Франкфурт Archives - Република https://republika.mk/tema/frankfurt/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Jun 2024 09:14:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Франкфурт Archives - Република https://republika.mk/tema/frankfurt/ 32 32 Англиските навивачи направија тотален хаос во Франкфурт https://republika.mk/sport/fudbal/angliskite-navivachi-napravija-totalen-haos-vo-frankfurt/ Mon, 24 Jun 2024 09:00:01 +0000 https://republika.mk/?p=790163

Англиските навивачи во Германија, уште еднаш покажаа зошто практично секое нивно гостување во некоја земја се дочекува со страв и целосна внимателност.

Овојпат тоа беше случај со Франкфурт, каде што Англичаните играа против Данска. Во оваа пригода, англиските фанови не направија некој инцидент во кој ќе има масовна физичка пресметка, но затоа, пак, центарот на градот го оставија во вистински хаос од расфрлано ѓубре и отпадоци.

Шокираноста од однесувањето на Англиачните во Франкфурт ја искажа дури и еден англиски навивач, кој на социјалните мрежи објави видео од главниот плоштад во Франкфурт, на кој престојуваа англиските фанови и кој по нивното заминување остана преполн со расфрлани шишиња, кеси, хартии и какво ли уште не останато ѓубре.

Буквално никогаш во животот немам видено вакво нешто“, коментира тој во видеото/

 

The post Англиските навивачи направија тотален хаос во Франкфурт appeared first on Република.

]]>

Англиските навивачи во Германија, уште еднаш покажаа зошто практично секое нивно гостување во некоја земја се дочекува со страв и целосна внимателност. Овојпат тоа беше случај со Франкфурт, каде што Англичаните играа против Данска. Во оваа пригода, англиските фанови не направија некој инцидент во кој ќе има масовна физичка пресметка, но затоа, пак, центарот на градот го оставија во вистински хаос од расфрлано ѓубре и отпадоци. Шокираноста од однесувањето на Англиачните во Франкфурт ја искажа дури и еден англиски навивач, кој на социјалните мрежи објави видео од главниот плоштад во Франкфурт, на кој престојуваа англиските фанови и кој по нивното заминување остана преполн со расфрлани шишиња, кеси, хартии и какво ли уште не останато ѓубре.
Буквално никогаш во животот немам видено вакво нешто“, коментира тој во видеото/
 

The post Англиските навивачи направија тотален хаос во Франкфурт appeared first on Република.

]]>
Франкфурт избран за седиште на новата агенција на ЕУ за борба против перењето пари https://republika.mk/vesti/svet/frankfurt-izbran-za-sedishte-na-novata-agentsija-na-eu-za-borba-protiv-pereneto-pari/ Fri, 23 Feb 2024 08:02:00 +0000 https://republika.mk/?p=747244

Советот на ЕУ и Европскиот парламент синоќа постигнаа договор седиштето на новата Администрација за борба против перењето пари на Унијата (АМЛА), која треба да почне со работа кон средината на 2025 година, да биде во германскиот град Франкфурт.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, АМЛА, која ќе ја има централната улога во ЕУ во спречување на перењето пари и финансирањето на тероризмот, предвидено е да има над 400 вработени.

АМЛА е замислено како тело со директни и индиректни контролни надлежности над правните субјекти и со овластувања за изрекување санкции и казнени мерки.

Новите правила на ЕУ за спречување на перењето пари и борба против финансирањето на тероризмот се дел од регулативата што Европската комисија ја предложи во јули 2021 година. Текстот на Предлог-регулативата беше усогласен меѓу Советот на ЕУ и Европарламентот лани во декември, при што остана да се одреди уште местото на седиштето на АМЛА.

Покрај Франкфурт, кандидати за седиште на АМЛА беа и Брисел, Даблин, Мадрид, Париз, Рим, Рига, Вилнус и Виена, а Еврокомисијата имаше задача да ја оцени подобноста на поднесените кандидатури.

Проценката околу можно седиште на АМЛА, ЕК ја објави минатиот месец, по што врз основа на неа претставниците на Европскиот совет и ЕП синоќа го избраа Франкфурт за седиште на агенцијата.

The post Франкфурт избран за седиште на новата агенција на ЕУ за борба против перењето пари appeared first on Република.

]]>

Советот на ЕУ и Европскиот парламент синоќа постигнаа договор седиштето на новата Администрација за борба против перењето пари на Унијата (АМЛА), која треба да почне со работа кон средината на 2025 година, да биде во германскиот град Франкфурт. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, АМЛА, која ќе ја има централната улога во ЕУ во спречување на перењето пари и финансирањето на тероризмот, предвидено е да има над 400 вработени. АМЛА е замислено како тело со директни и индиректни контролни надлежности над правните субјекти и со овластувања за изрекување санкции и казнени мерки. Новите правила на ЕУ за спречување на перењето пари и борба против финансирањето на тероризмот се дел од регулативата што Европската комисија ја предложи во јули 2021 година. Текстот на Предлог-регулативата беше усогласен меѓу Советот на ЕУ и Европарламентот лани во декември, при што остана да се одреди уште местото на седиштето на АМЛА. Покрај Франкфурт, кандидати за седиште на АМЛА беа и Брисел, Даблин, Мадрид, Париз, Рим, Рига, Вилнус и Виена, а Еврокомисијата имаше задача да ја оцени подобноста на поднесените кандидатури. Проценката околу можно седиште на АМЛА, ЕК ја објави минатиот месец, по што врз основа на неа претставниците на Европскиот совет и ЕП синоќа го избраа Франкфурт за седиште на агенцијата.

The post Франкфурт избран за седиште на новата агенција на ЕУ за борба против перењето пари appeared first on Република.

]]>
Американска банка креирала фиктивно работно место во Франкфурт со годишна плата од 375.000 евра https://republika.mk/vesti/svet/amerikanska-banka-kreirala-fiktivno-rabotno-mesto-vo-frankfurt-so-godishna-plata-od-375-000-evra/ Tue, 20 Feb 2024 09:09:45 +0000 https://republika.mk/?p=745968

Американската банка Морган Стенли креирала фиктивна позиција во Франкфурт со годишна плата од 375.000 евра за формално да ги задоволи насоките на Европската централна банка (ЕЦБ), пишува Фајненшл Тајмс (FT) повикувајќи се на анонимни извори.

По Брегзит, европските власти препорачаа меѓународните банки да управуваат со нивните европски операции не од Лондон, како што беше случајот кога Велика Британија беше во Европската Унија, туку од земјите што го задржаа членството во ЕУ.

Неименуван банкар неодамна пред судот во Франкфурт сведочеше дека во април 2021 година добил функција во канцеларијата на банката во Франкфурт како директор за „трговски операции со кредитни инструменти“ со годишна плата од 375.000 евра.

Вишите менаџери, во доверба, го информирале дека функцијата главно постои само на хартија и го советувале„активно да не ја спомнува својата позиција“ во јавност.

Името на банката не беше откриено на судското рочиште, но ФТ јавува дека се работи за Морган Стенли.

Американската банка го оспори гореспоменатото сведоштво пред судот, а Морган Стенли и Европската централна банка сè уште официјално ги немаат објавено своите ставови за оваа ситуација.

The post Американска банка креирала фиктивно работно место во Франкфурт со годишна плата од 375.000 евра appeared first on Република.

]]>

Американската банка Морган Стенли креирала фиктивна позиција во Франкфурт со годишна плата од 375.000 евра за формално да ги задоволи насоките на Европската централна банка (ЕЦБ), пишува Фајненшл Тајмс (FT) повикувајќи се на анонимни извори. По Брегзит, европските власти препорачаа меѓународните банки да управуваат со нивните европски операции не од Лондон, како што беше случајот кога Велика Британија беше во Европската Унија, туку од земјите што го задржаа членството во ЕУ. Неименуван банкар неодамна пред судот во Франкфурт сведочеше дека во април 2021 година добил функција во канцеларијата на банката во Франкфурт како директор за „трговски операции со кредитни инструменти“ со годишна плата од 375.000 евра. Вишите менаџери, во доверба, го информирале дека функцијата главно постои само на хартија и го советувале„активно да не ја спомнува својата позиција“ во јавност. Името на банката не беше откриено на судското рочиште, но ФТ јавува дека се работи за Морган Стенли. Американската банка го оспори гореспоменатото сведоштво пред судот, а Морган Стенли и Европската централна банка сè уште официјално ги немаат објавено своите ставови за оваа ситуација.

The post Американска банка креирала фиктивно работно место во Франкфурт со годишна плата од 375.000 евра appeared first on Република.

]]>
Битиќи во Франкфурт: Потпишавме договор за нова германска инвестиција од 65 милиони евра, ќе обезбеди над 750 вработувања https://republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-vo-frankfurt-potpishavme-dogovor-za-nova-germanska-investitsija-od-65-milioni-evra-ke-obezbedi-nad-750-vrabotuvana/ Mon, 04 Sep 2023 15:33:27 +0000 https://republika.mk/?p=678688

Со потпишувањето на договорот со „БМЗ“, портфолиото на странски инвестиции во нашата држава го збогатуваме и зголемуваме со нова инвестиција во фабрика за производство на батерии која ќе отвори 755 нови работни места, изјави заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Јован Деспотовски престојува во работна посета на Сојузна Република Германија, при што во Франкфурт се потпиша договор со германската компанија за производство на литиум-јонски батерии „БМЗ“, за реализација на нова германска инвестиција во Македонија.

„Со реализацијата на инвестиција од 65 милиони евра, која ќе отвори 755 нови работни места,  ќе се креираат дополнителни можности за вработување на наши сограѓани, кои ќе создадат шанси за развој и унапредување на нивните знаења, вештини и компетиции активно да учествуваат во најсовремени технолошки производствени процеси и за тоа да бидат добро платени“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи рече дека со проектирањето на годишен извоз од над 360 милиони евра, новата фабрика на „БМЗ“ ќе значи директна придобивка за извозните способности на Македонија и подобрување на трговскиот баланс, но и директно учество во градењето на долгорочни и одржливи основи на економскиот раст и развој на земјата.

„БМЗ е компанија која произведува батерии и имплементира батериски системи во сектори кои во услови на интензивирана глобална транзиција кон зелена економија добиваат се понагласена пазарна вредност и можности за успех. „БМЗ“ е синоним е за технолошки напредна компанија,  со високо ниво на одржливост  и пазарен потенцијал кои произлегуваат од нивните иновативни, висококвалитетни производи, која секоја држава би посакала да е дел од нејзиното стопанство“, изјави Битиќи.

Оваа инвестиција е уште едно камче во мозаикот на исклучително добрите економски односи помеѓу Германија и Македонија, која ќе има  позитивни импликации за понатамошните  билатерални односи.

Директорот на ДТИРЗ, Јован Деспотовски во неговата изјава рече дека само по 7 месеци од кога ја имавме првата средба, веќе сме тука да потпишеме инвестициски договор од 65 милиони евра.

„Она што е најважно е дека „БМЗ“ ќе вработи над 750 лица со плати од над 1200 евра бруто. „БМЗ“ е и првата компанија која формално се обврзува да даде конкретна поддршка за развој на вештини кај младите во нашата земја. Ова е добар пример како граѓаните имаат конкретна придобивка од  инвестициите“, рече Деспотовски.

Инаку, со овој договор во последниве 2 и пол години, Владата заокружи  инвестициски циклус од над 950 милиони евра и истите веќе креираат нови работни места чијашто вкупна бројка ќе достигне над 12.500.

The post Битиќи во Франкфурт: Потпишавме договор за нова германска инвестиција од 65 милиони евра, ќе обезбеди над 750 вработувања appeared first on Република.

]]>

Со потпишувањето на договорот со „БМЗ“, портфолиото на странски инвестиции во нашата држава го збогатуваме и зголемуваме со нова инвестиција во фабрика за производство на батерии која ќе отвори 755 нови работни места, изјави заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи. Вицепремиерот Битиќи заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Јован Деспотовски престојува во работна посета на Сојузна Република Германија, при што во Франкфурт се потпиша договор со германската компанија за производство на литиум-јонски батерии „БМЗ“, за реализација на нова германска инвестиција во Македонија. „Со реализацијата на инвестиција од 65 милиони евра, која ќе отвори 755 нови работни места,  ќе се креираат дополнителни можности за вработување на наши сограѓани, кои ќе создадат шанси за развој и унапредување на нивните знаења, вештини и компетиции активно да учествуваат во најсовремени технолошки производствени процеси и за тоа да бидат добро платени“, изјави Битиќи. Вицепремиерот Битиќи рече дека со проектирањето на годишен извоз од над 360 милиони евра, новата фабрика на „БМЗ“ ќе значи директна придобивка за извозните способности на Македонија и подобрување на трговскиот баланс, но и директно учество во градењето на долгорочни и одржливи основи на економскиот раст и развој на земјата. „БМЗ е компанија која произведува батерии и имплементира батериски системи во сектори кои во услови на интензивирана глобална транзиција кон зелена економија добиваат се понагласена пазарна вредност и можности за успех. „БМЗ“ е синоним е за технолошки напредна компанија,  со високо ниво на одржливост  и пазарен потенцијал кои произлегуваат од нивните иновативни, висококвалитетни производи, која секоја држава би посакала да е дел од нејзиното стопанство“, изјави Битиќи. Оваа инвестиција е уште едно камче во мозаикот на исклучително добрите економски односи помеѓу Германија и Македонија, која ќе има  позитивни импликации за понатамошните  билатерални односи. Директорот на ДТИРЗ, Јован Деспотовски во неговата изјава рече дека само по 7 месеци од кога ја имавме првата средба, веќе сме тука да потпишеме инвестициски договор од 65 милиони евра. „Она што е најважно е дека „БМЗ“ ќе вработи над 750 лица со плати од над 1200 евра бруто. „БМЗ“ е и првата компанија која формално се обврзува да даде конкретна поддршка за развој на вештини кај младите во нашата земја. Ова е добар пример како граѓаните имаат конкретна придобивка од  инвестициите“, рече Деспотовски. Инаку, со овој договор во последниве 2 и пол години, Владата заокружи  инвестициски циклус од над 950 милиони евра и истите веќе креираат нови работни места чијашто вкупна бројка ќе достигне над 12.500.

The post Битиќи во Франкфурт: Потпишавме договор за нова германска инвестиција од 65 милиони евра, ќе обезбеди над 750 вработувања appeared first on Република.

]]>
Потоп на аеродромот во Франкфурт, вода до колена https://republika.mk/vesti/svet/potop-na-aerodromot-vo-frankfurt-voda-do-kolena/ Thu, 17 Aug 2023 08:09:28 +0000 https://republika.mk/?p=672903

Хаотични сцени се снимени вчеравечер на аеродромот во Франкфурт, Германија, еден од најголемите и најпрометните во Европа, откако регионот го погоди силно невреме проследено со пороен дожд и грмежи. Самиот аеродром се наполни со вода до колена, пистите се поплавија, авионите се во вода, а на терминалите се појави „езеро“.

Работата на аеродромските служби беше целосно запрена повеќе од два часа, изјави портпаролот на аеродромот.

Поради тоа, 34 авиони не можеа да полетаат навреме, други летови веќе беа откажани од самите авиокомпании. Вкупно 70 летови беа откажани.

The post Потоп на аеродромот во Франкфурт, вода до колена appeared first on Република.

]]>

Хаотични сцени се снимени вчеравечер на аеродромот во Франкфурт, Германија, еден од најголемите и најпрометните во Европа, откако регионот го погоди силно невреме проследено со пороен дожд и грмежи. Самиот аеродром се наполни со вода до колена, пистите се поплавија, авионите се во вода, а на терминалите се појави „езеро“. Работата на аеродромските служби беше целосно запрена повеќе од два часа, изјави портпаролот на аеродромот. Поради тоа, 34 авиони не можеа да полетаат навреме, други летови веќе беа откажани од самите авиокомпании. Вкупно 70 летови беа откажани.

The post Потоп на аеродромот во Франкфурт, вода до колена appeared first on Република.

]]>
Друштвото на филмски работници учествува на Генералното собрание на Европската асоцијација на режисери во Франкфурт https://republika.mk/vesti/kultura/drushtvoto-na-filmski-rabotnici-uchestvuva-na-generalnoto-sobranie-na-evropskata-asocijacija-na-reziseri-vo-frankfurt/ Fri, 13 May 2022 09:19:13 +0000 https://republika.mk/?p=501801

Претставници на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) учествуваат на Генералното собрание на Европската асоцијација на режисери (FERA), кое се одржува во Франкфурт. ДФРМ во Франкфурт го претставуваат режисерите Игор Иванов-Изи, Претседател на Друштвото на филмски работници и Даријан Пејовски, Претседател на секцијата режија во ДФРМ.

Ова е прв собир во живо на Генерално собрание на Федерацијата на европските филмски режисери од 2019. година, а домаќин на годинашното издание е филмската организација AG DOK во соработка со здружението BVR и филмскиот фестивал LICHTER Frankfurt International, со поддршка на VG Bild-Kunst. Во фокусот на Собранието оваа година е обновата на организацијата, односно членовите бираат нов Извршен одбор и нов почесен претседател на FERA во следните две години.

Благодарение на партнерството со филмскиот фестивал LICHTER во Франкфурт, на годинашата конференција на FERA се одржуваат две јавни пренесувани во живо, собирајќи ги филмските креатори и клучните играчи во индустријата за да разговараат за неодамнешните случувања кои влијаат на филмскиот занает и иднината на европскиот филм.

Првиот панел има за цел споделување сведоштва и искуства од снимањето филмови во текот и за воените конфликти, додека руската инвазија во Украина ја враќа во фокус единствената улога на филмските креатори за време на војна. Во време кога се потсетуваме дека културата е суштински дел од секоја добро функционална демократија, филмаџиите со единствени гласови го претставуваат потребното огледало на општеството. Сепак, додека уметничката и креативната слобода што им е потребна еродира низ Европа, јавната интервенција наменета за поддршка на закрепнувањето на аудиовизуелниот сектор од Ковид-19, се чини дека се фокусира исклучиво на глобализацијата, дигитализирацијата и понатамошно разеленување: на вториот панел се расправа за тоа како да се стави уметничката, креативната и културната разновидност повторно во срцето на аудиовизуелните политики ширум Европа.

Друштвото на филмските работници на Македонија е здружение на граѓани, основано на 21. мај 1950 година, формирано со слободно здружување на филмски работници од Македонија и има својство на правно лице. Друштвото е независно, самостојно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на филмските работници. Основните цели на Друштвото се остварување и заштита на правата и интересите на македонските филмски професионалци кои делуваат на територијата на Македонија и во странство, како и обезбедување континуиран развој на филмската дејност, стимулирање и унапредување на филмската професија, промоција на филмската уметност и култура. Друштвото е иницијатор, основач и организатор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, како и иницијатор, основач и организатор на филмската ревија „Златна рамка“ која претставува увид и приказ на реализираните македонски филмови во една календарска година финансирани од буџетот на РСМ.

The post Друштвото на филмски работници учествува на Генералното собрание на Европската асоцијација на режисери во Франкфурт appeared first on Република.

]]>

Претставници на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) учествуваат на Генералното собрание на Европската асоцијација на режисери (FERA), кое се одржува во Франкфурт. ДФРМ во Франкфурт го претставуваат режисерите Игор Иванов-Изи, Претседател на Друштвото на филмски работници и Даријан Пејовски, Претседател на секцијата режија во ДФРМ. Ова е прв собир во живо на Генерално собрание на Федерацијата на европските филмски режисери од 2019. година, а домаќин на годинашното издание е филмската организација AG DOK во соработка со здружението BVR и филмскиот фестивал LICHTER Frankfurt International, со поддршка на VG Bild-Kunst. Во фокусот на Собранието оваа година е обновата на организацијата, односно членовите бираат нов Извршен одбор и нов почесен претседател на FERA во следните две години. Благодарение на партнерството со филмскиот фестивал LICHTER во Франкфурт, на годинашата конференција на FERA се одржуваат две јавни пренесувани во живо, собирајќи ги филмските креатори и клучните играчи во индустријата за да разговараат за неодамнешните случувања кои влијаат на филмскиот занает и иднината на европскиот филм. Првиот панел има за цел споделување сведоштва и искуства од снимањето филмови во текот и за воените конфликти, додека руската инвазија во Украина ја враќа во фокус единствената улога на филмските креатори за време на војна. Во време кога се потсетуваме дека културата е суштински дел од секоја добро функционална демократија, филмаџиите со единствени гласови го претставуваат потребното огледало на општеството. Сепак, додека уметничката и креативната слобода што им е потребна еродира низ Европа, јавната интервенција наменета за поддршка на закрепнувањето на аудиовизуелниот сектор од Ковид-19, се чини дека се фокусира исклучиво на глобализацијата, дигитализирацијата и понатамошно разеленување: на вториот панел се расправа за тоа како да се стави уметничката, креативната и културната разновидност повторно во срцето на аудиовизуелните политики ширум Европа. Друштвото на филмските работници на Македонија е здружение на граѓани, основано на 21. мај 1950 година, формирано со слободно здружување на филмски работници од Македонија и има својство на правно лице. Друштвото е независно, самостојно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на филмските работници. Основните цели на Друштвото се остварување и заштита на правата и интересите на македонските филмски професионалци кои делуваат на територијата на Македонија и во странство, како и обезбедување континуиран развој на филмската дејност, стимулирање и унапредување на филмската професија, промоција на филмската уметност и култура. Друштвото е иницијатор, основач и организатор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, како и иницијатор, основач и организатор на филмската ревија „Златна рамка“ која претставува увид и приказ на реализираните македонски филмови во една календарска година финансирани од буџетот на РСМ.

The post Друштвото на филмски работници учествува на Генералното собрание на Европската асоцијација на режисери во Франкфурт appeared first on Република.

]]>