фронт 21/42 Archives - Република https://republika.mk/tema/front-21-42/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Sep 2024 17:11:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фронт 21/42 Archives - Република https://republika.mk/tema/front-21-42/ 32 32 Од „Фронт 21/42“ ја поздравуваат одлуката за повлекување на Предлог законите за Охридско Езеро и Студенчишко Блато https://republika.mk/vesti/makedonija/od-front-21-42-ja-pozdravuvaat-odlukata-za-povlekuvane-na-predlog-zakonite-za-ohridsko-ezero-i-studenchishko-blato/ Thu, 05 Sep 2024 17:11:41 +0000 https://republika.mk/?p=813622

Одлуката на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање да бидат повлечени од процедура Предлог-законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата и Предлог-законот за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата наиде на поддршка на еколошките здруженија.

Од организацијата „Фронт 21/42“ што отворени се спротивставуваше на донесувањето на законите го поздравуваат тавкиот потег изразувајќи уверување дека ресорното МЖСПП во најскоро време ќе отпочне широки консултации со сите засегнати страни за доследно да се вградат препораките на Бернската конвенција и да се обезбеди ефективна заштита каква што заслужуваат овие две исклучително значајни меѓународно заштитени подрачја.

„Фронт 21/42“ претходно достави Претставка до релевантните собраниски комисии со укажување на неусогласеноста на Предлог законите со Уставот и барање за стопирање на процесот за нивно усвојување.

Активистите на движењето изразуваат надеж дека повлекувањето на Предлог -законите означува почеток на блиска соработка меѓу институциите и граѓанскиот сектор која ќе резултира со вистинска заштита на нашето најголемо природно богатство, но и унапредување на владеењето на прaвото во нашата земја.

 

The post Од „Фронт 21/42“ ја поздравуваат одлуката за повлекување на Предлог законите за Охридско Езеро и Студенчишко Блато appeared first on Република.

]]>

Одлуката на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање да бидат повлечени од процедура Предлог-законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата и Предлог-законот за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата наиде на поддршка на еколошките здруженија. Од организацијата „Фронт 21/42“ што отворени се спротивставуваше на донесувањето на законите го поздравуваат тавкиот потег изразувајќи уверување дека ресорното МЖСПП во најскоро време ќе отпочне широки консултации со сите засегнати страни за доследно да се вградат препораките на Бернската конвенција и да се обезбеди ефективна заштита каква што заслужуваат овие две исклучително значајни меѓународно заштитени подрачја. „Фронт 21/42“ претходно достави Претставка до релевантните собраниски комисии со укажување на неусогласеноста на Предлог законите со Уставот и барање за стопирање на процесот за нивно усвојување. Активистите на движењето изразуваат надеж дека повлекувањето на Предлог -законите означува почеток на блиска соработка меѓу институциите и граѓанскиот сектор која ќе резултира со вистинска заштита на нашето најголемо природно богатство, но и унапредување на владеењето на прaвото во нашата земја.  

The post Од „Фронт 21/42“ ја поздравуваат одлуката за повлекување на Предлог законите за Охридско Езеро и Студенчишко Блато appeared first on Република.

]]>