фудбалски натпревар Archives - Република https://republika.mk/tema/fudbalski-natprevar/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Oct 2023 10:41:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фудбалски натпревар Archives - Република https://republika.mk/tema/fudbalski-natprevar/ 32 32 Ивор Мицковски: Тревата е можеби позелена на теренот во Тирана, ама Груби и бандата зелембачите ги товарат во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/ivor-mitskovski-trevata-e-mozhebi-pozelena-na-terenot-vo-tirana-ama-grubi-i-bandata-zelembachite-gi-tovarat-vo-skopje/ Fri, 13 Oct 2023 10:04:33 +0000 https://republika.mk/?p=690839

Во Македонија го држат и разараат ФФМ, во Албанија навиваат за национален тим, пишува Ивор Мицковски на својот фејсбук профил.

На репрезентативен натпревар во кој било спорт во МК се немаат појавено.
Тоа се ДУИ, земјава им е хотел промаја, дистрибутер за пари, место каде да ти тече стаж.
Тревата е можеби позелена на теренот во Тирана, ама Груби и бандата зелембачите ги товарат во Скопје.

Претходно беше објавено дека и власт и опозиција од албанскиот блок во земјава синоќа ја прослави големата победа на Албанија над Чешка од 3-0 со која националниот тим на нашиот сосед се најде пред пласман на Европското првенство 2024.

Првиот вицепремиер во македонската Влада, Артан Груби го следеше натпреварот на стадионот „Ер Албанија“ заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши, пратеникот Арбер Адеми и поранешниот прв човек на ФК Шкупи, Омер Буњаку кој сега е директор на албанскиот клуб Балкани. На трибините се најдоа и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу и Изет Меџити, функционер на ДУИ кој се одметна и формираше нова албанска партија пред два месеци. Градоначалникот на Тетово пак, Билал Касами од Движењето БЕСА на социјалните мрежи споделуваше видеа од головите на Албанија и од плоштадот каде што граѓаните организирано го следеа фудбалскиот натпревар. Победата ја честиташе и претседателот на Алијанса за Албанците и поранешен министер за здравство, Арбен Таравари кој сега е коалициски партнер во владата заедно со СДСМ и ДУИ.

The post Ивор Мицковски: Тревата е можеби позелена на теренот во Тирана, ама Груби и бандата зелембачите ги товарат во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Македонија го држат и разараат ФФМ, во Албанија навиваат за национален тим, пишува Ивор Мицковски на својот фејсбук профил.
На репрезентативен натпревар во кој било спорт во МК се немаат појавено. Тоа се ДУИ, земјава им е хотел промаја, дистрибутер за пари, место каде да ти тече стаж. Тревата е можеби позелена на теренот во Тирана, ама Груби и бандата зелембачите ги товарат во Скопје.
Претходно беше објавено дека и власт и опозиција од албанскиот блок во земјава синоќа ја прослави големата победа на Албанија над Чешка од 3-0 со која националниот тим на нашиот сосед се најде пред пласман на Европското првенство 2024. Првиот вицепремиер во македонската Влада, Артан Груби го следеше натпреварот на стадионот „Ер Албанија“ заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши, пратеникот Арбер Адеми и поранешниот прв човек на ФК Шкупи, Омер Буњаку кој сега е директор на албанскиот клуб Балкани. На трибините се најдоа и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу и Изет Меџити, функционер на ДУИ кој се одметна и формираше нова албанска партија пред два месеци. Градоначалникот на Тетово пак, Билал Касами од Движењето БЕСА на социјалните мрежи споделуваше видеа од головите на Албанија и од плоштадот каде што граѓаните организирано го следеа фудбалскиот натпревар. Победата ја честиташе и претседателот на Алијанса за Албанците и поранешен министер за здравство, Арбен Таравари кој сега е коалициски партнер во владата заедно со СДСМ и ДУИ.

The post Ивор Мицковски: Тревата е можеби позелена на теренот во Тирана, ама Груби и бандата зелембачите ги товарат во Скопје appeared first on Република.

]]>
Немири на фудбалски натпревар во Бурса, седуммина уапсени https://republika.mk/sport/fudbal/nemiri-na-fudbalski-natprevar-vo-bursa-sedummina-uapseni/ Mon, 06 Mar 2023 21:33:00 +0000 https://republika.mk/?p=616599

Турската полиција уапси седум лица за насилно однесување за време на фудбалски натпревар одигран во неделата во рамки на Третата лига меѓу домашниот тим Бурсаспор и Амедспор, екипа која доаѓа од градот Дијарбакир населен со мнозинско курдско население.

На видеоснимки објавени на социјалните мрежи се гледа како публиката ги гаѓа играчите на Амедспор со пластични шишиња со вода и остри предмети, вклучувајќи и мали ножеви, додека навивачите скандираат турски националистички и антикурдски слогани.

Дел од турските медиуми јавија дека гостинските играчи биле нападнати во соблекувалната.

Канцеларијата на гувернерот на провинцијата Бурса соопшти дека се уапсени седум лица додека истрагата сè уште е во тек.

Раководството на турската прокурдска Народна демократска партија (ХДП) во изјава за јавноста наведе дека фудбалскиот клуб Амедспор бил предмет на „организиран линч и фашизам“ на гостувањето во Бурса

Партијата посочи дека непријателството кон Амедспор вклучувало расистички слогани, како и прикажување фотографии на трибините кои алудираат на убиствата на курдски јавни личности во текот на 80-те и 90-те години од минатиот век.

Турската фудбалска федерација (ТФФ) денеска ги осуди „провокативните акции и дискурси“ и вети соодветни акции.

„Расистичката реторика и акции кои предизвикаат поделби, насилни ставови и однесување на маргинализирани групи на стадионите никогаш не се прифатливи“, се наведува во соопштението на ТФФ.

Бурсаспор, од своја страна, објави на Твитер видео од натпреварот одигран лани против Амедспор во Дијарбакир на кое се гледа како полицијата ги чува играчите на Бурсаспор додека навивачите ги гаѓаат со предмети.

The post Немири на фудбалски натпревар во Бурса, седуммина уапсени appeared first on Република.

Кој се тепаше на фудбалски натпревар во Аеродром? https://republika.mk/sport/fudbal/koj-se-tepashe-na-fudbalski-natprevar-vo-aerodrom/ Tue, 06 Dec 2022 22:15:56 +0000 https://republika.mk/?p=582689

Полицијата привела пет лица кои за време на фудбалски натпревар на фудбалски терен на подрачјето на општина Аеродром нападнале неколку лица, фрлајќи тврди предмети кон нив.

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје денеска ги лишија од слобода  И.М., Д.М., Б.М., Ѓ.Н. и Н.М. по претходна пријава од Е.С. од село Коњари дека петмината насилници пред два дена околу 15 часот за време на фудбалски натпревар на фудбалски терен на подрачјето на општина Аеродром ги нападнале него и други гледачи, фрлајќи со тврди предмети кон нив, соопшти МВР.

Како што додаваат од МВР, со приведените е извршен службен разговор во полициска станица и известен е јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава поради основано сомнение за извршено кривично дело „насилство

The post Кој се тепаше на фудбалски натпревар во Аеродром? appeared first on Република.