фукушима Archives - Република https://republika.mk/tema/fukushima/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Aug 2023 08:47:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фукушима Archives - Република https://republika.mk/tema/fukushima/ 32 32 Јапонија се уште без одлука кога ќе почне да испушта вода од нуклеарната централа Фукушима https://republika.mk/vesti/japonija-se-ushte-bez-odluka-koga-ke-pochne-da-ispushta-voda-od-nuklearnata-tsentrala-fukushima/ Sun, 20 Aug 2023 19:53:42 +0000 https://republika.mk/?p=673984

Јапонија се уште не одлучила кога ќе почне да испушта вода од нуклеарната централа Фукушима, изјави јапонскиот премиер Фумио Кишида.

Пречистената вода од фабриката ќе се испушта во Тихиот Океан. Според јапонските медиуми, испуштањето би требало да започне на крајот на август. Водите комбинираат дождовница, подземна вода и вода што се користи за ладење на јадрата на нуклеарните реактори кои почнале да се топат. Токио предвидува дека околу 1,33 тони вода ќе бидат испуштени во Тихиот Океан во наредните децении од нуклеарната централа, која беше тешко оштетена од катастрофалниот земјотрес и цунамито на 11 март 2011 година.

Кишида денеска ја посети фабриката, но не прецизираше конкретен датум кога ќе почне да се испушта пречистената вода. Тој рече дека прво ќе се сретне со претставници на рибарската индустрија, чии операции се загрозени од плановите на Токио да испушта вода. Кина, особено, веќе го забрани увозот на одредени прехранбени производи од Јапонија.

Кишида нагласи дека одлуката за испуштање на водите ќе ја донесе Владата, која јавно ќе соопшти какви мерки се преземени за да се осигура безбедност и како тоа ќе се одрази на рибарската индустрија.

The post Јапонија се уште без одлука кога ќе почне да испушта вода од нуклеарната централа Фукушима appeared first on Република.

]]>

Јапонија се уште не одлучила кога ќе почне да испушта вода од нуклеарната централа Фукушима, изјави јапонскиот премиер Фумио Кишида. Пречистената вода од фабриката ќе се испушта во Тихиот Океан. Според јапонските медиуми, испуштањето би требало да започне на крајот на август. Водите комбинираат дождовница, подземна вода и вода што се користи за ладење на јадрата на нуклеарните реактори кои почнале да се топат. Токио предвидува дека околу 1,33 тони вода ќе бидат испуштени во Тихиот Океан во наредните децении од нуклеарната централа, која беше тешко оштетена од катастрофалниот земјотрес и цунамито на 11 март 2011 година. Кишида денеска ја посети фабриката, но не прецизираше конкретен датум кога ќе почне да се испушта пречистената вода. Тој рече дека прво ќе се сретне со претставници на рибарската индустрија, чии операции се загрозени од плановите на Токио да испушта вода. Кина, особено, веќе го забрани увозот на одредени прехранбени производи од Јапонија. Кишида нагласи дека одлуката за испуштање на водите ќе ја донесе Владата, која јавно ќе соопшти какви мерки се преземени за да се осигура безбедност и како тоа ќе се одрази на рибарската индустрија.

The post Јапонија се уште без одлука кога ќе почне да испушта вода од нуклеарната централа Фукушима appeared first on Република.

]]>
Врховен суд на Јапонија: Државата не е одговорна за нуклеарната несреќа во Фукушима https://republika.mk/vesti/svet/vrhoven-sud-na-japonija-drzavata-ne-e-odgovorna-za-nuklearnata-nesrekja-vo-fukushima/ Sat, 18 Jun 2022 15:14:59 +0000 https://republika.mk/?p=516685

Врховниот суд во Токио пресуди во корист на државата во спор во кој околу 3.700 внатрешно раселени лица принудени да ја напуштат областа околу нуклеарната централа Фукушима 1, ја тужеа државата затоа што не ги усвоила релевантните безбедносни прописи за кои рекоа дека би можеле да го спречат катастрофално излевање на радијација по цунамито во март 2011 година. Ова е прва одлука на највисоката инстанца, која најверојатно ќе има значително влијание врз исходот на други слични спорови кои моментално се водат.

Врховниот суд во Токио ја отфрли заедничката жалба на жителите на префектурата Фукушима кои беа принудени да се евакуираат и да живеат десет години надвор од своите домови по несреќата во нуклеарната централа „Фукушима 1“.

Тоа беше предизвикано од големото цунами на 11 март 2011 година, кое се случи како последица на многу силен земјотрес со јачина од девет степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар беше под морското дно во Пацификот, на 70 километри од брегот на Јапонија.

Станува збор за четири различни тужби поднесени колективно во градовите Фукушима, Чиба, Маебаши и Мацујама од вкупно околу 3.700 граѓани.

Со оглед на тоа што судовите во Јапонија се уште се соочуваат со околу 30 предмети во кои тужителите бараат обесштетување од државата, убедени дека таа е одговорна и за пропустите направени во планирањето, изградбата и работата на уништената нуклеарна централа, оваа пресуда, прва донесена од Врховниот суд, е практично преседан кој може да има големо влијание врз други слични тужби.

Нуклеарната централа Фукушима 1 е во сопственост на приватната компанија за електрична енергија во Токио (TEPCO) и судски совет составен од четири судии вчера одлучи дека постои добра причина да се верува дека инфилтрацијата на морска вода во фабриката не би била спречена ниту ако државата претходно и наложила на компанијата да преземе построги мерки за заштита.

Затоа, Судот го отфрли релативно скромното барање за компензација од 1,4 милијарди јени (еден милион евра, по тековниот девизен курс).

Цунами бранови, високи меѓу 13 и 15 метри ја поплавија електраната „Фукушима 1“ и го уништија нејзиното напојување, вклучително и генераторите кои требаше да се вклучат како резерва во случај на прекин на струја. Прекинот на струја значеше дека реакторите не може да се ладат.

Имаше прегревање, што потоа доведе до топење на јадрото на нуклеарното гориво, експлозија на прегреани гасови во три реактори и излевање на големи количини на радијација.

The post Врховен суд на Јапонија: Државата не е одговорна за нуклеарната несреќа во Фукушима appeared first on Република.

]]>

Врховниот суд во Токио пресуди во корист на државата во спор во кој околу 3.700 внатрешно раселени лица принудени да ја напуштат областа околу нуклеарната централа Фукушима 1, ја тужеа државата затоа што не ги усвоила релевантните безбедносни прописи за кои рекоа дека би можеле да го спречат катастрофално излевање на радијација по цунамито во март 2011 година. Ова е прва одлука на највисоката инстанца, која најверојатно ќе има значително влијание врз исходот на други слични спорови кои моментално се водат. Врховниот суд во Токио ја отфрли заедничката жалба на жителите на префектурата Фукушима кои беа принудени да се евакуираат и да живеат десет години надвор од своите домови по несреќата во нуклеарната централа „Фукушима 1“. Тоа беше предизвикано од големото цунами на 11 март 2011 година, кое се случи како последица на многу силен земјотрес со јачина од девет степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар беше под морското дно во Пацификот, на 70 километри од брегот на Јапонија. Станува збор за четири различни тужби поднесени колективно во градовите Фукушима, Чиба, Маебаши и Мацујама од вкупно околу 3.700 граѓани. Со оглед на тоа што судовите во Јапонија се уште се соочуваат со околу 30 предмети во кои тужителите бараат обесштетување од државата, убедени дека таа е одговорна и за пропустите направени во планирањето, изградбата и работата на уништената нуклеарна централа, оваа пресуда, прва донесена од Врховниот суд, е практично преседан кој може да има големо влијание врз други слични тужби. Нуклеарната централа Фукушима 1 е во сопственост на приватната компанија за електрична енергија во Токио (TEPCO) и судски совет составен од четири судии вчера одлучи дека постои добра причина да се верува дека инфилтрацијата на морска вода во фабриката не би била спречена ниту ако државата претходно и наложила на компанијата да преземе построги мерки за заштита. Затоа, Судот го отфрли релативно скромното барање за компензација од 1,4 милијарди јени (еден милион евра, по тековниот девизен курс). Цунами бранови, високи меѓу 13 и 15 метри ја поплавија електраната „Фукушима 1“ и го уништија нејзиното напојување, вклучително и генераторите кои требаше да се вклучат како резерва во случај на прекин на струја. Прекинот на струја значеше дека реакторите не може да се ладат. Имаше прегревање, што потоа доведе до топење на јадрото на нуклеарното гориво, експлозија на прегреани гасови во три реактори и излевање на големи количини на радијација.

The post Врховен суд на Јапонија: Државата не е одговорна за нуклеарната несреќа во Фукушима appeared first on Република.

]]>
Централата Фукушима трепереше како лист на ветер: Објавени снимки од моментот на силниот земјотрес во Јапонија https://republika.mk/vesti/svet/centralata-fukushima-trepereshe-kako-list-na-veter-objaveni-snimki-od-momentot-na-silniot-zemjotres-vo-japonija/ Thu, 17 Mar 2022 08:09:04 +0000 https://republika.mk/?p=474049

Најмалку четири лица загинаа, а речиси 200 се повредени во силниот земјотрес, со интензитет од 7,4 степени според Риxтеровата cкала, што вчера го погоди источниот дел на Јапонија.

Во погоденото подрачје се наоѓа и нyклеарната централа Фукушима Даичи, што беше погодена од цунамито во 2011 година, настан поради кој голем дел од овој јапоснки регион до ден-денес е напyштен.

https://twitter.com/nytimes/status/1504263779248390145?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1504263779248390145%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fcg-fudbal.com%2Fwww%2F2022%2F03%2F17%2Fstrashno-se-poD198aviD198a-prvi-snimki-od-silniot-zemD198otres-so-D198achina-od-7-3-stepeni-koD198-D198a-pog0di-D198aponiD198a%2F

Околу два милиони домови останаа без напојување со електрична енергија, а голем број видеа објавеи на социјаните мрежи ги покажуваат ужасните мигови додека трае земјотресот кој преидзвика цели згради да се нишаат како лист на ветер.

https://twitter.com/DailyWorld24/status/1504334355166117889?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1504334355166117889%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fcg-fudbal.com%2Fwww%2F2022%2F03%2F17%2Fstrashno-se-poD198aviD198a-prvi-snimki-od-silniot-zemD198otres-so-D198achina-od-7-3-stepeni-koD198-D198a-pog0di-D198aponiD198a%2F

https://twitter.com/bol_kashmir/status/1504165172595724288?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1504165172595724288%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fcg-fudbal.com%2Fwww%2F2022%2F03%2F17%2Fstrashno-se-poD198aviD198a-prvi-snimki-od-silniot-zemD198otres-so-D198achina-od-7-3-stepeni-koD198-D198a-pog0di-D198aponiD198a%2F

The post Централата Фукушима трепереше како лист на ветер: Објавени снимки од моментот на силниот земјотрес во Јапонија appeared first on Република.

]]>

Најмалку четири лица загинаа, а речиси 200 се повредени во силниот земјотрес, со интензитет од 7,4 степени според Риxтеровата cкала, што вчера го погоди источниот дел на Јапонија. Во погоденото подрачје се наоѓа и нyклеарната централа Фукушима Даичи, што беше погодена од цунамито во 2011 година, настан поради кој голем дел од овој јапоснки регион до ден-денес е напyштен. https://twitter.com/nytimes/status/1504263779248390145?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1504263779248390145%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fcg-fudbal.com%2Fwww%2F2022%2F03%2F17%2Fstrashno-se-poD198aviD198a-prvi-snimki-od-silniot-zemD198otres-so-D198achina-od-7-3-stepeni-koD198-D198a-pog0di-D198aponiD198a%2F Околу два милиони домови останаа без напојување со електрична енергија, а голем број видеа објавеи на социјаните мрежи ги покажуваат ужасните мигови додека трае земјотресот кој преидзвика цели згради да се нишаат како лист на ветер. https://twitter.com/DailyWorld24/status/1504334355166117889?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1504334355166117889%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fcg-fudbal.com%2Fwww%2F2022%2F03%2F17%2Fstrashno-se-poD198aviD198a-prvi-snimki-od-silniot-zemD198otres-so-D198achina-od-7-3-stepeni-koD198-D198a-pog0di-D198aponiD198a%2F https://twitter.com/bol_kashmir/status/1504165172595724288?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1504165172595724288%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fcg-fudbal.com%2Fwww%2F2022%2F03%2F17%2Fstrashno-se-poD198aviD198a-prvi-snimki-od-silniot-zemD198otres-so-D198achina-od-7-3-stepeni-koD198-D198a-pog0di-D198aponiD198a%2F

The post Централата Фукушима трепереше како лист на ветер: Објавени снимки од моментот на силниот земјотрес во Јапонија appeared first on Република.

]]>
Шест лица го тужат операторот на нуклеарната централа Фукушима поради рак https://republika.mk/vesti/svet/shest-lica-go-tuzat-operatorot-na-nuklearnata-centrala-fukushima-poradi-rak/ Thu, 27 Jan 2022 08:22:49 +0000 https://republika.mk/?p=450069

Шестмина млади луѓе ќе го тужат операторот на јапонската нуклеарна централа Фукушима поради тоа што развиле рак на тироидната жлезда поради изложеност на радијација по распаѓањето на објектот.

Тужителите, сега на возраст меѓу 17 и 27 години, живееле во регионот Фукушима кога огромен земјотрес на 11 март 2011 година предизвика цунами што ја предизвика нуклеарната катастрофа. Тие денеска ќе поднесат заедничка тужба против операторот на централата Токио Електрик Пауер Компани (ТЕПКО), барајќи вкупно 616 милиони јени (5,4 милиони долари) како компензација, изјави адвокатот на групата Кеничи Идо.

Ниту една причинско-последична врска помеѓу изложеноста на радијација од катастрофата и ракот на тироидната жлезда не е препознаена од експертски панел формиран од регионалната влада, и дали постои таква врска може да стане фокусна точка на случајот.

Извештајот на ОН објавен минатата година заклучи дека нуклеарната катастрофа во Фукушима не му наштетила директно на здравјето на локалните жители една деценија по катастрофата.

The post Шест лица го тужат операторот на нуклеарната централа Фукушима поради рак appeared first on Република.

]]>

Шестмина млади луѓе ќе го тужат операторот на јапонската нуклеарна централа Фукушима поради тоа што развиле рак на тироидната жлезда поради изложеност на радијација по распаѓањето на објектот. Тужителите, сега на возраст меѓу 17 и 27 години, живееле во регионот Фукушима кога огромен земјотрес на 11 март 2011 година предизвика цунами што ја предизвика нуклеарната катастрофа. Тие денеска ќе поднесат заедничка тужба против операторот на централата Токио Електрик Пауер Компани (ТЕПКО), барајќи вкупно 616 милиони јени (5,4 милиони долари) како компензација, изјави адвокатот на групата Кеничи Идо. Ниту една причинско-последична врска помеѓу изложеноста на радијација од катастрофата и ракот на тироидната жлезда не е препознаена од експертски панел формиран од регионалната влада, и дали постои таква врска може да стане фокусна точка на случајот. Извештајот на ОН објавен минатата година заклучи дека нуклеарната катастрофа во Фукушима не му наштетила директно на здравјето на локалните жители една деценија по катастрофата.

The post Шест лица го тужат операторот на нуклеарната централа Фукушима поради рак appeared first on Република.

]]>