариме на премиерот Џафери и на владиниот кабинет за стручната поддршка за надминување на овој проблем, наведува Абдурамани.
Вработените во ФЗО бараа платите годинава да им бидат во висина на декемвриската плата од 2023 година,со утврденото зголемување од 15 отсто. Тие стапија во штрајк, изразувајќи незадоволство од можното намалување на платите. Според синдикатот, одлуката за платите ја чекаа 831 вработен во Фондот. Ако имаше намалување, 25 проценти ќе добиваа плата под минималната, а 25 отсто колку минималната плата. Буџетот на ФЗО е над 46 милијарда денари и од него за плати се издвојуваат 1,19 проценти.

The post Платите на вработените во ФЗО остануваат исти до мај appeared first on Република.

]]>
Техничкиот премиер најави дека ќе се разгледа одлуката за намалување на платите во ФЗОМ https://republika.mk/vesti/makedonija/tehnichkiot-premier-najavi-deka-ke-se-razgleda-odlukata-za-namaluvane-na-platite-vo-fzom/ Tue, 06 Feb 2024 15:25:39 +0000 https://republika.mk/?p=740835

Техничкиот премиер Талат Џафери одржал координативна средба со претставници на институциите за да се согледаат причините за штрајкот во Фондот за здравствено осигурување. Во интервју за МИА Џафери вели дека треба повторно да се разгледа одлуката со која се препорачува намалување на платите на вработените во ФЗОМ.

Веќе имавме координативна средба со институциите за да согледаме од каде потекнуваат причините за тоа. И секако институциите добиваат соодветна критика зошто дошле во ситуација по пат на јавен искажан став, преку протести и штрајк, да се дојде до право коешто е стекнато со определени одлуки, и веројатно тоа е оставштина од начинот на менаџирање на соодветните институции кои се надлежни по односните прашања, изјави Џафери.

Посочува дека треба да се доразгледа во кој дел одлуката е спорна и зошто требало да дојде до штрајк.

Во однос на ФЗОМ е последица на Законот односно одлука која што ќе треба да се доразгледа, во кој дел е спорна и зошто требало како резултат на одлука за методологија на определување на бодови на обезбедување на платите... за да се дефинира точно каде е изворот на тоа и таму више да се попречи институционалниот аспект на изворите на таков излив на незадоволство. Значи да сме на чисто, рече Џафери.

Нагласува дека правото на штрајк е неспорно и право обезбедено за секој, но оти институциите имаат обврска да ги спроведат своите обврски за да не дојде преку штрајк да се остваруваат одредени права.

Вработените во Фондот за здравство штрајкуваат поради препораката на Владата за намалување на платите за 21%. Од Владата побараа на денешната седница да го повлече предлогот даден до Управниот одбор за намалување на платите.

Во врска со штрајкот на студентите, Џафери рече дека „бирократското однесување“ на некоја институција, придонело да има задоцнета исплата.

Очигледно е дека по однос на студентите што најавија, бирократското однесување на некоја институција, допринело да се има доим на задоцнета исплата на она што е законска определба. Што значи некој не си ја вршел својата работа нагоре и тоа ќе треба да го дефинираме и соодветно човечки да се укаже таков начин на функционирање не дозволив и нема да го толерирам, со соодветни методи на контрола и надзор над работата на членовите на Владата и на институциите коишто се обврзани на Влада, рече во интервју за МИА Џафери.

The post Техничкиот премиер најави дека ќе се разгледа одлуката за намалување на платите во ФЗОМ appeared first on Република.

Нагласува дека правото на штрајк е неспорно и право обезбедено за секој, но оти институциите имаат обврска да ги спроведат своите обврски за да не дојде преку штрајк да се остваруваат одредени права. Вработените во Фондот за здравство штрајкуваат поради препораката на Владата за намалување на платите за 21%. Од Владата побараа на денешната седница да го повлече предлогот даден до Управниот одбор за намалување на платите. Во врска со штрајкот на студентите, Џафери рече дека „бирократското однесување“ на некоја институција, придонело да има задоцнета исплата.

Џафери: Треба повторно да се разгледа одлуката за намалување на платите во ФЗОМ https://republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-treba-povtorno-da-se-razgleda-odlukata-za-namaluvane-na-platite-vo-fzom/ Tue, 06 Feb 2024 09:02:01 +0000 https://republika.mk/?p=740834

Техничкиот премиер Талат Џафери одржал координативна средба со претставници на институциите за да се согледаат причините за штрајкот во Фондот за здравствено осигурување. Во интервју за МИА Џафери вели дека треба повторно да се разгледа одлуката со која се препорачува намалување на платите на вработените во ФЗОМ.

Веќе имавме координативна средба со институциите за да согледаме од каде потекнуваат причините за тоа. И секако институциите добиваат соодветна критика зошто дошле во ситуација по пат на јавен искажан став, преку протести и штрајк, да се дојде до право коешто е стекнато со определени одлуки, и веројатно тоа е оставштина од начинот на менаџирање на соодветните институции кои се надлежни по односните прашања - изјави Џафери.

Посочува дека треба да се доразгледа во кој дел одлуката е спорна и зошто требало да дојде до штрајк.

Во однос на ФЗОМ е последица на Законот односно одлука која што ќе треба да се доразгледа, во кој дел е спорна и зошто требало како резултат на одлука за методологија на определување на бодови на обезбедување на платите… за да се дефинира точно каде е изворот на тоа и таму више да се попречи институционалниот аспект на изворите на таков излив на незадоволство. Значи да сме на чисто - рече Џафери.

Нагласува дека правото на штрајк е неспорно и право обезбедено за секој, но оти институциите имаат обврска да ги спроведат своите обврски за да не дојде преку штрајк да се остваруваат одредени права.

Вработените во Фондот за здравство штрајкуваат поради препораката на Владата за намалување на платите за 21%. Од Владата побараа на денешната седница да го повлече предлогот даден до Управниот одбор за намалување на платите.

Во врска со штрајкот на студентите, Џафери рече дека „бирократското однесување“ на некоја институција, придонело да има задоцнета исплата.

Очигледно е дека по однос на студентите што најавија, бирократското однесување на некоја институција, допринело да се има доим на задоцнета исплата на она што е законска определба. Што значи некој не си ја вршел својата работа нагоре и тоа ќе треба да го дефинираме и соодветно човечки да се укаже таков начин на функционирање не дозволив и нема да го толерирам, со соодветни методи на контрола и надзор над работата на членовите на Владата и на институциите коишто се обврзани на Влада - рече Џафери.

The post Џафери: Треба повторно да се разгледа одлуката за намалување на платите во ФЗОМ appeared first on Република.

]]>

Техничкиот премиер Талат Џафери одржал координативна средба со претставници на институциите за да се согледаат причините за штрајкот во Фондот за здравствено осигурување. Во интервју за МИА Џафери вели дека треба повторно да се разгледа одлуката со која се препорачува намалување на платите на вработените во ФЗОМ.
Веќе имавме координативна средба со институциите за да согледаме од каде потекнуваат причините за тоа. И секако институциите добиваат соодветна критика зошто дошле во ситуација по пат на јавен искажан став, преку протести и штрајк, да се дојде до право коешто е стекнато со определени одлуки, и веројатно тоа е оставштина од начинот на менаџирање на соодветните институции кои се надлежни по односните прашања - изјави Џафери.
Посочува дека треба да се доразгледа во кој дел одлуката е спорна и зошто требало да дојде до штрајк.
Во однос на ФЗОМ е последица на Законот односно одлука која што ќе треба да се доразгледа, во кој дел е спорна и зошто требало како резултат на одлука за методологија на определување на бодови на обезбедување на платите… за да се дефинира точно каде е изворот на тоа и таму више да се попречи институционалниот аспект на изворите на таков излив на незадоволство. Значи да сме на чисто - рече Џафери.
Нагласува дека правото на штрајк е неспорно и право обезбедено за секој, но оти институциите имаат обврска да ги спроведат своите обврски за да не дојде преку штрајк да се остваруваат одредени права. Вработените во Фондот за здравство штрајкуваат поради препораката на Владата за намалување на платите за 21%. Од Владата побараа на денешната седница да го повлече предлогот даден до Управниот одбор за намалување на платите. Во врска со штрајкот на студентите, Џафери рече дека „бирократското однесување“ на некоја институција, придонело да има задоцнета исплата.
Очигледно е дека по однос на студентите што најавија, бирократското однесување на некоја институција, допринело да се има доим на задоцнета исплата на она што е законска определба. Што значи некој не си ја вршел својата работа нагоре и тоа ќе треба да го дефинираме и соодветно човечки да се укаже таков начин на функционирање не дозволив и нема да го толерирам, со соодветни методи на контрола и надзор над работата на членовите на Владата и на институциите коишто се обврзани на Влада - рече Џафери.

The post Џафери: Треба повторно да се разгледа одлуката за намалување на платите во ФЗОМ appeared first on Република.

]]>
Почна штрајкот во ФЗОМ: Нема исплата на боледувања, породилно, барања за рехабилитација и ортопедски помагала https://republika.mk/vesti/makedonija/pochna-shtrajkot-vo-fzom-nema-isplata-na-boleduvana-porodilno-barana-za-rehabilitatsija-i-ortopedski-pomagala/ Mon, 05 Feb 2024 12:19:13 +0000 https://republika.mk/?p=740480

Од денеска почна штрајкот на вработените во Фондот за здравство на Македонија. Нема исплата на боледувањата, породилно, барања за рехабилитација и ортопедски помагала, како и барањата за осигурување во странство, т. е. за двојазичните обрасци. Граѓаните ќе имаат рецепти и упати, но ќе нема плати во јавното здравство, рече денеска Бранко Аџигогов, претседател на Синдикалната организација на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ).

Причина за штрајкот е намалување на платите. Вработените имаат само едно барање, платата да им биде во висина на декемвриската. Јануарската уште ја немаат земено.

Сите вработени во подрачните единици во ФЗО не ги извршуваат работните задачи, освен најитните. Револтот кај вработените е огромен, штрајкуваат и оние кои се во други синдикати, истрајни се, расположението е моментанлно да се тера до крај се додека не се потврди онаа одлука, односно додека не ги добиеме оние плати што ги добивме со декемвриската плата. Не бараме ништо повеќе, бараме само да ни останат платите во оваа висина како што беа со декемвриската плата. Апелираме до Владата, на утрешната седница, на која веќе испративме допис до техничкиот премиер да отвори точка на дневен ред, да се разгледа ова наше барање. како што донесоа заклучок со препорака Управниот одбор да ги намали платите, да донесат нов заклучок со препорака да остане истата вредност на бодот, тоа е 77,16 денари, таа вредност да биде до крајот на оваа година, изјави претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) Трпе Деаноски.

Деаноски во денешната изјава за новинарите кажа дека е направена иницијатива која е потпишана од сите директори на подрачните единици во којшто гарантираат дека ќе се извршуваат сите работни задачи и дека ќе има пари во Фондот за исплата на платите како што сега, а и граѓаните да бидат спокојни дека ќе има лекови и помагала за сите.

Апелирам до министерството за финансии и кој и да го напишел она соопштение дека ако се исплатат повисоки плати дека нема да има лекови за граѓаните, да не се случи уште еднаш такво нешто, да не се лаже јавноста, бидејќи не личи државен орган, министрство, да си игра со емоциите на граѓаните и да ги лаже дека нема пари во ФЗО. Многупати сме кажале дека ФЗО е институција со најголем буџет во државата и Фондот секогаш има пари. Ќе има пари и да останат овие плати на вработените како што тоа го договоривме со менаџментот на ФЗО. На ред е Владата, Управниот одбор, Министерството за финансии да си ја земат математиката во раце да донесат одлука со којашто ќе ги заштитиме платите. Ако не се донесе ваква одлука, вработените се толку револтирани што штрајкот нема да престане дури и по цена да не земат плата, изјави Деаноски.

Тој кажа и дека во март ќе има пораст на минималната плата, но тие нема да добијат усогласување со минималната плата.

Ако мининалната плата, да речеме, е 23-24 илјади денари, вработените ќе се спуштат под тој износ бидејќи има измени на законските решенија. Моментално се во Собранието, каде што се вели дека нема веќе усогласување на вработените во јавната администрација со порастот на минималната плата“, додаде Деаноски.

Аџигогов изјави дека нема пријавено никакви инциденти ниту проблеми со штајкот и оти граѓаните се свесни за ситуацијата.

Поддршка добивме од сите синдикати во здравството. Ќе се извршуваат само неопходните работни задачи, како пријава на малолетно лице како член во осигурување, регулирање на осигурување за хоспитализирано лице и лекување во странство за итни случаи. Сакам да кажам дека лекарските комисии кои ги продолжуваат боледувањата си продолжуваат непречено да работат. Не ни е идејата врз болни лица да тераме правдина, рече Аџигогов.

Аџигогов објасни за исплатата на породилните отсуства.

Двете работи не се исти. Ќе нема исплата на породилни отсуства. Едното е, нашите лекари заедно со лекарите од болниците и здравствените домови кои учествуваат во комисиите да дадат наод, оценка, мислење за продолжување на боледувањето. Надоместот за исплата на плата се случува доколку се надмине 30 дена, после тоа се поднесува кај нас барање за надомест.

Споед Аџигогов не се врши исплата на сите кои имаат договор со ФЗО, тоа е јавното здравство и огромен дел од приватното здравство.

Прекинати се договорите за вработување во јавно здравство, префрлувањата на договорите за јавно здравство и оние на кои со одлука треба да им се трансформира работниот однос. Во јавното здравство сега е пресметковен период, исто така и за буџетот, за капитациите. Сега за сега, во моментот не се работи ништо, кажа Аџигогов прашан дали ќе има плати за вработените во јавното здравство.

The post Почна штрајкот во ФЗОМ: Нема исплата на боледувања, породилно, барања за рехабилитација и ортопедски помагала appeared first on Република.

]]>

Од денеска почна штрајкот на вработените во Фондот за здравство на Македонија. Нема исплата на боледувањата, породилно, барања за рехабилитација и ортопедски помагала, како и барањата за осигурување во странство, т. е. за двојазичните обрасци. Граѓаните ќе имаат рецепти и упати, но ќе нема плати во јавното здравство, рече денеска Бранко Аџигогов, претседател на Синдикалната организација на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ). Причина за штрајкот е намалување на платите. Вработените имаат само едно барање, платата да им биде во висина на декемвриската. Јануарската уште ја немаат земено.
Сите вработени во подрачните единици во ФЗО не ги извршуваат работните задачи, освен најитните. Револтот кај вработените е огромен, штрајкуваат и оние кои се во други синдикати, истрајни се, расположението е моментанлно да се тера до крај се додека не се потврди онаа одлука, односно додека не ги добиеме оние плати што ги добивме со декемвриската плата. Не бараме ништо повеќе, бараме само да ни останат платите во оваа висина како што беа со декемвриската плата. Апелираме до Владата, на утрешната седница, на која веќе испративме допис до техничкиот премиер да отвори точка на дневен ред, да се разгледа ова наше барање. како што донесоа заклучок со препорака Управниот одбор да ги намали платите, да донесат нов заклучок со препорака да остане истата вредност на бодот, тоа е 77,16 денари, таа вредност да биде до крајот на оваа година, изјави претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) Трпе Деаноски.
Деаноски во денешната изјава за новинарите кажа дека е направена иницијатива која е потпишана од сите директори на подрачните единици во којшто гарантираат дека ќе се извршуваат сите работни задачи и дека ќе има пари во Фондот за исплата на платите како што сега, а и граѓаните да бидат спокојни дека ќе има лекови и помагала за сите.
Апелирам до министерството за финансии и кој и да го напишел она соопштение дека ако се исплатат повисоки плати дека нема да има лекови за граѓаните, да не се случи уште еднаш такво нешто, да не се лаже јавноста, бидејќи не личи државен орган, министрство, да си игра со емоциите на граѓаните и да ги лаже дека нема пари во ФЗО. Многупати сме кажале дека ФЗО е институција со најголем буџет во државата и Фондот секогаш има пари. Ќе има пари и да останат овие плати на вработените како што тоа го договоривме со менаџментот на ФЗО. На ред е Владата, Управниот одбор, Министерството за финансии да си ја земат математиката во раце да донесат одлука со којашто ќе ги заштитиме платите. Ако не се донесе ваква одлука, вработените се толку револтирани што штрајкот нема да престане дури и по цена да не земат плата, изјави Деаноски.
Тој кажа и дека во март ќе има пораст на минималната плата, но тие нема да добијат усогласување со минималната плата.
Ако мининалната плата, да речеме, е 23-24 илјади денари, вработените ќе се спуштат под тој износ бидејќи има измени на законските решенија. Моментално се во Собранието, каде што се вели дека нема веќе усогласување на вработените во јавната администрација со порастот на минималната плата“, додаде Деаноски.
Аџигогов изјави дека нема пријавено никакви инциденти ниту проблеми со штајкот и оти граѓаните се свесни за ситуацијата.
Поддршка добивме од сите синдикати во здравството. Ќе се извршуваат само неопходните работни задачи, како пријава на малолетно лице како член во осигурување, регулирање на осигурување за хоспитализирано лице и лекување во странство за итни случаи. Сакам да кажам дека лекарските комисии кои ги продолжуваат боледувањата си продолжуваат непречено да работат. Не ни е идејата врз болни лица да тераме правдина, рече Аџигогов.
Аџигогов објасни за исплатата на породилните отсуства.
Двете работи не се исти. Ќе нема исплата на породилни отсуства. Едното е, нашите лекари заедно со лекарите од болниците и здравствените домови кои учествуваат во комисиите да дадат наод, оценка, мислење за продолжување на боледувањето. Надоместот за исплата на плата се случува доколку се надмине 30 дена, после тоа се поднесува кај нас барање за надомест.
Споед Аџигогов не се врши исплата на сите кои имаат договор со ФЗО, тоа е јавното здравство и огромен дел од приватното здравство.
Прекинати се договорите за вработување во јавно здравство, префрлувањата на договорите за јавно здравство и оние на кои со одлука треба да им се трансформира работниот однос. Во јавното здравство сега е пресметковен период, исто така и за буџетот, за капитациите. Сега за сега, во моментот не се работи ништо, кажа Аџигогов прашан дали ќе има плати за вработените во јавното здравство.
 
The post Почна штрајкот во ФЗОМ: Нема исплата на боледувања, породилно, барања за рехабилитација и ортопедски помагала appeared first on Република.

]]>
Трендафилов: Штрајкот во Фондот за здравство е ,,готова работа”, одлуката е донесена https://republika.mk/vesti/makedonija/trendafilov-shtrajkot-vo-fondot-za-zdravstvo-e-gotova-rabota-odlukata-e-donesena/ Sun, 04 Feb 2024 09:10:03 +0000 https://republika.mk/?p=740138

Иако е непопуларна мерка, веќе е донесена одлука за штрајк поради најавеното намалување на платите во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), вели претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Работниците ќе протестираат и ако поминат низа закони со кои власта сака да ги намали платите, додава тој.

Тоа што јас го имам како информација како претседател на ССМ, е дека веќе е донесена одлука за штрајк. Штрајкот е непопуларна мерка кон која прибегнуваат работниците и синдикатите само во ситуација во која немаат излез, кога ќе бидат ставени до ѕид. Се разбира дека егзистенцијата на работниците е најважна и работниците не можат да работат со намалување на платите за 21 отсто и решени да штрајкуваат. Жално е тоа што сите ние ќе трпиме поради ваквиот однос на функционерите, на мала врата да го спроведат ова намалување на платите и пак вината да ја префрлаат на синдикатите. Не се работниците виновни за тоа што ќе им се намали платата и не за тоа што ќе штрајкуваат поради намалување на платите. Виновни се оние кои ја креираат политиката. Очекуваме разумни луѓе во Управниот одбор да донесат разумна одлука и да не го дозволат тоа и да не го блокираат функционирањето на ФЗО - вели претседателот на ССМ.

The post Трендафилов: Штрајкот во Фондот за здравство е ,,готова работа”, одлуката е донесена appeared first on Република.

Андоновски: Намалувањето на платите е удар врз животниот стандард на 831 вработени во ФЗО https://republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-namaluvaneto-na-platite-e-udar-vrz-zhivotniot-standard-na-831-vraboteni-vo-fzo/ Tue, 30 Jan 2024 09:28:38 +0000 https://republika.mk/?p=738452

831 вработен во Фондот за здравство се загрижени за нивните примања, кои на предлог на министерот за финансии треба да им бидат намалени за 21% – 6000 денари просечно по човек. Истовремено е распишан конкурс за НОВИ ВРАБОТУВАЊА во ФЗОМ и тоа не еден или двајца, туку 61 ново вработување, пишува на социјалната мрежа Фејсбук новоизбраниот дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски.

-Намалувањето на платите е удар врз животниот стандард на 831 вработен. Апсурдот е во несфатливоста на процесот кој го наметнува Министерот за Финансии и Владата.
Дали тоа значи дека со намалување на платите на 831 вработен за 21% СДС и ДУИ треба да обезбедат средства за нови 61 партиско вработување?! Резултатот: Фондот ќе колабира. Граѓаните нема да можат да земат лек на рецепт на први февруари, нема да можат да се прават исплати од ФЗО кон граѓаните кои на пример користеле боледувања, нема да се исплаќаат рефундации за лекови, нема да се прават исплати ниту кон здравствените институции, истакна Андоновски.

Ја следиме ситуацијата и согласно сите законски процедури ќе преземеме активности за проверка на веродостојноста и оправданоста на овие нови вработувања, порача тој.

The post Андоновски: Намалувањето на платите е удар врз животниот стандард на 831 вработени во ФЗО appeared first on Република.

]]>

831 вработен во Фондот за здравство се загрижени за нивните примања, кои на предлог на министерот за финансии треба да им бидат намалени за 21% – 6000 денари просечно по човек. Истовремено е распишан конкурс за НОВИ ВРАБОТУВАЊА во ФЗОМ и тоа не еден или двајца, туку 61 ново вработување, пишува на социјалната мрежа Фејсбук новоизбраниот дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски. -Намалувањето на платите е удар врз животниот стандард на 831 вработен. Апсурдот е во несфатливоста на процесот кој го наметнува Министерот за Финансии и Владата. Дали тоа значи дека со намалување на платите на 831 вработен за 21% СДС и ДУИ треба да обезбедат средства за нови 61 партиско вработување?! Резултатот: Фондот ќе колабира. Граѓаните нема да можат да земат лек на рецепт на први февруари, нема да можат да се прават исплати од ФЗО кон граѓаните кои на пример користеле боледувања, нема да се исплаќаат рефундации за лекови, нема да се прават исплати ниту кон здравствените институции, истакна Андоновски. Ја следиме ситуацијата и согласно сите законски процедури ќе преземеме активности за проверка на веродостојноста и оправданоста на овие нови вработувања, порача тој.

The post Андоновски: Намалувањето на платите е удар врз животниот стандард на 831 вработени во ФЗО appeared first on Република.

]]>
Што ќе беше работава за нашиве платичиња толку да се закачат, да ни се намалат, прашува претседателот на Синдикатот на ФЗОМ Бранко Аџигогов https://republika.mk/vesti/ekonomija/shto-ke-beshe-rabotava-za-nashive-platichina-tolku-da-se-zakachat-da-ni-se-namalat-prashuva-pretsedatelot-na-sindikatot-na-fzom-branko-adhigogov/ Sun, 28 Jan 2024 17:29:35 +0000 https://republika.mk/?p=737858

Бранко Аџигогов, претседател на Синдикатот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) најави дека утре, по шестти пат ќе се одлучува дали платата на вработените во Фондот ќе остане иста или ќе им се намали за 21 отсто.

Скопска и Централа пред ФЗО ќе дојдат да дадат поддршка, да остане иста. Претседателот на УПОЗ и јас ќе имаме изјави за медиумите. Што ќе беше работава за нашиве платичиња толку да се закачат, да ни се намалат?!?. А избори утре, а избирачки список прочистување? Знаат ли што воопшто работиме во ФЗО или гајле им е?, пишува Аџигогов во статус на Фејсбук.

Аџигогов објаснува дека во моментов вештачки на пензионерите и на невработените им се чува осигурување, бидејќи немаат од први јануари годинава. Тоа значи нема рецепти за лекови, упати за прегледи.

Поради неплатени придонеси за нив, од шупље у празно, вработените прават гимнастика, само да се пуштат плати за јавно здравство, капитација за примарно, буџети за приватно, лекови во аптеки. Да се овозможи колку толку рефундација на лек, да се платат боледувања и породилно.
Па се мисли ли трезвено во државава, утре нема тоа да го прават и... Да крахира здравство. Најстрашно е што имаме пари и историски најголем буџет по сите параметри имаме. Се е тоа пари од придонес за здравствено.. не бараме ништо ни од патишта ни од гориво ни од царини ни од ДДВ.. Психолошка тортура вработените имаат од почетокот на годината, работат цел месец а не знаат дали ќе си ја земат платата или ќе им се намали 21%. А можно е воопшто да не ја ни земат. Па што проклет народ ќе бевме , што его ќе имаше, да оставиш 830 фамилии поради администравна грешка на некој си во ФЗО или во МФ.. ГОСПОДЕ БОЖЕ, пишува Аџигогов.

The post Што ќе беше работава за нашиве платичиња толку да се закачат, да ни се намалат, прашува претседателот на Синдикатот на ФЗОМ Бранко Аџигогов appeared first on Република.

]]>

Бранко Аџигогов, претседател на Синдикатот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) најави дека утре, по шестти пат ќе се одлучува дали платата на вработените во Фондот ќе остане иста или ќе им се намали за 21 отсто.
Скопска и Централа пред ФЗО ќе дојдат да дадат поддршка, да остане иста. Претседателот на УПОЗ и јас ќе имаме изјави за медиумите. Што ќе беше работава за нашиве платичиња толку да се закачат, да ни се намалат?!?. А избори утре, а избирачки список прочистување? Знаат ли што воопшто работиме во ФЗО или гајле им е?, пишува Аџигогов во статус на Фејсбук.
Аџигогов објаснува дека во моментов вештачки на пензионерите и на невработените им се чува осигурување, бидејќи немаат од први јануари годинава. Тоа значи нема рецепти за лекови, упати за прегледи.
Поради неплатени придонеси за нив, од шупље у празно, вработените прават гимнастика, само да се пуштат плати за јавно здравство, капитација за примарно, буџети за приватно, лекови во аптеки. Да се овозможи колку толку рефундација на лек, да се платат боледувања и породилно. Па се мисли ли трезвено во државава, утре нема тоа да го прават и... Да крахира здравство. Најстрашно е што имаме пари и историски најголем буџет по сите параметри имаме. Се е тоа пари од придонес за здравствено.. не бараме ништо ни од патишта ни од гориво ни од царини ни од ДДВ.. Психолошка тортура вработените имаат од почетокот на годината, работат цел месец а не знаат дали ќе си ја земат платата или ќе им се намали 21%. А можно е воопшто да не ја ни земат. Па што проклет народ ќе бевме , што его ќе имаше, да оставиш 830 фамилии поради администравна грешка на некој си во ФЗО или во МФ.. ГОСПОДЕ БОЖЕ, пишува Аџигогов.

The post Што ќе беше работава за нашиве платичиња толку да се закачат, да ни се намалат, прашува претседателот на Синдикатот на ФЗОМ Бранко Аџигогов appeared first on Република.

]]>