фрбс Archives - Република https://republika.mk/tema/frbs/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Apr 2023 09:49:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фрбс Archives - Република https://republika.mk/tema/frbs/ 32 32 Лани зголемен бројот на милијардери во Русија, нивното богатсво пораснало за 152 милијарди долари https://republika.mk/vesti/svet/lani-zgolemen-brojot-na-milijarderi-vo-rusija-nivnoto-bogatsvo-porasnalo-za-152-milijardi-dolari/ Thu, 27 Apr 2023 09:45:06 +0000 https://republika.mk/?p=634544

Руските богаташи го зголемиле своето богатство за 152 милијарди долари во текот на минатата година благодарение, меѓу другото, и на високите цени на природните ресурси, се наведува во изданието на магазинот „Форбс“ за Русија.

Според последните официјални податоци, Русија има 110 милијардери, што е за 22 повеќе од една година порано. Нивното вкупно богатство се зголемило од 353 милијарди долари на 505 милијарди долари.

Списокот на милијардери би бил уште подолг доколку неколку богаташи не се откажале од руското државјанство.

Од „Форбс“ наведуваат на рејтингот на богатите влијаеле и апокалиптичните прогнози поврзани со руската економија, додавајќи дека во 2021 година, пред почетокот на војната во Украина, вкупното богатство на милијардерите во Русија изнесувало 606 милијарди долари.

Руската економија се намали за 2,1 отсто под притисок на западните санкции, но таа е во можност да продава нафта, метали и други природни ресурси на глобалните пазари, особено во Кина, Индија и на Блискиот Исток.

Новите имиња на руските богаташи на листата на „Форбс“ вклучуваат милијардери кои своето богатство го стекнале преку производство на хемикалии, фармацевтски производи, грицки, како и градежната индустрија, што покажува дека побарувачката на рускиот пазар останува силна и покрај санкциите.

The post Лани зголемен бројот на милијардери во Русија, нивното богатсво пораснало за 152 милијарди долари appeared first on Република.

]]>

Руските богаташи го зголемиле своето богатство за 152 милијарди долари во текот на минатата година благодарение, меѓу другото, и на високите цени на природните ресурси, се наведува во изданието на магазинот „Форбс“ за Русија. Според последните официјални податоци, Русија има 110 милијардери, што е за 22 повеќе од една година порано. Нивното вкупно богатство се зголемило од 353 милијарди долари на 505 милијарди долари. Списокот на милијардери би бил уште подолг доколку неколку богаташи не се откажале од руското државјанство. Од „Форбс“ наведуваат на рејтингот на богатите влијаеле и апокалиптичните прогнози поврзани со руската економија, додавајќи дека во 2021 година, пред почетокот на војната во Украина, вкупното богатство на милијардерите во Русија изнесувало 606 милијарди долари. Руската економија се намали за 2,1 отсто под притисок на западните санкции, но таа е во можност да продава нафта, метали и други природни ресурси на глобалните пазари, особено во Кина, Индија и на Блискиот Исток. Новите имиња на руските богаташи на листата на „Форбс“ вклучуваат милијардери кои своето богатство го стекнале преку производство на хемикалии, фармацевтски производи, грицки, како и градежната индустрија, што покажува дека побарувачката на рускиот пазар останува силна и покрај санкциите.

The post Лани зголемен бројот на милијардери во Русија, нивното богатсво пораснало за 152 милијарди долари appeared first on Република.

]]>