Франк-Валтер Штајнмаер Archives - Република https://republika.mk/tema/frank-valter-shtajnmaer/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Nov 2024 11:13:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Франк-Валтер Штајнмаер Archives - Република https://republika.mk/tema/frank-valter-shtajnmaer/ 32 32 Штајнмаер подготвен да распише избори во Германија https://republika.mk/vesti/svet/shtajnmaer-podgotven-da-raspishe-izbori-vo-germanija/ Thu, 07 Nov 2024 11:13:50 +0000 https://republika.mk/?p=835112

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска изјави дека е подготвен да распише нови избори по распадот на коалицијата на канцеларот Олаф Шолц, предупредувајќи ги сите партии да се однесуваат одговорно.

Крај на една коалиција не е крај на светот. Тоа е политичка криза која треба да ја надминеме, рече Штајнмаер.

Шолц соопшти дека ќе побара гласање за доверба во парламентот откако заминувањето на министерот за финансии Кристијан Линднер од редовите на Слободните демократи ја остави неговата влада без парламентарно мнозинство.

Штајнмаер има моќ да го распушти парламентот и да распише нови избори само откако владата ќе изгуби на гласањето за доверба. Тој додаде дека на Германија и треба стабилно мнозинство и способна влада.

-Нашата демократија е силна. Но, сега не е време за тактики и измами, туку за разум и одговорност, нагласи германскиот претседател.

The post Штајнмаер подготвен да распише избори во Германија appeared first on Република.

]]>

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска изјави дека е подготвен да распише нови избори по распадот на коалицијата на канцеларот Олаф Шолц, предупредувајќи ги сите партии да се однесуваат одговорно. Крај на една коалиција не е крај на светот. Тоа е политичка криза која треба да ја надминеме, рече Штајнмаер. Шолц соопшти дека ќе побара гласање за доверба во парламентот откако заминувањето на министерот за финансии Кристијан Линднер од редовите на Слободните демократи ја остави неговата влада без парламентарно мнозинство. Штајнмаер има моќ да го распушти парламентот и да распише нови избори само откако владата ќе изгуби на гласањето за доверба. Тој додаде дека на Германија и треба стабилно мнозинство и способна влада. -Нашата демократија е силна. Но, сега не е време за тактики и измами, туку за разум и одговорност, нагласи германскиот претседател.

The post Штајнмаер подготвен да распише избори во Германија appeared first on Република.

]]>
Кабинетот на Штајнмаер: Османи знаеше дека се потребни конкретни чекори за ЗСО https://republika.mk/vesti/balkan/kabinetot-na-shtajnmaer-osmani-znaeshe-deka-se-potrebni-konkretni-chekori-za-zso/ Fri, 17 May 2024 11:42:50 +0000 https://republika.mk/?p=779174

Кабинетот на германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмаер потврди во изјава за порталот „Газета експрес“ дека тој, во телефонскиот разговор со неговата косовска колешка, Вјоса Османи нагласил дека за зачленување на Косово во Советот на Европа потребни се конкретни чекори во правец на формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО) во Косово.

Во изјавата за приштинскиот портал се вели дека претседателот Штајнмаер ја истакнал поддршката на Германија за евроинтеграциите на Косово, за апликацијата на Косово во Советот на Европа, за значењето на продолжувањето на дијалогот меѓу Косово и Србија со посредство на ЕУ, како и за целосна имплементација на Охридскиот договор.

Во телефонскиот разговор со претседателката на Косово, Сојузниот претседател на Германија ја истакна поддршката на Сојузната влада за европската интеграција на Косово, апликацијата на Косово за членство во Советот на Европа, како и значењето на продолжувањето на дијалогот меѓу Косово и Србија со посредувањето на ЕУ и на целосното спроведување на Охридскиот договор. Сојузниот претседател дополнително ја подвлече важноста од конкретни чекори кон формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство од страна на косовските власти, изјавија за „Газета експрес“ од канцеларијата за медиуми на германскиот претседател.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Османи на 15 мај објави дека ден претходно имала телефонски разговор со германскиот колега, при што ја истакнала големата важност за успешно завршување на процесот за членство на Косово во Советот на Европа.

Вчера разговарав со претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, за да дискутираме за членството на Косово во Советот на Европа. Ја истакнав критичната важност за успешно завршување на овој процес, да обезбедиме што поскоро корист за сите наши граѓани од инструментите на Советот. Нашето членство не само што би било победа на човековите права во Косово, туку и победа на нашиот континент и на вредностите на кои тој цврсто стои, објави косовската претседателка на својата официјална страница на „Икс“ на 15 мај.

Телефонскиот разговор меѓу Османи и Штајнмаер се случи неколку дена пред состанокот на Комитетот на министри на Советот на Европа и кога беше познат цврстиот став на Владата на канцеларот Олаф Шолц дека Косово треба да преземе конкретни чекори кон формирање на ЗСО со цел да се добие поддршката од сојузниците да влезе на дневен ред на Комитетот на министри на СЕ и да ги добие потребните гласови за членство

The post Кабинетот на Штајнмаер: Османи знаеше дека се потребни конкретни чекори за ЗСО appeared first on Република.

]]>

Кабинетот на германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмаер потврди во изјава за порталот „Газета експрес“ дека тој, во телефонскиот разговор со неговата косовска колешка, Вјоса Османи нагласил дека за зачленување на Косово во Советот на Европа потребни се конкретни чекори во правец на формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО) во Косово. Во изјавата за приштинскиот портал се вели дека претседателот Штајнмаер ја истакнал поддршката на Германија за евроинтеграциите на Косово, за апликацијата на Косово во Советот на Европа, за значењето на продолжувањето на дијалогот меѓу Косово и Србија со посредство на ЕУ, како и за целосна имплементација на Охридскиот договор. Во телефонскиот разговор со претседателката на Косово, Сојузниот претседател на Германија ја истакна поддршката на Сојузната влада за европската интеграција на Косово, апликацијата на Косово за членство во Советот на Европа, како и значењето на продолжувањето на дијалогот меѓу Косово и Србија со посредувањето на ЕУ и на целосното спроведување на Охридскиот договор. Сојузниот претседател дополнително ја подвлече важноста од конкретни чекори кон формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство од страна на косовските власти, изјавија за „Газета експрес“ од канцеларијата за медиуми на германскиот претседател. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Османи на 15 мај објави дека ден претходно имала телефонски разговор со германскиот колега, при што ја истакнала големата важност за успешно завршување на процесот за членство на Косово во Советот на Европа. Вчера разговарав со претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, за да дискутираме за членството на Косово во Советот на Европа. Ја истакнав критичната важност за успешно завршување на овој процес, да обезбедиме што поскоро корист за сите наши граѓани од инструментите на Советот. Нашето членство не само што би било победа на човековите права во Косово, туку и победа на нашиот континент и на вредностите на кои тој цврсто стои, објави косовската претседателка на својата официјална страница на „Икс“ на 15 мај. Телефонскиот разговор меѓу Османи и Штајнмаер се случи неколку дена пред состанокот на Комитетот на министри на Советот на Европа и кога беше познат цврстиот став на Владата на канцеларот Олаф Шолц дека Косово треба да преземе конкретни чекори кон формирање на ЗСО со цел да се добие поддршката од сојузниците да влезе на дневен ред на Комитетот на министри на СЕ и да ги добие потребните гласови за членство

The post Кабинетот на Штајнмаер: Османи знаеше дека се потребни конкретни чекори за ЗСО appeared first on Република.

]]>
Германскиот претседател вети непоколеблива поддршка за Израел https://republika.mk/vesti/svet/germanskiot-pretsedatel-veti-nepokolebliva-poddrshka-za-izrael/ Sun, 26 Nov 2023 20:52:31 +0000 https://republika.mk/?p=716470

 Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер вети непоколеблива поддршка на Германија за Израел во неговата војна во Газа за време на заедничката прес-конференција со израелскиот претседател Ицак Херцог во Ерусалим, јави ДПА.

„Се солидаризираме со Израел“, рече Штајнмаер. „Тоа не е само со Израел како жртва на тероризмот. Нашата солидарност е и со Израел, кој се брани, кој се бори против егзистенцијална закана“.

Штајнмаер ја даде изјавата по зголемените критики за однесувањето на Израел во Појасот Газа, во кое загинаа илјадници цивили, јави ДПА.

Шефот на германската држава изјави и дека е неопходно да се заштитат цивилите во Појасот Газа и да се обезбедат основните животни потреби. „Ова го бара меѓународното хуманитарно право. Затоа е добро што договорениот прекин на огнот сега се користи за таа цел“

The post Германскиот претседател вети непоколеблива поддршка за Израел appeared first on Република.

]]>

 Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер вети непоколеблива поддршка на Германија за Израел во неговата војна во Газа за време на заедничката прес-конференција со израелскиот претседател Ицак Херцог во Ерусалим, јави ДПА. „Се солидаризираме со Израел“, рече Штајнмаер. „Тоа не е само со Израел како жртва на тероризмот. Нашата солидарност е и со Израел, кој се брани, кој се бори против егзистенцијална закана“. Штајнмаер ја даде изјавата по зголемените критики за однесувањето на Израел во Појасот Газа, во кое загинаа илјадници цивили, јави ДПА. Шефот на германската држава изјави и дека е неопходно да се заштитат цивилите во Појасот Газа и да се обезбедат основните животни потреби. „Ова го бара меѓународното хуманитарно право. Затоа е добро што договорениот прекин на огнот сега се користи за таа цел“

The post Германскиот претседател вети непоколеблива поддршка за Израел appeared first on Република.

]]>
Штајнмаер пристигна во дводневна посета на Израел https://republika.mk/vesti/svet/shtajnmaer-pristigna-vo-dvodnevna-poseta-na-izrael/ Sun, 26 Nov 2023 16:21:46 +0000 https://republika.mk/?p=716419

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер пристигна попладнево во Тел Авив во дводневна посета на Израел на покана на неговиот израелски колега Исак Херцог. Со Штајнмаер патува и претседателот на Бундестагот Бербел Бас.

Патувањето се смета за посебен знак на солидарност со Израел. Штајнмаер и неговата сопруга Елке Буденбендер, која исто така пристигна во Израел, се блиски пријатели на Херцог и неговата сопруга.

За денеска се планирани политички разговори меѓу двајцата претседатели.

Германскиот претседател ќе ги посети и Оман и Катар.

The post Штајнмаер пристигна во дводневна посета на Израел appeared first on Република.

]]>

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер пристигна попладнево во Тел Авив во дводневна посета на Израел на покана на неговиот израелски колега Исак Херцог. Со Штајнмаер патува и претседателот на Бундестагот Бербел Бас. Патувањето се смета за посебен знак на солидарност со Израел. Штајнмаер и неговата сопруга Елке Буденбендер, која исто така пристигна во Израел, се блиски пријатели на Херцог и неговата сопруга. За денеска се планирани политички разговори меѓу двајцата претседатели. Германскиот претседател ќе ги посети и Оман и Катар.

The post Штајнмаер пристигна во дводневна посета на Израел appeared first on Република.

]]>
Штајнмаер: За жал, европскиот безбедносен поредок повеќе не постои https://republika.mk/vesti/svet/shtajnmaer-za-zhal-evropskiot-bezbednosen-poredok-poveke-ne-postoi/ Thu, 11 May 2023 06:50:22 +0000 https://republika.mk/?p=639491

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека актуелните настани во Украина довеле до долгорочно уништување на европскиот безбедносен поредок.

„За жал, европскиот безбедносен поредок повеќе не постои. Единствената причина за тоа е она што сега се случува во Украина. И не сите сакаат да ја слушнат мојата прогноза за блиска иднина“, рече тој за „Радио рбб“, а пренесува ТАСС.

Според германскиот претседател, дури и крај на конфликтот во Украина нема да значи враќање на старата безбедносна филозофија.

„Ќе се појави нова ситуација во која Европа, од една страна, и Русија, од друга страна, првенствено ќе се бранат една од друга“, истакна Штајнмаер.

Претседателот посочи и дека филозофијата за заедничка безбедност долгорочно ќе престане да биде заеднички концепт.

The post Штајнмаер: За жал, европскиот безбедносен поредок повеќе не постои appeared first on Република.

]]>

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека актуелните настани во Украина довеле до долгорочно уништување на европскиот безбедносен поредок.
„За жал, европскиот безбедносен поредок повеќе не постои. Единствената причина за тоа е она што сега се случува во Украина. И не сите сакаат да ја слушнат мојата прогноза за блиска иднина“, рече тој за „Радио рбб“, а пренесува ТАСС.
Според германскиот претседател, дури и крај на конфликтот во Украина нема да значи враќање на старата безбедносна филозофија.
„Ќе се појави нова ситуација во која Европа, од една страна, и Русија, од друга страна, првенствено ќе се бранат една од друга“, истакна Штајнмаер.
Претседателот посочи и дека филозофијата за заедничка безбедност долгорочно ќе престане да биде заеднички концепт.

The post Штајнмаер: За жал, европскиот безбедносен поредок повеќе не постои appeared first on Република.

]]>
Штајнмаер: Вие сами одлучувате што ја прави вашата земја посебна https://republika.mk/vesti/makedonija/shtajnmaer-vie-sami-odluchuvate-shto-ja-pravi-vashata-zemja-posebna/ Tue, 29 Nov 2022 16:36:20 +0000 https://republika.mk/?p=579702

Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер вели дека Македонија може да стане членка на ЕУ до 2030-та, но прво мора да се посвети на внатрешните реформи.

Вели дека акцентот треба да биде поставен на сегашноста и иднината, а не кон минатото.

Вие сами одлучувате што ја прави вашата земја посебна. Вие решавате како изгледа македонскиот идентитет денес и како ќе изгледа во иднина, порача германскиот претседател Штајнмајер во Собранието.

Македонскиот претседател Стево Пендаровски пак е уверен дека ако процесот на преговори со ЕУ не биде базиран на историја, туку на реалните европски критериуми и вредности, преговорите ќе бидат завршени во реално време.

Шатјнмаер се обрати и пред пратениците во Собранието, а оствари средба и со премиерот Димитар Ковачевски. Германскиот претседател положи цвеќе и на гробот на националниот херој Гоце Делчев, а утре ќе го посети Ветерниот парк во Богданци и германската компанија Дрекселмајер во Кавадарци.

Ова е прва посета на Штајнмаер на Македонија, а својата турнеја ја продолжува во Албанија.

The post Штајнмаер: Вие сами одлучувате што ја прави вашата земја посебна appeared first on Република.

]]>

Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер вели дека Македонија може да стане членка на ЕУ до 2030-та, но прво мора да се посвети на внатрешните реформи. Вели дека акцентот треба да биде поставен на сегашноста и иднината, а не кон минатото.
Вие сами одлучувате што ја прави вашата земја посебна. Вие решавате како изгледа македонскиот идентитет денес и како ќе изгледа во иднина, порача германскиот претседател Штајнмајер во Собранието.
Македонскиот претседател Стево Пендаровски пак е уверен дека ако процесот на преговори со ЕУ не биде базиран на историја, туку на реалните европски критериуми и вредности, преговорите ќе бидат завршени во реално време. Шатјнмаер се обрати и пред пратениците во Собранието, а оствари средба и со премиерот Димитар Ковачевски. Германскиот претседател положи цвеќе и на гробот на националниот херој Гоце Делчев, а утре ќе го посети Ветерниот парк во Богданци и германската компанија Дрекселмајер во Кавадарци. Ова е прва посета на Штајнмаер на Македонија, а својата турнеја ја продолжува во Албанија.

The post Штајнмаер: Вие сами одлучувате што ја прави вашата земја посебна appeared first on Република.

]]>
Зеленски одби да го прими германскиот претседател, Германија остана во чудење https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-odbi-da-go-primi-germanskiot-pretsedatel-germanija-ostana-vo-chudenje/ Wed, 13 Apr 2022 12:48:51 +0000 https://republika.mk/?p=487937

Германија изрази зачуденост од одлуката на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, да го прими германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмаер.

Германскиот претседател јасно и дефинитивно застана на страната на Украина. Германија беше и се уште е еден од најодлучните поддржувачи на Украина, а тој факт е тесно поврзан со долгорочните активности на германскиот претседател - се наведува во реакцијата на портпаролот на германската влада.

Штајнмаер требаше да го посети Киев заедно со претседателите на Полска, Естонија, Литванија и Летонија, но украинската влада одби такво нешто и наместо тоа го покани германскиот канцелар, Олаф Шолц, да разговара понатаму, пред се за германската воена помош за Украина.

https://twitter.com/prezydentpl/status/1514183456720306177?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1514183456720306177%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3912287%2F49-dan-rata-u-ukrajini

The post Зеленски одби да го прими германскиот претседател, Германија остана во чудење appeared first on Република.

]]>

Германија изрази зачуденост од одлуката на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, да го прими германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмаер.
Германскиот претседател јасно и дефинитивно застана на страната на Украина. Германија беше и се уште е еден од најодлучните поддржувачи на Украина, а тој факт е тесно поврзан со долгорочните активности на германскиот претседател - се наведува во реакцијата на портпаролот на германската влада.
Штајнмаер требаше да го посети Киев заедно со претседателите на Полска, Естонија, Литванија и Летонија, но украинската влада одби такво нешто и наместо тоа го покани германскиот канцелар, Олаф Шолц, да разговара понатаму, пред се за германската воена помош за Украина. https://twitter.com/prezydentpl/status/1514183456720306177?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1514183456720306177%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3912287%2F49-dan-rata-u-ukrajini

The post Зеленски одби да го прими германскиот претседател, Германија остана во чудење appeared first on Република.

]]>
Германскиот претседател и се обрати на нацијата: Ни претстојат денови со многу одрекувања и неизвесност https://republika.mk/vesti/svet/germanskiot-pretsedatel-i-se-obrati-na-nacijata-ni-pretstojat-denovi-so-mnogu-odrekuvanja-i-neizvesnost/ Sun, 27 Mar 2022 20:47:40 +0000 https://republika.mk/?p=479508

Германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмаер, порача дека Германците ќе мора да бидат свесни дека ќе додјдат денови на неизвесност и одрекување поради војната во Украина.

Острите санкции против Русија неизбежно ќе донесат неизвесност и откажување од многу работи и за Германците - порача Штајнмаер, во видео порака објавена пред концертот „За слобода и мир“ на Берлинската филхармонија во претседателската палата Белеви.

Германскиот претседател истакна дека и во Германија претстојат тешки денови.

Точно е дека ни претстојат уште многу неволји. Нашата солидарност и нашата поддршка, нашата истрајност, како и нашата подготвеност да се откажеме и да се ограничиме, ќе не следи уште долго време - истакна Штајнмаер.

The post Германскиот претседател и се обрати на нацијата: Ни претстојат денови со многу одрекувања и неизвесност appeared first on Република.

]]>

Германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмаер, порача дека Германците ќе мора да бидат свесни дека ќе додјдат денови на неизвесност и одрекување поради војната во Украина.
Острите санкции против Русија неизбежно ќе донесат неизвесност и откажување од многу работи и за Германците - порача Штајнмаер, во видео порака објавена пред концертот „За слобода и мир“ на Берлинската филхармонија во претседателската палата Белеви.
Германскиот претседател истакна дека и во Германија претстојат тешки денови.
Точно е дека ни претстојат уште многу неволји. Нашата солидарност и нашата поддршка, нашата истрајност, како и нашата подготвеност да се откажеме и да се ограничиме, ќе не следи уште долго време - истакна Штајнмаер.

The post Германскиот претседател и се обрати на нацијата: Ни претстојат денови со многу одрекувања и неизвесност appeared first on Република.

]]>
Штајнмаер: Се подготвуваме за долга војна во Украина https://republika.mk/vesti/svet/shtajnmaer-se-podgotvuvame-za-dolga-vojna-vo-ukraina/ Thu, 03 Mar 2022 21:11:14 +0000 https://republika.mk/?p=467417

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска изјави дека се подготвува за „долга” војна во Украина, откако руската офанзива влезе во втората недела.

Во својот говор во Литванија, каде што ги посети германските војници стационирани во балтичката земја, која е членка на НАТО, Штајнмаер истакна дека не гледа „никакви знаци дека војната наскоро ќе заврши”.

– Веројатно ќе биде долга и ние ќе бидеме трпеливи, нагласи тој пред новинарите, заедно со неговиот литвански колега во воената база Рукла.

Нарекувајќи ја војната „кршење на меѓународното право”, шефот на германската држава рече дека „никој во текот на историјата нема да може да го оправда она што во моментот се случува во Украина”.

– Дека родителите ги губат своите деца, дека нивните деца ги губат своите родители, дека луѓето губат сè, истакна Штајнмаер.

Германија ја предводи мултинационалната борбена група на НАТО во Литванија и неодамна го зголеми бројот на своите војници во таа земја.

The post Штајнмаер: Се подготвуваме за долга војна во Украина appeared first on Република.

]]>

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска изјави дека се подготвува за „долга” војна во Украина, откако руската офанзива влезе во втората недела. Во својот говор во Литванија, каде што ги посети германските војници стационирани во балтичката земја, која е членка на НАТО, Штајнмаер истакна дека не гледа „никакви знаци дека војната наскоро ќе заврши”.
– Веројатно ќе биде долга и ние ќе бидеме трпеливи, нагласи тој пред новинарите, заедно со неговиот литвански колега во воената база Рукла.
Нарекувајќи ја војната „кршење на меѓународното право”, шефот на германската држава рече дека „никој во текот на историјата нема да може да го оправда она што во моментот се случува во Украина”.
– Дека родителите ги губат своите деца, дека нивните деца ги губат своите родители, дека луѓето губат сè, истакна Штајнмаер.
Германија ја предводи мултинационалната борбена група на НАТО во Литванија и неодамна го зголеми бројот на своите војници во таа земја.

The post Штајнмаер: Се подготвуваме за долга војна во Украина appeared first on Република.

]]>
Штајнмајер реизбран за претседател на Германија https://republika.mk/vesti/svet/shtajnmajer-reizbran-za-pretsedatel-na-germanija/ Sun, 13 Feb 2022 15:25:19 +0000 https://republika.mk/?p=457943

Франк – Валтер Штајнмаер денеска е реизбран за претседател на Германија. За него во првиот круг гласаа 1.045 од 1.472 членови на така наречената сојузна конвенција, составена од пратеници во националниот Парламент и претставници на сојузните покраини.

Штајмајер по реизборот вети дека вториот претседателски  мандат ќе се посвети на ублажување на последиците од пандемијата со Ковид-19.

Во претседателската трка учествуваа четворица кандидати. Стефани Гебауер од Сојуз на слободни гласачи Стефани Гебауер освои 58 гласа, кандидатот на левицата Герхард Траберт – 96, додека за кандидатот на Алтернатива за Германија, Макс Оте гласаа 140 членови на конвенцијата.

Штајнмаер, кој беше министер за надворешни работи во првата влада на Ангела Меркел, се истакна во својот прв мандат како посредник меѓу конфликтните страни во пристапот кон борбата против пандемијата на Ковид-19. Тој ужива и мнозинската поддршка од граѓаните.

Според аналитичарите, Штајнмаер е претседателот кој успешно ја водеше земјата низ неколку кризи за време на неговиот прв петгодишен мандат, од кои најголемата беше предизвикана од пандемијата.

The post Штајнмајер реизбран за претседател на Германија appeared first on Република.

]]>

Франк – Валтер Штајнмаер денеска е реизбран за претседател на Германија. За него во првиот круг гласаа 1.045 од 1.472 членови на така наречената сојузна конвенција, составена од пратеници во националниот Парламент и претставници на сојузните покраини. Штајмајер по реизборот вети дека вториот претседателски  мандат ќе се посвети на ублажување на последиците од пандемијата со Ковид-19. Во претседателската трка учествуваа четворица кандидати. Стефани Гебауер од Сојуз на слободни гласачи Стефани Гебауер освои 58 гласа, кандидатот на левицата Герхард Траберт – 96, додека за кандидатот на Алтернатива за Германија, Макс Оте гласаа 140 членови на конвенцијата. Штајнмаер, кој беше министер за надворешни работи во првата влада на Ангела Меркел, се истакна во својот прв мандат како посредник меѓу конфликтните страни во пристапот кон борбата против пандемијата на Ковид-19. Тој ужива и мнозинската поддршка од граѓаните. Според аналитичарите, Штајнмаер е претседателот кој успешно ја водеше земјата низ неколку кризи за време на неговиот прв петгодишен мандат, од кои најголемата беше предизвикана од пандемијата.

The post Штајнмајер реизбран за претседател на Германија appeared first on Република.

]]>