фортнајт Archives - Република https://republika.mk/tema/fortnajt/ За подобро да се разбереме Mon, 27 Nov 2023 07:38:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фортнајт Archives - Република https://republika.mk/tema/fortnajt/ 32 32 Eминем се појави во омилената детска игра „Фортнајт“ https://republika.mk/zivot/tehnologija/eminem-se-pojavi-vo-omilenata-detska-igra-fortnajt/ Mon, 27 Nov 2023 08:44:28 +0000 https://republika.mk/?p=716501

Раперот Еминем е новиот херој во популарната игра „Фортнајт“ (Fortnite). Имено, компанијата „Епик гејмс“ (Epic Games) официјално потврди дека ликот на раперот ќе се најде во новата верзија што ќе излезе овој месец, поточно в среда.

„Виртуелниот Еминем“ ќе биде достапен во три верзии, со костимите „Rap Boy“, „Slim Shady“ и „Marshall Never More“. Според досегашните податоци, познатиот рапер ќе има и настап на настанот под наслов „Биг бенг“ ('Големата експлозија', 'The Big Bang'), планиран за 2 декември, со којшто „Епик гејмс“ ќе го одбележи големото финале на четвртата сезона.

Настанот е најавен како најголемото ажурирање на „Фортнајт“ досега, во поглед на големината на датотеките.

Видеоиграта доживува повторна врвна слава, со огромен број играчи - во просек дури 44 милиони на ден. Инаку, следно околу „Фортнајт“ е поглавјето пет, што треба да биде претставено на 2 декември. На „Х“ се појави и концептна мапа наречена „Соларија“. Концептот е, всушност во облик на визуелни примери од веќе славното минато на „Фортнајт“

 

The post Eминем се појави во омилената детска игра „Фортнајт“ appeared first on Република.

]]>

Раперот Еминем е новиот херој во популарната игра „Фортнајт“ (Fortnite). Имено, компанијата „Епик гејмс“ (Epic Games) официјално потврди дека ликот на раперот ќе се најде во новата верзија што ќе излезе овој месец, поточно в среда. „Виртуелниот Еминем“ ќе биде достапен во три верзии, со костимите „Rap Boy“, „Slim Shady“ и „Marshall Never More“. Според досегашните податоци, познатиот рапер ќе има и настап на настанот под наслов „Биг бенг“ ('Големата експлозија', 'The Big Bang'), планиран за 2 декември, со којшто „Епик гејмс“ ќе го одбележи големото финале на четвртата сезона. Настанот е најавен како најголемото ажурирање на „Фортнајт“ досега, во поглед на големината на датотеките. Видеоиграта доживува повторна врвна слава, со огромен број играчи - во просек дури 44 милиони на ден. Инаку, следно околу „Фортнајт“ е поглавјето пет, што треба да биде претставено на 2 декември. На „Х“ се појави и концептна мапа наречена „Соларија“. Концептот е, всушност во облик на визуелни примери од веќе славното минато на „Фортнајт“  

The post Eминем се појави во омилената детска игра „Фортнајт“ appeared first on Република.

]]>
„Фортнајт“ ќе воведе алатка за пријавување навреди, малтретирање и говор на омраза https://republika.mk/zivot/tehnologija/fortnajt-ke-vovede-alatka-za-prijavuvane-navredi-maltretirane-i-govor-na-omraza/ Sun, 19 Nov 2023 12:17:10 +0000 https://republika.mk/?p=703156

Компанијата за видеоигри „Епик“ воведе нова алатка за документирање злоупотреби, малтретирање или говор на омраза во популарната игра „Фортнајт“. Имено, играчите ќе имаат пристап до „гласовно известување“, т.е. континуирано снимање разговори во сегменти од пет минути, така што ќе можат да ги прикачат како доказ до модераторите ако пријавуваат лошо однесување.

За сите играчи на возраст под 18 години, оваа функција ќе биде вклучена автоматски.

Што се однесува до играчите постари од 18 години - тие ќе имаат поголема контрола врз новата функција. Во главните поставки на играта, можете да ја изберете опцијата „Секогаш вклучена“, што ќе важи за секој канал, или „Исклучено кога е можно“ - го оневозможува снимањето во каналите за забава.

„Епик“ вели дека аудиоснимките ќе се снимаат локално на уредот на корисникот. Доколку снимката биде потребна како доказ, корисникот треба да биде брз, бидејќи секоја нова снимка автоматски ја брише претходната. Ова значи дека може да се пријави само мамењето што се случило последните пет минути. Употребената, т.е. означена снимка ќе биде зачувана 14 дена.

Ако обвинетиот играч се пожали на оптужбата против него, снимката може да се зачува за дополнителни 14 дена. Сепак, „Епик“ ќе ја задржи снимката толку колку што е потребно и колку што, сепак, дозволуваат законите. Сличен потег претходно направија и „Активижн“, „Мајкрософт“ и „Сони“ - во борбата против непристојното однесување и злоупотреба на интернет. Оваа година, пак, „Икс-бокс“ воведе систем за испраќање аудиоснимки од 60 секунди со извештаи за злоупотреба во гласовните разговори.

The post „Фортнајт“ ќе воведе алатка за пријавување навреди, малтретирање и говор на омраза appeared first on Република.

]]>

Компанијата за видеоигри „Епик“ воведе нова алатка за документирање злоупотреби, малтретирање или говор на омраза во популарната игра „Фортнајт“. Имено, играчите ќе имаат пристап до „гласовно известување“, т.е. континуирано снимање разговори во сегменти од пет минути, така што ќе можат да ги прикачат како доказ до модераторите ако пријавуваат лошо однесување. За сите играчи на возраст под 18 години, оваа функција ќе биде вклучена автоматски. Што се однесува до играчите постари од 18 години - тие ќе имаат поголема контрола врз новата функција. Во главните поставки на играта, можете да ја изберете опцијата „Секогаш вклучена“, што ќе важи за секој канал, или „Исклучено кога е можно“ - го оневозможува снимањето во каналите за забава. „Епик“ вели дека аудиоснимките ќе се снимаат локално на уредот на корисникот. Доколку снимката биде потребна како доказ, корисникот треба да биде брз, бидејќи секоја нова снимка автоматски ја брише претходната. Ова значи дека може да се пријави само мамењето што се случило последните пет минути. Употребената, т.е. означена снимка ќе биде зачувана 14 дена. Ако обвинетиот играч се пожали на оптужбата против него, снимката може да се зачува за дополнителни 14 дена. Сепак, „Епик“ ќе ја задржи снимката толку колку што е потребно и колку што, сепак, дозволуваат законите. Сличен потег претходно направија и „Активижн“, „Мајкрософт“ и „Сони“ - во борбата против непристојното однесување и злоупотреба на интернет. Оваа година, пак, „Икс-бокс“ воведе систем за испраќање аудиоснимки од 60 секунди со извештаи за злоупотреба во гласовните разговори.

The post „Фортнајт“ ќе воведе алатка за пријавување навреди, малтретирање и говор на омраза appeared first on Република.

]]>
Преку играта „Фортнајт“ за еден ден собрани 33 милиони евра за Украина https://republika.mk/vesti/svet/preku-igrata-fortnajt-za-eden-den-sobrani-33-milioni-evra-za-ukraina/ Tue, 22 Mar 2022 10:23:31 +0000 https://republika.mk/?p=476512

Компанијата за видео игри „Епик гејмс“ ја најави новата сезона на „Фортнајт“ (Fortnite) и вети дека ќе ги подари сите пари што ќе ги заработи овие две недели за помош на Украина. По само еден ден, фирмата објави дека се собрани 36 милиони долари (околу 32,7 милиони евра).

Новата сезона на „Фортнајт“ е веројатно еден од најпрофитабилните потези за играта поради иновативните новости во содржината. Оваа видео игра е поднасловена „Отпор“ и нуди можности за градби по волја на играчите, а достапни се и ликови како Доктор Стрејнџ.

И други компании за видео игри се приклучија на акцијата за помош на Украина.

The post Преку играта „Фортнајт“ за еден ден собрани 33 милиони евра за Украина appeared first on Република.

]]>

Компанијата за видео игри „Епик гејмс“ ја најави новата сезона на „Фортнајт“ (Fortnite) и вети дека ќе ги подари сите пари што ќе ги заработи овие две недели за помош на Украина. По само еден ден, фирмата објави дека се собрани 36 милиони долари (околу 32,7 милиони евра). Новата сезона на „Фортнајт“ е веројатно еден од најпрофитабилните потези за играта поради иновативните новости во содржината. Оваа видео игра е поднасловена „Отпор“ и нуди можности за градби по волја на играчите, а достапни се и ликови како Доктор Стрејнџ. И други компании за видео игри се приклучија на акцијата за помош на Украина.

The post Преку играта „Фортнајт“ за еден ден собрани 33 милиони евра за Украина appeared first on Република.

]]>