франциско хенто Archives - Република https://republika.mk/tema/francisko-hento/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Jan 2022 11:37:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png франциско хенто Archives - Република https://republika.mk/tema/francisko-hento/ 32 32 Почина Пако Хенто, најдоброто лево крило во историјата и единствен фудбалер со шест трофеи во Купот на шампионите https://republika.mk/sport/fudbal/pochina-pako-hento-najdobroto-levo-krilo-vo-istorijata-i-edinstven-fudbaler-so-shest-trofei-vo-kupot-na-shampionite/ Tue, 18 Jan 2022 11:19:56 +0000 https://republika.mk/?p=446272

Легендата на Реал Мадрид, Франциско (Пако) Хенто, почина во Мадрид на 88-годишна возраст.

Познат по своите брзина и сила, Хенто го носеше прекарот „Кантабриската бура“ и беше прогласен за најдоброто лево крило во историјата. Тој е единствениот фудбалер што има шет трофеи во Купот на шампионите. Хенто беше дел од најдобриот напад во историјата на светскиот фудбал, кога во Реал Мадрид играше покрај Ференц Пушкаш, Алфредо ди Стефано, Рејмон Копа и Хозе Ектор Риал, во времето кога „Кралскиот клуб“  освои пет последователни титули во Купот на шампионите.

Хенто настапуваше за Реал Мадрид од 1953 до 1971 година, при што одигра вкупно 600 натпревари и постигна 182 гола. Тој беше почесен претседател на Реал Мадрид, титула што ја презема по смртта на Алфредо ди Стефано во 2014 година.

Хенто е најтреофејниот фудбалер во историјата на „Кралскиот клуб“ со вкупно 23 трофеи, меѓу кои, покрај шесте во Купот на шампионите, се издвојуваат 12 титули во Шпанија. Тој го носеше дресот на Шпанија на 43 натпревари.

Пред само два дена, со освојувањето на шпанскиот Супер Куп, Бразилецот Марсело се израмни со Хенто според бројот на титули освоени во дресот на Реал Мадрид.

The post Почина Пако Хенто, најдоброто лево крило во историјата и единствен фудбалер со шест трофеи во Купот на шампионите appeared first on Република.

]]>

Легендата на Реал Мадрид, Франциско (Пако) Хенто, почина во Мадрид на 88-годишна возраст. Познат по своите брзина и сила, Хенто го носеше прекарот „Кантабриската бура“ и беше прогласен за најдоброто лево крило во историјата. Тој е единствениот фудбалер што има шет трофеи во Купот на шампионите. Хенто беше дел од најдобриот напад во историјата на светскиот фудбал, кога во Реал Мадрид играше покрај Ференц Пушкаш, Алфредо ди Стефано, Рејмон Копа и Хозе Ектор Риал, во времето кога „Кралскиот клуб“  освои пет последователни титули во Купот на шампионите. Хенто настапуваше за Реал Мадрид од 1953 до 1971 година, при што одигра вкупно 600 натпревари и постигна 182 гола. Тој беше почесен претседател на Реал Мадрид, титула што ја презема по смртта на Алфредо ди Стефано во 2014 година. Хенто е најтреофејниот фудбалер во историјата на „Кралскиот клуб“ со вкупно 23 трофеи, меѓу кои, покрај шесте во Купот на шампионите, се издвојуваат 12 титули во Шпанија. Тој го носеше дресот на Шпанија на 43 натпревари. Пред само два дена, со освојувањето на шпанскиот Супер Куп, Бразилецот Марсело се израмни со Хенто според бројот на титули освоени во дресот на Реал Мадрид.

The post Почина Пако Хенто, најдоброто лево крило во историјата и единствен фудбалер со шест трофеи во Купот на шампионите appeared first on Република.

]]>