фото изложба Archives - Република https://republika.mk/tema/foto-izlozba/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Mar 2024 11:46:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фото изложба Archives - Република https://republika.mk/tema/foto-izlozba/ 32 32 Изложба на уметничка фотографија „Жените и фотографијата 2024″ во Куманово https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-umetnichka-fotografija-zhenite-i-fotografijata-2024-vo-kumanovo/ Fri, 08 Mar 2024 11:46:51 +0000 https://republika.mk/?p=752634

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, пак, ќе може да се посети изложбата на уметничка фотографија „Жените и фотографијата 2024″. Изложбата е организирана од фотоклубот „Куманово“, во соработка со Центарот за култура и со Општина Куманово.

„Оваа изложба не само што го одбележува Меѓународниот ден на жената, 8 Март, туку, исто така, ги слави и неизмерниот талент и креативноста на жените фотографи од Македонија. Овозможивме простор за учество на 48 фотографки, кои со своите 270 фотографии нè оставија без зборови. Нивната преданост и страста кон уметноста на фотографирањето се одразени во секој кадар и во секој момент зграбен преку светлината во објективот. Селекцијата на 50 фотографии беше тешка, бидејќи секоја фотографија носи нешто специфично со себе, нешто што ги искажува видувањето и искуството на авторката. Но, на оваа изложба, секоја избрана фотографија претставува еден аспект на женската моќ и влијание во современиот свет на уметноста. Овој настан не е само прилика за нас да му се восхитуваме на фотографското уметничко изразување на жените туку, исто така, е и прилика да се потсетиме на важноста на рамноправноста во уметноста и во секој аспект на нашето општество“, се вели во најавата на изложбата.

The post Изложба на уметничка фотографија „Жените и фотографијата 2024″ во Куманово appeared first on Република.

]]>

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, пак, ќе може да се посети изложбата на уметничка фотографија „Жените и фотографијата 2024″. Изложбата е организирана од фотоклубот „Куманово“, во соработка со Центарот за култура и со Општина Куманово. „Оваа изложба не само што го одбележува Меѓународниот ден на жената, 8 Март, туку, исто така, ги слави и неизмерниот талент и креативноста на жените фотографи од Македонија. Овозможивме простор за учество на 48 фотографки, кои со своите 270 фотографии нè оставија без зборови. Нивната преданост и страста кон уметноста на фотографирањето се одразени во секој кадар и во секој момент зграбен преку светлината во објективот. Селекцијата на 50 фотографии беше тешка, бидејќи секоја фотографија носи нешто специфично со себе, нешто што ги искажува видувањето и искуството на авторката. Но, на оваа изложба, секоја избрана фотографија претставува еден аспект на женската моќ и влијание во современиот свет на уметноста. Овој настан не е само прилика за нас да му се восхитуваме на фотографското уметничко изразување на жените туку, исто така, е и прилика да се потсетиме на важноста на рамноправноста во уметноста и во секој аспект на нашето општество“, се вели во најавата на изложбата.

The post Изложба на уметничка фотографија „Жените и фотографијата 2024″ во Куманово appeared first on Република.

]]>
Фото-изложба во Охрид на тема „Вода = Живот“ https://republika.mk/vesti/kultura/foto-izlozhba-vo-ohrid-na-tema-voda-zhivot/ Mon, 14 Aug 2023 11:05:50 +0000 https://republika.mk/?p=671989

Старт-ап центарот Касарна Хаб Охрид во соработка со Амбасадата на Холандија, организираат фото-изложба на тема „Вода = Живот“.

Настанот ќе се одржи на 16 август, со почеток во 19.00 часот во улицата „Радојца Новичиќ“, Охрид.

Во 2022 година, во пресрет на COP27 во Египет, Холандија ги повика ентузијастите за фотографија од целиот свет да создадат и споделат инспиративна и провоцирачка еколошка фотографија во нашиот фото натпревар „Вода = живот“. Но, и покрај толку многу примени моќни слики, може да има само еден победник. Тоа беше Томислав Георгиевски од Македонија со фотографијата направена во Црн Дрим во Струга.

Водата е неопходна за животот на земјата. Светот се соочува со невидени климатски предизвици и многу од нив се поврзани со премногу, премалку и премногу валкана вода. Иако водата ја има насекаде, само 2,5 отсто од светската вода е свежа вода. Од оваа свежа вода, само мала количина (1 процент) е лесно достапна во езерата, реките и мочуриштата. Остатокот е заклучен во глечери (две третини) или скриен во подземните води (речиси една третина) . Историјата, културата и иднината на Холандија се нераскинливо поврзани со водата. Затоа Холандија е посветена да ја вреднува водата како скапоцен и незаменлив ресурс.

The post Фото-изложба во Охрид на тема „Вода = Живот“ appeared first on Република.

]]>

Старт-ап центарот Касарна Хаб Охрид во соработка со Амбасадата на Холандија, организираат фото-изложба на тема „Вода = Живот“. Настанот ќе се одржи на 16 август, со почеток во 19.00 часот во улицата „Радојца Новичиќ“, Охрид. Во 2022 година, во пресрет на COP27 во Египет, Холандија ги повика ентузијастите за фотографија од целиот свет да создадат и споделат инспиративна и провоцирачка еколошка фотографија во нашиот фото натпревар „Вода = живот“. Но, и покрај толку многу примени моќни слики, може да има само еден победник. Тоа беше Томислав Георгиевски од Македонија со фотографијата направена во Црн Дрим во Струга. Водата е неопходна за животот на земјата. Светот се соочува со невидени климатски предизвици и многу од нив се поврзани со премногу, премалку и премногу валкана вода. Иако водата ја има насекаде, само 2,5 отсто од светската вода е свежа вода. Од оваа свежа вода, само мала количина (1 процент) е лесно достапна во езерата, реките и мочуриштата. Остатокот е заклучен во глечери (две третини) или скриен во подземните води (речиси една третина) . Историјата, културата и иднината на Холандија се нераскинливо поврзани со водата. Затоа Холандија е посветена да ја вреднува водата како скапоцен и незаменлив ресурс.

The post Фото-изложба во Охрид на тема „Вода = Живот“ appeared first on Република.

]]>