формирање на влада Archives - Република https://republika.mk/tema/formiranje-na-vlada/ За подобро да се разбереме Sat, 25 May 2024 09:44:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png формирање на влада Archives - Република https://republika.mk/tema/formiranje-na-vlada/ 32 32 Продолжуваат преговорите за Влада, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека внимаваат на секое понудено име https://republika.mk/vesti/makedonija/prodolzhuvaat-pregovorite-za-vlada-od-vmro-dpmne-velat-deka-vnimavaat-na-sekoe-ponudeno-ime/ Sat, 25 May 2024 09:50:31 +0000 https://republika.mk/?p=781606

Она што можам засега да го кажам е дека преговарачкиот процес се базира на принципи, пред сè нели на евроинтегративниот процес, борбата против криминалот и корупцијата, како и од потребата од одредени реформи за забрзан економски развој, одговори портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на поставеното прашање од медиуми за тоа до каде се преговорите со коалиционите партнери.

Стоилковски додаде дека во тој контекст ВМРО-ДПМНЕ внимава и на персоналните решенија кои што се нудат во коалициските преговори. При што истите не треба да бидат ниту компромитирани на било кој начин и да се посветени кон работата и реформите кои што ќе следат.

Засега она што може да се каже е дека преговорите се во напредна фаза, но се уште нема конечен договор и сè до официјално моментот кога ќе може да се соопшти нема да соопштуваме никакви детали. Се разговара и за ресори кои што се од економска и политичка природа, но најважно е тие да ги прифатат принципите на Владата и генералните програмски определби, појасни портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека во преговорите се внимава на квалитетот на самата поделба и на бројката која што ВМРО-ДПМНЕ ја има во освоени пратеници за овој парламентарен состав.

Преговорите можам да кажам дека ќе продожат и во следните денови, заклучи Стоилковски.

The post Продолжуваат преговорите за Влада, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека внимаваат на секое понудено име appeared first on Република.

]]>

Пропаднаа преговорите за формирање влада во Црна Гора https://republika.mk/vesti/balkan/propadnaa-pregovorite-za-formirane-vlada-vo-tsrna-gora/ Wed, 04 Jan 2023 17:06:20 +0000 https://republika.mk/?p=593674

Преговорите меѓу црногорскиот мандатар Миодраг Лекиќ и лидерите на парламентарното мнозинство за формирање влада денеска пропаднаа, бидејќи не беше постигнат договор за поделба на ресорите.

По неуспешниот состанок, на кој присуствуваа лидерот на просрпскиот Демократски фронт Андрија Мандиќ и актуелниот премиер Дритан Абазовиќ – кој траеше само два часа – Лекиќ рече дека нема да има негова влада и дека за време на преговорите се обидел да создаде сериозен дијалог и атмосфера на доверба.

Нема да има влада. Граѓаните нека протолкуваат кој бил сериозен, а кој не. Црна Гора е на крстопат. Ќе се израдуваат некои поразени сили од 2020 година. Тоа е исходот, рече Лекиќ.

The post Пропаднаа преговорите за формирање влада во Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Преговорите меѓу црногорскиот мандатар Миодраг Лекиќ и лидерите на парламентарното мнозинство за формирање влада денеска пропаднаа, бидејќи не беше постигнат договор за поделба на ресорите. По неуспешниот состанок, на кој присуствуваа лидерот на просрпскиот Демократски фронт Андрија Мандиќ и актуелниот премиер Дритан Абазовиќ – кој траеше само два часа – Лекиќ рече дека нема да има негова влада и дека за време на преговорите се обидел да создаде сериозен дијалог и атмосфера на доверба.