фришоп Archives - Република https://republika.mk/tema/frishop/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Jun 2024 09:33:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фришоп Archives - Република https://republika.mk/tema/frishop/ 32 32 „Штом видат дека излегувате од фришоп, ви ја претресуваат колата“, предупредува Србин за ГП „Дојран“ https://republika.mk/zivot/patuvanja/shtom-vidat-deka-izleguvate-od-frishop-vi-ja-pretresuvaat-kolata-predupreduva-srbin-za-gp-dojran/ Wed, 26 Jun 2024 13:33:47 +0000 https://republika.mk/?p=790906

Кога одат во Грција на море, Србите најчесто купуваат штеки цигари од Македонија или на фришоп, бидејќи им е доста поевтино од Србија или од Грција, но и оваа и претходната сезона нивите граѓани имаа непланирани проблеми на граница со оваа навика.

Споделувајќи го своето искуство, Дејан од Србија ги предупредува сите кои на пат кон море  преминуваат преку граничниот премин Дојран - Дојрани меѓу Македонија и Грција дека цариниците од грчка страна будно следат кој излегува од фришоп, а потоа го прегледуваат возилото.

На граничниот премин Дојран, ако застанете пред фришоп, знајте го следново: На самиот премин има грчка царинарница, гледаат низ прозор и на секој што излегува од продавницата после го застануваат за преглед на автомобилот.  Главно бараат цигари или алкохол. Ме претресоа бидејќи видоа дека сум излегол, но имав купено само благо за ќерка ми. Бараат и сметка за да видат дали на неа има цигари или алкохол. И во самиот фришоп ве предупредуваат не враќаат пари и производи, ако царината не дозволи да се внесат, објасни тој во објава на фејсбук-страницата „Grčka info“.

Grčka
Во коментарите под неговата објава, слични искуства споделија и други Срби.

Желбата да заштедат пари или едноставно да не го менуваат тутунот што го користат, им се вратила над глава на неколкумина. Пример, како што напиша Лидија, за двете штеки цигари кои ги имале со себе ѝ била наплатена казна од 150 евра.  

https://republika.mk/zivot/patuvanja/ako-planirate-odmor-vo-grtsija-vnimavajte-na-granitsa-eve-shto-mozhe-a-shto-ne-treba-da-nosite-vo-bagazhot/

The post „Штом видат дека излегувате од фришоп, ви ја претресуваат колата“, предупредува Србин за ГП „Дојран“ appeared first on Република.

]]>

Кога одат во Грција на море, Србите најчесто купуваат штеки цигари од Македонија или на фришоп, бидејќи им е доста поевтино од Србија или од Грција, но и оваа и претходната сезона нивите граѓани имаа непланирани проблеми на граница со оваа навика. Споделувајќи го своето искуство, Дејан од Србија ги предупредува сите кои на пат кон море  преминуваат преку граничниот премин Дојран - Дојрани меѓу Македонија и Грција дека цариниците од грчка страна будно следат кој излегува од фришоп, а потоа го прегледуваат возилото. На граничниот премин Дојран, ако застанете пред фришоп, знајте го следново: На самиот премин има грчка царинарница, гледаат низ прозор и на секој што излегува од продавницата после го застануваат за преглед на автомобилот.  Главно бараат цигари или алкохол. Ме претресоа бидејќи видоа дека сум излегол, но имав купено само благо за ќерка ми. Бараат и сметка за да видат дали на неа има цигари или алкохол. И во самиот фришоп ве предупредуваат не враќаат пари и производи, ако царината не дозволи да се внесат, објасни тој во објава на фејсбук-страницата „Grčka info“. Grčka Во коментарите под неговата објава, слични искуства споделија и други Срби. Желбата да заштедат пари или едноставно да не го менуваат тутунот што го користат, им се вратила над глава на неколкумина. Пример, како што напиша Лидија, за двете штеки цигари кои ги имале со себе ѝ била наплатена казна од 150 евра.   https://republika.mk/zivot/patuvanja/ako-planirate-odmor-vo-grtsija-vnimavajte-na-granitsa-eve-shto-mozhe-a-shto-ne-treba-da-nosite-vo-bagazhot/

The post „Штом видат дека излегувате од фришоп, ви ја претресуваат колата“, предупредува Србин за ГП „Дојран“ appeared first on Република.

]]>
Се враќа шверцот на цигарите во Македонија, овојпат од грчките фришопови https://republika.mk/vesti/ekonomija/se-vraka-shvertsot-na-tsigarite-vo-makedonija-ovojpat-od-grchkite-frishopovi/ Mon, 28 Aug 2023 09:18:59 +0000 https://republika.mk/?p=676543

Цигари „винстон“, „марлборо“, „вест“, „оме карелиа“ и други, без бандероли, со написи на англиски, сѐ почесто лесно се наоѓаат во малопродажни места во Скопје, Тетово, Битола, Гостивар, Кичево… Тоа значи дека за нив не е платена акцизата, а на тезгите не доаѓаат од редовните канали за снабдување со цигари.

Сомневањата се дека „изворот“ на овие цигари на македонскиот пазар се грчките фришопови на граничните премини Евзони (Богородица), Дојран и Ники (Меџитлија), пишува МКД.мк.

На фришоповите во Грција редовни се промотивните цени на цигарите од познатите светски брендови, во стилот купи две штеки за помала сума. Така, цената на една кутија цигари доаѓа во просек меѓу 60 и 80 денари. Истите тие брендови на тутунски производи цигари во Македонија се продаваат по безмалку двојно поголема цена. На пример„ оме карелиа“ кај нас се продава по 150 денари за една кутија, а со промотивните цени по фришоповите цената на единечното пакување е 60 денари. Истиот однос на цената доаѓа и за другите брендови, како „марлборо“, „винстон“, „вест“…

До лани, овие цигари по таа цена се наоѓаа по одредени малопродажни места во пограничниот регион. Но од пред 4-5 месеци, според дистрибутерите на овие брендови, бројот на малопродажните места е зголемен и проширен во речиси половина Македонија – Тетово, Кичево, Охрид, Скопје (Чаир, Север, Бутел), Сарај, Батинци, Студеничани и околните села. Објавените фотографии се од тие малопродажни места.

Еве уште еден пример. Цигарите вест во грчки фришоп чинaт 69 денари за една кутија, а во едно од овие малопродажни места штека цигари од овој бренд се продава за 1.000 или 1.100 денари. Штека цигари вест во легална продажба, а тоа значи со платена македонска акцизна маркица, чини 1.400 денари.

Заработувачката е очигледна, а со тоа и интересот за „развој“ на овој бизнис и проширување на каналите за продажба на овие цигари.

Според локални извори на МКД.мк, секој обид на граѓанин на Грција да купи цигари од фришоп и да ги внесе во Грција, брзо е спречен од полицијата, која редовно ги добива информациите од шефовите на фришоповите. Така Грција си ја штити сопствената економија. Како ние ја штитиме нашата?

The post Се враќа шверцот на цигарите во Македонија, овојпат од грчките фришопови appeared first on Република.

]]>

Цигари „винстон“, „марлборо“, „вест“, „оме карелиа“ и други, без бандероли, со написи на англиски, сѐ почесто лесно се наоѓаат во малопродажни места во Скопје, Тетово, Битола, Гостивар, Кичево… Тоа значи дека за нив не е платена акцизата, а на тезгите не доаѓаат од редовните канали за снабдување со цигари. Сомневањата се дека „изворот“ на овие цигари на македонскиот пазар се грчките фришопови на граничните премини Евзони (Богородица), Дојран и Ники (Меџитлија), пишува МКД.мк. На фришоповите во Грција редовни се промотивните цени на цигарите од познатите светски брендови, во стилот купи две штеки за помала сума. Така, цената на една кутија цигари доаѓа во просек меѓу 60 и 80 денари. Истите тие брендови на тутунски производи цигари во Македонија се продаваат по безмалку двојно поголема цена. На пример„ оме карелиа“ кај нас се продава по 150 денари за една кутија, а со промотивните цени по фришоповите цената на единечното пакување е 60 денари. Истиот однос на цената доаѓа и за другите брендови, како „марлборо“, „винстон“, „вест“… До лани, овие цигари по таа цена се наоѓаа по одредени малопродажни места во пограничниот регион. Но од пред 4-5 месеци, според дистрибутерите на овие брендови, бројот на малопродажните места е зголемен и проширен во речиси половина Македонија – Тетово, Кичево, Охрид, Скопје (Чаир, Север, Бутел), Сарај, Батинци, Студеничани и околните села. Објавените фотографии се од тие малопродажни места. Еве уште еден пример. Цигарите вест во грчки фришоп чинaт 69 денари за една кутија, а во едно од овие малопродажни места штека цигари од овој бренд се продава за 1.000 или 1.100 денари. Штека цигари вест во легална продажба, а тоа значи со платена македонска акцизна маркица, чини 1.400 денари. Заработувачката е очигледна, а со тоа и интересот за „развој“ на овој бизнис и проширување на каналите за продажба на овие цигари. Според локални извори на МКД.мк, секој обид на граѓанин на Грција да купи цигари од фришоп и да ги внесе во Грција, брзо е спречен од полицијата, која редовно ги добива информациите од шефовите на фришоповите. Така Грција си ја штити сопствената економија. Како ние ја штитиме нашата?

The post Се враќа шверцот на цигарите во Македонија, овојпат од грчките фришопови appeared first on Република.

]]>