фредерик мерис Archives - Република https://republika.mk/tema/frederik-meris/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Jan 2024 09:14:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фредерик мерис Archives - Република https://republika.mk/tema/frederik-meris/ 32 32 Белгискиот амбасадор: Белгија сака да постигне напредок во проширувањето, интеграцијата на регионот во ЕУ е стратешко прашање https://republika.mk/vesti/makedonija/belgiskiot-ambasador-belgija-saka-da-postigne-napredok-vo-proshiruvaneto-integratsijata-na-regionot-vo-eu-e-strateshko-prashane/ Sat, 27 Jan 2024 09:14:57 +0000 https://republika.mk/?p=737381

За Белгија интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија е стратешко прашање и за време на нејзиното претседавање со Советот на ЕУ сака да постигне напредок во проширувањето, вклучително и на регионот, вели во интервју за МИА белгискиот амбасадор во Македонија со седиште во Софија, Фредерик Мерис.

Мерис во четвртокот присуствуваше на настан во Европска куќа во Скопје, во организација на Европското движење, каде ги претстави шесте приоритети на белгиското претседателство со ЕУ.

Тој таму кажа дека проширувањето на Унијата е многу важна тема на агендата на белгиското претседателство.

Белгија е убедена во стратешката важност на проширувањето. Исто така е убедена дека тоа е процес заснован на заслуги, којшто бара и реформи. Но исто така, во текот на нашето претседателство, сакаме да постигнеме некои резултати во однос на проширувањето, сакаме да имаме преговарачка рамка со Украина и Молдавија, меѓувладини конференции со Албанија и Македонија, како и отворање нови поглавја со Србија и со Црна Гора, посочи Мерис.

Амбасадорот го споменува и новиот План за раст за Западен Балкан, во којшто, како што посочува, треба да се финализираат сите финансиски прописи, што треба да бидат воведени за да тој побрзо се имплементира. какао што вели тој, ќе работат на постепена интеграција на земјите-кандидати, а тоа, вели, значи, на кој начин секоја земја ќе учествува во процесите на Европската Унија, додека се подготвува да стане полноправна членка.

Интенцијата на Белгија за секоја земја, е да може да присуствува на Советот за општи работи што ќе се одржи во април, додека иницијативата на Комисијата е земјите-кандидати да се вклучат во Извештајот за владеењето на правото, а исто така да имаат улога во сите размислувања за иднината на Европа. Ова е наша стратешка визија, и таа стратешка визија треба да се претвори во стратешка агенда, нагласува тој.

Во интервјуто за МИА, Мерис, пак, посочи дека владеењето на правото и борбата против корупцијата, се поставени во врвот на нивните приоритети во претседавањето. За Македонија, како и за останатите држави, вели дека е важно да се постават конкретни инструменти за борба против корупцијата и да не им се дозволи на луѓе вмешани во организиран криминал и корупција да поставуваат правила на игра.

Предвидено е амбасадорот Мерис на 9 февруари во Собранието на Македонија, пред пратениците и дипломатскиот кор да ги претстави приоритетите на белгиското претседателство со Советот на ЕУ.

The post Белгискиот амбасадор: Белгија сака да постигне напредок во проширувањето, интеграцијата на регионот во ЕУ е стратешко прашање appeared first on Република.

]]>

За Белгија интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија е стратешко прашање и за време на нејзиното претседавање со Советот на ЕУ сака да постигне напредок во проширувањето, вклучително и на регионот, вели во интервју за МИА белгискиот амбасадор во Македонија со седиште во Софија, Фредерик Мерис.
Мерис во четвртокот присуствуваше на настан во Европска куќа во Скопје, во организација на Европското движење, каде ги претстави шесте приоритети на белгиското претседателство со ЕУ. Тој таму кажа дека проширувањето на Унијата е многу важна тема на агендата на белгиското претседателство.
Белгија е убедена во стратешката важност на проширувањето. Исто така е убедена дека тоа е процес заснован на заслуги, којшто бара и реформи. Но исто така, во текот на нашето претседателство, сакаме да постигнеме некои резултати во однос на проширувањето, сакаме да имаме преговарачка рамка со Украина и Молдавија, меѓувладини конференции со Албанија и Македонија, како и отворање нови поглавја со Србија и со Црна Гора, посочи Мерис.
Амбасадорот го споменува и новиот План за раст за Западен Балкан, во којшто, како што посочува, треба да се финализираат сите финансиски прописи, што треба да бидат воведени за да тој побрзо се имплементира. какао што вели тој, ќе работат на постепена интеграција на земјите-кандидати, а тоа, вели, значи, на кој начин секоја земја ќе учествува во процесите на Европската Унија, додека се подготвува да стане полноправна членка.
Интенцијата на Белгија за секоја земја, е да може да присуствува на Советот за општи работи што ќе се одржи во април, додека иницијативата на Комисијата е земјите-кандидати да се вклучат во Извештајот за владеењето на правото, а исто така да имаат улога во сите размислувања за иднината на Европа. Ова е наша стратешка визија, и таа стратешка визија треба да се претвори во стратешка агенда, нагласува тој.
Во интервјуто за МИА, Мерис, пак, посочи дека владеењето на правото и борбата против корупцијата, се поставени во врвот на нивните приоритети во претседавањето. За Македонија, како и за останатите држави, вели дека е важно да се постават конкретни инструменти за борба против корупцијата и да не им се дозволи на луѓе вмешани во организиран криминал и корупција да поставуваат правила на игра. Предвидено е амбасадорот Мерис на 9 февруари во Собранието на Македонија, пред пратениците и дипломатскиот кор да ги претстави приоритетите на белгиското претседателство со Советот на ЕУ.

The post Белгискиот амбасадор: Белгија сака да постигне напредок во проширувањето, интеграцијата на регионот во ЕУ е стратешко прашање appeared first on Република.

]]>