фудбалски репрезентативец Archives - Република https://republika.mk/tema/fudbalski-reprezentativets/ За подобро да се разбереме Sat, 14 Jan 2023 11:50:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фудбалски репрезентативец Archives - Република https://republika.mk/tema/fudbalski-reprezentativets/ 32 32 Поранешен репрезентативец на БиХ претепан и застрелан в глава https://republika.mk/sport/fudbal/poraneshen-reprezentativets-na-bih-pretepan-i-zastrelan-v-glava/ Sat, 14 Jan 2023 11:50:36 +0000 https://republika.mk/?p=596784

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Босна и Херцеговина, 48-годишниот Алмир Рашчиќ, е тешко претепан и застрелан во главата во Горажде во источна Босна каде што живеел, потврдиле за локалните медиуми од локалната полиција.

Засега непознати напаѓачи во петокот доцна вечерта го сочекале и нападнале Рашчиќ кај станбената зграда во којашто живеел. Подоцна го пронашол случаен минувач кој пријавил во полицијата.

При уводот било потврдено дека напаѓачите Рашчиќ го претепале со палки, а потоа од непосредна близина му пукале во главата. Обвинителството засега нападот го третира како обид за убиство, и во тек е истрага со цел да се откријат сторителите.

Итно бил пренесен во Клиничкиот центар во Сараево и таму во кома е сместен на одделот на интензивна нега. Лекарите се борат за неговиот живот.

Ситуацијата не е добра, во кома е, изјавил за порталот на дневниот весник „Дневни Аваз“ таткото Мухадин Рашчиќ кој е и член на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на БиХ.

Алмир Рашчиќ во текот на играчката кариера настапуваше за Железничар, Вележ, Олимпик и хрватски Задар, а настапуваше и за селекцијата на БиХ.

The post Поранешен репрезентативец на БиХ претепан и застрелан в глава appeared first on Република.

]]>

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Босна и Херцеговина, 48-годишниот Алмир Рашчиќ, е тешко претепан и застрелан во главата во Горажде во источна Босна каде што живеел, потврдиле за локалните медиуми од локалната полиција. Засега непознати напаѓачи во петокот доцна вечерта го сочекале и нападнале Рашчиќ кај станбената зграда во којашто живеел. Подоцна го пронашол случаен минувач кој пријавил во полицијата. При уводот било потврдено дека напаѓачите Рашчиќ го претепале со палки, а потоа од непосредна близина му пукале во главата. Обвинителството засега нападот го третира како обид за убиство, и во тек е истрага со цел да се откријат сторителите. Итно бил пренесен во Клиничкиот центар во Сараево и таму во кома е сместен на одделот на интензивна нега. Лекарите се борат за неговиот живот.
Ситуацијата не е добра, во кома е, изјавил за порталот на дневниот весник „Дневни Аваз“ таткото Мухадин Рашчиќ кој е и член на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на БиХ.
Алмир Рашчиќ во текот на играчката кариера настапуваше за Железничар, Вележ, Олимпик и хрватски Задар, а настапуваше и за селекцијата на БиХ.

The post Поранешен репрезентативец на БиХ претепан и застрелан в глава appeared first on Република.

]]>