фреквенција на сообраќај Archives - Република https://republika.mk/tema/frekventsija-na-soobrakaj/ За подобро да се разбереме Sun, 18 Jun 2023 07:23:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фреквенција на сообраќај Archives - Република https://republika.mk/tema/frekventsija-na-soobrakaj/ 32 32 На границата со Грција има блага гужва, за излез од земјава се чека барем 30 минути https://republika.mk/zivot/servisi/na-granitsata-so-grtsija-ima-blaga-guzhva-za-izlez-od-zemjava-se-cheka-barem-30-minuti/ Sun, 18 Jun 2023 07:23:00 +0000 https://republika.mk/?p=652651

На граничниот премин Богородица има зголемена фреквенција и чекањето за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Како што информираат од АМСМ, од вчера затворена е една лента од мостот на Црвенска река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево, поради поголема безбедност на сообраќајот. Темелите на мостот на Црвенска река беа оштетени од поплавите кои на 14-ти овој месец ги зафатија Делчево и околината. Затварањето е извршено со прописна верикална сигнализација и сообраќајот на мостот се врши наизменично во двата правца по една коловозна лента.

Поради излевање на Крива река, во прекин ќе бидат локалните патишта од Крива Паланка кон село Варовиште и село Градец. Исто така, во село Пчиња (Куманово) има собрани дрвја и гранки под мостот на р.Пчиња, со што е намален протокот на реката, па постои опасност од излевање и оштетување на мостот, се наведува во соопштението.

Од АМСМ до учесниците во сообраќајот препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post На границата со Грција има блага гужва, за излез од земјава се чека барем 30 минути appeared first on Република.

]]>

На граничниот премин Богородица има зголемена фреквенција и чекањето за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Како што информираат од АМСМ, од вчера затворена е една лента од мостот на Црвенска река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево, поради поголема безбедност на сообраќајот. Темелите на мостот на Црвенска река беа оштетени од поплавите кои на 14-ти овој месец ги зафатија Делчево и околината. Затварањето е извршено со прописна верикална сигнализација и сообраќајот на мостот се врши наизменично во двата правца по една коловозна лента.